ГЛАВНИ-ВЕСТИ

siljanovska-1

Силјановска: Кривичниот законик е со определена цел, наменски да се спасат од судењата определени личности

За истите кои од мене бараат посилно да сум ги осудела настаните од 27-ми април, лицата кои ги отвориле портите на злото станаа лица кои отвораат европски порти. Тоа е хипокризија и цинизам, изјави кандидатката за претседател на Република Македонија од ВМРО-ДПМНЕ, професорката Гордана Силјановска Давкова во нејзиното гостување на Алфа Телевизија.Таа посочи дека законот за амнестија за овие настани е далеку од закон за амнестија и владеење на правото, туку чудно помилување и селективна правда бидејќи закон за амнестија важи за сите кои биле инволвирани во определени дела или настан.Во врска со судството Силјановска Давкова потенцираше дека истото е далеку од независно и за тоа доволно зборува што за да се случат уставните измени селективно се ослободуваа лица, само за да се обезбеди двотретинско мнозинство во Собранието.– Судството е далеку од независно судство. Тоа особено се виде во трката по високата цел како што се нарекуваше Преспанскиот договор, референдумот, законот за употреба на јазиците, особено во врска со уставните измени кога нужноста од мнозинство доведе до чудни постапувања на пратениците. Да не зборувам и за измените на кривичниот законик кој е со определена цел, наменски да се спасат од судењата определени личности повторно на линија на одржување на коалицијата, нагласи професорката Силјановска Давкова.

Македонија | пред 6 години

gordana-siljanovska

Силјановска: Ако Пендаровски се чувствува небезбеден, како треба да се чувтвуваат граѓаните

Да јас се чувствувам безбедна. Се уште одам на работа пешки, талкам по скопските улици и се чувствувам безбедна. Мислам дека ако сте биле долги години дел од структурите и голем дел од животот сте го поминале во врска со безбедносните прашање веројатно сметате дека кога знаете многу за другите луѓе, и тие сакаат да знаат за вас, па се чувствувате небезбедно, изјави професорката и кандидат за претседател на Република Македонија Гордана Силјановска Давкова во нејзиното вечерашно гостување во емисијата Отворено на телевизија Алфа.Според неа изјавите на противкандидатот Стево Пендаровски се чудни бидејќи доколу тој се чувствува небезбеден а е на власт, тогаш како би требало да се чувствуват граѓаните на Република Македонија.Слушнав дека и специјалната јавна обвинителка исто така смета дека ја следат. Не знам што да кажам, оние кои што треба да не убедуваат во нашата безбедност бидејќи јавниот обвинител може да бара од ОТА, вас или мене или некој друг да го преслушкуваат од безбедносни причини, да сметаат дека се небезбедни, тоа лошо звучи бидејќи ја прикажува Република Македонија небезбедна држава, а во небезбеден амбиент во небезбедна земја има проблеми со одржување на фер и демократски избори, смета Силјановска Давкова.

Македонија | пред 6 години

moskva-na

Русија ја призна Северна Македонија

Русија ја призна денеска нашата држава под новото уставно име – Република Северна Македонија, соопшти Министерството за надворешни работи на Руската Федерација.Во соопштението од руското МНР се нагласува дека на 18 февруари во руската Амбасада во Скопје е добиена нота од нашето МНР со кое се известува дека официјалното име на државата е променето во Република Северна Македонија.-Руската Федерација ја призна таа држава под новото име – Република Северна Македонија, се нагласува во соопштението од руското МНР.

Македонија | пред 6 години

55211337_570419643457515_8355960467524419584_n

(ФОТО) Пожар над Скопска Црна Гора, чадот и миризбата се чувствуваат во Ѓорче Петров

Пожар во кумановски дел на скопска Црна Гора. Чад и оган може да се забележат вечерва од зад планината. Гори ниска мешана шума и бор.Пожарот е во местото викано Влајингроб и полека се шири кон с. Никуштак, с.Виштица и кон с. Матејче во горниот дел од планинскиот превој. Испратена е екипа на Шумско стопанство но неможе да се дејствува поради непристапен терен и немање соодветен пат до местото кое е зафатено со пожарот.Од страна на Градоначалникот на општина Липково упатено е барање за ангажирање на воздухопловите на ДЗС, заради неможноста да се дејствува од терен.

Скопје | пред 6 години

49948075_282787959078136_8610624802379530240_n

Пратениците потрошиле 5 милиони евра за патувања, а годинава граѓаните ќе платат нови 13 милиони евра

Собранието распиша тендер за Aнгажирање на агенција за сместување во земјата и странство. Законодавниот дом бара агенција која ќе ги сместува пратениците и спикерот во хотели кога ќе патуваат во земјава и надвор, а имајќи предвид дека е отворен процесот за евтоатлантските интеграции на земјава тие имаат набиени агенди.Покрај тендерот за агенција за хотелско сместување, Собранието распиша и тендер за авиобилети.Според тендерот проценета вредност на договорот без ДДВ за јавна набавка на услуги за потребите на Собранието за набавка на авио-билети е во висина од 13 милиони денари за 2 години, со тоа што дел се донација од Швајцарската агенција за развој за потребите на Парламентарен институт. Ова не значи дека сите средства задолжително ќе се потрошат, се ќе биде во зависност од меѓународната активност. Дел од средствата се рефундираат од организаторите, во зависност од настанот. Сега има актуелна рамковна спогодба со 4 агенции и договорот е сукцесивен. За секоја набавка има посебно барање до 4 компании и се бира најекономичната и најрационална понуда. Очекуваната провизија е 0,01 процент.Оваа постапка е потранспарентна и поконкурентна. Инаку двата тендера ке бидат објавени на Европски сајт за јавни набавки за да може и меѓународни агенции да конкурираат. Постапката трае 45 дена, а пред самиот почеток на постапката се спроведува технички дијалог на кој немавме ниту една забелешка.Патните расходи за авио билети за 2018 година биле 5 милиони 687.163 денари.13 милиони денари се предвидени и за сместување за период од две години. Дел од средствата се од донација од Швајцарската агенција за развој за потребите на Парламентарен институт. Очекуваната провизија е 0,01 процент. До сега секој одделен сектор сам резервираше хотели, се вршеше резерваци со картички, и сега нема секој одделно да резервира хотели и треба да се исполни минимумот услови, минимум ѕвезди, 1 км. оддалеченост од н астанот поради заштеда на средства за локален превоз и да има минимум три понуди, што значи ќе се избира најекономична и најповолна понуда.Собранието на Република Северна Македонија има Календар за претстојни активности од областа на меѓународна соработка . За 2019 година, се планирани 106 настани. Се работи меѓу другото за седници на ПС на НАТО, годишна сесија на ПС на Совет на Европа, Студиска посета на нАТО, Состанок на комисии, Парламентарно собрание на ОБСЕ, состанок на МПК-РМ и ЕУ, Генерално собрание на ОН, Рос-Рот семинар, Комисија за миграции на ПС на СЕ. Во Собранието има 8 постојани делегации за мултилатерална соработка и 46 делегации за билатерална соработка. Има соработка на ниво на работни тела, на пример за соработка на Националниот совет за европски интеграции и Комисија за европски прашања.За секое патување по добиената покана, заседава и одлучува Претседателството на Собранието. Во 2015 година за авио билети се потрошени 4,780,510.00 а за сместување 5,140,831.00, 2017 година, поради настаните и делумното неработење на Собранието за сместување се потрошени 3,234,062.00 и за авио билети 1,887,032.00.Во 2019 Собранието го очекува интензивна меѓународна соработка. Отпочнат е скрининг процесот по поглавја на кои учествуваат и административни службеници од Собранието.

Македонија | пред 6 години

dzamija-3

Инспекцијата ги потврди нерегуларностите: Изградбата на минарето е запрена, пропишана и парична казна

Продолжувањето на изградбата на 32 метри високото минаре на Алипашината џамија во центарот на Охрид, кое изминатите две години предизвикува бурна реакција меѓу жителите на градот кои за денес најавија и мирни протести, е запрена од страна на инспекцијата на Управата за заштита на културно наследство.Како што посочија од оваа институција за Вечер, инспекцијата која во петокот излегла на терен утврдила неправилности и отстапувања од конзерваторското одобрение поради што инвеститорот е и парично санкциониран.– Проблемот е во тоа што инвеститорот не се придржува до конзерваторското одобрение и за џамијата и за минарето. По спроведениот надзор донесено е решение за запирање на работите. Иако инвеститорот тврди дека има анекс на конзерваторското одобрение, тоа не е доставено до нас и колку што знаеме, е предмет на Основното јавно обвинителство (ОЈО). Изградбата е стопирана и има парична санкција, што исто така беше направено и минатата година. Нашите ингеренции се до тука, а понатаму ингеренциите треба да ги преземе градежната инспекција, вели Звонимир Николовски, раководител на секторот за превенција и инспекциски надзор на културното наследство, при УЗКН. Како што посочува Николовски, крајната цел е запирање на градежните активности со оглед дека, како што вели, неправилности има и во ентериерот на самата џамија.Текстот во целост на: vecer.press

Македонија | пред 6 години

rusija1

Средба Николовски - Баздникин: Не постои застој при влез на македонските камиони во Руската федерација

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски денеска имаше работен состанок со амбасадорот на Руската федерација, Сергеј Баздникин, на кој што главна тема беа последните информации за извозот на македонските земјоделско-прехранбени производи во Русија.Според официјалните податоци од руските надлежни институции и од надлежните институции на Република Северна Македонија, не постои застој при влез на македонските камиони во Руската федерација.Според последните податоци од Државниот инспекторат за земјоделство на РСМ, сите компании/извозници од РСМ , кои подигнале фитосанитарни сертификати со новото устано име Република Северна Македонија, без никаков проблем ги поминале граничните премини кон Русија, со што е овозможен непречен влез на камионите и пласман на македонските земјоделско-прехранбени производи на рускиот пазар. Ова го потврди и рускиот амбасадор Баздникин, кој на состанокот децидно посочи, дека од руска страна не постои ниту официјално известување, ниту било каква друга пречка за влез на македонските камиони во Русија, поради промената на уставното име на државата.Во изминативе пет дена во Русија се влезени шест македонски фирми/извозници кои во оваа земја извезуваат градинарски производи и овошје.Освен на оваа тема, министерот Николовски како претседател на македонскиот дел од Меѓувладината комисија за научно-техничка и трговско-економска соработка, го извести амбасадорот Баздникин, дека од македонска страна во консултација со руската страна ќе се интензивираат подготовителните активности и ќе се предложи датумот за одржување на седница на Комисијата во најкус рок. Истовремено во овој период двете страни ќе ги утврдат областите за идна соработка меѓу двете држави. Рускиот амбасадор Баздникин, ја потенцираше заедничката заложба за рестартирање на работата на Комисијата, која што нема одржано седница од 2014 година.Руската федерација е значаен економски партнер на Република Северна Македонија, а последните податоци покажуваат пораст на извозот во Русија. Трговската размена помеѓу Република Северна Македонија и Руската федерација во делот на земјоделско-прехранбените производи, во првиот месец од оваа година споредено со истиот месец 2018 година е зголемен за 90%, и изнесува 1,6 милиони евра. Зголемениот извоз се должи пред се на извозот на јаболки во количина од 3.145 тони во вредност од 1,2 милиони евра.Вкупниот извоз за истиот период во Руската федерација е зголемен за 41 отсто.

Македонија | пред 6 години

malme-1

На Охридскиот аеродром слета првиот авион од Малме

ТАВ Македонија на Аеродромот Св. Апостол Павле Охрид го пречека првиот лет на Виз ер од Малме, во исто време одбележувајќи го отворањето на две нови дестинации од Охрид – Малме и Милано  Со   традиционална   свеченост,  ТАВ   Македонија  ги   пречека  118-те   патници   што пристигнаа од Малме, шестиот најголем град во Скандинавија, на охридскиот аеродром, денеска, 18-ти март, во 11:25 часот, со Ербас A 320 на Визер. Половина час подоцна, во 11:55 часот, воздухопловот полета од  Аеродромот Св. Апостол Павле Охрид  назад кон Малме со 60 патници.Утре, 19-ти март, во 17:25 часот, охридскиот аеродром ќе ги пречека првите патници кои ќе пристигнат со првиот лет на Визер од Милано, италијанскиот град познат како еден од главните градови во светот на модата и дизајнот. Новите линии на Визе ер ќе сообраќаат два пати неделно со Ербас A 320, со 180 седишта.Двете нови директни линии ќе сообраќаат во текот на целата година, со две неделни фреквенции.  Почнувајќи од  денеска, 18-ти  март, летот од/до  Малме  ќе   сообраќа секој понеделник и петок, со време на пристигнување во 11:25 часот, време на поаѓање 11:55 часот;   додека   летот   од/до   Милано   Малпенса   од   утре,   19-ти   март,   ќе   сообраќа   секој вторник и сабота, со време на пристигнување во 17:25 часот, и време на поаѓање во 17:55 часот.Овој распоред на летовите важи до крајот на март, односно до крајот на зимската сезона. Според распоредот на летови за летната сезона во 2019 година, од 1-ви и 4-ти април, соодветно, Милано Малпенса ќе пристигнува во 18:55 часот, а ќе полетува во 19:25 часот, додека летовите од Малме ќе пристигнуваат на охридскиот аеродром во 11:20 часот и ќе поаѓаат назад во 11:50 часот, двата лета ќе сообраќаат секој понеделник и петок.Од   менаџментот   на  ТАВ   Македонија  го   изразија   нивното   огромно   задоволство   за континуираниот развој на мрежата на авиолинии на  Аеродромот Св. Апостол Павле Охрид.-Среќни сме да ги пречекаме и да го најавиме додавањето на Малме и на Милано на мапата со дестинации како две авиолинии што ќе сообраќаат во текот на целата година   на   Аеродромот   Св.   Апостол   Павле   Охрид.  Оваа   прилика   не   е   само   за                                                                                                                                          одбележување на проширувањето на мрежата на линии од охридскиот аеродром, туку ова исто значи и отворање два нови дојдовни пазари, Шведска и Италија, за патници и туристи кои доаѓаат во посета на прекрасниот Охрид. Во исто време, двете неделни фреквенции, ќе бидат од корист за целата локална заедница долж Охридското Езеро и за економијата во нашата земја воопшто.  Директните линии Охрид-Малме и Охрид- Милано   (Малпенса)   може   да   се   користат   како   поволна   конекција   при   патување   во Шведска   или   Италија.  ТАВ   Македонија   секогаш   се   радува   на   новите   авиолинии   и новите можности  за  патниците  кои  ги  користат  двата  аеродрома  во  Скопје  и  во Охрид, а денес ни е драго што се задоволени потребите и барањата на патниците.Со воведувањето на овие две нови дестинации, веруваме дека ќе има бројни можности за   македонските   граѓани   да   го   прошират   и   да   го   зголемат   нивното   патувачко искуство. Би сакал да се заблагодарам на Виз ер за нивната посветеност кон развој на воздухопловството   во   нашата   земја,   како   и   на   Владата   за   нивната   постојана поддршка, изјави Неџат Курт,  Координатор на Аеродроми во ТАВ Македонија.Билетите за двете нови авиолинии, Охрид-Малме, Охрид-Милано Малпенса, и обратно, се веќе во продажба преку веб-сајтот на Визер www.wizzair.com.Со додавањето на Малме и  Милано,  како  нови дестинации, сега од  Аеродромот  Св. Апостол Павле – Охрид  има 5 редовни линии, Виена, Базел, Цирих, Малме и Милано, како   и  8  сезонски   дестинации   до:   Амстердам,   Брисел,  Тел   Авив,   Варшава,   Катовице, Истанбул, Ајндховен и Талин, на кои оперираат 11 авиокомпании.ТАВ   Македонија  како   аеродромски   оператор   на   двата   македонски   аеродрома, продолжува со порастот во бројот на патници.  Имено, во текот на јануари и февруари 2019г., вкупно  305.246  патници (7%  годишен пораст), патувале преку двата македонски аеродрома – Меѓународен Аеродром Скопје и Аеродром Св. Апостол Павле – Охрид.ТАВ   Македонија   ја   заврши   2018   година   со   вкупно   2,3   милиони   патници   на   двата аеродрома, со 16% годишен пораст, и со 19.750 летови, односно 9% годишен пораст. 

Македонија | пред 6 години

Нема фотографија

За ширење говор на омраза на социјалните мрежи следуваат кривични пријави

Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика во координација со надлежното обвинителство континуирано презема мерки и активности за санкционирање на ширењето на говорот на омраза на социјалните мрежи, најчесто на Фејсбук, а таков е случајот и со објавата од извесна Фросина Тина Мартиновска која деновиве е споделена на оваа социјална мрежа и по документирањето на случајот ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.Ја информираме јавноста и дека од извршените проверки во персоналната евиденција на МВР констатирано е дека лице Фросина Мартиновска не работи во Министерството за внатрешни работи, како што беше пренесено во дел од медиумите. Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика и понатаму ќе продолжи со активностите со цел санкционирање на ваквите случаи. Ги повикуваме сите граѓани ваквите случаи да ги пријават во најблиската полициска станица или на адресата cybercrime@moi.gov.mk

Македонија | пред 6 години

besliev

И Русија го прифати новото државно име-Извозот во Русија без проблеми

Руските царински власти потврдија дека увозот на македонски производи се реализира без никаков проблем. Три камиони свежо овошје и зеленчук или околу 60 тони веќе ја поминале границата со декларација на која стои ПЈРМ и сертифкат на кој го пишува новото име – Република Северна Македонија, објави Сител.мк.Телевизијата додава дека според директорот на Македонско-руската стопанска комора Дејан Бешлиев, застој во пласманот воопшто нема.Руски увозник, објасни Бешлиев, деновиве испратил до својот партнер во земјава предупредување дека е можно руските фитосанитарни служби да реагираат за сертификатот што е веќе со променетото име на нашата држава и дека во таков случај, ризикот за финансиските трошоци за таа пратка би бил на товар на македонската компанија.-Веднаш стапивме во контакт со институциите и ни беше потврдено дека такво нешто нема и не постои од руска страна. Значи, тоа беше само предупредување од некои руски увозници кон нивни партнери во земјава. Но, ние во меѓувреме, во консултација со руските партнери, испративме информација до членките на нашата Комора да почекаат до почетоков на неделава, денеска и утре, да не испраќаат производи, да не тргнуваат за викенд за ако некаде се јави проблем, да може да се реагира.Во јануари годинава, според податоците на Комората, македонскиот извоз во Русија во јануари годинава  е зголемен за 41 отсто и достигнал 2,6 милиони американски долари.Текстот во целост на Сител.мк 

Македонија | пред 6 години

Нема фотографија

Нови цени на горивата, бензинот поскапува, дизелот поевтинува

Регулаторната комисија за енергетика го објави новиот ценовник за нафтените деривати што ќе стапи во сила од ноќеска на полноќ. Според одлуката бензинот супер 98 поскапува за 1 денар и ќе се точи по цена од 67,5 денари, а 95-ката ќе биде поскапа за 1,5 денари и ќе чини 66 денари за литар.Дизелот поевтинува за половина денар и од полноќ ќе се продава по цена од 60,5 денари по литар.

Македонија | пред 6 години

tramvaj

Во Утрехт пукано во трамвај со патници, се истражува можноста за тероризам

Неколку луѓе се повредени откако маж отворил оган во трамвај во холандскиот град Утрехт, објави полицијата. На местото на инцидентот се итни служби, како и антитерористичка единица.  Нападот се случил утрово на периферијата на градот, во близина на болницата Оуденријн, а полицијата ги блокира улиците околу местото на инцидентот.Портпарол на полицијата изјави дека нападот се случил во или во близина на трамвајот на Скверот 24 октомври, кој е веднаш затворен, а над местото на инцидентот кружат хеликоптери.Тој рече дека напачот пукал од автомобил при шо веднаш избегал. Се истражува можноста да се работи за тероризам. 

Свет | пред 6 години

Нема фотографија

Полицијата ги бркаше тркачите низ булеварите во Скопје

Во периодот од 17.30 часот на 17.03.2019 до 01.00 часот на 18.03.2019 година од страна на Одделението за безбедност на патниот сообраќај при Секторот за внатрешни работи Скопје беше спроведена акциска контрола на подрачјето на Секторот за внатрешни работи Скопје со цел откривање и санкционирање на т.н. „диви тркачи“.Од страна на полициски службеници преземени се мерки против 34 возачи. 19 возила се упатени на вонреден технички преглед поради зголемена бучавост и 15 се упатени на вонреден технички преглед поради поставени фолии без атест. Од возилата што се упатени на вонреден технички преглед поради зголемена бучавост, четири мотоцикли се задржани во полициска станица.По однос на останати прекршоци од Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата и Законот за возила, кон возачи преземени се вкупно седум мерки за сторени сообраќајни прекршоци.Министерството за внатрешни работи и во наредните денови ќе продолжи со засилени контроли со цел санкционирање на оние што ги кршат законите и ја загрозуваат безбедноста на учесниците во сообраќајот.

Скопје | пред 6 години

siljanovska-davkova

Силјановска: За разлика од Стево, јас немам партиски војници кои извршуваат наредби за да бидат вработени

Кандидатот за претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Силјановска Давкова, на својот Фејсбук профил напиша дека за разлика од нејзиниот противкандидат, Стево Пендаровски, таа нема штаб и луѓе кои како војници извршуваат партиски наредби со цел да добијат од партија вработување.„Јас, за разлика од Стево, немам штаб. Немам луѓе што како војници извршуваат партиски наредби, со надеж дека ако ја завршат добро работата ќе добијат од партија вработување, унапредување или место во некој управен одбор. Имам тим од луѓе кои ги обединува љубовта кон татковината и желбата да се воспостави владеење на правото. Дел се блиски до ВМРО-ДПМНЕ, дел често ги критикувале нивните политики. Но, сите се мотивирани со идејата нашата земја да оди напред и водени од граѓанската должност да дадат свој придонес кон создавање на општество што ќе почива на основите на правото и правдата, напиша Силјановска.

Македонија | пред 6 години

Нема фотографија

Викендов МВР казни стотици граѓани во Скопје

Во текот на изминатите денови (15, 16 и 17.03.2019 година) на подрачјето на Секторот за внатрешни работи Скопје преземени се мерки и активности и констатирано е дека 144 возачи управувале возила со брзина поголема од дозволената.Од сообраќај се исклучени 67 возачи од кои: тројца возачи затоа што управувале возила под дејство на алкохол, 58 возачи управувале возила без да се стекнат со право за управување на моторно возило и шест возачи затоа што биле возачи-почетници.Исто така, исклучени од сообраќај се и 49 возила бидејќи 42 биле нерегистрирани и седум возила биле технички неисправни. Санкционирани се осум возачи поради поминување на крстосница на црвено светло, тројца поради недавање првенство на минување на пешаци, двајца возачи поради неправилно престигнување, 11 возачи поради некористење заштитен шлем при управување на моторцикл, 10 возачи поради неносење сигурносен појас за време на управување на моторно возило и 33 возачи поради користење на мобилен телефон при управување на возило.Во однос на пешаците санкционирани се тројца пешаци поради поминување коловоз вон пешачки премин. Во текот на изминатите денови издадени се 163 мандатни платни налози и 153 возила се подигнати со специјално возило "пајак".Изминатиот ден се случиле 19 сообраќајни незгоди во кои 10 лица се здобиле со телесни повреди. 

Скопје | пред 6 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања