ГЛАВНИ-ВЕСТИ

51352852_777130685978142_866252714139451392_n

Силјановска за Пендаровски: Ваквиот почеток на кампањата навестува атмосфера на недоверба, ширење параноја, застрашување

Гордана Силјановска – Давкова, претседателскиот кандидат на ВМРО-ДПМНЕ, на Фејсбук се осврна на изјавата на претседателскиот кандидат на СДСМ и ДУИ, Стево Пендаровски, дека го следела тајна разузнавачка служба, блиска до опозицијата.„Мнозина се прашуваат каква ќе биде изборната кампања. Со право, стравуваат од негативна и валкана кампања, во која противкандидатот/противкандидатката ќе се дискредитира по лична основа, со ad hominem напади, и ќе се претставува како непријател наместо како конкурент во претседателска трка. Веќе реков дека тоа не е мој стил и дека ќе дадам максимален напор натпреварот со двајцата колеги-професори да биде таков каков што ни доликува и каков што од нас очекуваат граѓаните.Со видео порака веќе изразив загриженост околу тврдењата на колегата, проф. Стево Пендаровски, дека е следен од странски служби, односно од лица кои се вработени во македонскиот безбедносен сектор, а со години соработувале со тие (непријателски) служби. Покрај тоа, пратеникот Кирацовски, близок соработник на Пендаровски, обвинува дека постојат „служби на опозицијата“, заборавајќи кој е власт во оваа земја, и кој е одговорен за безбедноста не само на кандидатот Пендаровски, туку и на сите обични граѓани.Но, во оваа прилика сакам да укажам и на неколку други работи:Прво, ваквиот неформален почеток на кампањата навестува атмосфера на недоверба, ширење на (политичка) параноја, застрашување, па дури и тешки инсинуации не само за дел од вработените во нашите безбедносни служби, туку и за опозициските партии, и за мене како кандидат, како луѓе кои не само што се наводно антизападни, туку и кои се „балкански шпиони“. Влезот во НАТО и во ЕУ се тема околу која постои национален консензус, и затоа е погубно ако во кампањата влеземе како ликови кои потсетуваат на филмовите од времето на Студената војна. Присвојувањето на сѐ што е напредно и прозападно од страна на претставниците на власта, фактички, од сите останати прави анахрони „негативци“ и нѐ става во дефанзивна и инфериорна позиција. Она што го сметам за несреќна изјава на Пендаровски, се надевам, дека ќе запре тука и дека нема да се пренесе во официјалниот дел од кампањата, освен ако некој има идеја претседателските избори да ги претстави во манихејска форма како битка на Доброто и Злото, Западот и Истокот, Вашингтон и Москва.Граѓаните на Република Македонија избираат свој претседател, шеф на држава кој ќе ја претставува дома и во странство, и не е ничиј пион на шаховската табла. Како на мала земја ни се потребни сите можни пријатели и сојузници од меѓународната сцена, и тоа како за безбедносна, така и за политичка, економска, културна и друга соработка“, стои во објавата на Фејсбук.

Македонија | пред 6 години

gordana-siljanovska-davkova

Силјановска: Ако Пендаровски се чувствува небезбедно, што да очекуваме ние останатите противкандидати

Кандидатката за претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Силјановска – Давкова се огласи на Фејсбук со реакција на изјавата на заедничкиот кандидат за претседател на државата на СДСМ и ДУИ, Стево Пендаровски дека го следат тајни разузнавачки служби, блиски до опозицијата.„Се прашувам ако некој кој речиси одраснал во безбедносните служби, ако некој кој бил национален советник за безбедност дури на двајца претседатели се чуствува небезбеден, што да очекуваме ние останите противкандидати за претседател на Република Македонија“, вели таа.https://www.facebook.com/kandidat.za.pretsedatel/videos/952137838316951/

Македонија | пред 6 години

mijalkov-2

Денес се очекува пресуда за Мијалков, Тачи и ексчленовите на ДИК

Пресудата за случајот „Титаник 2“ за изборни нерегуларности на локалните избори во 2013 година, ќе биде соопштена денес.Обвинети во предметот се лидерот на ДПА Мендух Тачи, поранешниот директор на УБК Сашо Мијалков, како и поранешните членови на ДИК Бедредин Ибраими, Анета Стефановска, Влатко Сајковски и Сашо Срцев.Случајот го води судијата Огнен Ставрев.Одбраната во завршните зборови побара ослободителна пресуда за сите обвинети, посочувајќи дека обвинителството не изнело докази со кои се потврдува делото за кое се теретат.Според СЈО, Мијалков како директор на УБК и член на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ го искористил своето реално влијание и моќ и преку Мендух Тачи договорил да се усвојат приговорите за прегласување на три избирачки места во Струмица на локалните избори 2013 година.Поништувањето на гласањето, според Фетаи, е егзактна пресметка на ВМРО-ДПМНЕ за тоа колку е потребно за нивниот кандидат да може да оди во втор круг, додека Тачи иако немал законско право го убедил Бедретин Ибраими да го промени своето мислење и да гласа за приговорите на ВМРО-ДПМНЕ, а за возврат како што појасни Фетаи членовите на ДИК од ВМРО-ДПМНЕ требало да гласаат за приговори на ДПА за Чаир.Другите обвинети членови на ДИК, според СЈО, ја злоупотребиле службената положба и не биле во функција на Изборниот законик, туку на партиските интересни.

Македонија | пред 6 години

Нема фотографија

Сончево со умерена облачност, температури до 24 степени

И денеска и утре времето во целата земја ќе биде сончево и топло со умерена локална облачност и со слаб ветер од јужен правец.Дневните температури ќе бидат во Скопје 22 Целзиусови степени,Маврово 14, Охрид 17, Битола 21, Кавадарци 23, Крива Паланка 19, Берово 17, Дојран 24 степени. Слични дневни температури ќе бидат и утре.В недела времето ќе биде сончево со умерена облачност и со умерен ветер од југозападен правец и дневни температури од 15 до 23 степени.Од понеделник се очекува промена на временските услови кога под влијание на влажен и постуден бран во вечерните и ноќните часови ќе има врнежи од дожд, а на планините од снег и ќе дува умерен до засилен северен ветер. Дневните температури ќе се движат од 14 до 22 степени.

Македонија | пред 6 години

Rabota-na-pat

Променет режим на сообраќај на делницата Демир Капија – Миравци

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози.Виадукт Трејд Дооел известува дека денес, 08.03.2019, од 08:00 часот до 17:00 часот ќе се изведуваат градежни работи при поставување на индуктивни јамки за броење на возила на Автопатот А1 делница Демир Капија - Миравци, за што ќе се изврши промена на режимот на сообраќај.Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини нема подолги задржувања за влез и излез од државата.АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде се бележи појава на утринска магла, а исто така зголемена е и можноста од појава на одрони.

Македонија | пред 6 години

lagadin

Средба на претставници на „Стар Лагадин со премиерот - ќе има ли трајно стопирање на градењето на дивоградбата?

Претседателот на Владата Зоран Заев, во придружба на министерот за транспорт и врски Горан Сугарески, денеска прими делегација на Здружението на граѓани „Стар Лагадин“, кои на средбата ги изнесоа ставовите за изградбата на хотелот, како и загриженоста од заканата од оваа градба за заштитениот појас на Охридското Езеро.Во разговорот, претставниците на здружението „Стар Лагадин“ изразија надеж дека одлуката на в.д. градоначалникот на Општина Охрид да го поништи одобрението за градба на хотелот, овој пат ќе биде трајна, бидејќи, како што велат тие, во донесувањето на одобрението за градба имало повеќе прекршувања на постапките.Премиерот Заев на средбата истакна дека, тргнувајќи од принципите за заштита на природното и културно-историското богатство на Охрид и на Охридското Езеро, впишани во Листата на светско наследство на УНЕСКО, неопходно е да се почитува одлуката на в.д градоначалникот и на советниците на Општина Охрид за запирање на градбата, и дека во меѓувреме ќе се бара правната основа за трајно решавање на ова прашање.Во разговорот, во кој активно учествуваше и министерот за транспорт и врски Сугарески, беше речено дека, во рамките на надлежностите на министерството и на локалната самоуправа, конечното решение за ова прашање може да се очекува од одредбите на новиот Предлог-закон за урбанистичко планирање којшто е во собраниска постапка и чие донесување се очекува наскоро.

Македонија | пред 6 години

investicija-2

Германската компанија Герешајмер потврди вредна инвестиција со 400 нови вработувања

Реномираната германска компанија Герешајмер, светски позната компанија и лидер во производството на амбалажа за потребите на медицинската и фармацевтската индустрија, потврди дека ќе реализира значителна инвестиција во нова фабрика во Бунарџик во која ќе се отворат 400 нови работни места за високо едуциран кадар од Република Северна Македонија.Претседателот на Владата, Зоран Заев, на прес-конференцијата на која беше објавена новата странска инвестиција нагласи дека економијата во Република Северна Македонија силно чекори напред, а доказ за тоа е рекордното ниво на странски директни инвестиции во 2018 година од над 624 милиони евра, што е за 267% повеќе од просекот во изминатите 8 години„Овој износ е повисок од вкупните инвестиции во 2012, 2013 и 2014 година заедно и е речиси четирикратно повисок од претходната 2017 година. Навистина имаме рекордно ниво на странски инвестиции, од самостојноста на нашата земја до денеска. Но, не треба и не застануваме тука. Денес имам чест да објавам нова, би можело да се каже една од највредните странски инвестиции која доаѓа од пријателската Сојузна Република Германија. Бордот на директори на компанијата Герешајмер, светски бренд во производството на амбалажа во медицинската и фармацевтската индустрија, потврди дека ќе реализира нова инвестиција во Република Северна Македонија“, подвлече Заев.Премиерот потенцираше дека по потпишувањето на протоколот за пристапување на НАТО, веќе две странски компании ги потврдија своите инвестиции во нашата земја, со што се потврдува дека членството во најголемата светска безбедносна алијанса, носи дополнителна стабилност и сигурност за вложувањата на компаниите.„Работевме напорно за да креираме позитивен економски амбиент во земјата, сите крупни политички одлуки на крајот се поврзани со економијата во земјата, за нови инвестиции, нови работни места, повисоки плати. Посветено работиме на привлекување на нови реномирани странски инвеститори, на одржување на добри контакти со постоечките, но и на поттикнување на домашните компании да ги прошируваат своите капацитети. Резултат на нашата работа се нови, осумнаесет директни странски инвестиции од почетокот на мандатот, во технолошко индустриските развојни зони и надвор од нив. Работиме на силна индустријализација базирана на високи технологии и добро платени работни места за нашите граѓани. Нашата цел е забрзано да го фатиме чекорот со развиените земји, да обезбедиме работа за сите, да ги задржиме младите во нашата земја“, нагласи премиерот Заев.Вицепремиерот за економски прашања, зборувајќи за Герешајмер, рече дека станува збор за компанија од Сојузна Република Германија, основана во 1864, со долга традиција и историја на успешно работење, модерна фирма со софистицирана и врвна технологија во производствениот процес. Компанијата е светски лидер во производството на медицинска амбалажа, нивните производи секој од нас ги сретнал во секојдневниот живот: апликатори за инсулин, инхалатори, апарати за мерење на шеќер, многу други пластични и стаклени производи и апарати за фармацевтската и медицинската индустрија, со вкупен обем на производство од 1,3 милијарди евра, во 50 фабрики во 15 земји во Европа, Азија, Северна и Јужна Америка и околу 10.000 вработени на својот платен список.„Ни претставува задоволство што менаџментот на компанијата за своја прва фабрика во Југоисточна Европа, ја препозна Република Северна Македонија, во конкуренција на Србија и Романија, како дестинација за својата нова инвестиција. Ова покажува дека мерките за поддршка на Владата, преточени во Законот за финансиска поддршка на инвестициите, кои се потполно транспарентни и еднакви за сите инвеститори, посветеноста на Владата и целиот економски тим, како и стабилноста која земјата ја доби со потпишување на протоколот во НАТО, се силни аргументи за привлекување на нови инвеститори кои носат позитивни резултати. Лично имав можност да посетам два од погоните кои ги има оваа компанија во СР Германија и во Чешка, станува збор за навистина високо-технолошки развиена, софистицирана компанија, кадешто има место за високо едуциран кадар од сите технички струки. Фабриката во Република Северна Македонија ќе отвори нови 400 работни места, од кои добар дел за инженери од техничките струки, високо платени квалитетни работни места“, нагласи вицепремиерот Анѓушев.Извршниот директор на Герешајмер, Дитмар Симсен, во видео обраќање до јавноста во Република Северна Македонија, потенцираше дека компанијата, како своја идна инвестициска дестинација ја избрала нашата земја поради добрата инфраструктура, вештите и добро обучени работници, но и заради силната поддршката и коректниот однос на Владата.„Со градежните активности ќе започнеме мошне брзо бидејќи почетокот на производството е планиран за крајот на 2020 година. Планираме значајни инвестиции во фабриката, средна двоцифрена милионска бројка во евра. Тој износ е планиран и за врвните технологии за „чисти соби“, како и за машини. На среден рок планираме да вработиме околу 400 лица во фабриката. Но навистина сакаме да имаме можност за натамошен раст, според потребите, во иднина. Од производна перспектива планираме производи, системи и уреди за фармацевтската како и за медицинско-технолошката индустрија и претходно наполнети шприцови за фабриката“, кажа Симсен во своето видео обраќање.

Македонија | пред 6 години

cveka

Крадеш милиони си најдобар другар на власта - продаваш цвеќе, државен непријател

На социјалната мрежа фејсбук статус во кој пишува дека ние сме држава во која ако крадеш милиони си најдобар другар на власта, а ако продаваш цвеќенце на улица си Државен Непријател бр1.-Карши Сити Мол во Скопје, женичкава на улица продава цвеќе. Застанува полиција, и пишува кaзнa и на крај и го одзема цвеќето. Тоа е све што треба да знаете за оваа држава во која ако кpaдеш милиони си најдобар другар на власта, а ако продаваш цвеќенце на улица си Државен Непријател бр1. Лепчето сте и го зеле, пишува Јандриоски.https://www.facebook.com/KrisKiko/posts/10215273204680889

Македонија | пред 6 години

Нема фотографија

Благодарници за пожарникарите кои помогнаа во несреќата кај Ласкарци

За покажаната храброст и укажаната несебична помош на настраданите во сообраќајната несреќа кај селото Ласкарци, на пожарникарите од Територијалната противпожарна единица на Град Скопје градоначалникот Шилегов им додели благодарници. Шилегов денеска им врачи благодарници на пожарникарите Владимир Симоновски, Владимир Кочовски, Цане Пројчевски и Рашо Рожајац коишто беа меѓу првите што укажаа помош на местото на несреќата на автопатот Скопје – Тетово.Веднаш по информацијата за случената стравична несреќа на патниот правец Скопје - Тетово, во близина на селото Ласкарци, екипи на Противпожарната бригада на Град Скопје интервенираа на терен со повеќе специјализирани возила и помагаа во извлекувањето на настраданите патници во автобусот.Минатата недела Советот на Град Скопје донесе одлука со која како израз на солидарност кон семејствата на загинатите и на повредените во оваа сообраќајна несреќа, на секое семејство кое загуби свој член ќе додели парична помош од 100.000 денари во нето износ, а на повредените по 30.000 денари.

Скопје | пред 6 години

ivanov-vo-kicevo

Антикорупциска започна од кабинетот на Иванов и неговите армиски унапредувања

Државната комисјиа за спречување на корупција на денешната седница соопшти дека го отвора предметот за именувањата во АРМ од претседателот Ѓорѓи Иванов. Именувањата и унаредувањата според сознанијата на ДКСК се направени во изборен период, што е казниво соглансо Изборниот законик. Претседателката на ДКСК, Билјана Ивановска изјави дека ќе се достави барање до Иванов за целосна документација за да можат да постапуваат по предметот.Од Кабинетот пак на претседателот Ѓорѓе Иванов испратија став за Антикорупциска која ги чешла предизборните укази.Донесените укази на претседателот Иванов се согласно член 18 од Законот за одбрана, со кој Претседателот на Република Македонија и врховен командант на Армијата поставува старешини на формациски места генерали и унапредува и разрешува генерали (точка 11) и поставува и отповикува воени претставници на Републиката во странство (точка 12).Указите се донесени на предлог на МО и ГШ на АРМ, согласно нивните надлежности, во постапка која траеше неколку месеци, а претставува редовна обврска во делокругот на непречено функционирање на државата.При донесувањето на шестте укази се испочитувани одредбите од Изборниот законик и одредбите од Законот за спречување на корупција.Ја охрабруваме Државната комисија за спречување на корупцијата да постапи по овие случаи со што би се отстраниле појавените шпекулации во јавноста, стои во соопштението.

Македонија | пред 6 години

talir

Одложено судењето за „Талир“ – опомена за ВМРО ДПМНЕ

Заради отсуство на одбраната на ВМРО-ДПМНЕ, денешното судење за случајот „Талир“ се одложи.Судијата Осман Шабани предупреди дека следен пат вакви одложувања судот нема да прифати и дека ќе бидат санкционирани.Во „Талир“ обвинети се 14 лица за нелегално финансирање на политичката партија ВМРО-ДПМНЕ. По барање на СЈО замрзнат е и дел од имотот на партијата, меѓу кои и на зградата во која е штабот на партијата. Ова афера беше објавена на 22 мај 2017 година кога прво СЈО ги осомничи, а потоа и обвини сите 14 лица, меѓу нив и екс премиерот Никола Груевски.Судењето е презакажано за 2 април.

пред 6 години

DSC_0008

Отворена истрага за осомничен кој направил импровизирана лабораторија за марихуана во Козле

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице, осомничено дека сторило кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 од Кривичниот законик.Осомничениот го приспособил најгорниот кат од својот дом во Козле за одгледување растенија од типот Cannabis, при што направил импровизирана лабораторија со 52 растенија, импровизирана сушилница од картонски кутии каде го сушел растението, а потоа го дробел и пакувал за продажба и вршел екстракција на масло од марихуана.При претрес на домот на осомничениот била  пронајдена наркотична дрога – марихуана со вкупна нето маса од 1.324,43 грама, спакувана во повеќе различни тегли и ќеси, хашиш масло со вкупен волумен од 27 милилитри во 54 капсули, хашиш смола со вкупен волумен од 30,7 милилитри во 11 пластични шприцеви, како и дигитална вага, вентилатори, термометри, инструменти за мерење влажност, екстрактор и други апарати кои ги користел во импровизираната лабораторија.Ценејќи дека се исполнети законските основи, односно дека постои опасност осомничениот да се даде во бегство со цел да го избегне кривичниот прогон  или да го повтори кривичното дело, надлежниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот суд Скопје 1 Скопје достави предлог за определување мерка притвор за осомниченото лице. 

пред 6 години

stevo-pendarovski-1

Пендаровски: Не сум консензуален кандидат – тоа не е вистинскиот израз

Во гостување на 1ТВ,  Стево Пендаровски, кандидат за претседател на Република Македонија кој го избра СДСМ заедно со ДУИ рече дека тој не е консензуален кандидат за претседател, иако цело време така го најавуваат партиите.-Мислам дека консензуален не е вистинскиот израз. Бидејќи консензуз е комплетно, што значи дека некој треба да ги добие сите милион гласови и ништо да не оди кон другите. Мислам дека е тоа несреќен избран термин. Мислам дека најдобро е да се каже сум заеднички кандидат на две, три, десет, петнаесет партии, невладини организации итн. Тоа е најпрецизниот термин што значи консензуален, нагласи Пендаровски.

Македонија | пред 6 години

letoci-grcija

(ВИДЕО)Летоци за автономија на Егејска Македонија во Грција

Провокација како што тврдат грчките медиуми или пак операција на грчките служби за безбедност со цел да се предизвика негативен имиџ за македонското малцинство во оваа земја. Како што пренесува Star.gr, деновиве се појавиле летоци во околината на Лерин и Серес, Егејска Македонија со содржина која повикува на Автономија на Егејска Македонија во Грција.Летоците се потпишани од засега непознатата организација ВМРО Обединета и во нив се повикуваат македонските браќа од Егејска Македонија да се обединат за Автономија на Македонија.Веста за летоците прв ја објави весникот Илинден на Македонците во Албанија. 

Македонија | пред 6 години

22-4

Тасева: Да го одбележиме 8 Март со борба против корупцијата

Жените се жртви и големи борци против корупцијата. Да го одбележиме 8. март, денот на жената, кој настанал од борбата за права на жената, со едно силно НЕ за корупцијата која е насекаде околу нас, напиша Слаѓана Тасева од „Транспаренски Интернешнал“ на својот Фејсбук профил.„Не за корупцијата!Жените во Македонија се покажаа како водачи и борци против корупцијата. Затоа да го посветиме и овој ден на таа борба. Не за подароци, не за седенки, не за непотистички вработувања во болниците, на универзитетите и во училиштата, не за лоши услови за работа и уцени. ДА за РС Македонија со убава иднина без корупција“, стои во објавата на Фејсбук.https://www.facebook.com/TransparencyInternational/videos/551037438714835/

Македонија | пред 6 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања