ГЛАВНИ-ВЕСТИ

soobrakajka

Сообраќајка на патот Крива Паланка - Куманово, сообраќајот во прекин

Поради сообраќајка во прекин е сообраќајот на патот Крива Паланка-Куманово кај месноста викана Просеченик во атарот на селото Псача.Авто мото сојузот на Македонија соопшти дека патниот правец е во прекин во двата правца од 15:40 часот поради сообраќајна незгода меѓу патничко и товарно возило.

Македонија | пред 7 години

Нема фотографија

Стапуваат на сила интервентните мерки против загадувањето, се запираат сите градежни активности

Соодветно препораките на централната и градската власт и заложбите на Општина Аеродром, ги активираме дополнителните интервентни мерки кои се однесуваат на целата територија на Општината, конкретно:- Општина Аеродром ги запира сите градежни активности на градилишта под своја надлежност,- Ги задолжува сопствените служби да продолжат интензивно да ги чистат јавните површини,- Се намалува до 50% употребата на службените возила;- Продолжуваат зголемените инспекциски контроли на градилиштата и субјектите кои управуваат со отпадни гуми и отпадни масла од страна на општинските инспекциски служби;- Со цел заштита на децата, почетокот на второто полугодие на учебната година се одложува за два дена во основните и средни училишта. Согласно препораките на Министерството за животна средина и Интерсекторската група за следење на состојбата со квалитетот на амбиенталниот воздух второто полугодие ќе започне на 23.01.2019 година.- Работниците на отворено ќе работат од 11.00 до 17.00 часот;- Бремените жени, лицата постари од 60 години, како и лицата со хронична астма, прележан миокарден инфаркт или мозочен удар, без разлика на возраста се ослободуваат од работни обврски;- Се одложуваат активностите на отворено, доколку не се итни;Овие мерки со воведуваат веднаш по известувањетo од страна на Министерството за животна средина дека квалитетот на воздухот последователно два дена е надминат над законски пропишаниот миниумум, односно над 188 μg/m3 на мерните станици во Карпош, Центар и Ректорат.Општина Аеродром е посветена на борбата против загадувањето преку целата година. Локалната самоуправа реализира мерки, меѓу кои набавка на прочистувачи за воздух во сите градинки, субвенции за печки на пелети за индивидуалните домаќинства, набавка на нови 1.800 високоизраснати садници и дополнителна менахизација за чистење на јавните .површини. Во соработка со градската, централната власт, граѓанскиот сектор и сите засегнати страни работиме на креирање ефикасни интервентни мерки, како и наоѓање трајно решение за загадувањето.

Скопје | пред 7 години

den-ribari-7

Во Охрид одбележан денот на рибарите

Традиционално како и секоја година и оваа на малиот плоштад кај Долна порта, се одбележа Денот на рибарите. Со рибна чорба, пача, плашици, вино, греана ракија и традиционалното капење во водите на Охридското езеро, охриѓани го прославија денот на Свети Јован.На манифестацијата присуствуваше и в.д. градоначалникот Константин Георгиески, кој заедно со тајфата на Иван Лотески, фаќачот на Чесниот крст, се искапија во водите на Охридското езеро. 

Македонија | пред 7 години

ucenici

Поради големото загадување на воздухот, се продолжува зимскиот распуст за сите ученици заклучно со вторник 22 јануари

Во врска со континуирано зголемените концентрации на загадувачки честички во воздухот во повеќе градови во Република Македонија, како и метеоролошките прогнози за следните денови, Владата на Република Македонија, покрај серијата мерки со кои се веќе задолжени надлежните министерства, во функција на заштита на здравјето на децата и во функција на скратување на времето на изложеност на загадениот надворешен воздух, донесе итна мерка за продолжување на траењето на зимскиот распуст.Одлуката се однесува на сите ученици од сите јавни и приватни основни и средни училишта во Република Македонија, а истата е донесена преку итна координација на Министерството за образование и наука, Министерството за животна средина и просторно планирање и Министерството за здравство.Продолжување на траењето на зимскиот распуст за сите ученици ќе трае во времетраење од два дена, заклучно со вторник, 22 јануари 2019 година.Училиштата ќе бидат во функција, учениците нема да посетуваат настава во наведениот период.Во овој период Владата, пред сѐ Министерството за животна средина и просторно планирање и Министерството за здравство ќе ја следат состојбата врз основа на која состојба, а во координација со Министерството за образование и наука ќе одлучат околу времетраењето на продолжувањето на зимскиот распуст.

Македонија | пред 7 години

D1E52B13-7C6A-4C01-8B36-D3E254F970C9

Протестите против Македонија во Грција станаа насилни

Илјадници грци излегоа на улиците каде протестираат против Договор од Преспа и името Македонија.Маскираните демонстранти фрлаат црвена боја и разна пиротехника кон полицијата. Некои од демонстрантите успеаа да се пробијат низ полицијата која подоцна врсти на ударот и употреби шок бомби.

Свет | пред 7 години

49DE9F49-DA24-446B-9F45-2F0B40FE4F67

ВО ЖИВО: Масовни протести против Договорот од Преспа во Грција

Денеска во Атина од 14 часот по грчко или 13 часот по македонско време, се одржува нов протест против Договорот од Преспа и името Македонија.Следете го протестот во живо:https://www.facebook.com/RTnews/videos/356177328551760/  

Свет | пред 7 години

32FD4788-0B3F-4325-9291-8675C16D84E5

Во Прилеп, попот го пуштил крстот по тобоган директно во базен

Празникот Водици од година во година станува вистинска продија. Еден од најголемите христијански празници секој го празнува на различен начин, крстот се фрла во кофи, мочуришта, а во Прилеп попот го пуштил по тобиган.Колку и да звучи чудно, оваа информација неофицијално е точна. Никој не очекувал дека свештеното лице би направило ваков гаф, но очигледно ова ќе биде уште еден настан по кој ќе се памети Водици 2019 година. Инаку, крстот заврши во локалниот базен, како и секоја година.

Македонија | пред 7 години

ucenici

Утре почнува второто полугодие

По три недели зимски одмор, околу 270.000 средношколци и основци, меѓу кои и 20.000 првачиња утре ќе се вратат на настава за второто полугодие од учебната 2018/2019 година.Министерството за образование и наука пред една седмица соопшти дека за евентуално одложување на второто полугодие поради заразата од морбили ќе биде во координација со министерствата за здравство и за труд и социнална политика, но Комисијата за заразни болести од Министерството за здравство пред два дена заклучи дека нема продолжување на распустот за учениците.Министерот Арбер Адеми неодамна информираше дека е во финална фаза втората нацрт-верзија од новиот закон за основното образование и дека наскоро ќе биде објавена на електронскиот регистар на прописи-ЕНЕР.

Македонија | пред 7 години

sv-jovan-krstitel

Денеска се празнува Собор на св. Јован Крстител, дел од моштите има во Бигорскиот манастир

Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 7 јануари.Православните Христијани денеска го одбележуваат празникот Собор на Св. Јован Крстител. Именден прославуваат, Јован, Јована, Јоне.Свети Јован Крстител е важен светец во христијанството, братучед на Исус Христос според евангелието на Лука и човекот којшто го крстил во реката Јордан. Со оглед дека оваа главна улога на Свети Јован се остварила на денот на Богојавление (19 јануари), древната Црква денот по Богојавление му го посветил на неговиот спомен.Моштите на св. Јован Крстител се наоѓаат на неколку места низ светот, а дел од дланката се наоѓа во Бигорскиот манастир, св. Јован Крстител во Македонија.Јован Крстител најверојатно имал голема улога во првите векови во христијанството, а според некои, тој дури имал и поголем број на верници.Денеска, во христијанството, Јован се смета за светец и маченик. Во исламот е познат како пpорок Јахја ибн Закарија. Медејците, пак, го сметаат за единствен и вистински меcија.Празникот Свети Јован Крстител се прославува неколку пати во годината, но народот најмногу го празнува овој ден, 20 јануари по македонскиот православен црковен календар.Исто така, во православната црква се празнува и денот на отcекувањето на главата на Св. Јован Крстител (11 септември). Меѓу евангелските личности околу Исус Христос тој има посебно место.

Македонија | пред 7 години

man_original

МАН: „Никоб“ да ги пријават насилниците во полиција, а МВР што побрзо да го расчисти случајот

МАН остро го осудува инцидентот за време на денешната манифестација по повод големиот христијански празник Богојавление-Водици, во кој беше повредена новинарката Мирјана Мирчевска од Канал 5 телевизија.„Очекуваме од агенцијата „Никоб“ најпрво сами да го расчистат насилството и да ги пријават насилниците во полиција.МВР мора што побрзо да го расчисти случајот, а виновниците да бидат санкционирани.Правниот тим на Македонската асоцијација на новинари ѝ стои на располагање на новинарката Мирјана Мирчевска“ се наведува во реакцијата.

Македонија | пред 7 години

siromastija

Во Македонија над 500.000 вработени се водат како сиромашни

Половина милион граѓани од земјава иако се вработени се водат како сиромашни. Овој алармантен податок за Алсат го обелодени Оливера Доцевска од невладината организација Платформа за борба против сиромаштијата.Статистички можеби овој негативен феномен се намалува, но во реалноста е сосема друго, кај најмладите, но и кај лицата од третата доба, сиромаштијата се зголемува со забрзано темпо. Потребни се поголем број мерки, програми и законски решенија.„Многу е тешко во Република Македонија да кажеш кој е сиромав, а кој не е. Замислите ние имаме половина милион сиромашни – вработени, а тоа е онаа стапка под минималниот приход и минималната плата“, рече Оливера Доцевска, Македонска платформа против сиромаштијаПоголемиот дел од граѓаните кои ги анкетиравме сметаат дека нискиот стандард и слабата куповна моќ на младиот човек е доволна причина да си замине од земјава. Но, сепак, кај дел од граѓаните сè уште постои оптимизам.„Животот во Македонија е многу поскап од европските земји, а нашите плати се многу ниски. Прашањето е за децата, што иднина ние садиме за нашите деца. Мислам дека за 100% треба да се промени мислењето, треба да останат младите во Македонија и ние како возрасни треба да им подадеме рака за подобра иднина.“„Знаци има за подобрување, да бидеме искрени. И кај народот и надвор веќе нè почитуваат.“„Треба како што се ветува, плата од 500 – 600 евра, минимум требаат толку пари за една фамилија, ако се повеќе членови во фамилијата и илјада евра се малку бидејќи цените се високи за сè“, реагираат граѓаните.Од Министерството за труд и социјална политика велат дека новите законски решенија ќе влијаат врз намалување на сиромаштијата. Со пакетот закони за социјална реформа кои се во собраниска процедура, сметаат дека ќе се подобри состојбата кај ранливите категории на граѓани.

Македонија | пред 7 години

mirjana-mircevska

Нападната новинарка од обезбедувањето на МПЦ

На манифестацијата по повод верскиот празник Водици денеска во Скопје се случи инцидент меѓу обезбедувањето ангажирано од МПЦ и новинарските екипи.Во еден момент новинарите и снимателите беа насилно спречени да земат изјава од момчето кое го фати крстот, а притоа кон нив беа упатувани навредливи зборови и пцости.Најлошо помина новинарката на телевизија Канал 5, Мирјана Мирчевска која заврши со повреди на вратот.-За оваа невидена агресија, на ден кој треба да е духовен празник, Канал 5 телевизија ќе поднесе пријава до јавното обвинителство и полицијата. Истовремено се прашуваме, како е можно МПЦ да дозволи, на настан организиран од нејзина страна, да се случуваат вакви напади врз новинарски екипи?, велат од Канал 5.

Македонија | пред 7 години

06BA1EC9-3F7D-4B10-9BEF-AE694D45CAE9

Воздухот во Прилеп мириса на расипана кисела зелка, загадувањето енормно

Прилеп оваа вечер е на врвот од листата на градови каде аерозагадувањето е највисоко.Прилепчани коментираат дека воздухот мириса на расипана кисела зелка, а ПМ10 честичките се качени на 1250, покажува мерната станица.Загадувањето на воздухот може да биде дефинирано како присуство на токсични материи и хемикалии во воздухот, и тоа во количество што претставува ризик за здравјето. Воздухот е речиси целиот составен од само 2 гаса, 78% азот и 21% кислород, и неколку други гасови, како јаглероден диоксид, кои ги има во мал процент. Разликата помеѓу безопасното присуство на некој гас и загадување со истото е концентрацијата на тој гас во воздухот. На пример, јаглеродниот диоксид има концентрација помала од 0,05%, но воздухот со 5% јаглероден диоксид е отровен и може да ве убие.

Македонија | пред 7 години

vodici-skopje-fakac-kst

ВИДЕО: Кристијан Нинески го фати крстот во Скопје

Дваесет и пет годишниот Кристијан Нинески го фати крстот во Скопје. Тој посака здравје среќа за сите, а во Вардар скока по шести пат.Сто и четириесет лица беа пријавени за учество во традиционалното спуштање на крстот во реката Вардар, што се одржи во центарот на Скопје, по повод Богојавление – Водици.https://www.facebook.com/skopje1mk/videos/2029062544054165/Спуштањето на крстот во водите на Вардар беше напладне од мостот кај хотелот „Холидеј Ин“ и го изврши поглаварот на Македонската православна црква – Охридска архиепископија г.г. Стефан.

Скопје | пред 7 години

policija-620x2641

Пронајден штитеник на домот „Ранка Милановиќ“

На 18.01.2019 година во 14.30 часот во село Сопиште полициски службеници пронашле 17-годишен штитеник на домот „Ранка Милановиќ“, кој беше пријавен за исчезнат на 17.01.2019 година.Во 15.30 часот момчето било предадено на воспитувач од домот.

Скопје | пред 7 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања