ГЛАВНИ-ВЕСТИ

piton

(ВИДЕО) Во гевгелиско пронајден огромен питон долг 2,2 метри

Огромен питон бил пронајден на 3 март на излезот од гевгелиското село Стојаково. Видеото од пронајдениот питон на социјалната мрежа фејсбук го има поставено Петар Караѓошев од Стојаково.  Тие питонот го пронашле мртов до нивниот имот.Инаку вакви змии во овој регион не се забележани.https://www.facebook.com/petar.karagosev/videos/vb.1289514247/10212666589001518/?type=2&video_source=user_video_tab

Македонија | пред 6 години

abortus-otec-ivica

Отец Ивица: Кој тоа не убива и зошто?

По веста која ја изнесе министерот за здравство Венко Филипче: Одлуката за прекин на бременоста е право на жената и тоа никој не може да и го одземе, презентирајќи го Предлог-законот за прекинување на бременоста, на социјалната мрежа фејсбук се огласи Отец Ивица.Тој својот статус го наслови : ОД свесно УБИСТВО, на држава и цел народ до убиство на неродени деца!КОЈ ТОА НЕ УБИВА И ЗОШТО?Во продолжение ви го пренесуваме статусот на Отец Ивица.1. Свесни ли сте што значи абортус во 22 гестациска седмица? Убивате 5 месечно бебе, оформено мало човече со рачиња, ноџињa, слух, лик…2. Бебиња родени помеѓу 23 и 24та гестациска седмица можат да преживеат!3. Постојат многу малку случаи каде абортус би имал логика, но легализирање на своеволна терминација на бременост? Промоција со кампања?4. Има брачни парови кои со години се обидуваат да се остварат како родители. Не е ли подобро да го родиш и да усреќиш таков пар со посвојување? Зборувам за “несакана бременост”!5. Повеќе ли ви се исплаќа да терате кампања за морталитет на нацијата наместо подобрување на животната средина и општеството каде треба да се родат и растат идните генерации?6. “Мое тело, мој избор” – НЕ!НЕ Е твое телото кое се отстранува од твоето тело со абортус!———–„Господ“ е најголем непријател на жената!“Уранија Пировска———-Уранија Пировска од Хелсиншкиот комитет:„Колку деца ќе роди жената е нејзин избор!„Господ“ (Што Уранија подразбира под „Господ“ е крајно нејасно) е најголем непријател на жената!“Додека оваа докажана соросоидка од говорницата на Собранието на РМ отворено пропагираше за својата соросоидно – либерална идеологија и „вера“ припадниците на традиционалните верски заедници во РМ, МПЦ – ОА, ИВЗ, Римо-Католичката Црква во РМ и други беа спречени да учествуваат во расправата каде што се говореше за предлог закон кој треба да овозможи најбрутално ЧЕДОМОРСТВО по 22 гестациска седмица од бременоста!Граѓани на Македонија кои сте членови на горенаведените традиционални верски заедници во Македонија – МПЦ – ОА; ИВЗ, РКЦ во РМ, ЕМЦ во РМ и останатите НЕ ДОЗВОЛУВАЈТЕ претставници на краен морален разврат и безсовесни политичари да влијаат врз донесување на закони кои не само што се крајно нечовечки, туку се и БОГОХУЛНИ!Секоја вера, освен личната духовна вертикала ја подразбира и нашата општествената одговорност, односно, ја подразбира одговорноста за сите оние кои, од оваа или онаа причина не се свесни за опасноста што ја поттикнуваат личности, организации и партии кои во својата суштина и програма се крајно АНТИТЕИСТИЧКИ, антитрадиционални, антивредносни, АНТИЧОВЕЧКИ! Личности, организации (фондации; невладини организации) и партии кои се против мистеријата и радоста на ЖИВОТОТ, кои ја слават САМОЖИВОСТА, лагата, перверзијата, изопаченоста……..Денес, во Собранието на РМ, во домот на сите граѓани на РМ се пројави уште една компонента на окупацијата која е наша реалност, се пројави ликот на безбожната и перверзна соросоидно – либерална иделогија која изгледа длабоко продрела во умовите и мислите на претставниците од позицијата (сдс+дуи), но и во умовите и мислите на некои претставници од опозицијата – Даниела Рангелова!Времето наше е темно, мрачно, црно, зашто и душите на повеќемина се во таа боја, НО, им станува веќе јасно на граѓаните на РМ дека по ноќта изгрева силно ден, но, за да изгрее тој ден треба сите нашите души да ги исполнуваме со светлина, со вистина, со љубов, со радост Божја, со вистината за животот која доаѓа од самиот Творец!АКО и сега попуштиме, за многумина, особено за неродените деца, нема да има ДЕН, туку само темнина!https://www.facebook.com/ivicatodor/posts/10214867075684932

Македонија | пред 6 години

rocista

Продолжуваат судењата за „Траекторија“ и „Транспортер“

Во Кривичниот суд денеска треба да се одржат рочишта за предметите „Траекторија“ и „Транспортер“ на СЈО.Обвинети во предметот „Транспортер“ се поранешниот битолски градоначалник Владимир Талески и уште 20-тина лица во овој случај поради злоупотреба на службената положба во врска со организирањето превоз на ученици во Битола, со што е направена проневера на околу 360.000 евра.Во „Траекторија“ обвинети се поранешниот премиер Никола Груевски, поранешниот вицепремиер Владимир Пешевски, екс министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески и поранешниот директор на Агенцијата за државни патишта, Љупчо Георгиевски.

Македонија | пред 6 години

53473685_2277803625793479_1609558897054449664_o

Започнува кампањата за подобра животна средина, „Не игнорирај! Реагирај!“

Институтот за комуникациски студии денеска ќе го претстави почетокот на кампањата за подобра животна средина „Не игнорирај! Реагирај!“.Целта на кампањата е да се зголеми притисокот кон јавните институции за поефикасно решавање на проблемите од животната средина и истовремено да се поттикне и насочи граѓанскиот активизам кон државните и локалните институции за прифаќање на концептот на одржлив развој. Кампањата „Не игнорирај! Реагирај!“ ќе се реализира во текот на 2019 година и ќе биде поделена на три теми: (1) Одржливи градови, (2) Здрава околина и (3) Климатски промени.На настанот ќе говорат дел од поддржувачите кои се вклучени во кампањата – проф. д-р Дивна Пенчиќ, професор по урбанизам, проф. д-р Дејан Мираковски, експерт во областа на аерозагадувањето и вон. проф. д-р Ана M. Лазаревска, експерт за енергетски менаџмент..Кампањата „Не игнорирај! Реагирај!“ се реализира како дел од проектот „Поддршка за добро владеење преку граѓанско учество за поголема транспарентност и отчетност на институциите“, кој е финансиран од Британската амбасада во Скопје.

Магазин | пред 6 години

sonce

Сончево со мала облачност, попладне промена на времето

Сончево со мала до умерена облачност и слаб до умерен ветер претежно од западен правец. Кон крајот на денот и во текот на ноќта ќе има зголемена облачност, а во западните и северните делови и повремени врнежи од дожд.Утринската температура ќе се движи од минус четири до еден, а дневната од 14 до 21 степен.Во Скопје, слично време, сончево, кон крајот на денот облачноста ќе се зголемува.  Утринската температура ќе се спушти до минус два, а дневната ќе се искачи до 18 степени.Следува период на стабилно и многу топло време за овој период од годината.

Македонија | пред 6 години

Rabota-na-pat

Променет сообраќаен режим на делницата Неготино-Демир Капија

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози.Г.П. Илинден – Струга известува дека од 02.03.2019 ќе започне со изведување на градежни работи на пат. На регионалниот патен правец Охрид - Свети Наум, во делот булевар Туристичка во должина од 3,5км. На самото место е поставена соодветна сообраќајна сигнализација.На ден 05.03.2019 од 08:00 до 17:00 часот ќе се изведуваат градежни работи при поставување на индуктивни јамки за броење на возила на Автопат А1, делница Неготино-Демир Капија за што ќе се изврши промена на режимот на сообраќај.Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини нема подолги задржувања за влез и излез од државата.АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде се бележи појава на утринска магла, а исто така зголемена е и можноста од појава на одрони.

Македонија | пред 6 години

1-5

Заев и Рикер: Партнерството на РСМ и САД во НАТО е од огромно значење за просперитетот на земјата

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Зоран Заев денеска оставри средба со амбасадорот Фили Рикер, кој како политички советник на командантот на Европската команда на Воените сили на Соединетите Американски Држави, учествуваше на регионалната конференција „Балкан 360“, која со поддршка на германско-американскиот Маршалов Фонд се одржа во Скопје.Премиерот Заев посакувајќи му добредојде на амбасадорот Рикер, му честиташе на новата должност, помошник државен секретар на САД за европски и евроазиски прашања, и истакна дека за време на неговиот мандат на новата функција Република Северна Македонија и САД ќе го потврдат стратешкото партнерство и ќе останат фокусирани на заедничката соработка и на безбедноста, на слободниот и непречен развој на регионот.Претседателот на Владата на РСМ Заев на средбата ја изрази благодарноста на Владата на Северна Македонија и народот, за континуираната поддршка што нашата земја ја добива од Америка во сите години наназад, и која беше од особено значење во изминатите две години кога земјата го реши тридеценискиот спор со Грција со Договорот од Преспа, кој овозможи чист пат за членство на Северна Македонија во НАТО и сосема јасни перспективи за отворање на поглавјата за преговори со Европската Унија.Во таа насока, информираше премиерот Заев, Владата на РСМ сега е фокусирана на реформите во правосудството, во борбата против корупцијата, како и во рефрмите на безбедносните служби и јавната администрација за да се остварат обврските дома и за ги почувствуваат придобивките од реформите и граѓаните на земјата.Премиерот Заев уште информираше и за настојувањата за клучните реформски процеси да се обезбеди соработка со опозицијата и потенцираше дека ќе настојува тој дијалог да го опфати и договорот за заеднички придонес за реализирање на фер и демократски избори за Претседател на Република Северна Македонија.На средбата стана збор и за регионалните прашања и беше нагласено дека интересите за земјите од Западен Балкан се совпаѓаат и со интересот на САД за стабилен регион и соработка во интерес на граѓаните од сите балкански држави.Амбасадорот Рикер, од своја страна, покажа интерес за спроведувањето на Договорот од Преспа во земјата, како и за ратификацијата на Протоколот за пристапување на нашата земја во парламентите во земјите членки на Алијансата, и истакна дека му е особено драго што во идниот период ќе може да учествува понепосредно во споделувањето на принципите на северно- атлантската алијанса со Република Северна Македонија како полноправна членка на НАТО и рамноправен партнер на САД и на другите земји членки во Алијансата.Претседателот на Владата на РСМ Заев и амбасадорот Рикер, кој наскоро ќе ја преземе должноста помошник државен секретар на САД за европски и евроазиски прашања, по средбата одржаа и прес конференција за новинарите, на која одговараа на прашања од интерес на медиумите.

пред 6 години

mickoski-riker-1

(ВИДЕО) Мицкоски му се пожали на Рикер дека власта спроведува злоупотреба на институциите

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски денес оствари средба со помошникот државен секретар за Европа и Евроазија, Филип Рикер, се вели во соопштението од ВМРО ДПМНЕ.На средбата се разговараше за актуелната политичка и економска состојба во државата, како и реализацијата на стратешките цели на државава.Мицкоски посочи дека власта во овие моменти спроведува злоупотреба на институциите, нарачани обвиненија, притвори и пресуди. Лидерот на ВМРО- ДПМНЕ посочи дека власта врши сериозни нарушувања на правната држава и владеењето на правото и дека тоа државата ја уназадува во поглед на исполнување на стратешките приоритети и назадувањето на демократските процеси.Воедно тој подвлече дека Република Македонија се соочува со сериозни економски проблеми, лош стандард на граѓаните и сиромаштија која е производ на недоволната ангажираност на владата.Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, ја истакна важноста на стратешкото партнерство на Македонија со своите сојузници и додаде дека клучна стратешка определба на ВМРО-ДПМНЕ останува интеграцијата во ЕУ и НАТО.Соговорниците се согласија дека членството во НАТО и Европската интеграција е клучен фактор за стабилност во нашиот регион и дека е потребна поддршка која ќе придонесе остварување на тие цели, додаваат од ВМРО ДПМНЕ.

Македонија | пред 6 години

ojo

ОЈО Донесе наредби за издавање на централни и меѓународни потерници за две лица

Надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција денеска до Министерството за внатрешни работи достави Наредби за издавање на централни и меѓународни потерници за две лица.За лицата за кои се донесени наредбите постои основано сомнение дека сториле кривично дело – Терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста, предвидено и казниво по член 313 од Кривичниот законик. Имено, по спроведената предистрага, на 20 февруари годинава, надлежниот јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција донесе Наредба за спроведување на истражна постапка за петмина, меѓу кои и за овие две лица кои се недостапни на органите на прогонот.Тогаш, јавениот обвинител ценејќи дека се исполнети законските основи до Судијата на претходна постапка при Основниот суд Скопје 1 – Скопје достави Предлог за определување мерка притвор за сите осомничени, при што на овие две лица им е определена мерка притвор во траење од 30 дена од нивното пронаоѓање. 

пред 6 години

Нема фотографија

19-годишна девојка се породила дома и побарала помош од лакар, бебе нема?

На 03.03.2019 околу 23.30 часот во СВР Струмица, лекар од болницата во Струмица пријавил дека кај нив била хоспитализирана 19-годишна девојка од струмичко. По извршениот преглед, било констатирано дека претходно се породила. Полициски службеници извршиле разговор со неа, а при преглед на домот, на повеќе места, биле пронајдени докази кои укажуваат дека имало породување.На прегледот присуствувале Јавен обвинител и лекар, а увидот ќе биде завршен во текот на денот. Исто така, полициски службеници извршиле разговор со родителите на девојката. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Македонија | пред 6 години

filipce-za-bremenost-1

Филипче: Одлуката за прекин на бременоста е право на жената и тоа никој не може да и го одземе

Министерот за здравство доц. д-р Венко Филипче, денеска во Собранието на Република Северна Македонија на 22. седница на Комисијата за здравство, учествуваше и се обрати на јавната расправа за Предлог-законот за прекинување на бременоста.„Мајчинството е ексклузивно право на жената, на бројот на деца, доколку таа сака. Тоа не е работа на судии, попови, оџи, лекари, а најмалку на политиката да одлучува за ова право на жената. Наша задача е да обезбедиме услови тоа право жената да си го добие, а државата да обезбеди институции и експертиза за тоа квалитетно и стручно да се заврши“, истакна министерот доц. д-р Венко Филипче,.Тој додаде дека жената ќе го оствари правото за безбеден прекин на бременоста и укинување на постојните административни процедури-бариери, кои го одолжуваа спроведувањето на постапката за прекин на бременоста.„Приватноста на жената е заштитена, таа има слобода да одлучува, да се советува, да има пристап до безбедна и квалитетна интервенција и примена на препорачаните методи на прекин на бременоста. Исто така, ќе и бидат овозможени комплетни, објективни и точни информации во врска со начинот на изведување на интервенцијата, што може да се очекува за време на прекинувањето на бременоста и по завршувањето на постапката, за методите на контрацепција пред и по спроведувањето на прекинување на бременоста на начин разбирлив за жената за да може да донесе одлука и да даде изјава за согласност“, посочи министерот Филипче.Одлуката за прекин на бременоста како посебна медицинска интервенција за која треба слободно да одлучува бремената жена, се заснова на дадена согласност свесно, без принуда од било кого и врз основа на објективни информации поврзани со интервенцијата. Прекинување на бременоста како и досега ќе се врши во болничка здравствена установа која во својот состав има гинеколошко акушерско одделение.Првпат воведовме можност за прекинување на бременоста до деветтaта гестациска недела со медикаментозен метод и во здравствена установа од примарна здравствена заштита.Предлогот на Законот предвидува прекинувањето на бременоста да може да се изврши до истекување на дванаесеттата гестациска недела со писмена согласност од бремената жена. Ако бремената жена е малолетна или и е одземена деловната способност, прекинувањето на бременоста може да се изврши со писмена согласност од родителот, односно старателот на бремената жена.Прекинот на бременоста може да се изврши по барање и со писмена согласност од бремената жена и по истекот на дванаесеттата гестациска недела, во случаи кога врз основа на медицински индикации ќе се утврди дека бременоста претставува опасност по животот или ќе доведе до тешко нарушување на здравјето на жената за време на бременоста, породувањето или по породувањето, врз основа на научни сознанија може да се очекува дека детето ќе се роди со тешки телесни или душевни недостатоци, до зачнувањето дошло во врска со извршување на кривично дело: силување, обљуба врз немоќно лице, полов напад врз дете, обљуба со злоупотреба на положбата или родосквернавење и ќе се утврди дека во текот на бременоста или по породувањето би можела жената да дојде во тешки лични, семејни, материјални или други прилики што ќе имаат одраз врз нејзиното здравје.Прекинувањето на бременоста од дванаесеттата до дваесет и втората гестациска недела од бременоста по писмено барање од бремената жена односно од родителот, односно старателот ако бремената жена е малолетна или е лишена од деловна способност може да се изврши при што пред прекинување на бременоста докторот може да побара мислење од друг доктор специјалист од соодветна гранка на медицината.По дваесет и втората гестациска недела за прекинување на бременоста одлучува првостепена комисија за одобрување на прекинување на бременоста во здравствена установа составена од двајца доктори специјалисти по гинекологија и акушерство и еден социјален работник. Доколку жената не се согласува од одлуката на првостепената комисија има право на приговор до второстепената комисија составена од двајца доктори специјалисти по гинекологија и акушерство, доктор специјалист по детска хирургија, психолог и еден член со најмалку пет години работно искуство во областа на родовата еднаквост.„Успеавме да направиме закон со којшто го враќаме правото на избор на жената, таа да одлучува самата за себе. Нивниот глас се слушна преку пораката - Мое тело, мој избор. Со овој закон конечно се става крај на рестриктивните политики за абортусот и жената го добива своето право назад. Очекуваме ваквиот пристап да придонесе кон унапредување на статусот на жената во општеството и кон постигнување на родовата еднаквост.“, рече министерот Филипче.

Македонија | пред 6 години

nesreka-2

Над 800 илјади евра отштета ќе исплати осигурувањето за сообраќајката кај Ласкарци

Осигурителната компанија „Еуросиг“ ќе треба да исплати отштета од над 800 илјади евра за сообраќајката кај Ласкарци.Претседателот на Советот на експерти на Агенцијата за супервизија за осигурувањето Климе Попоски денеска на прес-конференција рече дека во овој случај најверојатно ќе биде исплатена максималната законски предвидената сума.– Во Законот за здолжително осигурување има пропишано максимален износ на штета предизвикана од автобус. Максималниот износ по еден осигурителен случај може да изнесува 675 илјади евра, рече Попоски.Тој додаде дека дополнително по основ на полиса за патници во јавен превоз може да бидат исплатени 200 илјади евра, така што е предвидено 4.500 евра по смртен случај, 9.000 евра за траен инвалидитет и 2.000 евра за повреди и лекување.Според Попски ова, ќе биде една од поголемите исплатени штети во последните години, покрај онаа за хеликоптерската несреќа.

Македонија | пред 6 години

trudbenik

Со извршно решение се иселува дирекцијата на АГП „Трудбеник“ во Охрид

Механизација денеска влезе во дирекцијата на АГП „Трудбеник“ во Охрид и почна со иселување на недвижностите од локацијата врз која моментно сопственичко право има туристичката агенција „Фибула Ер Травел“. Извршувањето според новиот сопственик е сосема законско бидејќи тие поседуваат имотен лист за локацијата од некаде 20 илјади метри квадратни каде некогаш се наоѓаше дирекцијата на „Трудбеник“.Адвокатот Драган Коровешоски, кој е правниот застапник на „Фибула Ер Травел вели дека извршувањето се спроведува врз основа на правосилна пресуда.„Фибила Ер Травел“ имотот го има купено во 2011 година, девет години се обидуваме имотот да го пренесеме во владеење на сопственикот за да почне да се гради. Оставениот операциски рок во кој должникот требаше доброволно да се исели е поминат и од тие причини законски се спроведува извршување, односно испразнување на недвижноста“, вели Коровешоски.Акционерите од „Трудбеник“, пак, сметаат дека државните институции преку незаконска постапка дозволуваат да се одземе атрактивната локација на брегот на Охридско Езеро.Извршниот директор и мнозински акционерски сопственик на АДГ „Трудбеник“ Ацо Спироски изјави дека се работи за прерането извршување.– Имаме неоспорливи докази дека ова земјиште е земено на криминален начин. Тие докази ги добив кога го покренав спорот против ова извршување, кога се отворија документите за се што е направено меѓу одредени раководни лица во Министерството за транспорт и врски, раководни лица во Општина Охрид и на „Фибула Ер Травел“. Против нив е покрената кривична постапка, постојат неоспорливи докази и утре е закажано рочиште во кое бараме поништување на договорот за купопродажба меѓу „Фибула“ и Општина Охрид, рече Спироски.Според него, се води предмет и во Антикорупциска комисија кој ќе покаже дека се прави обид „на криминален начин, преку наместено јавно наддавање, во предизборна постапка, со наместени рокови и услови, сокривани и изменувани датуми на парафирање на договорите, отуѓено земјиште за 20 илјади евра, а чија пазарна вредност е проценета некаде до четири милиони евра“.Постапка за раскинување на купопродажниот договор има поднесено и Општина Охрид. 

Македонија | пред 6 години

oliver-spasovski

Седницата за интерпелација на Спасовски- одложена

Расправата за интерпелација на министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски поднесена од пратениците од опозицијата ќе биде закажана дополнително во координација со министерот и координаторите на пратеничките групи, најави претседателот на  Собранието Талат Џафери на денешното продолжение на 86. седница.Претседателот на законодавниот дом, Талат Џафери, рече дека поради тоа што во Собранието денес се закажани на неколку комисии, интерпелацијата ќе се одложи за друг ден кога ќе одлучат на координативен состанок пратеничките групи.Дваесет и седум пратеници од опозициската ВМРО-ДПМНЕ поднесоа интерпелација против Спасовски поради поради тоа, како што се вели во интерпелацијата, министерот ја извршува крајно несовесно, нестручно, селективно и по насока на врвот на неговата политичка партија, а спротивно на Уставот и законите.

Македонија | пред 6 години

Нема фотографија

Регулаторна одлучи, поскапуваат горивата

Регулаторната комисија за енергетика ги определи новите цени на нафтените деривати и тие се зголемуваат во просек за 2,24%.Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се зголемуваат за 2,00 ден/лит, во однос на цените утврдени со Одлуката од 18.02.2019 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 64,50 ден/лит, додека малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 66,50 ден/лит.Малопродажните цени на дизелот ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), се зголемуваат за 1,00 ден/лит, во однос на цените утврдени со Одлуката од 18.02.2019 година и со тоа малопродажната цена на дизелот ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 61,00 ден/лит, додека малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) изнесува 49,50 ден/лит.Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се зголемува за 0,619 ден/кг во однос на цената утврдена со Одлуката од 18.02.2019 година и со тоа цената на мазутот М-1 НС изнесува 32,847 ден/кг 

Македонија | пред 6 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања