ВО ЖИВО

Претрес: Од бранител до затвореник – Трајковски за притисоците, 27 април и системот што крши луѓе

ГЛАВНИ-ВЕСТИ

Нема фотографија

Уапсени четири лица поради вчерашното убиство во Тетово

Надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Тетово заедно со увидни екипи од Министерството за внатрешни работи до раните утрински часови вршеа увид на лице место во објект на ул. 29 Ноември во Тетово, каде синоќа околу 23.50 часот едно лице беше лишено од живот.Обвинителот издаде наредби за прибирање на траги од лице место и нивно вештачење, како и за вештачење на чаурата најдена на местото на настанот. Издадена е и наредба за вршење на обдукција над починатото лице. Извршено е фотографирање и скицирање, како и други дејствија во насока на расчистување на кривично правниот настан.Убиството се случило откако на маса во објектот заедно седеле пет лица, косумирајќи алкохол. Во еден момент, сторителот извадил пиштол, го репетирал и испукал проектил во едно од лицата. При тоа му нанел смртоносни повреди од кои оштетеното лице починало на лице место. По стореното кривично дело групата се дала во бегство, за подоцна двајца да бидат лишени од слобода од страна на полицијата, а другите двајца, меѓу кои и сторителот, сами се пријавиле во полициска станица.

Македонија | пред 6 години

amdi-bajram-12

(ВИДЕО) Амди Бајрам пред 5 години: Стево Пендаровски киселиот купус го лапнавме како сарма во Шутка

Кандидатот за претседател од Сојузот на Ромите, Амди Бајрам се откажа од претседателската трка и ја дава својата подршка на заедничкиот кандидат на СДСМ и коалицијата и ДУИ, Стево Пендаровски.Но, пред 5 години, Бајрам не мислеше така. На претходните претседателски избори тој жестоко го напаѓаше Стево Пендаровски.На митинг Бајрам, за Пендаровски рече:-Стево Пендаровски киселиот купус го лапнавме како сарма во Шутка. Ќе го нема на вториот круг, со 120.000 гласа во Македонија го победивме, тоа со нашиот претседател за Ѓорге Иванов кој гласавме, рече Бајрам на митинг во Гевгелија за време на кампањата за претходните претседателски избори.https://www.facebook.com/iNFOMAX.mk/videos/1982405558523894/

Македонија | пред 6 години

vladin-avion

Тунтев: На Владата и треба нов авион - Не може авион со 7 седишта да биде авион на Влада

Искусен политичар, уште поискусен воздухопловец, Томислав Тунтев, по само два месеца на челната позиција на регулаторното тело, вели дека ќе направи пријателска атмосфера на соработка меѓу Агенцијата за цивилно воздухопловство и институциите што ги контролира. И најавува дека е време за купување на нов државен авион затоа што времето на „лирџетот“ што го имаме му е „истечено“ , барем за ВИП-летови, објави независен.мк.Независен: Што се случува со владината авиослужба, немаше доволно екипаж? Кога сте ја контролирале последен пат?Тунтев: Ние ги контролираме и воздухопловот и екипажот. Во овој момент се ангажирани двајца нови пилоти, кои се во фаза на добивање дозвола за конкретниот тип авион, сега се вкупно 6.Наше мислење или препорака е сериозно да се размислува за набавка на нов авион. Актуелниот државен авион е со стара технологија, земен многу одамна, не е земен нов, туку репариран. Технологијата што ја има дозволува слетување само на аеродроми од прва категорија, а денешните аеродроми нудат можност и за слетување во полоши услови. Затоа во случаи на магла или неповолни метеоуслови, авионот оди на околните аеродроми. Од безбедносен аспект ќе биде многу подобро. Не може авион со 7 седишта да биде авион на Влада. Треба да има минимум 15 седишта.Текстот во целост на Независен.мк

Македонија | пред 6 години

pino

Мајката на Пино: Господине Спасовски, не ни се исчезнати мачињата туку нашите најмили

83 дена нема ни трага ниту глас од 26 годишниот Пино Секондо, а Арбен Асалан исчезна на кон крајот на месец јануари. Родителите на исчезнатите деца на нов протест бараат одговор од полицијата. Тие заедно со роднини и пријатели повторно излегоа на протест пред Собранието и ги повикаа институциите да им помогнат да ги најдат како што велат нивните најмили. До сега од МВР не добиле никакви информации за Пино, вели неговта мајка.-Денес е точно 83 како го нема Пино, на такви технологии нашите институции да не можат или не сакаат или немаат техника, изјави Маја Трпковска, мајка на Пино.Таа се обрати и до министерот Оливер Спасовски:-Господине Спасовски, не ни се исчезнати мачињата туку нашите најмили.Родителите и роднините на исчезнатите најавуваат протести и следната недела доколку МВР не излезе со некоја нова информација.Инаку според официјалната статистика на МВР во моментов во МВР се водат 132 лица за исчезнати.

Македонија | пред 6 години

vardar-1

Вардар со победа над европскиот првак ја заврши групната фаза

Вардар со триумф од 33-27 (16-13) ја заврши групната фаза од Лигата на шампионите. Во осмина-финалето Вардар ќе игра со шестопласираниот тим од Група Б, екипите на Мотор Запорожје или ППД Загреб.Даинис Кристопанс беше лидер во тимот на Вардар со седум гола, Игор Карачиќ реализира шест, Иван Чупиќ даде пет, по четири пати погодија Тимур Дибиров и Стојанче Стоилов. Листата на стрелци кај Монпелје ја предводеше Валентин Порт со пет погодоци, еден помалку од него постигнаа Фредрик Петерсон, Мелвин Ричардсон и Вид Кавтичник.

Спорт | пред 6 години

najnova-vest-skopje-1

Човек падна од градежен објект во Охрид - се транспортира за Скопје

Попладнево човек паднал од градежен објект во Охрид. Дозаваме дека најпрво бил однесен во болницата за ортопедија и трауматологија Св. Еразмо, но не бил задржан, туку итно се транспортира за Скопје.Наскоро повеќе...

Македонија | пред 6 години

DSC_2243-1

(ВИДЕО) Интензивирана е изградбата на првиот дел од пругата кон Бугарија, до крај на годината ќе биде завршена

Заменик претседателот на Владата на Република Северна Македонија задолжен за економски прашања, Кочо Анѓушев, министерот за транспорт и врски Горан Сугарески и директорот на ЈП МЖ-Инфраструктура, Ирфан Асани, денеска, извршија увид во изградба на првата фаза на пругата кон Република Бугарија, делницата Куманово – Бељаковце.Инвестициите во изградба на железничката мрежа во Република Северна Македонија се од особено значење за регионалното поврзување и економскиот развој на земјата, потенцираше вицепремиерот за економски прашања Анѓушев, кој додаде дека се надминати сите предизвици на оваа делница и интензивирана е изградбата на овој дел од пругата кон Бугарија.„Во моментот кога оваа Влада ја презема должноста изградени беа 23 проценти, тоа е направено во изминатите 15 години колку што оваа траса се спомнува. Сега, за оваа година и половина изградени се околу 42 проценти или со други зборови завршени се околу 70% од градежните активности.Оптимисти сме, мислам дека сериозно ги придвиживме работите за изградба на оваа траса, тоа може да се види и на терен од она што го гледаме. Јас сум лично задоволен од тоа што го гледам, сите подготвителни работи и работи во делот на документацијата се решени и сега не ни преостанува ништо друго освен интензивно да работиме на терен“, нагласи вицепремиерот Анѓушев.Тој дополни дека ова е првата од трите делници кон Бугарија, која што ја гради германската компанија Вибе и чини околу 40 милиони евра, средства од заем од ЕБОР.Во однос на втората делница од Бељаковце до Крива Паланка, вицепремиерот објасни дека тендерската постапка е во фаза на евалуација, и се очекува дека до крајот на годината ќе се заврши процесот. Втората фаза е со проценета вредност од околу 140 милиони евра, од кои 68 милиони евра се грант од ВБИФ, а остатокот е заем од ЕБОР.„Целата делница од Куманово до границата со Р. Бугарија ќе чини околу 580 милиони евра. Најмногу ќе чини последниот дел, бидејќи трасата се наоѓа во планините и тој ќе минува низ тунели, тој е делот од Крива Паланка до бугарска граница и предвиден е да чини 405 милиони евра. Веќе се обезбеди 60,8 милиони евра од ИПА програмата и за оваа делница“, заврши Анѓушев. Министерот за транспорт и врски, Горан Сугарески истакна дека градежните работи на оваа делница веќе се интензивираат на терен и се очекува некаде до средината на идната година првата фаза од пругата кон Бугарија да биде завршена. Во однос на делницата од Бељаковце до Крива Паланка, министерот Сугарески потенцираше дека до крај на оваа година ќе се избере фирма - Изведувач.„Ги интензивиравме градежните работи на оваа делница и според нашите очекувања пругата ќе биде завршена до средината на следната година со поставување на сите електрични уреди. Во меѓувреме тече евалуацијата на тендерската постапка за избор на Изведувач за втората фаза од Бељаковце до Крива Паланка. Документите се предадени до ЕБОР и некаде кон крајот на годината очекувам да имаме избрано фирма – Изведувач. Изградбата на вториот дел ќе започне од средината на 2020 година. Веќе информиравме дека се обезбедени пари за оваа делница и тоа 70 милиони евра неповратни средства од ЕУ и 70 милиони евра заем од ЕБОР. Нашата цел е да создадеме модерна и функционална железничка мрежа и да овозможиме нашата земја да остане клучен транзитен центар на Балканот“ изјави министерот за транспорт и врски, Горан Сугарески.Директорот на ЈП МЖ Инфраструктура, Ирфан Асани истакна дека најпроблематичните делови на пругата се завршени, останатиот дел од работите е процес за кој бара дополнителни технички зафати.„Мислам дека до 31 декември можеме да кажеме дека пругата е завршена. Се наоѓаме на местото Шупли Камен, некаде на средина од тие 30 километри меѓу Куманово и Бељаковце. Веќе 8 километри имаме нова пруга која е поставена и која може да се користи. Дел од нејзе веќе ја користиме за транспорт на репроматеријали до фабриката 11 Октомври, друг дел очекуваме да го решиме со надвозникот. Заедно со Владата планираме да го решиме и овој дел бидејќи тука има населени места, а истовремено поминува и Коридор 8 и Коридор 10, што е многу значајно место. Со Владата разговараме и за пругата Кичево-Лин, да бараме средства, бидејќи Коридор 8 без делот кон Република Албанија не е целосен. Идејата е да имаме алтернатива, согласно студијата тоа би значело 20 пара возови на ден”, изјави директорот на ЈП МЖ Инфраструктура, Ирфан Асани. 

Македонија | пред 6 години

ojo-1

Уште две лица во притвор за убиството во струшкото село Поум

Надлежниот јавен обвинител од Основното јавно обвинителство – Струга донесе Наредба за спроведување на истражна постапка за уште две лица поради постоење на основано сомневање дека сториле кривично дело Убиство од член 123 став 2 точка 3, а еден од осомничените и за кривично дело Недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи од член 396 од Кривичниот законик.Во текот на истрагата во врска со завчерашното убиство во струшкото село Поум, надлежниот јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струга во координација со Министерството за внатрешни работи дојде до нови сознанија што укажуваат дека осомничениот не го сторил делото сам. Имено, во извршувањето на убиството учествувале уште две лица кои се во роднинска врска со веќе осомниченото лице.Осомничените се лишени од слобода и јавниот обвинител ценејќи дека се исполнети законските основи ќе достави предлог за определување на мерката притвор за двете лица.

пред 6 години

mickoski-za-pendaroski

Мицкоски за кандидатот на СДСМ:Пендаровски претставува лик кој што е дел од мнозинството на Заевизмот

Лидерот на ВМРО ДПМНЕ, Христијан Мицкоски  го кажа својот став за кандидатот на СДСМ за претседател Стево Пендаровски. Мицкоски вели:Пендароски претставува лик кој што е дел од мнозинството на Заевизмот. Не очекувавме ништо порзлично да се случи, тоа е онаа традиционална матрица, која што ја пустошеше Македонија 27, 28 години.Нема што да додадеме нити позитивно да коментираме, со кандидатот на Зоран Заев. Тој си го одбра на деспотки начин кандидатот . Правеше една парада, едно реално шоу кандидатот, објавуваа конкурси, па луѓето се пријавуваа. Имше пријавување од општинските организации и други поднесоја кандидатура, но на крај пресече деспотот .Го донесе својот поданик па ќе видиме како ќе завши. Јас сум убеден во честитоста и убедитоста на македонскиот народ да му го дадат својот прв удар на Заевизмот. Јас сум сигурен дека тоа ќе се случи на 21 април, а на 5 ти мај Р Македонија ќе добие претседателка и таа ќе биде претседателка на сите граѓани на Р Макдонија, истакна Мицкоски.

Македонија | пред 6 години

zaev-za-kandidat

Лидер открива: Заев признал дека партиски вработиле 28.000 луѓе, вработувањата оделе преку општинските!

Економски Лидер објави ексклузивна приватна кореспонденција, помеѓу премиерот Зоран Заев и виден член на СДСМ – стигна. Во автентичноста на разговорот, кој ни беше презентиран лично од разочараниот член на владејачката партија, редакцијата успеа да се увери на лице место, затоа што ни беше покажан лично од него, на телефонот на кој истиот се одвива, објави Lider.com.mk.Потоа, откако се уверивме дека се работи за разговор кој се водел, а од другата страна е телефонскиот број на премиерот Заев, решивме да направиме слики од истиот и да и го презентираме на јавноста.Разговорот е воден во втората половина од минатата година, а се однесува на партиски вработувања. Нашиот свиркач, тогаш од премиерот побарал да биде вработен, на што премиерот му одговорил дека вработувањата во државен сектор одат преку Општинските организации на СДСМ.Во овој наврат, тој му пратил една разголена фотографија од личност за која тврди дека е блиска до генсекот на СДСМ, Александар Кирацовски, а била вработена во одредена државна институција. На ова Заев му вели дека треба да се засрами и дека партијата партиски вработила дури 28.000 луѓе.Текстот во Целост на lider.com.mk

Македонија | пред 6 години

najcevska

Најчевска: Ќе гласам за Пендаровски, но неќам “татко на нацијата”

„Меѓу Стево Пендаровски и Ирена Стефоска, јас секогаш би ја избрала Ирена Стефоска за кандидат за претседател. Не заради тоа што е жена, туку заради тоа што има карактеристики заради кои отскокнува од Стево.Меѓу Стево Пендаровски и Гордана Силјановска, јас секогаш би го избрала Стево Пендаровски за претседател. Не заради тоа што е маж, туку заради тоа што има карактеристики со кои отскокнува од Гордана.И дајте бре престанете со тоа флоскулата “Татко на нацијата“ затоа што почнува да ми се повраќа.Јас не сакам да изберам pater familias туку сакам да изберам управувач кој ќе одговори на обврските дадени во Уставот на државата и кој ќе биде одговорен пред граѓаните за исполнувањето на зададените задачи“, напиша Најчевска на Фејсбук.

Македонија | пред 6 години

Нема фотографија

Интервју со Џафери: Црногорските власти не се виновни за бегството на Груевски, со ВМРО-ДПМНЕ ја растуривме коалицијата бидејќи не беа храбри

Северна Македонија не може да ги обвинува институциите на Црна Гора за бегството на Никоа Груевски во Унгарија, бидејќи тој беше во тој момент за другите земји слободен човек, вели Талат Џафери, претседателот на македонското Собрание, за црногорски „Вијести“ по ратификувањето на пристапниот Протокол во црногорскиот парламент за членство на нашата земја во НАТО.За "Вијести" изјави дека клучот за крупни чекори кон Европската унија (ЕУ) и НАТО што е Северна Македонија ги направи во последно време е промената на власта, која претходно не сакала во процесот на интеграција и решавање на проблемите да тргне храбро и смело . Тој рече дека притисокот на Русија за приемот во НАТО не се чувствува во Северна Македонија, бидејќи, како што вели, тоа е завршена приказна."Не постои таков притисок и такво чувство дека некои ни прави притисок, бидејќи процесот е завршен, патот е отворен и бесмислено е да се зборува повеќе за притисок", рече Џафери.Како го коментирате фактот дека Никола Груевски во Унгарија, каде што побегна од издржување затворска казна низ Црна Гора? Дали мислите дека црногорските власти не се обиделе да го спречат, иако во тоа време не беше распишана потерница?- Ниту еден орган не може да сеобвини во смисла на спречување на бегството на Никола Груевски. Во формална смисла, тој бил слободна личност кога станува збор за други држави. Човек не може да бара одговорност од Црна Гора, бидејќи тој помина низ земјата како и секој друг граѓанин, не можеме да ги обвинуваме властите и институциите на Црна Гора, ниту на било која земјаВо случајот на Црна Гора, пред да се приклучи на тој сојуз, притисокот на Русија беше против пристапувањето. Дали е тоа случај и со Македонија, дали се чувствува ваков впечаток во вашата земја?- Не се чувствува притисок од таа страна, имајќи предвид дека постапката во врска со исполнувањето на предусловите за влез во НАТО е завршена, имаме промена на уставните амандмани и потпишувањето на ратификација од страна на Грција. Практично тоа го отвори патот за процесот на ратификација во земјите-членки. По тој повод, јас сум тука денес, Црна Гора ќе биде шестата земја која ќе го ратификува протоколот, имајќи предвид дека во хрватскиот парламент денеска ратификацијата беше првата точка на дневниот ред. Во зависност од земја до земја, постапките се различни и времетраењето на процесот на ратификација е различно. Се надеваме дека ова ќе биде завршено до крајот на годината и дека овој процес ќе биде заокружен на самитот на НАТО во Лондон. Нема таков притисок и нема такво чувство дека некои го врши, бидејќи процесот е завршен, патот е отворен и бесмислено е да се зборува повеќе за притисок.Црна Гора е еден од главните застапници за вашето членство во НАТО. Колку е корисна помошта на една мала земја во овој процес?- Географската големина не значи многу во овој процес и секоја поддршка е добредојдена. Ние немаме никакви импликации дека Црна Гора ќе го стори тоа. Потребна е поддршка од секој член, правата се еднакви и секој глас во НАТО е еднаков.Го решивте долгогодишниот спор со Грција, Северна Македонија може да се каже, има направено големи чекори во напредокот кон ЕУ, на раб на приклучување е кон НАТО. Дали мислите дека сето ова е резултат на клучните настани кои неодамна се случија во вашата земја и како последица на промена на долготрајниот режим?- Секако, речиси три децении, Северна Македонија работи на овој пат за пристапување во НАТО и во ЕУ. Ние бевме подготвени за членство во НАТО во Букурешт на самитот во 2008 година во пакетот со Албанија и Хрватска, но ние останавме надвор поради прашањето за името со Грција. Овие десет години ние работевме на процесот на помирување со своите соседи во преговорите, особено со Грција, како и усогласување со Бугарија.Со договорите со Бугарија во 2017 година и со Грција во 2018 година ги надминавме разликите и пречките и го отворивме патот до ЕУ и НАТО. На самитот на ЕУ во јуни минатата година и на самитот на НАТО, исто така, минатата година, добивме препораки за датум за преговори со ЕУ ​​оваа година, доколку има напредок во областите каде што се бара да работиме Во контекст на ЕУ, сега сме во скрининг процесот, кој треба да биде завршен до крајот на јули, и таму е предодреден пакет на закони од областа на безбедноста, владеењето на правото, медиумите и на државната служба. Првиот дел од реформските закони за безбедност завршија, сега сме во процесот на донесување закони од областа на владеењето на правото. Во Собранието пристигна и вториот пакет на законодавство за Управата за безбедност која станува нова агенција која се издвојува од Министерството за внатрешни работи и ќе биде под директна надлежност на ВладатаПресуден момент беше формирање на ново владејачко мнозинство?Во секој случај, бидејќи новата владејачкото мнозинство беше подготвена да влезе во преговарачкиот процес и усвојувањето на договорот со Бугарија и Грција, а со тоа интеграциите започнаа да одат напредСеверна Македонија важи за етнички и политички поделена држава, истото може да се каже и за Црна Гора. Можете ли да ја споредите оваа поделба во Црна Гора и Македонија?Не би рекол дека е поделена етнички и политички. Сигурно постои моќ и опозиција како во секоја демократска држава. Основниот постулат на поделба на власта на законодавна, извршна и судска власт, и нормално е дека општествата се мулти-партиски, постојат власт и опозицијата, односно постои група што работите ги гледа на еден начин и дека постои група која мисли дека треба да се размислува на друг начин, тоа е нормален процес во демократските општества. Во овој контекст, мислам дека сè е во ред, во смисла на различни мислења, така што повеќето граѓани решаваат на кој начин ќе се движи политиката и кои одлуки ќе бидат поддржани.Често се зборува за нестабилноста на Балканот, за враќањето во 1990-тите, за тензиите меѓу народите. Дали мислите дека во регионот можни се нови нестабилности, како оние од деведесеттите години?За разлика од 1990-тите, во 2019 година ситуацијата е сосема поинаква, имајќи предвид дека процесот се движеше напред во позитивна смисла. Балканот полека излегува од зоната која траеше со децении - дека Балканот е буре барут. На Балканот остануваат две точки кои треба да се решаваат билатерално, ова се односите меѓу Приштина и Белград и функционалниот статус на Босна и Херцеговина. Со тоа, Балканот ќе заврши со интегративниот процес.Колку на граѓаните во вашата земја им е тешко да се навикнат на новото име на државата? Колку името Северна Македонија е прифатено во општеството?Името се користи речиси две недели, не може да се каже дека е лесно да се помират и да се навикнат на новото име. Луѓето, како и да е, разбираат дека постои потреба од ново име. Исто така, ќе има отпор кон ова и ќе треба време и за луѓето и институциите да се навикнат на новото име.Долго сте биле во владата и коалицијата со ВМРО-ДПМНЕ. Зошто одлучивте да се преместите од една коалиција во друга?Кога во 2002 година се трансформиравме од Ослободителната војска во политичка партија, нашите главни програмски определби беа процесот на интеграција и на внатрешните и надворешно дејствување. Работевме напорно за да го постигнеме тоа.  Кога формиравме коалиција со ВМРО-ДПМНЕ во 2008 година, тие ветуваа дека овој процес ќе продолжи. Кога не добивме членство во НАТО, постоеше разочарување во институциите и заостанување во интеграцијата. ВМРО ДПМНЕ не сакаше да ги реши проблемите со Бугарија или Грција, и ова беше проблем. На изборите во 2016 година, по кризата со масовното прислушкување, коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ освои 51 места, а коалицијата на СДСМ освои 49 мандати. ДУИ доби 10 мандати и ние бевме клучна политичка сила која одлучи во која насока ќе оди земјата понатаму. Според Уставот, првиот мандат за формирање влада му припадна на Никола Груевски но во уставниот период не можевме да се усогласиме околу програмските прашања и стратешките определби.ВМРО-ДПМНЕ не прифати похрабро да влезе во преговарачкиот процес, што е една од причините зошто не формиравме коалиција. СДСМ се согласи дека процесот на преговори мора да е побрз. Бидејќи тоа е во интерес на Албанците што ги претставуваме, решивме да одиме во коалиција со СДСМ, по што ни се придружија  другите партии на етничките Албанци, и дојдовме до 67 места, од кои 62 се директно вклучени во владејачкото мнозинство

Македонија | пред 6 години

7-2

Димитров: Македонското малцинство во Грција е нивна работа!

Текстот на Би-Би-Си за постоењето на македонско малцинство во Грција е грчка „внатрешна работа и предмет на грчка дебата”, рече Никола Димитров кој гостувше на грчката телевизија СКАИ.-Живеев и го дишев Преспанскиот договор со месеци … понекогаш го гледам и во моите соништа. Така го гледам ченот 4 (3) од договорот, велејќи дека се согласуваме да не се мешаме во внатрешните работи на соседот. Текстот на БиБиСи и прашањата што ги покрена се нешто што се за грчкиот внатрешен политички дијалог, можеби тоа е прашање на меѓународните обврски, тоа треба да биде тема на грчка дебата- рече шефот на македонската дипломатија.

Македонија | пред 6 години

zaev-cipras

Ципрас: Ќе бидам првиот премиер на Грција кој ќе го посети Скопје

Грчкиот премиер Алексис Ципрас, за време на форумот во Делфи октри дека во следниот период има намера да присуствува во официјална посета на Скопје, со што ќе стане првиот премиер на нашиот јужен сосед кој ќе дојде во нашата земја.„Набргу ќе бидам првиот грчки премиер кој официјално ќе го посети Скопје, придружуван од бизнис делегација“, најави Ципрас, а пренесува МИА.„Дополнително ќе пристапиме кон основачки состанок на високиот совет за соработка меѓу Грција и Северна Македонија, со цел да ги истражиме начините за продлабочување на нашата соработка во области од заеднички интерес“, изјави премиерот на Грција.

Македонија | пред 6 години

sredba-hilton-1

Започна средбата на СДСМ со коалициските партнери, Заев формално ќе го предложи Пендаровски

Со задоцнување од двасетина минути започна средбата на владејачката СДСМ со коалициските партнери и ДУИ во скопски Хилтон. На оваа средба претседателот на СДСМ, Зоран Заев ќе го предложи Стево Пендаровски за заеднички претседателски кандидат.Се очекува и формално прифаќање на предлогот на СДСМ на состанокот кој е во тек меѓу коалиционите партнери од власта.Ова го потврди претседателот на СДСМ, Зоран Заев, кој рече дека Пендаровски ќе биде предложен за консензуален претседателски кандидат на Република Македонија.Заев ја очекува поддршката од сите коалициони партнери и додаде дека останатите фаворити за претседател на СДСМ го прифатиле Пендаровски како претседателски кандидат.

Скопје | пред 6 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања