ГЛАВНИ-ВЕСТИ

Нема фотографија

ДУИ сакале Џафери да биде кандидат за претседател

Демократската унија за интеграција, доколку не се согласуваше со СДСМ за консезуалниот кандидат, тогаш ќе  излезеше со свој кандидат на претседателските избори , а тој би бил Талат Џафери, истакна заменик претседателот на ДУИ, Изет Меџити во вчерашната емисија на "Клик Плус".Имаше гласини и кај СДСМ и кај ДУИ да излезат со партиски кандидати, и ние бевме подготвени за оваа опција. Најпотенцијалниот кандидат би бил Талат Џафери како кандидат за ДУИ ", рече Меџити.ДУИ првично предупреди за нивниот излез со нивниот претседателски кандидат, но потоа постигна договор со СДСМ.

Македонија | пред 6 години

izjava-zaev.Still050

(ВИДЕО) Гори ѓубре на ниви од Скопје до Кичево

Од излезот на Скопје кон Тетово, низ цел Полог од Тетово до Гостивар па попатно низ атарите на селата околу Кичево воздухот е полн со чад од огнот на нивите кои луѓето ги палат за на нив да изгорат растенијата и отпадот кој сенасобрал.Државата која од ден на ден е се послаба и понефункционална во комбинација со ниската еколошка свест направија да чади цела Македонија.

Македонија | пред 6 години

kuka-izgore

Изгоре куќа - на 8-члено семејство остана под отворено небо

Мајка со шест деца остана под отворено небо. До пред неколку дена тие живееја во трособна куќа. Меѓутоа, в саботата вечер, во нивниот дом ненадејно избувна пожар, кој со себе ја однесе целата куќа и сите спомени на семејството Хамидовиќ од Средно Коњари. Остана само пепел од изгорениот мебел. Таткото на децата пред еден месец заминал во Хрватска на работа, а во моментот на несреќата во куќата биле три деца со својот дедо. За среќа, дедото успеал навреме да ги изнесе децата надвор. Мајката Наида е благодарна што децата ѝ се живи и здрави, но бара помош, за како што вели, да може да ја надмине оваа голема несреќа што ги снајде, објави tv21.tv.„Иако куќата беше стара, навистина ме боли. Фала му на Бога што ми ги спаси децата. Му благодарам и на свекорот. Во моментов имам потреба децата да имаат дом, макар куќа да имаме. Да имаме покрив над глава, ништо повеќе не сакам. Се разбира, децата бараат. Таа ноќ син ми велеше: ми отиде чантата и книгите. Му реков: нека, сѐ ќе биде во ред. Најважно децата се спасија. Оние кои се во можност да ни помогнат, им благодарам“  рече Наида Хамидовиќ.Текстот во целост на tv21.tv

Македонија | пред 6 години

soobrakajka-2

Почина повредениот моторциклист

Денеска, во 13 часот и 30 минути, на крстосницата на улиците „7 ноември“ и „Бекир Алириза“ во Охрид, случена е сообраќајна незгода по која, во Општата болница во Охрид, на повредите им подлегнал Т. Ш. (71) од селото Велгошти, соопштуваат од СВР Охрид.Тој, управувајќи мопед марка „Томос Спринтер“ без регистарски таблици, на критичното место изгубил контрола и удрил во дрвен електричен столб.На местото на сообраќајната незгода, увид изврши Јавен обвинител и екипи на СВР Охрид поради што, сообраќајот на улицата „7 ноември“ беше пренасочен по споредни улици.По наредба на Јавен обвинител, врз починатиот ќе биде извршена обдукција а врз мопедот- дополнително техничко вештачење.

Македонија | пред 6 години

53333215_2523334147741987_6244356589768146944_n

ВИДЕО: Падна кров на тоалет во скопски студентски дом, студентите исплашени и револтирани

Во студентскиот дом “Стив Наумов” во Скопје, вчеравечер паднала цела кровна конструкција во еден од тоалетите кои ги користат студентите.Паднатата конструкцијат уништила и дел од инвентарот во тоалетот, но и личните работи на студентите. Засега нема информации за повредени лица, но, доколку некој ја користел просторијата, случајот можел да заврши трагично.Студентите се револтирани поради овој случај и велат “Ова не е во ред”. Според нив, лошите услови во студентскиот дом стануваат неподносливи и ги повикаа надлежните од ресорното министерство да реагираа на време, пред ова да се повтори и случајот да заврши трагично.https://www.facebook.com/skopje1mk/videos/2323690754318364/

Скопје | пред 6 години

tabla-severna-2

(ФОТО) Еве ги новите имиња на институциите во Северна Македонија

Владата на Република Северна Македонија на својата 124 седница, на предлог на Меѓуресорска работна група за извршување на обврските од Конечната спогодба за решавање на разликите опишани во резолуциите 817 (1993) и 845 (1993) на Советот за безбедност на Обединетите нации, за престанување на важноста на Привремената спогодба од 1995 година и за воспоставување на стратешко партнерство меѓу страните, донесе одлука да ги задолжи, односно да им укаже и препорача на сите институции да извршат промена на јавните табли на влезот од сите институции, во однос на името на државата, согласно амандманите XXXIII, XXXIV, XXXV, XXXVI на Уставот на Република Северна Македонија, Уставниот закон за спроведување на амандманите од ХХХIII до ХХХVI на Уставот на Република Северна Македонија и Законот за употреба на јазиците.Исто така, Владата на РСМ ги задолжи и им укажа на сите институции, да извршат проверка дали е извршена промена  на сите дигитални записи (логоа, меморандуми, електронски комуниказии, веб-страни, медиуми итн) и да извршат проверка дали е извршена измена на меморандумите, печатените материјали, папките, индикаторите, согласно заклучоците број 4 и број 5 од 120-тата седница на Владата на Република Северна Македонија, и во рок од 7 дена до Меѓуресорска работна група за извршување на обврските од Конечната спогодба, да достават збирен извештај дали е извршена бараната измена и до кој степен.   

Македонија | пред 6 години

Нема фотографија

Скопје мириса на расипана кисела зелка: Воздухот лани бил позагаден во однос на 2017-та

Според последниот извештај на Гринпис и AirVisual објавен за земјите со највисоко загадување на воздухот во светот за 2018 година Скопје е позагаден град во однос на 2017-та година.Според извештајот, загадувањето на воздухот во 2019 година ќе предизвика околу 7 милиони предвремени смртни случаи и ќе има големо негативно економско влијание.Климатските промени “значително ги влошуваат ефектите од загадувањето на воздухот со менување на атмосферските услови и зајакнување на пожарите” – се вели во извештајот.Загадениот воздух содржи хемикалии како што се сулфати, нитрати и саѓи, кои предизвикуваат белодробни и срцеви заболувања. Тие дури можат да предизвикаат рак.Во текот на зимските месеци, Скопје честопати водеше на листа на земји со највисоко загадување на воздухот во светот. Вредноста на загадувањето на воздухот често беше алармантна.Само во ланскиот јануари Скопје бил во нездравата зона, во ноември и декември во нездравата зона за осетливи групи, додека во останатите месеци воздухот бил поднослив. Главниот град ниту еден месец не бил во зелената зона.Вкупно, ситуацијата се влошила со просек од 34. во 2018 во споредба со 32,5. во 2017-та.Битола, Куманово и Тетово биле уште позагадени.

Македонија | пред 6 години

Нема фотографија

(ФОТО) Пендаровски вози “југо”, a нема куќа, ниту стан

Кандидатот за претседател од СДСМ и ДУИ во својот имотен лист не пријавил никакви недвижности, од аспект на куќа или стан каде живее. Всушност, ако се погледне во ДКСК, тој нема речиси ништо, освен старо “југо” чија вредност е проценета на илјада евра и девизна штедна книшка со 12 илјади евра.Пријавен е имотот и на нрговата сопруга, која според податоците вози “рено меган” чија вредност е скоро 6 илјади евра, а има и девизна сметка со 3 илјади евра.Пендаровски е поддржан од 31 партија како претседателски кандидат кој ќе се трка со професорката Гордана Силјаноцска која е кандидат на ВМРО- ДПМНЕ.

Македонија | пред 6 години

RENS

(ВИДЕО) Дерновшек: Суплементот „Ренс“ во борба со Аутизмот

Зоран Дерновшек е изумител по потекло од Словенија, македонски зет, а моментално живее во Италија. Тој има неколку вредни изуми , но еден привлекува особено големо внимание. Тоа е  суплементот РЕНС-RENS ( Rappid effect natural supplement) кој  се користи во третирање на аутизам, болести кои ги напаѓаат нервните клетки но и многу други болести.Ренс, кај некои деца помага во третманот на аутизмот.„Мојата идеја е во иднина  да отвориме центар каде што ќе се лекуваат аутистични деца од целиот свет. Сакам тој да е лоциран во Охрид. Имено, мојата сопруга е од Охрид, а тој со својата локација е најпогоден за таков вид на центар. Да се помага и да се допринесува на општеството е една од работите кои ги прават луѓето најсреќни.  Јас би бил многу среќен кога би можеле да ја реализираме идејата за отворање на светски центар во Охрид, како би помогнале на многу луѓе“, вели Дрновшек.“ https://www.facebook.com/skopje1mk/videos/404900256968706

Македонија | пред 6 години

bakraceski

Охридскиот кардиолог Бакрачески одржа предавања во Вашингтон

Од 02-05 Март во хотелот Omni Shoreham во Вашингтон, се одржува еден од најголемите  конгреси за интервентна кардиологија во САД- Cardiovascular Research Technologis CRT 2019 на кој се презентираат најновите достигнувања од оваа област, се презентираат резултатите од најновите клинички студии ширум светот, се изложуваат нови технолошки придобивки и пронајдоци во областа на материјалите и техничките помагала кои се користат во интервентна кардиологија, преку изведување на интервенции со пренос на слика во живо од катетеризациони лаборатории во САД и Европа, а секако се презентираат и најновите измени во водичите на американската и европската асоцијација за кардиологија.На овој настан учествуваат наголемите имиња од оваа област од целиот свет, а свое учество со две орални презентации имаше и охридскиот кардиолог Др Никола Бакрачески на теми од областа на третман на комплексни коронарни лезии, како и во областа на нови пристапи и техники во решавање на хронични тотални оклузии на срцевите артерии, кои пробудија особен интерес кај аудиториумот.Секоја година пред  учесниците на конгресот се обраќа видни имиња од областа на светската политика. Оваа година свое обраќње пред учесниците имаше поранешниот британски премиерТони Блер, кој важи за еден од најдобрите говорници на денешницата. 

Македонија | пред 6 години

kombe-1

(ФОТО) Пукна гума на комбе од ЈСП: Распаднато возило, превезува патници

Утрово избегнат инцидент на комбе со над 30 тина патници. Станува збор за комбе на ЈСП кое движело од село Цветово до Драчево.Во движење им пукнала гума, за среќа, не кога се симнувале од планинскиот дел, туку на рамница, па возачот успеал да го запре возлилото.„Скопје 1“ ви презентира фотографии од комбето во кое секојдневно се превезуваат жителите од овој реон, но и деца кои го користат како превоз за во улилиште. Прашање кое се наметнува кој дал дозвола ова комбе да се регистрира? Патичкото возило е во фаза на распаѓање, со истрошени гуми, но и натаму превезува патници.Води ли некој сметка во ЈСП во какви комбиња се превезуваат патници?Патниците кои го користат превозот на ЈСП итно бараат раководтвото да превземе мерки и да ја зголеми нивната безбедност, а од МВР пак бараат поголема контрола и  надвор од  центрот на Скопје, за тоа какви превозни средства се користат за превоз на деца и патници.     

Скопје | пред 6 години

Нема фотографија

Мртвото тело на бебето пронајдено во полско ве-це е предадено на обдукција

Во врска со случајот објавен во вчерашниот извадок од дневни настани во кој известивме дека на 03.03.2019 околу 23.30 часот во СВР Струмица, лекар од болницата во Струмица пријавил дека кај нив била хоспитализирана 19-годишна девојка од струмичко и по извршениот преглед, било констатирано дека претходно се породила, а при преглед на домот, на повеќе места, биле пронајдени докази кои укажуваат дека имало породување, ве известуваме дека е направен увид од страна на полициски службеници и јавен обвинител и пронајдено е починато тело на новороденче.По наредба на Јавен обвинител мртвото тело е предадено на обдукција. Земени се примероци од крв за анализа од мајката, членови на семејството и мажот со кој девојката била во љубовна врска. По насоки на јавниот обвинител, се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Македонија | пред 6 години

Univerzitetska-klinika-za-detski-bolesti

Почина 14 годишно дете поради компликации од грип

На Универзитетската клиника за инфективни болести и фебрилни состојби поради компликации од грип почина 14-годишно дете.  Детето претходно боледувало и од церебрална парализа.Според податоците од Институтот за јавно здравје, до крајот на минатиот месец се пријавени 3.209 случаи со симптоми на грип.Инаку, ова е петти регистриран смртен случај од грип оваа сезона.

Македонија | пред 6 години

policija-traka

Во полско ве-це било фрлено бебето на 19-годишната девојка од струмичко која се породила дома

Пронајдено е бебето на 19-годишната тинејџерка од струмичко која се породила дома. „Фокус“ дознава од неофицијални информации од истрагата дека новороденчето било фрлено во јама во полско ве-це.Од СВР Струмица велат дека во текот на денот ќе соопштат повеќе детали за случајот. Текстот во целот на Фокус.мк

Македонија | пред 6 години

gordana-siljanovska

Силјановска не е сигурна дека ќе може да го укине Преспанскиот договор

Кандидатот за претседател од ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Силјановска Давкова, во изјава за Независен вели дека ќе иницира создавање на експертска група која ќе подготви анализа во кои точки Преспанскиот договор и процесот на неговото донесување се во колизија со меѓународното право."Она што го укажував со месеци наназад беше противправната постапка низ која беше донесен овој договор, вклучувајќи го тука и референдумскиот процес. Токму по тие прашања секој меѓународен договор може да биде оспорен согласно одредбите на Виенската конвенција. Значи, зборувам за правна постапка пред надлежна меѓународна институција, а не за политичко ветување. Инаку, во Република Македонија надлежен за уставноста на овој договор е Уставен суд, но тој не работи со правни аргументи.Ќе иницирам создавање на експертска група на врвни авторитети од областа на меѓународното и уставното право, кои ќе подготват анализа во кои точки Преспанскиот договор и процесот на негово донесување се во колизија со важечкото меѓународно право", вели Силјановска.

Македонија | пред 6 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања