ГЛАВНИ-ВЕСТИ

Нема фотографија

Облачно со врнежи од дожд и ветер до 90 километри на час

Денеска времето во целата земја ќе биде облачно со врнежи од дожд, а на планините и во местата повисоки од 500 м.н.в. со врнежи од снег. Ќе дува силен северен ветер, кој на места ќе достигнува брзина и над 90 км/час. Попладне врнежите ќе престанувааат, а до крајот на денот облачноста ќе се намали.Дневните температури ќе бидат во Скопје 5, Маврово -1, Охрид, Берово и Битола 4, Кавадарци 8, Крива Паланка 3 и Дојран 11 Целзиусови степени.Утре ќе има преодна стабилизација со пониски утрински температури, а во четврток се очекуваат нови врнежи од дожд. Од петок ќе биде стабилно, за време на викендот сончево и значително потопло.

Македонија | пред 6 години

49735114_2047943678615395_132263638139404288_n

Снег на Попова Шапка и Ѓавато, внимателно возење

На ден 12.03.2019 ќе се започне со изведување на градежни активности (поставување сообраќајна сигнализација и осветлување) на патен правец Велес - Катланово пред и во тунелот, во времетраење од 10 дена.Ве информираме дека автопатот Миладиновци – Штип, секција Миладиновци – Кадрифаково и Кадрифаково – Миладиновци не е пуштен за сообраќај. Во моментов на автопатот се вршат проверки од безбедносен карактер. Апелираме до сите возачи да не го користат автопатот.Сообраќајот на државните патишта се одвива по влажни коловози, a на некои повисоки места во североисточните и западните делови од државата со наместа остатоци на кашест снег на коловозот по интервенција на дежурните екипи на Македонијапат. Врнежи од снег со среден интензитет и засилен северен ветер се бележат на Попова Шапка, во Гостивар и на планинскиот превој Ѓавато, а со послаб интензитет во Маврово, Тетово, Крива Паланка, Страцин и на планинските превои Стража и Плетвар. Намалена видливост поради појава на магла од 50 - 60 метри има на патниот правец Тетово – Попова Шапка.Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини нема подолги задржувања за влез и излез од државата.АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде се бележи појава на утринска магла, а исто така зголемена е и можноста од појава на одрони.

Македонија | пред 6 години

mitre-miloseski

Митре Милошески, кандидат за градоначалник од ВМРО ДПМНЕ за Охрид

После подолги преговори, натегања, анализи, анкети, ВМРО ДПМНЕ одлучи, д-р Митре Милошески е кандидат за градоначалник за Охрид, дознава Скопје 1 од извори во партијата.Изборот на градоначалник на Охрид, Дебар и Ново село  ќе се одржат на 21 април заедно со редовните претседателски избори.  Охрид ќе избира нов градоначалник после прераната и ненадејна смрт на градоначаникот,  48 годишниот Јован Стојаноски, кој беше на чело на општина Охрид повеќе од 1 година. 

Македонија | пред 6 години

crkva-sv-Dimitrija

Нова иницијатива: Штом се удоволија желбите за џамијата, бараме и возобновување на црквата Св. Димитрија

Нова иницијатива во Охрид. Охриѓани на социјалните мрежи најавуваат дека ќе покренат иницијатива за конечно возобновување на црквата Свети Димитрија на главниот плоштад во Охрид. Ваква иницијатива како што дознаваме утре ќе предложи и една од политичките партии со десничарска ориентација која е дел од владејачката коалиција.Денеска и познатиот адвокат Мишел Наумовски и неговиот брат бизнисменот Антонио Наумоски јавно кажаа дека  даваат отворена поддршка за оваа иницијатива. Тие велат дека и финансиски се подготвени да помогнат за изградбата на овој верски храм. Покрај Наумовски иницијативата ја поддржаа и други бизнисмени, кои велат дека за брзо јавно ќе проговорат на оваа тема.Контактиравме и со директорката на заводот за заштита на спомениците на културата и народен музеј Охрид Елеонора Новаковска. Таа  за Скопје 1 вели дека до овој момент ваква иницијатива не е стигната до заводот, но како што кажа доколку стигне ќе се формира комисија која ќе ја разгледа истата.Инаку обновата на Црквата Свети Димитрија е заборавена тема од пред десет години, кога се направи обид да се возобнови овој православен храм , чии темели се под плоштадот во Охрид и се прецизно лоцирани во 1961 година.Денес на плоштадот стои импровозирана црквичка со икони, а тука на тоа место секоја година се слави празникот Свети Димитрија.Темелите на објектот укажуваат дека се работи за стара ранохристијанска црква која била изградена во VI век, и постоела до доаѓањето на турците, кои во XIII – XIV ја срушиле и врз темелите изградиле џамија, која постоела до 1947 година.Во 1961 година археолозите, Вера Битракова и Елена Чипанова при истржувањето на темелите утврдиле дека тука била црквата, а пронајдена била и иконата на Св. Димитрија и средишниот мермерен столб.Во 2005 година се поркена иницијатива за возобновување на црквата но тоа не успеа заради успешен отпор од страна на тогашните власти и Исламската верска заедница. Инаку според проектот за изградба, основата на црквата е со димензии: 17,5 м во должина, 12,5 м во широчина, на две висини и плус петте куполи и камбанарија со градски саат. Ваквата димензионираност се базира на преданијата за изгледот на старата црква.Денес тука е изграден времен параклис, каде луѓето палат свеќи и донираат пари за обнова на црквата. Патрониот празник Митровден се слави со голема општонародна веселба на плоштадот.Црквата во повеќе наврати била ограбувана.  

Македонија | пред 6 години

filipce-i-milos-1

(ФОТО) Филипче лично се заложи за здравјето на Милош – херојот кој со магаре оди на училиште

На деветгодишниот Милош, утрово му беа направени потребните здравствени прегледи. Драго ми е што резултатите од електрокардиографијата и ехокардиографијата се во граница на нормала и тој е добар, во стабилна здравствена состојба. Се договоривме за една година повторно да дојде на преглед. Милош ќе расте во здраво дете и ќе биде наш иден спортист, вели министерот за здравство Венко Филипче. *Фотографиите се одобрени од родителИнаку деветгодишниот Милош е детето кое во 21 век со магаре оди на училиште или пешачи по три часа. Милош е  роден со болно срце. Веднаш го однеле на операција во Бугарија. Од тогаш досега, девет години не направил никаков преглед, бидејќи и за тоа требаат пари, велат неговите родители. Денеска на иницијатива на министерот на Милош му беше направен комплетен преглед. 

Македонија | пред 6 години

sead-kocan

,,ТРУСТ”: 4 години и 8 месеци затвор за Кочан, 2 години условна казна за Авировиќ

Четири години и осум месеци затвор за бизнисменот Сеад Кочан, а условна казна за Василије Авироивиќ. Оваа е правосилната пресуда на Апелациониот суд за случајот на СЈО „Труст“.  Според пресудата, делумно се уважени жалбите на обвинетите, бидејќи според првостепената пресуда Кочан беше осуден на шест години, а Авировиќ беше осуден на три години затвор.Инаку двајцата се осудени за добивање на незаконски тендер од 2011 година распишан од државната фирма „Електрани на Македонија“ (ЕЛЕМ) за ископување јаловина и јаглен од рудникот Суводол во Битола.Судскиот процес траеше точно осум месеци и имаше повеќе од 20 рочишта. Кочан и Авировиќ, односно „Трансмет“ и „Силекс неметали“, според СЈО со лажни документи добиле тендер од ЕЛЕМ вреден 17,3 милиони евра. 

пред 6 години

morbili

Во моментот се хоспитализирани 19 возрасни и 18 деца со морбили

Согласно најновите податоци од Универзитетската клиника за инфективни болести и фебрилни состојби, во текот на вчерашниот ден биле прегледани тројца пациенти со симптоми на морбили, од кои двајца возрасни пациенти се амбулантски прегледани и пуштени на домашно лекување, а една пациентка е хоспитализирана на клиниката. Станува збор за 29-годишна пациентка од Скопје, без податок за вакцинален статус.На Инфективната клиника во моментот се хоспитализирани 19 возрасни и 18 деца со морбили, односно вкупно 37 пациенти со морбили. Еден пациент се наоѓа во потешка состојба на одделот за интензивно лекување.Согласно податоци од Институт за јавно здравје, во периодот од 02.03 до 08.03.2019 година се пријавени вкупно 83 сомнителни случаи на мали сипаници, додека од почетокот на епидемијата во Скопје, вкупно се регистрирани 493 случаи на мали сипаници.Од почетокот на епидемијата, вкупниот број вакцинирани лица во Скопје е речиси 10 илјади лица, додека вкупен број вакцинирани лица на возраст до 14 години со МРП вакцина од почетокот на епидемијата во државата изнесува 15.151 лице. Високиот одзив на вакцинацијата ќе придонесе за кревање на колективниот имунитет.Инаку, во текот минатата недела во Институтот за јавно здравје се пријавени 2.678 случаи со симптоми на грип, што е за 16,5% намалување во споредба со една недела пред тоа. Вкупниот број заболени од грип оваа сезона изнесува вкупно 15.201 лица.

Македонија | пред 6 години

siluvanje

Велешанец под истрага за силување на поранешната сопруга

Основното јавно обвинителство Велес донесе Наредба за спроведување на истражна постапка против едно лице на возраст од 32 години поради постоење на основано сомневање дека сторил кривично дело – Силување од чл.186 ст.1 од Кривичниот законик.Имено, осомничениот на 09.03.2019 година, ја присилил на обљуба својата поранешна сопруга. Тој ја чекал оштетената во влезот од зградата каде таа живее и кога ја отклучила влезната врата од својот стан, ја фатил за раката и насилно ја внесол во дневната соба. Потоа ја турнал на креветот, ја влечел за коса и ја стегал за вратот, велејќи и дека ќе има сексуален однос со неа „милум или силум“. Кога оштетената одбила да се соблече, осомничениот и ја скинал кошулата и извршил обљуба врз неа, совладувајќи го нејзиниот отпор изразен во удари со нозете по градите и рамената.Имајќи предвид дека по извршеното кривично дело осомничениот го напуштил своето живеалиште и бил отсутен се до следниот ден, можноста поради заедничкото дете да стапи во контакти со оштетената и да влијае врз истата или да го повтори кривичното дело, до судија на претходна постапка на Основен суд Велес е доставен предлог за определување на мерка притвор против осомничениот. Предлогот на надлежниот јавен обвинител е прифатен, па на осомничениот му е изречена мерка притвор во траење од 30 дена. 

пред 6 години

bebe

Се роди најголемото бебе во Македонија

На Универзитетската Клиника за Гинекологија и Акушерство – Скопје, минатиот месец, се родило најголемото бебе во државава.Станува збор за момченце, тешко 5.700 г. и 55 см должина, објавија од гинекологија.Породувањето го водел лекарски тим. При приемот на пациентката направена е комплетна евалуација и проценка од докторите за големината на плодот како и карличните мерки на пациентката.Мајката одбрала породувањето да биде по природен пат.

Македонија | пред 6 години

filipce-222

Овозможени дијагностички генетски анализи на наследни болести на сметка на Фондот за здравствено осигурување

Министерството за здравство и Фондот за здравствено осигурување овозможи анализите за молекуларна дијагностика на наследни болести да бидат опфатени во листата на услуги покриена со средства на ФЗО. Станува збор за седум услуги побарани од Медицинскиот факултет (одделите  факултет и МАНУ.-Со оваа новина овозможуваме рана и брза дијагностика на наследните болести и на малигните заболувања. На овој начин ќе помогнеме за рана детекција на болестите, што ќе значи и побрза реакција во поглед на методите на лекување. Порано за овие испитувања плаќаа самите пациенти, а отсега ќе плаќаат само партиципација за услугата. Овие испитувања се високоспецифични и секако за нивно спроведување треба да се има соодветен упат од клиниките, откако нема да може да се дојде до дијагноза со стандардните процедури, изјави министерот за здравство, д-р Венко Филипче.Методите НГС (Next Generation Sequences) се спроведуваат во МАНУ од 2012 година и со нив се овозможува дијагностика на голем број болести, вклучително и на ретките болести. Со нив таргетирано се секвенционира панел со 4.800 гени поврзани со ретките и со малигните болести.-На овој начин ја намалуваме потребата за испраќање на пациентите во странство за дијагностика, а во исто време се забрзува времето на реакција кај пациентите, додаде Филипче.Анализите кои ќе се финансираат од ФЗО досега ги чинеа пациентите од 45 до 100 илјади денари.

Македонија | пред 6 години

soobrakajna-nesreka

(ФОТО) Лудувал со 140, изгазил куче и се пофали на ФБ колку моќна кола има!

На социјалните мрежи може да се најде се и сешто. Се фалат кој што јадел, каде бил излезен, што купил, сме виделе се и сешто, но една објава страшно ги револтира корисниците на социјалните мрежи.„Друштво сакам да дадам еден голем респект за моето BMW 530. На автопат Велес – Скопје со брзина од 140 километри, удрив куче од оние овчарскине , го разделив на неколку дела. Што е најбитно колата не се помрдна. Е тоа ти е друштво BMW!Да беше било што друго сега немаше да пишувам.Како и да е респект за BMW. И за крај ќе ,и треба преден браник па пишите ако знаете каде да си купам“,стои во објавата.После оваа објава излишен е секаков коментар. Но, сепак дали некој од надлежните ќе превземе нешто да го пронајде сторителот на овој грозоморен чин, останува времето да покаже.  

Македонија | пред 6 години

2B1010B7-3AEB-45BB-9A85-CB966B49F2D7

Пендаровски не знае дали го следат, а не сака да каже дали сеуште се сомнева на странски служби

Кандидатот за претседател од СДСМ, Стево Пендаровски не кажува дали уште се сомнева во тоа дека странски служби го следеле и фотографирале низ улиците. Според него, тоа е завршена работа која е препуштена на МВР, од каде треба да се одгатне мистеријата. Пендаровски вели дека се чувствува безбедно, но чувството кога приметил дека го следат било непријатно. Тој не сакаше да коментира ништо, само рече дека нови следења во изминативе денови. Пендаровски не сакаше да ги коментира неговите противкандидати, откако беше запрашан кои позитивни особини ги гледа кај Силјановска. Тој се надева дека нема да има валкана кампања од противниците.

пред 6 години

54434302_421341881958397_7802000421819514880_o

(ФОТО) Повторно гори трската кај струшкото крајбрежје

Повторно гори трската кај струшкото крајбрежје. Во објавата на Фејсбук страницата VOX Struga пишува дека на местото забележале двајца пожарникари кои не преземаат ништо за гаснење на пожарот.https://www.facebook.com/voxstruga.mk/posts/421342121958373 Исто така палење на трската имаше и во текот на изминатиот викенд. Од еко-здружението Охрид-SOS на својот Фејсбук профил напишаа дека било известено Министерството за внатрешни работи, но оттаму добиле одговор дека не биле надлежни за проблемот.https://www.facebook.com/OhridSOS/posts/2296871803924797  

Македонија | пред 6 години

pozar

Запалила сува трева, па огинот се проширил и ја зафатил викендицата

На 10.03.2019 околу 14.20 часот во СВР Штип било пријавено дека на место викано „Амушкови чешми“, атар на Пехчево, настанал пожар пред викендицата во која престојувала К.М. од Пехчево.Според пријавеното, таа запалила сува трева и смет, а поради временските услови пожарот се проширил и ја зафатил викендицата, а зафатил и поголема површина со борова шума.  Притоа, К.М. се здобила со повреда на левата рака и и била укажана лекарска помош.Пожарот бил локализиран од екипа на Територијалната против пожарна единица Берово, екипа од Шумско стопанство „Равна река“, екипа од Дирекцијата за заштита  и спасување и други лица кои се затекнале на местото. Извршен бил увид на местото.

Македонија | пред 6 години

soobrakajka

23 сообраќајки во Скопје, едно лице со тешки телесни повреди

Во текот на изминатите денови (08, 09 и 10.03.2019 година) на подрачјето на Секторот за внатрешни работи Скопје преземени се мерки и активности и констатирано е дека 82 возачи управувале возила со брзина поголема од дозволената. Од сообраќај се исклучени 73 возачи од кои: 25 возачи затоа што управувале возила под дејство на алкохол, 39 возачи управувале возила без да се стекнат со право за управување на моторно возило и девет возачи затоа што биле возачи-почетници.Исто така, исклучени од сообраќај се и 40 возила бидејќи 37 биле нерегистрирани и три возила биле технички неисправни. Санкционирани се седум возачи поради поминување на крстосница на црвено светло, осум возачи поради недавање првенство на минување на пешаци, еден возач поради неправилно престигнување, 19 возачи поради неносење сигурносен појас за време на управување на моторно возило и 22 возачи поради користење на мобилен телефон при управување на возило.Во текот на изминатите денови издадени се 253 мандатни платни налози и 157 возила се подигнати со специјално возило "пајак". Изминатите денови се случиле 23 сообраќајни незгоди во кои едно лице се здобило со тешки телесни повреди, а 19 лица поминале со телесни повреди.

Скопје | пред 6 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања