ГЛАВНИ-ВЕСТИ

nedeski-OEMUC

Директорот на ОЕМУЦ за Скопје 1: „Ние дезинфициравме, ама не знам како докторката констатирала шуга“

По информацијата до која дојде Скопје1 дека во ОЕМУЦ денеска се изврши дезинфекција, затоа што кај ученик е дијагностицирана шуга, се обративнме за информација и кај директорот на ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски“ Сашо Недески. Изјавата на Недески ви ја пренесуваме во целост.„Ние побаравме дезинфекција на училиштето, затоа што ученик бил препратен од маларична на инфективното одделение. Не знам како докторката констатирала шуга, затоа што иако не сум стручен, мене ми рекоа дека за да се потврди болеста треба подолго време да се испитува во лабараторија, за да се констатира дали е шуга или друго заразно заболување. Дезинфекција побаравме ние и тоа денеска се направи. Некој од другите сака да не девалвира.Јас се сомневам така, инаку како тие толку брзо констаирале шуга. Не ме чуди од нив некој да излези и да кажи дека имаме Сида“, истакна директорот на ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски“ Сашо Недески.Скопје 1 дословно ја  цитира изјавата на директорот кој во вториот дел од разговорот тврдеше дека во училиштето има ученици кои ги опишуваше со недолични вулгарни зборови за објавување во јавност.Дознаваме дека професорите уште пред два дена ги информирале родителите од советот на родители дека еден ученик од едно село од соседна општина е заболен од шуга.На наше укажување дека професорите ги информирале родителите и од нив побарале да не ја шират информацијата во јавноста директорот ни рече, цитираме:А бе каков совет на родители. Јас сум директор, директор, директор. Неможе тоа да го кажат ни доктори, ни родители ни никој. Јас кажвам, јас потпишувам информации и јас кажвам што ќе бидит. Затоа и ви реков за Сидата, сакам малку на мајтап да ја свртам работава, дословно го цитираме директорот Недески.Се обидовме да му укажиме дека се јавуваме официјално за сериозно прашање, за кое здравствените работници и родителите имаат дијаметрално спротивно тврдење од неговото и дека е насфатливо зошто ја врти работата во јавност на мајтап, директорот дословно ни одговори:-Јас кажвам овде и толку..., дословно кажа директорот Недески.Инаку утрово Електро машинскиот училишен центар беше дезинфициран во целост.

Македонија | пред 6 години

suga-emuc

Шуга во средно училиште во Охрид, заразени деца - дури сега се дезинфицира

Најмалку еден ученик од ЕМУЦ Св. Наум Охридски е заразен од шуга, потврдуваат за Скопје 1 од една од здравствените установи во Охрид. Соучениците биле пуштени дома, затоа што училницата  и училиштето се дезинфицира во моментов.Скопје 1 се обрати и до локалната самоуправа, од каде не информираа дека информацијата ја дознале од нас. Тие велат дека до овој момент никој од училиштето не ги информирал.Дијагнозата била констатирана пред два дена, кај родител и ученик. Дознаваме дека утрово бил дезинфициран домот на ученикот.  Според прописите сите лица со кои бил ученикот во контакт мора да одат на прегледи. Тоа значи дека сите ученици и вработени во училиштето, како и сите со кои заразениот/заразената биле во контакт овој период.Но, се наметнува прашањето, зошто раководството на училиштето не ја информирало локалната самоуправа за овој проблем?На ова прашање ќе мора деновиве одговор да дадат одговорните лица од УМУЦ Св. Наум Охридски.Инаку Шуга е состојба на иритирана кожа. Болеста може да ги зарази сите возрасни групи без разлика на социјалното ниво. Предизвикувач е паразитот sarcoptes scabiei var. Децата се најизложени на оваа болест. Паразитот надвор од човечкото тело живее 2-3 дена.Паразитите се шират со близок контакт со заболено лице, преку користење на заеднички крпи, чаршафи и други лични работи. Најчесто во фамилијата заболуваат повеќе членови. Може да се пренесе уште пред да се појават првите симптоми.Кај имуно компетентен домаќин, scabies предизвикува интензивно чешање, кое доминира ноќе. Знаци на шуга се чешање, појава на макулопапулозни промени, кај доенчиња можно е були и пустули (плускавци и гнoјаничиња) кои ја маскираат клиничката слика. Паразитот најчесто е локализиран на дланките, стапалата, долниот дел на стомакот, внатрешна страна на рачен зглоб, преден дел на пазуви и препони, а може постепено да се генерализира ако подолго време трае заразата.

Македонија | пред 6 години

nikola-sazdovski

20-годишниот Никола Саздовски, починал по силен удар, а не од пад или удар на асфалт

Со сослушување на вешто лице од судска медицина, предложен од обвинителството за дополнително изведување докази по реконструкцијата на настанот, денеска во Кривичниот суд во Скопје продолжи судењето на Бесир Беља и Скендер Демири, обвинети за убиството на 20-годишниот Никола Саздовски – Саздо.Според вештакот кој ја презентираше направената реконструкција на несреќата Саздовски починал по силен удар.– Сега покојниот починал по силен удар, а не од пад или удар на асфалт или кутија, со оглед дека на телото не се констатирани никакви повреди од пад на тврда подлога, што е наведено и во претходните вештачења и искази пред овој суд, истакна вештакот.Случајот го води судијката Даниела Алексовска-Стојановска, и на почетокот ги повика обвинителството и одбраната доколку имаат дополнителни докази да ги предложат, со оглед дека е исцрпена листата на предложени докази по извршениот увид во списите од реконструкцијата на настанот.Судот го одби предлогот на одбраната за повторно сослушување на вештото лице, поради како што во вештачењето не било побарано тоа лице да вештачи во однос на болката и интензитетот на страдање на сега починатиот, туку во својот исказ тој само се повикува на вештачењето изработено од судска медицина.Обвинителството изрази противење на ваквиот предлог, со оглед дека вештото лице е веќе сослушно и се има произнесено за болката и страдањето.Инаку Саздовски почина на 9 јули 2018 година на Клиниката за анестезија, реанимација и интензивно лекување – Карил во Клиничкиот центар „Мајка Тереза“.Двајцата од напаѓачите, Бесир Беља и Скендер Демири, се во притвор во затворот „Скопје“ во Шутка, а за третоосомничениот, кој сè уште е недостапен за органите на прогонот, е распишана домашна и меѓународна потерница.

пред 6 години

obvinitel-rajcev

Рајчев си ја отвори душата: ОЈО нема нема истражен центар, нема истражители, недостасуваат обвинители

Додека цела Македонска јавност еден месец очекуваше одговор од обвинителството, за причините поради кои се случи автобуската несреќа кај Ласкарци, обвинителството призна дека мака мачело за да обезбеди кадар кој треба да излези на терен и да ги собери доказите за несреќата.„Со оглед на тоа дека станува збор за доста обемна предистаржна постапка , работат 2 обинители , бидејќи ова во Скопје е најголемо обвинителтво и покива 90 % од криминалот во Македонија, нема истражен центар, нема истражители, недостасуваат 16 јавни обвинители . По систематизација од 85 стручни работници имаме само 16, од 35 дактилографи по систематизација имаме само 10. Оваа година завршивме со долг од над 9 милиони денари , за вештачења, преводи ...  По наредба побаравме 3 истражители од МВР и ги добивме,  за обемната постапка за несреќата кај Ласкарци, истакна обвинителот Сашо Рајчев, на денешната пресс конференција на која еден месец по автобуската несреќа најголема во земјава, беа соопштени детали за истата.Прашање кое се наметнува, зошто недостасувале 16 обвинители и кадар во ОЈО, кога во целата држава се вработиваат партсики кадри во админситрацијата и роднини на фунцкионери?

Македонија | пред 6 години

obvinitel-rajcev

ОЈО: Главна причина за несреќата е недозволена брзина и неисправност на сопирачките

Јавниот обвинител на Основното јавно обвинителство Скопје, Сашо Рајчев  на прес-конференција ги презентира информациите за текот на постапката во врска со автобуската несреќа кај Ласкарци. Седум лица се приведени за автобуската несреќа кај селото Ласкарци, меѓу кои и сопственикот на компанијата „Дурмо турс" и возачот на автобусот . Обвинителството бара да се отвори истрага за шест од нив, а за седмото лице бара мерка на претпазливост.Според Рајчев главна причина  за несреќата е недозволена брзина и неможноста возачот  навреме да реагира, но и неисправноста на уредот за сопирање. Според вештите наоди рече Рајчев, евидентирани се кочења, но откако возачот ја поминал заштитаната ограда.„Вештите лица кажуваат дека шоферот изгубил контрола над управувачот, а придонес за тоа се брзината и потоа во одбегнувањето на незгодата, неисправноста на сопирачките за да го запре автобусот.“, истакна обвинителот Рајчев.Основното јавно обвинителство Скопје ги гони приведените за тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот. Овие лица, како што соопштија од обвинителството во моментов се во полициска станица, по што ќе бидат изведени пред судија на претходна постапка во Основсниот суд Скопје 1 и за нив обвинителството ќе бара мерка притвор.За седмиот осомничен кој издал документација дека работи тахометарот, иако не била направена проверка, ОЈО ќе бара мерки на претпазливост. Тој ќе одговара за несовесно работење во служба.Инаку и во јули 2018 биле евидентоирани недоследности во уредите на сопирачки на овој автобус, но сепак му било издадено одобрение за исправност.Несреќата се случи на 13 февруари кога автобусот на „Дурмо турс" со 51 патник излета од патот Тетово-Скопје и падна во провалија откако ја проби заштитната ограда на автопатот.

пред 6 години

nesreka-prvi-momenti

Приведени 6 лица за несреќата кај Ласкарци

Полицијата приведе шест лица во врска со автобуската несреќа која се случи на 13-ти февруари на автопатот Скопје-Тетово, во близина на селото Ласкарци, каде што животот го загубија 15 лица, објави Алсат.Алсат, неофицијално дознава дека меѓу приведените лица се и возачот на автобусот како и сопственикот на „Дурмо Турс“.Јавното обвинителство денеска во 10,30 часот ќе одржи прес-конференција. 

Македонија | пред 6 години

43723215_10212839101392694_6035299116764889088_o

Девет сообраќајки за 24 часа во Скопје: Возачи минувале на црвено, со недозволена брзина и неисправни возила

Од МВР информираат дека вчера сообраќајната полиција открила и санкционирала 32 возачи кои се движеле со брзина поголема од дозволената, 12 пред да се стекна т со право на управување на моторно возило, и двајца почетници, како и две технички неисправни и 16 нерегистрирани возила.Санкционирани биле и двајва возачи кои  поминале на крстосница на црвено светло, еден возач за неправилно престројување, двајца возачи за неправилно престигнување, еден возач за не користење заштитен шлем,  тројца  возачи за не носење сигурносен појас и 20 возачи користеле мобилен телефон за време на управување на моторно возило.Затекнати биле 120 непрописно паркирани возила, а со специјалното возило „пајак" биле отстранети 97 возила.Во текот на денот Одделението за превенција при СВР Скопје ќе реализира едукатини работилници во ООУ „Гоце Делчев" на подрачјето на општина Аеродром, со ученици од второ и четврто одделение, во рамките на сообраќајно воспитниот проект „Да ги заштитиме децата во сообраќајот".Одделението за превенција денеска ќе реализира посебна воспитна мерка сообраќајна поука, на која ќе присуствуваат граѓани учесници во сообраќајот кои сториле прекршоци по разни основи во својство на возачи (мобилен, појас).

Скопје | пред 6 години

50442145_275959669736159_3959850110497587200_n

Пратениците без одмор во април, оти Иванов ги бојкотира

Собранието ќе работи и во екот на претседателските избори за да ги донесе повторно десетината реформски закони кои ги бара ЕУ а чии укази не ги потпиша шефот на државата Ѓорѓе Иванов, дознава Гласот на Америка.Веќе е договорено Собранието да заседава и во текот на април, додека трае кампањата за изборите за да се усвојат неколкуте клучни закони. Законодавниот дом не е должен да прекине со работата како во случајот со парламентарните избори, но нема ниту да направи пауза.Според Гласот на Америка, тие ќе бидат објавени само со потпис од собранискиот спикер Талат Џафери, како во случајот со законот за јазици и Преспанскиот договор. Неколку закони. За да бидат усвоени, мора повторно да бидат изгласани од пратениците.Овие акти се неопходни за позитивен извештај од Европската Комисија во јуни, но Иванов не ги потпиша нивните укази за да не бидат објавени во Службен весник и на тој начин да не пишува дека „се одобрени од претседателот на Република Северна Македонија“.Од Кабинетот на Џафери најавиле дека законите ќе се најдат на седница најдоцна до 30 дена од денот кога претседателот Иванов ги вратил во Собранието.  Први „на поправен“ ќе одат Законот за судовите, Законот за прекршоците и Законот за управните спорови кои беа изгласани со двотретинско мнозинство.

Македонија | пред 6 години

izjava-zaev.Still072

(ВИДЕО) Груевски бил воодушевен и задоволен од Катица Јанева

Кога ги избраа за специјални обвинителки јавноста во нив гледаше надеж дека конечно во земјата ќе дојде ден кога ќе имаме правда и правна држава.Како што минуваше времето така се повеќе растеше разочарувањето од нив.Сега после сите „поплави“ од нив најразочарани се најжестоките борци за правда и шарените револуционери, а единствен задоволен веројатно е Никола Груевски кој уште на 21 септември 2015 ( кога ја избраа Катица Јанева ) изразил големо задоволство од нејзиниот избор.Погледенте го видеото:

Македонија | пред 6 години

belgrad-heroin

Седум случаи на трговија со дрога во Скопје, Тетово, Гостивар и Куманово

Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал поднесе кривична пријава против Е.А.(20) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурзори”. На 11.03.2019 во село Глажња, општина Липково, полициски службеници извршиле претрес во домот на З.А., татко на пријавениот, и во собата на пријавениот биле пронајдени и одземени 129 грама кокаин, 155.550 денари и 100 евра. Од страна на судија на претходна постапка на пријавениот му е одредена мерка притвор во траење од 30 дена.СВР Скопје поднесе кривична пријава против А.Т.(48) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“. На 11.03.2019 полициски службеници извршиле претрес во домот на пријавениот во Скопје, при што пронашле и одзеле 294 грама марихуана, семки од Cannabis, 47,5 милилитри хашиш-смола, таблети екстази и дигитална вага со остатоци од марихуана.СВР Тетово поднесе кривична пријава против Г.Ц.(26) од Тетово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“. На 07.03.2019, во угостителски објект во Тетово, сопственост на пријавениот, полициски службеници извршиле преглед над него и пронашле и одзеле марихуана.Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднесе кривична пријава против Л.М.(25) од Гостивар поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“. На 02.11.2018 година во Гостивар полициски службеници извршиле преглед на патничко возило ,,Фолксваген Пасат“, управувано од пријавениот, при што пронашле и одзеле марихуана.Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднесе кривична пријава против Ѓ.М.(30) од село Здуње, гостиварско, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“ и „овозможување на употреба на наркотични дроги“. На 18.04.2018 на излез од Гостивар, кај место викано „Здуњска крстосница’’, полициски службеници извршиле преглед на патничко возило „Рено Клио’’, управувано од пријавениот, во кое имало уште четири сопатници, при што пронашле и одзеле марихуана.Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднесе кривична пријава против Ј.А.(37) од село Беловиште, гостиварско, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“. На 30.08.2018 во Гостивар, полициски службеници извршиле преглед над пријавениот, при што пронашле и одзеле хероин.СВР Куманово поднесе кривична пријава против Х.Д.(22) од Куманово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“. На 05.01.2019 пред ноќен клуб во Куманово, полициски службеници извршиле преглед над пријавениот, при што пронашле и одзеле амфетамини. 

Македонија | пред 6 години

mile

Доктор Бошњаковски тврди: МРСА се лекува со антибиотска маст

На прес-конференција владиниот портпарол Миле Бошњаковски, рече дека МРСА се лекува со антибиотска маст. Ова следува откако вчера во градинка и школо во Чаир било откриено дека неколку лица заболиле од страшната бактерија.– Сакаме да потенцираме дека апсолутно не постои никаков простор за паника. Станува збор за бактерија од групата стафилококни бактерии. Според направените анализи од Државниот санитарен и здравствен инспекторат, како и од резултатите од Центарот за јавно здравје, овој вид на бактерија се лекува со редовни лекарста и со обична антибактериска маст. Истовремено од страна на ДСЗИ веќе се преземени сите неопходни мерки и во училиштето и во градинката, спроведена е дезинфекција, механичко чистење на просториите и сите други мерки кои ги наложува протоколот при појава на каква било бактерија. Не постои потреба за затворање ниту на училиштето, ниту на градинката, рече Бошњаковски.Јавноста реагира и прашува дали Миле Бошњаковски е портпарол или доктори, но и, како се дрзнал да даде вака изјава.

Македонија | пред 6 години

Slika-S.Pendarovski

Пендаровски: Иванов доби мандат на нелегитимен начин и го злоупотребува

„Претседателот на државата треба да обединува не да дели.За жал во последно време сме сведоци дека господинот Иванов чији втор мандат беше добиен на нелегитимен начин продолжува да ја злоупотребува таа функција и упорно сите закони кои се носат во Парламентот, а се од интерес на сите граѓани ги праќа под старото Уставно име и со тоа оневозможува тие да влезат во сила и од тоа да видат ефект сите граѓани на Република Северна Македонија.Наместо да ја дели нацијата, граѓаните, претседателот треба да обединува тоа е негова прва и последна задача.Ве уверувам дека ако ја добијам довербата од граѓаните на нашата држава дека јас ќе бидат првиот кој ќе застане во заштита на граѓанските интереси, не на интересите на некоја тесно партиска група, или политичка елита.За жал во изминативе 10 години ние не видовме човек на таа позција кој знае да работи во интерес на граѓаните, затоа што исклучиво ги следеше интересите на партијата која го постави на таа позција или попрецизно на фамилијата која стоеше зад таа партија.Време е во оваа земја интересите на граѓаните да бидат на прво место, а интересите на тесно партиските центри на моќ да бидат оставени настрана“, вели претседателскиот кандидат Стево Пендаровски кој денес шеташе низ пазарите.

Македонија | пред 6 години

drisla

Град Скопје си ја зема Дрисла

Дрисла новиот концесионер ќе го добие по завршувањето на претседателските избори. Според градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов недвосмислено е дека со депонијата ќе раководи германската компанија „Шолц“. Дотогаш депонијата ја презема Град Скопје.Советот на Град Скопје денеска не расправаше за избор на концесионер за депонијата Дрисла по барањето на градоначалникот Петре Шилегов седницата да се одложи, поради претстојните претседателски избори. Шилегов порача дека недвосмислена е одлуката партнер на градот во работењето со депонијата да биде германската компанија „Шолц“, која е највисоко рангирана од комисијата која ја формираше градоначалникот. Според него, седницата е одложена бидејќи тој не сака Советот на Град Скопје да остави било каква правна дамка или алиби дека одлуката се донела за време на изборна кампања.„Потенцирам уште еднаш нашата одлука, нашата препорака до Советот за носење на одлука е „Шолц“ да биде новиот партнер на градот за периодот за којшто се издава концесијата. Денеска дадов налог до градската администрација да ја започне постапката за преземање на управувањето на Дрисла од страна на Градот Скопје се до завршувањето на постапката, односно носењето на оваа одлука за новиот концесионер. Така што да ја започнеме постапката со излегување на италијанскиот концесионер од Дрисла и Градот ќе управува со депонијата се до мај месец кога ќе биде донесена одлуката за избор на Шолц“, рече Шилегов.Повеќе на Радио Слободна Европа

Скопје | пред 6 години

DSC_8292

Карпош добива адреналински парк од 54 милиони денари

Во организација на Општина Карпош, во просториите на У.З „Кузман Јосифоски-Питу“ во населбата Козле, денеска, се одржа презентација и јавна расправа за планот за управување со животната средина, за изградба на „Спортско адреналинскиот парк – Карпош“. На средбата присуствуваа претставници од граѓанскиот сектор, бизнис секторот и локалната самоуправа кои се активни и работат во областа на одржливиот развој и животната средина, како и заинтересирани граѓани од Општина Карпош.Презентацијата ја отвори заменик-раководителката на Секторот за развој на Општина Карпош, Александра Теова, која во оваа пригода ги образложи техничките аспекти на проектот. Имено, овој проект е финансиран од Европската Унија, а имплементатор е Светската банка и Кабинетот на заменик-министерот за економски прашања, Кочо Анѓушев, како дел од проектот за локална и регионална конкурентност. Поточно, ЕУ покрива 87% од вкупната вредност за реализација на проектот, или 47.238.993 денари, а Општина Карпош од својот буџет ги обезбеди останатите финансиски средства, односно 7.342.832 денари.Изградбата на адреналинскиот парк кој ќе се протега на вкупна површина од 6.500 м2, се очекува да започне во мај годинава.  Притоа, ќе биде реконструирано детското игралиште на површина од 480 м2,  скејт-паркот на 1.100 м2, ќе биде изградено ново игралиште за одбојка и фудбал на песок, а атрактивниот адреналински парк за возрасни и деца ќе биде изграден на три нивоа, кој ќе се позиционира на површина од 1.600 м2.Предвидено е просторот дополнително да биде облагороден со хортикултурно уредување, каде ќе бидат засадени повеќе од 100 дрвја. Ќе биде поставена и нова урбана опрема, клупи, корпи за отпадоци и лежалки за релаксација. Планирано е да се изгради и плато за одмор со мини сквер, а во околината ќе се постават тоалети и четири дрвени куќички за продажба на безалкохолни пијалоци. Просторот ќе го осветлуваат енергетско ефикасни ЛЕД- светилки со соларни панели.Во рамки на презентацијата говореше и претставничката од Одделението за заштита на животната средина и природата од Општина Карпош, Марина Филиповска, која ги запозна присутните со сите аспекти на проектот и стандардите кои се применуваат, со цел да се одржи здравата животна средина.По презентацијата се разви активна дискусија со присутните кои поставуваа прашања за одржливост на адреналинскиот парк и за техничките детали на проектот. Од аспект на урбанистичкото решение, на стручните прашања одговараше претставникот од Секторот за Урбанизам при Општина Карпош, архитектот Вангел Караиванов, кој воедно е и предлагач на неколку проектни идеи за спортско-адреналинскиот парк.

Скопје | пред 6 години

gruevski-mala

Груевски по апсењето на Чавков: Договорена е казната, а тој е невнин

Експремиерот и осуден бегалец Никола Груевски на социјалните мрежи напиша статус откако ОЈО побара, а судот ја одобри, Митко Чавков да биде во притвор.„1.Ова трето по ред апсење на Митко Чавков, како и претходните две, како и целиот прогон против него е лична одмазда на Зоран Заев кон него заради предметот ,,Поткуп" каде по лична пријава на жртвата бизнисмен, по налог на обвинителството и со спроведен налог од МВР со видео снимка се документираше и предаде на судот очигледен доказ кој потоа стигна и до македонската јавност која виде како градоначалникот Зоран Заев бара поткуп и објаснува како тоа е нормална работа во неговата општина.Можам само да замислам под каква тортура и притисок во овие неколку години е и лицето бизнисмен кој го пријавил барањето мито во МВР.И покрај легално стекнатите докази (видео снимка направена по налог на обвинител), судиите кои го водеа предметот Поткуп од кој едниот судија беше Добрила Кацарска го прогласија Заев за невин. Истите судии во случајот Тенк каде имаа нелегално стекнати докази (аудио материјали), кои беа копии не споредени со оргиналот, одбија нивно вештачење за нивната автентичност и целовитост и свесно го игнорираа Законот за приватност, без никакви докази, во постапка за која државната комисија за спречување дискриминација објави мислење дека судиите и судот воделе постапка во која ми била извршена директна дискриминација, на база на претпоставки и асоцијации мене и другите во предметот Тенк не прогласија виновни.Истите судии во истиот период.Самиот Заев две недели однапред во изјава објави дека судот ќе ме прогласи за виновен, а него за невин.Трите случаи ги водеше ист судија, судијаката Добрила Кацарска: 27 ми април, Тенк и Поткуп.2. Предвременото апсење на Чавков само ја покажува спрегата помеѓу обвинителството и судот.Иако обвинителството од страна на судот треба да има ист третман како одбраната и обвинетите, бидејќи за судот и двете страни се странки со еднакви права, очигледно е, и уште еднаш се покажува дека и двете се раководени од еден ист центар.Обвинителството предвреме знае, пред судијката да пресуди, дека судот ќе го осуди Чавков за виновен и предвреме бара и добива притвор за него.3. Митко Чавков е невин и жртва на политички прогон и политички монтиран процес, кало и многу други лица во тој предмет кој настана како резултат на свесно и планирано незаконско бирање н претседател н Собранието, темпирано токму во време кога пред истото се одвиваат граѓански протести кои траеја помалку од два часа дневно.Процес во кој прво е договорена казната за Чавков и другите обвинети, а потоа е почната постапката и судењето а Заев уште кога дојде на функцијата Премиер даде изјава дека Чавков требало да бега од него со која однапред кажа дека ќе биде прогонуван.Судењето е политичко и е чиста фарса.4. Чавков има нарушено здравје и со овој чекор и оваа освета свесно се става во ризик неговиот живот.5. Токму Митко Чавков беше директор на бирото за јавна безбедност (БЈБ), а Сашо Мијалков директор на државната безбедност(УБК) кога МВР спроведе одлучна операција за спречување на ,,до заби,,вооружените и нелегално влезени на македонска територија терористи и криминалци кои планираа масовни убиства и терор над македонското население но и терор врз некои албански политички личности и структури во Македонија кои денес се дел од владата.Таа група беше неутрализирана и спречена во намерите, во Куманово со акцијата на МВР на 9ти мај 2015та година.Припадници на таа група која има сериозна контрола во затворот Скопје најпрвин ги нападнаа и им нанесоа физички повреди на поранешните министри Миле Јанакиески и Спиро Ристовски токму во истиот затвор каде СДСМ сега ги смести токму Митко Чавков и Сашо Мијалков кои долг период беа главни стожери на безбедноста во Мскедонија.Таа група веднаш по претепувањето на поранешните министри јавно објавија на фб дека секој функционер од владата која ја предводев ќе го снајде истото како Јанакиески и Ристовски ако дојде кај нив, а дека мене ќе ме нашле ,,на крајот на светот,,.6. Апелациониот суд за случајот Тенк по барање на СДСМ за мене одлучи во рок од 2 месеци од кои еден месец беа годишните одмори на судиите.За терористите од Кумановско Диво насеље не носи одлука над 16 месеци.Судот работи со огромна брзина за банални и фабрикувани политички мотивирани случаи на СЈО и ОЈО од типот на пример протестите во општина Центар, набавката на блиндирано возило, дивоградбата на Фијат Цановски или 27ми април..., а веќе 7 години максимално бавно за случајот Смилковски езеро каде брутално и сурово се ликвидирани пет млади и невини лица.7. СДСМ на чело со Заев го контролира и управува судот и обвинителствата и преку нив се пресметува со политичките неистомисленици, ги користи како инструмент за политичка борба и терор, политичко пазарење и уцени, елиминирање на политички противници и конкуренти и втерување страв кај населението и опозицијата.Не постои реформа која ќе промени нешто во судот и обвинителствата која ќе промени нешто додека овие институции се заробени, заплашени и уценети од извршната власт која нарачува апсења и пресуди“, пишува Никола Груевски.

Македонија | пред 6 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања