ГЛАВНИ-ВЕСТИ

fetai

Закани за „Титанк 3“, Фетаи ги обелодени: „Ти си наша, може лесно да поминеш‘, ама на тој каурот ќе му ја расплачеме фамијата“

Во кривичниот суд во Скопје повторно се одложи рочиштето за предмертот на СЈО „Титанк 3“ во кој се обвинети Ејуп Алими и Исмет Гури. Пред да биде одложено денешното рочиште во предметот „Титаник 3“, за изборни нерегуларности во Чаир каде се обвинети дошло до препукување меѓу обвинителите на СЈО и одбраната на обвинетиот пратеник од ДУИ, Ејуп Алими. „Сакам да кажам“ пренесува дека Алими им се обратил на обвинителите од СЈО Гаврил Бубевски и Фатиме Фетаи во врска со еден од клучните сведоци на СЈО кој требаше да даде исказ на денешното рочиште.Алими им рекол на обвинителите дека одбраната е поревносна од нив и дека до судот доставила венчаница со адресата на сведокот, а дека СЈО ништо не прави во врска со тоа.Тогаш, Бубевски му рече: „Да, да, вие сте подобри од нас, секако“.Адвокатот Мефаил Арслани му одговори: „Да, подобри сме, секако“.Бубевски искоментира: „Да, добри сте и кога ми се заканувате.“„Кој ви се заканувал“, праша адвокатот.Фетаи возврати: „Па ти беше тој што ми ја пренесе заканата дека ’ти си наша, може лесно да поминеш‘, ама на тој каурот ќе му ја расплачеме фамијата“.Гури и Алими се обвинети дека ги преправале записниците од гласањето на локалните избори во Чаир во 2013 година. Судењето продолжува на 22 февруари, кога се очекува да биде обезбеден сведокот и со тоа судот јасно кажа дека изјавата на сведокот дадена во истрагата нема да се чита, туку ќе се оди на физичко обезбедување на клучниот сведок.

пред 7 години

parlament-grcija

Вечерва Грчките пратеници ќе се изјаснат за ратификација на Преспанскиот договор

Во 9.30 часот денеска продолжува расправата за ратификација на Договорот од Преспа во грчкиот Парламент. Гласањето треба да биде вечерва во текот на ноќта.Првиот ден од пленарната седница во грчкиот Парламентот започна вчера, а од партиите Нова демократија, Демократска алијанса, Златна зора и Независни Грци излегоа со барања и обвинувања до грчката влада, а жестоката дискусија околу процедурални прашања, заврши со отфрлање на приговорите од Нова демократија, Златна зора и Независни Грци, по што започна суштинскиот дел од расправата за ратификација на Договорот од Преспа.На расправата за ратификација на Договорот од Преспа, пријавени за збор се 205 од 300 пратеници.

Свет | пред 7 години

Нема фотографија

НАТО ќе не „плесне“ по џебот, колку ќе потроши Македонија?

Настрана од прашањето околу името, зачленувањето во НАТО ќе има реперкусии по нашиот животен стандард, реперкусии кои не смееме да ги занемариме, реперкусии поради кои ниту под уставното име не треба да прифатиме зачленување во НАТО.180.000 евра потрошија за организирање прослави за (евентуалното) зачленување на Македонија кон НАТО. Многумина на ова ќе речат дека тоа не се многу пари – иако самите мака мачат да обезбедат пристоен живот за себе и за своите семејства. Принудени се да внимаваат како го трошат секој денар, а за илјадниците и милионите евра народни пари кои власта ги фрла во ветер, покажуваат зачудувачка ноншалантност. Без да сфаќаат дека токму затоа што Македонија е сиромашна земја треба посебно внимание да се посвети на тоа како власта ги троши народните пари, без да сфаќаат дека тие пари можат да ја ублажат сиромаштијата, ако се правилно искористени, или да нè втурнат во дополнително осиромашување, ако се фрлаат во бунар или завршуваат во приватни џебови.Да зборуваме за паритеАмериканскиот претседател Трамп со нетипична отвореност кажува колку парите се важни кога се зборува за НАТО. Она за што многумина избегнуваат јавно да зборуваат, за да не пресмета јавноста колку се два и два, тој отворено го кажува. Да, НАТО е и воен и политички сојуз, но НАТО е и економски механизам, кој функционира во корист на воената индустрија, чие лоби го застапува Трамп. Со недипломатска упорност тој постојано го врти разговорот на зголемувањето на воените расходи на земјите-членки на НАТО, предизвикувајќи видлива нелагодност кај сојузниците. Се нижат коментари дека НАТО не е приватна компанија за обезбедување, дека Трамп кон останатите членки на НАТО се однесува не како кон сојузници, туку како кон бизнис партнери кои се должни да го испорачаат својот дел од зделката. Постојат и обиди да се релативизира неговата изјава дека е потребно да се одвојуваат не 2 отсто од БДП за „одбрана“, туку двојно повеќе, пишува МКД.мкСегашната влада на СДСМ-ДУИ, подготвена по секоја цена да ја зачлени Македонија во НАТО, веќе ја покажа својата намера да троши повеќе пари за одбрана. Буџетските расходи за одбрана за 2018 година пораснаа за 163 милиони денари во однос на 2017 година, а министерката Шекеринска најави дека со амбициозно темпо планирале да го достигнат нивото од 2 отсто од БДП за одбрана.Директните трошоци за членување на Македонија во НАТО, согласно нивната формула за поделба на трошоците, се „мали“. Тие се утврдуваат според БДП на земјите членки, па со оглед на тоа што Македонија има нешто помал БДП од Албанија, Македонија како членка на НАТО би плаќала приближно ист износ како неа, односно околу 1,2 милион евра годишно. Со оглед на тоа што за интеграција во НАТО во буџетот за 2018 година се предвидени 15,2 милиони евра, директните годишни трошоци за членување во НАТО може да се чинат ниски. Иако со тие 1,2 милиони евра можат да се покријат годишните трошоци за социјална парична помош на дополнителни 1.000 четиричлени семејства, а со тие 15,2 милиони евра – на дополнителни 12.800 четиричлени семејства кои се мачат со сиромаштијата, барем малку ќе им се олеснеше животот.Далеку поопасни се индиректните трошоци кои ги предизвикува членувањето во НАТО, тие фамозни 2 отсто од БДП. Не треба да заведува овој наизглед низок процент! За Македонија во 2017 година да го достигнеше таргетот на НАТО и наместо 0,98 отсто да имаше воени трошоци од 2 проценти од БДП, ќе требаше да одвои дополнителни 104 милиони евра во буџетот за одбрана! Тука не станува збор за 104 денари, туку за 104 милиони евра! Парите не растат на дрво. Тие пари ќе мора да се извлечат на штета на другите буџетски ставки! Кои ќе бидат тие буџетски ставки на кои ќе се „штеди“?Пензискиот систем мора да се одржува преку голем трансфер од централниот буџет. Во 2017 година од Буџетот на РМ до ПИОМ беа префрлени дури 28,5 милијарди денари (463 милиони евра). Како зголемувањето на буџетот за одбрана за повеќе десетици милиони евра секоја година ќе се одрази врз капацитетот на државата да врши трансфер на буџетски средства до ПИОМ? Или, владата планира „елегантно“ да го реши тој проблем, зголемувајќи ја старосната граница за пензионирање?Здравството ни е во катастрофална состојба. Нужно се потребни значителни вложувања за санирање на состојбите. Од каде ќе се обезбедат тие пари ако буџетот биде дополнително оптоварен во значителна мера поради новите крупни издатоци предизвикани од зачленувањето во НАТО? Или, можеби најсоодветно ќе биде власта новите тенкови што сигурно ќе ги купи поради модернизација на вооружувањето согласно НАТО стандардите – да ги паркира пред болниците. За граѓаните, кога ќе добијат лоша здравствена услуга да можат да се тешат: „можеби немаме соодветни апарати по болниците, можеби болниците ни се руинирани, а лекарите бегаат, но затоа може да се гордееме што сме членка на НАТО!“Приврзаниците на НАТО се доста гласни во паушалните тврдења дека зачленувањето во НАТО ќе донесе нови инвестиции. Еве што кажуваат бројките. Во 2017 година вкупниот износ на директните инвестиции изнесуваше 229,1 милиони евра. Просекот на директните инвестиции во последните пет години (2013-2017) е за нијанса повисок – 235,1 милиони евра годишно. Ако главниот адут за зачленувањето во НАТО е зголемувањето на директните инвестиции, тогаш тие преку 100 милиони евра годишно што се подготвени да ги фрлаат на исполнувањето на НАТО стандардите, ако мислат дека тие пари можат да ги најдат во буџетот – нека ги инвестираат. На ниво на директни инвестиции од 235 милиони евра, инвестирањето на дополнителни 104 милиони евра секоја година не може да не се одрази позитивно на намалување на невработеноста и сиромаштијата и подигнување на животниот стандард на народот. Далеку повеќе отколку фрлањето на тие пари за исполнување на НАТО стандардите!Ова го кажуваат бројките и здравиот разум. Настрана од прашањето околу името, зачленувањето во НАТО ќе има реперкусии по нашиот животен стандард, реперкусии кои не смееме да ги занемариме, реперкусии поради кои ниту под уставното име не треба да прифатиме зачленување во НАТО. Пропагандата на властодршците е сеприсутна. Шират ирационални стравови, го лажат народот со празни ветувања и кули во облаци. Но, не смееме да го изгубиме здравиот разум. А ако го изгубиме, тогаш си заслужуваме, нека паркираат по еден тенк пред секоја болница и... да им се восхитуваме.

Македонија | пред 7 години

Нема фотографија

Зошто Ѓорчев од 13 години пратеник, сака да биде претседател?

Тој е пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ од 2006 година. Кратко време лани, по доаѓањето на Христијан Мицкоски на чело на партијата, беше координатор на пратеничката група. За време на владеењето на Никола Груевски со ВМРО-ДПМНЕ и со државата, главно беше носител на избирачките листи, но никогаш не беше поставен на некоја раководна функција. Јавноста го запозна за време на средношколските протести во 1997 година кога беше еден од најактивните демостранти. Беше еден од ретките пратеници од власта што реагираа за време на случувањата на 27 април 2017 година, кога им спасуваше глава на тогашните опозиционери, поради што добиваше јавни благодарници од актуелната власт, како и од странските дипломати.Тоа што се зборуваше уште од почетокот на годината вчера доби официјална потврда. Пратеникот Влатко Ѓорчев соопшти дека ќе се кандидира на партискиот оглас за претседател на државата. Невообичаено, објавата ја направи од прес-салата во Собранието, а не во седиштето на партијата или на некое друго место.„Има моменти во животот кога човек треба да го искористи целото свое знаење, искуство, сите свои постапки и сè што направил во животот - во функција на државата и народот. Не смееме да си дозволиме уште неколку години како овие две. Македонија назадува, не е добро. Од тие причини објавувам дека се кандидирам за претседател. Поседувам искуство, мотивација, знаење, чесност, лојалност, ја знам цела држава по должина и попреку, сум бил насекаде, а во следните три месеци ќе одам во секое село, град и место за да ја добијам поддршката и да го разбиеме скептицизмот“, рече Ѓорчев.По 13-минутната презентација во Собранието, Ѓорчев замина и ги остави без одговор прашањата дали има поддршка и од партијата.Во ВМРО ДПМНЕ велат дека очекуваат уште кандидатури. Огласот е отворен до крајот на јануари. На 16 февруари во Струмица ќе имаат конвенција на која ќе биде избран кандидатот што ќе влезе во претседателската трка.

Македонија | пред 7 години

ojo-1

ОЈО ја отфрли кривичната пријава против 11 службени лица вработени во ЈУ Меѓуопштински центар за социјални работи

Надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје донесе Решение за отфрлање на кривичната пријава против единаесет службени лица вработени во ЈУ Меѓуопштински центар за социјални работи – Скопје за кривично дело – Несовесно работење во службата од член 353-в став 1 од Кривичниот законик и за кривично дело – Запуштање и малтретирање на дете од член 201 став 1 од Кривичниот законик.Пријавата беше поднесена против три лица во својство на одговорни лица – вршители на должноста директор на ЈУ Меѓуопштински центар за социјални работи – Скопје, како и против осум лица дел од стручниот тим на Центарот, кои биле одговорни за дете без родителска грижа, но притоа грубо ја запоставиле должноста за грижа и воспитување на детето што довело до тешки последици по нејзиното здравје.Постапувајќи по кривичната пријава, надлежниот јавен обвинител ја прибави целокупната документација од Министерството за труд и социјална политика и од ЈУ Меѓуопштински центар за социјални работи – Скопје. Притоа, беше утврдено дека од страна на Министерството за труд и социјална политика на 20.02.2018 година бил извршен вонреден инспекциски надзор во установата и биле констатирани одредени пропусти и неправилности во работата на стручните работници кои постапувале во предметот. Имено, Комисијата констатирала дека тие сториле прекршок од член 254 став 1 алинеја 8 од Законот за социјална заштита поради неводење или неуредно водење на евиденцијата заради што против 17 стручни работници биле поднесени иницијативи за покренување дисциплинска постапка. Истовремено, Комисијата утврдила дека секое напуштање на установата од страна на детето било пријавувано во Министерството за внатрешни работи, а при секое враќање стручните лица советодавно работеле со детето со цел да се надминат проблемите со самоволните напуштања на установата.По проучување на наводите во поднесената кривична пријава, надлежниот јавен обвинител оцени дека пријавените дела не се кривични дела кои се гонат по службена должност, односно дека во дејствијата на пријавените не се содржани законските обележја на кривичните дела Несовесно работење во службата и Запуштање и малтретирање на дете. Пријавените со своето постапување не презеле какви било противправни дејствија со кои би се исполнило законското битие на наведените кривични дела. Пријавените постапиле спротивно на членот 113 став 1 од Законот за социјална заштита во поглед на водењето евиденција на корисниците на правата од социјална заштита, но тоа не претставува кривично дело, туку станува збор за противправно дело – прекршок за кој е пропишана глоба согласно член 264 став 1 алинеја 8 од Законот за социјална заштита.Во врска со истиот предмет, Основното јавно обвинителство Скопје постапуваше и по кривична пријава против три службени лица поднесена од родителите на детето. Пријавата се однесуваше на кривични дела – Злоупотреба на службена положба и овластување од член 353 став 1 и Несовесно работење во службата од член 353-в став 1 од Кривичниот законик. Надлежен јавен обвинител донесе Решение за отфрлање на кривичната пријава, бидејќи пријавените дела не се кривични дела за кои се гони по службена должност. Истовремено, во текот на постапката се утврди дека една од пријавените никогаш не била поставена за старател на детето.За потсетување, во врска со случајот со штитеничката од ЈУ Завод за згрижување на деца со воспитно – социјални проблеми и нарушено поведение – Скопје во февруари минатата година беше оформен предмет и во Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција. Во јули беше поднесен Обвинителен акт против три лица за сторено кривично дело – Трговија со дете предвидено и казниво по член 418 – г од Кривичниот законик. Предметот има и судска завршница – едно лице е осудено на казна затвор во траење од 13 години, а на другите две лица е изречена казна затвор во траење од по 12 години. Незадоволен од висината на изречените казни, надлежниот обвинител вложи жалба до Апелациониот суд – Скопје.

пред 7 години

Нема фотографија

Германија магнет за хрвати, срби, босанци... Колку доселеници прими оваа земја за две години?

За само две години, поточно во текот на 2016 и 2017 година од Хрватска во Германија се доселиле 110.526 Хрвати или колку цел хрватски град Осиек, покажуваат податоците на германската Сојузна канцеларија за миграција, кои ги објави тамошното министерство за внатрешни работи, пренесе Дневник.хр.Во двегодишниот период Германија ја напуштиле вкупно 49.696 Хрвати, а во 2017 година Хрватите биле петти по ред по вселување во Германија. Истата година во Германија се доселиле само повеќе Италијанци, Бугари, Полјаци и Романци.Од Србија во 2016 и 2017 година се доселиле 51.143 лица, а се иселиле 52.575. Гледано по години, во 2016 година од Србија во Германија се доселиле 24.616 државјани, а во 2017 година се доселиле 26.527.Во 2016 година во Германија се доселиле и 24.010 државјани на БиХ, а во 2017 година 26.112 босански државјани.

Свет | пред 7 години

Tanja-Karakamiseva

Каракамишева преку ФБ ги повика новинарите да го побараат писмото со ставот од Венецијанската комисија

Професорката Тања Каракамишева смета дека Владата го крие писмото од Венецијанската комисија. Таа преку ФБ ги повика новинарите да го побараат писмото упатено до претседателот и заменик-претседателот на Владата и да ја информираат јавноста за ставот на Комисијата.Во продолжение статусот на ФБ од професорката Каракамишева:Само што добив информација од генералниот секретар на Венецијанската комисија, г-дин Томас Маркерт, дека согласно правилата на Комисијата владин притисок од каков било вид врз национален претставник НЕ Е ДОЗВОЛЕН и дека писмото е веќе доставено до кабинетот на Османи и на Заев.Да имавме слободно новинарство јавноста веќе ќе беше информирана. Ама немаме!Ги повикувам новинарите да го добијат писмото упатено до претседателот и заменик-претседателот на Владата и да ја информираат јавноста за ставот на Комисијата во однос на ваквите недолични испади на политичари врз угледни експерти, напиша на ФБ Каракамишева.

Македонија | пред 7 години

Нема фотографија

Ѓорчев убеден дека ќе победи во првиот круг , вели ги знам сите градови и села

„Половина час на 21 април ќе набројуваме каде се не сме победиле со „Победивме во Прилеп, победивме во Крива Паланка, победивме во Струмица. На сите пет ибори кога сум бил носител на листа секогаш сум победувал. Нема град каде што немаме намера да победиме. СДСМ нека му ја мисли затоа што ги излажа граѓаните. Заеднички ќе ги поразиме уште во првиот круг“, истакна Влатко Ѓорчев, кој на прес-конференција во Собранието изјави дека ќе победи уште во првиот круг на 21 април на претседателските избори доколку биде номиниран од ВМРО-ДПМНЕ како кандидат во трката од оваа опозициска партија.Како што истакна тој, се чувствува подготвен да ја преземе одговорноста да застане на чело на оваа држава.„Имам моменти во животот кога човек треба да го искористи своето знаење, искуство, сето што го направил во функција на државата и народот. Македонија губи, Македонија назадува. Не се добри состојбите во Македонија. Од тие причини, објавувам дека се кандидирам за претседател на Република Македонија. Поседувам искуство, знаење, чесност, лојалност. Ги знам сите градови, населбите, улиците. Наредните три месеци ќе појдам во секој град и дом. Ќе појдам кај граѓаните на Македонија, кај оние кои ми го дале мандатот. Ќе ја побарам вашата доверба. Оваа апсолутистичка власт е дефинирана како хибриден режим. Не смее да се дозволи на Заев да ги узурпира институциите на државата. Мотивиран сум повеќе од било кога, благодарен сум за огромната поддршка, ја добивам од голем број граѓани на државава. Македонија е земјата на моите баби и дедовци. Македонија е земјата на моите четири деца. Јас директно им велам, на сите кандидати на СДСМ, ве чекам јас и најмалку 500.000 луѓе на Република Македонија“, истакна Ѓорчев.Ѓорчев додаде дека веднаш ќе ја стартува внатрепартиската кампања по поднесувањето на кандидатурата на објавениот оглас.

Македонија | пред 7 години

Нема фотографија

Ѓорчев бара од ВМРО-ДПМНЕ да го предложат да претседател на Северна Македонија

Владимир Ѓорчев денеска ќе ја поднесе кандидатурата до конвецнијата на ВМРО-ДПМНЕ.Ѓорчев во телефонски разговор за Скопје1 потврди и кусо ни најави дека ќе одржи пресс конференција во собранието на Р Македонија во 14:30 мин, на која ќе ќе обелодени деталите.Инаку Владимир Ѓорчев долги години е активен на политичката сцена, има огромно политичко искуство. Сепак и покрај континутетот на политичката сцена, позади себе, пратеникот нема ниту еден скандал. Важи за чесен човек, принципиелен, доследен и семеен човек.Неговата политичка кариера е исполнета со низа на успеси, бројките велат тој ги освојуваше најголемите победи во парламентарната историја на независна Македонија, последните 28 години.

Македонија | пред 7 години

makedonija-nosija

(ВИДЕО) Свадбената носија од Мариово на видео панел на „Тајмс Сквер“

На светско-познатиот Тајмс Сквер, во текот на денот, се прикажуваат две видеа со културна промоција на Македонија, соопшти Македонскиот совет на уметности со седиште во Њујорк.Мариовска свадбена носија со слоганот “Maкедонија: Прекрасна, пријатна, фасцинантна! Истражи ја македонската културна уметност”, цел ден се прикажувала на видео панел на познатиот “Tajмс сквер” во Њујорк.

Македонија | пред 7 години

50283514_2007921776169669_6795382524269821952_n

Се огласи ВМРО ДПМНЕ: Немаме службени, приватните автомобили ги користиме за партиски цели

По веста дека потпретседателот на ВМРО ДПМНЕ Александар Николоски се вози со службен автомобил и шофер, се огласија од партијата. Од таму го известуваар Скопје1 дека партијата не купила возила на лизинг и немаат ангажирано возачи. Додаваат дека свое возило користат сите дури и претседателот Христијан Мицкоски.Што се однесува до возилото кое е фотографирано појаснуваат дека истото е во сопственост на Николоски и дека истото потпретседателот го плаќа на лизинг.„Потпретседателот на ВМРО ДПМНЕ Александар Николоски не користи службено партиско возило, туку го користи своето приватно возило. Истото го користи и за партиски цели односно и кога има партиски активности“, велат од ВМРО ДПМНЕ“.Инаку Скопје 1 вчера во повеќе наврати се обиде да добие точна информација од партијата, но нашите обиди се до објавувањето на веста беа залудни. 

Македонија | пред 7 години

bezdomnici

Бездомните лица под Кале ќе бидат згрижени до март

Бездомните лица под Кале ќе бидат згрижени во установи за социјална заштита, одлучи Владата на денешната седница.Министерството за труд и социјална политика е задолжено преку Меѓуопштинскиот центар за социјална работа на Град Скопје до март годинава да обезбеди сместување за овие лица во објекти што ги користи јавната установа за згрижување деца со воспитно-социјални проблеми и нарушено поведение.– Станува збор за 30 семејства, односно 99 лица. Од нив, само девет семејства поседуваат некакво живеалиште, додека останатите се евидентирани како бездомни лица. Сместувањето на бездомните лица е во согласност и со препораките на Интерсекторската работна група за следење на состојбата на воздухот, бидејќи на овој начин овие лица нема да палат несоодветни материјали за греење и дополнително да го загадуваат воздухот, соопштија од Владата.

Скопје | пред 7 години

zaev-hrvtska-2

Заев ги критикува ДУИ дека се китат со перја за Законот за јазици

Некои од политичарите сакаат да си редат пердуви, овој закон не е на ДУИ, туку на Зоран Заев, на ДУИ, на Беса, на турска партија на сите, изјави премиерот, Зоран Заев, во вчерашното гостување на телевизија Алсат М, а во врска со Законот за употреба на јазиците.Во врска со тоа дали има несогласување меѓу СДСМ и ДУИ бидејќи вицепремиерот, Бујар Османи, изјави дека според него законот не треба да оди во Веницијанска комисија, Заев рече:-Мојот пријател и потпретседател на владата заборавил на заклучокот од Влада, зошто немаме предрасуди, ништо не треба да правиме шверцерски. Јас како прв претставник на Владата мислам дека законот е уставен. Уставот го дефинира албанскиот јазик како втор официјален јазик, за меѓународна употреба само македонскиот јазик, прв е македонскиот, употребата е јасно разграничена – изјави премиерот.

Македонија | пред 7 години

aerodrom-nesreka

ВИДЕО: Сообраќајна несреќа во скопски Аеродром, автомобил заврши превртен на кров

Тешка сообраќајна несреќа вечерва околу 23 часот се случи на во скопски Аеродром, на булевар Јане Сандански, јавува репортер на ТВ21. Како што дознаваме, нема тешко повредени лица, ниту пак загинати. Со повреди бил пренесен во Ургентен центар само возачот на Фиат Чиквеченто. На лице место се присутни екипи кои утврдуваат како дошло до несреќата.Автомобил е со скопски регистарски таблички, а се уште не се знае како завршил превтен на кровот. Неофицијално дознаваме дека причината е неприлагодена брзина.

Скопје | пред 7 години

galicica

Договор за Грант помеѓу НП Галичица и Фондот за природа Преспа-Охрид

Националниот парк „Галичица“ и Фондот за природа „Преспа-Охрид (ПОНТ)“, во четврток, на 24-ти јануари ќе потпишат договор за грант.– После неколку месечните преговори и аплицирањето од страна на ЈУНП „Галичица“ на повикот за финансиска поддршка објавен од Фондот за природа „Преспа-Охрид (ПОНТ)“, ќе биде потпишан договор со кој Фондот ќе финансира дел од трошоците за тековното работење на ЈУНП „Галичица“, во висина од 150.000 евра за 2019 година. Ова претставува иновативен пристап во финансирањето и работењето на заштитените подрачја, за што ПОНТ неодамна беше избран како победник на наградата Pathfinder за 2018 година која се доделува за извонредни и инвентивни решенија за заштитените подрачја, информираат од Националниот парк „Галичица“.Додаваат дека договорот ќе биде потпишан меѓу извршниот директор на ПОНТ Миријам де Конинг и директорот на ЈУНП „Галичица“ Васко Паскали.

Македонија | пред 7 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања