ГЛАВНИ-ВЕСТИ

pozar

Обвинение за двајцата кои опожарија семејна куќа со ресторан во скопско Дебар маало

Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен акт против две лица за кривично дело – Тешки дела против општата сигурност од чл. 292 ст.1 во врска со чл.288 ст.1 и во врска со чл.22 од Кривичниот законик.По сеопфатна истражна постапка, надлежниот јавен обвинител утврди дека обвинетите како соизвршители на 26.11.2018 година со пожар предизвикале значителна опасност по животот на еден оштетен и неговото најблиско семејство, како и поголема имотна штета на објектот – индивидуална станбена куќа и ресторан во сопственост на оштетениот.Обвинетите набавиле едно шише запаллива течност. Потоа едниот обвинет чувал стража, додека другиот со течноста го полеал внатрешниот дел од оградата на терасата на ресторанот и го запалил. Пожарот за многу кратко време се проширил од ресторанот до вториот кат на објектот, каде што престојувало семејството на сопственикот.Обвинителството ценеше дека се уште постојат околности кои го оправдуваат изрекувањето на мерката куќен притвор, па од тие причини заедно со Обвинителниот акт до Основниот суд Скопје 1 Скопје достави и предлог за продолжување на мерката – куќен притвор за двајцата обвинети.

пред 6 години

prognoza-04.02

Времето денеска сончево, температурата во постепен пораст

Стабилно и суво време со мала до умерена локална облачнист и со слаб до умерен ветер, претежно од југозападен правец. Температурата на воздухот ќе биде во постепен пораст.Во наредните денови следува период на стабилно и суво време со мала до умерена локална облачнист и со слаб до умерен ветер, претежно од југозападен правец. Температурата на воздухот ќе биде во постепен пораст.

Македонија | пред 6 години

ojo-1

Отворена истрага против едно лице за убиството во Тетово

Основното јавно обвинителство Тетово донесе Наредба за спроведување на истражна постапка против едно лице за сторени кривични дела – Убиство од член 123 став 1 од Кривичниот законик и Недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи од член 396 став 1 од Кривичниот законик.Осомничениот синоќа во објект на ул. 29 Ноември во Тетово лишил од живот едно лице. Убиството се случило откако на маса во објектот заедно седеле пет лица, консумирајќи алкохол. Во еден момент, сторителот извадил пиштол, го репетирал и испукал проектил во едно од лицата. При тоа му нанел смртоносни повреди од кои оштетеното лице починало на лице место. Останатите три лица кои беа задржани во полициска станица непосредно по инцидентот, се сведоци на настанот.Ценејќи дека се исполнети законските основи, надлежниот јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Тетово до судијата на претходна постапка достави Предлог за определување мерка притвор на осомниченото лице. Судијата од Основниот суд во Тетово го прифати ваквиот предлог и на осомничениот му определи мерка притвор во траење од 30 дена.

пред 6 години

dui

ДУИ одлучи да учествува на локалните избори во Дебар и Охрид, но и да го подржи Пендаровски

Централниот совет на Демократската унија за интеграција на денешната седница во Тетово едногласно донесе одлука за учество на локалните избори во Дебар и Охрид, а исто така, едногласно го поддржа аконцептот на заедничкиот консензуален кандидат и кандидатурата на Стево Пендаровски за претседател на државата.Денеска во партиското седиште во мала Речица беше едногласно одлучено, изборниот штаб на ДУИ за претседателските избори да го предводи потпретсесателот на партијата Изет Меџити.

Македонија | пред 6 години

Нема фотографија

Мицкоски: Заевизмот мора да биде поразен, а изборите што доаѓаат ќе бидат референдум на народот

Ние знаеме дека сме на вистинската страна, на страната на народот, правдата, и  на страната на Македонија. И таа наша определба бара и одредена пожртвуваност која знам дека секој еден вас ја носи на своите плеќи, особено во ова време кога правдата е нападната од неправда, кога вистината се обидуваат да ја заменат со лагата и кога сакаат да ни ја украдат иднината.  Кога традициите сакаат да ги одвојат од семејството.  Кога вредностите се игнорираат, а авангардата се потиснува, истакна Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, г. Христијан Мицкоски,од 18-тата Годишна конференција на УЖ на ВМРО-ДПМНЕ.Во продолжение претседателот на ВМРО ДПМНЕ додаде: Но има и светло на крајот од  хоризонтот. 18 години по ред Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ останува јадрото кое ја симболизира таа македонска пркост, топлина, мајчинство кое обврзува, но и бунтовност пред која заеднички се поклонуваме. Македонската жена е неминовен учесник во сите големи настани во нашата историја, таа е големата мајка и хероина која се бори за правдините.Положбата на жената не е еднаш засекогаш дадено право, туку константа за која мора да се борите, унапредувате, освојувате. Во оваа наша заедничка борба Вие почитувани членки на Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ сте рамноправниот партнер и ја имате сета  моја почит. Вашата борба е и моја борба, вашата победа ќе биде заедничка победа. Сите за еден еден за сите, рече Мицкоски.Тој додаде:Во земјата не владеат законите, во Македонија нема повеќе владеење на правото, а судството и обвинителството одамна не се механизмите кои што  ќе ја заштитат правдата. Случаите со тепањето на Миле и Спиро во затворот не е само податок кој докажува дека се прекршени процедурите и правилата во затворот, туку пред се тоа е последица на урнисаниот систем, неморал и доказ за невиден организиран прогон кој продолжува и во пресрет на претседателските избори.Дури и во еден ваков толку јасен случај на неправда оставката на оној затворски управник која треба да послужи за алиби ќе почека. Доставил господинот список  на потписи во знак на  негова поддршка до деспотот .  Се кршат процедури во Собранието, се носат закони кои може да донесат само бизнис интерес за поединци, а ненадлежното СЈО ќе отвори онолку нови случаи колку ќе сметаат дека се доволни за да може да се пазари со цел да си го продолжи мандатот, зошто за нив привилегиите се далеку поважни од правото и правдината  која треба да се постигне. За пусти пари се работело и за ништо друго.Таквиот процес во чија суштина се критериумите кажувам – негирам - заборавам практично говори за сите ветувања кои ги кажа, а не ги исполни.Далеку сме од плата од 500 евра, нема ниту живот, ниту чист воздух,нема реформи во образованието, нема реформи во здравството, го нема клиничкиот центар, се шета низ Европа ги гази дебелите килими и  ги нуди те на овој те на оној  а економијата колабира. Граѓаните се чувствуваат несигурно. Се изгуби редот на нештата. Македонија не е нормално место за живеење.Мицкоски се обрати и до како што кажа оние кои се мислат дали да излезат да гласат:Значи не до оние уценетите слуги на Заев кои работат на копче, тие знам дека имаат задача и таму бизнис и притисоци се во прашање, тие се заробениците на Заев и такви има се помалку, туку на оние чесни родољубиви луѓе, интелектуалци и искрени патриоти кои се разочарани од секојдневието, а на кои Македонија им е важна. Имаме ист противник, Заевизмот е наш противник исто колку што е и ваш. Но, Македонија ни е заедничка. А бојкотот е слепа еднонасочна улица после која нема втор чекор. Тоа е ѕидот на власта. Нема втора опција и решение. Затоа да си подадеме рака и да ја искористиме неповторливата шанса да го поразиме Заевизмот на избори и само така ќе можеме повторно да ја издигнеме Македонија. Да застанеме заедно под бајракот на заедничката победа, ве поканувам сите.И знам дека има некој кој што ќе рече дека еве од втор пат му успеа на Заев, ете тој стана премиер, иако реалноста е дека не победи на парламентарните избори. Јас би рекол не дај Боже да се дозволи втор Заев овој пат на функцијата претседател на држава, затоа што отиде Македонија. Овие двајца политичари кои се провлекуваат низ сета темнина на транзицијата и сите штетни политики овие дваесетина години, се многу слични навистина. Едниот еве гледаме  се занимава со фалсикување избори, а вториот како претседател на ДИК аминуваше фалсификат на изборите 2004-та година. Значи едниот актуелен, а другиот со искуство. Нивното напред кое гледам како мото го применуваат всушност значи многу назад.Македонија е исправена пред голема крстосница и цврсто верувам дека ќе се избере вистинскиот пат. На Македонија и треба претседателка. Дојде тоа време кога ваква цврста жена како професорката Силјаноска ќе ја штити правдата и интересите на државата. Претседателка која ќе се стави на страната правото и правдата, која ќе се бори за законите во рамки на Уставот, која ќе гради дипломатија базирана на компетенции.Претседателка која ќе биде баланс на властите, ќе се бори за еколошките прашања, за подобро здравство, за светско образование. Ќе работи на укинување на привилегиите на власта. Без разлика што ние многу скоро ќе бидеме на власт, привилегиите мора да се намалат. Претседателка која ќе биде вашиот глас во политиката, рече во дел од својот говор Мицкоски.

Македонија | пред 6 години

DSC_5428

Пендаровски: Посебно ми е е драго што зад мене застануваат и три политички партии на етничките Албанците кои се дел од владата

Сакам најискрено, да ви се заблагодарам на изборот кој го направивте денеска. За мене претставува огромна чест што сум поддржан од 31 политичка партија, од претставници на сите етнички заедници, но и претставници на многу наши граѓани кои воопшто не се членови на политички партии, а на кои, нашата Македонија им лежи на срцето, истакна Стево Пендаровски, кандидат за претседател на Република Северна Македонија.Пандарвски додаде: Посебна благодарност сакам да изразам до политичката структура, до СДСМ и лично до премиерот Заев, кои направија политички потег без преседан, по пет години да ми дадат шанса повторно да влезам во трката за претседател, откако во 2014-та, сите ние, бевме предмет на брутален изборен инжинеринг.Чувствувам во оваа ситуација, во овој момент, посебна одговорност, јавно, да им се заблагодарам на останатите кандидати за начинот на кој се презентираа себе си во изминатиот период, максимално достоинствено, без потценувањена останатите и без да го разнишаат,ниту за милиметар, политичкиот проект со историски пропорции, за кој се бориме заедно, со години.И Радмила, и Оливер, и Никола, се прво мои пријатели со години, а дури потоа соборци за истата кауза. Апсолутно сум убеден дека тоа така и ќе остане и кога никој од нас повеќе нема да биде во политиката.Посебно ми е е драго што за прв пат во независна Македонија, пред избори, зад мојата кандидатура застануваат и три политички партии на етничките Албанците кои се дел од владата, а и оние во опозиција, иако ќе одат со свој кандидат, немаат приговор за моите ставови за меѓуетничката толеранција и улогата и местото кое Албанците мораат да го имаат во заедничката држава.Денес, мене, вие ми дадовте голема политичка одговорност, која во месеците и годините што се пред нас имам намера да ја оправдам во целост, во интерес на подобриот и посреќен живот на сите наши граѓани. Денес сме 5 години постари, (особено некои од нас), но, ве уверувам дека ја имаме истата страст и енергија како и во 2014-та, да покажеме дека во овие турбулентни времиња, на овој дел од Балканот, токму оваа политичка опција и токму овие луѓе најдобро го разбираат историскиот контекст и сакаат, конечно, да го заокружат проектот на интегрирана, демократска и мултиетничка Република Северна Македонија.На 21 април и на 5 мај нема да се решава за нечија политичка кариера, тоа ќе биде најмалку битно. Далеку поважно е да покажеме дека во една мултиетничка држава на Балканот е возможно, луѓе од различни етникуми да се обединат зад исти цели – членство во евроатлантските интеграции, закони кои ги унапредуваат правата на граѓаните, и политички претставници кои ги надминуваат и поминуваат вековните етнички линии на поделба, истакна Стево Пендаровски, кандидат за претседател на Република Северна Македонија .

Македонија | пред 6 години

Нема фотографија

Силјановска Давкова: Не смее политиката да биде во рацете на неколкумина

Кандидатот за претседател на Република Македонија, г-ѓа. Гордана Силјановска Давкова денеска присуствуваше на Конференција на УЖ на ВМРО-ДПМНЕ, каде што се обрати до сите и им се заблагодари на поканата велејќи дека никогаш не присуствувала на толку голем собир, не е навикната да говори на толку многу граѓани но ќе се обиде.Македонија е во женски род, не случајно. Сите ние сме растеле, сме се радувале и сме тажеле со песни, со ора, со фолклор. Во нив умирале, се мажеле за Македонија, се женеле за Македонија. Мечтаеле за Македонија. Сонувале за Македонија. И политиката е именка од женски род. Понекогаш да ги заведам студентите се обидувам драмски да настапувам велејќи им дека политиката некогаш била уметност на можното, а за бракот пак викам, да бидам искрена бидејќи тоа е заедница за што вреди да се живее, дека е уметност на неможното, нагласи г-ѓа Силјановска Давкова.Посочувајќи дека и обично на свадбите кога им подарува нешто, тоа е најчесто книги, го пишува ова и вели дека вреди да се проба и во првата уметност и втората уметност. Особено во вторава.Јас бев во политиката едно кусо време и мислев дека тоа не е мојот свет. Меѓутоа политиката почна да го креира нашиот живот и кога зборуваме за добри политики тогаш и имаме добар живот. Но се случија нешта кои наместо уметност на можното покажаа дека политиката може да биде на некаков начин земена, украдена, окупирана од многу мал број на луѓе кои мислат дека знаат се, дека политиката е нивна. Дека политичкото е нивно обележје.А, кога нема критика, не може да има добра политика. Значи не смее политиката да биде во рацете на неколкумина, не смее политиката да биде само една страна, а да нема критичка димензија, појасни г-ѓа. Силјановска Давкова.Цитирајќи еден британски лорд – „Политиката може да расипе, политиката може да корумпира, апсолутната политика апсолутно расипува и корумпира“.При што се осврна дека Преспанскиот договор е штетен за Македонија, македонскиот идентитет не треба да се загрозува, бидејќи ние сме македонски народ и тоа е факт, кој не може никој да го спори.Во своето обраќање г-ѓа. Силјановска Давкова запраша во салата колкумина познаваме кои го смениле името, односно под притисок. А, тоа се нашите прадедовци, прабаби морале во своите презимиња да интервенираат ама тоа не успеало, не може да се оди против природата. Бидејќи името мора и е вкоренето во нас и во историјата, во иднината. Во поновата историја успеа еден да направи нешто што никогаш досега не направил, да го редизајнира идентитетот на сите идни генерации, но и на минатите, историскиот и политичкиот и културниот наратив.На самиот крај од својот говор г-ѓа. Гордана Силјановска Давкова посочи дека е време Република Македонија да ја добие својата прва жена претседателка.

Македонија | пред 6 години

DSC_5015

(ВИДЕО) Заев: Новиот претседател на нашата земја е Стево Пендаровски

Стево Пендаровски е идниот претседател на Република Северна Македонија, тој е нашиот предлог и уверени сме во победа, рече премиерот и лидер на СДСМ Зоран Заев на денешниот 23 конгрес на партијата.Пред присутните се обрати престедтелот на СДСМ Зоран Заев кој меѓу другото истакна:„Земја на еднакви граѓани, едно општество за сите. Овие наши вредности, во заедница со силна демократска матрица и култура, го формираат нашиот морален компас за градење прогресивно општество по мерката на модерните европски демократии. Од тие принципи и мерила изникнува и нашиот заеднички канидадат за претседател – Идниот претседател на Република Северна Македонија – Нашиот другар, пријател, претседател за сите – Стево Пендаровски!Стево е нашиот предлог. Уверени сме дека тој е нашиот избор за победа. Новиот претседател на нашата земја е Стево Пендаровски. Се обединивме околу идејата за заеднички кандидат за поддршка од огромно победничко мнозинство од граѓаните. За прв пат, имаме историски политички пресврт во нашата земја, Македонци, Албанци, Турци, Роми, Срби, Власи, Бошњаци и сите други – застануваме ЗАЕДНО за да и обезбедиме на нашата земја претседател за сите наши граѓани. Ќе одиме ЗАЕДНО низ целата наша земја, да го поддржиме Стево - од Струга до Паланка, од Тетово до Гевгелија, вдолж и попреку низ сите градови, села и населби на нашата убава земја. Стево Пендаровски е нашиот иден претседател на Република Северна Македонија. Одиме ЗАЕДНО бидејќи знаеме дека на Македонија и е потребен Претседател кој со високо чувство на одговорност, динамично и посветено ќе нуди решенија и ќе се приклучи во поддршка на нашата брза трака која земјата ја носи напред – кон сигурно иднина во во НАТО и ЕУ.Стево Пендаровски е потврда на концептот едно општество за сите во напредна, евро-атлантска Република Северна Македонија. Знам дека, како Претседател на сите граѓани на нашата земја, својата сила ќе ја влече и од сите наши граѓани, а не само од оние што ќе го дадат својот глас за неговата победа.Победата на Стево Пендаровски на претстојните избори ќе биде уште една победа на нашиот заеднички пат, истакна Заев.Заев покрај за кандидатот за престедател зборуваше и за целите на партијата за следниот период. Тој рече:„Нашата земја е пријател со сите свои соседи, целиот свет, со сите земји и меѓународни организации зборуваат во суперлативи во Северна Македонија. Во нашиот парламент ги разбивме сите дилеми и потврдивме дека заедно ја движиме нашата земја во иднината што сите ја посакуваме: Признаена и ценета држава, земја членка на европското семејство и членка на НАТО. Не прифатија како Mакедонци, со свој идентитет и своја гордост. Како земја во чиј идентитет се вградени и идентитетите и на сите нејзини граѓани, Албанци, Турци, Роми, Срби, Власи, Бошњаци, и сите други кои што живеат во нашата земја. Заедно со нашиот пријател, прво Република Бугарија, а потоа и со Република Грција, ги отфрливме изолацијата и недоразбирањата. Презедовме одговорност, и покажавме капацитети да решаваме, а не да одлагаме и да профитираме на штета на интересите на граѓаните и на стратешките цели на државата. Граѓаните избраа иднина, просперитет, НАТО и ЕУ. Почитувани сопартијци, почитувани претставници на коалицијата, Нема запирање, нема здивнување, нема веќе пречки. Сега е време за нови потфати. Целото наше внимание сега го насочуваме кон домашните прашања. Сега само од нас дома тоа зависи, се што досега направивме беше да ги тргнеме настрана сите надворешни предуслови за да го донесеме дома во нашата земја животот, достоинствен за живеење тука, во нашата Република Северна Македонија, истакна Заев.Влегуваме во сериозни економски и реформски иницијативи кои се на нашата приоритетна агенда за 2019 година, реча заев и додаде: :Сега, кога ја обезбедивме нашата безбедност и стабилност како земја членка на НАТО, продолжуваме да ги убедуваме сите инвеститори дека имаат земја партнер и пријателска средина за бизнис и за нови работни места за нашите граѓани. Многу инвеститори го чекаа исходот од преговорите со Грција за да донесат одлука.Имаме силни аргументи дека сме на вистинскиот пат, дека нашите економски политики даваат резултати. Историски резултати! Минатата година ја завршивме со рекордна вредност на странските директни инвестиции од 624,5 милиони евра. Тоа е речиси двојно повеќе од вредноста на инвестициите во 2017, или за 82 отсто повеќе од инвестициите на нашите претходници во нивната најдобра година, во 2011, или повеќе од 2012, 2013, 2014 година.Ние за 20 месеци обезбедивме 18 одделни странски инвестиции, за разлика од тоталот од 23 за сите претходни 10 години. Дополнително нови 30-тина инвестиции имаме надвор од тир зоните.Во 2018 година над 250 домашни компании добија финансиска поддршка преку Планот за економски раст, во 2019 очекувам тој број на компании да се зголеми, потенцираше претседателот на СДСМ .Инаку конгресот на СДСМ се одржива во хотелот Александар Палас. Право на глас имаат 783 делегати.

пред 6 години

lagadin-najnovo

в.д Градоначалникот Георгиевски потпишал решение за ништовност на одобрението за градба на хотелот во Лагадин

В.д Градоначалникот Константин Георгиевски на 25.02.2019 потпишал решение за ништовност на одобрението за градба на спорниот хотел во Лагадин.Околку градбата на овој хотел веќе подолг период се крева голема галама. Спствениците упорно си градат, а невлдините и граѓаните се бунат. Последно на 02 февруари на трибина во Охрид Бизнисменот Никола Толески инаку познат во јавноста како инвеститор во објектот во Лагадин, против кој реагираа и се организираа протести , се обрати со прашање до премиерот за неговиот проблем. Премиерот Заев му одговори: Неколку пати Транспорт и врски носи позитивна одлука. Разговарав со покоен Јован, сега со другите. Премиерот интервенира оти правото е на ваша страна, министерот интервенира оти правото е на ваша страна.Но, не е баш се така. Имаено против изградбата на хотелот, која е надвор од сите прописи за заштита на животната средина, се кренаа бројни здруженија во Охрид, а и самите жители на населбата и во повеќе наврати, во знак на револт, го блокираа патот Охрид-Пештани-Свети Наум.На 9 март минатата година, Државниот инспекторат за градежништво и урбанизам побара од Општина Охрид да го поништи издаденото одобрение за градење. Барањето дојде по заеднички инспекциски надзор на Државниот инспекторат за градежништво и урбанизам, Државниот инспекторат за животна средина и Управата за заштита на културно наследство направен во Секторот за урбанизам во Општина Охрид и на градилиштето за незаконскиот хотел во Лагадин во јануари минатата година.Инвеститорот се жалеше на одлуката, а Второстепената комисија му ја уважи жалбата и го врати предметот на повторно одлучување во Општина Охрид, за во јуни да продолжи изградбата на хотелот и покрај укажувањата од Државниот инспекторат за градежништво и урбанизам дека нема никакво важечко одобрение.Изградбата на хотелот прекршува вкупно 12 закони, 1 подзаконски акт и не е во согласност со Уставот на Република Македонија. Дополнително, Инспекторатот за животна средина потврди дека градбата се наоѓа во заштитените 50 метри од брегот на езерото во кои не се дозволени објекти од цврста градба.И покрај битката против хотелот на охриѓани, инвеститорот изгради четири ката.

Македонија | пред 6 години

svr-ohrid

Работник паднал додека работел на хотелот во Лагадин

На 02 март оваа година, околу 16 часот и 50 минути, во полициската станица во Охрид, од болницата „Св.Еразмо“ било пријавено дека кај нив бил донесен П. М. (56) од Охрид.„Тој имал тешки телесни повреди здобиени при пад од висина при градежни активности во хотел во населбата Лагадин-Охрид. Поради сериозноста на повредите, П.М бил пренесен во Клинички центар -Скопје. Полициски службеници излегле на местото на настанот, известен е Јавен обвинител и се работи на расчистување на случајот“, вели портапролот на СВР Охрид Стефан Димовски. 

Македонија | пред 6 години

gorgi-

Претседателот на ОК ВМРО ДПМНЕ од Вевчани доби закани по живот

Ѓорѓи Влајнкиноски, претседател на ОК ВМРО ДПМНЕ од Вевчани, утрово добил закани по живот, но и по животите на членовите на неговото потесно семејство.Во статусот кој утрово го објави Влајнкиноски пишува:„Утрово добив телефонски повик од лицето Жарко Лешоски, член на Централниот одбор на СДСМ и директор на ООУ "Страшо Пинџур" Вевчани. Добив сериозни закани по животов мој, по животите на членовите на моето семејство и по животите на членовите на ОК на ВМРО-ДПМНЕ Вевчани. Ми рече дека ќе ме убиел, ќе ми ја запален куќата, и ќе ја запалел зградата на комитетот со сѐ сите ВМРО-вци. Јас оваа закана ја пријавив во полиција. Утре ќе ги известам и просветниот инспекторат и Министерството за образование“, напиша на својот фејсбук профил, претседателот на ОК ВМРО ДПМНЕ Ѓорѓи Влајнкиноски.Во телефонски разговор Влајнкиноски ни кажа дека предмалку и синот од Лешоски му се заканувал исто така на телефон. Тој вели дека разговорите се снимени во целост. 

Македонија | пред 6 години

Нема фотографија

Детали за убиството во Тетово

На 2.3.2019 околу 23:50 часот пријавено е дека во угостителски објект на улица „29 Ноември“ во Тетово, Л.Д. (46) од Тетово пукал во А.А. ( 46 ) од Тетово, со кого претходно, заедно со уште неколку лица седеле на една од масите и консумирале алкохол, и му нанел смртоносна повреда. Л.Д. сам се пријавил во Полициската станица Тетово, а во врска со случајот лишени се од слобода уште две лица М.А. (31) од Тетово и Л.Р. (37) од с.Лисец, а едно само се пријавило.По наредба на јавен обвинител, телото на А.А. е дадено на обдукција и се работи на целосно документирање на случајот. 

Македонија | пред 6 години

pistol-vperen

Убиство во Тетово - Жртвата е средовечен маж

Едно лице е убиено синоќа во Тетово. Жртвата е средовечен маж.Надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Тетово заедно со увидни екипи од Министерството за внатрешни работи до раните утрински часови вршеа увид на лице место во објект на ул. 29 Ноември во Тетово, каде синоќа околу 23:50 часот едно лице беше лишено од живот.Обвинителот издаде наредби за прибирање на траги од лице место и нивно вештачење, како и за вештачење на чаурата најдена на местото на настанот. Издадена е и наредба за вршење на обдукција над починатото лице. Извршено е фотографирање и скицирање, како и други дејствија во насока на расчистување на кривично правниот настан.Убиството се случило откако на маса во објектот заедно седеле пет лица, косумирајќи алкохол. Во еден момент, сторителот извадил пиштол, го репетирал и испукал проектил во едно од лицата. При тоа му нанел смртоносни повреди од кои оштетеното лице починало на лице место.По стореното кривично дело групата се дала во бегство, за подоцна двајца да бидат лишени од слобода од страна на полицијата, а другите двајца, меѓу кои и сторителот, сами се пријавиле во полициска станица.

Македонија | пред 6 години

nova_vlada_g111

СДСМ денес ќе го одржи 23-от партиски конгрес

Социјалдемократскиот сојуз на Македонија денеска ќе го одржи 23-от партиски конгрес на кој партијата треба да го потврди Стево Пендаровски за кандидат за претседател на државата на претстојните избори.На отворањето на Конгресот е предвидено е обраќање на премиерот и лидер на СДСМ Зоран Заев, додека работниот дел ќе биде затворен за јавноста. На крајот на конгресот, кој повторно ќе биде отворен, ќе се обрати избраниот кандидат за претседател на државата.Стево Пендаровски доби поддршка да биде заеднички претседателски кандидат на 31-на политичка партија од коалицијата предводена од СДСМ, владината коалиција исите поддржувачи на концептот за заеднички кандидат за претседател на државата.Поддршката беше изразена на средба во петокот вечерта во Скопје по која премиерот Зоран Заев оцени дека ова е историска одлука и дека 31-на политичка партија заедно се обединија и покажаа дека националните се над партиските интереси.

Македонија | пред 6 години

zooBazar

Хуманитарен базар за бездомните животни денес во ЗОО-Скопје

Во Зоолошката градина во Скопје денес од 12 до 15 часот ќе бидат поставени кутии за донации, а на влезот ќе има Зоо базар, каде што ќе бидат поставени штандови со сувенири, привезоци, маички со животински принт.„Сите собрани средства од штандовите, ќе бидат наменети за спасување на животот на многу крзнени пријателчиња. Во оваа благородна акција учествуваат и голем дел граѓански активисти и здруженија за заштита на животните кои несебично секојдневно помагаат на бездомните животни. Да ги научиме најмалите за љубовта кон животните, емпатијата и помагањето на послабиот, а сепак најискрен човеков пријател“, велат од ЗОО Скопје.

Скопје | пред 6 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања