ГЛАВНИ-ВЕСТИ

50501283_2147893838565796_5276310805661351936_n

(ВИДЕО) Александар Николоски има службено возило и шофер ?

ВМРО ДПМНЕ за функционерите на лизнг купило автомобили и вработило шофери ?Потпретседателот на ВМРО ДПМНЕ Александар Николоски се вози со службен автомобил и шофер.На фотографиите кои ги направи екипата на Скопје1.мк на 20 јануари во Охрид, тој влезе во автомобил со скопски регистарски ознаки, кој беше управуван од шофер, а Потпретседателот седна на задното седиште.Според информации на Скопје1.мк автомобилот кој беше целосно непрописно паркиран во центарот на Охрид е во сопственост на една компанија која продава возила и според сопственоста тој е купен на лизинг и не е подвижен имот на ВМРО ДПМНЕ.Скопје1.мк денес се обрати кај портпаролот на ВМРО ДПМНЕ Димче Арсовски кој иако во повеќе наврати ветуваше дека ќе даде одговор на прашањето за тоа дали ВМРО ДПМНЕ на функционерите им купило нови автомобили на лизинг и им плаќа гориво и шофери, и по неколку часа не даде одговор.Целиот имот на ВМРО ДПМНЕ е замрзнат како дел од истрагите на СЈО во случајот „Талир“ кои се однесуваат на финансирањето на партијата и како го стекнала имотот вреден милиони евра.  

Македонија | пред 7 години

micel

Поддржувачот на Македонија и на Договорот од Преспа, Мичел поднесе оставка

Вес Мичел, помошник државниот секретар на САД,човекот кој беше задолжен за притисоци врз Македонија да се смени името наредниот месец заминува од функцијата во Стејт департмент. Неофицијално оставката Мичел ја поднел поради лични и професионални причини, пишува „Вашингтон пост”.Тој беше номиниран уште во мандатот на првиот државен секретар предложен од страна на Трамп, Рекс Тилерсон, кој откако беше отпуштен во март 2018 година стана критичар на претседателот. Мичел остана на функцијата и во мандатот на секретарот Мајк Помпео.Мичел ја посети Македонија во март, а потоа и во септември, да ги повика граѓаните да излезат и да гласаат на референдумот за менување на името. Откако граѓаните го бојкотираа референдумот, Мичел изрази разочарување од ставот на ВМРО-ДПМНЕ, но сепак ги повика властите да го спроведат договорот со Грција. Мичел тогаш упати отворено писмо до претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во кое оцени дека, независно од исходот на референдумот, партијата треба да гласа за преименувањето на државата. Мицкоски одговори дека ВМРО-ДПМНЕ не може да поддржи договор кој „е отфрлен на референдумот од убедливо мнозинство од граѓаните, со кој се менува Уставот за да се промени името на државата, и со кој се бара од Македонците да се откажат од сите свои стекнати права“.Во тоа писмо, во последните редови од тоа писмо професорон Христијан Мицкоски му пиша дека “секогаш е најтемно пред зората”.

Свет | пред 7 години

Ejup-Alimi

Координаторот на пратеничката група на ДУИ, одбри да одговара на прашања на македонски јазик

Ејуп Алими, координатор на пратеничката група на ДУИ, денеска одбри да одговара на македонски јазик на прашањата на новинарите во македонскиот законодавен дом. Иако прашањата беа поставувани на македонски јзик, одговорите Алими ги даваше само на албански јазик.Поради ова, новинарите кои известуваат за мадиумите на македонски јазик останаа без одговори на прашањата.

Македонија | пред 7 години

trepca

Успешно заврши драмата во рудникот во близината на Трепча, рударите спасени

Сите рудари извлечени на сигурно. Заврши акцијата за извлекување на 100 те рудари во рудникот „Стари трг“ во близината на Трепча, кои поради дефект на електричната мрежа, останаа заробени на некои 700 метри под површината.Приштинските медиуми објавуаат дека животот на рударите не бил во опасност, затоа што рудникот има природна вентилација. Нема повредени, а инцидентот настана по експлозија на трансформатор, јавува „Коха“.Иаку 100 тина рудари беа заробени на осмото, деветото и десетото ниво неколку часа пред да излезат на безбедно.

Свет | пред 7 години

patna-infras-1

(ВИДЕО) Заев: Ќе се гради квалитетна, безбедна и сигурна патна инфраструктура

Во Владата на Република Македонија денеска се одржа заедничка прес-конференција на којашто Претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев заедно со Заменик претседателот на Владата задолжен за економски прашања и координација со економските ресори, Кочо Анѓушев, министерот за транспорт и врски, Горан Сугарески и директорот на Јавното претпријатие за државни патишта, Зоран Китанов ги презентираа плановите за изградба на модерна патна инфраструктура за 2019 низ целата територија на Република Македонија.„Со почетокот на градежната сезона започнуваме со забрзана изградба и рехабилитација на најголем дел од патната мрежа во Република Македонија во вкупна вредност од 1 милијарда и 270 милиони евра. Станува збор за големи инвестиции во изградбата на нови патишта како и реконструкција на постоечките во вкупна должина од преку 770 километри. Оваа година започнуваме со реализација на нови проекти за изградба, рехабилитација и реконструкција на 43 патни правци, а засилено ќе продолжиме со изградба и реконструкција на веќе започнатите 27 патни правци. Продолжуваме да ја градиме Република Македонија и да ги поврзуваме граѓаните со квалитетни, сигурни и безбедни патишта“ соопшти премиерот Заев во своето обраќање и додаде дека добрата и безбедна патна инфраструктура е главен предуслов за привлекување домашни и странски инвестиции и за локален економски развој.„Автопатот Кичево-Охрид во должина од околу 60 км продолжува да се гради. Надминати се проблемите, се потпиша нов анекс на договорот со кој се заштедија 90 милиони евра и градежните работи продолжуваат до конечна реализација. Го поврзуваме Охрид како наша стратешка туристичка дестинација со Кичево и остатокот од Македонија. Ова е важно бидејќи ќе се обезбедат услови за унапредување на туризмот, за зголемување на трговската размена во овој регион којашто ќе придонесе и за рамномерен економски развој. Минатата година ја достигнавме бројката од 1 милион туристи. Овој автопат, и останатите кои ги поврзуваат нашите туристички центри се нашата инвестиција за уште поголем број туристи и економски раст“, рече премиерот Заев и надополни дека придобивки ќе почувствуваат 225 илјади жители и 13 општини од југозападниот дел на Република Македонија.Вицепремиерот Анѓушев во своето обраќање потсети дека 2019 е најавена како економска година и дополни дека изградбата и рехабилитацијата на патиштата во земјата е една од активностите потребни да се реализираат, за да се постигне економски раст. Тој потенцираше дека очекува по започнување на градежната сезона да нема ниту една слободна градежна машина во Република Македонија, а земјата да биде едно големо градилиште.„Сите знаеме дека сите други економски сектори, освен градежништвото, во 2018 година бележеа значителен раст. Градежништвото е важен сегмент за економскиот раст и ние сме посветени да го раздвижиме овој сектор. Во овој момент, во Република Македонија се градат и рехабилитираат патишта како никогаш досега. Во 2018 година се завршени активности на 192 км во вредност од 30 милиони евра. Тоа не е доволно и токму поради тоа градежништвото во минатата година бележеше негативни стапки на раст. Би сакал да истакнам дека проектите за изградба на патишта кои ги започнавме како Влада се во вредност од 1 милијарда и 35 милиони евра и се во должина од 363 километри, а во 2019 година започнуваат со реализација проекти во вредност од 236 милиони евра и во должина од 421 километар. Сите овие проекти чија вкупна вредност надминува 1,27 милијарди евра, се технички подготвени, има обезбедено финансиски средства и подготвени се за имплементација. Доколку вкупните градежни активности изнесуваат од 55-60 милиони евра на месечно ниво, вклучително со активностите на приватниот сектор, ќе ги вратиме позитивните стапки на раст на градежништвото, а со тоа и повисоки стапки на економски раст“, потенцираше во своето обраќање вицепремиерот Анѓушев.Министерот за транспорт и врски, Горан Сугарески зборуваше подетално за плановите за изградба и рехабилитација на патишта во 2019 и во тој правец истакна дека ќе се вложат средства од над 1 милијарда и 200 милиони евра за изградба на патна инфраструктура во должина од над 700 км.„Нашата цел е да нема отсечено населено место во земјава, да имаме добра и квалитетна инфраструктура каде економски бенефит ќе имаме сите ние граѓаните на Македонија. Но она што сакам јас да потенцирам е тоа што Програмата за 2019 година е уште пообемна. Околу четириесетина патни правци со вкупна вредност од преку 230 милиони евра и вкупна должина од 420 километри се подготвени за да се започнат со рехабилитација и реконструкција. Очекуваме со градежната сезона да ги ставиме во погон сите градежни компании и да се отпочне со рехабилитација на голем дел од нив.Директорот на Јавното претпријатие за државни патишта, Зоран Китанов даде осврт на плановите и програмите што ги спроведува ова претпријатие и рече дека ЈПДП има спроведено тендерски постапки за рехабилитација на 39 патни правци кои веднаш во првиот квартал штом дозволат временските услови ќе отпочнат да се градат.„Во 2019 се продолжува со изградбата на автопатиштата и експресните патишта со вкупна должина од 144 км и вкупна вредност од 770 милиони евра“, соопшти директорот Китанов и информираше дека преку Македонија пат се рехабилитираат уште 41 патен правец со вкупна должина од 93 км во износ од 9 милиони евра.

Македонија | пред 7 години

izbori

СДСМ во петок ќе одлучува дали со претседателските ќе има и предвремени парламентарни избори

Власта нити потврдува, нити демантира дека со претседателските ќе се организираат и предвремени парламентарни избори. Според нв одлуката за ова прашање ќе се донесела во петок на седница на Централниот одбор. Премиерот Зоран Заев денеска од Владата, не ја исклучи опцијата за двојни избори.Барањето за предвремени парламентарни избори го упатија од опозициската ВМРО-ДПМНЕ, ноќта на гласањето за уставни измени. Зсега Лидерот на Алијансата на Албанците, Зијадин Села истакна дека се уште немаат став за претседателските избори, но се за предвремени парламентарни избори, а од Демократскиот сојуз на Павле Трајанов пак испратија барање, доколку има предвремени избори, Македонија да биде една изборна единица.Инаку од Државната изборна комисија исткнаа дека ДИК е подготвена за претседателските избори на пролет, во пакет со евентуални предвремени парламентарни избори.

Македонија | пред 7 години

venecijanska-komisija

Владата го испрати Законот за јазиците до Венецијанската комисија

Владата го испрати законот за употреба на јазивите до Венецијансаката комсиија, само еден дека откако Вицепремиерот Бујар Османи најави дека нема да се бара мислење за законот, се додека професорката Каракамишева е дел од ова советодавно тело. До Веницијанската комисија е испратен и спорниот Член 8, кој се однесува на употребата на албанскиот јазик на банкнотите, поштенските марки, како и на униформите на полицајците, пожарникарите и лекарите.Преку писмото проследено до претседателот на Комисијата Џани Букичио, од Владата очекуваат мислење за Законот од аспект на нeговата усогласеност со европските стандарди, како и значајна поддршка за правните реформи.Премиерот Заев истакна дека укажувањата на Венецијанската Комисија ќе бидат имплементирани во законот.

Македонија | пред 7 години

trepca

100 рудари во Трепча, заробени 700 метри под земја, поради дефект на електричната мрежа

Во рудникот „Стари трг“ во Трепча во близина на Косовска Митровица во тек е акција за спасување на стотина рудари. Тие останале заробени 700 метри под земјата , поради голема хаварија - дефект на електричната мрежа.Претставник на рударскиот синдикат тврди дека тие не се во животна опасност и дека е во тек акција за нивно спасување.Синдикалниот лидер на рударите од „Стари трг“, Шукри Садику, додал дека спасувачите се во постојан контакт со рударите и оти нема повредени работници. Како што пренесува „Спутник“; повикувајќи се на веснникот „Коха“, проблемот се случил по експлозија не трансформаторот. Инаку, рудникот „Стери трг“ е дел од комбинатот – Трепча.

Свет | пред 7 години

11170295_646187062178487_3506413957551131951_o

ЈСП ќе плати 5,5 милиони денари на агенција за привремени вработувања

Јавното сообраќајно претпријатие ќе плати 5,5 милиони денари на ангеција за привремени вработувања, која ќе треба да наоѓа замена на отсутни работници, лица кои ќе работат кога ќе има зголемен обем на работа, да работат на проекти, специфични работи кои не се дел од претежната дејност на ЈСП, непредвидливи работи и друго.Агенцијата ќе треба да ги исполнува барањата на договорниот орган за ангажирање на привремен работник, да му обезбеди права по основ на работен однос, редовно да исплаќа плати. Договорот со агенцијата ќе биде на 12 месеци.Услов за учество на тендерот е досега да ингажирано најмалку едно лице овластено за заштита на лични податоци. Тендерот е отворен до 7 февруари.

Македонија | пред 7 години

ucenici

Утре започнува второто полугодие

Министерството за образование и наука информира дека второто полугодие од учебната година почнува утре и важи за сите ученици од јавните и приватните основни и средни училишта во сите општини во земјата.Одлуката, како што информираат од МОН, е донесена во согласност со препораките на Министерството за животна средина и просторно планирање, а имајќи ги предвид и препораките на Интерсекторската работна група за следење на состојбата со квалитетот на амбиенталниот воздух.Второто полугодие требаше да почне вчера, меѓутоа Владата во неделата донесе одлука учениците да останат дома во следните денови поради загадувањето на воздухот.

Македонија | пред 7 години

insajder

Инсајдер продукција: Немаме никаква врска со македонскиот Инсајдер, ќе бараме привремена забрана за емитување на оваа емисија

Инсајдер продукција објави соопштение во кое објаснуваат за спорот со 1 ТВ. Во продолжение соопшението од продукцијата во целост:Инсајдер продукција, подготвува тужба против македонската телевизија  1TB за користење на трговска марка со барање за забрана на емитување на најавената емисија наречена Македонски инсајдер се до завршување на постапката.Во септември месец, Телевизијата 1ТВ ја најави емисијата Инсајдер , а во средината на јануари објави оглас со најава за темите кои ќе бидат обработувани, наведувајќи дека емисијата е лиценцирана и истата ќе оди во лиценциран формат. Поради поврзаноста со Инсајдер, која е добро позната емисија низ целиот регион, Инсајдер прво испрати писмо со предупредување до оваа телевизија. Но, откако најавата беше повторно објавувана, се подготвува тужба.Инсајдер продукцијата во Македонија поднесе барања за признавање на жигот ИНСАЈДЕР со зборови и графика, кои се во фазата на регистрација. Во тек е изработка на тужба против 1 ТВ од Скопје за прекршување на правата од пријавата за трговска марка со барање за привремена мерка за забрана за емитување на спорното прашање до конечното завршување на постапката ", соопштуваат од продукцијата Инсајдер.Првата најава на македонскиот инсајдер беше објавена на 20-ти септември на 1ТВ, како емисија во која ќе работи тим кој ќе се занимава со истражувачко новинарство во врска со криминалот и корупцијата. Уредниците на телевизија посочија дека тоа е "лиценциран формат кој ќе работи според стандардите за лиценцирање".Во средината на јануари објавен е видео-оглас од три минути за теми кои треба да се емитуваат во серијата. Еден од бизнисмените споменати во соопштението поднесе кривична пријава во која тврдеше дека му било побарано пари за да не зборуваат за тоа, додека 1ТВ го негираше тоа со објавување на февруарската серија. Сопственикот на телевизијата е татко на Бојан Јовановски, попознат како Боки 13, кој зборува во име на телевизијата 1 ТВ.Поради фактот што Инсајдер продукција немаат никаква врска со ова шоу или Телевизија, одлучено е да се преземат законски чекори за да не сме официјално или неофицијално поврзани со најавената серија.

Македонија | пред 7 години

pari-za-izjava

Пад на просечната плата во Македонија

Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во ноември 2018 година, изнесувала 24.548 денари, што е намалување во однос на октомври, минатата година кога просечната месечна исплатена нето-плата изнесувала 24.817 денари, покажуваат најновите податоци на Државниот завод за статистика.Намалување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во однос на претходниот месец е забележано во секторите: рударство и вадење на камен (5,6 отсто), други услужни дејности (5,5 отсто) и динансиски дејности и дејности на осигурување (3,5 отсто).

Македонија | пред 7 години

drvo-vo-asfalt

Над 500 дрвја во Скопје растат заробени во бетон, властите ќе ги ослободуваат со експертска помош

Град Скопје потпиша меморандум за соработка со Шумарскиот факултет со кој прецизно се утврдуваат обврските на двете институции во важен дел од заштитата на животната средина – лоцирање и ослободување на т.н. заробени стебла и корења на дрвјата од градежен материјал поставен при нестручно изведени градежни активности, информираат градските власти.„Идејата за потпишување на овој меморандум произлезе од истражувањето на професорот Сотировски и неговиот тим во чии рамки се мапирани околу 500 локации во Скопје каде што со неправилно изведени градежни активности во минатото биле зацементирани стеблата или корењата на над 500 дрвја. Во таа насока Градот Скопје ќе изврши отстранување на градежниот материјал на точно утврдени локации каде што истиот предизвикува опасност од оштетување на дрвјата, секако по претходно извршена инспекциска контрола за утврдување на фактичката состојба и одговорноста за непрописно изведените градежни активности“, рече на денешната прес-конференција градоначалникот Шилегов.Шумарскиот факултет, освен мапирањето на локациите каде што постои опасност од оштетување на дрвјата, ќе обезбеди и стручна помош во обуката на лицата задолжени од Град Скопје, кои непосредно ќе ги реализираат теренските активности за отстранување на градежниот материјал.„Ја користам оваа можност да ги повикам и градоначалниците на скопските општини да воспостават соработка со Шумарскиот факултет со цел да ги отстраниме овие пропусти и кај дрвјата лоцирани во зелените површини што се под надлежност на општините, но и да превенираме ваквата состојба да не ни се повторува. Сакам да нагласам дека оваа активност по важност е веројатно поголема и од засадувањето нови дрвја од причина што старите дрвја со развиени крошни играат многу позначајна улога во животната средина од младите дрвја на кои им е потребно време да ги развијат своите крошни“, нагласи Шилегов. 

Скопје | пред 7 години

shilegov

За Град Скопје воздухот е чист, па ги укинаа мерките против загадување

По добиените информации од Министерството за животна средина и просторно планирање дека среднодневните концентрации на ПМ10 честички во воздухот се под дефинираниот праг на алармирање од 200 µг/м3 и епизодата со зголемено загадување во текот на два последователни дена е прекината, Градот Скопје ги известува граѓаните дека денеска од 18 часот се укинуваат вонредните мерки меѓу кои e и бесплатниот јавен превоз, како и интервентните препораки за намалување на загадувањето на воздухот што беа воведени на 20 јануари 2019 година, објави прес службата на Град Скопје.„Овие мерки и препораки за намалување на загадувањето на воздухот ќе се воведат повторно доколку се повтори епизодата со загадувањето на воздухот, а за што граѓаните ќе бидат навреме информирани.И покрај расчистувањето на воздухот Градот Скопје апелира до граѓаните да не ги користат возилата без потреба, повеќе лица да се возат во едно возило, да се користи јавниот превоз, за затоплување на домовите да не се користат отпадни материјали, прегорено машинско масло, лакирани и обоени отпадоци од дрво, стиропор, ПЕТ амбалажа, гуми и каков било синтетички материјал, да се користи суво и чисто дрво без примеси од земја и од отпадоци, а печките на дрва да се користат и одржуваат според упатствата на производителот.“ - се вели во сопштението на Град Скопје.Покрај укинувањето на бесплатниот автобуски превоз ќе се укинат и двојно поскапите карти за паркинг во Скопје.

Скопје | пред 7 години

ivica-konevski

(ВИДЕО) Коневски за рекетот: Од Азманов не сум се напил ни едно кафе

По обвинувањата од страна на бизнисменот Зоран Азманов дека Ивица Коневски, барал од него да донира во клубот МЗТ, со свој став за „Скопје 1“ излезе и ексградоначалникот на општина Аеродром. Коневски вели дека Азманов со реченицата „Едино Ивица Конески бараше за МЗТ големи суми пари, донации и сме ги плаќале, што да правиме“, не кажува дека бил рекетиран. Исто така, Коневски тврди дека Азманов сакал да се доближи до него, па затоа донирал пари.„Очигледно Азманов не помагал добронамерно на спортот, туку имал намера да ми се доближи на мене како градоначалник. Не е точно дека секој градежник помагал на спортот, туку давале оние кој имал желба. Кој помагал, може да се обратите во клубот, а сите информации се официјални“, вели Коневски за „Скопје 1“.Коневски тврди дека тој не дозволил бизнисменот Азманов да му плати кафе, а не пак да добие нешто повеќе од него.„Ако најуспешните луѓе, бизнисмените не помагаат на спортот, тогаш, нема да имаме спорт во Македонија. Во спортот помагаат најмоќните луѓе. Очигледно, дотичниот господин немал желба да помага. Тој сакал да се доближи до мене. Јас не сум дозволил на Азманов и таквите како мене едно кафе да ме частат“, додава Коневски за „Скопје 1“.

Македонија | пред 7 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања