ГЛАВНИ-ВЕСТИ

sela

Алијанса за Албанците: Надлежните да го испитаат приватниот Универзитет на Рамиз Мерко

ДУИ години по ред, како дел од централната власт и која многу години раководи и со поголемиот дел од албанските општини, кои што имаат надлежности во образованието, со назначување на партиски директори во основните и средните училишта, честопати управувајќи и со Министерството за образование (како што е случај и сегај) ги уништи речиси сите образовни и воспитни вредности во албанските подрачја, велат од Алијанса за Албанците.„Друг удар на ДУИ врз албанското образование во Македонија се прави и преку приватниот универзитет на членот на централното претседателство на ДУИ и актуелен градоначалник на Струга, Рамиз Мерко, инаку познат како Меѓународен универзитет во Струга, кој е под раководство на неговиот близок пријател, Арменд Кадриовски. Овој универзитет познат е само по последователните скандали, разни правни законски прекршоци и многу други неправилности. Во оваа прилика би го спомнале скандалот кога пред една година раководителите на овој универзитет насилно ги протераа просветните инспектори кои беа отидени да ја вршат својата законска работа. Сето ова се случува поради тоа што со Универзитетот раководи Рамиз Мерко, висок кадар на ДУИ кој секогаш се обидува да се крие зад власта, дури и без да го почитува законот.Последниот случај на албанските медиуми кои го апострофираа Универзитетот на Рамиз Мерко за фиктивни дипломи и фиктивни научни звања, ги потврдува сомневањата дека во тој универзитет не се гради знаење и наука, туку се прават злоупотреби во разни правци.Го повикуваме Министерството за образование и наука, Државниот инспекторат за образование, Комисијата за акредитација, Јавното обвинителство и Министерството за внатрешни работи да го испита приватниот Универзитет на Рамиз Мерко за сите сомнежи и загрижувања кои што домашната и пошироката јавност ги има покренато во врска со злоупотребите, како што се: сомневањата за регуларноста на дипломите и научните звања на универзитетските професори“, се наведува во соопштението.

Македонија | пред 7 години

shilegov

Поголеми плати за вработените во Град Скопје

За пет отсто повисока плата ќе добива администрацијата во Град Скопје од септември. Со одлуката на градоначалникот Петре Шилегов која треба да ја усвои Советот на Град Скопје на седницата која ќе се одржи в среда, се предвидува зголемување на вредноста на бодот за пресметување на плати на државните службеници од 77,24 денари на 81.10 денари. Тоа значи дека платата ќе се зголеми за 5 тсто.Шилегов неколкупати откако е дојден на градоначалничката функција изјавуваше дека не е задоволен од работата на административците. На прес-конференција на 14 септември лани кажа дека ќе воведе внатрешна контрола оти голем број предмети со месеци стојат во фиоки несработени. На седницата на Советот на 30 октомври од говорницата изјави дека инспекторите ќе се опремат со ГПС уреди оти не се знаело каде се во текот на работното време, дали седат по кафулиња низ Дебар Маало или си бркале приватни работи.Во образложението на градоначалникот Шилегов се вели дека одлуката се носи со цел таа да се усогласи со онаа на Владата за зголемување на платите за 5 отсто на административците.

Скопје | пред 7 години

zaev-gruevski

Груевски му се смилува на Заев и ја повлече тужбата со која премиерот требаше да му плато 500.000 евра

Поранешниот премиер Никола Груевски ја повлекол тужбата за клевета и навреда против актуелниот премиер Зоран Заев, во врска со негова изјава за случајот со продажбата на „Македонска банка“.Тужителот преку својот полномошник со поднесок го извести Судот дека се откажува од тужбеното барање во целост. Со оглед на наведеното, на 8 јануари 2019 година, вон рочиште донесена е пресуда врз основа на одрекување согласно член 318 од Законот за парнична постапка, велат од Основниот суд Скопје 2.Тужбата за клевета Груевски до Судот ја поднесе во 2014 година. Со правосилна пресуда Заев првично требаше да му плати 500 илјади евра за клевета и навреда на Груевски.

Македонија | пред 7 години

gruevski-mala

Сослушано обезбедувањето, блиски роднини на Груевски нема да сведочат

Јавното обвинителство неделава ќе сослуша доста сведоци во рамки на истрагата за бегството на поранешниот премиер Никола Груевски, а очекува да бидат преземени и доказите барани од Република Албанија, изјави јавната обвинителка Вилма Русковска, која ја води истрагата за бегството на Груевски во Унгарија.– Во текот на оваа недела ќе бидат сослушани доста сведоци во таа насока, а се надевам дека исто така во текот на оваа недела ќе бидат преземени и доказите кои беа барани од Република Албанија, изјави Русковска.Прашана што досега имаат и до каде е истрагата, Русковска, рече дека кога ќе имаат нешто поконкретно ќе го соопштат.Во однос на сведоците и дали меѓу нив можеби ќе има блиски роднини на Никола Груевски, обвинителката Русковска рече дека блиски роднини нема да има.– Блиски роднини нема да има, тие што го обезбедуваа беа сослушани. Ова ќе бидат други сведоци, изјави обвинителката Русковска.Поранешниот премиер Никола Груевски минатата година избега од Македонија за да не ја издржува двегодишната затворска казна за случајот „Тенк“. Груевски преку Албанија, Црна Гора и Србија избега во Унгарија, каде што побара и доби политички азил.Македонските власти по Груевски распишаа меѓународна потерница и побараа тој да биде екстрадиран во Македонија. Груевски е обвинет во неколку предмети на Специјалното јавно обвинителство, за што Собранието му го одзеде имунитетот, а за дел од нив во отсуство му е одреден и притвор.

Македонија | пред 7 години

neofit-206733

Бугарски патријарх: Со промената на името на Македонија, ќе се придвижи црковното прашање

Бугарскиот патријарх Неофит очекува решавањето на прашањето за името на Македонија да го придвижи и македонското црковно прашање.– Се уште се работи околу името на државата Македонија. Кога ќе се утврдат сите детали, ќе се придвижи сигурно и црковното прашање, изјави за БГНЕС поглаварот на Бугарската православна црква по денешната литургија во соборната црква Св. Недела во Софија.Прашан каква е позицијата на БПЦ за афтокефалноста на украинската црква, патријархот Неофит изјави дека тоа прашање допрва ќе биде разгледано.–  Ова важно прашање ќе биде на дневен ред. Ние ќе го разгледаме, рече патриајрхот Неофит, без да соопшти повеќе детали.

Македонија | пред 7 години

tuzbi-1

Граѓаните пополнуваат тужби против Владата и Промената на името - Македонија

На социјаните мрежи се шерува пост во кој граѓаните се повикуваат да пополнуаат тужби против Владата и Промената на името - Македонија.Сакам да ве известам дека можете од понеделник да доаѓате пред Собрание на местото кај што беа шаторите и да пополните ТУЖБА - предложена и по иницијатива на Т.Каракамишева со ваши лични податоци,а ние ентузијастите ќе ги однесеме на посочената адреса кај што ќе се испраќаат групно сите тужби против нелегитимната власт и ПРОТИВ ПРОМЕНА НА ИМЕТО МАКЕДОНИЈА!, пишув во објавата на ФБ.Тие уште додаваат:(Предлог до ентузијастите од сите градови во Мкд да отворите пунктови по нашиов пример и по неколку часови да пополнувате тужби од граѓаните за да им помогнете и да се соберат во што поголем број).

Македонија | пред 7 години

zagaden-vozduh

Бизнис план на Македонија: Извоз на загаден воздух, прдни да земам чист воздух

Корисниците на социјалната мрежа „Твитер“ жестоко реагираат за проблемот кој Македонија го има со загадениот воздух. Тие сметаат дека државата е неспособна да се справи со овој проблем, за дел од нив крив е премиерот Зоран Заев, а за останатите Шилегов. Други пак, се пошегуваа на сметка на Владата.

Коментари | пред 7 години

makraduli

Макрадули најави чист воздух кога Македонија ќе влезе во ЕУ и НАТО, до тогаш граѓаните да се мобилизираат

Заменик-министерот за животна средина, Јани Макрадули ги повикува граѓаните на мобилизација за справување со загадениот воздух. Според него, кога нашата државата ќе влезе во ЕУ и НАТО најголем приоритет ќе треба да биде решавање на овој проблем.„По мое длабоко убедување проблемот со загадениот воздух е најголемиот предизвик на општеството после интеграцијата во НАТО и ЕУ. И откако со исклучителен ангажман на владата, а пред се со напорите на Премиерот Заев се заокружи тој процес, на ред (иако не треба ова да биде дел од некоја листа, туку приоритет број еден) доаѓа борбата за намалување на аерозагадувањето. Затоа владата немаше дилема и одлучи:- за прв пат дефинира посебна владина програма;- за прв пат одвои средства;Јас знам дека не постои влада што сама го решила овој проблем, но знам дека одговорноста е на владата и ние што повеќе сме инволвирани;- Ама знам дека многу граѓански организации и деловни субјекти можат да помогнат;- Но знам и дека планот за чист воздух е кредибилно, базирано на наука решение;- и знам дека ќе донесе резулатат;- знам дека на поединци, особено засегнати од бизнис интереси им смета, ама знам дека јас ќе истрајам на овој план, затоа што тоа е решението кое носи добро за сите;На тој пат, знам ни треба и транспарентност и инклузивност, ама знам и дека ни треба кредибилност и да се обидеме да ги изгбегнеме дезинформациите; само така ќе успееме сите заедно;Знам на пример дека во Прилеп нема мерна станица на Министерството за животна средина. Не ми е пријатно кога ми посакувате канцер за мене и моето семејство ама знам тоа е кога сте јавен функционер и мора да трпите се, ама не можам да разберам интелектуалци, особено новинари кога споделуваат фатаморгански податоци базирани на аматеризам од Али експрес. Јас можеби ќе се разболам, ама тоа не им дава за право на никој да креира хистерија во јавноста. Да, во Македонија има загадување и тоа големо, ама лажните вести не помагаат, туку масовна акција за:- забрана на јагленот како извор за затоплување;- замена на нееколошките греења со еколошки;- еко налепниците за возила;- забрана за палења на стрништа;- повеќе зеленило насекаде, особено во градинките и школите;- повеќе зелени ѕидови и кровови;- регулирање на отпадот;- да го одблокираме градот од зградурини;- повеќе да приклучиме на централно греење;Да нема дилеми, моја е одговорноста, не барам алиби. Ама и знам дека повеќе граѓани и граѓански организации се приклучија на планот отколку што посакаа канцер. Време е да се реши загадувањето. Затоа, Ве замолувам за масовна мобилизација и заедничка борба за спроведување на #ПланЗаЧистВоздух“, пишува Макрадули на социјалните мрежи.

Скопје | пред 7 години

Нема фотографија

Промена на цената на горивата

Денеска напладне се очекува да ја соопшти новата одлука за цените, кои најверојатно ќе поскапат.Од вторникот на 8 јануари, кога и се креираа актуелните цени до денеска, барел сурова нафта на лондонската берза е поскап за околу 3 долари и повторно е над границата од 60 долари.Во такви услови за очекување е благо зголемување на малопродажните цени, кои не треба да биде изненадување ако се  зголемат за околу денар до денар и половина по литар.При последната одлука малопродажните цени на бензините во Македонија, ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се намалија за 2,50 ден/лит, во однос на цените утврдени со Одлуката од 24.12.2018 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 58,50 ден/лит, додека малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 60,50 ден/лит.Малопродажните цени на дизелот ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се намалија за 3,00 ден/лит, во однос на цените утврдени со Одлуката од 24.12.2018 година и со тоа малопродажната цена на дизелот ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 55,00 ден/лит, додека малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) изнесува 43,50 ден/лит.Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се намали за 2,227ден/кг во однос на цената утврдена со Одлуката од 24.12.2018 година и со тоа цената на мазутот М-1 НС изнесува 25,949 ден/кг.Останува да видиме каква одлука ќе донесе Регулаторната комисија за енергетика денеска.

Македонија | пред 7 години

IMG_8756

Родителите прашуваат: „А, после два дена ќе има чист воздух?“

Поради континуираното загадување на воздухот, како и метеоролошките прогнози за следните денови, Владата на Република Македонија, донесе итна мерка за продолжување на траењето на зимскиот распуст.По ваквата одлука на Министерството за образование и наука, Министерството за животна средина и просторно планирање и Министерството за здравство граѓаните на социјалните мрежи коментираа дека оваа мерка нема да го реши проблемот:Александра Рајчина Спасовска пишува:  За децава во градинка што одат не важи, друг воздух дишат они, а и родителите што ги носат.... Поголема глупост после епидемијата немав прочитано ццццАндријана Велкова Воиновска коментира: А после два дена ќе има чист воздух?Жаки Маки Терезиева пишува: Што ви текна во последен момент, а тие што се договараат да ги чуваат нивните деца додека родителите се на работа, не ви е гајле што чудна земја сме.Дијана Миланова коментира: Леле после два дена излегувајте надвор и диште чист воздух, колку што можете.Елизабета Василевска пишува: За два дена ќе се решил порблемот, кои детски глупости и што значи школите ќе бидат функционални без деца само со наставници подобро и тие да не одат на работа за да не се трујат...Анета Крстевска коментира: Ако не се радуваат децата..Само проблем е што саботите ќе ги обработуваат...„Продолжување на траењето на зимскиот распуст за сите ученици ќе трае во времетраење од два дена, заклучно со вторник, 22 јануари 2019 година. Училиштата ќе бидат во функција, учениците нема да посетуваат настава во наведениот период“, наведуваат од Владата.Во овој период Владата, нагласуваат оттаму, ќе ја следи состојбата врз основа на која, а во координација со Министерството за образование и наука, ќе одлучи околу времетраењето на продолжувањето на зимскиот распуст.Според временската прогноза и утре времето ќе биде променливо облачно со појава на магла по одделни котлини, и со повремени локални врнежи од дожд и снег. Максималните дневни температури ќе се движат од 1 во Берово, 2 во Маврово, 5 во Скопје, 6 во Охрод до 8 степени во Дојран.Во наредните денови се очекува променливо облачно време со поверемни локални врнежи од дожд на пониските места и снег на повисоките места и планините. Во втората половина од неделата врнежите се очекува да бидат пообилни.Воедно покрај продолжениот распуст, Град Скопје апелираше да се користи јавниот превоз за што донесе одлука тој да биде бесплатен во главниот град додека трае енормното загадување. Од вчера и цените на паркирањето на паркиралиштата на Градски паркинг се двојно зголемени,  а донесена е и одлука за  прекинување и градежните активности на градилиштата под наглежност на  Град Скопје.Државните институции и јавните претпријатија треба да ја намалат до 50 проценти употребата на службени  возила. Државниот инспекторат за животна средина е задолжен да спроведува контролни мерења на емисиите на загадувачки супстанции во амбиенталниот воздух, со препорака инсталациите со А – ИСКЗ дозвола да го намалат капацитетот на производство до 50 прценти. Оваа мерка нема да важи за инсталациите кои произведуваат топлинска или електрична енергија.Од Министерството за внатрешни работи, пак, Град Скопје побара зачестено да ги контролира издувните гасови на возилата и да спроведе засилени контроли на правните субјекти кои поседуваат одобренија за доставување стоки издадени од Градот Скопје. Од МВР се бара и да ги зајакне контролите на почитување на забраната за движење на тешки товарни возила чија крајна дестинација  не е Скопје и кои ќе се упатуваат да ја користат скопската обиколница.Извор: Skopjeinfo

Македонија | пред 7 години

drzavjanstva

Според бројот на издадени државјанства, Каракамишева на ФБ ги преброи националностите во државата

-Согласно ажурираните податоци за издадени државјанства, во Македонија има нешто повеќе од 2,4 мил.издадени државјанства, од кои 1.883.612 (72,66%) се декларирале како Македонци, 375.601 (16,7%) – Албанци,2,66% Роми, 3,85% Турци, 1,78% Срби,0,84% Бошњаци,0,48% Власи и 1,03% други.https://www.facebook.com/Karakamisheva/posts/2161714330579125Четиво за оние кои се уште се прават недоветни дека не разбираат и не знаат што се случува на Балканот!, напиша професоркта Тања Каракамишева на својот фејсбук профил.По оваа објава на Каракамишева грст од коментари, од оние кои се сложуваат со неа и ја поддржуваат, до оние кои го тврдат спротивното.

Македонија | пред 7 години

tunel-soobrakajna-nesreka

Скопје: Повредени 34 лица во сообраќајки

Триесет и четири лица се здобиле со лесни телесни повреди во 16 од вкупно 34 сообраќајни незгоди што се случиле изминатиот викенд на подрачјето на Град Скопје. Во 18 сообраќајни незгоди е причинета материјална штета.Според податоците на Министерството за внатрешни работи полицијата од сообраќај исклучила 114 возачи кои се движеле со поголема брзина од дозволената, 12 возачи кои управувале возило под дејство на алкохол, 35 пред да се стекнат со право на управување моторно возило и 10 почетници.Од сообраќај биле исклучени и 20 нерегистрирани возила, 115 за не прописно паркирање, а со специјалното возило „пајак“ биле подигнати 75 возила.Полицијата санкционирала и 11 возачи кои поминале крстосница на црвено светло, четири возачи кои не даваат првенство на минување на пешаците на обележан пешачки премин, еден за не правилно престорјување, четворица за не правилно престигнување, четворица возачи кои не даваат првенство на минување на возила во зона на крстосница, девет за не поседување пропишана зимска опрема во возилата, 10 за не носење сигурносен појас од страна на возачите за време на управување на моторни возила и четворица за користење на мобилен телефон од страна на возачите за време на управување на моторни возила.

Скопје | пред 7 години

ivor

Мицковски: Над 150 деца во моментов се хоспитализирани на Детската клиника поради загадениот воздух

Над 150 деца во моментов се хоспитализирани на Детската клиника, а голем дел од нив се соочуваат со респираторни нарушувања поради загадениот воздух, напиша на Фејсбук новинарот Ивор Мицковски.„Ниту една конкретна мерка не презедоа, шминка до шминка, алиби до алиби. Домаќинствата биле, не можеле ништо, ќе требале години, а кога требаше да дојдат на власт, ветувања, ќе се мерело, ќе се возело еколошки, немало градби да има.Па Град Скопје со таа градба кај Јужен, го загади градот за уште толку. Насекаде се гради ко лудо, додека сте договорени со градежна мафија да раскажувате како имало пад во градбата, па уште на цел памет да изјавувате дека слободна механизација немало да остане оваа година. Цела држава е депонија, цела држава ја загадуваат неколку големи газди и ништо не правите, освен пред избори да им поделите на градоначалници пари наводно да преместат депонии еден километар. Дрисла ќе ја затваравте, Дрисла ве јебала, се што кажавте излажавте. Една шајка не тргнавте од СК 2014-та, очи и слух немате за никаква сугестија, узурпација на јавен простор оставивте, една тераса не тргнавте, барокот им го доградувате и сервисирате. Како не ви е срам, вие не сте власт, вие сте корумпирани гниди кои го оправдувате и легитимирате режимот и неговите симболи. Вие немате ефективна власт, прво зошто сте неспособни, второ зошто немате никаков културен хоризонт и вредносен систем, вас ве занима само да товарите магарето и да раскажувате приказни. Градот се распаѓа, буквално, вие го доуништувате тоа што требаше да почне да се менува и спасува. Ма што се објаснувам бе ја, реалноста е пред очите на сите, каков пропалитет сте вие“, стои во објавата на Фејсбук.

Македонија | пред 7 години

zaev-micko

ЕКСКЛУЗИВНО: ВМРО-ДПМНЕ има прислушкувани разговори од владеењето на Заев

Нови прислушкувани разговори се подготвени за објавување во јавност,  дознава „Скопје 1“ од упатени извори во процесот.Опозициската ВМРО-ДПМНЕ поседува нелегално прислушкувани телефонски разговори во периодот по 2016 година, дознава „Скопје 1“ од извори во партијата.Во сниманите разговори од изминативе три години, генерално се слушаат гласови на актуелни политичари, министри функционери. Темите се поврзани со пазарења за судски процеси, добивање гласови од пратеници, јавни набавки, но и други важни прашања,Овие информации вечерва ги потврдија и функционери од највиското раководство во ВМРО-ДПМНЕ, од каде додаваат дека секојдневно добивале докази за незаконитости во работењето на власта, а се децидни дека за тоа кога тогаш ќе понесат одговорност.Од партијата велат дека немаат намера да влегуваат во преговори за носење Закон со кој би се спречило нешто, што би довело до правна разврска и понесување одговорност на сторители на различни криминални дела.„До нас секојдневно стигнуваат материјали и документи од незаконското работење на кадри на оваа влада, на локално но и на централно ниво. Македонија не е веќе заробена држава. Криминалци ја окупирале Македонија. Ова е страшно што се случува во Македонија. Инаку за нелегално емитување на прислушкувани материјали ние како партија секогаш сме имале јасен став дека незаконски стекнати присклушкувани материјали не смеат да се емитуваат или да бидат користени како докази во судска процедура. СДСМ и Зоран Заев откако ја уништија правната држава и владеењето на законите и уставот за политички цели сега ќе се обидат да донесат законски решенија со кои ќе сакаат да ги покријат криминалите кои секојдневно ги прават“, коментира висок функционер од ВМРО-ДПМНЕ за „Скопје1.мк“.На прашањето дали ќе ги објават снимките кои ги поседуваат, односно што ќе прават со материјалите, функционерот на опозицијата вели „Откако ќе биде поразена оваа криминална влада, прв приоритет ќе биде враќање на правната држава и владеењето на правото, а сторителите на криминал ќе бидат изведени пред лицето на правдата без разлика на име и презиме, партија или функција“.Функционерот од раководството на ВМРО-ДПМНЕ не сакаше да коментира дали станува збор за телефонски разговори или друг вид на снимани разговори.Всушност, ова сценарио е познато на политичката сцена. Сегашниот премиер, тогашен претседател на СДСМ, Зоран Заев во 2015 година ја услови ВМРО-ДПМНЕ велејќи „Бомбите ќе продолжат ако нема договор за обвинител“. Првата т.н. бомба на Заев беше објавена на 9 февруари 2015 година.Имајќи во предвид, дека овие информации сега излегуваат во јавност, се отвора дилемата дали на истиот датум, но 2019 година, ВМРО-ДПМНЕ ќе го возврати ударот кон сегашната владеачка гарнитура на СДСМ. Иако од опозицијата се противат на јавно објавување прислушкувани материјали, но, имајќи во предвид фактот дека во минатото, јавноста можете да види снимки добиени со ПИ-мерки, разговор на Заев и Груевски во кабинетот во Владата, можноста за повторно бомбите да се чујат во јавноста, не се исклучува.

Македонија | пред 7 години

naredba

ЈП Комуналец Неготино со наредба - Не доаѓајте пијани на работа

Директорката на ЈП Комуналец Неготино, Марина Бојаџиева, со писмена наредба им истакна на вработените да не доаѓаат на работа во алкохолизирана состојба, и да не пијат алкохол додека се на работа, бидејќи во спротивно ќе заработат отказ. Исто така, таа им нареди да го почитуваат и работното време и своите работни задачи, објави fokus.mk.Не е познато дали на вработени во неготински Комуналец им се случило пијани да доаѓаат на работа и дали токму такви случки ја ,,прелиле” чашата на директорката, но наредбата која е истакната на јавно место, пред просториите на ЈП Комуналец, не предизвика големо изненадување кај неготинчани. Во градот на виното и ракијата, каде речиси секое семејство произведува алкохол за домашна употреба, многумина практикуваат да испијат по некоја чашка како ,,загревање” пред работа. Утринско кафе и ракија е традиција во многу семејства во Неготино и Кавадарци.Текстот во целост на fokus.mk.

Македонија | пред 7 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања