ГЛАВНИ-ВЕСТИ

seks

ВИДЕО: Секс во подземните гаражи во Карпош, од брзање ги заборавиле чорапите

Пред неколку дена, станари од Карпош во подземните гаражи биле сведоци на сексуален акт кој се одвивал во попладневните часови. Тие велат дека автомобил се паркирал на крајот од гаражата, а внатре имало две лица. По некои четири часа секс и крици кои се слушале во гаражата, тие заминале со автомобилот, но зад нив, оставиле траги.Расфрлани влажни марамици, оброк, салфети, сокови, се само дел од предметите кои ги оставиле зад себе. Станарите велат дека ова прв пат се случува. Тие се револтирани и размислуваат да пријават во полиција, оти љубовнците зад нив оставиле купишта отпад. Станар од зградата, кој е сопственик на гаражен простор вели дека ова однесување е недозволиво, а ги знае и таблиците на автомобилот кој бил паркиран.„Нека дојдат да си ги соберат отпадоците, во спротивно, ќе ги собере полиција“, вели тој за „Скопје 1“.Љубовниците се брзале да ги напуштат гаражите, па зад нив оставиле и пар машки чорапи.Инаку, според законските прописи, за секс на јавно место е пропишана казна до 1500 евра.

Скопје | пред 7 години

naumoski

Скопски градоначалник старото „Пежо“ го замени за „БМВ Х5“

Градоначалникот на општина Ѓорче Петров, Александар Наумоски по само година и половина раководење со општината и плата од 1000 евра, успеа да се поднови со „БМВ Х5“. Оваа марка на возило ако производството е 2013/2014 година, според интернет сајтовите за продожба на поволни автомобили чини од 30.000 до 40.000 евра.Според нашите извори, Наумоски го купил автомобилот пред 2-3 месеци, а почнал да го вози пред две недели. Новото возило го пријавил и во анкетниот лист, а пишува дека вреди близу 14.500 евра.Градоначалникот на Ѓорче Петров кога дојде на функцијата возеше „Пежо 1007“, а има и моторцикл од 500 евра. Во јавноста се коментира дека Наумоски со ова темпо, ќе успее да ги исплати и кредитите кои му се пријавени во анкетниот лист.Наумоски беше актуелен во изминатиот период, оти во јавноста се појави информацијата дека со буџетот за оваа година, оставил простор за зголемување на неговата плата. Исто така, како прв човек во Ѓорче Петров, 13 илјади евра потроши за набавка на пенкала, верски календари и други промо материјали.

Скопје | пред 7 години

osmani

Османи за Каракамишева: Не е достојна да не претставува во меѓународни институции

Вицепремерот Бујар Османи ги демантира трдењата на професорката Татјана Каракамишева дека до Владата е стигнато писмо од Венецијанската комисија во кое се вели дека, согласно правилата на оваа меѓународна институција, не е дозволен владин притисок врз националниот претставник.Професорката Татјана Каракамишева, која е национален претставник во оваа меѓународна комисија на „Фејсбук“ напиша дека има сознанија дека до Владата е стигнато писмо од Венецијанската комисија во кое се вели дека, согласно правилата на оваа меѓународна институција, не е дозволен владин притисок врз националниот претставник.Писмото е испратено од генералниот секретар на Комисијата, Томас Маркерт, и дека истото е адресирано до премиерот Зоран Заев и до вицепремиерот Бујар Османи.„Писмото што го добив само го објаснува начинот на кој Венецијанската комисија одлучува и воопшто не се споменува прашањето за било каков притисок. Но, мојот став е дека и покрај моето позитивно мисење за професорката Каракамишева како правник, нејзините последни шовинистички ставови ја прават недостојна за претставување на земјава во било која меѓународна институција“ вели Османи.Вицепремиерот Османи рече дека Законот за јазици не треба да се праќа на мислење во Венецијанската комисија се додека дел од ова тело е и професорката Каракамишева.

Македонија | пред 7 години

gruevski-mala

Бегството на Грувски: Сослушани 20 лица, Албанија утре ќе ги даде снимките

Во денешното издание на емисијата „10 минути“ разгвараме со Републичкиот јавен обвинител Љубомир Јовески. Јовески за ТВ21 вели дека во текот на утрешниот ден треба Албанија да ги даде снимките од бегството на екс-премиерот, зага азилант Никола Груевски.Јовески додава дека веќе имаат докази, но се уште фалата за да се комплетира целосната слика за тоа како Груевски како ја напуштил државата.Републичкиот јавен обвинител во денешното издание на емисијата „10 минути“ на ТВ21, изјави дека се уште се прибираат докази за тоа како екс премиерот Никола Груевски ја напуштил државата. Тој додава дека истрагата е во тек, а досега биле сослушани 20-тина лица. Тој очекува во текот на оваа и следната недела да бидат сослушани и други лица.

Македонија | пред 7 години

carini-korea-makedonija-3

Македонската царина ќе црпи искуства од царината на Кореа - се интензивира соработката

Во рамки на меѓународната соработка со Царинската управа на Кореа на средбата во Царинската управа беа договорени насоките за идна соработка. Царината на Кореа е водечка царинска служба во светот и лидер во иновативните технологии, пред се во дигиталните вештини и Е-царина.„Во наредниов период нивната помош ќе биде насочена кон подобрување на капацитетите за Е-трговија и дигитализирање и забрзување на царинската постапка во поштенскиот промет“, истакнув директорот на цринската управа Ѓоко Танасоски. 

Македонија | пред 7 години

han

Хан: Некои земји се подобро подготвен за во ЕУ, некои послабо

Договорот од Преспа е пред усвојување во грчкиот Парламент, што претставува гигантски успех, изјави еврокомесарот за проширување и соседска политика Јоханес Хан.– Близу сме до одлуката во грчкиот Парламент за прифаќање на Договорот за промена на името на Македонија во Северна Македонија. Поаѓам од препоставката дека тоа ќе биде решено, што претставува гигантски успех. Самиот вложив многу труд и време во развојот на таа држава од 2015 година, нагласи Хан во интервју за телевизијата Н1.Хан истакнува дека во изминативе неколку години со заеднички сили на Балканот се направени значитени исчекори, додавајќи дека одржливиот мир, економскиот раст, општествениот развој и помирувањето, не се можни, доколку земјите од регионот немаат европска перспектива.– Од тоа секако протифитираат и сегашните држави членки, граѓанките и граѓаните на Европската унија, истакнува Хан.Еврокомесарот потенцира дека вратата на ЕУ останува отворена и дека секоја од државите од регионот „во свои раце го има клучот од таа врата и може да ја отвори“.– Некои земји се подобро подготвени, некои послабо. Ние како Комисија минатиот февруари ја објавивме нашата стратегија за Балканот во која јасно зацртавме дека секоја држава може да стане членка дури од кога ќе ги реши сите билатерални несогласувања и конфликти, потенцира Хан.Според него, приближувањето на секоја од земјите од регионот кон ЕУ ќе зависи од нивните одделни заслуги.– Секоја (земја) за себе ја носи одговорноста со колкави чекори и со какво темпо ќе се движи напред. Нема никакво ограничување на брзината, но позитивните промени мораат да бидат одржливи, посебно, на пример, во борбата против корупцијата, развојот на владеењето на правото, развојот на претприемништвото. А тоа си бара време. Некои се побрзи, а некои побавни, заклучува Хан во интервјуто за Н1.

Свет | пред 7 години

spc

Српската црква тужена за педофилија

Лондонскиот Виш суд поднел шест тужби против Српската православна црква (СПЦ) поради педофилија, потврди за Радио Слободна Европа адвокатот Младен Кесар кој ги застапува оштетените.„Следниот чекор е тужениот да одговори на тужбата, па потоа Судот ќе одреди како ќе се води постапката“, рече Кесар за РСЕ и додаде дека има уште луѓе кои се заинтересирани да поднесат тужби, но правниот тим одлучил да го води случајот со помал број тужители.Српската православна црква се уште јавно не се произнела за овие тужби.Меѓу тужителите е и Бојан Јовановиќ, поранешен ѓакон кој пред неколку години јавно го обвини сега веќе пензионираниот владика на СПЦ, Василие Качавенда, дека „сексуално го вознемирувал“ и дека барал од него да му „подведува момчиња“.

Свет | пред 7 години

detska-klinika

Лекари од Клинички се заболиле од морбили

Со морбили се заразиле и четворица лекари, медицинска сестра и вработен на шалтер  во Клиниката за детски болести, информираа од Институтот за јавно здравство.Сите заразени со морбили се од Клиниката за детски болести, а една медицинска сестра е од Институтот за белодробни заболувања во Козле и имале директен контакт со заболени деца. Ниту еден од нив не е хоспитализиран на Инфективна и во моментот се наоѓаат на домашно лекување.Докторот Жарко Караџовски, епидемиолог во Институтот за јавно здравје апелираше да се вакцинираат сите невакцинирани или непотполно вакцинирани, и тоа не само децата, туку и возрасните, бидејќи епидемијата трае и можно е ширење на болеста, затоа вакцинацијата е најдобрата превенција.

Македонија | пред 7 години

Нема фотографија

Трагедија: Eдномесечно бебе пронајдено мртво, во скопското село Љуботен

Во скопското село Љуботен вчера, татко си го пронајде своето едномесечно бебе мртво.Според информациите на полцијата, вчера во 11:00 часот во Полициската станица Гази Баба, С.О.(22) од село Љуботен, скопско, пријавил дека истиот ден околу 10:00 часот во куќата во село Сингелиќ, скопско, го пронашле починато нивното едномесечно машко бебе.Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт без траги на насилство, а по наредба на Јавен обвинител, телото било дадено на обдукција.

Скопје | пред 7 години

zemjoters-ohrid

Скандал - Лице вработено во општина Охрид доставилo сомнителни записници за штетите од земјотресот

Седумчлена општинска комисија која изминатиов преиод ја чешлаше документацијата за злоупотреба на средствата за обештетување од земјотресите, утврди дека едно лице вработено во Општина Охрид ја злоупотребил својата положба. Имено, административниот службеник  Р.В вработен во Секторот за туризам и локален економски развој во одделот за Развој на земјоделството несовесно ја извршувал функцијата и доставил сомнителни записници од проценката на штета врз основа на кои било исоплатено обештетување на блиски членови од неговото семејство кои не биле баратели на штета.Комисијата за водење на дисциплинска постапка што ја формира Општина Охрид, го потврди скандалот со злоупотреба на средства наменети за надомест на штета од земјотресите што го зафатија Охрид летото 2017 година.На оваа тема во 14:00 часот пресс ќе одржи в.д градоначалникот на Охрид Константин Георѓиевски.

Македонија | пред 7 години

gradinka-2

Министерството за труд и социјала им ги одзеде надлежностите за градинките на Куманово и Струга

Една година локалните власти во Струга и Куманово нема да имаат никакви надлежности врз работата на детските градинки. Министерството за труд и социјална политика им ги одзеде ингеренциите затоа што општините не почитувале неколку законски одредби. Меѓу нив се Законот за заштита на децата, како и процесот за именување и разрешување директори.„Одлуката за одземање на надлежностите е донесена откако при вршење на надзор на работата и кај двете општини беа утврдени недостатоци во именувањето, односно спроведувањето на постапката за распишување на оглас за директор на детски градинки. И покрај даденото укажување со утврден рок за отстранување на неправилностите градоначалници не постапија според нивните овластувaња, по што министерството постапи по членот 201 од Законот за заштита на децата и им ја одзеде надлежноста на период од 1 година. Во следниот период во овие две општини надлежностите утврдени со Законот за детска заштота ќе ги спроведува МТСП, – велат од МТСП.

Македонија | пред 7 години

Нема фотографија

(ОБНОВЕНО)Дисциплинска мерка - парична казна за административниот службеник кој доставил сомнителни записници за штетите од земјотресот

Вршителот на должност градоначалник, Константин Георгиески, денес, на прес конференција ги информираше граѓаните за постапката која што ја покрена за утврдување на одговорност кај државниот службеник задолжен за утврдување и исплата на штетите од земјотресот.Дисциплинската комисија која што ја формирав на четврти јануари, а поврзана со утврдувањето и исплаќањето на штетите од елементарната непогода поврзана со земјотресот, во предвидениот законски рок од 20 (дваесет) дена изготви извештај во кој ме информираа дека кај административниот службеник постои одговорност за сторен дисциплински престап, истакна в.д. градоначалникот Георгиески.Надлежната комисија, со тајно гласање утврдила одговорност за сторен дисциплински престап и предвидела изрекување на дисциплинска мерка, парична казна.Комисијата ценејќи ги сите отежнителни и олеснителни околности, со тајно гласање утврдила сторен дисциплински престап и утврдила изрекување на дисциплинска мерка во висина од 30% од висината на едномесечниот износ на нето платата исплатена во последниот месец пред извршување на дисциплинскиот прекршок, во траење од 6 (шест) месеци, кажа Георгиески, и додаде дека секретарот на општина Охрид веќе донесе решение за изрекување на предложената дисциплинска мерка.Поради постоењето на основни сомненија за неправилности, в.д. градоначалникот, денес, достави Барање за постапување до Министерството за внатрешни работи, во чиј прилог е и писмото до Јавното обвинителство, што по претходно задолжение го испрати претседателката на Советот на општина Охрид, Живка Ангелоска. Со ова, општина Охрид ги искористи сите пропишани правила за постапување во вакви случаеви.

Македонија | пред 7 години

ubistvo-madzari

(ФОТО) Престрелка во Маџари

Претпладнево во скопската населба Маџари се случила сообраќајна несреќа и  престрелка, објави Курир.мк.  Според неофицијални информации до кои дојде КУРИР, убиството се случило поради сообраќајна несреќа.Според очевидци, две лица се здобиле со прострелни рани во воружената пресметка која се случила во близина на пругата пред кванташки пазар. Велат дека едно од лицата било починато.Текстот во целост на курир.мк

Скопје | пред 7 години

ubistvo-madzari

МВР : Едно лице повредено во престрелката во Маџари, приведени двајца

Едно лице е повредено во престрелката која претпладнево се случила во скопско Маџари, а две лица се приведени, информираат од Министерството за внатрешни работи за КУРИР.-Пријавено е пукање околу 11 часот на улица „Благој Стефковски“. До сега имаме пријавено едно повредено лице, а имаме и двајца приведени. Наши екипи се на терен и го расчистуваме случајот, велат од МВР за КУРИР.Инаку, според неофицијални информации, во инцидентот учествувале две семејства кои од порано имале нерасчистени сметки, а престрелката продолжила и по околните улици па неколку од куршумите завршиле и во возила на случајни минувачи.

Скопје | пред 7 години

hokej

Злато за македонските хокеари

Огромен успех на македонската хокеарска репрезентација. Во големото финале на „Девелопмент купот“, остварувајќи голем триумф над селекцијата на Португалија која едноставно се покажа како недораснат противник за нашата селекција.Нашата репрезентација стигна до биланс од пет победи на пет одиграни натпревари на турнирот кој се одржа во германскиот град Фусен, докажувајќи дека немаат достоен ривал во оваа конкуренција на репрезентации кои немаат изградено затворени хокеи арени.

Спорт | пред 7 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања