(ВИДЕО) Поплава во СЈО ги уништина главните докази во истрагата „Империја“
Поплава во подрумските простории на Специјалното јавно обвинителство уништила и оштетила докази во истрагата „Империја“. Тоа е предметот во кој Орце Камчев, Сашо Мијалков, Цветан Панделески и 10 други се сомничат за повеќе кривични дела, меѓу кои измама и перење пари. Според доброупатени извори на 360 Степени поплавата се случила минатата недела. Случајно или не, веднаш по настанот, обвинителката што го води предметот „Империја“, Лиле Стефанова, отсуствуваше од работа, објави 360stepeni.mk.Порталот уште пишува:„Точно е дека поради дотраеност на севкупната инсталација за парно греење во објектот во кој е сместено СЈО, протече една од цевките на тој систем, пришто беше зафатена дел од документацијата на неколку предмети кои се водат од ова Јавно обвинителство, меѓу кои на „Империја“, „Триста“ и „Шпион“. Притоа, треба да се има предвид дека во ова Јавно обвинителство документите се скенираат, но доколку се утврди дека има документи кои не биле ставени во електронска форма, ќе се бара нивно обновување. Во моментот се испитуваат причините за конкретниот дефект и се спроведува внатрешна процедура со цел да се изготви попис и проценка на вкупната штета. Инаку, од страна на СЈО осигурени се како објектот, така и опремата“. Со оглед на тоа што „Триста“ и „Шпион“ се во фаза на судење, шанса за неповратна штета има само кај „Империја“, кој е во фаза на истрага. А ова и не е прв преседан поврзан со овој предмет. Уште кога СЈО ја објави истрагата, на 9 ноември минатата година, обвинителството немаше вообичаена прес-конференција ниту пак ја следеше сопствената пракса да објави детали од кои може да се види кој за што се сомничи или каква е поврзаноста меѓу физичките и правните лица во предметот.Петмина осомничени, меѓу кои Камчев и Мијалков, завршија во притвор, а за јавноста беше објавено соопштение со збирен преглед на кривичните дела и најава:„Во скоро време се очекува и проширување на истрагата кон нови лица и за нови кривични дела...“ – се вели во дел од соопштението на СЈО од 9.11.2018Само месец и половина подоцна, на крајот на декември, СЈО се премисли и наместо дотогашниот затворски побара куќен притвор за осомничените во овој предмет. Образложението беше дека успешно се прибрани сите докази и потребни сведочења, пишуваат од 360stepeni.mk.Текстот во целост на: 360stepeni.mk
пред 6 години