ГЛАВНИ-ВЕСТИ

53055684_2054292408022551_5919594080790118400_n

Дискусија „Борба, не кафана“ за суштината на празнувањето на 8 Март

„Борба, не кафана“ е темата на панел дискусијата на 7 март во „Менада“, на која гостинките и гостите ќе дискутираат за правата на жената, за потребата од борба, а не пригодно одбележување на Денот на правата на жените, за злоупотребите, дискриминацијата.„На оваа панел дискусија нашите гостинки и гости ќе дискутираат за правата на жената, за потребата од борба, а не пригодно одбележување на Денот на правата на жените, за злоупотребите, дискриминацијата.Покрај напредокот на општеството и развојот на свеста кај луѓето, сепак, голем дел од жените се соочуваат со сериозни и реални проблеми кои се многу поголеми од тоа во која кафана ќе се прослави Денот на жената или колку пари ќе се дадат за подарок за наставничката.Како да се избориме за правата на жената кога не ја разбираме суштината на 8 март“, се вели во описот на настанот.Најавено е обраќање на претседателката на Националниот совет за родова рамноправност Савка Тодоровска, на активистките Даниела Мирчевска и Мерита Максути, како и на Дијана Тахири и Маја Ивановска од ЦИВИЛ.

Скопје | пред 6 години

nikolovski-696x381

Николовски: Само по дома ќе си кажуваме дека сме Македонци

Ова што се направи со промена на имињата на институциите е целосно обезличување и национално поништување на се она што е македонско, рече потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски при гостувањето на телевизија 24.Николоски посочи на повеќе примери кои се небулозни меѓу кои преименувањето на Македонски шуми во Национални шуми, и слично, а како најпроблематично го посочи преименувањето на Агенцијата за иселеништво во Агенција за иселеништво на Северна Македонија. Според него има  иселеници во Канада и Австралија и од Еегејскиот дел и од Пириснкиот дел и тие остануваат без заштита.-Не случајно се прави ова да се поништуваат делови од националниот идентитет, во договорот никаде не пишува дека било која институција треба да се нарече национална. Или сега се оди и чекор понатаму од она што го пишува во Договорот од Преспа. Заев и Димитров секаде зборуваа за заштита на идентитетот, јас не гледам како со ова е заштитен идентитетот ако македонско станува национална/национално. И во договорот има преоден период технички и политички кој е во рок од пет години односно од отворање на поглавје или пет години по тоа во однос на важечки материјали, посочи Николоски.Според него останува како што рече „по дома ќе си кажуваме дека сме Македонци, не знам дали на еден народ му се има ова случено“.-Образложенијата од владата се смешни. Се поставува прашањето и што е национално,  на која нација се однесува или со ова владата влегува од проблем во проблем, рече Николоски.Тој посочи дека единствена институција која не го смени името е Претседател. „Се надевам ќе победи Силјановска и нема да се смени ова“, посочи Николоски.

Македонија | пред 6 години

stevo-pendarovski

Пендаровски: 24 часа ме следи странска разузнавачка служба

24 часа мене, а веројатно и моето семејство, ме следи странска разузнавачка служба блиска до наша голема опозициска партија. За 10 дена неколку пати се објавуваат фотографии од тоа каде се движам, вели Стево Пендаровски, кандидат за претседател на владејачката структура во интервју за 1 ТВ.– Ова е само сигнал, насоката во која ќе се движи кампањата за претседател, само што ќе биде уште повалкана. Мене не ми се блиски подземни кампањи, јас ќе одговорам со аргументи и јавно. Остатоците од режимот не смеат да бидат толерирани, тоа е работа на институциите од оваа власт – вели претседателскиот кандидат.Пендаровски вели дека пред пет години, во време на режим, врз него немало физичко следење, а телефоните му биле прислушувани четири години.

Македонија | пред 6 години

Нема фотографија

Силјановска: СДСМ го смени името на криминален начин, како да веруваме ние во владеењето на правото

Проф. Д-р Гордана Силјановска Давкова, кандидатот за претседател на Република Македонија денеска оствари средба со жителите на Општина Конче.На средбата Силјановска Давкова истакна дека граѓаните не можат да ја прифатат промената на уставното име на Република Македонија, додавајќи дека ќе ги искористат сите правни механизми повторно да го вратат името на државата.Ние не можеме да прифатиме вакво нешто ни со срце, ни со ум и дека ќе ги искористиме сите правни можности, сите институции, судови, меѓународни институции за ова да го ставиме до знаење и да го вратиме името, вели таа.Силјановска Давкова посочи дека владата на СДСМ промената на името на државата го направила на криминален начин со притисок и уцена и со купени гласови, прашувајќи како граѓаните би верувале во владеењето на правото кога оние пратеници кои што биле затворани истите тие гласале за промена на името, а на сметка на тоа добиле амнестија.Ако нешто ви значи, никој никому не може да му забрани да го смени Уставот  кога сме ние во прашање, како што тие насила го сменија Уставот, со купени гласови, со притисок, со страв, со амнестија, со измена на Кривичен законик, со непотизам, со корупција и криминал доделувајќи тендери и сега гледате луѓето кои беа обвинети за зло, за отворање на врати и сега не само што се слободни, туку и добија бизниси, е како да веруваме ние во владеењето на правото, праша Силјановска Давкова.

Македонија | пред 6 години

zaev-mickoski

Заев прифати лидерска средба со Мицкоски

Премиерот Зоран Заев го прифати барањето за лидерска средба со Христијан Мицкоски, на која ќе се разговара за актуелните политички случувања во Република Македонија.„Време е да одржиме лидерска средба. Едно заради реформите и реформските закони во Собранието, второ, претстојните претседателски избори кои доааѓат. И трето, вредно е да се разговара за било кое отворено прашање. Јас секогаш давам шанса на дијалогот“, изјави денеска Заев.Инаку и власта и опозицијата се подготвени да седнат на заедничка маса и да зборуваат за актуелните политички случувања, претседателските избори, иднината на Република Македонија како и за патот на Македонија кон НАТО и Европската унија.

Македонија | пред 6 години

dario-nikolovski-777x437

Николовски: Ако се констатираат неправилности ќе се бара одговорност за паднатиот таван во „Стив Наумов“

Во инцидентот немаше повредени. Паѓањето е последица на неквалитетната реконструкција на тоалетите пред неколку години, што е уште една од низата проблеми што ги остави претходното раководство – изјави директорот на студентскиот дом „Стив Наумов“, Дарио Николовски во интервју за „1ТВ“.Според директорот веројатно немало ставено изолација за влага и затоа се случило ова.-Потребни се и нови објекти, но неопходна е една добра реконструкција, поготово во Стив Наумов. Во два блока од „Гоце Делчев“ заврши реконструкцијата и тие сега ги задоволуваат стандардите – рече Наумовски.На прашањето, дали ќе има одговорност за паднатите тавани, тој одговори дека ќе биде побарана ревизија, и доколку се констатираат неправилности ќе се бара одговорност. 

Македонија | пред 6 години

Нема фотографија

(ВИДЕО) Силјановска: Името ни е Македонија и имаме вековна обврска да го пренесеме на идните генерации

Кандидатот за претседател од ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Силјановска Давкова за време на денешната посета на Радовиш изјави дека таа никогаш нема да го употреби името Северна Македонија.Државата тие сега ја нарекуваат Северна Македонија, ние никогаш тоа име нема да го употребиме оти ако во времето кога ги прекрстувале нашите баби и дедовци, тие не го употребувале тоа презиме, другите ги нарекувале така. Но тие биле спремни да бидат поведени под тортура, зошти ние не би можеле тоа. Да им покажеме дека може каде сакаат да го стават името, на улиците, дека ќе го пречкртуваат луѓето, меѓутоа тоа зборува за нив, не за нас. Ние сме наследиле име и имаме вековна обврска да го пренесеме тоа на оние кои доаѓаа по нас.https://www.facebook.com/kandidat.za.pretsedatel/videos/361942921319119/

Македонија | пред 6 години

siljanovska

ВИДЕО: Силјановска сака шминката што ја мачка, да може да ја јаде

Како и сите жени и јас сум многу личности во една. Професорка, мајка која е цел живот и која не заминала како најдобра ученичка  во САД затоа што 17-годишна возраст мислела дека Америка ја пронашла Македонија, вели Гордана Силјановска Давкова, во интервју  за Бекстејџ.„Гордана е дете кога плива и кога игра рок енд рол, кога возела ролшули и победувала на натпревари, таа е талкач по скопските улици, сака да се дружи со кучето и мачето бидејќи и помагаат да се справи со проблемите заради безрезервната љубов.Ние сме либерално семејство во кое се вели не ми кажувај покажи ми. Моите деца се свои и самојстојни. Иако двајцата студирале на правниот факултет никој не знаел дека се мои деца.Јас сум вегетаријанка повеќе од 30 години. Правам се од органско потекло, но на моето семејство не му го наметнувам тоа. Сакам да пешачам, а сакам и јога. Тоа ми помага како што велат јапонците да го најдам своето ики гаи.Не е важно дали е нешто скапо или брендирано. Важно е како ќе го ускладите и носите. Јас сакам органска козметика бидејќи сум имала проблеми со алергиите. Сакам преку лето тоа што го мачкам на косата и на лицето да го јадам“, вели Силјановска. 

Македонија | пред 6 години

DSC_0043

(ФОТО И ВИДЕО) Приведен дилер од Скопје, пронајдени хашиш и марихуана

Секторот за внатрешни работи Скопје - Единица за недозволена трговија – Одделение за недозволена трговија со дрога, со кривична пријава до надлежното Основно јавно обвинителство – Скопје го предаде Н.Б.(31) од Скопје, поради постоење на основи на сомнение дека сторил кривичното дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурзори“ предвидено и казниво по член 215 од Кривичниот законик на РМ.Имено, вчера (05.03.) врз основа на претходно добиени оперативни сознанија, по издадена судска наредба извршен е претрес на дом кај пријавениот во Скопје. При извршениот претрес во станот пронајдени се 52 саксии со стебла Cannabis, 1 килограм 324,43 грама марихуана, 54 капсули со вкупен волумен од 27 ml хашиш-масло, 11 шприцеви со 30,7 ml хашиш-смола, неколку семки Cannabis и вага на која имало остатоци од марихуана и хероин. Во станот исто така имало и инсталиран систем – импровизирана лабараторија за одгледување и производство на растенија кои припаѓаат на растителниот род Cannabis и производство на уље од Канабис (сијалици HPS, вентилатори, екстрактор за производство на уље од Cannabis, апарат за вакумирање, лед сијалици, термометри и тајмери, импровизирани сушари , апарат за навлажнување на воздух, стабилизатори за струја, карбон филтер со мотор и канти со непозната течност).

Скопје | пред 6 години

plazi-ezero

(ВИДЕО) Надлежностите над плажите на Охрид и Струга за брзо ќе ги превземе државата

За една недела во собрание влегува законот за градежно земјиште. Тоа ќе значи дека надлежностите над плажите на Охрид и Струга ќе бидат под државата, а нема да бидат под локално ниво.„Поради сите проблеми кои очигледно локалните власти не можат да ги решат, државата смета дека на подобар начин тоа може да го направи. Пратенички прашања беа поставени во четвртокот, во делот во надлежност на животната средина и дел во рамки на министерство за транспорт и врски . Државниот градежен инспектор во неколку наврати има извршено контрола во делот на министерството за транспорт и врски, каде се извршени вонредни надзори и се донесени одредени решенија. Трската и депониите се во надлежност на министерството за животна средина. Дел од мерките кои ги превзема Владата на Р Македонија е предлагање закон за одземење на надлежности во делот на крајбрежјето и плажите. Со тоа централната власт ќе управува со плажите, истакна денес Министерот за транспорт и врски, Горан Сугарески .Но, за одземање на надлежностите Владата за прв пат јано проговори на собраниска седница на 27 декември 2018 год.Тогаш Министерот за транспорт и врски Горан Сугарески, одговарајќи на пратеничко прашање истакна дека Владата на Република Македонија размислува за одделување на надлежностите на општините Охрид и Струга во врска со стопанисувањето со крајбрежниот појас на езерото.– Соочени сме со овој проблем. Ингеренциите во моментов се кај општините Охрид и Струга. Во делот со постапување со овие вредности, општинските градежни инспектори, претходно беше покрената иницијатива за вонредни надзори со цел секаде каде има пропусти на овој дел, посебно на плажите, да биде постапено. Во неколку наврати тоа е направено. Владата размислува и ги разгледува сите опции за плажите да се одделат од надлежностите и стопанисувањето со плажите за да не ни се случуваат вакви работи. Во моментов се бара законска опција за тоа. Ова сепак не значи дека ќе се одземат комплетно ингеренциите. Ги знам заклучоците од надзорната расправа на УНЕСКО и врз база на тоа ќе се разгледаат сите опции за да се овозможи државата да стопанисува со крајбрежното подрачје во Охрид и Струга, преку Министерството за транспорт и врски, истакна Сугарески.Тој тогаш потенцираше дека во најбрз рок ќе се поднесат измените и надополнувањата во законот со цел да со плажите да располага Министерстото за транспорт и врски и Владата на Република Македонија.

Македонија | пред 6 години

ohrid-turisticka-1

Сугарески и Китанов ги исконтролираа градежните работи во Охрид

Се реконструира булеварот „Туристичка“.Денес, увид за текот на градежните работи на булеварот „Туристичка“  извршија, министерот за транспорт и врски, Горан Сугарески, директорот на ЈП „Државни патишта“, Зоран Китанов и в.д. градоначалникот Константин Георгиески, а претходно имаа работна средба во кабинетот на градоначалникот.- Во име на жителите од Охрид, сакам да ја пренесам благодарноста до Владата и министерството за транспорт и врски, а особено до министерот Горан Сугарески, за брзата реализација на нашето барање, а тоа е реконструкција на булеварот „Туристичка“. Булеварот кој веќе подолги години беше во очајна состојба, претставуваше грда слика за градот. Отежнато  движење по лошиот асфалт беше причина околните сообраќајници да бидат преоптоварени со сообраќај и да се создава непотребен метеж. Со реконструкцијата сето тоа ќе биде минато и граѓаните и туристите ќе добијат пофункционален булевар, изјави в.д. градоначалникот Георгиески.По завршувањето на реконструкцијата Охрид ќе добие еден репрезентативен булевар, кој значително ќе го подобри функционирањето на сообраќајот во градот.Она што пред неколку месеци го најавивме со директорот за државни патишта, Зоран Китанов, а тоа е започнувањето со градежната офанзива, практично од овој период со почнувањето на градежната сезона го остваруваме. Сакам да потенцирам дека Охрид и охридскиот регион се особено важни за нас. Во наредниот период интензивно ќе се работи на реконструкција, конкретно за транзитниот дел на градот, булеварот „Туристичка“ и стариот пат за Струга. Се она што го најавуваме во изминатиот период во најголема мера ќе биде остварено, рече министерот Сугарески.Во моментов во Охрид се работи на три реконструкции на патишта во должина од 18,2 километри.Пред три дена започнавме петнаесет реконструкции на патишта, од кои три се во Охрид. Должината на реконструираните патишта во Охрид ќе бидат во должина 18,2 километри. Предвидено е градежните работи да завршат до месец јули, се со цел Охрид, туристичката сезона да ја пречека подготвено. Во тек е тендерска постапка за изработка на проект за реконструкција на патниот правец Охрид – Св. Наум, каде планираме да извршиме голема реконструкција, потенцира директорот Китанов.Се очекува градежните работи да бидат целосно завршени пред почетокот на летната туристичка сезона.  

Македонија | пред 6 години

Univerzitetska-klinika-za-detski-bolesti

Почина двеипол годишно девојче на клиниката за детски болести

На клиниката за детски болести, почина двеипол годишно девојче.Информацијата ја потврдија од Клиниката за детски болести.-Во понеделник попладне на ЈЗУ Универзитетска Клиника за детски болести е примено женско дете на возраст од 2,5 години со знаци за сериозна бактериска инфекција. Претходно детето било релативно здраво, со респираторен инфект третирано еден недела од страна на матичен лекар. Дента поради влошување на состојбата е донесено на Клиниката. Примено на оддел за интензивна нега, поставено на респиратор, но и покрај сите преземени тераписки процедури после престој од 12 часа детето почина, се наведува во соопштението од Клиниката.

Скопје | пред 6 години

goran_mitevski-1200x545_c

Ексдиректорот на УБК: Државата е под притисок, смешно е никој да нема вина за бегството на Груевски

Поранешниот директор на Управата за безбедност и контраразузнавање, Горан Митевски истакна дека УБК од осамостојувањето на државата е постојано под притисок.„Од 1991 година, па се до денеска, како се менуваат политичките гарнитури, секогаш постои притисок кој се манифестира на различни начини врз УБК, односно да се злоупотребува следењето на комуникации за партиски потреби. Од 2014/25 досега тоа било најмасовно. Сите бевме сведоци на префрлање на обвинувањата за тоа кој е виновен за бегството на Груевски, а целата таа ситуација беше смешна“, истакна Горан Митевски.

Македонија | пред 6 години

maxresdefault

Кривична пријава против Коце Трајановски

Секторот за внатрешни работи Скопје - Единица за економски и компјутерски криминал поднесе кривична пријава против К.Т.(63), Н.И.(65), В.Ѓ.(53) и Б.Т.(67), сите од Скопје, поради постоење основи на сомнение дека сториле кривично дело „злоупотреба на службената положба и овластување“, казниво по член 353 од Кривичниот законик.Првопријавениот К.Т., како градоначалник на град Скопје, во текот на декември 2014 донел Одлука за распишување на јавен конкурс за избор на директор на Јавното претпријатие „Водовод и канализација“-Скопје, врз основа на што бил објавен Јавен конкурс и била спроведена постапка за избор на директор на претпријатието. За спроведување на постапката биле назначени Н.И. - раководител на секторот за општи работи во Град Скопје, претседател на комисијата за спроведување на постапката за избор на директор во ЈП „Водовод и Канализација“, а В.Ѓ. - раководител на одделение за управување со човечки ресурси во Град Скопје и Б.Т. - раководител на сектор за правни работи во Град Скопје, во својство на членови на комисијата.Претседателот и членовите на комисијата не извршиле проверка на комплетноста и валидноста на доставената документација од кандидатите за распишаниот јавен конкурс за избор на директор на ЈП „Водовод и канализација“ Скопје. Од 11 пријавени кандидати за директор бил избран кандидатот А.А., кој имал некомплетни документи, односно дипломата за завршен факултет во државата Њујорк во САД не му била нострифицирана. Ваквата одлука тие ја доставиле до К.Т., кој исто така, не извршил проверка и донел Одлука за избор на А.А. за директор на ЈП „Водовод и канализација“-Скопје.По изборот, Синдикатот на работниците од угостителството, туризмот, комунално-станбеното стопанство, занаетчиството и заштитните друштва (СУТКОЗ), до Министерството за труд и социјална политика и до Државниот инспекторат за труд, поднеле претставка за начинот на избор на директор. По извршениот инспекциски надзор во јавното претпријатие, на К.Т. му било укажано да ја преиспита одлуката за избор на директор на претпријатието и да донесе одлука во согласност со своите надлежности, но тој не преземал никакви дејствија со што му овозможил на лицето А.А. да продолжи да ја извршува функцијата. 

Скопје | пред 6 години

11111222

ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО: Полицајци претепани пред пекарница

На социјалните мрежи се појави снимка од тепачката на група момчиња, од кои некои се во полициски униформи, а која, наводно, е снимена во саботата пред пакарница во Самобор. Како што пренесуваат хрватските портали, до тепачката дошло кога група момчиња за маскенбал се облекле како полицајци и на шега им кажале на другите дека ќе ги приведат во полиција.[embed]https://www.facebook.com/309578986411891/videos/321593995158130/[/embed]о

Свет | пред 6 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања