ГЛАВНИ-ВЕСТИ

durlovski-960x619

(ВИДЕО) По пресудата Дурловски објави нова песна без зборови за страдањето

Судот денес им изрече затворски казни од 221 година затвор за дел од учесниците во 27 април, а единствен ослободен денес беше перскиот пејач Игор Дурловски.Тој по пресудата објави нова песна, без зборови, но со многу емоции.– Кога слободата е ропство а среќата тага!Мелем на душа сте ми, сите #вие што со мисла, збор, присуство бевте со мене во најтешкото. Благодарам на дел од блиските што станаа далечни.#Длаборез е проект кој со солзи ја гали татковината, а од срце ви го поклонувам.Немаше да биде ваков без мајсторијата на моите пријатели:Кокан Димушевски – АудиоМартин Павловски-ШминкаЛаско Џуровски-Дизајн на текст. – стои во објавата на песната на Фејсбук.ВИДЕОИГОР ДУРЛОВСКИ

Македонија | пред 6 години

gorge-ivanov

(ФОТО) Иванов не го потпишува Указот за изменување и дополнување на Законот за енергетика

Претседателот на Ѓорге Иванов, не го одобрува ни Указот за изменување и дополнување на Законот за енергетика. Во дописот кој го испратил Иванов до Собранието на 14.03.2019 г. се вели:„Во извршувањето на функцијата Претседател на Република Македонија секогаш постапувам согласно дадената свечена изјава дека ќе го штитам Уставот и ќе ги бранам интересите на Република Македонија.Врз основа на член 75 од Уставот на Република Македонија, донесов одлука да не го потпишувам Указот за прогласување на Законот за изменување и дополнување на Законот за енергетика што Собранието на Република Македонија го донесе на седницата одржана на 7 март 2019 год“, пишува во дописот од кабинетот на претседателот до Собранието.

Македонија | пред 6 години

presuda-27-2

Вкупно 211 години затвор за сите ученисици во крвавиот четврток

Вкупно 17 обвинети за упадот во Собранието на 27 април кои се гонат за кривичното дело терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста се прогласени за винови во Кривичниот суд, каде судија беше Добрила Кацарска.Ексдиректорот на Бирото за јавна безбедност Митко Чавков, како тогашна златна команда за протестите пред Собранието и за време на нападот, осуден е на 18 години затвор. Митко Пешов од МВР доби 15 години затвор. Душко Лазаров од МВР осуден е на 15 години. Горан Ѓошевски Леви, тогашен шеф на обезбедувањето на Трајко Вељаноски е осуден на 15-годишна затворска казна. Оливер Поповски од МВР на 13 години, неговиот колега Оливер Радулов, на 10-годишна затворска казна. Мунир Пепиќ од Агенцијата за разузнавање доби 15 години, а Абдуљфета Алими доби 7 години затвор. Игор Дурловски, еден од водачите на протестите За заедничка Македонија, доби ослободителна пресуда. Од напаѓачите со фантомки, Младен Додевски доби 12 години. Јане Ченто доби 15 години, Горанче Анѓеловски 12 години. Игор Југ кој носел оружје и кој според сведоците и според некои кообвинети, требало да го убие Зоран Заев, осуден е на 12 години затвор. Влатко Трајковски доби 15 години, Вилијам Михајловски 14 години, Никола Митревски Кољо 15 години, Александар Василевски Нинџа 8 години.Дел од обвинетите се жалеле дека биле изманипулирани, дел велеле дека станувало збор за патриотизам. Кацарска рече дека не е патриотизам тепање на новинари и пратеници, како и разни чинови на насилство. Кацарска додаде дека ова ќе остане еден од црните денови на државата. Кацарска рече дека го разбира револтот поради селективната амнестија, но тоа е одлука на Собранието.За сите обвинети е побарано да бидат во притвор до правосилноста на пресудата, поради опасност од бегство.

Македонија | пред 6 години

presuda-27-1

Чавков осуден на 18 години затвор за „27 април“

Ексдиректорот на БЈБ, Митко Чавков, кој на критичниот 27 април ја имаше златната команда, е осуден  на 18 години затвор. Тој се товари дека не делувал навремено, односно доцна дал наредба за делување на полицијата.Митко Чавков, директорот на Бирото за јавна безбедност и раководителот на Оперативниот штаб на МВР, за време на организираниот напад на Собранието на 27 април додека траеле насилствата бил на само стотина метри од Собранието. Поранешниот директор на БЈБ и шеф на оперативниот штаб на МВР, Митко Чавков, изјави дека тој лично раководел со операцијата за извлекување на пратениците и враќање на контрола во Собранието. Тој го оспори обвинителниот акт против него тврдејќи дека телефонски комуницирал со потчинетите кои ја координирале интервенцијата и дека на негово барање во Собранието биле испратени два вода од Единицата за брзо распоредување а потоа и вод на единицата ПЕП и тим од специјалната единица „Тигар“. Чавков го посочи обвинетиот Пешов како лице со кое бил во контакт и не даде објаснување зошто не одговарал на повиците на тогашниот министер Нухиу. Во своето излагање тој нагласи дека ја издал наредбата за употреба на физичка сила и шок бомби и изрази како што кажа жалење за неуспешноста на одговорот во моментот на влез на толпата во Собранието и „пасивноста и збунетоста на терен“.

Македонија | пред 6 години

masakar-nov-zeland

(ВИДЕО) Се појави видео како полицијата го апси терористот кој во џамија уби над 40 луѓе

Се појави видео на кое се гледа како е уапсен терористот Брантон Тарант, кој во џамиите во новозеландскиот град Крајстчерч уби над 40 лица. Тарант со автомобил дошол до џамијата, вооружен до заби, а потоа од возилото го извадил оружјето и пукал по муслиманските верници.Според медиумите Тарант најверојатно по масакрот почнал да бега со автомобилот, но но полициски автомобил, буквално удрил во него и го запрел.

Свет | пред 6 години

clipboard01-620x350-1

Мицкоски со повик до етничките заедници да гласаат за Силјановска, Албанците ги „заборави“

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во еден пост објавен на неговата Фејсбук страница, Мицкоски го повикува сите етнички заедници да гласат за професорката Гордана Силјановска, со исклучок само на Албанците кои не ги набројува во својот повик.„Ја користам оваа прилика да ги повикам граѓаните на Република Македонија, Македонците, Србите, Босанците, Турците, Ромите, Власите и сите останати да ни се придружат и да застанат со нас на 21-ви април, масовно да излезат на гласање и да го поддржат кандидатот на Коалицијата „За подобра Македонија“, професорката Гордана Силјановска Давкова“, стои во објавата на Фејсбук.

Македонија | пред 6 години

masakar-nov-zeland

(ВИДЕО) Убиени најмалку 40 луѓе во џамии во Нов Зеланд – убиецот масакрот и го снимал поставил на социјални мрежи

Страшниот масакр во двете џамии во Нов Зеланд, во кој се убиени 40, а ранети 20 муслимански верници, го изврши само еден напаѓач. Тој целиот чин, од подготовка до влегување во џамиите го објави на социјалните мрежи.Во 17-минутното видео се покажува напаѓачот Брентон Тарант, кој излегува од автомобилот, зема оружје од багажникот, го извршува нападот и се враќа во автомобилот.Видеото е веќе избришано од Интернет. Сепак, инсерти од видеото се шират на социјални мрежи. Додека патува до џамиите со помош на навигација, во автомобилот е пуштена српска ,,патриотска “ песна за Караџиќ.https://www.dailymotion.com/video/x7490e9Премиерката на Нов Зеланд Џасинда Ардерн соопшти дека најмалку 40 луѓе се убиени во напади во две џамии во градот Крајстчрч.– Ова е еден од најтемните денови во историјата на Нов Зеланд. Она што се случи овде е досега невиден чин на насилство, истакна премиерката Ардерн.Таа додаде дека повеќе од 20 лица се ранети, од кои повеќето со сериозни повреди. Меѓу нив има и деца.По престрелката чeтири мажи и една жена се уапсени,но нема детали за напаѓачите. Нападот се смета за тероризам,  но засега нема потврда дека бил самоубиствен.Лицето кое ја презеде одговорност за терористичкиот напад, оставило антиимигрантски и антимуслимански проглас на 74 страници, во кој објаснува кој е и зошто го извршил нападот.

Свет | пред 6 години

54728600_10157156047017138_1887295577180340224_n

Бетмен испрати порака преку Фејсбук: Браќа за цел живот!

Богдан Илиевски на својот Фејсбук профил објави фотографија на која е заедно со Владо Јовановски, Борис Дамовски и Игор Дурловски. Под фотографијата тој напиша „Браќа до крај. Браќа за цел живот“.Инаку тие беа водачите на протестите „За заедничка Македонија“ кои на 27 април ја повикаа толпата за упад во Собранието.Владо Јовановски, Борис Дамовски и Богдан Илиевски беа помилувани за настаните од 27 април, додека пак Игор Дурловски не поднесе барање за амнестија во дадениот рок од судот.Обвинетите од 27 април денес ќе треба да ја слушнат пресудата од Кривичниот суд. 

Македонија | пред 6 години

27-mi-april-sudenje

Денес ќе се изречат казните за Чавков и другите обвинети за „27 април“

Митко Чавков заедно со останатите 17 обвинети, денес ќе треба да ја слушнат пресудата од Кривичниот суд, како и можната казна за крававите инциденти. Предметот го води судијката Добрила Кацарска.Судскиот процес почна во август минатата година. На почетокот процесот почна против 33 обвинети, кои беа извршители на упадот во парламентот и на нападите врз пратениците. Но, по донесувањето на Законот за амнестија помилувани беа 15 лица.На обвинителна клупа останаа Митко Чавков, Душко Лазаров, Горан Ѓошевски-Леви, Митко Пешов, Оливер Поповски, Мунир Пепиќ, Абдуљфета Алими, Оливер Радулов, Игор Дурловски, Јане Ченто, Игор Југ, Александар Василевски-Нинџа, Никола Митревски-Кољо, Младен Додевски, Горанче Ангеловски, Влатко Трајковски и Вилијам Михајловски, кои се товарат дека сториле кривично дело терористичко загрозување на уставниот поредок.Ексминистерот за внатрешни работи, Митко Чавков по трет пат е во притвор поради опасност од бегство. Имено, минатиот пат, кога Чавков заврши во затворот во Шутка, тој штрајкуваше го глад, а познато е дека тој има и здравствени проблеми.

Македонија | пред 6 години

nikolovski-696x381

Николовски: Победата на Силјановска значи пад на владата на Заев

Во своето гостување во емисијата „И што сега“ на МРТ, потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николовски изјави дека е убеден дека Пендаровски ќе ги загуби претседателските избори и се надева дека во најкус можен рок ќе се случат предвремените парламентарни избори.-Јас во однос предвремени избори го следам она кое што го кажа Зоран Заев. Тој денеска спомена дека доколку Стево Пендаровски изгуби, Владата ќе падне и ќе се случат предвремени избори. Еве да го држиме за збор, Пендаровски ќе изгуби на претседателските избори и се надевам дека Заев ќе си го одржи зборот. Односно победата на Гордана Силјановска Давкова на претседателските избори значи пад на владата на Заев и значи вовед во парламентарни избори кој што се надевам ќе се случат во најкус можен рок, вели Николоски.

Македонија | пред 6 години

zaevchanel

Заев срце го боли што избегал Груевски

Премиерот Зоран Заев во интервју за тиранската телевизија „Топ чанел“, меѓу другото говореше и за бегството на Никола Груевски. На прашањето на новинарот дали на средбата со Еди Рама, изразил загриженост во врска со прашањето за Груевски, кој, како што беше посочено, ја исползувал Албанија за неговото бегство, тој категорчно одговара „не”.Ги знам сите детали, бидејќи нашата пријателска земја, Албанија, еден ден подоцна детално не информира за се. Пријателите споделуваат информации. Тоа е нешто што е направено во унгарската Амбасада, вон тоа што Албанија можела да направи. Унгарија е пријателска земја со нас, но ние ќе продолжиме да се бориме за спроведување на меѓународното право, бидејќи Груевски е осуден преку транспарентен процес во Северна Македонија.Имаше мониторинг од меѓународните институции што работат во Скопје. Со тоа бегство, тој потврди дека е виновен, а има уште неколку други прашања на суд. Добивме многу лоша порака од земја членка во НАТО и ЕУ, како Унгарија, која не беше пријатна за нас, но ќе продолжиме со доброто пријателство со Унгарија, бидејќи веруваме во правниот систем, а особено во меѓународното право. Се надевам дека владеењето на правото ќе доминира, изјави премиерот Заев.Тој додаде дека нема доказ за тоа дали Груевски имал поддршка од некое лице со политичка поврзаност во Албанија, да влезе во амбасадата на Унгарија, да побара азил, а потоа да ја напушти Албанија.Сакам да бидам внимателен со секој човек во вашата земја, бидејќи Албанија е наш пријател, рече Заев.Прашан дали верува дека потфрлиле безбедносните служби на Македонији и на Албанија за Груевски да и избега на правдата, Заев на новинарот му одговори дека тој не мисли така.Не. Јас не мислам така. Чувствувам лутина во моето срце, бидејќи некој во земјата, кој не е наш или албански државјанин, му помогна. Во последните денови тој беше слободен човек. Тој се уште немаше известие да оди во затвор. Но, по два дена одлуката беше објавена. Таа вечер го организираше бегството. Но, сакам да бидам внимателен кога зборувам за тоа, бидејќи да зборувам без доказ е несериозно, одговори Заев.

Македонија | пред 6 години

ambasada-sad

Амбасадата на САД со реакција за изјавата на Мицкоски

Американската амбасада во Скопје во реакцијата што ја објави на Фејсбук и на Твитер порача дека запалливата реторика на политичките лидери предизвикува страв и поделби во земјата особено кога настани од минатото, како Нирнбершките процеси, се користат во погрешен контест.-Воспалителна реторика од страна на политичките лидери предизвикува страв и поделби, особено кога неправилно ги користат минатите настани, како што се Нирнбершките процеси за политички цели. Таквиот јазик е опасен и не придонесува за продуктивен дијалог околу правецот во кој се движи земјата.  Многу е важно лидерите да се вклучат во граѓански дијалог кој може да ја унапреди стабилноста и просперитетот на Северна Македонија, стои во реакцијата на амбасадата.Реакцијата е поради вчерашната изјава на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, кој судењето за крвавите настани од 27 април во пресрет на утрешната пресуда, гo спореди со Нирнбершкиот процес, серија судења од 1945 до 1949 година на политичкото, военото, судското и економското раководство на нацистичка Германија.  

Македонија | пред 6 години

54514129_2225198494413838_6472532181976612864_n

Иванов си купил станови на улицата кај што живее Мијалов

Претседателот на државата во заминување Ѓорге Иванов, купил два стана на Водно, кои во Катастарот се запишани на име на неговиот син. Во катастарската документација, до која дојде Телевизија 24, со барање за слободен пристап до инфромации од јавен карактер, стои дека за двата стана постои преддоговор за купопродажба, зашто зградата е се уште во градба.Едниот од двата стана на Иванов е со површина од 131 метар квадратен и се наоѓа на вториот кат од новата зграда на  улицата Салвадор Аљенде. На истста улица живее и ексдиректорот на УБК, Сашо Мијалков. Вториот стан е во истата зграда, но најгоре, мансарда со површина од 91 метар квадратен. Мансардата е на две нивоа, со големи стаклени ѕидови од каде се гледа целиот град. Покрај двата стана, во сопственост на синот на претседателот е и гаража од 23 метри квадратни. Дел од соседите велат дека новите станови редовно доаѓале да ги видат првата дама и нејзиониот син. Претседателот поретко. Но него често пати го забележувале како ја набљудува зградата заедно со неговото обезбедување од спротивниот рид, каде што практично завршува и дворот на претседателската палата.Од кабинетот на Иванов велат дека претседателот купил само еден стан, но не го пријавил зашто се уште не го исплатил и нема имотен лист.- „Сите пријавени средства во анкетниот лист за имотната состојба на претседателот Иванов по стапувањето на фукцијата претседател се употребени како уплата за купување на еден стан за кој дополнително е земен и кредит. Станот се уште не е исплатен и не е во сопственост на семејството Иванови и поради тоа не може да биде пријавен во анкетниот лист. Кога станот ќе стане нивна сопственост, тогаш и ќе биде пријавен во анкетниот лист за имотната состојба“, велат од кабинетот на Иванов.Познавачите за ТВ 24 велат дека со оглед на пазарната цена, каврадртурата и локацијата на становите , нивната вредност може да намине и 250 илјади евра. Во овој дел од градот, цена на кавдратен метар изнесува повеќе од 1 200 евра.

Македонија | пред 6 години

mickoski-1

Учесник во Шарената револуција до Мицкоски: Историјата ќе те избрише како флека во длабинско перење

Ирена Штеријовска, учесник во Шарената револуција го искритикува лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски. Tаа објави и фотографија на која Мицкоски преку социјалните мрежи ги повикува граѓаните на Репубилка Македонија да им се придружат на 21 април и да ја поддржат Гордана Силјановска Давкова.„Христијан, несреќо кусогледаИсторијата ќе те избрише како флека во длабинско перење. Никаде и никому нема да оставиш трага. Толку си глуп што ни да те заебаваме не вредиш.Сакав само да ти кажам, ние ќе продолжиме да живееме во љубов и разбирање, ќе се сакаме, ќе се обединуваме, ќе растеме се појаки и ќе ве смачкаме вас, бајатите националисти и тажни мразачи. Нашата идеја за еднаквост и прогрес ќе ве брише се дур никој името не ви памти, се дур наместо името твое не викаат “го памтиш ли бе оној... оној како се викаше, што го наследи оној другиот шо сакаше војна да напраи и на крај избега ко пизда... “, стои во објавата на Фејсбук.https://www.facebook.com/photo.php?fbid=10215143450952635&set=a.3683715404481&type=3&theater

Македонија | пред 6 години

izjava-zaev.Still074

Охрид нема да дели субвенции за настани од 15 јили до 15 август

СДСМ и ВМРО ДПМНЕ заедно зад предлогот на градоначалникот Константин.Советот на општина Охрид на денешната седница со 20 гласа за го прифати предлогот на в.д. градоначалникот Константин Георгиески со кој се усвои одлука со која општината повеќе нема да смее да финансира и субвенционира настани и манифестации кои се одржуваат во периодот од 15 јули до 15 август кога е шпицот на туристичката сезона.Како што и претходно најавија од ВМРО ДПМНЕ и тие гласаа по оваа точка и дадоа поддршка, со што дефинитивно се става крај на делењето милиони денари на приватни компании за организирање концерти и фестивали во Охрид.Минатата година за оваа намена Охрид подели околу 7 милиони денари, од кои само на „Авалон продукција“ и биле дадени околу 2 милиони денари, а истата таа фирма сега должи за користење на стадионот 820.000 денари плус камата и е дадена на извршител. 

Македонија | пред 6 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања