ГЛАВНИ-ВЕСТИ

eko-avtobusi

До крајот на годината, 35 екоавтобуси во Скопје

Градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов потпиша Договор со Европската Банка за обнова и развој (ЕБОР) за заем во вредност од 10 милиони евра за набавката на нови еко автобуси на гас во Скопје. За набавката на автобусите ќе бидат обезбедени и дополнителни 1,8 милиони евра од Јавното сообраќајно претпријатие и грант од 1,1 милион евра за техничка соработка при подготовката на проектот. Во проектот, со сопствени средства во износ од 1,8 милиони евра, учествува ЈСП.Градоначалникот на Скопје Петре Шилегов по потпишувањето на Договорот најави дека со првата набавка на нови автобуси во ЈСП по седум години целосно ќе се замени застарениот возен парк на ова претпријатие.– Моите очекувања се дека најдоцна до крајот на оваа година по скопските улици ќе може да се видат новите екоавтобуси кои ќе бидат на еколошко гориво на компримиран гас со ЕУРО 6 стандард на мотори, што значително ќе придонесе за намалување на загадувањето, имајќи во предвид дека со оваа набавка ќе можеме во целост да го замениме застарениот дел од возниот парк на ЈСП, рече Шилегов.Тој додаде дека новите автобусу , речиси и да не го загадуваат воздухот затоа што загадуваат само 10 проценти од тоа што го прават сега дизел моторите во ЈСП „Скопје, а потрошувачката ќе биде серозно намалена и се релативно евтини за одржување.Според директорот на ЈСП „Скопје“ Кристијан Чушков, новите автобуси ќе овозможат побрз и поефикасен превоз вои главниот град и ќе придонесат за подобрување на состојбата со квалитетот на воздухот.– На улиците ќе се вратат зглобните автобуси, кои имаат капацитет да превезуваат речиси двојно повеќе патници од двокатните, овозможуваат побрз проток на патниците низ возилото што влијае на скратување на времето потребно за задржување на постојките, што ќе овозможи и зголемување на фрекфенцијата на возилата. Во новите автобуси, ќе има можност и за валидација на најмалку две места во возилото. Сето ова, автоматски на граѓаните ќе им овозможи побрзо да стасуваат до крајните дестинации, отколку сега возејќи се со кинеските автобуси, рече Чушков.

Скопје | пред 6 години

momo

Познатиот пејач на народна музика, Момо Николовски - тешко болен, се собираат парични средства за лекување

Познатиот пејач на народна музика, Момо Николовски - тешко болен. Семејството на социјалните мрежи апелира за помош и собирање на срества за лекување Тој боледува од абдоминален канцер и му треба помош за понатамошно лекување во Берлин или Истанбул.По емотивното писмо на неговата сопруга Валбурга Батева Николоска, на социјалните мрежи се споделуваат апели за помош на Николовски.„Ова е мојата љубов. Човекот на мојот живот. Моето вечно момче и мојата рајска музика во срцето. Цел живот со неговата песна развеселуваше, но и безброј пати помагаше на луѓе кои беа соочени со животни предизвици. Сега е неговиот ред. Сега е нашиот ред. Ни треба помош, оти звуците на љубовта не смеат да згаснат, сега, кога најмногу си требаме еден на друг. Не сакам да го дадам, нема да го дадам! Неговата топла душа е моето скришно, безбедно место, таму не живее темнината, таму има доволно светлина за сто животи и уште еден. Секогаш бев тука за вас и вие за мене. Барајте ме, вие кои знаете колку го љубам, но и вие другите, кои сакат некого и некој ве сака. Овој филм мора да заврши со среќен крај, со ваша и Божја помош, а во моја режија. Мече мое, судбино моја, продолжи да танцуваш со мене! Јас, ти и музиката..“, напиша таа.

Македонија | пред 6 години

jankulovska

Одложена седницата на која требаше да се одлучува по жалбата на Јанкуловска

Во Апелацискиот суд во Скопје е одложена седницата на која требаше да се одлучува по жалбата на ексминистерка за внатрешни работи Гордана Јанкулоска за предметот „Тенк“, во која беше осудена на затворска казна од 6 години.Причина за одлагањето е тоа што не дојдоа адвокатите на Јанкулоска, Боро Тасевски и Сања Алексиќ. Алексиќ имала здравствени проблеми, а Тасевски не беше присутен на седницата поради приватни причини.Судијката Цветанка Периќ им ги прифати поднесоците и судењето го одложи за 25 февруари.

пред 6 години

brazil

ДОМ: Да не дозволиме еколошки катастрофи како во Бразил, во рудници со отворен коп!

„Изразувајќи длабоко жалење за жртвите од трагичната еколошка катастрофа во Бразил, ДОМ апелира до сите институции и до целата јавност во Македонија, да не дозволиме вакви ужаси да ни се случат во рудници со отворен коп! Нека биде бразилската катастрофа поука за сите „љубители“ на рудници со отворен коп! Ниедно злато, сребро, ни бакар, не се вредни за ова!Целата светска јавност остана занемена од катастрофата во Бразил, настаната како последица на пукање на рудничка брана, полна со јаловина и токсичен отпад. Рудничка брана со јаловина се добива во рудници со отворен коп, каде во отворени базени се врши лужење или флотација на металични минерални суровини со различни опасни супстанци, за да може да се извлече металот. Во бразилскиот случај тоа е железо, а може да биде злато, сребро или бакар, како што планираат разни инвеститори на рудници во Македонија.Знаејќи ја техничко-технолошката постапка при експлоатација и преработка на металични минерални суровини, го инициравме носењето на Законот за минерални суровини со забрана за нови рудници со отворен коп, кои употребуваат цијаниди и сулфурна киселина во процесите на лужење или флотација. Собранието го донесе законот и треба сите да сме свесни колку е тоа голема придобивка во толку кревката и нападната од сите страни, животна средина на Македонија“, се вели во соопштението од ДОМ.

Македонија | пред 6 години

soobrkaen-sram

(ФОТО) Една слика илјада зборови - за жал ова е Скопје

Утрово на ѕидот на сообраќајниот срам е поставена фотографија од сообраќајниот метеж утрово во Скопје. Сепак, колку и да се брзате, ова не треба да се случи.Фотографијата е поставена со коментар: Сообраќајната полиција,одлично си ја врши работата,брао!!!!Под фотографија се нижат коментари кои го осудуват овој чин.

Скопје | пред 6 години

Нема фотографија

Министерот за здравство со евтин ПР сака да ја купи јавноста

Министерот за здравство со евтин ПР сакаше да ја купи јавноста, да ги оправда недостатоците, згрешените рокови на вакцините, како и низата контроверзии. Но, наместо тоа, направи серија грешки и од епидемијата на морбили се создаде шпанска серија.2 јануари 2019 годинаВо Скопје се појавија повеќе случаи на лица заразени со морбили. Поради тоа, беше прогласена епидемија. Филипче излезе на прес-конференција со уште неколку други лица и објаснуваа колку се може да биде страшно.5 јануари 2019 годинаВо јавноста се пласира инфорамцијата дека во диспанзерите се чуваат вакцини со погрешен рок. На ова има жестоки реакции. Истиот ден, од Министерството за здравство тврдат дека проблемот бил во етикетите, а вакцините се безбедни за користење.8 јануари 2019 годинаФилипче спроведува вонреден испекциски надзор и вели дека сите вакцини се со добар квалитет. Најавува санкции за „Македонијалек“. Министерот и министерството не наложија повлекување на вакцините, оти констатирале дека се со добар квалитет.10 јануари 2019 годинаЗа да ја поткрепи тезата дека вакцините се со добар квалитет и не се со поминат рок, министерот Филипче на социјалните мрежи објавува фотографија од него и неговата внука Илина на која пишува дека тој ја однел на вакцина. Јавноста ова го сфаќа како пропаганда, медиумите објавуваат. Целата кампања добро се пробива во јавноста, но не за долго. Во моментите кога министерот ја носи внуката на вакцинација, сите зборат за МРП вакцините.11 јануари 2019 годинаГраѓаните реагираат на фотографијата и тврдат дека внуката на Филипче не била вакцинирана, а иглата била со капаче. Според нив има низа пропусти кои можат да се видат на фотографијата и велат „Докторката не носи ракавици, не е сликано во орднација, детето на вакцина го носат родителите а не чичкото“. На овие коментари, Филипче не реагира.15 јануари 2019 годинаМинистерството констатирало дека декларациите на вакцините биле погрешни. Филипче продолжува да тврди дека ќе се бара максимална казна оти бил нарушен угледот на јавното здравство. Филипче не ја коментира кампањата со вакцинирањето на неговата внука.24.01.2019Сите МРП вакцини на кои стојат погрешно залепени декларации ќе бидат уништени од страна на компанијата „Македонија лек“, која ги дистрибуира. Одлуката ја донела Агенцијата за лекови и медицински средства. Ова е нова одлука по 19 дена, за вакцините кои Филипче тврдеше дека се со добар квалитет. Министерот бараше максимална казна за „Македонијалек“, а со неговото тврдење дека вакцините се употребливи, а потоа дека не се и треба да се уништат, повторно го отвори прашањето колку навистина вакцините се безбедни?27.01.2019Министерот за здравство, Венко Филипче во интервју за „Радио Слободна Европа“ изјави дека вакцинирањето на неговата внука било со цел да ги увери граѓаните дека вакцините се безбедни, но и дека таа е се уште мала и не може да биде вакцинирана од МРП.Како Филипче ја изманипулира целата јавност?Преку игра со зборови. Тој ја вакцинира својата внука за да со свој пример покаже дека вакцините се безбедни. Во перидот кога тој се фотографира со внуката и докторката, актуелни се МРП вакцините. Не кажува со каква вакцина се прави имунизацијата, но истовремено сака да ги поттикне родителите да ги вакцинираат нивните деца против морбили. Во истиот период, се дискутира за квалитетот на МРП вакцините и на истите имаше декларации дека рокот за употреба е поминат.Ако во прашање е доведена безбедноста на МРП вакцините, а не на останатите. Тој како здравствен работник ова најдобро го разбира. Тој уверува дека вакцините се безбедни за тоа ја користи внуката, ја имунизира, но со други вакцини. Дали вакцината со која е имунизирана неговата внука, значи дека МРП вакцините се безбедни? Секако дека не.Филипче решава да демантираТој на својот профил објавува дека информациите на социјалните медиуми се лажни, тој не ја вакцинирал неговата внука со МРП вакција. Всушност, на социјалните медиуми не се пренесуваше ифнрмацијата дека неговата внука била вакцинирана со МРП вакцина, туку тој во ек на епидемија од морбили објави фотографија со вакцинација на внуката, со цел да докаже дека вакцините се безбедни.Цели 17 дена, Филипче молчи. Кога јавноста стана бесна дека тој не ја вакцинирал внука му со МРП вакцина, тој излезе со реакција. Јавноста беше уверена дека Филипче сака да го докаже квалитетот на МРП вакцината и затоа објавил фотографија со внукаси, но потоа се почуствува изманипулирана и излажана.Кога Филипче ги виде сите реакции, топката ја сврте кон јавноста дека пласирала лажни вести. Манипулаторскиот герила маркетинг, всушност само уште еднаш го поткрепи сомнежот за тоа ДАЛИ МРП ВАКЦИНИТЕ СЕ БЕЗБЕДНИ? ЗОШТО ЦЕЛИ 17 ДЕНА ФИЛИПЧЕ МОЛЧЕШЕ И СЕГА МУ ТЕКНА ДА РЕАГИРА ЗА ТОА ШТО СЕ ВЕЛИ ВО ЈАВНОСТА? ЗОШТО НЕ НАВЕДЕ КОНКРЕТНО СО КАКВА ВАКЦИНИРА СЕ ИМУНИЗИРА НЕГОВАТА ВНУКА? ДАЛИ НАМЕРНО ИЛИ НЕНАМЕРНО, ФИЛИПЧЕ ЈА МАНИПУЛИРАШЕ ЈАВНОСТА?

Македонија | пред 7 години

vmro_dpmne

ВМРО-ДПМНЕ пет пати да мери, еднаш да сечи

Партијата ВМРО-ДПМНЕ силно навлегува во процес за избор на кандидат за градоначалник на претстојните вонредни избори кои ќе се одржат во април.Иако анкетите се во тек, а најголемата опозициска партија има голем број на имиња кои се спомнуваат како можни кандидати, се уште не е прецизирано едно лице кое ќе ја поведе партијата на изборите во кои ВМРО-ДПМНЕ е во длабока опозиција на сите нивоа во државата.Како и пред секои избори во сите партии работат повеќе лоби групи, интересни групи, центри на моќ, но и т.н. партиски „кујни“ кои сервираат се и сешто како меѓу членството, така и пред раководната структура. Во ова предизборие опозицијата доколку направи грешка скапо ќе ја плати и ќе се доведе во ситуација да испушти голема шанса да ја раздрма власта на СДСМ по вертикала од Охрид до Скопје.Во следниот период дефинитивно партијата ќе го одреди името со кое ќе трча на изборите, а до сега се спомуваат повеќе имиња, меѓу кои како најсериозни се сметаат неколку познати доктори од градот и адвокатот Мишел Наумоски.И додека во јавноста од партиските кујни се пуштаат имиња од разни лица кои некои центри сакаат да ги кандидираат, единствен човек од големата партија ВМРО-ДПМНЕ кој јавно, јасно и недвосмислено кажа дека сака да се кандидира за градоначалник е познатиот охридски адвокат.Тој во интервју за „Скопје 1“ недвосмислено потврди дека сака да е кандидат за градоначалник, а јавно изнесе и делови од својата програма, која ја објавува етапно.Интересот за познатиот адвокат се покажа како голем, а интервјуто една седмица беше во топ 3 најчитани вести на порталот.Мишел Наумоски има голем круг на луѓе и надвор од ВМРО-ДПМНЕ, во партијата опонент СДСМ, како и во бизнис заедницата. Тој со неговиот брат Антонио кој е познат во здравствениот сектор во Охрид, како многу чест помагател на изнемоштени и социјално необезбедени семејства, се многу добро прифатени во бизнис заедницата не само во Охрид, туку и во земјава.Посебно интересно за нив е тоа што се отворени, прецизни во своите планови, директни и искрени. Заедничо за браќата Наумоски е тоа што Охрид и охриѓани се приоритет. Многупати за интересот на градот вложуваат приватни средства и искористуваат пријатели, а скромноста оди до таму што и кога ќе ги прашаме за некои акции, одговорот е идентичен, „Се за граѓаните на Охрид“.

Македонија | пред 7 години

laze-1

ЛАЗЕ ТАНЕСКИ: Природата на мојот карактер е секогаш да имам амбиции

Во интервју за „Охрид1“ бизнисменот и претседател на СДСМ Лазе Танески зборува за тоа како одлучи да ја направи најголемата инвестиција во охридски хотел од осамостојувањето на Македонија до денес и за политичките амбиции пред предвремените Локални избори. Лазе Танески зборува и за исполнетото ветување на премиерот Зоран Заев за раздолжување на Охрид.Охрид1: Пред две години храбро влеговте во инвестиција која од граѓаните беше оценета како најголема инвестиција во еден хотел, од осамостојувањето на Македонија до денес. Како ја донесовте одлуката да инвестирате големи средства, да го понесете ризикот, да го издржите притисокот и на крај Охрид да го добие Лаки Хотел?„Во приватниот бизнис сум со години. Претходно мошне успешно менаџирав два други хотели кои ги изнајмував. И покрај тоа што јас лично не бев сопственик на објектите, тие објекти ги разработив и профитабилно и успешно работев , притоа вработувајќи луѓе, редовно исплаќав плати, па дури во објектите и инвестирав и ги модернизирав, за да ги направам поприкладни за времето во кое живееме, бидејќи беа градени во ерата на бивша Југославија. Тоа беше период кога во реалниот бизнис стекнав големо искуство низ секојдневната работа притоа соочувајќи се со најразлични проблеми кои некогаш и не е можно да се предвидат. Искуството кое го имам во менаџирањето во туризмот ме направи да не се плашам и да го преземам ризикот за да инвестирам во Лаки Хотел и денес да дојдам до оваа фаза во мојот личен бизнис развој и кариера како менаџер, а сега веќе и сопственик на свој хотел. Предизвиците ги има секој ден, но ги решаваме успешно.“Охрид1: Задоволни сте од работата на Лаки Хотел до сега?„Без лажна скромност ќе одговорам да! Лаки Хотел од самиот старт успешно работи, пред се со странски туристи. Хотелот има 60 соби и 4 луксузни апартмани. Ресторан кој нуди висок квалитет на услуга и го следи светскиот тренд при избор на храната, па така нудиме од наша традиционална храна, до здрава, диетална и протеинска храна која ја бараат странските, но се повеќе и домашните туристи. Го следиме трендот, нудиме квалитет и постојано се менуваме според потребата на туристите кои своите животни навики ги пренесуваат од местото на живеење во местото на престој, па така мора постојано да се прилагодуваме на светските трендови и да држиме чекор со потребите на модерните туристи, кои постојано се менуваат. Сето ова што го набројав, комбинирано со мотивот, еланот и желбата за успех резултира со позитивни резултати во работењето.“Охрид1: Рековте нудите различна понуда која е во чекор со светот. Колку Охрид го следи светот во делот на привлекување елитни туристи, висока класа на гости?„Реално ако зборуваме ние сме далеку од привлекување на голем број елитни туристи, или како што рековте висока класа на гости. Реков и погоре светот постојано се менува и ние треба да утврдиме прво што е за нас висока класа на гости. Ако зборуваме за висока класа, тогаш денес во 2019 година, во светот висока класа на гости се милјардери. Тоа е мала популација на луѓе која многу тешко, ако не и невозможно е да ја доведеме во Охрид. Мора да сме реални пред себе но и пред читателите. Тоа е класа на луѓе која се вози со свои сопствени јахти и се движи некаде од Лондон преку Гибралтар, па помеѓу Монте Карло, Ница, Кан, и помалку накај Дубровник или Миконос. Тоа е реалноста која треба да ја кажеме и да не манипулираме со јавноста и себе да се залажуваме во илузии. Ако зборуваме за некоја средна висока класа на гости, такви луѓе во Охрид доаѓаат но во помал број. Реално средната висока класа можеме да ја доведеме во Охрид и да понудиме и сместување и услуга. Тоа го нудиме и во Лаки Хотел. Оваа категорија на богати луѓе имаме услови да ја доведеме, но треба да продолжиме да работиме на подобрување на инфраструктурата и во градот и во земјата. Работите на тој план како што гледаме одат напред, владините политики се правилно насочени и за очекување туристичкиот бизнис да почне во пооглем дел да привлекува некоја, ајде пак така да ја наречам средна висока класа на гости.“Охрид1: Некако паралелно со стартот на вашиот хотел дојде и назначувањето на политичка функција во партијата СДСМ. Ја водите партијата во Охрид. Колку сте задоволен од партиските активности и каде ќе се движи СДСМ на локална сцена во следниот период ?„СДСМ за жал ќе оди на избори, кои како што е општо познато се последица на судбински настани на кои никој не може ни да влијае ни да ги предвиди и превенира. Смртта на избраниот градоначалник Јован Стојаноски нанесе огромна загуба за Охрид, но и за партијата. Одеднаш партијата се најде во друга ситуација и сега се спроведуваат непланирани но нужни процеси. Партијата ќе избере кандидат за градоначалник, кој ќе го прифати предизвикот наметнат повторно ќе кажам од судбински процеси. Убеден сум дека СДСМ ќе кандидира најдобро решение од сите кои се спомнуваат во јавноста или во анкетите и дека повторно ќе победиме. Сплотени и единствени!“Охрид1: Се спомнува и Вашето име. Имате ли амбиции да сте кандидат за градоначалник или демантирајте ги сите медиуми кои пласираа ваква вест?„Природата на мојот карактер е секогаш да имам амбиции. Секако дека размислувам за кандидатура и разговарам со повеќе луѓе од партијата околу тоа, како со врвот така и со членството и базата на СДСМ. Ние како голема партија нормално е да имаме и повеќе имиња за избор на кандидат. Јас повторно без лажна скромност ќе кажам дека функцијата претседател не ја сметам за предност пред другите туку сметам дека ние како партија располагаме со потенцијал, квалитетни луѓе и кадри од кои можеме да понудиме пред гласачите квалитетен кандидат и да победиме. Убеден сум дека СДСМ ќе го избере најдобриот кандидат и на изборите ќе оствари победа. Ако се оцени дека јас сум тој кандидат, секако дека ќе го прифатам предизвикот и ќе дадам максимум и во изборите и во вршењето на функцијата.Охрид1: Охрид во моментов е пред историски процеси кои го доведуваат до конечно раздолжување. Интересно е што и тоа почна во вашиот хотел, кога на отворањето лично Вие го однесовте тогашниот градоначалник до масата каде седеше сегашниот Премиер Зоран Заев, па прво тука неформално, а потоа во Владата и официјално почнаа разговори за владина помош на Охрид. Го сметате ли за голем успех на оваа власт раздолжувањето на Охрид?„Со големо задоволство јас лично го однесов тогашниот градоначалник до масата каде беше премиерот и тие срдечно разговараа и почна процес за доброто на Охрид. Премиерот Зоран Заев јавно преку вашиот портал вети дека ќе помогне да се раздолжи Охрид и тоа го направи! Владата ги издвои речиси половина милијарда денари со кои ќе се раздолжува општината и јавните претпријатија, но го формира и Ј.П. Колектор, со што симна еден камен од вратот на Охрид бидејќи финансирањето на колекторскиот систем од сега е на товар на државата и ги презеде долговите од околу 15 милиони евра кои се креираа со години од работата на колекторскиот систем. Секако дека тоа се историски процеси кои нашиот град и сите нас кои тука живееме не носат до еден пресврт. Јавноста во Охрид тогаш со неверување реагираше на тие најави на премиерот Заев, бидејќи не бевме навикнати на ситуации премерот на државата да се води од интересите на Охрид, а не од партиските или внатрепартиските интереси на некои групи. Со ова СДСМ покажа далеку поголема визија од политичките опоненти бидејќи ние процесот на раздолжување го најавивме и го започнавме кога со градот владееше градоначалник од ВМРО-ДПМНЕ и го продолживме во време кога дојде СДСМ на власт, но и го завршуваме во условно речено „наше време“ што значи дека таа изјава на Премиерот Заев не беше кажана во пропагандни цели, туку е реалност која сега се случува. Премиерот покажа далеку поголема визија за овие локални теми од сите негови претходници и направи чекори за кои аналитичарите тогаш пишуваа дека изгледаат неверојатни бидејќи јавноста во Охрид не беше навикната на политики кои се визионерски, туку живеевме заглавени во меѓупартиски но и внатрепартиски игри и пресметки кои сите скапо ги плативме. За наша среќа Заев тоа го прекина. Зошто ВМРО-ДПМНЕ тоа не го направи е нивно внатрепартиско прашање кое треба тие да го анализираат. СДСМ вети и го исполни ветеното и го доведе Охрид до раздолжување и тоа е факт кој граѓаните го знаат и сигурен сум дека адекватно ќе го ценат.

пред 7 години

1499088532-Ahmeti-Nimic

Ахмети до Нимиц: Дојде денот драг Мет да ти речам, бидна!

„Дојде денот, драг Мет да ти речам бидна“- пишува во писмото што претседателот на ДУИ Али Ахмети му го испратил на долгогодишниот медијатор во спорот за името Метју Нимиц, а по  ратификацијата на Договорот од Преспа во грчкиот парламент.„Во 2012 година, еден мој голем американски пријател ми сугерира да отпатувам во Соединетите Американски Држави, веднаш по пропаѓањето на тогашните напори за решавање на спорот со името со Грција.Му ветив дека откако ќе ја завршиме изборната битка за локалните избори следната година, ќе направам напори да отпатувам преку океанот.На почетокот на мај 2013 година, стигнав во Вашингтон каде имав серија на официјални средби, но и средби со истакнати американски дејци по однос на прашањата за Југоисточна Европа.Моите соговорници во Стејт Департментот, во Конгресот, во Пентагон и во Белата Куќа ми рекоа дека мојот американски пријател им го порачал следново: Послушајте го Али затоа што тој е многу загрижен штом решил да дојде до тука. И навистина, ме слушаа со внимание.Потоа отпатував за Њу Јорк, на средби со британската, американската и француската мисија при ООН, за да ја завршам мојата посета на САД со средбата што ја имав со тебе, драг Мет.Охрабрувајќи те да ги продолжиш напорите кон решение, тој ден ти реков дека ќе влезеш во историјата, дека ќе се паметиш како човекот кој што изгаси едно големо кризно жариште, овозможи мир, сигурност, стабилност и иднина за мојата земја.Еве каде сме денес, победници. Можеби истрошени, но победници. Посветени низ годините и невремето, но драг мој пријателе, се заврши и оваа работа.Ние сме се среќавале често и двајцата никогаш не го изгубивме нашиот фокус за да го тргнеме овој тежок камен од нашите плеќи, ова силно стегнато јаже околу нашите вратови што не држеше во заложништво скоро три децении.Како што кажа и ти самиот, кога се постигнува компромис, ниту еден не излага танцувајќи, но јас се чуствувам комотен со постигнатите резултати и сум уверен дека овој историски договор ќе ги постави темелите на взаемната доверба и добра воља и ќе им служи добро и на Скопје и на Атина на патот кон заедничката иднина.Заедно го постигнавме овој видлив успех кон нашата цел за да ја интергрираме земјата во НАТО и во Европската Унија. Но, пред нас останува предизвикувачки пат на кој што ние остануваме целосно посветени преку заедничко делување одлучно да ја браниме слободата и заедничките вредности за човечките слободи и права, демократијата, солидарноста и владеењето на правото.Ова е навистина вековно постигнување и огромен напредок, но имаме се уште работа пред нас за да го наречеме целосен успех. Тоа ќе го кажеме кога ќе се построиме рамо до рамо со нашите сојузници при големото евроамериканско семејство на НАТО.  Јас знам дека ти ќе бидеш со нас и во тој момент, и во тоа достигнување.Сакам да ти се заблагодарам многу за твоето инсистирање и за целосната поддршка низ сите овие години кон конечното завршување на овој спор помеѓу два соседи. Твојата посветеност комбинирана со истрајноста и разбирањето на околнистите во нашите две земји придонесе кон овој позитивен резултат. Изразувам благодарност и до Генералните Секретари  на ООН за нивната посветеност и придонес низ годините.Пишав долго пријателе мој затоа што јас, во ова патешествие, го следев мојот преродбенички завет за припадност кон западот, додека ти ги следеше човечките вредности прегрнати од страна на светските демократии и сметам дека двата наши поттици беа целосно компатибилни и совпадливи.Дојде денот драг Мет да ти речам, бидна!Ти посакувам многу здравје и семејна среќа,Претседател на Демкоратската унија на Албанците Али Ахмети“, стои во писмото.

Македонија | пред 7 години

Нема фотографија

МЗ: Состојбата на пациентите кои се заразија со морбили е под контрола, преземени се сите мерки за да се спречи ширење на епидемијата

Здравствената состојба на пациентите кои се заразија со морбили (мали сипаници) е под контрола, преземени се сите можни мерки да се спречи понатамошно ширење на епидемијата, реагираат од Министерството за здравство на прес-конференцијата на ВМРО-ДПМНЕ.„Катастрофалната состојба која ја затекнавме беше предизвикана токму од негрижата на здравствените власти во тек на 11 години и биланс од над 15 илјади невакцинирани деца со МРП вакцината и тоа само во Скопје.Заради комплетно изгубена доверба во јавното здравството, паралелен увоз на лекови и негрижа од здравствените власти, епидемијата на морбили која беше искоренета во нашата земја, повторно се врати.Вакцините со погрешна деклацаија, но со правилен рок на траење, се повлечени од Здравствените домови и како налага Законот мора да се уништат. Со повлекување на вакцината од Здравствените домови повикувајќи се на Законот за лековите и медицинските средства, согласно член 106 став 1 точка 5, оваа вакцина се смета за лек кој не е за употреба. Затоа МАЛМЕД донесе решение да се уништат количините од оваа вакцина.Вакцинацијата е една од врвните придобивки на современата медицина во светот, а не причина за партиски препукувања. Вакцините се со одличен квалитет и се комплетно безбедни за употреба.Нашата посветеност, позитивните кампањи за вакцинациија, како и гаранциите дека вакцините се безбедни, со рок на траење и проверен квалитет овозможи да имаме околу 4 400 вакцинирани деца за околу еден месец, што е одличен успех.Ја подигнавме свесноста на јавноста дека вакцинацијата е неопходна кога станува збор за болест како морбилите (мали сипаници). Сите препораки, известувања и апели и сите мерки за заштита на населението се преземени навреме иако, во спротивно досега ќе имавме и смртни случаи“, велат од Министерство за здравство.

Македонија | пред 7 години

vakcini-novi

Вчера примени вкупно 6 нови заболени од морбили, две деца во потешка здравствена состојба

Во текот на вчерашниот ден на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби примени се вкупно 6 нови заболени од морбили, а уште тројца амбулантски се прегледани, со јасна клиничка слика на морбили (мали сипаници).„Од Клиниката информираат дека ова е бран на ново заболени, по што очекуваат бројката да се зголемува. Епидемијата од морбили се шири во некои од градовите во внатрешноста на земјава. Две деца се во потешка здравствена состојба и за што постои можност да бидат поставени и на апарати за дишење. Здравствената состојба на детето со церебрална парализа кое беше во потешка состојба, значитело е подобрена. Исто така, подобрена е и постабилна состојбата и на 8 годишното девојче кое има астма и се заразило со морбили и варичела. Во моментов, на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби има вкупно 24 пациенти со морбили (мали сипаници).Министерството за здравство информира дека денеска (27 јануари 2019 година) до 13:00 часот вакцинирани се вкупно 4 345 деца со МРП вакцини.За да се спречи ширењето на епидемијата на морбили во Скопје, во сите Универзитетски Клиники донесена е одлука за ограничување на посета на пациентите, односно да се забрани посета на пациенти кои лежат на клиниките се до крајот на траењето на епидемијата.Апелираме до родителите да ги почитуваат препораките на Министерството за здравство. На трите пунктови во поликлиниките „Јане Сандански“, „Бит-пазар“ и „Ѓорче Петров“ има дежурни лекари секој работен ден од 19.30 часот до 7.30 наутро, а за викендите се на располагање 24 часа во текот на денот. Во работните денови, родителите треба децата прво да ги однесат на матичен лекар. На овие три места ќе се вршат комплетни прегледи со лабораторија на децата чии родители ќе се посомневаат дека можеби се заболени од морбили (мали сипаници). Доколку лекарите утврдат дека е потребно, пациентите ќе ги упатуваат на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби. Апелираме до сите родители, кои ќе забележат или ќе се посомневаат на првите знаци на болеста, висока температура, децата прво да ги однесат на овие три пунктови.Министерството за здравство ја потсетува јавноста дека сѐ уште е на сила наредбата дека децата, кои се невакцинирани нема да бидат примени во детските градинки, со цел да се спречи ширењето на епидемијата прогласена во Скопје. Децата од училишна возраст задолжително да се вакцинираат ако не се вакцинирани или примиле само една доза од вакцината МРП. Сите здравствени работници што од кои било причини не се вакцинирани или не се сигурни во својот вакцинален статус, да го направат тоа во најбрз можен рок. Напоменуваме сите превентивни мерки и препораки против ширењето на болеста да се сфатат сериозно и без отстапки.Апелираме до сите родители да ги вакцинираат своите деца со МРП вакцина, која е висококвалитетна и ефективна, а производител е GlaxoSmithKline од Белгија.Вакцините кои се аплицираат во сите здравствени домови се со проверен квалитет, од европски производител и имаат добар рок на траење“, велат од Министерство за здравство.

Македонија | пред 7 години

Нема фотографија

ВМРО-ДПМНЕ свика итна седница на Извршниот и Централниот комитет

Раководството на ВМРО-ДПМНЕ денес ќе одржи итна седница на Извршниот и Централниот комитет, поради актуелната политичка состојба за претседателските извори, како и за барањето за предвремени парламентарни избори.Седницата на Централниот комитет е закажана за 14 часот.Ваквите заседавања доаѓаат по одлуката на СДСМ да го одложи конечниот став во однос на одлуката за предвремени парламентарни избори.

Македонија | пред 7 години

40684064_1825048144305661_8575468734125178880_n

ECO SPAR - камини на пелети со субвенција до 30 000 денари

Набавете камин на пелети од ECO SPAR со што ќе штедите во домашниот буџет, а ќе го намалите и загадувањето на воздухот, и секако ќе искористите субвенција која градот Скопје ја дава ако купите камин на пелети.Во време кога Скопје стана светски рекордер во загаденост на воздухот, ECO SPAR на пазарот ги нуди економичните и еколошки препорачаните камини на пелети кои се за семејниот буџет штедливи, а за природата грижливи.Град Скопје на граѓаните што имаат купено печки на пелети од 07.11.2018 година до денот на завршувањето на повикот ( 30.11.2019 ) ќе им надомести дел од трошоците за набавка на печката во висина од 70%, но не повеќе од 30.000 денари со вклучен персонален данок на доход по домаќинство.Јавниот повик ќе трае заклучно со 30 ноември 2019 година или до исцрпување на предвидените финансиски средства од Буџетот на Град Скопје за оваа намена, во зависност од тоа кој услов ќе настапи прв“, велат од Град Скопје.ЕКО ШПАР нуди печки и камини на пелети за вашите домови или работни простории и тоа почнувајќи од најмалите камини како „Вега“ и „Венус“ од по 12 KW кои загреваат простор до 100 метри квадратни , па се до котлите за парно греење „Комби“ кои се со моќност од 55KW и загреваат простор до 450 квадрати.Целата понуда на компанијата EKO SPAR погледнете ја со клик Т У К А ОБЕЗБЕДЕН СЕРВИС НА ПОДРАЧЈЕТО НА ГРАД СКОПЈЕСКОПЈЕ: Ѓ.ПЕТРОВ - КАРПОШ - ЦЕНТАРВАНЧО | моб: 070 672 775 | е-mail: animako_vanco@hotmail.comМАРИЈАН | моб: 070 245 455 | е-mail: animako_vanco@hotmail.comСКОПЈЕ: К.ВОДА - АЕРОДРОМ - ЦЕНТАР - Г.БАБА - ЧАИРТОМИСЛАВ | моб: 070 223 643 | е-mail: tomo-1974@hotmail.com

Скопје | пред 7 години

Нема фотографија

Филипче призна дека не ја вакцинирал внуката со МРП вакцина

Министерот за здравство, Венко Филипче во интервју за Радио Слободна Европа изјави дека вакцинирањето на неговата внука било со цел да ги увери граѓаните дека вакцините се безбедни, но и дека таа е се уште мала и не може да биде вакцинирана од МРП.„Секогаш е добро да се покаже со личен пример дека нешто е вистина, дека нешто е вистински чекор и дека нешто е вистинска политика. И во таа насока беше вакцинирањето на мојата мала внука, која е се уште мала и не може да биде вакцинирана од МРП, меѓутоа и објавата беше во насока на тоа дека ние како здравствени власти ги уверуваме сите граѓани, родителите на малите деца дека вакцините се безбедни. Процесот на вакцинација е апсолутно безбеден, дека тоа е вистинска инвестиција во здравјето на децата. Мојот чин беше во однос на сите овие аргументи“, изјави Филипче.

Македонија | пред 7 години

Screenshot_2-35

(ВИДЕО) Грчкиот пратеник Филис: Грчката Македонија стана грчка

Страницата на Фејсбук Беломорска партија денеска објави видео на кое пратеникот Никос Филис говори во грчкиот Парламент како Беломорска Македонија со сила стана грчка.https://www.facebook.com/131340650965/videos/366794170772282/

Македонија | пред 7 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања