ГЛАВНИ-ВЕСТИ

BeFunky-collage-9-1

(ВИДЕО) Азманов се колне во деца дека плаќал рекет само на Ивица Конески

На вчерашната прес конференција на која бизнисменот Зоран Азманов зборуваше за конфликтот кој го има со Бојан Јованоски и 1ТВ околу емисијата „Инсајдер“, одговарајќи на новинарско прашање дали некој друг низ годините му барал рекет, се заколна во своите деца дека никој никогаш не му барал пари, освен Ивица Конески додека беше градоначалник на Аеродром.Новинар на прес конференцијата праша:„Точно ли е дека градоначалниците од вас бараат станови за да добијат дозволи за градба?“Азманов: „Од мене ви се колнам во сите деца никој никогаш ништо! Едино Ивица Конески бараше за МЗТ големи суми пари, донации и сме ги плаќале, што да правиме ! Сите кои градеа во Аеродром, сите плаќаа за МЗТ тогаш... “Азманов на прес конференцијата го прозва и бизнисменот Ванчи Чифлиганец, за кого кажа дека плаќал како што ги нарече спонзорства во телевизијата.

Македонија | пред 7 години

Herald-Koci

Хералд Кочи: Вистинскиот број на Албанци во Македонија е околу 15 отсто

Моите пријатели, кои како меѓународни набљудувачи го следеа пописот во 2004 ми раскажуваа за наеднаш расцветаните албански села во “планините” кои со децении биле пусти. Ако се споредат резултатите од повеќе последователни пописи, очигледно е дека податоците се нагодувале. Ќе си дозволам да го наречам пописот во Македонија 2004 беше попис ,,А ла Потемкин”. Денес се знае од документацијата на социјалните служби и од протечените информации за издавањето лични документи, дека вистинскиот број на Албанците во Македонија изнесува околу 15 проценти – изјави во едно старо интервју за Програмата „Гласот на народот со Слободан Томиќ” на Радио Слободан Македонија, Харалд Кочи, поранешен амбасадор на Австрија во Македонија и политички аналитичар.Платформата од Тирана, кога се чита, изгледа дека е безболна, но проблемите или ѓаволот е во детаљите. Како резултат е фактичкото зголемување или проширување на ,,албанскиот елемент”, односно овој елемент да се прошири низ целата држава Република Македонија, изјави своевремено за Програмата „Гласот на народот” со Слободан Томиќ на Радио Слободна Македонија, Др.Хералд Кочи.Кочи тогаш потенцираше дека ,,бинационална држава е таква да ги потиснува другите малцинства или националности”.

Македонија | пред 7 години

50280495_545016145966366_1008424579837722624_n

Активистите лути на Шилегов поради Вардариште, ќе спроведуваат акција

Активисти на здруженијата за заштита на животни, вчера од Вардариште ја зеле оваа кучка, која пред еден месец била донесена од заловувачите на кучиња, со малечки, но сите умреле во стационарот.Волонтерите со сопствени средства и пари од донации, ја однеле на ветеринар и сега се борат за нејзиниот живот.Лути се на градоначалникот Петре Шилегов, кој, велат, буквално ништо не направил за Вардариште и покрај многубројните ветувања.Прашуваат, што се случува во Вардариште со донациите,  храна, покривки, вакцини и други потребни средства за згрижување на кучињата, бидејќи од таму или ги вадат како живи скелети или не излегуваат живи.Секоја сабота, активисти одат во скопскиот стационар за бездомни кучиња, Вардариште, каде носат храна и кебиња.Но, потребни им се волонтери кои ќе им се придружат во акциите.„Секој кој сака да помогне на било каков начин дали со храна, лекови или ќебиња пишете ни. Ве очекуваме! Тие не имаат само нас, да не ги изневериме“, стои во повикот за акција од иницијативата за згрижување на бездомни кучиња „Daisy Family Rescue“.Тие изминатиов период ги посетуваат кучињата во стационарот и споделуваат фотографии од нив, со цел да ги мотивираат граѓаните да вдомуваат.

Скопје | пред 7 години

lazni-vesti

Разузнувач од АРМ контролирал сајтови за лажни вести, Русија не стои зад тоа

Ловецот на лажни вести кој ја откри кумановската мрежа, Мартен Схенк, во интервју со дописничката на МИА во Брисел, раскажува како успеал да ги пронајде членовите. Тој вели дека не станува збор за организиран бизнис од страна на Русија, туку дека Русите опортунистички ги користат лажните вест кои се појавуваат.„Она што Русите го прават е кампања на амплификација. Користат лажни твитер налози или лажни ФБ профили. Се случувало да користат скриншотови од вакви сајтови или наслови. Но, не мислам дека работат за Русите, пред сѐ сакаат пари да заработат, а Русите ќе видат дека некоја статија е вирална и ќе помогнат да ја шират. Опортунистички. Не е дека Русите ги создаваат сториите или дека ги насочуваат во одреден правец, туку гледаат да посеат поделба. Поттикнуваат две спротивставени страни и потоа ќе организираат протести, и слично. Русите објавуваат и статии во полза на Хилари Клинтон. Луѓето мислат дека Русите му помагаа само на Трамп, но тоа не е точно, тие само сакаа поделба да создадат“, вели Схенк.Вработени во АРМ и полициски инспектор се дел од кумановската група која последниве години лесно заработуваат од отворање на нови сајтови и пласирање на лажни вести. Тимот на белгискиот истражувач Мартен Шенк покажа дека во случајот со Куманово не се работи за вештите тинејџери од Велес кои брзо дошле до лесна заработувачка пред претседателските избори во САД. Овој случај отвора и други безбедносни прашања во македонската армија и полиција.

Македонија | пред 7 години

50618251_613913649064187_1042656259460825088_n

(ФОТО) Власта најави бесплатен јавен превоз, ЈСП ги уклучи дел од апаратите

Поради големите концентрации на ПМ10 честичките во главниот град за време на викендот, беа преземени привремени мерки со цел нивно намалување.Една од мерките беше и бесплатен јавен превоз во текот на овие денови. На социјалните мрежи се појавија фотографии на кои може да се забележи дека апаратите за картички во дел од автобусите на ЈСП се вклучени и работат. Патниците се револтирани и коментираат дека е неодговорно надлежните вака да си играат со нив. Прашуваат кој ќе им ги надомести искуцаните возења. Тие велат дека во дел од автобусите работат апаратите, а во дел од нив не, па не знаат дали се уште важат мерките за бесплатен превоз."Ве известуваме дека и денес 21.01.2019 година, согласно мерките за намалување на загадувањето на воздухот, користењето на јавниот превоз ќе биде бесплатно. За прекин на важност на одлуката ќе бидете навремено известени", стои на веб страната на ЈСП.

Скопје | пред 7 години

azmanov

МАН: Зоран Азманов веднаш да се извини за лагите, клеветите и навредите

Македонската асоцијација на новинари најостро ги осудува заканите и неоснованите лаги кои јавно Зоран Азманов во континуитет ги шири по потреба за новинари, уредници и медиуми во Македонија.„Го повикуваме Зоран Азманов веднаш да се извини за лагите клеветите и навредите кои денеска ги изрече на прес конференција.Ги повикуваме надлежните институции да се вклучат и да ги преземат сите мерки за заштита на новинарите и медиумите.Го потсетуваме Зоран Азманов дека медиумскиот сектор е строго регулиран, сите легални и регистрирани медиуми во Македонија, работат по строги европски правила и закони кои важат во Република Македонија“, се вели во реакцијата.

Македонија | пред 7 години

Tanja-Karakamiseva

Каракамишева до Османи: Сакате во Македонија да важи нешто што не важи за ниту едно малцинство во светот

Вицепремиерот Бујар Османи изјави дека според негово мислење нема смисла Законот за јазиците да се испрати на оценка во Венецијанската комисија, додека претставник на Македонија таму е професорката Тања Каракамишева. На тоа професорката реагираше преку ствојот Фејсбук профил и му порача дека правилата на употреба на малцинските јазици во државите мора да бидат во согласност со меѓународните и европските документи за правото и опсегот на употреба на истите во државите.Му благодарам на заменик претседателот на Владата, Бујар Османи што си го покажа своето вистинско лице нарекувајќи ме "деструктивен елемент за кој ќе гледале со коалиционите партнери како да биде повлечен од Венецијанската комисија".Тој "деструктивен елемент" кој Вие сакате да го тргнете од Комисијата е професор по Уставно право и политички систем кој нема да можете да го повлечете до 2020 година додека му трае мандатот во Комисијата.Правилата на употреба на малцинските јазици во државите, г-дине Османи, не зависат од професор Каракамишева, ниту пак зависат од Вас, за целата среќа. Тие правила мора да бидат во согласност со меѓународните и европските документи за правото и опсегот на употреба на истите во државите.Тоа што Вие, г-дине Бујар сакате во Македонија да важи нешто што не важи за ниту едно малцинство во светот е проблем на Вашата партија, но не и на правната наука и експертската анализа.Како доктор по медицина, Вие Бујар очигледно немате поим за стандардите и правилата поврзани со употребата на малцинските јазици во светот.Токму затоа Вие немате никакво право да зборувате за правните правила, а уште помалку имате право да се мешате во работата на Комисијата и хипотетички да претпоставувате кој врз кого може да има влијание при донесувањето на одлуките.Г-дине Бујар, Венецијанската комисија не е вашето гранапче во Мала Речица каде што со Вашите финти и игри си ги создавате политичките добивки.Венецијанската комисија е сериозно експертско тело кое на темелен и аргументиран начин ги проценува и анализира правните акти.Вашиот коментар дека Комисијата ќе биде под влијание на моите "субјективни ставови" ја покажува вашата елементарна некултура и непознавање како функционираат институциите со кои за жал вие имате секојдневен контакт!И да, за ваквиот Ваш срамен јавен коментар ќе бидат информирани претседателот, генералниот секретар и сите членови на Венецијанската комисија за да се разуверат во Вашиот демократски капацитет“, стои во објавата на Фејсбук.

Македонија | пред 7 години

trajkovski-gruevski

Царинската управа покренува дисциплинска постапка против пријателот од Груевски?

Александар Трајковски, лицето кое го посети екс премиерот Никола Груевски во Будимпешта, инаку вработен во Царинската управа предмалку на социјалната мрежа фесбук објави дека денеска му бил доставен предлог за покренување на дисциплинска постапка.Трајковски на ФБ напиша:Денес околу 16:20 часот (работното време во Царинската управа е до 16:30 часот) до мене како вработен и официјално беше доставено она што пред неколку денови го кажав во изјава за дел од медиумите, односно предлог за покренување на дисциплинска постапка против мене како вработен во Царинската управа. Како што кажав пред неколку дена започна да се реализира една фингирана дисциплинска постапка во која се прекршуваат мноштво закони. Ме теретат дека сум постапил спротивно на Законот за Царинската управа односно дека сум извршил злоупотреба на боледување. Злоупотребата на боледување сум ја извршил бидејќи сум заминал на испитување во болница во Република Унгарија (за што поседувам медицинска документација од извршените прегледи) а не сум имал право на тоа, односно не сум имал право на второ лекарско мислење.Оваа покрената постапка значи директен атак врз правата на пациентите. Оваа постапка крши директни човекови права. И конечно оваа постапка не значи ништо друго освен политички реваншизам врз мене и како член на ВМРО-ДПМНЕ и како Советник во Советот на Општина Гази Баба од редовите на ВМРО-ДПМНЕ.Како граѓанин на Република Македонија ми се кршат основните човекови права и слободи, ми се крши уставно загарантираното право на здравствена заштита како и можноста да се грижам за сопственото здравје онака како што јас мислам дека е потребно. И како граѓанин ќе поднесам соодветни поднесоци до надлежни институции и организации за заштита на човековите права.Како Советник избран од граѓаните на Општина Гази Баба на непосредни избори ќе ги информирам меѓународните преставници и организации бидејќи ова го сметам како директен притисок врз мене и врз моето понатамошно делување и носење на одлуки, напиша Трајовски на ФБ.https://www.facebook.com/1090575180/posts/10212875090887304/Инаку Царинската управа во декември месец 2018 годотвори истрага за царинскиот службеник Александар Трајковски, кој беше фотографиран со експремиерот Никола Груевски, азилант, во Будимпешта. Од Царина го испитуваат неговото отсуство од работа во Царинската управа.Истрагата на Царинската управа е поврзана со почитувањата на правилата за ред и дисциплина на Царинската управа, Законот за работните односи (член 81) и колективниот договор.

Скопје | пред 7 години

clipboard01-620x350-1

Мицкоски бара вонредна состојба поради загадениот воздух

Во ситуација кога како држава се соочуваме со сериозни проблеми и порази, сменето име, идентитет, нелегално прогласена двојазичност, сиромаштија, имаме пресметка на власта со пазарџиите, но и пензии кои се кратат во однос на законски предвиденото, целата држава се соочува со уште еден значаен проблем, каде цената е здравјето на граѓаните, а тоа е проблемот со загадениот воздух.Проблемот е пресериозен и многу покомплексен од секојдневните дефокусирачки теми кои ги наметнува власта. А бледите чекори кои се превземаат се само маска да се покрие неспособноста. Последиците од несправувањето на власта со проблемот, се преполни болници, деца и повозрасни кои страдаат од респиратнорни заболувања, изгубено здравје. Загадениот воздух подразбира бавна смрт во кој се губат животи. Владата мора да дејствува. Се работи за здравјето на 2 милиони граѓани.Не сакам да се разбере ова мое обраќање како политизација на проблемот, туку напротив како вклучен аларм и краен апел институциите на власта да престанат со декларативните мерки, да започнат суштински да се справуваат со проблемот, веднаш и без одложување. Секој поминат ден без решавање на проблемот подразбира нарушено здравје и загубени животи.Нема оправдувања. Речиси две години се на власт, а ситуацијата не е подобрена. Ветуваа чист воздух, а добивме држава која е на првото, повторувам првото место по најзагаден воздух во светот. Ова подразбира дека сите мерки на институциите се неадекватни и несуштински, и преставуваат вистинско фијаско.Овој проблем не може да се реши со празни политички флоскули туку со целокупна мобилизација на стручниот и научен потенцијал на државата, како и барање помош од странски експерти и користење на нивното искуство со справување на ваков тип проблем. Одговорите и решенијата треба да ги даваат експерти, но и да се има политичка волја истите да се спроведат.Потребно е прогласување на вонредна состојба, за да се заштити здравјето на граѓаните. Владата да престане со празната демагогија и таа има обврска да го заштити здравјето на граѓаните преку спроведување на примарни и секундарни мерки предложени од научната јавност.Немојте да ја користите состојбата за политичка промоција бидејќи државата се соочува со катастрофа. За жал државата е заложник на лажните ветувања за чист воздух и неспособноста да се реши проблемот.Не ни требаат лаги какви кажуваше оваа влада дека ќе дошол животот и одеднаш воздухот ќе се прочистел. Тоа не само што не е така, туку е и доказ дека за политички поени си играат со здравјето на граѓаните. Потребно е дејствување бидејќи ситуацијата е пресериозна, рече претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

Македонија | пред 7 години

mtv-2

Вработените во МРТВ се жалат на условите: Во рудник да не ставеа ќе беше подобро

Вработените во зградата на Македонската радио телевизија се жалат на лоши услови за работа, откако во објактот изби огромна поплава, а потоа лифтовите беа исклучени.Тие за „Скопје 1“ се жалат на лошата миризба која ја има во зградата, притоа, велат дека не е хумано да се качуваат и симнуваат од 20-ти кат, оти дел од нив имаат и здравствени проблеми. Надлежните неми на нивните укажувања, никој не презема одговорност, а очигледно нема ниту намера да ги поправи лифтовите.„Да работевме во рудник, ќе беше подобро“, искоментира вработена која екипата на „Скопје 1“ ја сретна во зградата на МРТВ.Вработените во зградата на МРТВ се жалат и поради тоа што не можат да ги одржат состаноците со нивните клиенти, поради тоа што лифтовите се дисфункционални, а тие работат на најгорните катови. Во објектот на Македонската телевизија се сместени повеќе јавни и државни претпријатија, администрација од повеќе области.Според неофицијални информации санирањето на дефектот може да потрае и повеќе од еден месец.

Скопје | пред 7 години

azmanov-boki

Бизнисмен обвинува дека Боки 13 му барал рекет од 50 илјади евра, сопственикот на 1ТВ демантира

По повод најавената ТВ-емисија „Инсајдер“ што ќе се емитува на 1 ТВ, на која се споменува името на Зоран Азманов, претседател на надзорниот одбор на „Настел“ ДООЕЛ, тој вели дека против сопственикот на телевизијата, Бојан Јовановски, поднел кривична пријава за изнуда и за изнесување невистини.Азманов на средбата со новинарите објасни дека во петокот, во 13 часот и 51 минута, Бојан Јовановски во телефонски разговор му побарал 50 000 евра или стан за да „немал никакви проблеми“. Азманов го пријавил случајот во полиција.„Јас никогаш не сум бил повикан во финансиска полиција за каква било истрага, а ваму му даваат документи на Бојан Јовановски да ме рекетира. Финансиска полиција не смее да дава документи и доколку ги има треба мене да ме повика“, вели Азманов. Тој побара од институциите да испитаат кој е тој што на нелегален начин контактирал со Бојан Јовановски за да му ги даде документите. Никогаш не сум контактирал ниту еден судија, ниту обвинител, како што пишува во најавата за ‘Инсајдер’, а ако е така, би сакал да добијам име и презиме. Ниту познавам обвинители, ниту контактирам со судии, посебно не во врска со градежништвото“, вели Азманов.Сопственикот на 1 ТВ, Бојан Јовановски, во изјава за „Слободен печат“ ги отфрлил обвинувањата на Азманов дека му побарал рекет од 50 000 евра.„Каков рекет, какви 50 000 евра, немојте тоа да го земате за сериозно. Со бизнисменот зборував двапати, тој бараше да се видиме, да се договориме, јас му реков дека нема простор“, изјавил Јовановски.

Македонија | пред 7 години

vlada-meso-960x540

Владата набавува месо за министрите од 40 илјади евра

Владата набавува свежо месо за скоро 2,5 милиони денари или скоро 40 илјади евра. За свежото месо кое ќе треба да го конзумираат министрите е распишан тендер, каде критериум за доделување е најниска цена.Во понудата, фирмата која ќе сака да конкурира треба да испорача јунешки бифтек, јунешки мускул, јунешка кртина, јунешки бут без коска, јунешки џигер, јунешко шкембе, јунешки ребра, кременадла. Од телешки производи министрите ќе јадат кременадли, бифтеци, ребра. Во владината кујна ќе се готви и свинска кременадла, свежо филе, свински врат и бут, заедно со јагне и цело прасе.

Македонија | пред 7 години

49946856_1984427608320840_1346930271198380032_n

Клучна недела за евентуалните предвремени избори

До крајот на оваа недела би требало да биде појасно: дали оваа пролет, заедно со претседателските, ќе имаме и предвремени парламентарни избори. Можен термин е 5 мај, денот кога се планира одржување на вториот круг од претседателските избори. Одлуката треба да ја донесат владеачките партии и да и одговорат на ВМРО-ДПМНЕ, која секојдневно посочува дека избори на нов собраниски состав – мора да има. Во наредните денови, прашањето ќе биде разгледано во партиските органи на СДСМ, пишува Телма ТВ.Во владеачката СДСМ мислењата се поделени. Дел од раководните лица се согласуваат со меѓународните пријатели дека не е време за нови избори, туку за прикажување резултати од реформите во безбедносната, правосудната и економската сфера. Другиот дел објаснуваат дека реформскиот застој со кампањата за претседател треба да се прошири и да се искористи за добивање постабилно парламентарно мнозинство. Во ВМРО-ДПМНЕ  исто така се уверени во својот добар рејтинг, па прифаќаат задолжителната Пржинска Влада да има мандат од 50 или 60 наместо 100 дена. Доколку партиите се договорат, предвремените избори би требало да се распишат во првата половина на март.

Македонија | пред 7 години

asdasdasd

Наумовски се сликал во автобус за да личи на светски лидер, јавноста вели дека изгледа како кловн

Опис на слика: (Лева страна) Градоначалникот на Ѓорче Петров се сликал во автобус; (Десна страна) Џереми Корбин, претседател на лабуристите и лидер на опозицијата во Велика Британија, користи јавен превозДодека европските лидери со години одат на работа со велосипед, јавен превоз и пешки, градоначалникот на општина Ѓорче Петров денес се качи во автобус, но веројатно само за да се фотографира. Наумовски под фотографијата на која позира напиша „Да тргнеме од себе. Да ги оставиме автомобилите и да ги почитуваме мерките на Град Скопје. Со јавен превоз за службени потреби“.Герила акцијата која ја направи Наумовски според јавноста е смешна. Голем дел од корисниците на социјалните мрежи се прашуваат како може ова да се сфати како позитивен пример, кога Наумовски делува несериозно и позерски на фотошопираната фотографија. Јавноста се сомнева во тоа дека градоначалникот на Ѓорче Петров навистина се возел со јавен превоз, односно велат дека само се качил во автобус на ЈСП за да се фотографира и објави на социјалните мрежи.Фотографиите на светските лидери објавени на социјалните мрежи се спонтано фотографирани од страна на патници, медиуми, минувачи, а тие не позираат, како што е случајот со Наумовски.Погледнете дел од нив:[caption id="attachment_22094" align="alignnone" width="599"] Џереми Корбин, претседател на лабуристите и лидер на опозицијата во Велика Британија, користи јавен превоз[/caption][caption id="attachment_22095" align="alignnone" width="600"] Ада Колау, градоначалничка на Барселона, се вози во подземна железница.[/caption][caption id="attachment_22096" align="alignnone" width="398"] Марк Руте, премиер на Холандија, на работа оди со велосипед.[/caption][caption id="attachment_22097" align="alignnone" width="600"] Со велосипед на работа оди и градоначалничката на Мадрид, Мануела Кармен.[/caption]Наумовски во периодов е актуелен оти во буџетот предвидел повеќе пари за неговата плата. Во јавноста се правда дека тој нема да зема повеќе пари и дека буџетот е така искреиран во случај да се промени законот за плати. Според познавачите на оваа проблематика, теоријата на Наумовски не држи вода. Во ваков случај, Наумовски би требало да испроектира повеќе пари за капитални инвестиции, нови објекти, одржување на зелени површини, а не за повисока плата.Јавноста се шегуваше на негова сметка, па пишува „Можеби е разочаран што нема да зема поголема плата, па почнал да се вози со јавен превоз да заштеди некој денар“, „Човече, ако овој се вози во автобус, ја никогаш повеќе нема да се качам“, „Добро што е со кловновиве од градоначалници, овој сигурно се сликал во автобус зошо така му кажале од ПР секторот и ја утнал работата“.

Скопје | пред 7 години

gruevski-mala

(Видео) Груевски на шопинг во Будимпешта

Вчеравечер Никола Груевски е снимен од страна на унгарските портали во трговски центар во Будимпешта. На видеото тој во раката носи хартиена кеса, па според тоа може да се заклучи дека бил на шопинг.

Македонија | пред 7 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања