ГЛАВНИ-ВЕСТИ

Нема фотографија

Возило излета од патот Кичево-Охрид

На 18.01.2019 година во 08.30 часот на магистралниот пат Кичево-Охрид, товарно возило „Форд Транзит“ со скопски регистарски ознаки, управувано од А.Б.(44) од Скопје, излетало од патот.Притоа, со тешки телесни повреди се здобил возачот А.Б., кој со возило на Итна медицинска помош бил пренесен во болницата „Св.Еразмо“ во Охрид. Увид на местото извршила увидна екипа на СВР Охрид.

Македонија | пред 7 години

sela

Двајца од напаѓачите на Села истепани, еден во бегство

Министерството за внатрешни работи неколку месеци го расчистува случајот со претепаниот осуденик Стојан Павлески, кој беше еден од осудените за напад на пратеникот на Алијанса за Албанците, Зијадин Села. Павлевски бил претепан во октомври минатата година кај Зелен пазар и оттогаш се наоѓа на Клиниката за трауматологија, пишува ИРЛ.Од МВР тогаш било објавено кусо соопштение во дневниот билтен. „На 24.09.2018 од граѓани било пријавено дека на влезот од Зелен Пазар, во паркот лежеле две лица. Полициски службеници излегле на местото, а лицата со возило на Итна медицинска помош биле однесени во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ каде им била укажана лекарска помош. По преземените мерки било утврдено дека станува збор за лицата В.Т. (58) и С. Павлевски (52), двајцата од Скопје, стои во соопштението од МВР.Верица Митевска, сестрата на Павлески, за ИРЛ опишува како тој и негов пријател биле нападнати кај Зелен пазар во центарот на градот.„Двајцата биле претепани, случајни минувачи ги нашле како лежат на улица во бесознание. Минувачите случајот го пријавиле во полициската станица Беко. Полицијата дошла и брат ми и неговиот пријател биле пренесени со брза помош на клиника. Пријателот бил со скршена рака, додека на брат ми му била направена операција на носот, а исто така имал повреди и на главата.

Македонија | пред 7 години

putin-odlikuvanje-vucic

(ВИДЕО) Како Дачиќ му ја пее „Каљинка“ на Путин

Српскиот министер за надворешни работи, Ивица Дачиќ уште еднаш ги покажа своите пејачки способности.[embed]На рускиот претседател Владимир Путин кој беше во посета на Србија, му ги испеа руските песни „Каљинка“ и „Рјабинушка“.

Свет | пред 7 години

dvoglav-orel1-e1455479808998

Двоглавиот орел – потекло и значење

Реакции во јавноста деновиве предизвикуваат фотографии и јавни истапувања на политичари Албанци кои со рацете го покажуваат знакот на двоглав орел. Тие што го покажуваат тврдат дека е без негативна конотација и оти е само знак на идентификација со нивната национална припадност. За оние што им пречи, пак, тоа е јавно и провокативно искажување на националистички и големодржавни претензии.Двоглавиот орел во различни варијации денес е симбол содржан на државните знамиња или на грбовите на повеќе земји: Албанија, Србија, Русија, Црна Гора, едноглав орел има и на знамињата на Австрија, Германија, Полска, Чешка, Романија… Се среќава и на многу христијански обележја особено на териториите што во минатотото биле под власт на Византиската империја.Потеклото на симболот што денеска најчесто се користи, сепак, датира многу подлабоко во историјата.Двоглавиот орел, според историчарите и хералдичарите, е древен соларен симбол. Најстариот познат двоглав орел се појавува на цилиндричен печат на сумерскиот град Лагаш околу 2500 пр.н.е. Потоа се јавува во древните цивилизаци на Хититите од Анатолија.Во словенската митологија орелот е божја птица, владетел на небесниот простор и заштитник од градоносните облаци. Орелот се јавува и во исламската традиција, каде што црниот стандард на Мухамед бил познат „знамето на орелот“ (иако тоа не прикажува орел, туку е целото црно).На овие простори двоглавиот орел се јавува како византиски амблем, симбол на моќта на „вселенското царство“ од времето на династијата Комнен. Ја претставува двојната власт на царот – световната и духовната, но и византиската царска надмоќ над Истокот и Западот. Едната глава го претставува Источното, а другата Западното Римско царство. Од Византија двоглавиот орел се проширува низ земјите кои биле под нејзино влијание, станувајќи многу застапен хералдички мотив и на државните и на црковнте власти. Двоглавиот орел денес е и еден од најпрепознатливите симболи на православието и како таков е присутен на многу сакрални предмети по црквите. Двоглавиот орел е симбол и на Вселенскиот патријарх во Цариград и се користи во црквите и манастирите под негова јурисдикција, како и на Света Гора, монашката република на Атос.Ромејски грбСпоред преданието неговите корени потекнуваат уште од самите почетоци на првото христијанско царство – Ромејското. Имено, кога светиот цар Константин Велики (306-337) ја обединил разединетата Римска империја и станал единствен нејзин господар, го вовел двоглавиот орел како симбол на единството – две глави (Истокот и Западот) во едно тело. Од времето на ромејскиот василевс (владаетел) Исак Комнен (1057-1059) двоглавиот орел се користи и како декоративен мотив на царскиот двор и на церемонијалните одежди на членови од царската фамилија. Овој знак го добива и своето друго значение – го симболизирал единството помеѓу црквата и државата, што делувала по принципот на симфонија, согласие помеѓу духовната и световната сфера во христијанското општество.По заземањето на Константинопол од страна на Латините (1204 г.), двоглавиот орел продолжил да се користи од земјите наследнички на Ромејското царство – Епир, Никеја и Трапезунт. Никејските владетели го користеле како ознака за источните и западните владенија на некогашната пространа империја, а кои владенија, сакале повторно да ги освојат. Со возобновувањето на Ромејското царство (1261 г.), со константинополскиот трон завладејува династијата на Палеолозите. Под влијание на западната хералдика, оваа царска фамилија го направила двоглавиот орел свој официјален грб, но тој се поистоветувал не само со династијата, туку и со целото царство. Притоа, орелот на Палеолозите бил со златно-жолта боја на порфирна позадина (тоа биле бои кои ја означувале царската власт). На средината од орелот била изобразена симпилема (династички монограм), а канџите на орелот биле слободни. Надвор од царската фамилија се употребувал црн орел на златна заднина (орелот бил црн – како сенка на владетелскиот златен орел).Во подоцнежните векови се појавиле неколку различни изобразенија на двоглавиот орел. Има претстави во кои орелот држи сфера со крст (како ознака на православната екумена) во едната од канџите и меч (симбол за победа и правда) во другата. Се среќаваат и претстави во кои орелот држи скиптар и крст, два меча, или пак, меч и сфера.Двоглавиот орел од Византија се раширил и во другите земји што духовно и културно се надградувале, црпејќи од неа. Русија го презела двоглавиот орел во времето на Великиот кнез Иван III (1462-1505). Откако кнезот Иван се оженил со византиската принцеза Софија Палеолог, се прогласил себе си за легитимен наследник на ромејските цареви. Московскиот двор бил преуреден по углед на византискиот царски двор; многу работи биле преземени од Византија, вклучително и двоглавиот орел.И Хабзбуршката монархија го прифатила двоглавиот орел од Ромејското царство, а тука се уште и Бугарија (го користела во врмето на царот Иван Александар (1331-1371)), Србија, Црна Гора.Ѓорѓи Кастриот, пак, во неговата борба против Османлиите, го зел двоглавиот орел како симбол на православната Византија и го направил свое востаничко знаме. Подоцна, тоа знаме, модифицирано и прилагодено за новосоздадената албанска држава, станало и официјално знаме на Албанија.Но, не биле само световните власти кои го преземале двоглавиот орел како државно обележје. Византија била теократска православна монархија, со устројство што претсавувало мирски (земски) образ на небесната хиерархија. Световното и духовното биле тесно поврзани и се надополнувале едно со друго. Оттаму, и двоглавиот орел се јавува како симбол на тоа двојство, но истовремено и на нивното единство. Па, затоа, тој нашироко се користи и во православната црква ширум светот, како еден од симболите на православието и православната држава. И црквите во Македонија не се исклучок од тоа. Кај нас, тукуречи, и да нема постара црква во која не се сретнува двоглавиот орел. Таква појава се и двата орли од Бигорскиот манастир. Тие денес се наоѓаат прилепени однадвор, на северо-западниот дел од северниот ѕид на манастирската црква.Oвие двоглави орли се изобразени во плиток рељеф на две мермерни плочи со правилна шестоаголна форма. И во двата на средината е извајана годината 1795. Наоколу на плочите стојат натписи во кои се споменуваат имињата на ктиторите на црквата: игуменот Тарасиј, архиѓаконот Стефан и папуџијата Велјан. Првобитно овие плочи се наоѓале внатре, во црквата – едната, во амвонот под големото кубе, а другата, под малата купола. Служеле за да ја означат годината на изградба или доградба на црквата (станува збор за постарата црквичка на чие место, подоцна, во времето на игуменот Митрофан, била изградена денешната голема црква). Обичај било кога ќе се изгради некоја црква, годината на изградба да биде впишана во плоча со двоглав орел. Овој симбол се користел од почит кон традиционално наследство на Ромејското царство. Ваквата постапка била практикувана при изградбата на повеќето храмови, без разлика во кое време и под чија јурисдикција биле изградени.Двоглавиот орел во АлбанијаНа територијата на Албанија двоглавиот орел се појавува во 15 век како симбол на семејството Кастриот, Јован – Ѓон Кастриот и Ѓерѓ – Ѓорѓи Скендербег. Амблем двоглав орел со шестокрака ѕвезда меѓу главите се гледа од печатот на документ испратен од Ѓорги (Ѓерѓ) Кастриот Скендербег до папата Пиј II во 1459 година.Црвеното знаме со двоглав црн орел како албански национален симбол почнува да го употребува Призренската лига во 1878 година. Како државно знаме, на предлог на Исмаил Ќемал, се воведува со декларацијата за независност донесена во Валона на 28 ноемри во 1912 година. Во времето на социјализмот и Енвер Хоџа, на државното знаме имаше петокрака, но по падот на комунистичкиот режим, Република Албанија во 1992 година ја острани, а го остави само двоглавиот орел.Во МакедонијаНа територијата на Македонија орелот се среќава на монети со Аминта трети во 4 век пне., потоа од времето на владењето на Римската империја. Орелот го има и на парите што ги ковал деспот Углеша, братот на кралот Волкашин, ктиторот на Марков манастир, а од 14 век станува чест мотив во црквите и манастирите. Двоглавиот орел станува и редовен дел од накитот на женската носија, обично како тока на која се поврзани низите со пари, но сепак најчестата употреба како симбол во Македонија е преку традицијата на православната црква.Двоглавиот орелот денес е симбол на две зедници во Македонија – на албанската и на српската. Во 2005 е донесен Законот за знамињата на заедниците во РМ со кој се дозволува употреба на знамињата кои тие ги избрале како симбол на својата заедница. Со законските дополнувања од 2011, знамињата на заедниците се истакнуваат заедно со државното знаме кое мора да е за третина поголемо од она на заедниците. Албанците и Србите во Македонија како свои симболи ги имаат избрано знамињата на Албанија односно на Србија.Извор: МИА/Македонско хералдичко здружение/Бигорски манастир

Македонија | пред 7 години

Renata-Deskoska-nov-min-za-pravda-1-bg_resize

Дескоска: Заедно со претседателските треба да се одржат и предвремени парламентарни избори

Министерката за правда, Рената Дескоска, смета дека заедно со претседателските треба да се одржат и предвремени парламентарни избори. Таа е прв владин функционер што отворено се залага за ваква опција по барањето што го упати ВМРО-ДПМНЕ.„Јас искрено мислам дека треба да има, но тоа е прашање на крај на политичка одлука и анализа во рамките на органите, но јас ќе ја застапувам страната дека треба да се оди на парламентарни избори, заради тоа што одредени политики коишто реално ги промовиравме во изминатиот период и одредени прашања којшто ќе треба да ги решаваме, би било добро да бидеме со, на некој начин, почисти позиции во рамки на парламентот“ – рече Дескоска во емисијата „360 Степени“ на Алсат.

Македонија | пред 7 години

Нема фотографија

Синоќа Скопје прв во светот - по загаденост

Главниот град на Македонија, Скопје синоќа беше прв во светски рамки, по загаденост. Индексот на загадување во Скопје беше 430, а веднаш зад македонската метропола на неславната листа се најдоа градови од Индија, Пакистан, Бангладеш и Косово.Специјализираната интернет страница за следење на воздухот  „Ер вижуал“ рангирањето го врши според збирните податоци од мерните станици.Мерните станици во Скопје измерија ПМ 10 честички над 700 микрограми на метар кубен. Во скопски Ѓорче Петров синоќа во 23 часот омаше 641 mg/m3, тоа е 12 пати над дозволеното.Во скопско Црниче имаше 454 микрограм на метар кубен, во Центар 412, а во Карпош 700.

Скопје | пред 7 години

prodi-Ohrid-1

(ФОТО) Светската награда за хуманизам врачена на Романо Проди

Во предвечерието на големиот христијански празник, Богојавление – Водици, во куќата на „Уранија“ в.д. градоначалникот Константин Георгиески, ја врачи светската награда за хуманизам на овогодинешниот добитник, Романо Проди, екс премиер на Италија и претседател на Европската комисија.Навистина е големо задоволството да се биде дел од оваа престижна манифестација, која Светот го носи во Охрид, токму во предвечерието на големиот Христијански празник, Богојавление – Водици. Особено сум среќен што Охрид, онака и како што заслужува , е центар на Академијата за хуманизам. Токму онака како што доликува за еден ваков свет град. Уште поголемо е задоволството кога си опкружен со успешни луѓе, секој во својата област, кои имаат заеднички интерес, а тоа е хуманизмот како универзална вредност која не препознава ниедна граница, бариера или поделба, истакна Георгиески.Пригодни беседи за добитникот, одржаа Јордан Плевнеш и Рикардо Бризи, професор на Универзитетот од Болоња. Свечениот чин на доделување се одржа пред бројна публика.Претходно овогодинешниот добитник на наградата господинот Проди, заедно со претседателката на Советот на општина Охрид, направија прошетка низ стариот дел посетувајќи неколку културно - историски знаменитости на градот.

Македонија | пред 7 години

jane-cento-1

Командири го нападнале Јане Ченто: Десетмина старешини од зaтвopoт „Шутка“ го тeпaлe Јане Ченто!

Во телефонски разговор со новинарот Миленко Неделковски, кој беше објавен во неговата емисија, Јане Ченто, внук на народниот херој Методија Андонов – Ченто сведочеше за напад кој врз него го извршиле вработени во „Шутка“, објави Инфомакс.мк.Во телефонски разговор со новинарот Миленко Неделковски, кој беше објавен во неговата емисија, Јане Ченто, внук на народниот херој Методија Андонов – Ченто сведочеше за напад кој врз него го извршиле вработени во „Шутка“.„Дојдоа на пpeтpec, на контрола и ме нaпaднaa едно 10-тина командири. Ме прашуваа кој ми ги носи телефоните, и кога им кажав дека тие ми ги носат телефоните за по 200-300 евра, заедно со директорот и Жарко заповедникот и Сашо заповедникот. Ни ги носат тие лично телефоните на зaтвopeницитe овде по 200-300 евра, а после влегуваат по ќелии и ни ги земаат телефоните.“ – сведочи од зaтвop Јане Ченто.https://www.facebook.com/MilenkoNedelkovskiDnevnik/posts/2560928920590782Тој додава дека не им се плaши, и ќе дојде денот кога ќе паднат од власт.„Не ви се плaшaм на никој! Ќе пaднeтe еден ден. Македонци сме и Македонија ќе остане ова. Не ќeлиja да ми смените, не во caмицa да ме ставите 15 дена, што сакате можете да направие, не ви се пpeдaвaм.“ – рече Јане Ченто во телефонсиот разговор со новинарот Миленко Неделковски.На крајот, тој им порача на граѓаните да не се плашат и да излезат на улица. Време е, вели Ченто, да му покажеме на светот кои сме и што сме!

пред 7 години

spektra

Мерко како во 2011, тогаш рече „Господ го даде, господ ќе го крени“, поради ова над 90 граѓани завршија со скршеници

Струга руши рекорди во замрзнати, лизгави и неисчистени улици. Досега во струшката болница завршиле околу 90 граѓани поради скршеници. Стружани се револтирани на неажурноста на локалните власти, велат ништо не е исчистено, а голем дел од повредените најавуваат и тужби против општината.Дознаваме дека Јавното Комунално претпријатие на терен работи со 30 луѓе, две сопствени и уште четири возила од надворешен оператор. Граѓаните сметаат дека тоа е недоволно да се исчисти снегот и велат дека им преостанува само да се молат да се стопли времето за снегот и мразот сами да се стопат.Да потсетиме во Струга градоначалник е Рамиз Мерко. Кога станува збор за проблем со снег Мерко во неговиот претходен градоначалнички мандат во 2011 год, беше јасен и категоричен, тогаш Мерко рече: „Господ го даде, господ ќе го крени“.фото: ТВ Спектра

Македонија | пред 7 години

grdanoski-vodici-2

Охрид ќе го реши проблемот со кучиња скитници - стационарот е готов, се чека дозволата од АХВ

Општина Охрид го изгради долгоочекуваниот стационар за кучиња скитници, се чека уште дозволата за работа што ја издава Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ).Директорот на ЈП Охридски Комуналец, Љупчо Грданоски појаснува дека стационарот е изграден, набавени се две возила за транспорт на животните, вработен е и шинтер во ЈП „Охридски комуналец“.Стационарот е со капацитет за третман на 30 кучиња дневно.– До АХВ доставено е соодветно барање од наша страна така што веруваме дека веднаш откако ќе ја добиеме дозволата ќе се реши проблемот со бездомните кучиња во градот. Проблемот е дотоколку поголем што во неколку наврати добиваме дојави од правни и физички лица дека со возила од други градови се носат десетици кучиња, рече Грданоски.Како проблем тој посочи на практиката на несовесни граѓани кои ги оставаат на улица своите дотогашни домашни миленичиња, за кои повеќе не се грижат.Што се однесува на појавите на носење кучиња од други населени места во Охрид, Грданоски истакна дека за тоа се известени надлежните служби, како и оти се преземаат активности за спречување таква практика во иднина.

Македонија | пред 7 години

polski-turisti-1

Полски туристи се капеа во Охридското Езеро два дена пред Водици

Полски туристи кои престојуваат во Охрид деновиве, не одолеаја на убавото Охридско Езеро и вчера попладне се искапија во ладната езерска вода на градското пристаниште. Водата во Охридското Езеро според последните мерења е над 6 степени, а на воздухот околу 3-4 степени.Инаку Охрид е веќе подготвен за најголемата црковно верска манифестација Богојавление - Водици, која ќе се одржи утре.фото: Алберта Гули ФБ 17.01.2019 г.

Македонија | пред 7 години

branitel-1

Општина Прилеп ќе го реши проблемот со неплатен долг за електрична енергија на бранителот Драган Спасески

Градоначалникот Илија Јованоски, Националниот координатор за воени и полициски ветерани Стојанче Ангелов, Советник за одбрана на претседателот на Владата на РМ Драган Василески, Претседателот на Здружението на резервни воени обврзници, учесници во настаните 2001/2002 година Рубин Секулоски, Директорката на Здравствен дом Оливера Аџиоска и директорот на Меѓуопштинскиот центар за социјална работа Живко Силјаноски, денеска го посетија домот на бранителот Драган Спасески, кој што пет години живее без струја и со бројни социјални и здравствени проблеми.Градоначалникот Јованоски, по разговорот со бранителот Спасески и неговата сопруга, истакна дека ќе бидат преземени сите мерки во негова и и во надлежност на Општина Прилеп, со цел да се решат најгорливите проблеми на Спасески и на неговото семејство. Градоначалникот потенцираше дека Општина Прилеп ќе се заложи да се реши проблемот со повеќегодишниот неплатен долг за електрична енергија, којшто во моментов изнесува 91.843 денари, и ќе му биде исплатена парична помош.Националниот координатор за прашања поврзани со воено-полициските бранители Стојанче Ангелов, за време на посетата истакна дека државата, преку соодветните здравствени и социјални институции ќе ја исполни својата обврска да се грижи за бранителите од 2001 година како што е Драган Спасески, како и на сите останати во решавањето на нивните проблеми и за стекнување на правата коишто им следуваат.Директорката на Здравствен дом Оливера Аџиоска, со екипа од Службата за домашно лекување, определи соодветна терапија и предложи хоспитализација на Драган Спасески, после која тој редовно ќе биде посетуван од екипите на службата за домашно лекување.

Македонија | пред 7 години

mile-janakieski

Јанакиевски пред почетокот на денешното рочиште го праша пријателот на Груевски:„Јадеше гулаш, а?“

Пред почетокот на денешното рочиште на судењето за насилството пред Општина Центар, ексминистерот за транспорт и врски, Миле Јанакиески, му постави прашање на пријателот на Никола Груевски, Александар Трајковски,  дали јадел гулаш?„Јадеше гулаш, а?“, го праша Јанакиески. Трајковски му одговори:„Јадев, зашто да не јадам. Има дана за мегдана“, по што останатите обвинети кои чекаа да почне рочиштето во чекалницата се изнасмеаја.На денешното рочиште за овој предмет треба да бидат изведени материјални докази на Обвинителството, меѓу кои и две аудиоснимки на СЈО.

Македонија | пред 7 години

ohrid-vodici-1

Охрид подготвен за Водици, од Црвен крст апелираат капачите да внимаваат-темепратурата на водата е 6.5 степени

Во рамки на одбележување на големиот верски празник Богојавление-Водици и Денот на рибарите, Црвен крст Охрид е вклучен со низа активности од областа на здравствено-превентивната и социјално-хуманитарната дејност.Денес, од 19-23 чaсот, на пунктот на Црвен крст Охрид поставен на платото помеѓу Капетанија и ресторанот „Чун“, медицински тимови на Црвен крст Охрид ќе вршат основни здравствени прегледи на оние кои се одлучиле да „скокаат по крстот“.Апелираме и препорачуваме до „скокачите по крстот“ да ја проверат својата здравствена состојба и се информираат за ризиците и опасностите кои постојат при капење во вода со температура од 6.5 oC., потенцираат од Црвен крст.Традиционалната крводарителска акција „Водици 2019“ под мотото „ЕДНА КАПКА МОЖЕ ДА ПРОМЕНИ СẺ“ во организација на Црвен крст Охрид ќе се реализира на 19-ти јануари, сабота, од 9-15 часот во Центарот за култура „Григор Прличев“.Ги покануваме нашите сограѓани и гостите да ја покажат својата хуманост дарувајќи крв, а организаторот во соработка со Дебарско-Кичевската епархија ќе им возврати со должно внимание и скромни подароци, велат од Црвен крст.За настанот на осветувањето на водата во Охридското езеро и скокање по крстот на Градското пристаниште во Охрид на 19.01.2019 (сабота), Црвен крст Охрид ќе се грижи за безбедноста на капачите во вода и сите посетители на настанот со 4 тимови на спасители на вода распоредени долж градското пристаниште, 2 тима на спасители на вода во два спасителни чамци и 4 нуркачки тимови, како и со 7 медицински тимови за укажување прва помош со едно амбулантско возило, помогнати со медицински тим на Итната медицинска помош со амбулантско возило.На денот на рибарите на 20-ти јануари, недела, тимовите за логистика на Црвен крст Охрид ќе распределат дел од рибината чорба во семејствата со социјален ризик во Охрид како и на лица со хендикеп и стари лица кои не се во можност да присуствуваат на овој настан.

Македонија | пред 7 години

mtv-1

Состојбата во МРТВ е алармантна, а никој не презема ништо - вработените се качуваат по 19 ката пешки

Зградата на Македонската радио телевизија е во катастрофална состојба. Неодржувањето на инвентарот, низата катастрофи, како и поплавите уште еднаш го отвораат прашањето кој го доведе овој објект во ваква состојба?Вработените сведочат дека не работат ниту лифтовите, па така, оние кои се сместени на 19 кат, мора пешки да се качуваат и симнуваат. Фотографиите кои ги доби „Скопје 1“ покажуваат дека состојбата во МРТВ е алармантна, а никој не презема ништо. Лифтовите, не работат веќе подолг временски период, иако се неопходни, никој нема намера да ги поправи.Пред една недела, во градата на МРТВ, каде се сместени повеќе државни институции, се случи и поплава, водата се исцрпуваше од лифтовите и просториите, биле поставени и вреќи со песок. Од тој момент, зградата е оставена во уште позапуштена состојба.

Скопје | пред 7 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања