ГЛАВНИ-ВЕСТИ

Vrhoven-sud

Врховен пресече: СЈО веќе нема основа да поведува истраги

Врховниот суд донесе одлука со која ја оспорува надлежноста на СЈО да води нови истраги. Имено , СЈО може да покрене обвинение во период не подолг од 18 месеци од преземањето на предметите и материјалите од неговата надлежност, и по истекот на тој рок не е овластен тужител за преземање на предистражни и истражни дејствија предвидени со Законот за кривична постапка.Ова е денешниот заклучок од денешната општа седница на Врховниот суд зад затворени врати за иницијативата поднесена од двајца адвокати Боро Тасевски и Еленко Миланов, кои се бранители на обвинети во повеќе случаи на СЈО. Со ваквиот став на Врховниот Суд станува проблематична надлежноста на СЈО врз предметите Империја и Талир, како и истрагите и предистражните постапки кои сега се водат во ова обвинителство. Неофицијално од 19 врховни судии присуствувале 17 а одлуката Врховен ја донел со огромно мнозинство.Со ова одлука, врховните судии сметаат дека СЈО нема надлежност да ги води предметите како „Империја“, „Актор“, „Попис“ и уште многу други кои ги превзеде од редовното обвинителство. Покрај тоа се доведува и под знак прашалник опстојувањето на обвинеието за незаконското финансирање на ВМРО ДПМНЕ и незаконската изградба на партиското седиште под име Талир за кој веќе е и определен датум за судење во кој обвинети се Никола Груевски, Кирил Божиновски, Миле Јанакиески, Илија Димовски, Леко Ристоски и Елизабета Чингаровска. Но и десетици отворени истраги како Попис во кој осомничени се Груевски и Али Ахмети, Моќник – во кој осомничен е Антонијо Милошоски, Актор – во кој меѓу осомничените се Груевски и Јанакиески, но и Друмарина во кој е осомничена Силвана Бонева.Од Специјалното обвинителство засега нема коментар за мислењето на Врховен.

Македонија | пред 6 години

BeFunky-collage-15-800x411

Пет лица под истрага за претепаните полицајци во Шуто Оризари

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против пет лица  за кои постои основано сомнение дека сториле кривично дело – Насилство од член 386 став 6 во врска со став 1 од Кривичниот законик.Осомничените на 28.01.2019 година, во близина на поликлиниката во Шуто Оризари, во група заедно со други лица, извршиле грубо насилство врз тројца оштетени. Бидејќи осомничените се сомневале дека оштетените лица наводно грабнале дете од Шуто Оризари, тие ги пресретнале и насилно ги извлекле од патничкото моторно возило Хјундаи галопер без регистарски таблици. Иако тројцата оштетени им кажале дека не знаат за што се работи, а еден се легитимирал со службена легитимација и им кажал дека е вработен во МВР, петтемина осомничени физички ги нападнале, удирајќи ги со тупаници и клоци.Притоа еден од оштетените се здобил со тешки телесни повреди и е во животна опасност, додека останатите двајца се стекнале со телесни повреди. Со ваквите дејства, осомничените кај останатите присутни предизвикале чувство на несигурност, загрозување и страв.Ценејќи дека се исполнети сите законски основи, надлежниот јавен обвинител до Судија на претходна постапка при Основниот суд Скопје 1 Скопје достави и Предлог за определување мерка притвор за петтемина осомничени

Македонија | пред 6 години

gruevski-mala

Екс премиерот остана без пратеничка плата, Џафери гласаше воздржано

Вкупно 53 пратеници гласаа за нов член во Законот за плати на пратениците со кој се предвидува пратеник да го изгуби правото на надомест доколку е осуден на казна затвор поголема од 6 месеци. Ниту еден пратеник не беше против оваа измена на Законот. Со оваа одлука Никола Груевски останува без пратеничката плата, како осуден во случајот „Тенк“.Претседателот на Собранието, Талат Џафери, гласаше воздржано.-Не сум убеден во решението на Законот и затоа сум воздржан, но должен сум да ги почитувам процедурите на Собранието – рече Џафери.Подносители на предлогот беа Снежана Калеска Ванчева, Горан Мисовски, Мухамед Зеќири, Соња Мираковска, Реџеп Мемеди и Реџаил Исмаили.Според пратениците од ВМРО-ДПМНЕ неуставно е со нов член во Законот за плати на пратениците да му се укине платата на пратеник кој е осуден на казна затвор поголема од шест месеци.

Македонија | пред 6 години

voz

Вчера железничка несреќа во Македонија, но во исто време, датум и место пред 73 год, случена најголемта железничка несреќа во земјава

Пред 73 години, ноќта на 29-ти јануари 1946-та година во 23.20 часот, се случила најголемата Железничка несреќа во Македонија. Билансот на загинати 15. Несреќата се случила во близина на железничката станица Рајко Жинзифов, близу Велес. За овој настан нема информации, тешко се доаѓа до нив. Скромно во книга од велешкиот новинар Петар Алексовски во неколку реченици е забележана оваа несреќа.Возот кој вечерта тргнал од Скопје во 21 часот удрил во падната карпа, од одрон, кај месноста Влавчани на делот од пругата после Рајко кон Велес. Возот бил преполн со патници кои биле во 3-4 патнички вагони. Бидејќи во тоа време немало многу локомотиви, по повоена Македонија, со истиот воз на 5-6 товарни вагони се превезувало железнички шини и прагови за пругите кои се обновувале од војната. По ударот на локомотивата во паднатата карпа, освен што дел од патничките вагони излетале, во нив продреле дел од стоката која ја превезувале товарните вагони, шините. Тоа предизвикало да на лице место умрат 15 патници а 40 да бидат потешко повредени- запишал Алексовски.За оваа несреќа знае и велешанецот Владимир Пармаков. Неговиот татко бил еден од бројните повредени.Татко ми Андреја ми раскажуваше за несреќата. Тој се враќал од Тетово, каде како трговец имал работа. Се случила доцна ноќта, откако удрил во карпа која била на шините. Знам дека возот завршил во реката Вардар а бидејќи местото било тешко пристапно, војската која дошла на помош имала сериозни потешкотии да помага. На татко ми Андреја ногата му е тешко повредена и цел живот, до 91 година возраст тој имаше мака, такво било времето немало современи апарати за да се помогне - се присетува познатиот велешки угостител Пармаков.Меѓу загинатите патници имало лица од Битола, Валандово и други места. Во помош притекнала војската која ги вадела телата од згмечените вагони а мртвите и ранетите со тешкотии се пренесувале до Велес. Ранетите со возила на УНРА, со ,,џемсови ,,биле пренесувани во скопските болници, затоа што велешката не можела да им даде помош.Во Архивот на Република Македонија, пребарувајќи ги книгите на Македонски железници од овој период, никаде нема документ за оваа несреќа. ВО МЖ исто така немаат документација.

Македонија | пред 6 години

JP-komunalec-2

(ФОТО и ВИДЕО) ЈП Охридски Комуналец се поднови - 7 комунални возила ќе дадат огромен придонес во ефективноста на работењето

Се модернизир вознот прк на ЈП Охридско Комуналец. Денеска беа презентирани 7 нови возила, набавени со кредит од Светска банка, во вредност од 450 000 евра. Со истата кредитна линија од претходната власт беа набавени 5 возила, меѓутоа кредитот е со грејс период и исплатата започна од февруари 2018.„На следната седница на советот овие возила ќе бидат доделени на користење на ЈП Охридски Комуналец. Ваквиот пристап на локлната самоуправа докажува дека работиме во интреес на граѓаните на општина Охрид и граѓаните на Охрид. Ова се неопхдни модернизации кои што се неопходни да се изведуваат во текот на годините. Со ова денешна презентација ЈП Охридски Комуналец значително го зголемува својот капацитет и услужноста кон граѓните се зголемува . Имавме прилика да видиме дека водевме битка со снегот изминатиот месец, па така сега имаме и трактор на кој би се поставил и нож, кој значително би ни ја олеснал работата во такви услови“, истакна в.д градоначалникот Константин Георгиевски.„Модернизација на возниот парк на ЈП Охридски комуналец, ја започна починатиот градоначалник Јован Стоански, а ја заврши сега в.д Градоначалникот Константин Георгиевски. Оој возен парк ќе даде огромен придонес во ефективноста на работењето на ЈП , а ќе намали и голем дел од расходните ставки на ЈП, затоа што досега најмногу расхорд имавме за набавка на резервни делови поради стара механизација“, истакна директорот на ЈП Охридски Комуналец, Љупчо Грданоски.Тој додава дека 3 кубичните возила посебно ќе бидат корисни за стариот дел на Охрид, каде досега имале проблем со исцедокот на комуналниот отпад , а сега како што вели со новиве кои се со така наречен када систем кој што нема да дозволи да истекува течност од комуналниот отпад. Грданоски објснува дека и 20 кубичното возило е со резервоар за исцедокот на комуналниот отпад.

Македонија | пред 6 години

stomatologija

Вработен на Стоматологија заразен од смртоносната бактерија МРСА

На Клиниката за стоматологија вработен во текот на денот се пожалил на симптоми кои укажуваат дека тој е заразен со бактеријата МРСА. Оттука за денеска е најавено дека на сите вработени денеска ќе им се направат испитувања за се види дали и колку од нив ја имаат оваа бактерија, објави Курир.мк.-Доколку навистина ја има оваа бактерија кај некој од вработените или има само симптоми Клиниката треба прво веднаш да се затвори и да започне постапка истата да биде уништена. Во исто време треба да се направат испитувања кај сите вработени, коментираат упатени.Сепак дел од стручната јавност посочува дека во ваква ситуација лицето кое ги има симптомите треба веднаш да биде ставено во изолација.Истите извори велат дека станува збор за бактерија која многу лесно се пренесува при ракување, допир, преку површина со која бил во контакт носител на бактеријата.-Токму поради ова е потребно затворање на Клиниката, бидејќи протокот на пациенти е голем. Таму има различни оддели како за деца, возрасни, протетика, велат упатени.МРСА е бактерија којашто е исклучително отпорна на антибиотици, а се пренесува со директен контакт со заболено лице или заразен материјал. Предизвикува опасни крвни инфекции, воспаление на белите дробови или инфекции на местото на хируршкиот зафат.Симптомите се појава на булбуси на кожата коишто се црвени, отечени, болни и топли на допир, како и висока температура, грозница, слабост, болки во мускулите и така натаму. Во случај на агресивен облик на болеста, доаѓа и до сепса, инфекции на срцевите залистоци или коските и воспаленија на белите дробови.

Скопје | пред 6 години

parkiraj-sovesno-1

(ВИДЕО)„Паркирај совесно“- проект за поголема безбедност во сообраќајот

Сообраќајната едукација и континуираното информирање- особено на младите, кои се и идни возачи, е една од суштинските алки во системот на превентивно делување за поголема безбедност во сообраќајот. Министерството за внатрешни работи преку одделенијата за превенција, како и преку организационите единици надлежни за спроведување на сообраќајните прописи е постојано инволвирано во разновидни проекти и кампањи, при што особена важност се посветува на работата со младите, рече министерот Оливер Спасовски на денешната промоција на проектот „Паркирај совесно“, кој се спроведува во соработка на МВР, град Скопје и општина Центар.-Овој проект всушност е еден од многуте проекти што се реализираат од страна на сообраќајната полиција и одделенијата за превенција. Во тесна соработка со локалните заедници, со училиштата, со Републичкиот совет за безбедност во сообраќајот на патиштата, но и со други институции кои што на еден или друг начин имаат надлежност во сферата на сообраќајот, полицијата постојано и максимално посветено работи на полето на подигање на нивото на сообраќајната култура- рече Спасовски.Покрај проектите во делот на превенцијата, полицијата во изминатава година драстично ги интензивираше своите активности и во делот на своите надлежности по однос на откривање и санкционирање на сообраќајните прекршоци. Во текот на минатата 2018 година на подрачјето на главниот град беа откриени над 26.000 прекршоци по основа на непрописно паркирање.Решавањето на проблемот со непрописно паркираните возила е особено важно за да се зголеми безбедноста на пешаците и велосипедистите, чии што простори за движење се узурпирани од непрописно паркирани возила. И овој проект е пример како со заеднички ангажман на институциите може да се работи на решавање на проблемите.

Скопје | пред 6 години

kosovska-mitrovica1

Албанците забрзано работат на планот “Спојување на две Митровици“: Петицијата ја туркаат во Парламентот

Претседателот на движењето за Самооптеделување Албин Курти, одржа состанок со градоначалникот на Митровица, Агим Бахтир и заменикот градоначалник на оваа општина, Фарук Мујк, каде во фокус е петицијата со потписи на граѓаните кои ја поддржуваат иницијативата за соединување на јужниот дел од градот кој е населен од Албанци и северниот кој е населен од Срби.Веста ја потврди и Мујк кој нагласи дека неопходно е петицијата да биде што побрзо усвоена во парламентот. „ Треба да биде јасно дека барањето за соединување на градот не подразбира некој вид на компромис со територијалниот интегритет на Косово или било какво кршење на границите на Косово, бидејки тоа е во спротивност на Уставот на Република Косово“, изјаави Мујк.Бахтири минатиот месец се сретна неколку пати со поранешниот претседател Тачи и лиерот ПДК Кадри Веселиј.На средбата се дискотирало околу оваа петиција.https://www.facebook.com/photo.php?fbid=10213499638472859&set=a.10204924131010532&type=3&theater

Свет | пред 6 години

bremenost-960x640

Владата ги изгласа измените на Предлог-законот - се остварува правото на жената за безбеден прекин на бременоста

Министерството за здравство предложи, а Владата денеска го разгледа и усвои Предлог - законот за прекинување на бременоста. Со новиот Предлог-закон жените веќе нема да имаат потреба да чекаат три дена по советувањето за да биде спроведена интервенцијата, нема да бидат принудени да објаснуваат зошто сакаат да ја прекинат бременоста и никој друг нема да решава за прекинот на бременоста. Правото на жената за прекинување на бременоста е само нејзин избор. Со измените на Предлог-законот, се остварува правото на жената за безбеден прекин на бременоста и укинување на постојните административни процедури-бариери кои го одолговлекуваа спроведувањето на постапката за прекин на бременоста. Новиот Закон предвидува прекинувањето на бременоста да може да се изврши до истекување на дванаесеттата гестациска недела со писмена согласност од бремената жена.Ако бремената жена е малолетна или и е одземена деловната способност, прекинувањето на бременоста може да се изврши со писмена согласност од родителот, односно старателот на бремената жена.Пред зафатот за прекин на бременоста лекарот е должен да ја информира жената за постапката за прекинување на бременост, што може да се очекува за време на прекинувањето на бременоста и по завршувањето на постапката, за методите на контрацепција пред и по спроведувањето на прекинување на бременоста на начин разбирлив за жената, за да може да донесе одлука и да даде изјава за согласност. Овој закон и дава право на жената соодветно да одлучи за прекинување на бременоста до 22 гестациска недела, а не како до сега до 12 недела.

Македонија | пред 6 години

granicen-premin

Владата на 117 седница: Да се променат таблите на граничните премини, на дипломатско-конзуларните претставништва, како и на влезовите на институциите

Владата на Република Македонија на својата редовна 117-та седница, на која, согласно одредбите од Законот за употреба на јазиците, членовите на Владата припадници на албанската заедница, како заедница од повеќе од 20 отсто граѓани на нашата земја, зборуваа на својот мајчин јазик.Претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев истакна дека примената на Законот за употреба на јазиците на седниците на Владата, извршната власт, освен што го овозможува законското право, истовремено дава пример дека употребата на јазиците на заедниците, таму каде што тоа го регулира законот е и цивилизациско право и потврда дека нашата земја не само декларативно, туку и практично ги овозможува правата на сите заедници.Меѓу првите точки на денешната седница, Владата ја разгледа Информација за извршување на Конечната спогодба за решавање на разликите опишани во резолуциите 817 (1993) и 845 (1993) на Советот за безбедност на Обединетите нации, за престанување на важноста на Привремената спогодба од 1995 година и за воспоставување на стратешко партнерство меѓу страните, односно Договорот од Преспа.Со одлуките поврзани со имплементацијата на одредбите од Преспанскиот Договор се предвидува сет од мерки и активности што треба да ги преземе Владата на РМ, како и сите други органи на државната управа и сите државни институции, а кои произлегуваат од усвоените амандмани на Уставот на Република Македонија и кои ќе стапат на сила 7 дена по влегувањето во сила, односно веднаш после ратификацијата на Протоколот за пристапување на нашата земја во НАТО од страна на Република Грција, и кои ја регулираат употребата на новото уставно име согласно амандманите.Согласно овие заклучоци, надлежните министерства, државни органи и институции, јавните претпријатија и акционерските друштва во сопственост на државата во предвидениот рок по стапувањето на сила на амандманите 33, 34, 35 и 36 на Уставот на Република Македонија, ќе треба да извршат промена на таблите на граничните премини и државната граница на нашата земја, на дипломатско-конзуларните претставништва, како и на влезовите на институциите.За истата таа постапка, соодветни препораки ќе добијат и единиците на локалната самоуправа, додека пак, секторите и службите за односи со јавност на државните и јавните институции добиваат насоки за употреба на уставното име согласно усвоените амандмани.Една од одлуките за оваа точка е и обврската да државните органи да формираат работни групи за утврдување на натамошните мерки и активности за извршување на одредбите на Договорот од Преспа, а Генералниот секретаријат на Владата на РМ доби задолжение да формира Меѓуресорска група која ќе треба да изработи сеопфатен Национален акциски план за понатамошните мерки и активности за извршување на обврските на Република Македонија кои произлегуваат од договорот со Грција.Како дополнување на оваа точка, на седницата беше предложено и прифатено овие обврски за извршување на одредбите од Преспа да се усогласат и со Законот за употреба на јазиците.На денешната седница министрите ја разгледаа и ја усвоија Законодавната агенда на Владата на Република Македонија, за период од јануари до јуни оваа година, утврдена согласно Програмата за работа на Владата на Република Македонија за 2019 година и донесе одлука законските приоритети да бидат доставени до Собранието на Република Македонија.

Македонија | пред 6 години

Нема фотографија

Во Струмица поради загадувње денес и утре на сила се препораките и мерките кои ги донесе Владата за вакви ситуации

Согласно Уредба за изменување и дополнување на Уредбата за гранични вредности за нивоа и видови на загадувачки супстанции во амбиентниот воздух и прагови на алармирање, рокови за постигнување на граничните вредности, маргини на толеранција за гранична вредност, целни вредности и долгорочни цели (Службен весник на Република Македонија бр. 183 од 14.12.2017 година) во која е дефиниран прагот на алармирање на суспендирани честички со големина до 10 микрометри (надминување на вредноста од 188 μg/m3 во текот на два последователни денови) и добиената временска прогноза од Управата за хидрометеоролошки работи, Ве информираме дека истиот е надминат на мерното место Струмица.Во табелата се прикажани среднодневните концентрации на PM10 на мерните места каде има појава на надминување на праг на алармирање.Од таа причина за градот Струмица денес и утре на сила се препораките и мерките согласно заклучоците од записникот од 40-та седница на Владата на Република Македонија одржана на 28.11.2017 година.

Македонија | пред 6 години

bugarija-nesreka

Сообраќајна несреќа во Бугарија, повреден македонски камионџија

Дваесет и шестгодишниот Мите Бидев од Валандово е повреден во сообраќајка што се случила ноќеска во 1:30 по полноќ, на автопатот Е79 во близина на бугарскиот град Кресна, јави БГНЕС. Во сообраќајката е повреден и 46-годишен ерменски државјанин.Несреќата се случила при директен судар меѓу џип „ауди“, со ерменска регистрација и камион „мерцедес“, со македонски регистарски таблички. Тие со возило на брза помош биле пренесени во болницата во Сандански.Бидев има повреди на колкот, а ерменскиот државјанин на главата и колкот.

Свет | пред 6 години

bezdomnik-123

Бездомник во Аеродром - му понудиле помош, но треба многу повеќе

Преку социјалните мрежи секојдневно се објавуваат стории и статуси за граѓани на кои им треба помош. Предмалку дечко од Скопје објави фотографија, но и апел да му се могне на лице кое случајно го затекнал во наслебата Аеродром.Еве го неговиот статус и апел во целост:Во Аеродром пред зграда 35, бездомник во многу лоша состојба седи во вода на паркингот. Неколку коли за малку ќе го згазеа бидејќи во темницата тешко се приметува. Го тргнав на страна, го седнав на една клупа и му дадов нешто пари. Човекот е во многу лоша состојба и му треба помош од институциите. Тешко комуницира, а од она што ми кажа разбрав дека е од Ѓорче. Не ми кажа како стигнал до Аеродром, но небитно, разбрав дека нема дом и дека живее на улица. Му понудив помош, но ја одби правдајќи се дека е добро.Апел до институциите, односно до Министерството за труд и социјала поревносно да ги лоцира ваквите луѓе и да ги згрижува. Барем во зимските месеци да им се обезбедува покрив над глава и по еден топол оброк ако веќе не може повеќе.Апел и до невладините кои се занимаваат со оваа проблематика да помагаат што повеќе, а не само да лапаат грантови за воркшопови, стои во статусот на ФБ.https://www.facebook.com/photo.php?fbid=10215061929075491&set=a.2314659739797&type=3&theaterОстанува да замолиме институциите да го испитаат и овој случај и да помогнат.

Скопје | пред 6 години

vakcina

ОЈО отвори предмет во врска со МРП-вакцините

Основното јавно обвинителство Скопје отвори предмет по допрен глас во врска со евентуални неправилности при увозот, дистрибуцијата и употребата на вакцината МРП, во периодот од крајот на 2018 и почетокот на 2019 година.Притоа, обвинителството ќе проверува дали постоеле неправилности при увозот на вакцините, нивниот рок на употреба, како и евентуално предизвикани штетни последици.Со таа цел надлежен јавен обвинител веќе издаде Наредба до Бирото за јавна безбедност при Министерството за внатрешни работи со која побара да се извршат проверки во правното лице „Македонија лек“, како увозник и дистрибутер на вакцината МРП. Од фирмата-увозник ќе треба да се обезбеди комплетната документација поврзана со увозот на вакцините и нивното етикетирање. Проверки ќе се извршат и во Агенцијата за лекови и медицински помагала – МАЛМЕД во поглед на извршените контроли на увезените вакцини и евентуално констатираните неправилности. Согласно издадената наредба од јавниот обвинител, Министерството за внатрешни работи ќе направи проверки за случајот и во Министерството за здравство како ресорно министерство.

Македонија | пред 6 години

kosta-zaev

Во петок, премиерот на гости кај в.д градоначалникот Георгиевски и на трибина

Во петок на 01.02 во посета на општина Охрид ќе престојува премиерот на Р Македонија Зоран Заев, потврдуваат за Скопје1 извори од кабинетот на премиерот. Премиерот ќе оствари средба со в.д градоначалникот Константин Георгиевски, но и со раководството на фабриката Костал, која воедно и ќе ја посети.Премиерот ќе се сретне и со партиското раководство на СДСМ во Охрид, но и ќе присуствува на трибината „Силна економија – шанса за сите“ која ќе се одржи во центарот за култура Григор Прличев од 12:00 до 14:00 часот.Трибините низ земјава Владата ги започна на 26 јануари, а како што велат преку нив во отворена дебата со граѓаните ќе се дискутираат економските остварувања и политики како и предизвиците и перспективите кои се отвораат за економски развој на земјата со членството во НАТО и започнувањето на преговори со ЕУ

Македонија | пред 6 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања