ГЛАВНИ-ВЕСТИ

gGJvC-

Системот од безбедносните камери во Албанија ги избришал снимките од Груевски, неможел подолго да ги чува

Снимките од безбедносните камери од бегството на Никола Груевски од Албанија не се обезбедени. Оваа држава не постапила по барањето за меѓународна правна помош од безбедносните служби, вели државниот обвинител Љубомир Јовески на дебатата на Законот за СЈО во МАНУ.– Има неколку образложенија од албанската страна, но основно е дека имало голем број снимени материјали на камерите и дека тој нивни систем не можел подолго да ги чува – рече Јовески.Според него, тие снимки не биле рачно избришани, туку самиот уред функционирал така. За снимките во државата од движењето на Груевски, Јовески не кажа дали Обвинителството располага конкретно со снимка од него, туку само дека сите прибавени снимки Обвинителството ги анализира.

пред 6 години

Sport.Still032

Одрон целосно го блокира сообраќајот на патот Прилеп Македонски Брод

Одронот е на превојот „Барбарос“ на патот Прилеп - Македонски Брод.Според првите неофицијални информации се расчистува просторот и се очекува наскоро сообраќајот да почне да се одвива наизменично по една коловозна лента.

Македонија | пред 6 години

49948075_282787959078136_8610624802379530240_n

Започна расправата за интерпелација на Димитров

Морална, професионална и политичка одговорност побара опозициската ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „За подобра Македонија“ со поднесената интерпелација за шефот на македонската дипломатија, Никола Димитров.Координаторот на пратеничката група Никола Мицевски сметаат дека Димитров функцијата министер за надворешни работи ја извршува несовесно, нестручно и спротивно на македонските интереси. Тој потенцираше дека денешната интерпелација се однесува на единствениот министер во историјата на независна Македонија што на таков дрзок и препотентен начин ја навреди македонската нација. Имено, Никола Димитров од оваа говорница без никаков срам македонската нација ја нарече комплексирана и сето тоа заради тоа што македонците не сакаат да се промени името на државата, вели Мицевски.Координаторот Мицевски нагласи дека Димитров со неговата изјава дека македонскиот народ е искомплесиран ги навредил Македонците, додавајќи дека со ваквите дрски изјави го нарушил угледот и достоинството на македонската нација, а со тоа ја обесчестува и самата функција министер.Со ова тој го наруши угледот и достоинството на македонскиот народ, целата нација, но и на Република Македонија. За нас е недозволиво и неприфатливо министер за надворешни работи на ваков низок начин да ги навредува граѓаните на оваа држава.Димитров го урива угледот и достоинството, и ја обесчестува функцијата министер за надворешни работи, истакна тој.Антонио Милошески од ВМРО-ДПМНЕ истакна дека доколку на пример шефицата на бугарската дипломатија Екатерина Захариева во мирна или жестока расправа изјави дека бугарската нација или дел од неа е искомплексирана, таа веднаш од морални причини би си поднела оставка. Додаде дека истото ќе се случи и доколку таква изјава дал Никос Коѕијас или кој било други шеф на дипломатијата.Во врска со ставовите за антиквизација, Милошоски нагласи дека одлуката за изградба на споменикот на Александар Македонски е донесена во 2004 година од советниците на СДСМ и ДУИ и праша дали кога побарале да се гради тој споменик, тие биле искомпелсирани советници.

Скопје | пред 6 години

kurto-dudush

Дудуш преку ФБ повика на смиреност и трпение во интерес на успешно спроведување на истражниот процес

По вчерашниот инцидент во Шуто Оризари, кога беа поврдени двајва полицајци, на социјалната мрежа фејсбук се огласи градоначалникот на оваа општина Курто Дудуш. Тој ги повик граѓаните на смиреност и да се воздржат од ескалации.Во продолжение статусот на ФБ на градоначалникот Дудуш:Во однос на вчерашните случувања во општина Шуто Оризари ги повикуваме сите сограѓани да останат смирени, да се воздржат од ескалации и да покажат трпение во интерес на успешно спроведување на истражниот процес. Ве информираме дека сите релевантни фактори ја следат безбедносната ситуација која е од круцијална важност за сите сограѓани и работат со цел расветлување на случајот.Ги повикуваме граѓаните од општина Шуто Оризари да бидат претпазливи, доколку сметаат дека е потребно да ги придружуваат децата до училиштата/градинките да го направат истото, да не го попречуваат редовното присуство на децата во училиштата/градинките и непречено да ги одвиваат секојдневните активности.Ги охрабруваме граѓаните да отстапат место за ангажирањето на релевантните институции што е во прилог на безбедност и стабилност. Упатуваме апел до сите граѓани дека не постои простор за став и паника, ве охрабурваме да бидете смирени, слободно да ги извршувате вашите секојдневни активности и да покажете доверба во работата на релевантните служби кои се вклучени во процесот, напиша Дудуш.https://www.facebook.com/kucoo.dudush/posts/2279578772052658

Скопје | пред 6 години

nbrm-narodna-banka

Извештај на ММФ за 2018 година: Монетарната политика е соодветна, а банкарскиот систем е стабилен

Извештајот за Република Македонија за 2018 година што го објави денес Извршниот одбор на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) претставува финално заокружување на оцените од редовниот годишен преглед на македонската економија спроведен во ноември минатата година во рамки на Мисијата, според член 4 од Статутот на ММФ. Во Извештајот, поставеноста на монетарната политика сe оценува како соодветна. Притоа, нотирано е монетарното релаксирање во текот на минатата година, како поддршка на вкупната активност во економијата, а при истовремено одржување стабилни очекувања на економските субјекти и на нивната доверба. Воедно, се констатира дека олабавувањето на монетарната политика во текот на годината е одраз на поволните движења на девизниот пазар, малиот производствен јаз и умерената инфлација. Во својот извештај, ММФ потврдува дека надворешната позиција на економијата главно е во линија со среднорочните фундаменти и дека девизните резерви би се одржувале на соодветно ниво и во наредниот период.ММФ оценува дека банкарскиот систем и натаму е стабилен и дека банките се висококапитализирани, ликвидни и профитабилни. Во Извештајот се посочува дека учеството на нефункционалните во вкупните кредити е намалено и дека постои соодветна резервираност на нефункционалните кредити за справување со кредитниот ризик, но и дека ризиците сепак треба и натаму внимателно да се следат. Според ММФ, натамошните напори за постепено зголемување на денаризацијата на депозитите, во комбинација со соодветни макропрудентни мерки на страната на кредитите, може позитивно да влијаат за натамошно зајакнување на отпорноста на финансискиот систем. Во Извештајот се посочени и повеќе конструктивни препораки за натамошно зајакнување на рамката за финансиска стабилност, кои беа утврдени во рамки на Програмата за оцена на финансискиот сектор во Република Македонија, која заврши неодамна.Во поглед на макроекономските движења, ММФ очекува економскиот раст во земјава да забрза на 2,8% во 2019 година, поддржан од закрепнувањето на инвестициската активност и на 3,4% на среден рок. Според ММФ, зголемениот глобален протекционизам и затегнувањето на меѓународните финансиски услови се клучни негативни ризици за макроекономските изгледи кај нас. Од друга страна, како позитивен ризик се посочува забрзувањето на процесот на структурни реформи и започнувањето на преговорите за пристапување во Европската Унија и НАТО.

Македонија | пред 6 години

PS-STRUGA

Наместо во фирмта, парите ги ставал в џеб - кивична пријава за лице од Лабуништа

Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „злоупотреба на службена положба и овластување“ и едно продолжено казнено дело „даночно затајување“, надворешната канцеларија за криминалистички работи Струга, до надлежното Јавно обвинителство поднесе кривична пријава против И.А. (46) од струшкото село Лабуништа.Тој, во својство на управителот на правното лице за трговија и услуги „Спорт Шкорпион“, во временски период од 2013 до 2018 година, остварениот приход не го внесувал на жиро сметка на правното лице туку износот го прибавувал за себе, со што, го оштетил правното лице за вкупен износ од 8.710.261 денари. Пријавениот, во истиот период одбегнал обврска за плаќање на данок на добивка, данок на додадена вредност и персонален данок, со што го оштетил буџетот на Република Македонија за 2.435.110,оо денари.

Македонија | пред 6 години

zaev-29.01

(ВИДЕО) Средба Заев Даниелсон: Правиме напредок и смели чекори за отпочнувањето на преговорите за членство во ЕУ јуни 2019

Претседателот на владата на Република Македонија, Зоран Заев, денеска го прими во посета директорот на Директоратот за соседство и преговори за проширување на Европската Комисија, Кристијан Даниелсон, кој, заедно со амбасадорот на ЕУ во нашата земја Самуел Жбогар, и со други претставници на мисијата во Скопје, учествуваа на состанокот на кој се презентираше актуелниот статус на процесот за интеграција на нашата земја во Европската Унија.По тет-а-тет средбата меѓу премиерот Заев и господинот Даниелсон се одржа и заедничкиот состанок со Заменик претседателот во Владата на РМ и министер за внатрешни работи Оливер Спасовски, со Заменик претседателот во Владата на РМ задолжен за европски прашања Бујар Османи, со министерката за правда Рената Дескоска, со министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски, и со министерот за надворешни работи Никола Димитров, како членови на Владата на РМ најнепосредно задолжени за областите во кои се спроведуваат реформите кои Европската Комисија ги посочи како приоритети за нашата земја во актуелниот извештаен период за напредокот на Република Македонија во евроинтеграцискиот процес.Денешниот состанок го отвори Претседателот на Владата на Република Македонија Зоран Заев, кој во своето обраќање, меѓу другото, истакна дека за нашата земја, поддршката на Европската комисија, институциите на Европската Унија, земјите членки на ЕУ, на нашите соседи и многу други лидери, беше клучна за цврсто да зачекориме напред и да се врати Република Македонија на патот кон Европската Унија и НАТО, како и за стабилноста, кредибилитетот и просперитетот на нашата земја.За Република Македонија, 2018 година беше година од историско значење, за конечно решавање на спорот помеѓу Република Македонија и Република Грција. Со Договорот од Преспа, и со ратификацијата во двете земји затворивме проблем кој постоеше повеќе од 25 години и го трансформиравме во стабилно пријателство кое треба да биде мотивација и инспирација за сите на Западен Балкан и во ЕУ.Паралелно со овој процес, Владата работеше напорно на клучните реформски области кои ни ги зададе Европскиот совет во јуни 2018, како услов за ефективен почеток на преговорите за членство во ЕУ во јуни 2019 година, односно реформи во правосудството, реформи во безбедносните и разузнавачките служби, борба против криминалот и корупцијата и реформи во јавната администрација.„Имплементацијата на законите и практикувањето на вредностите на поделба на власта, владеење на правото и борба против корупцијата ќе докажат дека во Македонија работите навистина суштински се менуваат и дека Македонија заслужува да ги започне преговорите во јуни 2019 година. Денес судството е далеку по независно од политиката, медиумите се слободни и ја контролираат власта, институциите се потранспарентни и поблиски до граѓаните, полицијата ги заштитува правата на граѓаните, немаме повеќе незаконско прислушкување, законот важи за сите без разлика колку се моќни, а економијата почнува да расте“, истакна премиерот Заев.Претседателот на Владата на РМ, Заев потоа информираше дека веќе девет поглавја од преговарачкиот процес се опфатени и поминати низ заедничките објаснувачки подготвителни состаноци со Европската комисија, и дека оваа фаза дава значајна подготовка за преговорите кои следуваат.„Убеден сум дека овие нови стандарди кои оваа Влада ги постави ќе продолжат и ќе се засилат, а тоа ќе биде аргумент за Република Македонија да оди напред во интеграциите кон ЕУ кои беа долго замрзнати. Од нашите пријатели во ЕУ очекуваме само праведно и фер оценување засновано на резултати кое ќе ни даде шанса за успех, успех на целата држава и општество, но успех и за Западен Балкан и за Европската Унија. Република Македонија направи извонреден напредок и презеде смели чекори и отпочнувањето на преговорите за членство во јуни 2019 година ќе испрати силен сигнал до Регионот на Западен Балкан, дека процесот на пристапување и понатаму е заснован на заслуги и резултати - ако земјата кандидат испорачува, тогаш и ЕУ испорачува“, рече во своето воведно обраќање на состанокот на кој се презентираше актуелниот статус на процесот за интеграција на нашата земја во Европската Унија и на кој присуствуваше директорот на Директоратот за соседство и преговори за проширување на Европската Комисија, Кристијан Даниелсон.Заменик претседателот во Владата на РМ задолжен за европски прашања Бујар Османи, потенцираше дека спроведувањето на реформските пакети се остварува со предвидената динамика и ги следи препораките на Европската Комисија, и го нагласи фактот дека надминувањето на политиките пречки за исполнување на реформите во голема мерка учествува и во кохезијата на македонското општество заради сознанието дека реформите ја приближуваат земјата кон неподелената стратешка определба на граѓаните за евро-атлантските интеграции.Заменик претседателот во Владата на РМ и министер за внатрешни работи Оливер Спасовски, во своето обраќање на состанокот говореше на реформскиот пакет кој се однесува на безбедносните и разузнавачките служби, борба против криминалот и корупцијата, и нагласи тој ќе биде затворен до крајот на извештајниот период на Европската Комисија, односно до крајот на април, вклучувајќи го и формирањето на Советот за граѓански надзор за работата на безбедносните служби.Рената Дескоска, како министерка за правда на состанокот со директорот на Директоратот за соседство и преговори за проширување на Европската Комисија, Кристијан Даниелсон, информираше детално за системот закони од правосудството, за Законот за борба против корупцијата и спречување на конфликтот на интереси, како и изборниот законик и останатите закони. Таа нагласи дека сите овие закони се донесени или се финализираат во целосна и сеопфатна соработка со стручните тела на Европската Комисија и меѓународните организации од оваа сфера. Министерката за правда, Дескоска потенцираше дека Владата на РМ е максимално посветена на тоа овие закони да бидат усвоени со политички консензус и во соработка со опозицијата како клучни закони за враќање на довербата на граѓаните во институциите и владеење на правото.Министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски ги презентираше најновите информации за спроведувањето на Стратегијата за реформа на јавната администрација, кој опфаќа повеќе законски решенија за професионална, департизирана и кон граѓаните ориентирана државна администрација. Во неговото обраќање посебно место имаа и реформските процеси за дигитализација на општеството како предуслов за едноставни и модерни услуги за граѓаните, како и прашањата за сајбер безбедност и за имплементација на најновите методологии за образование за информатички вештини на учениците.Министерот за надворешни работи Никола Димитров нагласи дека во надворешната политика нашата земја останува на веќе утврдените приоритети за евро-атлантските интеграции, за добрососедска политика и за зацврстување на стратешкото пријателство со земјите партнери од НАТО и ЕУ, како и со сите останати земји со нашата земја има воспоставено принципиелни пријателски односи. Тој подвлече дека очекува Република Македонија, со поддршка на ЕУ, са извојува уште една историска победа за себе и за ЕУ, и да ги отпочне преговорите со Европската Комисија во јуни оваа година.Директорот на Директоратот за соседство и преговори за проширување на Европската Комисија, Кристијан Даниелсон, на состанокот со Претседателот на Владата на РМ Заев и со надлежните министри на ресорите од приоритетно значење за реформи до извештајниот период на ЕК во април, истакна дека во име Европската Комисија уште еднаш ги пренесува честитките за историскиот договор со Грција, и дека таа останува и понатаму максимално посветена на поддршката за Република Македонија во претстојниот период за да се оствари договореното минатата година, отворањето на поглавјата да започне во јуни оваа година.Господинот Даниелсон истакна дека напредокот и посветеноста на Владата на РМ се видливи, и дека Европската Комисија ќе продолжи со укажувањата и препораките, како што тоа го прават добрите пријатели, за да се остварат заедничките интереси на Република Македонијa и на ЕУ.

Скопје | пред 6 години

vreme

Облачно со врнежи од дожд, од петок промена на времето

Денес времето ќе биде претежно облачно со повремени врнежи од дожд, а на планините од снег, претежно во источните делови. Претпладне по одделни котлини ќе има појава на магла. Врнежите ќе бидат пообилни во текот на ноќта во источните делови. Дневната температура ќе се движи од 2 до 10 степени.Во Скопје облачно време со температура од 0 до 5 степени.До четврток под влијание на влажни воздушни бранови времето ќе биде претежно облачно со повремени врнежи од дожд, а на планините (над 1400м.н.в) од снег. Денес во текот на ноќта кон среда и во среда врнежите ќе бидат пообилни во источните делови, локално ќе наврне над 30л/м2 дожд. Од петок се очекува значително затоплување, особено на повисоките места и на планините што ќе услови топење на снежната покривка.

Македонија | пред 6 години

BeFunky-collage-15-800x411

Жители на Шутка: Тие не се полицајци, носеа лопати и немаа таблици на колите

По објавата дека полицајци биле нападнати во Шутка, а потоа пренесени во болница, реагираат жителите на Шуто Оризари. Според нив, станува збор за киднапери, кои биле во возило без таблици и задни седишта, а со нив носеле и лопати. Дел од коментарите ви ги пренесуваме интегрално, со заштитен идентитет на лицата кои пишувале, познати на редакцијата на “Скопје 1”.

Скопје | пред 6 години

salt_20190128_224839_951

Мајката на момчето кое загина во пожарот позади „Рамстор“ бара помош, две години живее без вода и во барака пред распаѓање

25-годишниот Мартин Сиљанов, кој загина во пожарот што изби во сервис за мопеди позади трговскиот центар „Рамстор“, зад себе остави мајка која е инвалид и која живее во трошна барака пред распаѓање. Нејзиниот живот го следат трагедии уште од рана возраст. Како дете била прегазена од војнички камион во Скопје, по што останала инвалид. На 28-декември го загуби својот син Мартин, по што останува да живее во барака во скопската населба Ченто, со својот друг син, но со ограничени примања, пишува Фокус.И покрај тоа што е неподвижна до сега не и е одобрена инвалидска пензија. Живее од социјалната помош за куќна нега и од платата на нејзиниот втор син Влатко, кој е пријавен на минималец.-Вкупните месечни примања од кои живеат не надминуваат 15.000 денари – велат пријатели на семејството.Најголемиот проблем сепак е тоа што немаат вода. Веќе две години не протекла ни капка вода од нивните чешми. Пријателите апелирале, пишувале писма до властите, се обратиле и до јавното претпријатие „Водовод и канализација“, но проблемот останал нерешен.-Тие луѓе немаат душа. Десетици пати сме побарале да ја закрпат цевката, но ништо не презедоа. Од „Водовод и канализација“ ни велат дека Општина Гази Баба треба да дозволи за да можат да копаат, и зошто проблемот не се решава, на нас не ни е јасно – вели Љубомир Стрезовски, пријател на фамилијата.Трагедијата за загинатиот Мартин го потресла семејството и неговите пријатели. Го паметат како енергично момче со жив дух. Велат дека бил експерт за мотоцикли.-За мотори беше професионалец. Можеше да склопи и да расклопи мотор – вели чичко Љубомир.Тој апелира до хуманите граѓани колку можат да донираат финансиски средства за да се реновира бараката во која живеат мајката на Мартин и неговиот брат.-Бараката е во хаос, може да издржи максум една до две години, кај и да е ќе падне. Се надевам дека ќе има граѓани кои ќе помогнат да се реновира. Целата е во гипс и е со поцрнети ѕидови поради старото ќумбе на кое се греат – посочува тој

Скопје | пред 6 години

BeFunky-collage-15-800x411

Претепани полицајци во Шуто Оризари, жителите мислеле дека тепаат киднапери

Двајца полицајци завршиле во болница откако биле нападнати од група граѓани во Шуто Оризари.Како што соопшти полицијата, инцидентот се случил кога малолетничка наводно видела дека непознати лица насилно внеле женско лице во комбе, но не знаела за кого станува збор. Таа тоа му го кажала на возрасен маж, кој пријавил во полиција. Се собрала поголема група граѓани и во тој момент наишло возило во кое имало три лица, од кои двајца полициски службеници од Полициската станица Чаир, кои не биле на работа.„Насобраните ги нападнале лицата кои биле во возилото и тие се пренесени во болница за укажување лекарска помош“, велат од МВР.До овој момент, како што соопшти полицијата, нема пријава за исчезната девојка од ниту едно семејство и се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Скопје | пред 6 години

mickoski-pratenici-vmro-dpmne-1

Досега 33 пратеници ја потпишаа иницијативата за распуштање на парламетот

33 пратеници ја потпишаа иницијативата за распуштање на парламетот, 2 се службено отсутни.Од пратениците од ВМРО ДПМНЕ, иницијативата не ја потпишаа Илија Димоски, Даниела Рангелова и Крсто Јованоски.Од пратеничката група на СДСМ најавуваат дека најверојатно нема да ја прифатат иницијативата на ВМРО-ДПМНЕ, што, сепак, не значи дека е отфрлена можноста за предвремени избори. Конечната одлука за тоа дали ќе се оди на спојување на изборните циклуси, според најавите, ќе биде донесена до крајот на оваа седмица, на седница на Извршниот одбор на СДСМ, кој доби такво овластување од Централниот одбор минатиот петок.За распуштање на парламентот и распишување предвремени избори треба да се обезбедат најмалку 61 пратенички глас.

Македонија | пред 6 години

kicevo-gostivar

(ВИДЕО) Сообраќајна несреќа пред Гостивар, сообраќајот во прекин повеќе од 1 час

Десетина лица се повредени во сообраќајна несреќа што пред околу еден час се случила на магистралниот пат Гостивар- Кичево, кај превојот Стража.Сообраќајна несреќа кај каменоломите пред Гостивар. Во несреќата учествувале автомобил и комбе. Километарски колони од двете страни, затоа што сообраќајот е во целосен прекеин повеќе од 1 час.Според првичните полициски информации, сообраќајката се случила во 14:10 часот, на излезот од Гостивар, во близина на Камеломонот.Во сообраќајката учествувале еден автомобил „голф“, еден „пасат“ и едно патничко комбе.Во моментов полицијата од ПС Гостивар врши увид, а сообраќајот е во прекин, вели Марјан Јосифовски, портпарол на СВР Тетово.

Македонија | пред 6 години

lift

Лифт се откачил во зграда во Скопје додека во него имало мајка со дете

Триесет и шестгодишна скопјанка е повредена откако се откачил лифтот во кој влегла заедно со нејзиниот малолетен син. Инцидентот се случил во саботата во зграда на улицата „Вангел Тодоровски" во скопската населба Аеродром.„На 26.01.2019 година околу 15,00 часот 36- годишната А.В од Скопје пријавила дека на улица “Вангел Тодоровски” во Скопје, кога влегла во лифт во зграда заедно со нејзиниот малолетен син и го притиснала копчето за 3-от кат лифтот се откачил и паднал едно ниво подолу.На А.В. и е укажана лекарска помош во Комплекс клиники “Мајка Тереза” од каде по укажаната лекарска помош е пуштена на домашно лекување. Извршен е увид на местото на настанот и известен јавен обвинител“, велат од МВР.

Скопје | пред 6 години

gordana

Професорката Гордана Силјановска Давкова, кандидат за претседател на Македонија

Триесетина професори упатија јавен повик барајќи јавноста да застане зад кандидатурата на универзитетската професорка Гордана Силјановска Давкова за претседателка на Република Македонија.Потписници се повикот се:1. Катица Ќулафкова, академик2. Наде Проева, професор3. Каролина Ристовска-Астеруд, професор4. Фредерика Поповска-Павловска, професор5. Билјана Ванковска, професор6. Жидас Даскаловски, професор7. Елка Јачева Улчар, професор8. Михајло Миноски, професор9. Никола Павловски, професор10. Богдан Богданов, професор11. Снежана Филипова, професор12. Костадин Тренчевски, професор13. Ивица Милевски, професор14. Јован Донев, професор15. Велика Стојкова Серафимовска, професор16. Валериј Софрониевски, професор17. Јани Бојаџи, режисер18. Ружица Манојловиќ, професор19. Игор Улчар, професор20. Константин Миноски, професор21. Марија Ристевска, доцент22. Драги Митревски, професор23. Тихомир Стојановски, професор24. Благоја Јанаков, професор25. Петре Георгиевски, професор26. Јане Богданов, професор27. Виктор Ѓамовски, професорСпоред потписниците потребно е да се наметне обединување зад личност кој се издигнува над ситните меѓупартиски и меѓуетнички ривалитети. Таква надпартиска личност, сметаат професорите, е професорката на Правниот факултет во Скопје. Гордана Силјановска-Давкова.Во продолжение интегрално Ви го пренесуваме повикот до јавноста од професорите„Како никогаш порано, во најтешките моменти на поновата национална и политичка историја, на Македонија ѝ е итно потребен здружен опозициски блок, кој ќе ги обедини сите граѓански и интелектуални капацитети. Со оглед на состојбата, ова ќе биде работа на повеќе генерации, но првиот предизвик со кој треба да се соочиме на политички план се претседателските избори. Станува збор за навидум помалку важна институција во парламентарен систем, но историскиот миг ја прави повеќе од значајна. Во услови на нарушени контролни механизми, дерогација на поделбата на власта и на системот на „кочници и рамнотежа“, во ситуација кога ставот на граѓаните изразен на референдум беше безобразно заобиколен, институцијата Претседател на Републиката е последниот, или поточно првиот, браник на уставните вредности.Ова не е време за нормален политички натпревар, особено поради основаните сомнежи дека власта не е подготвена да организира фер и чесни избори. Затоа, како единствена рационална алтернатива се наметнува обединувањето зад личност, зад кандидат кој со сиот свој животен и академски хабитус, морал и интегритет, се издигнал над ситните меѓупартиски и меѓуетнички ривалитети.Таква надпартиска личност е професорката на Правниот факултет во Скопје, Гордана Силјановска-Давкова. Во нејзината личност и јавно дејствување се препознаваме без оглед на политичка, верска, етничка или социјална припадност.Свесни дека учеството во политички натпревар во вакви околности бара голема саможртва, особено при окториран устав и изменето име, ние, долупотпишаните, јавно ја повикуваме Гордана Силјановска-Давкова да размисли за можноста да се појави како кандидат на претстојните избори.Се надеваме овој апел ќе стаса и до најголемата опозициска партија во Собранието, со цел да создаде поширока општествена синергија и да застане зад нашиот предлог. Во овој момент ни е потребен претседател кој нема да спроведува нечија партиска политика, туку ќе биде гласот на разумот, правото, Уставот и совест на граѓаните.За првпат во политичката историја на Македонија имате можност да поддржите личност, на која ќе ѝ верувате дека ќе биде гласен коректор и морален авторитет во петгодишен период на тешки искушенија за земјата и дома и на меѓународен план.Доколку ја испуштиме оваа шанса да излеземе сплотени околу една исклучителна личност, ова можат да бидат и последните непосредни избори за претседател на Републиката.Не се сомневаме дека во случај на неуспешни избори, владејачката коалиција ќе пристапи кон уште една уставна измена со која ќе ни го одземе правото непосредно да одлучуваме за наш граѓански претставник на позицијата шеф на државата, а партократијата ќе се всели во уште една државна институција.Веруваме дека проф. Силјановска-Давкова може да внесе разум, знаење и морал на политичката сцена, и дека ќе ги обедини македонските граѓани на кои суштествено им е потребен заеднички глас во полза на владеење на правото и здравиот разум, пишуваат универзитетските професори“, се вели во повикот на професорите.

Македонија | пред 6 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања