ГЛАВНИ-ВЕСТИ

a-ok-2

(ФОТО) Адријан Битрак, охриѓанецот кој се среќава со Том Круз, Каролина Кенеди, Сталоне...

„И на крајот од светот да сум за Богојавление - Водици сакам да сум во Охрид“, раскажува Адријан Битрак, охриѓанецот кој 10 години живее и работи во Токио - Јапонија. Адријан си стои на заветот и зборот, патува илјадници километри, само да се искапи во осветеното Езеро и да заплива по светиот крст. Тој се чуди како има охриѓани кои чинот на осветувањето го гледаат на телевизија. Тој вели „Доаѓам специјално за да се искапам, ова е гордост и богатство“.Охриѓанецот Битрак работи во „Американски елитен клуб“ во Токио, како фитнес тренер и инструктор по пливање. Во овој елитен клуб, месечнната чланарина изнесува над 300 евра, а го посетуваат и многу познати личности, со кои Адријан се среќава, а со дел и се спријателил.Токму на неговото работно место започнува пријателство со Каролина Кенеди, која како што раскажува е редовен гостин во „Токио Американ“ клубот.- Малку е резервирана, секогаш доаѓа со обезбедување, тешко е да се дојде до неа. Но, јас имав можност да се спријателам со неа. Во многу наши разговори, имав можност да и го претставам Охрид. Со луѓето кои ги смата за пријатели е многу комуникативна, сака да разговара. Во 2016 кога за Водици бев во Охрид и купив резба, рачна изработка. Кога и ја поклонав многу се изнанади. Тогаш многу прашуваше за Охрид и кажа и она што и го кажав за неа беше многу привлечно. Таа веќе размислува да го посети Охрид и Македонија. Читала за Охридското езеро, за неговата специфичност, ми откри дека има желба да плива во Охридско езро, раскажува Битрак за „Скопје 1“.Покрај со Кенеди, Адријан има низа фотографии со ВИП личности, глумци, режисери, спортисти...„Претходните години бев присутен на многу промоции за филмови. Имав прилика да сретнам многу глумци, режисери... Со тоа ми се оствари мојот сон да ги сретнам тие познати личности и да разговарам со нив. Тоа е огромно искуство за мене. Со Том Круз, сум разговрал многу пати, тој е многу позитивен човек, пример за тоа како треба да се однесува една ѕвезда. За разлика од него, Леонардо Ди Каприо е многу резервиран, тешко комуникативен. Од останатите сум имал можност да се сретнам и разговарам со Камерон Дијаз, Арнолд Швајценегер, Силвестер Сталоне, Кристина Алгилера. Прв пат кога го видов Бред Пит се изненадив, очекував понизок човек, но пред мене застана многу позитивен, висок над 1,80 висок и многу пријатен господин“, раскажува Битрак.Покрај со Бред Пит, неколку пати сум се сретнал и со Анџелина Џоли. Глумците и покрај тоа што во живо се поинакви, претежно ми оставаат позитивен впечаток, раскажува Битрак.Охриѓанецот Битрак раскажува и за неговара соработка со Мирко Филиповиќ - Кро Коп.„Се започна со случајна средба со менаџерот од Мирко. Не знаејки дека е менаџер, долго тренираше кај што работам, ме запозна и приватно и службено. А јас многу покасно разбрав дека тој е главен организатор на најзначаен настан и менеџер на Мирко. Подоцна бев предложен од јапонска страна да бидам одговорен и да им помагам за време на борбите. Така започна моето пријателство со нив. Од тогаш последниве три години секое доаѓање јас сум со него, раскажува Битрак.Инаку македонецот Адријан го има обезбедувано најскапиот дијамант во светот, а работи и за „Тифани“. На презентациите на дијаманти во Токио, секогаш треба да поминете покрај Битрак, за да ги видите дијамантите.„Сум го обезбедувал и најскапиот дијамант. Работев и за „Ролс Ројс“, еве годинава имаа нова колекција бев ангажиран. Исто така работев и за „Сони“, а имам и одлична соработка со Австралиска амбасада во Токио“, вели Адријан.Тој додава „За годинава веќе се знаат моите ангажмани. Ги поминав интервјуата за олимпијадата. Имам добри препораки, се надевам ќе бидам ангажиран, секако тоа би било одлично искуство за мене, а ги поминав и интевјуата за обезбедување на Бил Гејтс. Така да оваа година ќе ми донеси нови дружби и пријателства“.Скромен и ненаметлив, Адријан вели дека вели раскажува како постигнал услех во странска и далечна земја, со различна култура.„Оној кој е поштен и работи, секогаш и секаде ќе успесее. Овие луѓе знаат да ценат лојалност и работливсот, и добра ја плаќаат. Кај што јас работам обично сме 50 % странци, 50 јапонци. Во клубот вработени се на 300 луѓе од 50 националности различни , а гости има многу во кои се амбасадори од различни земји, глумци, ВИП личности кои може да си го дозволат лукзузот на клубот.А приватно, Адријан има сопруга јапонка. Од минатата година имаат ќеркичка Алиса, која наполни 9 месеци, и на која и зборуваат македонски, јапонски и англиски.„Се надевам дека летово ќе додјдеме заедно. Инаку со Јапонија имаме слична клима, и ми одговара местото на живеење, и имаат многу квалитетна кујна, но често знае да ме фати криза за ајвар, комад, охридска риба, мусака, сарми, подварок... сетоа тоа го надохнадувам кога ќе дојдам Охрид. Македонските рецепти не би ги заменал ни со најскапиот ресторан во Токио“, вели Битрак.„Најмногу криза ме фаќа за погледот од терасата од мојата куќа. Кога во Токио им раскажувам за Охрид, им велам тоа е поглед од милион долари“, додава тој.Сепак Битрак раскажува дека добро заработува, добро живее, среќен е , но и искрен.„За живеење јас сепак би рекол не би го заменал Охрид со други места. Мене никогаш не ми беше план да останам. Така испадна. И не се знае, многу веројатно е да се вратам повторно во мојот роден Охрид, тука е душата, тука е се. Не се сложувам, ни јас не се оправдувам што сум заминал, убаво е човек да види. Никогаш не сум рекол фрлив камен на Охрид“, вели Битрак. Инаку Адријан не запира. Постојано одржува кондиција. вежба постојано. За да ја работи работата во која е најдобар, мора да биде кондицино подготвен. Раскажува дека 5 години тренира јапонско карате.„Од дете ги сакав јапонските филмови со кареате, и тој сон ми се оствари. Сум бил на семинари. Одиме на кампување по неколку денови со тренинзи утрински и вечерни. Но, тренинзите на изгрејзонце се доживување, букваално како на филмовите, во храмови . Ми беше желба и тренирам“, вели Битрак раскажувајќи за своите успеси.Инаку Битрак топло ја препорачува Јапонија, како земја која мора секој да ја посети. Вели еве виза не треба, се добива на граница.„Имаме македнската амбасада во Јапонија. Повелете ќе ве пречекаме и нагостиме во Јапонија, но, дома си е дома“, завршува македонецот Адријан Битрак.новинар: Татјана Караџова Маленкова 

пред 7 години

babicka-spie

Жално: Три сестри и брат живеат под отворено небо - Да помогнеме

Три сестри и еден брат живеат под отворена небо. Немаат никакви услови за живот. Фотографија која се шири по соцјаните мрежи ги вознемири сите. Хуманите луѓе веднаш бараат информации да им испратат каква - таква помош, затоа што на овие луѓе им треба се. Но, загрижува фактот што за ова семејство треба многу повеќе од основни прехранбени произвори.- Добри луѓе, сакам да се обратам за помош за семејство кое живее во Банево трло, во близина на Куманово. Тие живеат под отворено небо, немаат ништо и секоја помош од сите нас е добредојдена.https://www.facebook.com/photo.php?fbid=10215950482906862&set=a.2148765170617&type=3&theaterНеофицијално по ширењето на фотографијата по социјалните мрежи се огласил градоачалникот Максим Димитриевски и пратеникот Павле Богоевски, кои веќе испратиле помош.Низа коментари има под фотогафијата, секако сите се сложуваат дека треба што поскоро да им се помогне на ова семејство. Луѓе кои добро ги познаваат објаснуваат дека покрај матријална на овие луѓе им треба и професионална медицинска помош.Да помогнеме, секој онака како што може. Секако последниот збор треба да го дадат институциите и да ги згрижат.

Македонија | пред 7 години

zamenik-minister

Несреќа на Шар Планина - Во лавина загина косовски заменик министер

Кососвскиот заменик министер за дијаспора Аријан Дачи, загинал во лавина на Брезовица, јавуваат приштинските медиуми на албански јазик.Несреќата се случила во близина на ски центарот Брезовица на Шар Планина.Како што пренесува сајтот „Газета Експрес“, претстеавник на полицијата во Урошевац Басри Пабани, потврдил дека лавина затрупала луѓе.Смртта на Аријан Дачија, кој што е син на некогашниот претседател на кососвскиот парламент Неџад Дачија, за „Газета експресс“ ја потврдиле и претставници на владата во Приштина.

Свет | пред 7 години

Cistenje-sneg4

Фрлени 45 тони сол на улиците во Општина Аеродром

Зимската служба на Општина Аеродром синоќа и во текот на ноќта интензивно го расчистуваше снегот од улиците и пешачките патеки што се под нејзина надлежност, при што беа фрлени околу 45 тони сол.„Екипите го чистеа снегот од улиците и тротоарите во Горно и Долно Лисиче, во населбата Лисиче, кај поликлиниката „Јане Сандански“, околу трговскиот центар „Капитол“, „Три бисери“, „Скопјанка“, кај трговскиот центар „Бисер“, како и во населбите Мичурин и Острово.Општината располага со две сопствени возила за зимско одржување на улиците, а дополнително за расчистување на тротоарите и автобуските постојки беа ангажирани и сезонски работници.Зимската служба ќе ја следи состојбата и во текот на денот и ќе реагира согласно со условите на терен за да се обезбеди непречено движење на сите учесници во сообраќајот и поголема безбедност на граѓаните.Истовремено, Општина Аеродром апелира до граѓаните да го расчистат снегот пред своите дворови и влезовите на станбените згради, што е нивна законска обврска, со што ќе се овозможи проодност и непречен пристап до објектите“, велат од Општина Аеродром.

Скопје | пред 7 години

Нема фотографија

Пронајден мртов маж во Пробиштип

На 25.01.2019 година околу 15,25 часот било пријавено дека на улица „Македонски револуционери“ во Пробиштип во сопствениот дом бил пронајден починат М.Т.(52).Според првичните сознанија, смртта најверојатно настапила како последица од труење од истечена плинска боца. Починатиот М.Т. бил пронајден од неговиот брат Б.Т.(55), кој кога влегол во просторијата исто така паднал во бесознание, по што со помош на други роднини бил пренесен во Медицински центар Штип, каде му била укажана лекарска помош.Извршен е увид на местото на настанот, а по наредба на Јавен обвинител телото на починатиот е дадено на обдукција.

Македонија | пред 7 години

vakcini-novi

Четири нови случаи на морбили, едно лице во потешка здравствена состојба

Министерството за здравство информира дека денеска (26 јануари 2019 година) до 13:00 часот вакцинирани се 24 деца или вкупно 4 328 деца со МРП вакцини.„Во текот на вчерашниот ден на Клиниката за инфективни и фебрилни состојби примен е 19 годишен пациент, префрлен од Клиниката за детски болести, кој добил морбили и е во потешка здравствена состојба. Амбулантски прегледани се 4 деца суспективни за морбили, на возраст од 7 месеци до 2 години. Сите 4 децапуштени се на домашно лекување. Постабилна е здравствената состојба надетето со церебрална парализа кое беше во потешка состојба. Исто така, подобрена е и постабилна состојбата и на 8 годишното девојче кое има астма исе заразило со морбили и варичела. Во моментов, на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојбиима вкупно 18 пациенти со морбили (мали сипаници).Во врска со ширење на епидемијата на морбили (мали сипаници) во град Скопје, им се укажува на сите Универзитетски Клиники во текот на денот да ги свикаат своите Комисии за интрахоспитални инфекции и да донесат одука за ограничување на посета на пациентите, односно да се забрани посета на пациенти кои лежат на клиниките се до крајот на траењето на епидемијата.Родителите да ги почитуваат препораките на Министерството за здравство.На трите пунктови во поликлиниките „Јане Сандански“, „Бит-пазар“ и „Ѓорче Петров“ има дежурни лекари секој работен ден од 19.30 часот до 7.30 наутро, а за викендите се на располагање 24 часа во текот на денот. Во работните денови, родителите треба децата прво да ги однесат на матичен лекар. На овие три места ќе се вршат комплетни прегледи со лабораторија на децата чии родители ќе се посомневаат дека можеби се заболени од морбили (мали сипаници). Доколку лекарите утврдат дека е потребно, пациентите ќе ги упатуваат на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби. Апелираме до сите родители, кои ќе забележат или ќе се посомневаат на првите знаци на болеста, висока температура, децата прво да ги однесат на овие три пунктови.Министерството за здравство ја потсетува јавноста дека сѐ уште е на сила наредбата дека децата, кои се невакцинирани нема да бидат примени во детските градинки, со цел да се спречи ширењето на епидемијата прогласена во Скопје. Децата од училишна возраст задолжително да се вакцинираат ако не се вакцинирани или примиле само една доза од вакцината МРП. Сите здравствени работници што од кои било причини не се вакцинирани или не се сигурни во својот вакцинален статус, да го направат тоа во најбрз можен рок. Напоменуваме сите превентивни мерки и препораки против ширењето на болеста да се сфатат сериозно и без отстапки.Апелираме до сите родители да ги вакцинираат своите деца со МРП вакцина, која е висококвалитетна и ефективна, а производител е GlaxoSmithKline од Белгија.Вакцините кои се аплицираат во сите здравствени домови се со проверен квалитет, од европски производител и имаат добар рок на траење“, велат од Министерство за здравство.

Македонија | пред 7 години

Нема фотографија

(ВИДЕО) По 13 дена спасувачите го извадија телото на 2-годишното момче

Спасувачите го пронајдоа телото на две годишното дете кое падна во бунар пред 13 дена во близина на Малага, Шпанија.Неговото тело го пронајдоа рано утрово спасувачите кои копаа тунел со цел да стигнат до него, изјави портпаролот на владината канцеларија во Малага и додаде дека за случајот ќе биде спроведена истрага.Момчето падна во незаградена дупка која била длабока 110 метри, на 13 јануари.Бунарот бил ископан пред околу еден месец за време на истражувања на водите, а по истражувањата истиот не бил покриен ниту заштитен, велат локалните медиуми. 

Свет | пред 7 години

50600974_2170044773041723_6591658657618853888_o

Зимската служба на Град Скопје вечерва интензивно ги чисти градските улици и булевари

Зимската служба на Град Скопје вечерва интензивно ги чисти градските улици и булевари.„Поради засилените и постојани врнежи од снег, градските сообраќајници континуирано се чистат за да може сообраќајот да се одвива без застој, а и постојано се фрла сол за спречување на појавата на голомразица на коловозите.Екипите на зимската служба интервенираа на критичните места, односно на сите мостови, клучки, надвозници, подвозници и високите зони кон Водно, Пржино, Железара, како и на сите други таканаречени „црни точки“ во градот.Градот Скопје им препорачува на возачите да возат внимателно и да овозможат непрекинато движење на возилата на зимската служба“, велат од Град Скопје.

Скопје | пред 7 години

borisov_zaev

Заев за Македонија патува со џип кој му го испратил Борисов

Премиерот Зоран Заев тргна од Софија за Скопје. Тој патува со џип што му го испратил бугарскиот премиер Бојко Борисов. Според „Независен весник“, членовите на македонската делегација се враќаат во земјава со три џипа и со придружба што им ја испратил Борисов, со оглед на лошите услови на патот од Софија до Скопје поради невремето.

Македонија | пред 7 години

nevreme-avion

Поради невремето, Заев наместо во Скопје слета во Софија

Врнежите од снег денеска го отежнуваат авиосообраќајот во Скопје.Владиниот авион со кој премиерот Зоран Заев се врсќаше од Давос по 40 минутно кружење над Скопје не можел да слета поради лошите временски услови, и истиот бил пренасочен на аеродромот во Софија.Од меѓународниот аеродром „Скопје“ изјавија дека четири летови денеска се пренасочени кон соседните аеродроми. Три летови од Љубљана се пренасочени кон Тирана, а авион од Истанбул се вратил повторно назад. Четири летови исто се откажани кои требало да полетаат од аеродромот од Скопје за Љубљана и Истанбул.Инаку Претседателот на Владата на Република Македонија Зоран Заев, кој заедно со владината делегација во состав на заменик на претседателот на Владата на РМ, Кочо Анѓушев и министерот за економија, Крешник Бектеши, учествуваше на годинешниот Светски економски форум во Давос, Швајцарија, каде имаа повеќе средби и активности од интерес на економската иднина на земјата.Заев требаше веќе да биде во партиското седиште на СДСМ, каде пред Централниот Одбор на кој ќе се одлучува за двојни избори, се одржуваат координација и извршен одбор, но поради тоа што слета во Софија, а не во Скопје, Заев нема да писуствува на Централниот одбор.

Скопје | пред 7 години

zaev-cipras

(ФОТО) Ципрас: Се роди Северна Македонија

Твитер статус на Алексис Ципрас. „Северна Македонија се роди денеска“, напиша Ципрас. Денеска Грчкиот парламент со тесно, но апсолутно мнозинство од вкупниот број на пратеници, го ратификуваше договорот од Преспа. „За“ гласаа 153 пратеници, еден беше „воздржан“ а 146 гласаа „против“...Првата честитка до Ципрас, стигна од Зоран заев. Тој му напиша:Честито мој пријателе @tsipras_eu, заедно со нашите народи испишавме историска победа. Нека е вечен Договорот од Преспа, нека се вечни мирот и прогресот на Балканот и во Европа, пишува Заев.

Свет | пред 7 години

centar-za-monitaring

Центарот за контрола на сообраќајот подготвен, за 20 тина дена стартува електронска наплата на патарините

Преку Центар за мониторинг и контрола ќе се следи сообраќајот на сите наплатни станици на автопатиштата. Објектот, лоциран спроти патарината Петровец, треба да биде пуштен за 20-ина дена, како дел од новиот системот за електронска наплата на патарините кој за патиштата долж Коридорот 10 е во завршна фаза и треба да стартува до април годинава. Во мај треба да биде пуштена новата патарина кај Гевгелија, а до јуни и таа кај Демир Капија, додека по автопатот Миладиновци-Штип, што треба да биде пуштен наскоро, на почеток ќе се вози бесплатно бидејќи допрва ќе стартува изградбата на двете планирани патарини.Според министерот за транспорт и врски Горан Сугарески, со пуштањето на Центарот ќе се олесни протокот на возилата на патарините и ќе се намали метежот особено во летниот период бидејќи ќе биде олеснета комплетната процедура на наплатните станици.– Наплатните станици кај Велес, Сопот и Отовица, како и патарината Романовце се готови. Во завршна фаза е и објектот во Петровец, кој очекуваме во наредните 20-ина дена да биде пуштен во употреба. Инвестицијата изнесува 18,6 милиони евра и штом ќе завршат сите процедури во овој објект ќе биде ставен во функција и електронската наплата на Коридорот 10, изјави Сугарески при денешната посета на новиот објект.Преку Центарот во прво време ќе се контролираат сите патарини на коридорите 10 и 8, а во иднина со него ќе бидат поврзани и камерите што за една до две години треба да бидат поставени долж сите автопатишта, и контролните пунктови во Неготино кај автопатот Демир Капија Смоквица и тој што ќе се гради во Кичево за автопатот кон Охрид. Има и посебен кол центар каде ќе може да се пријават проблеми на патиштата, а дел од објектот ќе биде наманет за архивски материјали.– Од Центарот ќе може да се контролира и мониторира целиот сообраќај во Македонија. Што било да се случи да не се создаваат колони од автмобили и да не се чека на пример за сообраќајка која го запрела патот, навреме да може да се пренасочи сообраќајот и да се интервенира и со амбулантни и противпожарни возила. Ова ќе биде окото на целата патна инфраструктура во Македонија,изјави Зоран Китанов, директор на ЈП за државни патишта.Според Китанов, патарините Романовце, Сопот, Отовица, Петровец и Миладиновци ќе може да се пуштат за 15-20 дена, а за целосна електронска наплата од Табановце до Гевгелија треба да се почека и патарината кај Градско која би била готова за месец и половина. Електронска наплата ќе има и на новите патарини кои се градат кај Демир Капија и Гевгелија.На патарините на Коридор 8 се поставени нови кабини, претстои промена на софтверот и поставување камери за кетегоризација и читачи.На стартот на новиот електронски систем за наплата, со кој патарина ќе се плаќа безконтактни смарт картички и со микробранови транспордери, одреден временски период ќе има можност и за палќање во готово.

Македонија | пред 7 години

grcki-parlament

153 грчки пратеници поддржаа „Северна Македонија“, договорот ратификуван

Грчкиот парламент го ратификуваше Договорот од Преспа.По 38,5 часа расправа на пленарната седница од средата наутро до денеска, грчкиот парламент го ратификуваше со 153 гласа „за“. Против гласале 146 пратеници.Со прозивање, сите 300 пратеници кажаа дали гласаат „да“, „не“ или „воздржано“ за нацрт законот на Министерството за надворешни работи на Грција за ратификација и стапување во сила на Договорот од Преспа.

Свет | пред 7 години

naumoski

Наумоски: Купив „бе-ем-ве Х5“, па нема со магариња да патуваме

Градоначалникот на општина Ѓорче Петров, Александар Наумоски, си купил нов автомобил, марка „БМВ Х5“ кој го пријавил и во анкетниот лист. Наумовски пред година и половина кога седна во градоначалничката фотелја возел „пежо 1007“. Тој во изјава за „Макфакс“ вели дека е нормално да си купи нов автомобил и додава „Нема со магариња да патуваме“.„Автомобилот е произведен во 2010 година и чини 17 илјади евра. Беше 20 илјади евра, па ми ја намалија цената оти беше оштетен кај багажникот. Кога дојдов за градоначалник, не бев на улица најден. Го купив со заштеда, го продадов стариот автомобил и го исплаќам на рати. Автомобилот е увезен од Америка. Па, нема со магариња да одиме“, вели Наумоски за „Макфакс“.

Скопје | пред 7 години

pozar-4

Кривична пријава за пожарникарот кој физички нападна колега со тврд предмет

Секторот за внатрешни работи Охрид поднесе кривична пријава против 39-годишниот пожарникар од Велгошти, кој нападна и тешко повреди свој колега. Лицето се сомничи за сторени кривични дела „тешка телесна повреда“, „загрозување на сигурноста“ и „насилство“.Претходно, од страна на судот, на лицето му беше изречена мерка 30-дневен притвор, а му беше одредена и суспензија од работа на неодредено време.Пријавениот, на 9-ти јануари, околу 10 часот во охридската Територијална противпожарна единица, со тврд предмет физички го нападна неговиот колега, по што избега. После тоа, пријавениот околу 10.30 часот се јавил во ТППЕ Охрид и упатил закани по животот на негов друг колега.

Македонија | пред 7 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања