ГЛАВНИ-ВЕСТИ

nesreka-prvi-momenti

Еден месец од несреќата кај Ласкарци, причината непозната

Денес се навршува еден месец од стравотната сообраќајна несреќа на автопатот Скопје-Тетово, кај селото Ласкарци, која однесе 15 човечки животи и го зави Гостивар во црно.Во несреќата загинаа 15  лица.  Гостиварци се` уште неможат да се помират како во миг ги изгубија своите блиски, роднини, сограѓани.За потсетување автобусот на Дурмо Турс, кој тргнува кон Гостивар од скопската автобуска станица во 16.15 часот со 51 патник, излета од коловозот, ги проби банкините, паднал и се превртел на стариот дел од патот. Причините за несреќата, се` уште се истражуваат и надлежните институции за сега не откриваат во јавноста што покажале досегашните вештачења, исказите од преживеаните патници и другите материјални докази.Во трагедијата животите ги загубија:Дејан Ристоски,Раметула Абдураими,Валдете Хамити,Јовица Трпевски,Бесим Фетаи, Онур Садику,Есат Емрули,Ајдин Исмаили,Бејза Узеири,Зоран Давидовски,Бобан Аврамовски,Трпана Јаневска,Павле Костоски,Арсе Арсоски.  

Македонија | пред 6 години

Нема фотографија

(ВИДЕО) Бошњаковски: Нема простор за паника, утврдената бактерија МРСА не е опасна

Во однос на случаите на МРСА коишто се појавија во Основно Училиште во Бутел и во детска градинка во Чаир, портпаролот на Владата на Република Северна Македонија, Миле Бошњаковски денеска на прес-конференција истакна дека апсолутно нема простор за паника.Бошњаковски, меѓу другото, рече дека според информациите од Државниот санитарен и здравствен инспекторат, станува збор за бактерија од групата на стафилококни бактерии и според направените анализи од државниот санитарен и здравствен инспекторат и од резултатите од центарот за јавно здравје овој вид на МРСА, се лекува со антибиотска маст за нос.Истовремено, како што истакна Бошњаковски, од страна на Државниот санитарен и здравствен инспекторат се преземени сите неопходни мерки и во училиштето и во градинката. Исто така, додаде Бошњаковски дека е спроведена дезинфекција, механичко чистење на просториите и сите други мерки кои ги наложува протоколот при појава на каква било бактерија.На денешната прес – конференција портпаролот Бошњаковски потенцираше дека нема потреба од затворање ниту на училиштето, ниту на градинката во двете скопски општини.Инаку во училиштето во Бутел единствениот случај е пријавен на 22 февруари.Останатите земени брисеви од соучениците се негативни.

Македонија | пред 6 години

penzija

Социјалната пензија пред пратениците по скратена постапка

Сите граѓани постари од 65 години, кои не ги исполниле условите за пензија и не работеле ниту ден, оваа година ќе добијат државна пензија.  Со законот ќе им се овозможи на лицата постари од 65 години кои немаат доволно или воопшто работен стаж, а се без приходи, да добиваат државна пензија од 6.000 денари месечно.Со Законот за социјална сигурност на постари лица кој пратениците ќе го гласаат во скратена постапка ќе бидат опфатени само граѓнаните чиј брачен или вонбрачен партнер, исто како нив, не зема редовна пензија и нема друг приход.Пензијата која на почеток ќе изнесува 6.000 денари еднаш годишно ќе се усогласува со трошоците на живот. Социјалната пензија нема да ја исплаќа Фондот за пензиско и инвалидско осигурување, туку центрите за социјални работи.

Македонија | пред 6 години

moneti

Кај Велешенец пронајдени предмети кои се културното наследство

Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал-Единица за сериозен криминал, до Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, поднесе кривична пријава против Т.А.(52) од Велес поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „присвојување на добра под привремена заштита или културно наследство или природни реткости“ по член 265 и „прикривање“ по член 261 став3 од Кривичниот законик.На 31.01.2019, врз основа на судска наредба, полициски службеници извршиле претрес во домот на пријавениот, при што биле пронајдени и одземени 13 монети во различна форма и големина, еден дел од метален предмет и два керамички садови во форма на луле, предмети што подлежат на Законот за заштита на културното наследство.

Македонија | пред 6 години

cavkov

Ќерката на Чавков: Ај докажете дека има вила на Халкидики, тоа го измисливте под притисок и закани

По апсењето на бившиот министер за внатрешни работи Митко Чавков, на својот фејсбук профил се огласи неговата ќерка Зорица Чавкова. Таа на ФБ напиша:„ Го повикувам обвинителството јавно да обзнани барем еден доказ со кој се потврдува информацијата, од службената белешка на МВР, дека Чавков поседува вила на Халкикиди и дека планирал бегство. Верувам дека оваа белешка е измислена под притисок и закани од нарачителите и дека ќе се разоткријат сите. За овој случај ќе бидат известени сите меѓународни субјекти, сите амбасади, нашиша Зорица Чавкова.https://www.facebook.com/photo.php?fbid=10157149337658874&set=a.10151204259878874&type=3&theater

пред 6 години

bakterija

Дечиња од градинка во Чаир заразени со бактеријата ,,МРСА‘‘

Бактеријата ,,МРСА‘‘ се потврди по контралата направена во градинка и училиште во општината Чаир. Според информациите од ДСЗИ, бактеријата е пронајдена кај од  големата група во градинката ,,Снегулка‘‘ и едно дете од второ одделение во учиштето ,,Панајот Гиновски‘‘.Сите дечиња се на домашно лекување, а ќе се вратат во образовните институции откако ќе биде потврдено дека ја немаат бактеријата.Инаку ,,МРСА‘‘  е бактерија од групата на стафилококни бактерии и е отпорна на повеќе антибиотици.Една таква бактерија е и MRSA или Метицилин резистентен стафилокок. Станува збор бактеријата Staphilococcus aureus која развила специфична отпорност на почеток на дејството на пеницилинот, а потоа и на делувањето на антибиотикот метицилин и слични антистафилококни лекови кои припаѓаат на групата бета-лактамази.Оваа бактерија често се наоѓа на кожата и слузниците на човекот. Бактеријата кај здравите лица не предизвикува никакви симптоми и тие се само преносители на бактеријата. Бактеријата може да се пренесе преку физички контакт, преку кожата или пак преку кивање или близок контакт со преносителот, пишува Рак.мк.Иако бактеријата кај здравите луѓе со јак имунитет не предизвикува болест, таа може да предизвика сериозни инфекции кај лицата со намален имунитет и со оштетена кожа или слузници. Доколку продре под кожата или во телото, може да предизвика сериозни заболувања како: гнојни инфекции на кожата, воспаление на дишните патишта, пневмонија.За да се заштитиме од инфекцијата со оваа форма на стафилококна бактерија, секако треба да водиме сметка за правилната и редовна лична хигиена.

Скопје | пред 6 години

gordan-kalajdziev-520x297

Калајџиев за притворот на Чавков: Досега немало притвор пред објавување на пресуда, изгледа се спрема тешка казна

Професорот Гордан Калајџиев во вечерашното гостување на телевизија 24 рече дека е изненаден од вечерашното притворање на Митко Чавков на неколку дена пред објавување на пресудата за 27 април.-Јас бев изненаден со денешната одлука. Ваков преседан досега не сме имале, притвор пред објавување на пресудата. Она што ги плаши луѓето е дека е веќе падната одлуката и дека се спрема тешка казна. Морам да признаам дека сум изненаден од оваа одлука, рече Калајџиев.

Македонија | пред 6 години

oliver-belopeta

Белопета: Некој намерно ги криел документите во Министерство за култура

Директорот на скопскиот Џез фестивал, Оливер Белопета во разговор за Фактор во врска со распределбата на средствата на Министерството за култура, изјави дека вакво водење на постапките за доделување на средства за годишната програма нема никаде на Балканот, а веќе ниту во африканските држави.“Ова е период кога би сакале повеќе да разговараме за програми, но ете во 21 век Министерството за култура функционира како да се наоѓа во Бурунди и практично корисниците дури денеска нешто дознаа со кои средства може да располагаат. Инаку, на првата објава која беше на 8 февруари Џез фестивалот и Оф фест беа изоставени со образложение дека не сме поднеле документи, згора на се имаше груби зборови од министерот дека не сме сакале да поднесеме, дека сме настапувале од позиција на сила, а таква моќ во државата освен политичарите не знам дали ние обичните смртници ја имаме. Од фестивалот реагиравме дека се работи за комплетни невистини, тоа и се докажа бидејќи во меѓувреме во министерството се направи увид и се утврди дека сите документи постојат, најверојатно некој намерно ги криел што е можно кривично дело кај некој член од комисијата. Немаше потреба да доставуваме дополнителни документи", вели Белопета.

Македонија | пред 6 години

Нема фотографија

СТРАШНО СВЕДОШТВО: Пајак им го кренал возилото, тие се бунеле па алфи ги натепале

Девојка од Скопје со свој Фејсбук статус упати порака до министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, градоначалникот на Скопје Петре Шилегов и градоначалникот на Центар Саша Богдановиќ да размислат дали нешто треба да се смени, по нејзината објава каде раскажува како денеска ја тепал припадник на единицата алфи за непрописно паркирано возило пред градинка во Дебар Маало.„Пајак на Град Скопје крева возило на трепкачи пред градинка во д.маало, кое стои помалку од 2 минути. Доаѓа пајак и се спрема да го крене. Брат ми се враќа и им кажува дека оставал дете во градинка, а нема ниедно слободно паркинг место, морал да застане пред градинка 2 минути. Секојдневно деца се оставаат и земаат на ист принцип-пошо нема обезбеден простор за таа намена.. али има иљада кафичи и зграда у зграда плански изградени...Пајак момците продолжуваат да ставаат канџи и да го креваат возилото. Брат ми се јавува дома да донесеме 1500, пошо му бараат толку да ја спуштат колата. Доаѓаме јас и татко ми. Продолжуваме сите пред пајак возилото да се расправаме и објаснуваме... спомнуваме дека вака ревносни не се во чаир нит према тие со големи коли паркирани пред кафичи... полицијата стои со раце в џеб и гледа, а пајак вработените немаат слух за нашето објаснување.Повикуваат алфи (подоцна разбрав дека се алфи...којзнае колкава опасност сме за општеството...алфи еееј алфи дојдоа!!!) да се справат со едно девојче, пензионер и дечко без мускули.. тотално ненасилни... алфите не затепаа, присилно не исповлечкаа да не тргнат.. да не стои пајакот, да може да го однесе возилото и да се врати по уште.. полицијата продолжи да стои со раце во џеб.. пошо не се они сервис на граѓаните, па да се замешаат.. уште и едниот џандар ни рече како денот му е супер.. и покрај тоа што јас уплакана му кажував дека треба да се има разбирање за одредени животни судбини и ситуации.Ама него денот му бил супер, толку многу супер што нема време ни да заштити граѓани, нит па да проба да размисли за тоа што му го кажувам.И така испотепани, си ја земавме колата од пајак служба и си плативме.Вака делува како да е ова Швајцарија, нема нигде пикавец, а за непрописно паркирани ич да не зборуваме. Пее сообраќајот во земјава.Претходните беа насилни во бомбите шо ги слушав.. а овие на своја кожа ги осетив. Додека пишувам, уште ми жежи грбов, и ги осеќам тупаниците на алфа мажот што сигурно е горд на себе, посебно денес, што успешно се избори со девојче од 52 кила!Oliver Spasovski Петре Шилегов Саша Богдановиќ еве, ве тагнав.. ако имате време и не ви е супер денот ко на полицаецот, прочитајте шо се дешава док се топлите у фотељите и размислете дал нешто треба да се смени“, стои во објавата на Фејсбук.https://www.facebook.com/marijana.petrusevska.9/posts/10156131924318616

Македонија | пред 6 години

nato-mkd-3-1170x780

Романија денеска ќе го ратификува Протоколот за НАТО

Парламентот на Романија денеска на пленарна седница треба да го ратификува Протоколот за пристапување на Република Северна Македонија во НАТО.На седницата ќе присуствува и претседателот на Собранието, Талат Џафери, кој од вчера престојува во работна посета на Романија.Џафери од Букурешт заминува за Вилнус каде што утре ќе присуствува на ратификацијата на Протоколот и во Сејмот на Литванија. Предвидено е претседателот на Собранието на Северна Македонија да има и обраќање пред пратениците во литванскиот Парламент.

Македонија | пред 6 години

dimitrov

Димитров: Грчките Македонци се етнички Грци од грчкиот регион Македонија

По бурните реакции во јавноста околу изјавата на министерот за надворешни дека македонското малцинство во Грција не зборува македонски, Никола Димитров на Фејсбук објаснува:„Суштината на договорот од Преспа - во секој случај еден од главните столбови - е прифаќање на различното разбирање на термините Македонија и македонски, кои за нас значат едно, а за Грција друго.Ние сме етнички Македонци, припадници на македонскиот народ, со сопствена историја, култура, и наследство. Ние зборуваме македонски јазик, што е еден од јужнословенските јазици.Грчките Македонци, во грчкиот контекст и разбирање на овие поими, се етнички Грци од грчкиот регион Македонија, кои зборуваат грчки јазик, со посебен однос кон хеленската цивилизација, историја, култура и наследството.Тоа е контекстот на мојата изјава при потпишувањето на Спогодбата за отворање на граничниот премин во месноста Маркова нога, на македонски јазик, на грчки јазик и на англиски јазик, која меѓу другото завршува со повикување на членот 7, наведен подолу:“Имаме повторно еден историски договор, би рекол, после историскиот успех од Преспа, бидејќи за прв пат Договорот се применува, како и името и терминологиите договорени во Преспа. Задоволство ми е што овој Договор за отворање на граничниот премин кај Маркова Нога во регионот на Преспа го потпишавме на три јазици: на грчки јазик, на македонски јазик и на англиски јазик. Македонски јазик што е важен за нас, што го зборуваат граѓаните на Република Северна Македонија и нашата дијаспора, и што не се однесува на грчките Македонци во контекст на членот 7.”Член 71 Страните прифаќаат дека нивното односно разбирање на термините „Македонија“ и „македонски“ се однесува на различен историски контекст и културно наследство.2 Во однос на Првата страна, овие термини ја означуваат не само областа и народот во северниот регион на Првата страна, туку и нивните одлики, како и елинската цивилизација, историја, култура и наследството на тој регион од антиката до денешен ден.3 Во однос на Втората страна, овие термини ја означуваат нејзината територија, јазик, народ и нивните одлики, со нивната сопствена историја, култура, и наследство кои се особено различни од оние кои се наведени во член 7, став (2).4 Втората страна изјавувадека нејзиниот официјален јазик, македонскиот јазик, спаѓа во групата на јужнословенски јазици. Двете Страни изјавуваат дека официјалниот јазик и останатите одлики на Втората страна не се поврзани со античката елинска цивилизација, историја, култура и наследство од северниот регион на Првата страна.5 Ниту една одредба од оваа Спогодба нема цел на кој било начин да ја поткопа, измени или да влијае на употребата од страна на граѓаните на двете Страни“, напиша Димитров на Фејсбук.

Македонија | пред 6 години

Нема фотографија

Сончево со умерена облачност, утре пониски температури

Временската прогноза за денеска е сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер од променлив правец.Дневните температури ќе бидатво Скопје 11, Охрид, Крива Паланка и Битола 8, Маврово 2, Берово 7, Кавадарци 12 и Дојран 15 Целзиусови степени.Утре времето ќе биде облачно со повремени врнежи од дожд, а на повисоките места и на планините од снег. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од југоисточен правец. Дневните температуриќе бидат пониски - Скопје 7, Крива Паланка 4, Берово 2, Маврово 1, Охрид 5, Битола 6, Кавадарци 9, Дојран 10 степени.Од петок се очекува сончево време со мала до умерена облачност и пораст на дневните температури - од 8 до 20 степени. 

Македонија | пред 6 години

Mitko-Cavkov

Чавков се спремал да бега во Грција

Митко Чавков бил подготвен и ќе бегал во Грција, односно во неговата вила на Халкидики, вака стои во одлуката по која вечерва е побаран притвор за Митко Чавков, дознава ТВ21.Неговиот адвокат вели дека невообичаено е два дена пред пресуда да се определи притвор врз основа на службена белешка.„Некаков си близок пријател на г. Чавков му кажал сосема случајно на некојси припадник на единицата „Алфи“, дека Митко Чавков има вила на Халкидики, не во Република Грција него во Халкидики, па се спремал да избега. Сето тоа е на 12-ти денеска и експресно врз основа на службена белешка , значи без никаква реална околност, било каков обид за бегство или нешто друго да е направено, туку врз основа на службена белешка која за судот беше доволна да определи притвор. Она што е многу битно да се потенцира, Митко Чавков беше на слобода со прифатена гаранција од 600.000 евра, не во пари туку во недвижнини,на членови на неговото најблиско семејство. Дали некој нормален може да смета дека тој ќе се даде во бегство и ќе ги остави неговите најблиски на улица“, изјави за Телма Сашо Дуковски – адвокат на Митко Чавков.Неговиот адвокат додава дека како што вели тој пресудата била донесена и дека Митко Чавков в петок ќе биде осуден на драконска казна од над 14 години затвор. 

Македонија | пред 6 години

milos-na-magare-960x528-960x528-960x528

(ФОТО) По животната приказна на Милош, Димитриевски проби пат до селото

Градоначалникот на Општина Куманово, Максим Димитриевски, денеска на својот Фејсбук профил објави дека се пробива пат до с.Живиње во должина од 6 километри.Исто така тој во саботата беше во посета на Милош и неговото семејство и изјави дека заедно со градоначалникот на Општина Петровец ќе го реконструираат селскиот пат Колидско – Живиње.„Во соработка со градоначалникот на Општина Петровец ќе го решаваме проблемот со превозот, семејството на Милош ќе добие дополнителни средства и во следниот период ќе го пробиеме и реконструираме селскиот пат Колидско - Живиње и воедно ќе ги репарираме најоштетените делови на патот Живиње - Сушица.Заедно со бизнис заедницата ќе упатиме дополнителна материјална помош на семејството со цел да се подобрат животните услови на оваа семејство“, стои во објавата на Фејсбук.Сторијата за девет годишниот Милош ја објави ТВ24 кој со операција на срце, за да стигне до училиште оди со магаре или пешачи по три часа, а нема пари ниту да направи контроли по извршената операција во Бугарија. 

Македонија | пред 6 години

zaev-mickoski

Реакции: Поплавата во СЈО ја договориле Заев и Мицкоски, а цевката ја скршил Стојанче Ангелов

Информацијата која ја објави „360 степени“ на телевизијата Алсат М“, дека поплава во Специјалното јавно обвинителство  уништила и оштетила дел од доказите за дури три предмети на оваа обвинителство, меѓу кои и „Империја“, предизвика лавина реакции на Твитер.

Македонија | пред 6 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања