ГЛАВНИ-ВЕСТИ

zname

Собраниската Комисија за надворешни работи, денеска ги избира новите амбасадори - еве кои се ....

Собраниската Комисија за надворешни работи денеска ќе одржи седница со дневен ред – тези за завршен разговор пред стапување на должности амбасадор и вонреден и ополномоштен амбасадор.Според тезите за завршени разговори пред заминување на должностите, Оливер Крлиу ќе биде амбасадор на Македонија во Мадрид. Тој доаѓа од редовите на Министерство за надворешни работи, бил македонски конзул во Њујорк и втор човек во Амбасадата на РМ во САД.Игор Џундев вонреден и ополномоштен амасадор и постојан претставник во меѓународните организации во Виена. Тој претходно бил во постојаната мисија на Македонија во ОН, а му асистирал и на Срѓан Керим кога беше претседател на Генералното собрание на ОН. Џундев е професионален дипломат. На должност вонреден и ополномоштен амбасадор треба да стапат Горан Стевчевски во Унгарија.Тој е исто така кадар од МНР и бил директор на сектор за Југоисточна Европа.Ненад Колев во Виена, Абдулкадар Мемеди во Обединетите Арапски Емирати. Мемеди е професионален дипломат и бил амбасадор во Саудијска Арабија, а е директор на Институтот за геостратегиски истражувања во МНР. Сузана Зеленковска во Словенија. Таа доаѓа од редовите на МНР, а е помошник на директорот на сектор за аналитика и јавна дипломатија. Рамадан Азифи во Германија, Крум Ефремов во Украина и Мира Крајачиќ во Кралството Шведска.Сите тие ќе ги претстават своите платформи пред членовите на Комисија за надворешни работи.

Македонија | пред 6 години

65-ka2

Арачиновец и го pacпукaл носот на мaлoлeтнa девојка во автобус на ЈСП!

Инцидент се случил попладнево откако во автобус на ЈСП со број 65 момче со тупaницa и го pacкpвapил носот на малолетна девојка, па избегал во непознат правец, објави инфомакс.мкГолема група на граѓани во моментов е насобрана на автобуската постојка во селото Сингелиќ пред џамијата, откако момче со тупaницa удpил на малолетна девојка и ѝ го pacкpварил носот.Момчето веднаш се дало во бегство. По инцидентот, на постројката има гужба од насобрани револтирани родители.Текстот во целост на инфомакс.мк

Скопје | пред 6 години

lovat-rba-na-asvalt

(ФОТО) Една слика илјада зборови, млади момчиња преку слика ја покажаа реалноста во земјава

На социјалните мрежи се појави фотографија на која четири млади момчиња со рибарска опрема опрема ловат риби на асфалт.Оваа слика е само надополнување на оние кои секојдневно се постираат на ѕидот на сообраќајниот срам, на кои возачите револтирано фотографираат огромни дупки на патиштата ширум земјава, кои подари дождот деновиве се полни со вода.Но, момчињата се инспирирани токму од дупката на патот Струмица - Г.П. Ново Село.Но, момчињата кои се автори на оваа фотографија се малку пооптимисти. Тие како коментар во описот на фотографијата имаат напишано „Во секое лошо има и добро“.Под фотографијата има и многу коментри од типот: Дали шансите за Влез во Европа се поголеми од можноста да фатите риби во дупките во патот кон Европа?

Македонија | пред 6 години

emuc

(ВИДЕО) Пукано со пиштол плашливец во Средното училиште ЕМУЦ - Св Наум Охридски

Пукање во средното училиште ЕМУЦ Свети Наум Охридски, со пиштол плашливец.Неофицијално ученик пукал во соученици во училиштето. Според првичните информации со пиштол плашливец ученик од трета година пукал во соученици а потоа се пукал и самиот. Пукањето настанало заради кавга. Според очевидците има и повредени. Полицијата врши увид на лице место, а интервенирала и Брзата помош. Наставата е прекината, а учениците видно вознемирени се испратени дома.Еден ученик е пренесен во болница. Полицијата во моментов врши увид. Пред училиштето има неколку полициски возила.Наскоро повеќе.

Македонија | пред 6 години

BeFunky-collage-15-800x411

Притвор за двајца вработени во МВР за настанот во Шуто Оризари

Постапувајќи по кривична пријава од Министерството за внатрешни работи во врска со настанот во Шуто Оризари од 28.01.2019 година, надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција донесе Наредба за спроведување истражна постапка против две лица.За лицата, инаку вработени во МВР, кои во моментот на инцидентот не биле на работа,  постои основано сомнение дека сториле кривично дело – Насилство од член 386 став 6 од Кривичниот законик.Имено, тие се осомничени дека заедно со уште пет други лица за кои се води постапка во Основното јавно обвинителство Скопје извршиле грубо насилство врз тројца оштетени. Бидејќи осомничените се сомневале дека оштетените лица наводно грабнале дете од Шуто Оризари, тие ги пресретнале и насилно ги извлекле од патничкото моторно возило Хјундаи галопер без регистарски таблици. Притоа физички ги нападнале, удирајќи ги со тупаници и клоци и нанесувајќи им телесни повреди.Надлежниот јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција до Судија на претходна постапка достави и Предлог за определување мерка притвор за двајцата осомничени. Ваквиот предлог беше прифатен, па со Решение на осомничените им е определен притвор во траење од 30 дена.

Македонија | пред 6 години

ruskoska

Завршни зборови за 27 април, Обвинителката Рускоска побара казна затвор за 16 обвинети за крвавиот четврток

Обвинителката Вилма Рускоска во завршни зборови пред судот побара на обвинетите за насилставата во Собранието на 27 април 2017 година да им изречат казни со кои ќе се постигне целта за делото за кое се обвинети, односно за терористичко загрозување на уставниот поредок на државата.За ова кривично дело, според законот, е предвидена минимална затворска казна од 10 години.– Обвинителството докажа дека на 27 април е извршен организиран насилен напад врз една од најважните оте институции. Докажа дека тоа не беше спонтан упад и зовриени емоции. Обвинитеството докажа дека ова беше организиран и со умисла напад. Доказите потврдија дека преземените дејствија се поврзани и последователни со цел да се загрози уставноиот поредок. Докажа дека ова обвинение не е политички реваншизам, туку акт за докажување на делото и запазување на правото, изјави Рускоска.На 27 април 2017 за време на насилствата во Собранието обвинетиот Митко Чавков, кој тогаш бил прв човек на БЈБ бил во штабот на ВМРО-ДПМНЕ и од таму давал наредби за пасивно делување, рекоа обвинителките на денешното судење. Обвинителката Вилма Русковска прераскажувајќи исказ на загрозен сведок С1 кажа дека Јане Ченто постојано бил во комуникација и добивал наредби од Митко Чавков, а по настаните заедно со Нинџа постојано се сретнувале со Чавков на кого му биле лути дека ги организирал по наредба на Никола Груевски, а сега ги оставил сами на цедило.Таа побара судот при носење на пресудата да ги цени како отежнителните, така и олеснителните околности и да им изрече казна со што ќе бидат постигнати целите.Наредната судска расправа за „27 април“ е закажана на 4 февруари, кога завршни зборови треба да даде одбраната на обвинетите.

пред 6 години

nesreka-babic

Тешка сообраќајна несреќа, загина жена, тешко повреден директорот на ,,Коридори Србија“, Зоран Бабиќ

Кај наплатната рампа Дољевац на автопатот Ниш-Лесковац, утрово се случи тешка сообраќајна несреќа, во која една жена загина, а 4 лица се повредени, меѓу кои и директорот на ,,Коридори Србија“, Зоран Бабиќ.Танјуг јавува дека директорот Бабиќ има тешки повреди , со отворени скршеници по телото.Според српските медиуми несреќата е случила при влез кај наплатните куќички, поради магла и неприлагодена брзина, се судриле три возила, во едно од нив настрадала жена која седела на задното седиште и била врзана со појас.Фото: курир.рс

Свет | пред 6 години

gordana-retki-bolesti

(ФОТО и ВИДЕО) Во февруари 28 дена ќе „Ги запознаваме ретките болести“

Со видео, аудио и текстуални пораки, кои ќе се емитуваат секојдневно во текот на месец февруари, ќе се запознаеме со 28 дијагнози за ретки болести – утре стартува кампањата „Ги запознаваме ретките болести“. Во кампањата се вклучи и порталот Скопје1.мк.Супер радио, Гордана Лолеска и здружението „Живот со предизвици“ изработија мини-проект, со комплетна тв, радио и интернет кампања „Ги запознаваме ретките болести“ која ќе се емитува на ниво на целата држава.Преку овие кратки „дневни дози“ е објаснето каква е болеста, каков е начинот на дијагноза, има ли лек за неа, дали тие лекови се достапни за пациентите во Македонија. Кои се проблемите со кои се соочуваат самите пациенти но секако и нивните семејства, бидејки кога страда член од семејство страда и целото семејство, потенцира активистот Гордана Лолеска.– За нас беше чест да се вклучиме во оваа кампања, помогнавме во изработка на аудио и видео материјалите за секоја од 28-те дијагнози. Истите ќе може да ги проследите на програмата на многу медиуми ширум државата како дневна доза, почнувајќи од утре, а ќе може да се најдат и на интернет порталите, вели Јане Стефанов, директор на Супер радио.Не секој доктор или специјализант во текот на својата кариера ќе се сретне со некоја од овие ретки дијагнози, бидејки многу е важно кога ќе имаат ваков пациент навреме да ја препознаат болеста. Неофицијално во Република Македонија има околу 2000 пациенти со околу 100 различни дијагнози. Официјалната бројка само на регистрираните ја има министерството за здравство.– Раното и точно поставување на дијагноза е клучно за овие пациенти. Некои ретки дијагнози се толку слични со некоја општа дијагноза, па се погрешно третирани. Преку овие видео и аудио материјали некој можеби сам ќе ја препознае својата диjагноза, па навреме ќе побара дијагностицирање. На младите доктори кои остануваат во Македонија им е потребна доедукација и вакви кампањи се за да ги потсетуваме да читаат повеќе за ретките за полесно да ги препознаваат, подвлече Лолеска.Новина оваа година е што буџетот за ретки болести е зголемен на 380 милиони денари, а се воведе набавка и на три нови лекови.Секоја година се работи на нешто ново за да се подигне јавната свест за ретките болести. На годинашната кампања и претходеше ланската промоцијата на химната на Децата со ретки болести, насловена „Сите сме исти“ во изведба на најдобрите на талент шоуто OhridSUPERSTAR. Претходно, во октомври 2017 година Македонска пошта ја издаде првата поштенска марка во светот посветена на децата со ретки болести. Соработката продолжи и понатаму, па за 10-ти јуни е планирано издавање на поштенската марка Деца со ретки болести – Алпорт синдром со номинална вредност од 18 ден и тираж од 6000 примероци. Следниот месец се очекува потпишување на меморандум за соработка со Македонска пошта за наредните пет години со кој секоја година за денот на ретки болести ќе издава по една поштенска марка со ретка дијагноза.– Овој мини проект е од едукативен карактет релизиран на моја идеја како активист здружението „Живот со предизвици“ со техничка поддршка на Супер радио, во насока на поблиско запознавање на јавноста со ретките болести. Два месеци напорно се работеше на подготовка прво на текстовите за 28-те ретки дијагнози, а потоа и техничката обработка. Стручните соработници беа проф. д-р Велибор Тасиќ и д-р Маја Танкоска. Идејата беше да се направи нешто ново, нешто едукативно, со кое би ги запознале граѓаните со ретките болести, но секако да ги потсетиме докторите, особено педијатрите, кои се клучни во поставување на дијагнозата, потенцира Лолеска.

Македонија | пред 6 години

dzaferi

ВИДЕО: Џафери се вклучи во живо за да се пофали како собраниските седници ги води на албански јазик

Од денеска собраниските седници Талат Џафери, ќе ги води на албански јазик, потврди претседателот на Собранието. Тој пред малку постави и видео на социјалната мрежа фејсбук, со кое се пофали дека собраниските седници ги води на албански јазик.На дневен ред денеска се пратенички прашања.https://www.facebook.com/talatxhaferi/videos/348666415973024/

Скопје | пред 6 години

germanija-vlada

Германската влада даде согласност за прием на Македонија во НАТО

Владата на Германија даде согласност за прием на Македонија во НАТО, објави „Дојче Веле“. Како што пренесува порталот Владата ќе се залага процесот да биде завршен брзо.Во соопштението од германската влада, меѓудругото се вели:„Свртниците за приклучување на Република Северна Македонија во НАТО се поставени. Во февруари 2019 година земјите членки би требало да го потпишат Протоколот за приклучување“, соопштува владата во Берлин и додава дека ќе се залага тој процес да се одвива брзо за „уште истиот месец да може да следи формалното приклучување“.Приклучувањето на Македонија во НАТО, според владата во Берлин, е „важно и за трансатлантската заедница“. „Северна Македонија во изминатите години амбициозно го реформираше својот безбедносен сектор и постигна голем напредок во сферата на правната држава и демократијата. Македонската влада се обврза да продолжи со започнатите реформски чекори“, стои, меѓу другото, во соопштението.Текстот во целост на овој линк.

Македонија | пред 6 години

filipce-vakcina

Владата нема да бара одговорност од министерот Филипче

Владата на Република Македонија нема да бара одговорност од министерот за здравство, Венко Филипче. Во одговорот на новинарско прашање во однос на истрагата којашто ја води Основното јавно обвинителство за набавката и употребата на МРП вакцината, портпаролот на Владата не го споменува името на министерот Филипче.

Македонија | пред 6 години

Нема фотографија

Основното јавно обвинителство Скопје поднесе обвинение за неовластено поседување марихуана

Надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје до Основниот суд Скопје 1 Скопје достави Обвинителен акт против едно лице кое се товари за кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 од Кривичниот законик.Обвинетиот неовластено заради продажба држел опојна дрога – марихуана во вкупна нето маса од 295,3 килограми. Дрогата беше пронајдена на 04.01.2019 година при претрес на неговиот дом во Бутел.Ценејќи дека и натаму постојат околности кои укажуваат на опасност обвинетиот да го повтори делото и го оправдуваат стравот дека тој би можел да го повтори кривичното дело, надлежниот јавен обвинител до Судот достави и Предлог за продолжување на претходно определената мерка притвор за обвинетото лице

Скопје | пред 6 години

Нема фотографија

Внимателно, сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови по влажни коловози

Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови по влажни коловози, на некои повисоки места со остатоци од кашест снег на коловозот по интервенција на дежурните служби на ЈП Македонија пат. Слаб снег провејува на планинскиот премин Буково. Намалена видливост поради појава на магла од 100 – 150 метри има на патните правци Битола – Прилеп, Битола – Демир Хисар, Битола – г.п. Меџитлија, до 50 метри на патните правци Куманово – Св. Николе и Велес – Градско и од 20 – 30 метри на патниот правец Берово – Виница.ИЗВЕСТУВАЊЕ: На патниот правец Струга - г. п. Ќафасан (до с. Франгово) поради оштетување на коловозот, брзината е ограничена на 40 км/ч.ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини нема подолги задржувања за влез и излез од државата.ЗИМСКА ОПРЕМА: Од 15 ноември стапи на сила законската обврска за задолжително поседување на зимска опрема во возилата, без оглед на временската состојба. Оваа обврска ќе трае до 15 март 2019 година. На овој линк ќе најдете повеќе информации што се подразбира под зимска опрема.ВНИМАТЕЛНО: АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде се бележи појава на утринска магла, а исто така зголемена е и можноста од појава на одрони. На осојничавите места коловозите се влажни, па поради ниските температури, карактеристични за вечерните и утрински часови постои можност и од појава на голомразица.ЗАБРАНА ЗА СООБРАЌАЈ: Поради интензивни врнежи од снег на патниот правец крак Маврово – Дебар во 07:30 часот воведена е забрана за сообраќај за тешки товарни возила.

Македонија | пред 6 години

ffm

Собранието на ФФМ е фалсификат - гласале делегати кои се избришани од Централен регистар!

Се чини навикнавме последниве неколку години Фудбалската федерација на Македонија да работи нестатутарно и спротивно на Законот, па не е изненадување ниту последниот потег на фотелјашите од Куќата на фудбалот - на денешното собрание да им дозволат да гласаат на четворица делегати од ОФС Тетово, кои се избришани од Централниот регистар, објави sport1.mk.Веќе подолго време има подвоеност во ОФС Тетово, но пред неколку месеци, Централниот регистар пресече и ги избриша дотогашното раководство на чело со Фисник Исени. Но, тоа не беше пречка актуелната власт во ФФМ повторно нив да ги покани, па денеска во Охрид беа присутни, покрај Исени, и Дритон Муслиу, Мујдин Исмаили и Јовица Илиевски - сите нелегитимни претставници на ОФС Тетово. Ова значи дека Собранието е одржано на нестатутарен начин, со фалц делегати и ниту една одлука не може да биде важечка.Но, и самиот почеток на седницата беше предзнак дека ништо не штима - па така немаше легитимен претставник од УЕФА зашто не дојде Давор Шукер, кој е член на Извршниот комитет. Се појави анонимен лик во името на Денис Баштари од Албанија, за кој не се знае каква функција има во Нион. Освен ова, на Собранието не беше присутен ниту претставник на Агенцијата за млади и спорт, која воопшто не била поканета, за првпат во историјата.Но, тоа не значеше дека ФФМ нема да се пофали дека широко го отвора процесот за кандидатура на нов претседател иако тоа во реалноста воопшто не е така. Во еден од условите за кандидатура има член со кој кандидатот не мора да е делегат на Собранието, но мора активно да учествува во работата на членката која го предлага во изминатите четири години. Што само по себе е контрадикторно и служи само за замајување на јавноста и УЕФА дека процесот се отвора.Секој заинтересиран кандидат, па меѓу нив и да има бивши фудбалери со богато странско искуство, не би можеле да се кандидираат затоа што не го исполнуваат главниот услов да работат најмалку четири години во матичниот општински сојуз или во самата федерација. Исто така општинските сојузи немаат право да поднесат кандидатура за претседател на ФФМ, ако имаат веќе член во Управниот одбор на федерацијата и тоа дури шест месеци откако на некој од тие членови на УО ќе им заврши мандатот. Оваа промена во членот 91б уште повеќе ја усложнува постапката за демократско и непречено кандидирање, што е сосема спротивно од „филмот“ на ФФМ дека – сега трката за претседател - е отворена.Исто така изгласана е и одлука во членот 43 да се стави старосна граница и тоа за претседател да не може да се кандидира лице постаро од 65 години, што не е во согласност со правилниците и статутот на УЕФА, каде старосната граница е поставена до 70 години. Оваа одлука е поставена наводно во согласност со Законот за пензиско осигурување, што е апсолутно спротивно на Статутот на ФФМ, зашто функцијата претседател е волонтерска иако Илчо Ѓорѓиоски беше дебело платен и професионално ја извршуваше таа функција.извор:sport1.mk

Спорт | пред 6 години

dui

ДУИ ќе оди самостојно со свој кандидат на претседателските избори

Раководството на ДУИ одлучило да настапува самостојно и со свој кандидат на Претседателските избори.Претседателството на ДУИ едногласно одлучи дека партијата на претседателските избори ќе оди со свој кандидат, изјави вечерва вицепремиерот Бујар Османи по средбата со претседателството во Мала Речица.„Претседателсвото го овласти претседателот на партијата да може да разговара и со другите албански политички партии за евентуален концепт на заедничко излегување на овие избори или пак со другите политички партии на другите етнички заедници заради концептот консензуален какдидат, но доколку се создадат такви предуслови“, рече Османи.Ова значи дека нема да се оствари желбата и најава на премиерот дека најдобра солуција е да има консезуален кандидат.Засега Пратеникот и член на раководството на ВМРО-ДПМНЕ Влатко Ѓорчев ја искажа својата желба за кандидат за претседател. Тој се пријави на партискиот оглас за претседателски кандидат. Но, дали тој ќе биде кандидат, поточно финалниот збор треба да го каже ВМРО ДПМНЕ.Покрај Ѓорчев, желба за претседателската фотеља покажа и универзитетската професорка Гордана Силјановска Давкова. Зад неа засега застанаа триесетина професори, кои упатија јавен повик барајќи јавноста да застане зад кандидатурата на универзитетската професорка . Тие сметаат дека таква надпартиска личност, е професорката на Правниот факултет во Скопје.Останатите партии се уште не откриваат детали за нивните планови за претседателските избори кои треба да се одржат на пролет.За потсетување, идејата за консензуален кандидат на некој начин потекна од ДУИ уште пред 5 години. Ахмети го промовираше во јавноста и пред последните претседателски избори, кога беше во коалиција со ВМРО-ДПМНЕ, а кога вториот претседателски мандат го доби актуелниот шеф на државата Ѓорге Иванов. Но, ДУИ не успеа да се договори со партијата која тогаш ја водеше Никола Груевски, а Иванов го победи кандидатот на СДСМ Стево Пендаровски со околу 130 000 гласа разлика.За претседателските избори да можат да бидат успешни и на нив да биде избран нов шеф на државата, неопходно е да гласаат најмалку 40 отсто од запишаните гласачи во избирачкиот список. На последните избори во 2014 година, кога Иванов го доби вториот мандат, гласаа речиси 49 отсто од избирачите.

Македонија | пред 6 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања