ГЛАВНИ-ВЕСТИ

Rangelova-wide-2000

Рангелова: Разочарувачки е да читаме дека девојчиња ги фрлаат бебињата во шахта

На расправата за предлог-законот за абортус рековте дека „ако се надминете себеси ќе го поддржите“. На кого мислевте: на сите колеги во парламентот, на одредени пратенички или на невладините организации и религиските групи кои се противат на абортусот?- Се обратив до сите пратеници, но и на дел од граѓанските организации со кои имавме спротивставени ставови. Мислам дека станува збор за погрешно толкување. Ако сме за заштита на здравјето на жената, т.е. за легален и безбеден абортус за оние жени што се одлучиле на таков зафат, тоа во никој случај не значи дека ние ги поттикнуваме жените да ја прекинат својата бременост.Напротив, јас би била среќна ако секоја девојка или жена има можност и желба да се реализира во улогата на мајка. Па, има ли поголема среќа за нас од нашите деца? Тоа за мене е најголемиот благослов. Па, сепак да ги почитуваме туѓата одлука и мислење. Можеби треба да размислуваме за континуирана едукација за спречување на несакана бременост уште од најраната училишна возраст, а и за планирано семејство, наспроти санкционирање и сложени административни постапки за прекин на несакана бременост.Разочарувачки е во 21 век да читаме дека млада девојка на 19-годишна возраст го фрлила своето бебе во шахта и слични примери. Зарем тоа треба да го дозволиме и да не ги спречиме овие појави?Целото интервју на Независен.мк

Македонија | пред 6 години

deponija-sutka-3

ФОТО: Депнијата во Шутка две недели гори, надлежните спијат, граѓаните се гушат

Депонијата меѓу населбите Шуто Оризари и Визбегово гори веќе две седмици. Еколозите секој ден апелираат, ги повикуваат надлежните на реакција, објавуваат фотографии од запалената депонија, пријавуваат, но засега ништо. И вчера огнот, чадот и смрдеата беа неподносливи во тој регион, предупредуваат од граѓанската иницијатива О2 коалиција.На реакцијата на граѓаните и на еколозите, градоначалникот на општина Шуто Оризари одговори дека на 8 Март треба да се слави, а не да се посветуваме на проблеми.„Ќе ве молам, денеска е 8 Март и верувам дека треба овој ден да празнуваме. За десет дена го исчистивме најголемиот дел од депонијата. Булдожерот е приватен и општината го плаќа“, одговори Дудуш, кој ветува дека за две седмици депонијата комплетно ќе биде исчистена.Eколозите порачуваат: „Господа од власта, да земете да си ги едуцирате вашите градоначалници и политичари. Нека земат да си ја работат работата за која бездушно ни наплатуваат од заедничкиот буџет, нека се погрижат за животот и здравјето на сите свои граѓани, нека пробаат да ни го покажат синото небо низ овие облачишта од чадојни, кои ги продуцира нивната негрижа и незнаење. Може потоа и ќе ги поканиме да празнуваат со нас“.

Скопје | пред 6 години

zena-810x540-810x540

Работела во фабрика за 16 долари месечно, а денес е најбогатата жена на светот

Ву Јаџун своевремено работела во фабрика за 16 долари месечно, а денес е најбогатата жена на светот која сама го создала своето богатство. Според најновата листа на „Форбс“, Ву располага со богатство од 9,4 милијарди долари, што доаѓа од компанијата за недвижнини „Лонгфор пропертис“, која во 2017 остварила приход од 10,7 милијарди долари. Во ноември, Ву се повлече од функцијата претседател на компанијата и ги предаде своите акции на ќерка ѝ.Ву е за три милијарди долари побогата од Дајен Хендрикс, најбогатата Американка која сама се збогатила. Севкупно, најбогатата жена на светот е Франсоаз Бетенкур-Мејерс, која вреди 49,3 милијарди долари, но таа е наследничка на козметичката империја „Л‘Ореал“.Ву (55) не потекнува од богато семејство. По дипломирањето, се вработила како техничар во една државна компанија, кадешто четири години работела за 16 долари месечно. Потоа четири години била новинар во државна новинска агенција, а кога во 1993 се соочила со низа проблеми да си купи стан, се инспирирала да го почне она што ќе стане „Лонгфор пропертис“, продавајќи го својот прв станбен проект во 1997. „Лонгфор“ е една од првите компании која почнала да гради трговски центри во Кина.Целата сторија прочитајте ја на студенти.мк.

Свет | пред 6 години

zz

ФОТО: Заев маскиран во оган, сопругата Зорица во мраз

На традиционалниот маскембал кој се одржа во 2013 во Струмица, премиерот Зоран Заев беше маскиран во оган, а неговата сопруга Зорица Заев во мраз. Тие беа учесници на манифестација, за разлика од оваа година кога само гледаа, но не се маскираа.[caption id="attachment_30426" align="alignnone" width="397"] Заев во 2013 година[/caption]Заева тогаш рече дека маската на премиерот е погодена затоа што тој има топла душа и зрачел со енергија. На Струмичкиот карневал се игра, пее и се прават шеги на сопствена, но и туѓа сметка. Во 2013 година, Заев беше градоначалник на Струмица.

Магазин | пред 6 години

ilija-dimovski

Илија Димовски: Размислувам дали да дадам поддршка на СЈО, а бегството на Груевски не е добро

Ако се направи систем којшто ќе значи гаранција на човековите права и на владеење на правото, јас би размислил да дадам поддршка на понатамошно постоење на СЈО, вели пратеникот Илија Димовски од ВМРО-ДПМНЕ во неделното интервју на Радио Слободна Европа.На прашањето, дека членството во НАТО може да зависи и од поддршката на Законот за СЈО, па дали тој ќе го поддржи Законот за СЈО, имајќи предвид дека е обвинет во еден од случаите на СЈО, пратеникот тврди дека членството во НАТО не зависи од тоа, процесот на ратификација на протоколот за членство во НАТО на Република Македонија оди со забрзано темпо.– Мислам дека може да се успее да бидеме можеби рекордер, ако не би биле некаде во рамки на досегашниот рекорд од девет месеци и тоа е добро и треба да се поддржи и со моето учество во тој процес давам пример. Во поглед на Специјалното јавно обвинителство мислам дека е генерален услов за владеење на правото во Република Македонија виз-а-ви процесот на почнување проговори со ЕУ. Јас посебно поради тоа што сум дел од обработката на СЈО, се обидувам да диференцирам став, којшто ќе значи и поддршка, ако е потребно, на понатамошно постоење и функционирање на СЈО. Како и во Парламентот и во судството, како и во образованието, така и во СЈО, мислам дека има и квалитетни и неквалитетни луѓе има и квалитетни и неквалитетни постапки. И ние носиме и добри и лоши закони, дел од предметите на СЈО се базирани на некои сериозни докази, дел се политички – изјави Димовски.Тој вели дека и покрај тоа што како шеф на делегацијата патува по парламенти од разни земји на ратификација на договорот за членството на Северна Македонија во НАТО, не го сменил мислењето за Договорот од Преспа.– Јас мојот став неколкупати сум го соопштил од аспект на штетноста на содржината на договорот. Никогаш не сум ја спорел целта на договорот и тука сакам да направам јасна разлика. Целта на договорот, како што ја разбираме, е членство на Македонија во НАТО пактот и ЕУ, што е став на ВМРО-ДПМНЕ, како прва политичка партија со таков став, уште од самото формирање на парламентарната демократија во Република Македонија. Но, тоа не значи дека содржината на договорот е прифатлива и оправдлива од аспект на македонските национални интереси. Мене ми смета еуфоричноста која власта ја покажува со Договорот од Преспа, од аспект на тоа дека ова е најпатриотски чин, од аспект на тоа дека ова е најдоброто нешто што можело да се направи. Не. Треба да бидеме искрени со граѓаните, ова е болно и тешко постапување на државата и не треба да го криеме тоа, треба да го кажуваме, но секако треба да разбереме дека Република Македонија може да обезбеди многу подобра перспектива и многу подобра иднина како членка на НАТО и на ЕУ.На прашањето, дали има контакт со Никола Груевски, Димовски рече дека многу долго време пред да замине од Македонија, не контактирал со Груевски. Во врска со неговото бегство во Унгарија, Димовски кратко одговори: Не е добро, не е добро!

Македонија | пред 6 години

drisla

Медицински отпад кој се гори во Дрисла, донесен во огромни количини

Количината на отпад добива загрижувачки размери во Македонија. Ако во 2000 година имало 115 тона медицински отпад, во 2017 година количината достигна 900 тона, или девет пати повеќе. Овие бројки се објавени од страна на Заводот за статистика и од депонијата Дрисла, која во моментов е единствената институција која го собира и уништува овој отпад.Во печката во Дрискла секој час горат до 250 килограми медицински отпад, а  секој ден во депонијата влегуваат над три тони медицински отпад.Најголемиот дел од отпадот, како што велат од Дрисла, доаѓа од Клиничкиот центар, од болницата Св. Наум Охридски и од Клиничката болница во Тетово. Од тетовската болница велат дека ѓубрето се транспортира двапати неделно, во зависност од потребата, а може да се транспортира дури и неколку пати неделно.„Нашата болница има договор со фирми кои се лиценцирани за транспорт на отпадот и да го третираат до крај. Ги имаме сите точки на собирање на локално и централно ниво за транспорт и привремено складирање, кои се доставуваат до Скопје двапати неделно според договорот“, рече Ариф Ибрахими, Клиничка болница Тетово.Од гинеколошката болница „Мајка Тереза“ во Чаир минатата година потрошиле 348.506 денари за 5.392 килограми медицински отпад. Во меѓувреме, за оваа година болницава има предвидено поголема количина на отпад.„Првично се собираат во сите одделенија, потоа од таму во посебни кутии кои се обележани со посебни ознаки и, конечно, од сите овие одделенија се депонираат на претпоследната депонија која е наместена на таков начин што таму да нема контакт ниту живиот свет на животните, ниту децата или што и да се движи во таа насока. За оваа година планирани се околу 6.200 килограми медицински отпад. Како што се зголемува бројот на раѓања, така се зголеми тежината на медицинскиот отпад”, изјави Илир Шурдани, Гинеколошка болница “Мајка Тереза”.Според инфектолозите, медицинскиот отпад претставува висок ризик доколку тој се допира на незаштитен начин и може да предизвика ширење на разни инфекции доколку се фрлат надвор од посебните места за собирање на медицински отпад.Извор: Алсат ТВ

Скопје | пред 6 години

chair-copy

Ќе се уништи зеленилото, за Чаир да има 5 паркинзи

Фадиљ Амети веќе 50 години живее во Топанско Поле. Вели дека во Чаир се гради многу, но  хигиената според него е на многу ниско ниво. Во минатото, се присетува Амети, градењето не било толку интензивно, па поради тоа ова место било почисто и позелено за разлика од сега.„Секако дека е подобро, без градби. Населбата е изградена. Парковите се посредени. Недостига хигиена. Ми се чини дека тогаш имаше повеќе чистота. Чистота околу парковите, тоа недостига“, изјави Фадиљ Амети, жител на Чаир. Еко-активистот Африм Османи вели дека надлежните институции треба да ги казнуваат граѓаните кои ги уништуваат зелените површини. Предлага да се намали изградбата на објекти и да има повеќе паркови и зеленило.„Градењето е една од главните причини за уништување на парковите, зеленилото и сечата на дрвја. Еднаш засекогаш треба да се реши прашањето за градење. Новите градби, градежништвото, претставува еден од главните фактори за уништување на зелените површини“, изјави Африм османи, еко-активист. Од друга страна, во недостиг на паркинзи, граѓаните ги паркираат нивните возила на зелени површини.Првиот човек на Чаир, Висар Ганиу вели дека од јуни ќе започне изградба на нови паркинзи во оваа општина. Паркинг ќе има во близина на улицата „Цветан Димов“, втор на популарната Пластичарска улица, потоа кај Исабеговата џамија и еден кај Албанскиот театар на Бит Пазар.

Скопје | пред 6 години

trska-3

Гори заштитената трска во Охрид, виновници нема ниту некој реагира

Граѓанското здружение Охрид СОС објави дека вчера попладне во близина автокампот „Андон Дуков“ и Св. Еразмо горела трска и ниска вегетација, при што, како што потрдил и портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски, интервенирала противпожарната служба од Охрид.-Дали започнува „традиционалното“ палење на овој потег? Оваа активност е законски забранета, но и покрај тоа одредени поединци и понатаму продолжуваат со оваа пракса. Веројатно не се свесни дека со палењето тие ја загадуваат животната средина и ја намалуваат плодноста на почвата. Или толку им е гајле.Од Охрид СОС укажуваат дека со палењето на стрништата (како што ги класифицира државниот инспектор за животна средина) се уништуваат големи количини органска материја и скоро целокупната количина на азот во почвата. Исто така, палењето го забрзува намалувањето на содржината на хумус во почвата, ги уништува некои од потребните микроорганизми.-Сепак, се чини како да е најлесен начин за некого да исчисти одреден простор кој потоа се користи како земјоделско земјиште, или за други цели, велат од Охрид СОС. Казната за палење стрништа, плевели и други растителни отпадоци, потсетуваат оттаму, се движи од 6 до 8 илјади евра за правни лица и од 1,5 до 3 илјади евра за физички лица. Освен казната, сторителот ќе треба да ја надомести и штетата.– Засега, нити некој е казнет, нити има желба за превенција и укажување на негативните последици од овие активности. Се пали, противпожарната служба ќе изгаси, ќе се смират страстите и ќе се заборави, до следниот пат. Инспекторите, ако излезат, само ќе продефилираат и толку, велат од Охрид СОС.Претходно случаи на опожарување на трската беа забележани на западното крајбрежје, помеѓу градот Струга и Калишта.Министерот за транспорт и врски Горан Сугарески, вчера, одговарајќи на новинарско прашање за ов ие случаи, рече дека ќе се предложи преземање на ингеренциите за сите општини, а не само за Охрид и Струга.– Предлогот до Собранието може да го поднесе Министерството за транспорт и врски преку Владата или пратениците. Тоа се прави заради подобро менаџирање со  плажите. Проценка на сите е дека тоа треба да го прави државата, а не општините, рече Сугарески и додаде дека надлежностите за градежното земјите си остануваат кај општините.

Македонија | пред 6 години

gordana-siljanovska

Силјановска до Заев: „Завидлизам“ значи да му завидиш на умот

Кандидатката за Претседателка на РСМ од ВМРО ДПМНЕ, Гордана Силјановска Давкова, станува сѐ пожестока во настапите кон политичкиот ривал.[embed]https://www.facebook.com/kandidat.za.pretsedatel/videos/1178183379006972/[/embed]Таа преку видео порака и на вчерашните средби и настапи пред граѓани, му одговори на премиерот Зоран Заев, кој вчера критиките за наводен ,,заевизам “ што тој го спроведува низ своето владеење, рече дека тоа е ,,завидливизам“.Силјановска одговори:,,ЈАЗИЧЕН ЗАЕВИЗАМ: Да му завидуваш на „умот“! Тоа е значењето на „завидлизмот“!Откако го „зацврстија“ македонскиот јазик, сега уште и го збогатуваат со северно/народни елементи“вели таа.,,Заевизмот денес премина во нова форма јазичен дилетантизам. Зоран Заев си измисли нов збор во македонскиот јазик, завидлизам. Тој збор е придонес на заевизмот кон нивниот новоговор во Северна. Ние сме Македонија, не Северна! “- порача Силјановска од Крушево.

Македонија | пред 6 години

Tetovo-1

Мицкоски од Тетово: Граѓаните живеат потешко, бидејќи владата краде

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски оствари средба со граѓани во Општина Тетово. Мицкоски исто така го посети и оствари средба и со членовите и симпатизерите на Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ Тетово.Мицкоски пред граѓаните нагласи дека граѓаните во Република Македонија се потешко живеат бидејќи оваа влада единствено што знае е да краде и да ги осиромашува граѓаните и државата.Тој потенцираше дека консензуалниот кандидат на СДСМ Стево Пендаровски е изгубен во своите изјави, додавајќи дека тој самиот е свесен дека ќе ги изгуби претседателските избори и измислува алиби дека го следи странска служба блиска до опозициската партија.Тој ја почна сопствената кампања на начин на кој што најмалку се надевавме. Првата изјава му беше дека го следат странски служби кои што се блиски до голема опозициона партија. Го прашавме министерот и несуден кандидат за претседател Оливер Спасовски, дали е безбеден господинот Пендаровски, денеска демант стигна од премиерот, и претседател на СДСМ кој што рече дека Стево Пендаровски е апсолутно целосно безбеден, вели Мицкоски.Мицкоски исто така рече дека Пендаровски не може да биде претседател бидејќи во минатото ги навредувал граѓаните на Република Македонија и граѓаните не можат да имаат доверба во него, односно како што рече тој е човек на Заев и го претставува заевизмот.Значи кандидатот трката покрај тоа што граѓаните порано ги навредуваше, почнува со лага и како можеме ние како луѓе да ја дадеме довербата за човек кој што го навредуваше сопствениот народ и од истиот народ бара поддршка а целокупната кампања ја почнува со лаги. Не што е дел од заевизмот, туку тој човек претставува голем и жесток апологет на деспотот заевизмот.Претседателот Мицкоски коментирајќи ја денешната изјава на Заев посочи дека има разлика помеѓи Заевизам и Завидлизам, и дека нема за што  да се има завист.-Го слушам Заев вели денес како ова не било Заевизам туку завидлизам. Или го лажат човекот или навистина верува дека ова било од завист. За да има завист, треба барем нешто од нешто да направат. А на што да му завидуваме што ја потона ли земјава, што ја дотераа до питачки стап дека Македонија според листата на Транспаренси интернешнл корупција се наоѓа на местото заедно со Руанда и Танзанија, изjави Мицкоски. Според него во Македонија нема ниту реформи во ниту еден сегмент во општеството.-Тоа што сме последни по раст во економијата во регионот и југоисточна Европа. Убиства имаме речиси секој ден или некаков човек исчезнува. Не направија никаква реформа во образованието ниту во здравството, објасни Мицкоски.Мицкоски нагласи дека Заев ја понижил и омаловажил сопствената држава и народ, потенцирајќи дека од граѓаните зависи како ќе се мобилизираат се со цел да се спречи ова што во моментот се случува.Заев не само што успеа да ја понижи и омаловажи сопствената држава и народ туку и претставува навистина големо разочарување за сите граѓани, и оние кои му ја даваа поддршката гледаме како секојдневно се оградуваат од него. Заевизмот добива епидемиолошки размери и нашата задача е тоа да го спречиме, вели тој.

Македонија | пред 6 години

Нема фотографија

ВИДЕО: Заев бара прошка

„Денешниот ден, Прочка, не учи дека главните изрази на суетата и на зависноста од неа, се делбите и омразата. Денешниот празник на простувањето и помирувањето е шанса да направиме чекор за пробивање на оваа тврдина испречена пред нашата заедничка иднина. Дeнес се поттикнуваме да одиме по патот на единството и меѓусебното разбирање, во интерес на сите граѓани на нашата земја. Пруживме рака за помирување со сите наши соседи. Да си пружиме рака и дома како вредност која е одлика на големи народи и нации. Да направиме уште еден подвиг од сите нас, за сите нас“, пишува со соопштението испратено од премиерот Зоран Заев.[embed]„Да завршиме, да ги оставиме во минато време политиките на поделби и предизвикување конфликти кои луѓето ги поделија на „наши“ и „ваши“. Да се трудиме сите ние да разговараме со нам различните, со другите, да ги слушаме соговорниците и да се обидеме да ги разбереме нивните ставови, дури и кога не се согласуваме со нив. Само помирено општество кое го обединува множеството на различности, ќе донесе стабилна и просперитетна држава за сите наши граѓани. Во таква Северна Македонија, во општество еднакво за сите, веруваат мнозинството од граѓаните. Ако ја прифатиме одговорноста за нашата иднина, за иднината на нашата заедничка држава, заслугите ќе им припаднат на сите! Да се учиме и навикнуваме на овие доблести, да вдишуваме од овој дух на простување и помирување со кој е исполнет денешниот ден. Да си посакаме многу мудрост и трпеливост во нашиот стремеж за достоинствен дом за сите наши граѓани. Сите ние да побараме прошка едни од други, да простиме и да гледаме напред!“, се додава во него.

Македонија | пред 6 години

zaev-mickoski

Кој од кого ќе побра прошка? - денеска лидерска средба Заев - Мицкоски

Лидерите на двете најголеми партии – владејачката СДСМ и опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Зоран Заев и Христијан Мицкоски, ќе се сретнат денеска , како што потврдија и двајцата деновиве. Тоа ќе биде нивна прва средба по речиси осум месеци, кои поминаа во знак на изразено ривалство меѓу двете партии во однос на клучните политички процеси што се одвиваа во овој период во земјава.Иако засега нема повеќе детали за средбата, која има посебна симболика со оглед на тоа што се поклопи со верскиот празник Прочка, првичните најави се дека засега веројатно нема да се оди на проширување на форматот со лидерите на другите парламентарни партии.Мицкоски во интервју пред два дена рече дека на средбата ќе истакне дека специјалната обвинителка Катица Јанева не ја оправда дадената доверба, како е потребна лустрација на сите политичари во изминативе три децении и утврдување на потеклото на нивниот имот.

Македонија | пред 6 години

tv-img

Кој ги поседува и управува медиумите во Македонија?

Жените речиси и да не учествуваат во сопственоста, а далеку поретко се и на раководните позиции во медиумите во земјава, покажува прелиминарното истражување на ССНМ, по повод Меѓународниот ден на жената, кое опфати 26 редакции.Позицијата на сопственикот, управителот и директорот се трите точки во кои се сконцентрирана реалната моќ која де факто решава за вработените и за политиката на медиумот. Во нивна надлежност се одлуките за продавање на медиумот,  затворање, прогласување стечај, зголемување на бројот на вработените  или технолошки вишок, но и назначување на уредниците што практично им дава овластување и во креирањето на уредувачката политика, покажува истражувањето.Овие три позиции, според податоците добиени од Агенцијата за аудио и аудиовизуелни услуги, импресуми на весниците и порталите и од информациите добиени од самите вработени, се речиси исклучиво во рацете на мажите. Жените сопственици, управители или директори се повеќе исклучок што го потврдува правилото, особено кај традиционалните медиуми.Па така, кај телевизиите во однос на сопственоста жените се присутни на ниво на „статистичка грешка“. Од дванаесет телевизии кои ги анализиравме, осум се во сопственост на правни лица, три се во 100 отсто сопственост на мажи, а само во една жена учествува во сопственоста и тоа со 10 проценти. За нијанса е подобра ситуацијата во учеството на жени во управувачката структура. Од 12 анализирани во три управители се жени.Истражувањето на ССНМ покажува дека слична е ситуацијата и во печатените медиуми. Од шест анализирани само еден (неделникот „Фокус“) е во сопственост на жена, која истовремено е и управител. Сите други весници кои ги анализиравме се или во сопственост на мажи или на правни лица кои повторно се во сопственост на мажи и управувани од мажи.Кај Јавниот сервис чиј што основач е Собранието и државната информативна агенција – МИА судејќи по составот на програмскиот совет односно на  надзорниот одбор се внимавало на родовата застапеност, но раководните позиции односно директорувањето кое во пракса значи оперативна моќ, е сепак резервирано за мажи.Индикативно е дека трендот отстапува кај порталите каде речиси еднакво се застапени и мажите и жените како сопственици и управители. Од петте портали кои ги анализиравме два се во сопственост и управување на жени, два на мажи,  а еден е во заедничка сопственост  и на маж и на жена. Но, останува фактот дека примерокот во ова прелиминарно истражување е премногу мал, во однос на вкупниот број на портали во земјава, за да може да се извлечат сигурни доминантни трендови.

Македонија | пред 6 години

2-4

ФОТО: Гори ли гори Скопјево наше

Гори ли гори Скопјево наше, депонијата во Шутка веќе две и пол недели, Вардариште во Гази Баба стандардно, во Сарај кај Лека, Крушопек исто, загадувачи колку сакаш, реагираат од О2 Иницијативата, објавувајќи и фотографии.Реакцијата ви ја пренесуваме во целост:Одговорите од надлежните се:„Не палете отпад“ – Казни видовме? Колку? Кој е казнет? Како се очекува тие што палат да престанат?! Нешто се припотресоа еве гледаме, па гори цело Скопје.„Не можеме да стражариме цело време“ – Па, ако во град каде живее пола од државава ви гори депонија повеќе од две и пол недели, не стража, туку цела екипа треба да работи нон-стоп за да се исчисти тој дел и почне итен процес на рекултивација. За Варадриште да не збориме, Сарај, Лека, Крушопек…„Непознат сторител“ – Камерите за што се? Има камери по улициве, а на местата каде постојано се пали, поставете камери да го покријат теренот за да има познат сторител. Во Парк-шума Водно и во други шумски и заштитени подрачја, поставете камери и систем за итно реагирање, за екипи да се пуштат веднаш, на самиот почеток, а не откако ќе букне, па тешко се гаси

Скопје | пред 6 години

samoubistvo

Самоубиство во Скопје, второ за 24 часа

Мртво машко тело претпладнево е пронајдено во скопската населба Маџир Маало, дознава КУРИР.Телото било пронајдено под мостот, а според првичните информации до кои дојде КУРИР, човекот се фрлил од него.Од МВР за порталот велат дека најверојатно се работи за самоубиство и повеќе детали најавија за подоцна.Инаку, во последниве 24 часа, ова е второ самоубиство во Скопје.Текстот во целост на курир.мк

Скопје | пред 6 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања