ГЛАВНИ-ВЕСТИ

brza-pomos

Тешка сообраќајка кај градежен, едно дете итно пренесено во болница

Тешка сообраќајна несреќа се случи попладнево на булеварот Партизанска, во близина на Градежен факултет.Според неофицијални информации автомобил удрил во дете кое веднаш со возило на итната медицинска помош било пренесено во болница.

Скопје | пред 6 години

gruevski

Груевски за прв пат ќе се појави во медиум по бегството во Унгарија

Екс премиерот Никола Груевски вечерва за прв пат ќе се појави во медиум по бегството во Унгарија.На телевизија „Сител“ оди најава дека во вестите во 16 часот ќе имаат интервју со како што велат, поранешниот премиер и азилант Груевски.Останува да се види дали Груевски ќе открие како избегал од државата и кој му помогнал.Груевски неколку месеци е во Унгарија каде што и доби азил откако во Македонија беше осуден на 2 години затвор за случајот „Тенк".

Македонија | пред 6 години

najcevska

Најчевска со нов кандидат за претседател

Професорката Мирјана Најчевска на својот Фејсбук профил напиша дека според неа претседател на државата треба да биде професорката Ирена Стефоска.„Повторно ме прашаа, кога веќе сум запнала за жена претседател кого би го предложила.И јас повторно велам: Ирена Стефоска.И воопшто не се зафркавам и имам многу добри аргументи.1. Таа е жена.2. Е професор, а не некој пилиштарец кој уште не знае врвците на чевлите правилно да ги врзе или се пијанчи по американските клубови.3. Има повеќе познавање за Македонија и нејзината историја од било кој од тие кои себе си се нарекуваат патриоти.4. Беше дел од Хелсиншкиот комитет и знае што се тоа права на луѓето и како да ги брани.5. Беше дел од Шарената револуција и храбро се спротистави на моќниците.6. Како пратеничка не стана дел од стадото, не се покори на партискиот диктат и прилично брзо ја прележа болеста на власта без да и биде направена неповратна лоботомија.7. Не е корумпирана и има огромни шанси да не стане корумпирана.8. Со двете нозе стои на земјата и знае што може, а што не може да се направи во државата.9. Околку себе има круг на многу паметни луѓе кои во секој момент ќе и ја дадат интелектуалната поддршка која ќе и затреба.10. За разлика од фикусот кој до сега зафаќаше место во претседателската куќа зборува повеќе јазици (меѓу кои и на неколку наши најблиски соседи од несловенско потекло)“, стои во објавата на Фејсбук.

Македонија | пред 6 години

Aleksandar-Pandov

Пандов: Ѓорчев е Тоти, ама ВМРО-ДПМНЕ го има Марадона, затоа тој треба да игра

Аналитичарот Александар Пандов на Фејсбук ја коментира изјавата на Мицкоски дека Влатко Ѓорчев е како Франческо Тоти во фудбалот, и порача дека ВМРО-ДПМНЕ го има и Марадона.„Денес е последниот ден од конкурсот во ВМРО за претседателски кандидат. До сега се поднесени две од Влатко Ѓорчев (Тоти) и од Гордана Силјановска Давкова (goga_soros). Во случај сепак Заев да се охрабри и да излезе на парламентарно соочување со народот, сметам дека ВМРО треба да има претседателски кандидат.Од тука јас се приклучувам на повикот од Миленко Неделковски кон Коце Трајановски да поднесе кандидатура на партиската конвенција. Ако Влатче е Тоти, Коце е Марадона во ВМРО ДПМНЕ. Мојата поддршка важи само и само ако има и парламентарни избори“, напиша Пандов.

Македонија | пред 6 години

Нема фотографија

Во среда амбасадорите на земјите членки на НАТО ќе дадат согласност за членство на нашата земја

„Согласно утврдената постапка за прием на нови членки во НАТО, како и според чекорите што произлегуваат од Договорот од Преспа, во среда, на 6 јануари, амбасадорите на земјите членки на НАТО во Северно-атлантскиот совет, ќе го потпишат Протоколот за пристапување во членство на нашата земја во НАТО, со новото уставно име Република Северна Македонија.Со овој чин, 29-те земји членки ќе ја изразат својата согласност нашата земја да станеме дел од системот и процедурите на НАТО, и учествува во работата на телата на алијансата како поканета земја членка, без право на глас.Веднаш по согласноста за Протоколот за пристапување во членство на нашата земја во НАТО, ќе започне и почнува процесот на негова ратификација во парламентите на секоја од земјите членки на алијансата. Грција прва ќе го ратификува Протоколот, по што Договорот од Преспа стапува на сила и уставните амандмани влегуваат во сила.Откако ќе заврши процесот на ратификација на Протоколот во сите 29 земји членки, нашата земја, со новото уставно име, ќе стане полноправна членка на НАТО со право на глас за сите одлуки на сојузот“, велат од Владата на Република Македонија.

Македонија | пред 6 години

51541516_10218566128769419_5264583126876684288_n

Исчезна маж од Скопје, семејството бара помош

Исчезна Алибен Абдул кој последен пат е виден вчера (01.02) во 10 часот како излегува со количка за на пазар со тркалца.„Носи црна монтка, плав џемпер и плава кошула, црни панталони и окер боја чизми со врвки. Носи и црна ташна торбица за преку рамо. Излезен е без сите лични документи, без новчаник и телефон. Висок околу 1.67, тежина околу 68 кг, има зелени очи и проседа коса. Контактибилен е, нема губиток на меморија или ориентација во простор. Случајот е пријавен во полиција. Оние кои можеби ќе го забележат да се јават на некој од следниве броеви: 077602-032; 070814060; 077631120“, стои во објавата на Фејсбук.https://www.facebook.com/permalink.php?story_fbid=10218566145809845&id=1382330415

Скопје | пред 6 години

meteor

(ВИДЕО) Експлодира метеор над Куба, луѓето во паника

На небото над Куба експлодира метеор , а делови од него паднаа на повеќе места во покраината Пинар дел Рио . Експлозијата се слушнала низ целата покраина , а жителите во паника гледаа како дождот од камења паѓа од небото.Според очевидците на небото се појавила огнена топка и чад, а потоа „дожд“ од црни камчиња почнала да паѓаат врз туристичкото место Виналес и други делови на провинцијата Пинар дел Рио.Експлозијата се слушнала и во Хавана.Директорот на одделението за геологија на Кубанскито институт за геофизика и астрономија, Ефрем Хаимес Салгадо изјави дека е испратен тим експерти кои ќе ги соборат и анализираат примероците.

Свет | пред 6 години

Нема фотографија

(ФОТО) Скопје утрово повторно меѓу десетте најзагадени градови во светот

Утрово Скопје повторно се најде на листата помеѓу десетте најзагадени градови во светот според специјализираната интернет страница за мерење на загадениот воздрух „Airvisual“.На врвот е градот Делхи во Индија а пред нас на второ и трето место се Лахоре во Пакистан и Бејлинг во Кина.Високи концентрации на ПМ10 честички текот на ноќта се забележани и на мерните станици во Гостивар, Струмица и Тетово.  

Скопје | пред 6 години

drisla-1

Депонијата Дрисла во 2018 година согорела околу 989 тони медицински отпад?

15 минути главниот влез во депонијата „Дрисла“ беше блокиран од еко-активистите. Протестот го изведе здружението „За чист воздух“. Тие од властите побараа поригорозни мерки против загадувањето на воздухот. Јавно прашуват што всушност се согорува во депонијата?„Во име на граѓаните на Македонија бараме запирање на увоз на отпад во Македонија. Бараме од премиерот Заев итно да го измени Законот за увоз на отпад. Стопирањето на увоз на отпад значително би го намалил степенот на аерозагадувањето, особено во Скопје. Сериозните сомневања за горење на медицински отпад во Дрисла без исполнување на соодветниот стандард, се една од причините за загадување на воздухот“, истакна активистот Аријанит Џафери.Од здружението велат дека депонијата Дрисла во 2018 година согорела околу 989 тони медицински отпад и заработила речиси милион евра. Печката за согорување на медицинскиот отпад работела по најмалку 14 часа на ден, 365 дена во годината.

Скопје | пред 6 години

ljupco-dimovski-zb

ОЈО бара притвор за пратеникот Љупчо Димовски, судот бара да му се одземе пратеничкиот имунитет

По новата истрага на Основното јавно обвинителство, каде за злоупотреби се товарат ексминистри и пратеникот Љупчо Димовски од Социјалистичката партија, судот бара да му се симне пратеничкиот имунитет за да му се одреди мерка притвор.Утре во Собранието ќе заседава Комисијата за мандатно-имунитетни прашања, на која претседател е Павле Богоевски.За потсетување, името на Љупчо Димовски се споменуваше во процесот за уставни промени, како пратеник кој одбил да гласа “за” и да им се приклучи на осумте пратеници од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата.

Македонија | пред 6 години

bremenost

Деца раѓаат деца - 62 малолетнички абортирале, а 731 се породиле

Во период од две години, односно 2016 и 2017 , во јавните здравствени установи се породиле вкупно 731 малолетничка, а 62 ја прекинале бременоста. Од Оние кои ја прекинале бременоста 23 се на возраст од 14 до 16 години, 18 на возраст од 17 години, а 21 со ненавршени 18 години. Најголем број од нив на возраст од 14 до 16 години кои абортирале се од македонска, ромска, албанска и турска заедница, а не се евидентирани случаи за прекин на пременост кај другите заедници, објави МИА.Ова истражување денеска го презентираше заменик-народниот правобранител Васка Бајрамовска – Мустафа, која посочи дека итно треба да се преземат мерки за целосно согледување и справување со проблемот со малолетничката бременост и едукација на младите во училиштата…– Вкупно 731 малолетничка се породиле во истражувачкиот период од кои четири на возраст од 11 до 13 години, 225 на возраст од 14 до 16 години, а останатите на возраст од 17 или со ненавршени 18 години. Меѓу малолетните мајки најголем број – 405 се Ромки, 162 Македонки, 109 Албанки, 43 Турчинки, пет Бошњачки, а шест од други заедници. Најголем број од бебињата (721) се дадени на натамошна грижа кај малолетната мајка, а 10 бебиња (шест родени во 2016 и четири родени во 2017 година) биле оставени од страна на малолетната мајка и понатаму се згрижени во ЈУ Дом за доенчиња и мали деца во Битола, рече Бајрамовска – Мустафа.Според Бајрамовска – Мустафа Министерството за здравство треба да преземе мерки за изготвување на посебен правилник и протокол за постапување со малолетни пациентки без оглед дали се работи за абортус, породување или друга гинеколошка интервенција и да изготви документ со кој ќе се регулира постапувањето во случаи кога малолетната мајка го остава бебето во болница се до неговото преземање од центрите за социјална работа, а здравствените установи треба да обезбедат изјави за согласност за определена медицинска интервенција на малолетни пациентки и при нивен прием да извршат целосна идентификација на лицето кое е негов придружник (родител или старател).Во рамки на истражувањето бил доставен прашалник до 17 клиники и општи болници во Република Македонија, чија дејност е гинеклогија и акушерство.извор: МИА

Македонија | пред 6 години

vakcini

Основното јавно обвинителство Скопје издаде Наредба за обезбедување на МРП вакцините со погрешни декларации

Постапувајќи по наредбата издадена од Основното јавно обвинителство Скопје, Министерството за внатрешни работи го извести надлежниот јавен обвинител дека во простории во правното лице „Македонија лек“ биле пронајдени МРП вакцините со погрешни декларации и дека тие се уште не се уништени.Надлежниот јавен обвинител веднаш издаде Наредба за обезбедување на вакцините за потребите на евентуална идна постапка. Вакцините ќе бидат попишани и обезбедени, а ќе останат во просториите на „Македонија лек“, бидејќи таму има соодветни услови за нивно чување. Проверките во предметот отворен по допрен глас продолжуваат до целосно утврдување на фактичката состојба.

Македонија | пред 6 години

anja-dete-1

Приказна која го менува светот

Цел свет се сеќава на моментот кога Ања Рингрен Ловен од Данска го спаси животот на едно момче од Нигерија. Тоа се случи пред три години, а таа се уште се сеќава на која може да се каже дека во вистинско време се најде на вистнско место направи сѐ што е во нејзина моќ за да го спаси од сигурна смрт.Нигериско племе го отфрли момчето од заедницата, сметајќи дека е вештер. Го напуштија и го оставија да умре, без храна, вода и облека. Откако го најде,, Ања му даде вода и бисквити, и во почетокот не веруваше дека ќе преживее.Од тој ден, Ања секоја година ја информира јавноста преку социјалните мрежи за тоа како напредува и како живее ова мало и насмеано момче денес.Таа на Фејсбук објави емотивен статус што таа го посвети на денот што го промени нејзиниот и животот на Хоуп.https://www.facebook.com/photo.php?fbid=10157031829768024&set=a.10150579280608024&type=3„Денес се навршуваат три години откако светот ја виде фотографијата на Хоуп откако го најдовме, повеќе мртов отколку жив. Во 2016 година, на 30 јануари, светот слушна за суеверието.Тоа не е само суеверие што го знаеме од филмовите и нашите сопствени верувања, туку и суеверие кое убива илјадници невини деца секоја година. Тоа не е само убиство, туку и мачење деца на најтешкиот начин што може да се замисли, додека смртта не стане олеснување.Тој ден не бев сама. Тоа беше тимски напор. Јас не сум и никогаш нема да бидам бел спасител кој дојде да ги спаси африканските деца. Јас сум само човек и го правам само она што чувствувам дека е исправно.Денес, Хоуп е многу силно и здраво момче, со голема самодоверба. Тој е многу интелигентен и сака да оди на училиште. Тој е заинтересиран за животот и сака да научи нешто ново секој ден.Секогаш ќе се прашувам зошто меѓународната заедница ги затвора очите кога станува збор за убиство на толку многу невини деца?!На мојот Хоуп: Јас секогаш ќе те сакам. Ова е последен пат да правиме ваква фотографија. Знам дека сакаш, но веќе му покажавме на светот дека си шампион. Веќе не ти треба мојата заштита. Силен си и знам дека наскоро ќе го освоиш светот. Ќе навивам за тебе на тој пат “, пишува Ања.Ања е ангажирана во хуманитарна работа во Африка и со нејзиниот сопруг, Дејвид Емануел Умем, има сиропиталиште во југоисточна Нигерија, каде што се сместени деца кои се напуштени од своите семејства поради суеверие.Исто така е вклучеан во проект наречен „Land of Houpe” (Земја на надежта). Тоа е мало село каде што според податоците од нивиот сајт има детски центар.

Магазин | пред 6 години

gordana-siljanovska

ВМРО-ДПМНЕ ќе ја поддржи Силјановска за претседател?

Професорката Гордана Силјановска, пратеникот Влатко Ѓорчев и Филип Петровски, еден од лидерите на движењето „Бојкотирам“ се тројцата чии пријави на повикот за претседателски кандидат се стигнати засега во ВМРО-ДПМНЕ.Опозициската партија ВМРО-ДПМНЕ ќе ја поддржи професорката Гордана Силјановска за претседателски кандидат, односно, таа ќе биде нивни претставник. Со тоа отпаѓаат останатите кандидатури, дознава „Скопје1.мк“.Позади Силјановска ќе застане и Ѓорчев, кој ќе ја поддржи.Рокот за пријавување истече синоќа на полноќ, но во партијата ќе почекаат да не стигне некоја пријава пратена по пошта, па најдоцна до 5 февруари ќе се знаат сите пријави на конкурсот.Триесетина професори со повик до јавноста да ја поддржат кандидатурата на универзитетската професорка Гордана Силјановска Давкова за претседател на државата.Потписници на повикот се: 1. Катица Ќулафкова, академик 2. Наде Проева, професор 3. Каролина Ристовска-Астеруд, професор 4. Фредерика Поповска-Павловска, професор 5. Билјана Ванковска, професор 6. Жидас Даскаловски, професор 7. Елка Јачева Улчар, професор 8. Михајло Миноски, професор 9. Никола Павловски, професор 10. Богдан Богданов, професор 11. Снежана Филипова, професор 12. Костадин Тренчевски, професор 13. Ивица Милевски, професор 14. Јован Донев, професор 15. Велика Стојкова Серафимовска, професор 16. Валериј Софрониевски, професор 17. Јани Бојаџи, режисер 18. Ружица Манојловиќ, професор 19. Игор Улчар, професор 20. Константин Миноски, професор 21. Марија Ристевска, доцент 22. Драги Митревски, професор 23. Тихомир Стојановски, професор 24. Благоја Јанаков, професор 25. Петре Георгиевски, професор 26. Јане Богданов, професор27. Виктор Ѓамовски, професор.

Македонија | пред 6 години

gazprom

Бугарија одлучи да го продолжи проширување на гасоводот од Турција до Србија

Операторот со бугарскиот гасоводен систем „Блугартрансгаз“, ќе гради гасовод од границата со Турција, преку кој рускиот гас кој се транспортира преку гасоводот Турски тек ќе продолжи во Србија, соопшти компанијата додавајќи дека трошоците за проектот се проценуваат на 2,7 милијарди левови, односно околу 1,4 милијарди евра.„Газпром" аплицираше за проектот за резервација на капацитетот на гасоводот за проширување на Националната газотранспортна мрежа во Бугарија, пренесоа бугарските медиуми. Компанијата зеде учество во спроведување на Фаза 3 од постапката Open Season на "Проектот за развој и проширување на системот за пренос на гас", започнат од "Булгартрансгаз" ЕАД за проширување на националната мрежа на природен гас во Бугарија од бугарско-турската до бугарско-српската граница и поднесе барање за резервација на потребниот капацитет", велат од менаџментот на компанијата.Проектот Турски тек, кој беше покренат откако ЕУ правеше пречки околу претходниот план за Јужен тек кој требаше да испорачува руски гас во хаб во Бугарија по што Москва се повлече, вклучува изградба на два цевковода со моќност од 15,75 милијарди кубни метри секој. Првиот е наменет за снабдување со гас на турските потрошувачи, а вториот за снабдување на земјите од јужна и југоисточна Европа. Планираниот почеток на функционирање на гасоводот е до крајот на 2019 година.

Свет | пред 6 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања