ГЛАВНИ-ВЕСТИ

53857812_302540883717966_7268550936602083328_n

(ФОТО) Депонија во двор на училиште во скопски Бутел во време на епидемија

Пцовисани животни, смет, делови од стари автомобили е само дел од она што може да се забележи во стариот објект на основното училиште „Живко Брајковски“ во Општина Бутел, објави тв21.Загрижениот родител кој се јави во нивната редакција вели дека ова е недозволиво во време на разни епидемии. Бара веднаш да биде реагирано.Нови случаи на заразени со МРСА, нема информираат од Центарот за јавно здравје. Но, паниката кај родителите на дечињата што одат во градинката и во училиштето каде што се откриени заразените со бактеријата постои. Родителите бараат да им се земат брисеви на децата и да се направи дезинфекција на училиштата. „Оваа бактерија се пренесува кожа на кожа, со директен контакт. Не се пренесува преку воздухот, нема логика да се дезинфизира. Социјалните мрежи го прават своето и родителите инсистираат. Два дена по ред доаѓаат родителите и ги носат децата, нема потреба“, изјави Александар Стојанов – Центар за Јавно здравје.До сега едно дете е заразено со МРСА има од основното училиште „Панајот Гиновски“ во Бутел, а три случаи се регистрирани во детската градинка „Снежана“ во Чаир.

Скопје | пред 6 години

STEVO

Пендаровски во посета на Охрид

Претседателскиот кандидат на коалицијата предводена од СДСМ, Стево Пендароски, денешниот, втор ден од викендот, ќе го мине во средби и разговори со охриѓани и нивните гости.Како што информираше претседателот на Општинската организација на СДСМ за Охрид, Лазе Танески, Пендароски, најнапред ќе се задржи во непосредни средби и размена на мислења, со продавачи и граѓани – купувачи, на градскиот пазар во Охрид.Претпладнето, исто така, ќе го помине во средби со граѓаните по старата охридска чаршија, крајезерскиот кеј, како и во старото градско јадро, кај  бројните црквите и останатите древни споменици на нашата историја и култура.Поширока средба со граѓаните, претставници на невладини организации и други асоцијации, претседателскиот кандидат Пендароски, ќе има во 13 часотво, хотелот “Милениум – палас”.Како што најавуваат од ОО на СДСМ во Охрид, средбата и разговарите, се од отворен карактер, со цел интертактивна размнена на мислења за иднината на земјата, посебно од аспект на проблемите и потребите на младите, потоа за придобивките од членството во НАТО, како директен позитивен одраз за економијата, сигурноста, како и за други прашања од секојдневниот живот, како што се заедништвото и помирувањето, општо и  интра-етнички, помегу Македонците, односно за концептот едно општество за сите.

Македонија | пред 6 години

vane-cvetanov

Ване Цветанов за Чавков: Нечовекот кој уништи стотици семејства, сега глуми жртва

Поранешниот директор на Управата за финансиско разузнавање, Ване Цветанов, ја коментира пораката која ја испрати осудениот на 18 години затворска казна екс директор на БЈБ, Митко Чавков.Претходно Чавков ја обвини власта дека ја нарачала, како што рече, пресудата против него. Цветанов вели дека токму Чавков е тој што нарачуваше и монтираше процеси против неистомисленици на претходната власт.„Нечовекот кој што монтираше повеќе од 30 случаи, уништи стотици семејства, кој што лично беше дел од врвот на мафијата и режимот, кој што од нула - за 7 години направи градежна фирма вредна милиони евра, ОБВИНУВА за неправеден судски процес и за криминална власт?Чавков монтираше и случај против 21 невладина организација, за Шарената револуција. Монтираше тешки кривични дела за наводно РУШЕЊЕ НА ДРЖАВНИОТ ПОРЕДОК. Со боја? За тој случај Чавков подготвуваше затворски казни повеќе од 300 години.Почитувани,Дали има погнасна работа од ситуацијата, во која што монструмот глуми жрва?“, стои во објавата.

Македонија | пред 6 години

ulica

Изменет сообраќаен режим на ул. „Даме Груев“

Сообраќајот на улицата „Даме Груев“ во Скопје денеска ќе се одвива со изменет режим заради потребите на „Скопје филм студио“ за снимање на филмот „Хомо“. Продукцијата информира дека сообраќајот ќе биде стопиран од 6 до 18 часот, а возилата ќе се  пренасочуваат кон околните улици, со повремени пропуштања.

Скопје | пред 6 години

Нема фотографија

Сончево и топло со температура до 25 степени

Сончево и топло со слаб до умерен ветер од западен и југозападен правец. Температурата ќе се движи од 16 до 25 степени.Во Скопје сончево и топло време со температура од 1 до 23 степени.Утре и во вторник претпладне ќе се задржи стабилно, суво и топло време. Во вторник во попладневните часови ќе има услови за локален дожд со грмежи, особено во планинските подрачја. Во среда ќе има зголемена облачност со локални врнежи од дожд. Ќе дува умерен северен ветер, што во следните денови ќе услови позначително намалување на дневната температура.

Македонија | пред 6 години

avtopat-tetovo-skopje

Сообраќајот се одвива по суви коловози

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози.Ве информираме дека автопатот Миладиновци – Штип, секција Миладиновци – Кадрифаково и Кадрифаково – Миладиновци не е пуштен за сообраќај. На автопатот се вршат проверки од безбедносен карактер. Апелираме до сите возачи да не го користат автопатот.Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини нема подолги задржувања за влез и излез од државата.АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде се бележи појава на утринска магла, а исто така зголемена е и можноста од појава на одрони.

Македонија | пред 6 години

protest-beograd

(ВИДЕО) Демонстранти ја завзедоа РТС, најавуват импровизиран „Дневник на Слободна Србија“

Дел од демонстрантите од вечерашните протести во Белград, предводени од Бошко Обрадовиќ влегоа во зградата на РТС. Во зградата има и полиција. И покрај тоа што поединци од масата мавале по полицијата, тие не реагирале, туку само влегле во зградата.Еден од демонстрантите ги повикал и останатите да влезат во зградата на јавниот сервис.Припадници на специјалните единици на полицијата се веќе распоредени по ходниците на Радио телевизија Србија, со цел да се спречи завземањато на зградата од демонстрантите.Демонстрантите ги излепиле ходниците на РТС со флаери и порачале дека ќе се вклучат во живо.Сите влезови за во зградата се блокирани.Учесниците на протестите претходно со јајца ја гаѓале зградата на јавниот сервис и најавиле дека ќе одржат импровизиран „Дневник на Слободна Србија“.https://www.facebook.com/1od5miliona/videos/2076170615811725/

Свет | пред 6 години

kosta-maska

Годинава двојно повеќе туристи од Хрватска - златна маска за министерот за туризам

Во организација на Агенција за промоција и поддршка на туризмот и нашите пријатели од меѓународниот саем за туризам “Place2Go”, Република Северна Македонија е прва земја партнер на овогодинешната саeмска манифестација. Делегација на општина Охрид предводена од в.д. градоначалникот Константин Георгиески, го презентираше Охрид на меѓународниот саем „Place2Go“, во Загреб кој трае од 15 до 17 март. Покрај штандот на кој се презентираат туристичките и културно – историските знаменитости, Охрид беше претставен преку средби со туристичките претставници на повеќе земји и медиумски.Вршителот на должност градоначалник, Константин Георгиески во рамки на саемот, оствари повеќе значајни средби со важни личности.Загрепскиот саем за туризам, е релативно нов, но мошне популарен. Во изминатите три години саемот го посетиле повеќе од 40 000 посетители, а повеќе од 450 фирми ги имаат понудено своите производи.Македонија во 2018 година е домаќин на повеќе од 24000 гости од Хрватска и постојан годишен пораст на бројот на туристи од Хрватска од 50 %. Истата статистика важи и за бројот на ноќавања. Одличнните ефекти од минатогодишните промотивни активности на АППТ на хрватскиот пазар и одличниот интерес за патување во нашата земја на хрватите не охрабрува и во 2019 година да очекуваме скок од 30-35% хрватски туристи .Предвидуањата на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот за оваа година се Република Северна Македонија да ја посетат 1,3 милиони туристи и што поблиску да се приближиме до 4 милиони ноќевања поминувајки ја бројката од 420 милиони долари девизен прилив од туризмот.Овогодишен партнер на саемот беше македонската агенцијата за промоција и поддршка на туризмот претставувана од директорот Љупчо Јаневски.Се зајакнува соработката на Охрид и Хрватска. В.Д Градоначалникот Константин Георгиески кој деновиве е во работна посета на Хрватска на инстаграм напиша:„Кабинетот на министерот за туризам од утре ќе го краси Златната маска. Во мај господин Гари Капели ќе го посети Охрид, кога ќе ја конкретизираме соработката и промоцијата на Охрид во Хрватска од каде во 2018 год имавме раст на туристи од речиси 100 %“.

Македонија | пред 6 години

avtomobil-prevrten

ФОТО: Автомобил се преврте на автопатот Скопје – Тетово

Нова несреќа на автопатот Скопје – Тетово, автомобил се превртел и преминал во лентата која води кон спротивен правец, пробивајќи ја заштитната ограда која го дели автопатот, објави порталот javno.mk .Несреќата се сличила околу 15:30 часот пред наплатната рампа Желино.Текстот во целост на javno.mk .

Македонија | пред 6 години

heroin-pakuvanja

Пресечен канал за трговија на хероин

Одделот за криминалистичка полиција во содејство со Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал-Единица за недозволена трговија со дрога при Министерството за внатрешни работи и Царинската управа пресече канал за трговија на хероин.На 13.03.2019 на Граничен премин „Табановце“, при преглед на автобус со швајцарски регистарски ознаки, кој сообраќал на релација Гостивар – Берн, Швајцарија, под задните седишта пронајдена е кеса во која имало две пакувања со околу еден килограм хероин. Дрогата била одземена, а по извршеното вештачење било утврдено дека станува збор за хероин со тежина од 998,63 грама.Во Полициската станица Куманово биле приведени К.П.(41) и А.Б.(38), двајцата од село Долно Количани-Скопје, скопско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

Македонија | пред 6 години

presuda-27-1

Чавков на ФБ: Обвинението е неосновано, казната драконска, a вилата ако ја најдете ја подарувам на „истражувачките новинари“

Поранешниот директор на БЈБ, Митко Чавков кој вчера беше осуден на 18 години затворска казна за собраниските инциденти од 27 април, се огласи на „Фејсбук“.Обвинението го нарече монструозно и неосновано и порача дека казната е драконска.Нарачката на мафијата која владее со Република Македонија е реализирана:– Монструозно обвинение – неосновано– Драконска казнаГи повикувам сите членови и симпатизери на ВМРО-ДПМНЕ како и добронамерните граѓани на Република Македонија кои не се политички определени да се обединат околу каузата на ВМРО-ДПМНЕ и да се порази злосторничката организација која ги киднапира сите институции.ПОДЕЛБИТЕ СЕ ВО КОРИСТ САМО НА МАФИЈАТА!2. Вилата на Халкидики ( ако ја најдете да постои), ја поклонувам на ,,истражувачките новинари“.3. Најавувам тужба за фингираната службена белешка. 

Македонија | пред 6 години

goran-angelov

Емотивна порака на Ангелов упатена до сопругата: Чувај се, чувај ми ги децата, пази ми ја и мајка

На социјалните мрежи се појави емотивна порака на Горан Ангелов Ќосето,  упатена до сопругата Наташа! Тој напиша:Моето веќе се виде Наташа, јас не верувам дека повеќе ќе можам да разгорам огниште. Нема да има кога. Нате, мојов живот повеќе не ми припаѓа мене. Тој и е завештаен на една друга армасица, понесреќна и посвета од сите нас. Нејзе и припаѓам со цело мое битие, до последна капка крв, до последен здив.Тоа е Македонија.Ќе ми фалите секој момент од денот, секоја секунда, и ти и децата, а и старата.  Сакам сите да знаат, дека не постои таков пишан збор кој може да ја опише мојата почит кон тебе и кон све што правиш за нашето семејство.Чувај се, чувај ми ги децата. Пази ми ја и мајка, тешко и е.Не тагувај, да знаеш дека и покрај све, мене ми е задоволство да и го посветам мојот живот на Македонија.Чувај ми се, Наташа.Горан 

Македонија | пред 6 години

jane-cento

Јане Ченто го врати решението за притвор на судот, бидејќи пишувало Република Северна Македонија

Јане Ченто му го врати решението за притвор на судот, бидејќи пишувало Република Северна Македонија и напишал дека нема да прима документи на кои пишува Република Северна Македонија.Преку неговиот адвокат Дончо Наков, Јане Ченто се обрати со писмо:-Почитувани браќа, сестри и пријатели, денес се случи тоа што и се очекуваше во држава во која владее хунта и режим, како што не е видено во Македонија, но имам да порачам нешто. Браќа и сестри, никој не е вечен, така и оваа криминална хунта ќе си оди еден ден, им се гледа крајот. Ако мислат дека ќе ме замолчат со тоа што ме осудија 15 години затвор, се лажат. Има начин и од затвор да ја водам оваа борба против оваа хунта и верувајте, нема ни еден ден да се откажам од борбата за Македонија. Пренесете им надвор, еден ден ќе паднат ама нема да бегаат од Македонија, туку ќе одговараат за сите злодела што ни ги направија и нас и на македонскиот народ. Македонија ќе се разбуди за брзо време, а тогаш ќе изгрее ново сонце на слободата.Им благодарам на сите мои роднини и пријалите кои изминативе месеци ми помагаа. Нема да ги спомнам поради нивна лична заштита од оваа хунта, за да не ги прогласи и нив за терористи.Пренесете му на Крсто, Сашо и останата багра дека тоа што си сееле тоа и ќе си жнеат еден ден, а тој ден ќе дојде многу брзо. Животот е долг, борбата за Македонија никогаш нема да запре во моето срце.Пријатели мои да се живи и здрави и верувајте ќе дојдат подобри времина. Главата горе, горди мои македонци.На апелациониот суд остануваат посериозни проблеми. Жалам за престојниот срам што падна врз оваа судска власт. И на крај не се плашам од затворот, ниту од бесот на бедниот тиранин, кој ни го смести ова. Судот не осуди, но тоа и не толку важно, историјата ќе не ослободи. Еден ден ќе изгрее сонцете на слободата.Вам почитувани судии длабоко ви се заблогодарувам, што искрено дозволивте да се искажеме во овј судски процес. Искрено, не чувствувам огоеченост кон вас, разбирам дека во одреден дел бевте хумани и знам дека претседателот во овај судечки совед е човек со голема професионалност и не може да ја сокрие одбивноста кон овие случувања и беше принуден да донесе неправедна одлука.Да живее Република Македонија.Јане Ченто - 15.03.2019https://www.facebook.com/slobodazacentojane/photos/a.757897797586403/2242623065780528/?type=3&theater 

пред 6 години

stojance-angelov

Стојанче Ангелов на Твитер: Строги, но праведни затворски казни за пеколниот план од 27 април

Лидерот на партијата „Достоинство“ преку социјалните мрежи ја прокоментира одлуката на судот со која обвинетите за случајот 27 април добиваат вкупно 211 години затворска казна.Строги но праведни затворски казни за организаторите и извршителите на пеколниот план и насилства од крвавиот 27 април. Игор Дурловски кој наивно наседна на овој план доби ослободителна пресуда. Груевски го следел објавувањето на пресудата од луксузен хотел во Будимпешта, напиша Ангелов на Твитер.https://twitter.com/StojanceAngelov/status/1106531077471043584?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1106531077471043584&ref_url=https%3A%2F%2Ffaktor.mk%2Fstojanche-angelov-strogi-no-pravedni-zatvorski-kazni-za-pekolniot-plan-od-27-april%3Ffbclid%3DIwAR2fEB_gd1y-OvCrvEPxoAPExQwvnXGliNNjitqtCOguitAlYnQvPHWGexE 

Македонија | пред 6 години

mrezi

Пронајдени мрежи со белвица, но не и рибокрадците

На 15.03.2019 во периодот од 19.30 до 23.30 часот, при вршење патролна дејност во водите на Охридското Езеро, полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор - Охридско Езеро, во близина на хотел во Струга, околу 600 метри од брегот на езерото, пронашле шест рибарски мрежи долги по околу 50 метри со улов од риба - охридска Белвица.Исто така, на околу 1000 метри од брегот на езерото биле пронајдени две рибарски мрежи долги по околу 50 метри, без улов. Риболовниот алат бил подигнат и однесен во Полициската станица за граничен надзор - Охридско Езеро за понатамошна постапка.Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Македонија | пред 6 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања