ВО ЖИВО

Претрес: Од бранител до затвореник – Трајковски за притисоците, 27 април и системот што крши луѓе

ГЛАВНИ-ВЕСТИ

Нема фотографија

Пендаровски изгуби од Иванов, ќе победи ли против Силјановска?

Претседателските избори во Македонија 2019 се редовни, шести, претседателски избори кои ќе се одржат на 21-ви април.  СДСМ и ДУИ вечерва го обелоденија името на консензулниот кандидат кој ќе се бори за претседателската фотеља. Тоа е Стево Пендаровски, човкот кој во моментов е национален координатор за подготовка на земјава за членство во НАТО.Пендаровски е македонски политичар, професор и аналитичар. Тој е е доцент по меѓународна безбедност, надворешна политика и глобализација, на Факултетот за политички науки на Универзитетот Американ Колеџ Скопје.По завршувањето на високотo образование, е назначен за раководител на одделот аналитика во Министерството за внатрешни работи. Покрај тоа, три години паралелно е портпарол (заменик-министер за односи со јавност) во МВР.Од 2001 е назначен за шеф за национална безбедност и главен советник за надворешна политика во кабинетите на претседателите Борис Трајковски и Бранко Црвенковски. Во 2004 и 2005 година е шеф на Државната изборната комисија.Сега веќе кога се знаат кандидатите за претседател од поголемите партии, започнува освојувањето на симпатиите од електоратот.Главен против кандидат на Пендаровски, му е кандидатот од опозициската ВМРО ДПМНЕ Гордана Силјановска Давкова.Да се потсетиме, Пендаровски беше кандидат на СДСМ и на претходните избори во 2014 год. Тогаш за избор на претседател на Македонија се бореа четворица кандидати. По вториот круг победи кандидатот на ВМРО ДПМНЕ и дотогашен претседател на Македонија, Ѓорѓе Иванов.Во 2014 водство во првиот круг остварил Иванов со освоени 448.303 гласови односно 51,65%, додека второпласиран бил Пендаровски со 326.069 гласови или 37,57% од избирачите кои гласале. Во вториот круг се пласираа кандидатите Ѓорѓе Иванов и Стево Пендаровски. Победи кандидатот на ВМРО-ДПНМЕ Ѓорѓе Иванов со освоени 534.910 гласови наспроти кандидатот на СДСМ Стево Пендаровски со 398.077 гласови.На минатите претседателски избори ВМРО ДПМНЕ победи со над 136 000 гласови разлика.Како ќе биде годинава, останува да видиме, но пред тоа да проследиме и каква кампања ќе понудат партиите и кандидатите.

Македонија | пред 6 години

stevo-pendarovski-1

Стево Пендаровски е претседателски кандидат на СДСМ и ДУИ

Стево Пендаровски е претседателски кандадат на СДСМ и ДУИ за претстојните избори закажани за 21-ви април.Заев истакна дека очекува поддршка од сите и додаде дека останатите фаворити за претседател го прифатиле Пендаровски како претседателски кандидат.Пендаровски беше кандидат на СДСМ и на претходните избори.Стево Пендаровски е македонски политичар, професор и аналитичар. Тој е е доцент по меѓународна безбедност, надворешна политика и глобализација, на Факултетот за политички науки на Универзитетот Американ Колеџ Скопје.По завршувањето на високотo образование, е назначен за раководител на одделот аналитика во Министерството за внатрешни работи. Покрај тоа, три години паралелно е портпарол (заменик-министер за односи со јавност) во МВР.Од 2001 е назначен за шеф за национална безбедност и главен советник за надворешна политика во кабинетите на претседателите Борис Трајковски и Бранко Црвенковски. Во 2004 и 2005 година е шеф на Државната изборната комисија.Неговите истражувачки области вклучуваат меѓународни односи, разузнавање и национална безбедност, геополитика, глобализацијата, надворешната политика на САД, надворешна и безбедносна политика на ЕУ, малите држави во меѓународните односи.Стево Пендаровски е дипломиран правник на Правниот Факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. Магистрира на истиот Универзитет, на Институтот за политички, правни и социолошки истражувања на тема “Новата геополитика на Република Македонија: Контрадикциите на комунистичките и транзициони матрици”. На истиот Институт докторира на тема “Надворешната и безбедносна политика на ЕУ и малите држави: Рамката на националниот дискурс”.Од 2008 година навака, е професор доктор од областите на меѓународната безбедност, глобализацијата, светската политика и САД, меѓународните организации и институции, надворешната политика и тероризмот.

Македонија | пред 6 години

izjava-zaev.Still048

Нов инцидент на автопатот Скопје-Тетово - автобус во чад, патниците панично бегале

Нов инцидент на автопатот Скопје-Тетово откако според очевидец автобус од една скопска компанија бил целиот во чад, објави курир.мк.Сведок на настанот за порталот вели: Автобусот цел во чад беше. Патниците панично бегаа.Наскоро детали за инцидентот...

Македонија | пред 6 години

gumi

(ВИДЕО) Се горат гуми во Гостивар, никој не реагира!

О2 иницијатива на својот фејсбук профил објави видео, за кое пишува дека е од Гостивар.- Запалени гуми на нива на излез од Гостивар денеска. Ќе има казнет или стандарно ќе остане непознат сторител? напишаа од О2 иницијатива на ФБ.https://www.facebook.com/o2inicijativa/videos/2187816641470761/

Македонија | пред 6 години

ojo-1

ОЈО: Лице од кичевско осомничено дека при криволов извршило тешки дела против општата сигурност

Основното јавно обвинителство Гостивар донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице од кичевско за кое постои основано сомнение дека сторило кривично дело – Тешки дела против општата сигурност од член 292 став 1 во врска со член 288 став 1 од Кривичниот законик.Осомничениот, на 27.02.2019 година, вршејќи криволов во шума во кичевско, убеден дека забележал животно, испукал еден куршум од пушка. Притоа погодил едно оштетено лице, нанесувајќи му огнострелна повреда од животозагрозувачки карактер во пределот на абдоменот. Повредениот е хоспитализиран и се уште се наоѓа во тешка здравствена состојба.Со цел утврдување на фактите за настанот, надлежниот јавен обвинител издаде наредби за вештачење на трагите од крв и чаурата пронајдена на лице место, наредба за претрес на домот на оштетениот, како и наредба за вештачење на одземеното оружје. Ценејќи дека се исполнети законските основи, до судијата на претходна постапка од Основниот суд во Гостивар доставен е предлог за определување мерка притвор за осомниченото лице.

пред 6 години

ojo

ОЈО поведе постапка за убиството во струшко Поум

Надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струга заедно со увидни екипи од Министерството за внатрешни работи изврши увид на лице место во струшкото село Поум каде вчера во попладневните часови беше лишено од живот едно лице на возраст од 23 години. Обвинителот издаде наредби за прибирање и вештачење на пронајдените траги, како и наредба за вршење обдукција над починатото лице.Настанот се случи околу 18.30 минути, кога на локален пат во близина на Струга со огнено оружје е пукано во сега починатиот и неговиот татко (46). Оштетените се движеле по патот со патничко моторно возило кога до нив се доближил осомничениот (22), управувајќи со друг автомобил. Осомниченото лице започнало да пука, најпрвин со пиштол, а потоа и со ловечка пушка, при што сега починатиот е смртно погоден, а неговиот татко се стекнал со тешки телесни повреди. По извршување на делото, осомничениот се дал во бегство, за подоцна самиот да се пријави во полициска станица.Надлежниот јавен обвинител донесе Наредба за спроведување на истражна постапка поради постоење на основано сомневање дека осомниченото лице сторило кривични дела Убиство од член 123 став 2 точка 3 и Недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи од член 396 од Кривичниот законик. Ценејќи дека се исполнети законските основи, јавниот обвинител до судија на претходна постапка од Основниот суд Струга ќе достави и предлог за определување на мерката притвор за осомниченото лице. 

пред 6 години

zaev-za-kandidat

Заев му отиде на Курц: Разговаравме за соработка, добивме понуда

Премиерот Зоран Заев вчера во Виена се сретна и со австрискиот канцелар Себастијан Курц, а беше и негов почесен гостин на Виенскиот Бал.„Искористивме прилика да се видиме со Канцеларот Курц, кој важи за голем пријател на целиот Балкан, но и нашата Република Северна Македонија и кој ја поддржува интеграцијата на државата и во Европската Унија па дури и во НАТО иако Австрија не е земја членка на НАТО. Но, целиот овој период, од самостојноста на Северна Македонија, Австрија важи за една од нашите најголеми поддржувачи“, рече Заев по средбата.Секако, додаде тој, поддршките што последниве години доаѓаа се важни, од поддршката за Преспанскиот договор до реформите дома и сега за она што се случува во делот на економијата бидејќи на еден начин поврзани сме со компании од Австрија.„Искористивме прилика да разговараме и за економска соработка зошто за нас сега тоа е многу значајно.  Веќе добивме една конкретна понуда којашто дома ќе ја разгледаме, за австриска компанија и нејзин влез во инвестициите на Клиничкиот центар, преку евтино финансирање од страна на Австрија, со дополнителен грант, којшто ќе ги намали севкупните трошоци за инвестирање во самиот Клинички центар. Деталите ќе ги добиеме на писмено и дома ќе ги разгледаме за да може да се исконсултираме со опозицијата, со стручните луѓе, со експертите. Верувам дека тоа ќе даде можност за брза постапка за самата реализација на Клиничкиот центар“, рече Заев.

Македонија | пред 6 години

parenting-trends-2018-2

ЛАГА: Во ниту еден закон не се предвидува “родител 1” и “родител 2”, наместо “мајка” и “татко”

За сите „загрижени“ и уште повеќе за сите „расположени за шега“ родители под редни броеви, чујте и почујте:1. Муабетот со „родител 1“ и „родител 2“ наместо „мајка“ и „татко“ доаѓа од Франција, каде што пред две недели беше усвоен закон со кој (читај внимателно) - во документите за евиденција во школите каде што ги пишува основните податоци за децата, по името и презимето на детето нема да стои „татко: тој и тој“ и „мајка: таа и таа“, туку „родител 1“ и „родител 2“. Објаснето е и таму дека тоа не е исфрлање или забрана на термините „мајка“ и „татко“, туку нивна замена со неутрални термини во документите за евиденција и само таму. Бидејќи родителите се еднакви меѓу себе, а и семејствата се еднакви меѓу себе без разлика од колку и какви членови се составени, било одлучено дека нема потреба да се даваат родови улоги во официјални документи во образованието. Надвор од тоа, нормално дека ќе си продолжат да постојат и мајки и татковци, вклучително и во образовните материјали.[embed]https://www.facebook.com/1050673868/posts/10216718841617340?sfns=mo[/embed]2. Во Македонија и онака тоа одамна не постои, туку се пишува „име, име на еден од родителите, и презиме“, значи веќе имаме родова неутралност во таа евиденција, па гледам не се претворивме во „едниот родител“ и „другиот родител“, уште сме мајки и татковци.3. Во ниеден предложен или донесен закон или друга одлука не се предвидува замена на термините „мајка“ и „татко“ со „родител 1“ и „родител 2“. Тоа е теза што како прашање „дали ќе се случи“ ја постави политичка партија што е против предлог-законот за заштита од дискриминација, а ја раширија портали што и се наклонети на таа партија со манипулативни наслови од кои се добива впечаток дека тоа е готово донесено решение, а не „сомнеж“.

Коментари | пред 6 години

Нема фотографија

Сончево време со температура до 20 степени

Денес времето ќе биде претежно сончево и топло. Во текот на ноќта облачноста ќе се зголеми. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен и западен правец. Температурата ќе се движи од 11 до 20 степени.Во Скопје сончево време со температури од -2 до 18 степени.Утре претпладне ќе има зголемена облачност и ќе дува умерен до засилен северен ветер. Дневната температура во деновите од викендот ќе биде за 4 до 5 степени пониска во однос на денешната. Од понеделник и понатаму ќе биде стабилно со мала до умерена облачност и со повторен пораст на дневната температура.

Македонија | пред 6 години

3-3-1

Шарената револуција плаќа 6.400 евра кон МВР, а ќе добие уште казни

Учесничката во Шарената револуција, Ирена Стеријовска на социјалните мрежи ги сподели имињата на оние кои добиле казни од МВР затоа што фрлале боја кон институциите. Последно, казна доби и професорката Мирјана Најчевска која ќе треба да плати 200 евра.„Ана Кркулевска - 15 казни од 100 евра, 1 од 400 евра и околу 30тина во процедураПавле Богоевски - 5 казни од 100 евра и 40 во процедураИрена Стеријовска - 20 казни од по 100 евра и уште 20тина во процедураЗамир Мехмети - 8 казни од по 100 евра и 30 во процедураСимона Спировска - 10тина казни од по 100 евра и немам информација и уште колку во процедураАлек Гочев - 7 извршни казни од по 100 евра и 32 во процедураЈаков Спасов - 11 извршни казни од по 100 евра и 10 во процедура... и многу многу други за кои немам точни информации.Значајна порака е кој човек владата го праќа за да дебатира со Најчевска на оваа тема. Покажува каков однос имаат по ова прашање и на кое ниво ја сведуваат Шарената“, пишува Стеријовска.

Македонија | пред 6 години

leptokarija-incident

(ОБНОВЕНО и ФОТО): По престрелката нема полиција на местото на инцидентот во Лептокарија

По вечерашната престрека кај Трговскиот центар „Лептокарија“ во скопската населба Карпош 3, нема нити полиција, нити се врши увид на местото на инцидентот, нити се прибираат доказни матријали. Само новинарите се обидуваат до стигнат до некоја информација за инволвираните во инцидентот.Од МВР го потврдија настанот. Според нив имало пукотници кај Трговскиот центар „Лептокарија“ и според првичните информации се работи за престрелка од два автомобили во движење.Инцидентот се случил околу 18:35 мин.

Скопје | пред 6 години

Нема фотографија

По престрелката во Лептокарија -Нема повредени, ниту траги од крв

Попладнево имало пукотници кај Трговскиот центар „Лептокарија“ во скопската населба Карпош 3. Според првичните информации се работи за престрелка од два автомобили во движење.Инцидентот се случил околу 18:35 мин.Неофицијално до овој момент нема пријавено поведени , а нема ни траги од крв.Полициски службеници работат на расчистување на случајот

Скопје | пред 6 години

Filip-Petrovski-TV-Nova

Бачев: Службеници на ДИК фатени како ги фалсификуваат формуларите за потписи на Филип Петровски

Лидерот на политичката партија Единствена Македонија, Јанко Бачев на својот Фејсбук профил напиша дека службаници на ДИК се фатени како ги фалсификуваат формуларите за потписи на кандидатот за претседател Филип Петровски.„Вечерва службеници-Албанци во подрачната канцеларија на ДИК во Гази Баба фатени на лице место како ги фалсификуваат формуларите за потписи на д-р Филип Петровски. Повикана е полиција и во моментот е тензично во канцеларијата на ДИК“, напиша Бачев на Фејсбук.

Македонија | пред 6 години

Нема фотографија

(ВИДЕО) Мицкоски ќе му се јави на Груевски

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицковски во гостувањето во емисијата „Печат на неделата“ со Сашо Ордановски, на прашањето дали е во контакт со поранешниот премиер на земјата, на што одговори дека тие не контактирале и дека не бил во Србија и Унгарија да го договара бегството на Груевски.-Никаков контакт со Груевски. Повеќе други луѓе имаат контакт со Груевски отколку јас, рече Мицкоски.На прашањето зошто не контактирале вели дека го нема неговиот телефон.-Го немам неговиот телефон. Ќе го послушам вашиот совет, ќе се обидам да го побарам неговиот телефон и ќе го побарам, нагласи Мицкоски.

Македонија | пред 6 години

puska

66-годишен маж застрелан со пушка, итно пренесен во клиниката Мајка Тереза

Маж од Кичево на возраст од 66 години на 27 февруари случајно бил застрелан од ловџија во Кичевско.Како што информираат од МВР, во Полициската станица во Кичево било пријавено дека во атарот на село Осој, на местото викано Алексова нива, 34-годишен кичевец, при лов, од ловечка пушка испукал куршум, при што повредил 66-годишен сограѓанин.Повредениот со брза помош бил пренесен во Здравствен дом Кичево, а потоа префрлен на комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.Полицијата извршила увид на местото на настанот, а ловџијата бил приведен во Полициската станица во Кичево за понатамошна постапка.

Македонија | пред 6 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања