ГЛАВНИ-ВЕСТИ

zorica-cavkova

Ќерката на Чавков: Лага е дека татко ми монтирал случаеви

Ќерката на Митко Чавков вели дека се лаги и клевети тврдењата дека нејзиниот татко монтирал процеси додека беше на власт како министер за внатрешни работи и како директор на БЈБ. Таа се огласи по коментарот на поранешниот директор на Агенцијата за финансиско разузнавање, Ване Цветанов, дека Чавков уништувал семејства и дека освен 30 монтирани случаи имало истраги по негова нарачка и против невладините организации вклучени во „Шарената револуција“.Зорица Чавкова вели дека во јавноста се пласираат лаги за оцрнување на нејзиниот татко.„Ова е класична лага дека монтирал случаеви. Ова сега што се случува е одмазда. Ова е драконска казна. После оваа пресуда сега следува негово шиканирање, омаловажување и оцрнување. Сакаат да го направат криминалец во секој поглед“, изјави Чавкова за ТВ21.

Македонија | пред 6 години

fiskalni333

Со новата мерка граѓаните ќе добијат 172 евра годишен поврат на ДДВ

Македонско семество кое троши за минималните основни потреби, односно 32.670 денари, колку што изнесува социјалната потрошувачка кошница, ќе добие годишен поврат на ДДВ од само 172 евра, пресмета Фајненс Тинк во својата анализа за овој проект што треба да стартува на почетокот од втората половина од 2019-та, пишува Фактор.мкАко едно такво домаќинство троши 392.040 денари годишно, преку сметките на државата ѝ плаќа ДДВ во износ од 1.146 евра. Според тоа, може да очекува поврат на ДДВ од 172 евра за една година, односно 15 отсто од сумата..Само најбогатите домаќинства кои годишно трошат 1,2 милиони денари (околу 20 илјади евра) ќе можат да вратат една просечна плата со новонајавената мерка за поврат на ДДВ.Вкупниот годишен поврат на ДДВ кај сите домаќинства ќе изнесува 49,5 милиони евра, иако премиерот Зоран Заев најави дека годишно со повратот на ДДВ граѓаните ќе добијат меѓу 60 и 100 милиони евра годишно.

Македонија | пред 6 години

pendarovski4

Пендаровски: Не сум само кандидат на СДСМ и ДУИ

Првпат Македонците и Албанците на претседателски избори во Северна Македонија ќе имаат заеднички кандидат, Стево Пендаровски, кој порачува дека рецепт за успех на избори во една мултиетничка држава е да се обезбеди поддршката на сите етнички заедници и мнозинството граѓани, пишува белградскиот весник „Политика“.– Имам поддршка од 31 политичка партија и не сум само кандидат на СДСМ и ДУИ, бидејќи во коалицијата која ме поддржува има и три други политички партии на Албанците, како и политички партии на Србите, Турците, Бошњаците, Ромите и Власите. Гаранцијата за успех никогаш не може да биде 100 процентна, бидејќи многу работи зависат од кандидатот и кампањата, но рецепт за успех на избори во една мултиетничка држава, како што е Република Северна Македонија, е всушност да се обезбеди поддршка од сите етнички заедници и мнозинството граѓани, изјави Пендаровски во интервју за „Политика“.Пендаровски, кој е национален координатор за НАТО во кабинетот на премиерот Зоран Заев, истакна дека зголемениот интерес на големите сили за Балканот има врска со аспирациите на Црна Гора и Северна Македонија за членство во НАТО, на што се спротивставува Русија.Тој очекува дека со влезот на Северна Македонија во Алијансата тензиите ќе се намалат, а тогаш Скопје ќе може поинтензивно да ги подобри односите со Москва.– На линија со клучните меѓународни фактори од двете страни на Атлантикот, идниот одговор меѓу Србија и Косово треба да ја зајакне, а не да ја ослабне регионалната стабилност. Треба да се затвори тој вековен проблем, но притоа да не се отвори друг проблем, смета Пендаровски.Тој нагласи дека меѓу Србија и Северна Македонија не постојат отворени политички прашања, а економската и трговската размена имаат констатно позитивен раст.– Има простор за унапредување на економските односи. Оптимист сум дека во годините кои се пред нас на тој план ќе имаме голем напредок, имајќи предвид дека сите имаме иста целта – подобар живот за сите наши граѓани, нагласи Пендаровски во интервјуто за српскиот весник.

Македонија | пред 6 години

presuda-27-1

ВМРО-ДПМНЕ: Притворот за Чавков и останатите лица од 27 април е незаконски

Целиот процес поврзан со случувањата на 27-ми април е политички монтиран и мотивиран. Пресудите се драконски и нарачани од ликови како Заев и Пендаровски кои сопствениот очај го лечат со одмазда кон сите кои мислат поинаку и не се согласуваат со нивните антидржавни политики, велат од ВМРО-ДПМНЕ.„Судот противзаконски ги определи и притворите на обвинетите во случајот 27-ми април. Правен преседан од светски рамки е да се определува притвор, при важечка гаранција.Судот постапи спротивно на член 144 став 2 од ЗКП, кој вели дека судот може да определи две мерки, освен кога определува притвор. Законот е јасен, притворот за Митко Чавков и останатите лица кои претходно имаа изречено мерка за обезбедување присуство - гаранција е незаконски.Обвинетите со ниту една постапка, во ниту еден момент не биле недостапни за судот. Дел од нив имаат високи гаранции кои го опфаќаат целиот нивен имот, тие се семејни луѓе со деца, сопруги и стари родители. Мерката притвор е целосно незаконска и неоснована.Кацарска судството и Русковска обвинителството целосно ги извршуваат нарачките на Заев, кој преку правосудството врши политички прогон врз неистомислениците.Постапката против десетици македонски припадници на безбедносните сили и патриоти е неаргументирана и без докази. Во пресудата исчитана од Русковска немаше елементи на кривичното дело тероризам, ниту докази за поврзаноста и причинско последичните врски помеѓу делото и обвинетите. Пресудата е чист политички памфлет на лик на соопштенијата на СДСМ.Кацарска судството и Русковска обвинителството не работат согласно закон, работат по диктат. Незаконието мора да запре, затоа потребно е победа над СДСМ на предвремени парламентарни избори, кои се возможни со победа на Гордана Силјановска Давкова на претседателските избори“, се вели во соопштението.

Македонија | пред 6 години

Нема фотографија

19 сообраќајки изминатиот викенд, 10 лица со телесни повреди

Десет лица се здобиле со лесни телесни повреди во девет сообраќајни незгоди од вкупно 19 што се случиле изминатиов викенд на подрачјето на Град Скопје. Во 10 сообраќајни незгоди е причинета матерјална штета.Според податоците на МВР, полицијата исклучила од сообраќај 144 возачи кои се движеле со поголема брзина, тројца возачи кои управувале возило под дејство на алкохол, 58 пред да се стекнат со право на управување на моторно возило и шест почетници.Полицијата од сообраќај исклучила седум технички несправни возила и 42 нерегистрирани возила.Евидентирани биле и 163 возачи за непрописно паркирање, а со специјалното возило „пајак“ биле подигнати 153 возила.Казнети се и тројца пешаци кои поминале коловоз вон пешачки премин, осум возачи кои поминале на крстосница на црвено светло, тројца возачи кои не дале првенство на минување на пешаците на обележан пешачки премин, двајца за неправилно престигнување, 11 за не користење на заштитен шлем од страна на возачите на велосипед со мотор, мопед и мотоцикл, десет за не носење сигурносен појас  за време на управување на моторно возило и 33 за користење на мобилен телефон за време на управување моторно возило.

Скопје | пред 6 години

Нема фотографија

Сончево и топло со температура до 25 степени, од утре промена на времето

Денеска претежно сончево и топло со слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 18 до 25 степени.Во Скопје сончево и топло. Максималната температура ќе достигне до 23 степени.Утре во попладневните часови ќе има услови за локален дожд со грмежи, особено во планинските подрачја. Во среда ќе има зголемена облачност со локални врнежи од дожд. Ќе дува умерен северен ветер, што во следните денови ќе предизвика позначително намалување на дневната температура.

Македонија | пред 6 години

dimitrov-nikola

Димитров и Османи на средба со министрите за надворешни работи на земјите од ЕУ

Вицепремиерот за европски прашања, Бујар Османи и министерот за надворешни работи, Никола Димитров денеска во Брисел ќе учествуваат на работниот појадок со министрите за надворешни работи на земјите-членки на ЕУ што го организираат министрите за надворешни работи на Грција и Романија, Катругалос и Малешкану.Според МНР, Димитров ќе брифира за тековните достигнувања во контекст на евроинтеграциите, за спроведувањето на Договорот од Преспа, реформските резултати и генералните очекувања од земјите-членки во насока на донесување одлука за почеток на пристапните преговори со земјата во јуни оваа година.Димитров и Османи ќе бидат дел од владината делегација што ја предводи премиерот Зоран Заев на утрешниот редовен 15. состанок на Советот за стабилизација и асоцијација меѓу нашата земја и ЕУ. Со оглед на ротирачкото претседателство, со состанокот ќе претседава премиерот Заев, додека копретседавач ќе биде високата претставничка на ЕУ за надворешна политика и безбедност, Федерика Могерини. Советот ќе биде претставуван и од еврокомесарот за проширување, Јоханес Хан, а во владината делегација од македонска страна ќе биде и министерката за одбрана, Радмила Шекеринска.За време на престојот во Брисел предвидено е Димитров да оствари средба со Хан и да има средби со повеќе министри за надворешни работи од земјите-членки на ЕУ, како и други средби со претставници од европските институции.

Македонија | пред 6 години

53926413_126169931854314_7708060089667551232_n

Силјановска на Твитер: Не се секирајте се разминавме :)

Двајцата претседателски кандидати поддржани од владејачката коалиција и од опозицијата, Стево Пендаровски и Гордана Силјановска денеска преубавото време, но и агендата ги донесе во Охрид. Тие оддржуваат одделни средби со граѓаните.Токму тоа што и двајцата избраа ист ден за Охрид ја инспирира Силјановска Давкова да се пошегува на Твитер. Опозицискиот кндидат за претседател напиша:„Твитерџии ве поздравувам од преубавиот Охрид. И мојот противкандидат денес е во Охрид. Не се секирајте се разминавме:) 

Македонија | пред 6 години

kamioni

Русија не сака Северно Македонски зеленчук туку Македонски

Македонски извозници натоварени седат во Полска, чекаат да заминат за Калинин град во Русија, велат извори за Сител. Стравуваат да тргнат за да не бидат вратени од руските цариници, поради неусогласеност на документите од двете земји по промената на името на државава. Од државниот инспекторат за земјоделство посочија дека засега не е вратен никој. Еден камион натоварен со овошје и зеленчук успеал да ја помине границата кон Русија. Но се чекале да пристигнат и другите, објави сител.мк.Земјоделците пак стравуваат за пласманот на производите. На само неколку дена пред да почне откупот на пролетната зелка не се сигурни дали ќе тргне извозот кон Русија.Во меѓувреме од македонско- руската стопанска комора на сила е предупредувањето според кое транспортерите не би требало да тргнат кон Русија и да почекаат неколку дена додека надлежните институции во двете земји не ги усогласат документи за непречен проток на производи.Текстот во целост на Сител.мк

Македонија | пред 6 години

policija-traka

Автомобил удри во 7-годишно момче

На 16.03.2019 околу 18.00 часот на улица „Зија Мерсовски“ во Дебар, патничко  возило „Голф“ со дебарски регистарски ознаки, управувано од А.Р.(35) од Дебар удрило во седумгодишно момче од Дебар.Детето било пренесено во општата болница во Дебар. Увид на местото на настанот извршила екипа од Полициската станица Дебар.

Македонија | пред 6 години

DSC_0529

Владо приреди спектакл: Со „Нусе“ ја размрда публиката, на „Чаирска романтика“ се играше валцер (Видео+Галерија)

Заедно со публиката во еден глас, вчера, Владо Јанески ги пееше неговите најголеми хитови. Присутните од сите возрасти танцуваа и се забавуваа, а Јанески прослави 25 години кариера на музичката сцена. Концертот во организација на „Прагма продукција“ ќе остане запаметен по одличната атмосфера и исполнетата ВИП Арена.Со понудениот репероар, Јанески ја потсети публиката на „Чаирска романтика“, „Дома си е дома“, „Ова е наше Скопје“, легендарните „Нусе“ и „Мучос денарос“, „Не заборавај да се сетиш на мене“, евровизиската „Не зори зоро“.Романтичарот ги разнежни срцата на публиката која растела со неговите песни, па така, дел од нив, концертот го искористија за танц со саканите.Коментирајќи ги озборувањата на социјалните мрежи, како најава за „10 девојки“, Јанески потсети на интересен твит кој го кажа низ насмевка.„Кога Владо Јанески кој е геј можел да има 10 девојки, можеш и ти“, рече Јанески.Владо на сцената беше дочекан со громогласен аплауз, а неговите обожаватели со вклучени телефони правеа снимки од концертот. Тој рече дека дел од песните најубаво се пеат во Скопје.„Да ни остане оваа дружба, да биде традиција. И секако, да се гледаме секоја година“, рече Владо за време на концертот.Пред да ја отпее „Црно тиквешко“, му се заблагодари на композиторот и негов долгогодишен соработник Глигор Копров за целата помош која му ја дал низ годините. Тогаш, се исклучија сите светилки, а публиката ја осветливаше салата со телефони.За време на свирката го придружуваше охридскиот вирутоз на гитара Дамјан Пејчиноски. Придружен вокал му беше и Стево Чипишевски. Позади клавијатурата застана Влатко Плевлеш.„Од овој ден“, Јанески ја прогласи за свадбарска песна, а однапред изјави дека ги одбил сите покани да настапи на свадби.По првата пауза на концертот, Владо се симна меѓу публиката во стилот на Лепа Брена во 80-те години. Тој се забавуваше и фотографираше со нив.На крајот, Владо Јанески доби громогласен аплауз. Публиката беше презадоволна од приреденото, организирано од „Прагла продукција“, а во салата гласно се коментираше за чаирскиот романтичар. Погледнете дел од атмосферата, во продолжение...[embed]https://www.facebook.com/skopje1mk/videos/2156542817760942/[/embed]ФОТО и извештај: Скопје1.мк

Магазин | пред 6 години

Capture

(ВИДЕО) На комбе со патници му излета гумата во сред Скопје

Во групата „Ѕид на сообраќајниот срам“ се појави видео кое предизвика несигурност кај возачите и пешаците во сообраќајот.На видеото може да се забележи како на комбе кое превезува патници на кружниот тек во Ѓорче Петров му излетува гумата и непрекинато се движи.https://www.facebook.com/aleksandar.kondic.1481/videos/2269901366412190/

Скопје | пред 6 години

53926413_126169931854314_7708060089667551232_n

Силјановска со чаша вино пред себе го покани Пендаровски на ТВ дуел

,, Рок музика, одлично друштво и една идеја да отворам Твитер….и тука го чекам Стево на дуел…секаде…во секое време! “.Со оваа порака напишана на ФБ профилот на кандидатката за претседател од ВМРО ДПМНЕ, Гордана Силјановска, од ресторан во Охрид, таа со вино пред себе го покани уште еднаш Стево Пендаровски на ТВ дуел.Таа смета дека СДСМ има вишок време и идеи само за соопштенија, а никако да најдат време за да одговарат на повик на дуел.не ги прифаќа критиките на своја сметка дека го оправдува насилството што се случи на 27 април во Собрание на РМ.,,Во исчекување на 4-то соопштение за денес, да ве потсетам… Вие го оправдавте крвавиот четврток со амнестирање на портирите на злото“- пишува на нејзиниот ФБ профил.

Македонија | пред 6 години

1796479testerals-1

(ВИДЕО) Демонстрант со моторна пила влезе во РТС

На 15-от протест „1 од 5 милиони“ во Белград, насобраните граѓани од пред факултетот, тргнаа низ централните белградски улици, по што ја блокираа зградата на РТС, па внатре влегоа лидерот на Двери и една од организаторките, кои бараат гостување во „Дневникот“ и оставка од Вучиќ и Брнабиќ, а еден од нив инаше и моторна пила во рацете.На снимките кои ги преплавија социјалите мрежи, се гледа како човекот мафта со моторната пила после упадот во зградата на РТС.Моторта пила ја носеше човек кој на себе имаше бела фантомка.

Свет | пред 6 години

policija-ilustracija

Тешка сообраќајка во Скопје, пет лица итно пренесени во болница

На 16.03.2019 околу 23.50 часот на булевар „Александар Македонски“ во Скопје се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „Рено меган“ со скопски регистарски ознаки, управувано од А.М.Д.(22) од село Сопиште, скопско и патничко возило „Опел вектра“ со скопски регистарски ознаки, управувано од А.А.(22) од Скопје.Со повреди се здобиле двајцата возачи, како и Н.А.(19) од Скопје и И.А.(22) од Скопје, сопатници во возилото „Опел вектра“ и сопатничката во возилото „Рено меган“,  К.Л.(20) од Скопје.  Повредените од возилото „Опел Вектра“ со возила  на итна медицинска помош биле пренесени во комплексот клиники „Мајка Тереза“,  каде им била укажана лекарска помош.Додека, повредените од возилото „Рено Меган“ биле пренесени во градската општа болница „8-ми Септември“ каде им била укажана лекарска помош. Увид на местото извршила екипа од СВР Скопје. 

Скопје | пред 6 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања