ГЛАВНИ-ВЕСТИ

Нема фотографија

Според новиот предлог закон, за да си директор треба да покажеш успеси и заслуги

Министерството за информатичко општество и администрација, го објави текстот на работната верзија на Предлог законот за висока раководна служба. Доколку овој закон се донесе, во иднина високите раководители во администрацијата ќе се вработуваат преку јавен оглас и преку систем на заслуги. Според новиот предлог закон се воспоставува комисија за високораководна служба, составена од одреден број членови, со признаени професионални заслуги, кредибилитет и личен интегритет. Високите раководители ќе се вработуваат преку систем на заслуги и процедури на јавен оглас, во отворен натпревар достапен за сите граѓани на Република Македонија со високо образование.Од денеска предлогот е достапен на Единствениот национален електронски регистар на прописи-ЕНЕР, каде во наредните најмалку 20 дена, сите заинтерсирани ќе имаат можност со свои коментари, забелешки и предлози да придонесат кон подобрување на текстот на Законот.Од МИОА најавуваат дека секој висок раководител ќе се избира преку индивидуализирана процедура. Иницијативата за пополнување на позиција ВРС ќе ја има министерот, односно органот на власта кој е надлежен за управувањето и мониторирањето со услугата или телото во кое е предвидено раководното место. Иницијаторот ќе го даде описот на одговорностите и должностите на таа позиција.

Македонија | пред 6 години

Nadrilekari

Македонец почина лекувајќи се кај надрилекар од Србија

Уште еден Македонец починал откако почнал да се лекува кај надрилекарот од Србија Мирољуб Петровиќ. Српскиот весник „Блиц“ во денешното издание објавува сведоштво на вујкото на 42 годишниот Ристо Крстевски, Александар Илиевски кој тврди дека неговиот внук Ристо починал по едногодишно лекување со тинктурите на Петровиќ, за кои платил цело богатство, па дури се задолжил и со кредити, овјави novatv.mk.Како што објави Блиц, на внукот на Илиевски, Ристо во ноември 2016 му бил дијагностициран карцином на грлото и веднаш се обратил кај Петровиќ. Како што тврди тој од Петровиќ добил совет: „Слушајте ме мене, не ги слушајте дебилните лекари“.Ристо се лекувал цела година со тинкрутите на Петровиќ, а 12 дена бил и во центарот на Петровиќ кај Лесковац. За лекувањето Илиевски вели дека зеле и кредит, продавале имот, бидејќи месечно тинктурите чинеле 160 евра, а престојот во центарот 600 евра.Но неговата состојба на крајот се влошила и тој починал на 17 декември 2017.Текстот во целост на novatv.mk

Македонија | пред 6 години

gordana-siljanovsak-davkova

Силјановска: Не планирам да ги тргам таблите со новото име

Во своето гостување на ТВ Алсат, проф. Силјаноска Давкова изјави: “Преспанскиот Договор има голем недостаток затоа што граѓаните не го поддржаа на референдум, а со пропаднат референдум ниедна власт нема основа да го менува Уставот. Премиерот Заев после неуспешниот референдум, доколку беше демократ, требаше да си поднесе оставка.“На исистирањето на новинарот Васко Попетревски дека после носењето на Преспанскиот Договор сепак ништо многу не се сменило за државата, народот и земјата и дека никому ништо не фали и ништо не е сменето, професорката Силјаноска Давкова му одговори: “не е точно Васко, ајде еве сменете вие една буква од Вашето име и наместо Васко, бидете Раско“! Новинарот немаше коментар. Доколку ми биде дадена довербата да бидам Претседател на државата, јас никогаш нема да употребам име Република Северна Македонија, полицијата може да ги мести таблите со новото име, но јас тоа наметнато име ќе го игнорирам, рече професорката Силјаноска Давкова.-Доколку станам Претседател ќе отворам иницијатива за Уставот, бидејќи со ваков Устав како држава немаме функционална демократија, да се подобри балансот на начелото на поделба на власта, за да не биде власта концентрирана само во Премиерот. Како жена Претседател ќе иницирам правична и соодветна застепеност по родова линија, за повеќе жени во јавниот сектор. Ќе побарам и поголема надлежност за Уставниот Суд. Ќе побарам скратување на привилегиите на Претседателот после истекот на мандатот и ќе побарам скратување на бројот на министерствата во организацијата на владата. Ќе поканам и македонски и странски конституционалисти да дадат придонес во суштинско подобрување на уставот.

Македонија | пред 6 години

images_todorov-21

Тодоров: Не сум се карал со Груевски, сум се карал со Мијалков

Поранешниот министер за здравство Никола Тодоров во вчерашното гостување во емисијата анализа на 24ТВ објасни како се одвивал процесот за избор на Христијан Мицкоски за лидер на ВМРО-ДПМНЕ.„Сметам дека човек понекогаш треба да се повлече од политиката и јас тоа го направив. Тоа коинцидираше со настаните од 27 април и после тоа се повлеков и од пратеник. Подрастично и посериозно ја донесов одлуката со изборот на новиот претседател, односно на новото раковдство. Тогаш јас имав еден друг концепт, едно друго размислување. Не сакав да бидам лидер на ВМРО-ДПМНЕ и затоа не се ни кандидирав. Јас имав друг став околу тоа како партијата треба да продолжи понатаму, односно да се направи едно колективно тело од пет до седум луѓе кои ќе го води ВМРО-ДПМНЕ во еден транзиционен период, кој што ќе направи реформа и на статутот, генерално во правец на демократизација на партијата и потоа да се организира еден конгрес со поголем број на делегати. Сепак, тоа не беше причина за кавга. Јас со Груевски никогаш не сум се скарал, се скарав со Сашо Мијалков, кој за разлика од мене не сметаше дека треба да има колективно тело, туку еден лидер. Мијалков застана позади изборот на Мицкоски – истакна Тодоров во интервјуто.

Македонија | пред 6 години

najcevska

Најчевска за Силјановска: Нема потреба ваква глупача да ни биде претседател

Професорката Мирјана Најчевска остро ја искритикува кандидатката за претседателка и професор Гордана Силјановска-Давкова, по нејзината споредба на промената на дежавното име, со промената на буква од личното име.“Мене ме интересира колку се сменил идентитетот на Гордана Силјановска кога станала Силјановска Давкова?Се променила како личност? Имала друго знаење од она кое пред тоа го имала? Луѓето на улица не можеле да ја препознаат? Одеднаш станала некоја друга Гордана, а не онаа која била пред тоа? Нели Македонија е сега Северна исто како што Силјановска станала Силјановска Давкова. Не е Пакедонија или Ракедонија или Лакедонија или пак Шакедонија. Навистина нема потреба ваква глупача да ни стане претседател. Некако понижувачки е”, пишува Најчевска.Во своето гостување на ТВ Алсат, проф. Силјаноска Давкова изјави: “Преспанскиот Договор има голем недостаток затоа што граѓаните не го поддржаа на референдум, а со пропаднат референдум ниедна власт нема основа да го менува Уставот. Премиерот Заев после неуспешниот референдум, доколку беше демократ, требаше да си поднесе оставка.“На исистирањето на новинарот Васко Попетревски дека после носењето на Преспанскиот Договор сепак ништо многу не се сменило за државата, народот и земјата и дека никому ништо не фали и ништо не е сменето, професорката Силјаноска Давкова му одговори: “не е точно Васко, ајде еве сменете вие една буква од Вашето име и наместо Васко, бидете Раско“! Новинарот немаше коментар. Доколку ми биде дадена довербата да бидам Претседател на државата, јас никогаш нема да употребам име Република Северна Македонија, полицијата може да ги мести таблите со новото име, но јас тоа наметнато име ќе го игнорирам, рече професорката Силјаноска Давкова.

Македонија | пред 6 години

Tamara-todevska

(ВИДЕО) Тамара ќе пее „Proud“ на Евровизија за Северна Македонија

Вечерва беше промовирана евровизиската песна на Тамара Тодевска, текстот e напишан од Коста Петров и Сања Поповска, композитори се Дарко Димитров, Роберт Билбилов и Лазар Цветковски.Спотот е дело на Чедо Поповски. Пејачката Тамара Тодевска ќе ја претставува Македонија на 64-та „Евровизија“, што ќе се одржи во Тел Авив, Израел, од 14 до 18 мај, одлучи МРТ, носител на лиценцата за учество на овој избор. Ова ќе биде четврто учество за Тамара на овој престижен фестивал, но прво како солист.

Магазин | пред 6 години

123-1

Инспекторот кој го барал исчезнатиот Пино заминал во пензија, мајката во агонија

Утре во Скопје, со почеток од 14 часот пред Собранието, по трет пат на мирен протест ќе излезе мајката на исчезнатото момче Пино, Маја Трпковска. Покрај неа ќе биде и таткото на Арбен, Бекир Аслан, кој трага по својот син повеќе од еден месец, пишува Фокус.Маја вели дека веќе три месеци живее во агонија, откако нејзиниот 26-годишен син излегол од дома со автомобилот и му се изгуби секаква трага. Таа веќе во два наврати излезе на протест и бараше одговори од надлежните околу тоа како и според кои стандарди и правила се водат истрагите за исчезнатите лица од земјава, бидејќи, очигледно нема успех и десетици граѓани со години наназад не се пронајдени.-Инспекторот кој работеше на случајот со моето дете замина во пензија, тоа е најновото нешто. Назначен е нов, кој се уште нема разговарано со мене. Вчера го барав, рече дека ќе ми се јави, но уште не ме побарал. Минат деновите, поминаа три месеци… Во ова време – невреме за мене и моето семејство, благодарна сум им на хуманите и сочувствителни луѓе кои ми ја даваат поддршката. Запознав многу луѓе кои ги допре мојата мајчинска болка, добивам пораки со поддршка, тоа ми дава сила и знам дека не сум сама. Но, најважното, каде е моето дете, уште останува нерешено. Барам одговори, барам сериозен пристап од институциите, времето одминува – ни изјави Трпковска, додавајќи дека многу и значи тоа што и таткото на исчезнатиот Арбен ќе присуствува на протестот.

Македонија | пред 6 години

trska-3

(ФОТО) Гори трската кај болницата Св.Еразмо

Во моментов голем пожар кај болницата за ортопедија и трауматологија Св Еразмо. Според сознанијата на Скопје 1, гори трската.Пожарот избувнал околу 18 часот. Во моментов огнената стихија ја гасни противпожарната служба од Охрид со едно возило.Наскоро Повеќе....

Македонија | пред 6 години

mijalkov

Од суд, Мијалков дирекно во Шутка

По барање на Специјалното јавно обвинителство и обвинителката Фатиме Фетаи, Сашо Мијалков од судот каде денеска му беше изречена 3 години казна затвор, ќе биде директно пренесен во притворското одделение во Шутка.Оваа одлука на СЈО следува поради како што кажа Фетаи, опасност од бегство. Мијалков до сега се водеше во куќен притвор. Оваа одлука е обжалена, но се уште нема реакција по однос на истата од судот.

пред 6 години

54516644_2205055809555217_9129778957103661056_n-1

Мијалков тврди дека ќе ја одлежи казната: Стилот на моето однесување не е бегањето

Осудениот Сашо Мијалков пред судот рече дека нема намера да бега. Според него, тврдењето на Фетаи е само шпекулација.„Слушнавме од Обвинителството дека се појавиле околности дека јас ќе сум се дал во бегство. Сметам дека ваквото тврдење, без докази, се празни флоскули и шпекулации. Ако се осврнеме на претходните години, ќе видиме дека наративот на моето однесување не дале ниту мала индиција дека планирам да направам такво нешто.Јас во неколку наврати кажав дека со бегање, проблемите не се решаваат.Стилот на моето однесување не е бегањето. Доколку оваа пресуда ја потврди Апелациониот суд, јас ова ќе го решам со одлежување на казната а не со бегање“, рече Мијалков

Македонија | пред 6 години

mijalkov

Фетаи бара Мијалков одма да биде однесен во притвор, за да не избега

Обвинителката Фатиме Фетаи не побара сите обвинети во предметот „Титаник 2“ за изборни нерегуларности да бидат приведени туку само еднаш неделно да се јавуваат во судот поради опасност од бегство. Единствено за ексчленот на ДИК, Бедредин Ибраими и ексдиректорот Сашо беше побарано мерка притвор, поради неговото однесување во текот на псотапката.Оваа одлука на СЈО следува поради опасност од бегство иако истата не се покажа како ефикасна во случајот на Груевски кои по пресудата избеда од Македонија.Фетаи рече дека осудените со умисла ги сториле кривичните дела. Таа додаде дека постои можност од бегство на Мендух Тачи, па  предложи да му се изречете мерка на претпазливост и да се јавува кај надлежен судски орган или надлежно лице .Фетаи истото го побара и за обвинетите Влатко Сајковски, Сашо Срцев и Анета Стефановска.Во текот на главната расправа го видовме на дело однесувањето на Ибраими.„Не ги признава одлуките и работата на СЈО и Судот, едноставно не го признава системот. Тоа ни дава право да мислиме дека тој може да не ја почитува денешната пресуда.  Од тие причини кои укажуваат опасност од бегство сметам дека единствен механизам е мерката притвор  мерка притивор бараме за обвинетиот Мијалков,  околности кои укажуваат на опасност од бегство се констатирани од страна на овој суд и апалационен суд“, рече Фетаи.

Македонија | пред 6 години

54516644_2205055809555217_9129778957103661056_n-1

Сашо Мијалков осуден на 3 години затвор

Во  Кривичниот суд денеска објавена пресудата за случајот „Титаник 2“, кој се однесува за изборни нерегуларности на локалните избори во 2013 година.Мендух Тачи обвинет за криви дело злоупотреба на службена положба и обвастување, виновен затвор од три години , за истото дело затворски казни  од три години добија и Бедредин Ибреими, Влатко Сајковски, Сашо Срцев, Анета Стефаноска.Сашо Мијалков, поранешниот директор на УБК обвинет исто на 3 години казна затвор но за дело Примање награда за против законито влијание.Судот ги задолжи обвинетите да ја надоместат штетата за матријаната штата.Обвинетите имаат право на жалбата.Сите кривични дела, како што беше кажано им се ставаат на терет на обвинетите и истите се на товар на правни и матријални  докази согласно законот за кривина постапка.Судот смета дека Никој нема право да ја узурпира праваната држава за лични интереси на поединци или групи.Мијалков е е во куќен притвор, а по одлуката на Врховниот суд, кој ги пушти од притвор бизнисмените од „Империја“, иста одлука се очекува и за поранешниот шеф на УБК. Неговото име беше споменувано во политичките пазарења на власта за обезбедување на мнозинството во парламентот за уставните измени за промената на името на земјава.Со правното мислење на Врховниот суд, со кое е утврдено СЈО да не може да покренува обвиненија и истраги после јуни 2017 година, се отвора можност пресудите на пониските судови да паднат пред Врховен.

Македонија | пред 6 години

ohridcaling

Авалон нема договор за Ohrid Calling, а не го платил ни долгот од лани

„Авалон Продукција“ нема потпишан договор со ЈП Билјанини Извори за закуп на стадионот во Охрид, а на Фејсбук во два наврати веќе објави реклама за Ohrid Calling во која како локација го наведува токму овој простор.Од ЈП „Билјанини Извори“ велат дека тие имаат договор со „Прагма Мјузик“ кој е склучен уште пред 4 месеци и е прифатен од страна на Управен Одбор,а со кој стадионот се изнајмува на оваа продукција за да организира концерти на светски познати и миња на 2 и 3 август.АВАЛОН ДОЛЖИ - ПРАГМА ПЛАЌА ПРЕДВРЕМЕАвалон продукција на ЈП „Билјанини Извори“ им должи 820.000 денари главен долг плус законски камати, средства кои не се исплатени за одржувањет она Ohrid Calling 2018. За ова согласно закон претпријатието покренало изрвршна постапка и принудна наплата на парите преку УЈП.Од друга страна „Прагма Мјузик“ минатата година ги исплатила сите обврски уште пред да се одржат концертите и нема никаков долг, што пак и дава поголем бонитет ви бизнисот со ЈП „Билјанини Извори“ и ја прави посигурен партнер.

Македонија | пред 6 години

mijalkov-2

Денеска пресуда за „Титаник 2“, на Мијалков му се заканува од една до пет години казна затвор

Во Кривичниот суд денеска во 12.30 часот треба да биде објавена пресудата за случајот „Титаник 2“, кој се однесува за изборни нерегуларности на локалните избори во 2013 година.Во „Титаник 2“ на СЈО обвинети се лидерот на ДПА Мендух Тачи, поранешниот директор на УБК Сашо Мијалков, како и поранешните членови на ДИК Бедредин Ибраими, Анета Стефановска, Влатко Сајковски и Сашо Срцев.Мијалков е се уште во куќен притвор, а по одлуката на Врховниот суд, кој ги пушти од притвор бизнисмените од „Империја“, иста одлука се очекува и за поранешниот шеф на УБК. Неговото име беше споменувано во политичките пазарења на власта за обезбедување на мнозинството во парламентот за уставните измени за промената на името на земјава.Со правното мислење на Врховниот суд, со кое е утврдено СЈО да не може да покренува обвиненија и истраги после јуни 2017 година, се отвора можност пресудите на пониските судови да паднат пред Врховен. 

пред 6 години

8-mi-mart-1

За едни Среќен 8 март, за други ден како секој друг - Има ли излез од тунелот?

8 март, многу жени добиваат подароци, цвеќиња, ќе слават по кафани, но дали сите жени го празнуваат денот исто?Чувство на срам, вина, ниска самопочит и самодоверба. Страв за својот живот и животот на своите деца. Насилството врз жената за жал сеуште има и тоа во големи размери. Тоа се манифестира во различни форми. Често, тоа е физичко насилство, но во многу случаи станува збор  груби коментари, љубомора, психолошка агресија, закани  и навреди. Психичкото насилство е познато и како емоционално насилство чија главна карактеристика е тоа што ја нарушува благосостојбата на едно лице. Тоа води кон сериозно емоционално нарушување на психичкото здравје на жртвата.Психолозите се категорични дека психичкото насилство многу потешко се препознава за разлика од физичкото.За жал многу малку жени се одлучуваат да проговорат јавно за психичкото насилство, поготово во Македонија. Според нив, ова е мала земја, каде не смее јавно да се зборува. Затоа што ако кажат вината се насочува кон нив, и наместо закрила добиваат прст вперен кон нив дека се виновни за таквиот однос.Другата причина која е многи значајна, тоа е социјалниот момент. Со ниска или никава плата, каде да се оди велат одредени жени кои со години трпат тортура само поради своите деца.Институциите охрабруваат постојано, кажете, не молчите. Јавно проговорите... Но, што прават  институциите за да им помогнат на овие жени?Едно е сигурно не ги слушајте ветувањата дека насилството ќе престане. Вие и вашите деца заслужувате да се чувствувате сигурно и безбедно од секаков вид на насилство.Побарајте помош. Секогаш има излез  од тунелот.Најновото истражување на ОБСЕ покажува дека 70 отсто жени во земјите на Западен Балкан, Молдавија и Украина доживеале некаков вид насилство. ОБСЕ на конференција во Брисел ги презентира наодите од истражувањето за безбедноста на жените спроведено во 2018 година во Северна Македонија, Албанија, Црна Гора, Косово, Србија, Босна и Херцеговина, Молдавија, Украина и Косово.Околу 16 милиони жени на таа територија се погодени од некоков вид на насилство од својата 15-та година. Ова се неприфатливи факти, како од човечки аспект, така и од аспект на безбедноста и стабилноста, но и од економски и социјален статус на општеството, истакна генералниот секретар на ОБСЕ, Томас Гремингер.Истражувањето на ОБСЕ укажува на фактот дека 60 отсто од 15.000 испитани жени биле психички злоставувани од партнерот, а 45 отсто од нив биле предмет на сексуално вознемирување. 

Македонија | пред 6 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања