ГЛАВНИ-ВЕСТИ

1

(ФОТО) Граѓани до пратениците: Шовинисти не можат да штитат од дискриминација

Со протест пред Собранието претставници на граѓански организации и здруженија денеска со побараа законот за заштита и спречување на дискриминација итно да биде донесен на денешната седница.„Денес сме собрнани за побараме итно донесување на законот за заштита од дискриминација на собраниска седница. Овој закон повеќе од 8 месеци е заглавен во собранието. Иако СДСМ ветија дека ќе се усвои во најкус можен рок, сепак точката од дневен ред беше прескокната. Пратениците донесоа низа закони со кои се попречува правдата на шетата на граѓаните. Силно ја осудуваме реториката на ВМРО-ДПМНЕ која ја користат од говорницата. Тие поттикнуваат дискриминација и насилство кон маргинализираните заедници. Ги повикуваме пратениците од СДСМ и ДУИ итно да го усвојат законот за заштита од дискриминација денес и да застаната на страната на граѓаните“, изјави Елена Петровска, национална мрежа за борба протиб хомофобија и трансфобија.Повеќе од 100 граѓански организации го поддржаа овој закон и побараа негово итно донесување.

Македонија | пред 6 години

pendarovski4

Пендаровски: Важно е да ги добијам гласовите од Албанците

Кандидатот за претседател на државата, Стево Пендаровски за „Јутарњи лист“, вели дека е „исклучително важно идниот претседател на Северна Македонија да ги добие гласовите на Албанците.„Тоа е од големо значење, прво поради големата албанска заедница која живее во нашата земја и која има бројни врски со Косово и со Албанија, како и поради регионалната соработка, што е предуслов за европска интеграција, а од нашите други три соседи, Бугарија и Грција се членки на ЕУ а Србија е на пат. Сè уште сме далеку од полноправно членство во ЕУ. Тоа ќе биде за нас голем дипломатски предизвик со офанзивно темпо да се спроведат реформите и да успееме да ги стигнеме Србија и Црна Гора на кои како приближен рок им е дадена 2025 година, вели Пендаровски, за Јутарњи лист.

Македонија | пред 6 години

Нема фотографија

Денеска ќе се расправа за интерпелацијата на Спасовски и законот за дискриминација

Собранието на Република Македонија за денеска има закажано продолжение на 86-тата седница на која се наоѓа интерпелацијата за работата на Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски која беше поднесена од страна на опозицијата. Оваа седница е закажана за во 12 часот.Исто така за денес е закажано и продолжението на 90-тата седница на Собранието на која едниствена останата точка е Законот за дискриминација, кој се донесува по скратена постапка.Со новиот закон се подобрува законската регулатива и се врши нејзино усогласување со  правото на Европската Унија и меѓународните стандарди во однос на заштитата од дискриминација. Со неговата примена се очекува да се обезбеди поефикасна заштита од дискриминација.

Македонија | пред 6 години

sela-2

Села со реакции за средбата меѓу Мицкоски и Заев

Додека во владата синоќа се одржуваше состанок помеѓу премиерот Зоран Заев и водачот на опозицијата, Христијан Мицкоски, лидерот на Алијансата за Албанците, Зијадин Села реагираше на својот Фејсбук профил, пишувајќи за неправдата кон другите партии, особено кон албанските."Кога се потребни гласови на Албанците, средба со сите лидери на политичките партии. Кога станува збор за државата, состанок само со партнер за државата - Мицкоски. Затоа, НЕ заедничко општество за сите, туку држава за сите ", пишува Села.

Македонија | пред 6 години

sonce

Денес температура до 23 степени, утре врнежи од снег

Во текот на денот времето ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност и слаб до умерен ветер претежно од западен правец. Попладне од север и од запад облачноста ќе се зголеми и во вечерните часови ќе има врнежи од дожд, а на повисоките планини и понекаде на повисоките места особено на запад од снег. Температурата ќе се движи од 1 до 23 степени.Во Скопје слично време со температура од 5 до 20 степени.Во вторник до средината на денот ќе преовладува облачно време на пониските места со врнежи од дожд. На планините и на некои повисоки места особено на запад врнежите ќе бидат од снег и ќе се формира снежна покривка. Ќе дува умерен до засилен северен ветер, а дневните температури ќе бидат во значително опаѓање. Од среда времето ќе биде променливо облачно со благ пораст на температурата, а во четврток со услови за слаби локални врнежи.

Македонија | пред 6 години

53751070_1987113501583065_4347258587253309440_n

Заев: Јанева и нејзиниот тим треба да продолжат со работата во рамките на јавното обвинителство

Темите за кои разговаравме беа претседателските избори и идниот тек на реформските закони кои се многу важни за граѓаните и датум за почеток на преговри со ЕУ, изјави премиерот Зоран Заев по средбата со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.„На едни вакви разговори зборевме за сите елементи за фер, демократки избори. Разговаравме за теми важни за опозицијата. Разговараме за тоа што законот го предвидува, но разговаравме и за сите мониторинг мисии. Отворивме иницијатива да ги дополниме местата со мониторинг. Верувам во делот на предизборите, кампањата и изборниот процес. Она што го договоривме е штабовите да имаат комуникација“, изјави премиерот Заев.Во однос на предлог законот за СЈО, Заев рече дека Катица Јанева и нејзиниот тим треба да продолжат со работата во рамките на јавното обвинителство, а „бомбите“ имаат свој лимит и крај, но не и материјалните докази.„Драго ми е што опозицијата прифати да имаме работни групи за законот за јавно обвинителство. СЈО треба да се вгради во јавното обвинителство и да му седаде шанса овој капацитет да продолжи на чело со Јанева и целиот тим. Очекувам низ разговорите на работни групи да се постигнат услови, иднината на јавното обвинителство да има иднина на опстојвање. Ова е значаен дел од реформите. Во делот на она што значи иднина на јавното обвинителство, вградено во СЈО во системот на обвинителство на Република Македонија тоа треба да го направиме во соодветен период. Ние треба до крајот на месец март да изградиме заеднички ставови и да ги изгласаме реформските закони“, рече премиерот.

Македонија | пред 6 години

53636632_801435803552748_4142802978434187264_n

Мицкоски: СЈО го изгуби кредибилитетот за да ја добие нашата поддршка во иднина

На средбата зборувавме за обезбедување на фер и демократски претседателски избори и за реформските закони од агендата за добивање на преговори за пристапување кон ЕУ, изјави лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, по средбата со премиерот Зоран Заев.„Разменивме факти и аргументи од наша и од владина страна. Македонија мора да продолжи да се движи во вистинска насока. Република Македонија мора да стане достоинствено место за живеење за сите граѓани. Го пренесов и чувството кое постои помеѓу полистичките неистомисленици, дека имаме чусвтво на политички прогон. Главно, ова беше корисна средба за релаксирање на односите и за дефинирање на околностите за кредибилна претседателска трка на која убедени сме дека ќе победиме. Ги дадовме нашите забелешки за вештачките варботувања во државната администрација, во локалната и државната управа дека сето тоа не води во насока на рекласкирање на претседателаките избори, за трансфери од буџетот кои ненаменски се користат за промотивни активности. Ова не оди во правец на релаксирање на односите за кредибилен изборен циклус. Укажавме на неправилностите од референдумското изјаснување. Многу нешта во однос на првиот и вториот круг од претседателските избори зависат од Владата“, рече Мицкоски.Исто така тој истакна дека тие имале голем број на забелешки во врска со предлог-законот за обвинителство.„Во четвртокот го добивме предлог тектот на законот за јавното обивнителлство. Немавме можност да влеземе во супстратот, но според нас овој специјален јавен обвинител не може и не смее да ја добие довербата бидејќи не само што не ја оправдаа довербата на граѓаните, туку напротив во многу наврати сета таа доверба ја злоупотребија. Ние сме за отварање развговори во врска со содржината на законот и се договоривме од утрешниот ден па натаму да ги формираме тие работни гурпи, да отпочнат една дабата, да го прошириме опфатот, да отвориме нешто што овие граѓани ги фрустрираше изминатите години и да ги затвориме еднаш засекогаш“, изјави претседателот на ВМРО-ДПМНЕ.

Македонија | пред 6 години

petrovec-pozar

ВИДЕО: Пожар во скопски Петровец

Огромен пожар се шири кај скопската населба Петровец. Во моментов, само едно противпожарно возило е на терен, а има густ чад. Огнот има зафатено голема површина.[embed]https://www.facebook.com/janeski.ognen/videos/1211446112342440/[/embed]Новинарот Огнен Јанески соопшти дека од Противпожарната единица за ТВ24 рекле дека пожарите не се опасни бидејќи горела сува трска.Сепак новинарот со право посочи дека загадувањето што ќе се пренесе во воздухот од ваквите палења е ужасно и големо.Повеќе од 20 пожари предизвикани од запалени стрмништа денеска имало во скопско.

Скопје | пред 6 години

parking

Илјадници паркинзи низ Скопје, а паркирањето е проблем

Седум катни гаражи, околу 10.000 зонски паркинг-места, над 2.000 места за паркирање во т.н. затворени паркиралишта со рампа, уште толку паркинг-простор на приватни субјекти - а паркирањето во Скопје сè уште е тежок, па и скап потфат. Некаде паркирање може да се најде за 30 денари, но најчесто тоа чини 40 или 50 денари само за еден час.Нема ниту гаранции на некои од паркиралиштата дека во случај на оштетување на автомобилот сопственикот ќе биде обесштетен, при што на некои паркинзи има 24-часовен видеонадзор, а на некои воопшто нема безбедносни камери. Згора на сè, во делови од Дебар Маало сè уште има улици на кои не е расчистено кој стопанисува со паркингот, односно кому треба да му се плати.Иако изминуваат речиси 10 години откако функционира зонското паркирање и иако никнуваат катни гаражи како печурки по дожд, паркирањето сè уште е еден од најголемите проблеми со кои секојдневно се соочуваат граѓаните. Проблеми имаат и тие што стопанисуваат со паркинзите, а ги има неколку.Колку управувачи, толку политикиЈП „Градски паркинг“, ЈП „Паркинзи на Општина Центар“ и  Акционерско друштво за изградба и стопанисување со станбен и деловен простор (АДССДП) стопанисуваат со најголем број паркиралиштата, кои се од неколку типа. Секој од нив има своја политика за паркирањето. И во однос на цените, и во однос на стратегијата за управување со паркинг-просторите, а се разликуваат и во однос на инфраструктурата, бидејќи соодветните закони им го дозволуваат тоа. Законски, тоа го дозволуваат и Законот за локална самоуправа, Законот за Град Скопје, како и Законот за јавни претпријатија.Меѓу другото, во нив стои дека Град Скопје и општините имаат право „на изградба, одржување и користење на јавни паркиралишта од значење за градот Скопје, утврдени со урбанистички план“, како и дека „општините и градот Скопје основаат јавни претпријатија под услови и начин утврдени со закон“.Во делови од Дебар Маало сè уште постојат места каде што паркинзите се преклопуваат. Поточно, за една зона за паркирање се плаќа, на пример, на ЈП „ПОЦ“, а може да налета пајак на „Градски паркинг“ доколку паркирањето не е уредно платено. Со таква ситуација се соочил Даниел Николовски од Аеродром.Договорил службен состанок во кафуле во Дебар Маало. Се паркирал на зонски паркинг обележан од „ПОЦ“ и пратил СМС-порака за да плати за услугата. Кога завршил со состанокот и тргнал накај паркингот, автомобилот не бил таму.Целата сторија на Независен.мк

Скопје | пред 6 години

izjava-zaev.Still066

Вечерва подметнати пожари во струшка Радожда

Вечерва пламени јазици ја уништуваат трската е во селото Радожда на источниот брег на Охридско Езеро кое исто така е дел од општината Струга.Веќе еден месец Охридско Езеро на територијата на општина Струга е изложено на намерно подметнување пожари и масовно уништување на живиот свет во езерото и на брегот со цел да се уништи целата природа ( која е под заштита на УНЕСКО и под заштита на законите на Република Северна Македонија кои никој не ги почитува ).Јавна тајна е дека тоа се прави за потоа тука да се изградат дивоградби ( угостителски објекти и сместувачки капацитети ) кои некој смислил да ги легализира со законот кој го најави Владата, а со кој  треба да се легализираат новите довиградби.УМРЕ ДРЖАВАТАГраѓаните на Северна Македонија секојдневно коментираат дека повеќе не функционира ни еден дел од системот на владеење и се погласно се коментира дека чесните луѓе се оставени сами на себе.Полицијата до сега нема откриено ни еден потметнувач ( инвеститор во објектите ) ниту има превземено било какво дејствие по лудилото кое се случува пред очите на сите.

Македонија | пред 6 години

mkd-412476

(ВИДЕО) Хорор лет за Њујорк за 326 патници

Според изјавата на американската аеродромска служба, авионот слетал безбедно и повредените од меѓународниот аеродром Џон Ф. Кенеди во Њујорк се префрлени во околните болници.[embed]https://twitter.com/CeFaanKim/status/1104590849080508417?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1104590849080508417&ref_url=https%3A%2F%2Fwww.mkd.mk%2Fsvet%2Fvesti%2Fhoror-let-za-njujork-32-patnici-povredeni-video[/embed]Патниците претежно се здобиле со исеченици и модрици, а една стјуардеса скршила нога, изјави официјалниот претставник на аеродромот Стив Колман.Боинг 777 со 326 патници и 21 член на екипажот летал над Атлантикот кога влегол во зона на турбуленции, рече Колман.Турската авиокомпанија засега не го коментираше настанот.

Свет | пред 6 години

53654610_417285622357886_6592756146317033472_n

ГАЛЕРИЈА: 29 споменици сред Скопје со морбили, а чинат 2.5 милиони евра

На „Мостот на уметноста“ на реката Вардат во центарот на Скопје ќе бидат поставени 29 скулптури, по 14 од двете страни и една централна. Сите скулптури се позеленети, а некои од минувачите на шега велат: “Овие како морбили да имаат фатено”.Причината за ваквата појава, според дел од познавачите на проблематиката е загадениот воздух односно ПМ честиците,бидејќи смогот содржи сулфурдиоксид, па се создал бакарен сулфат.Автори на мостот се Коста Мангаровски и Викторија Мангаровска. Изградбата на мостот чини речиси 2,5 милиони евра.

Скопје | пред 6 години

izjava-zaev.Still064

(ВИДЕО) Во подметнати пожари гори природата од Струга до Калишта

Платформи на Матка, пожари во Струга - остана ли една институција која функционира во државата ? !И денес продолжи опожарувањето на просторот од Струга до Калишта.Заитнересираните за градба на дивоградби во овој строго заштитен појас со месеци подметнуваат пожари , а за тоа време државата е само декор.Граѓаните со право се прашуваат дали во Република Северна Македонија остана било каква функционална институција или државниот апарат целоно умре. 

Македонија | пред 6 години

maxresdefault-1

Нема да се отвори автопатот Миладиновци-Штип иако требаше викендов

Отворањето на автопатот Миладиновци-Штип е одложено оти се прават последните безбедносни проверки, велат од Министерството за транспорт и врски. Од Министерството на 6 март за САКАМДАКАЖАМ.МК изјавија дека автопатот ќе биде пуштен во употреба овој викенд, но сега објаснуваат дека тоа ќе се случи штом завршат сите проверки, не прецизирајќи точен датум.„Сите градежни активности на автопатот Миладиновци-Штип односно сите три секции се целосно завршени. Важно е автопатот да биде пуштен во употреба и граѓаните истиот до го користат, но најважна е безбедноста на граѓаните. Овие денови се вршат последните безбедносни проверки и проценки на сите елементи од автопатот. Штом се заврши со овие последни проверки автопатот  ќе биде пуштен во употреба. Тоа ќе се случи наскоро во периодот кој доаѓа“, велат од Министерството за транспорт и врски.

Македонија | пред 6 години

Ethiopian-Airlines-Boeing-737-MAX-759x500

Никој од 149-те патници на „Етиопиан Ерлајнс“ не преживеа

Авион на компанијата „Етиопиан Ерлајнс“ се урна брзо по полетувањето од Адис Абеба. Нема никој преживеан од 149-те патници и осум члена од екипажот, соопштија од компанијата. Патниците биле од 33 различни националности. Падот се случил во 8.44 утрината, шест минути откако новиот Боинг 737 Макс-8 полетал.Не се знае причината за падот на авионот чија крајна дестинација требало да биде Најроби во Кенија.  Сведоци велат дека кога паднал авионот имало огромна експлозија, околината е изгорена, а на терен се 4 хеликоптери.

Свет | пред 6 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања