ГЛАВНИ-ВЕСТИ

1-6

(ВИДЕО) Градоначалникот на Ѓорче Петров во кафана пее српски хитови, а танчерки му играат до маса

Градоначалникот на Ѓорче Петров запеа српски хитови, а до него играше девојка.Видеото е направено во познат скопски ресторан, со кој општината има договор, а често со службени картици се плаќале сметки, дознава Скопје 1.https://www.facebook.com/skopje1mk/videos/2159166681063229/

Македонија | пред 7 години

Vevchani

Денеска сите во Вевчани - започнува Вевчанскиот карневал

Со традиционалното дефиле под маски, кои на сатиричен начин ќе ги отсликаат случувањата во изминатата година денеска напладне официјално почнува Вевчанскиот карневал „Василичари 2019 година“.Традиционачно од маските први поминуваат зетот, невестата, двата ѓаволи, глупавиот Август, но она што ги прави специфични вевчанци е тоа што ќе го искреираат двете василичарски друштва Горна и Долна маала за остантите маски, а се однесува на случувањата во изминатите 12 месеци.Специфично за овој карневал е тоа што до последен момент, до дефилето не се откриваат маските.Градоначалникот Сашо Јанкоски информира дека патот до Вевчани и улиците низ населбата се чисти и сместувачките капацитети се исполнети.Инаку Вевчанскиот карневал, кој датира од настанокот на Вевчани, со традиција од околу 15 века симболизира два паралелни света, едниот му припаѓа на паганството, а другиот на христијанството. Задолжителни елементи се зетот и невестата кои се симбол на плодноста и продолжувањето на семејството, двата ѓавола, кои се олицетворение на злото и двајцата глупави Августи, кои ги штитат од злото. Со манифестацијата се одбележува христијанскиот празник Св. Василиј Велики или доаѓањето на новата година по стариот, Јулијанскиот календар.

Македонија | пред 7 години

Lepce-paricka

Обичаи за Василица: Зошто верниците ставаат паричка во лепче и палат огнови?

Православните христијани кои се водат според Јулијански календар вечерва ќе ја пречекаат Православната или Старата нова година.На Василица се крши и лепче со паричка и исто така се верува дека на оној кој ќе му се падне паричка ќе биде среќен во текот на целата година.Ставањето паричка во лепче или пита се поврзува со еден настан што се случил во четвртиот век во Кесарија Кападокиска, денешна Мала Азија, поточно Турција.При една посета на императорот Јулијан Отстапник на Кесарија Кападокиска при еден негов поход кон Персија, во Кесарија го пречекува владиката Свети Василиј Велики кој добро го познавал императорот кој бил незнабожец. Свети Василиј сепак сакал да го пречека и му принел леб. Императорот се навредил зашто бил пречекан со леб а не со злато како што прилега за еден император и им наредил на своите војници да соберат трева во полето и да им возвратат на кападокијците со трева како навреда за принесениот леб.По тоа Свети Василиј, по долги молитви им наредил на своите прислужници од неговата митрополија да месат лепчиња или мали пити и во секоја да стават по малку злато.Во спомен на ова чудо што се случува во четвртиот век во Кесарија Кападокиска, денес се става златник во лепче или пита токму на денот кога го славиме Свети Василиј Велики или на први јануари според јулијанскиот календар.Но, на Дочекот на Правослвна Нова Година се палат василичарски огнови, кои се симбол на божествената светлина што, според народное верување, ги брка лошите сили.Инаку, Свети Василиј Велики е еден од тројцата најголеми црковни учители од четвртиот век. Родум бил од Кападокија, а завршил школо во Атина. Тој бил голем христијански филозоф, а се прославил и како епископ и заштитник на чистотата на православното учење. Свети Василиј Велики се упокоил на 14 јануари во 379 година.

Македонија | пред 7 години

stoilovv

За МРТВ 2 Стоилов стана играч со број 5 - кој дозволи мешање на политика во спортот ?

Корисниците на социјалните мрежи реагираат на постапката која ја направил коментаторот на МРТВ2, кога репрезентативецот Столе Стоилов го преставувал како “играчот со број 5”. Реакцијата ви ја пренесуваме во целост:„Дали ќе сноси некој одговорност за ова крајно непрофесионално однесување на државниот телевизиски канал?“, се пишува на соијалните мрежи.За потсетување Стојанче Стоилов е голем противник на последните случувања во државата. По вчерашното гласање за уставните промени тој објави емотивен коментар на својот профил на социјалната мрежа фејсбук, во кој напиша:„Ментално нестабилни сме сите у државава што дозволуваме вака да ни прават !!!Срам да ни е на сите….За мене секогаш ќе биде МАКЕДОНИЈА“ !!!Инаку македонскиот пикер Стоилов е мошне емотивен кога ќе се спомене Македонија и македонскиот идентитет. На крајот од месец декември македонскиот ракометен репрезентативец, Стојанче Стоилов демонстративно си замина од манифестацијата на Агенцијата за млади и Спорт, „Спортист на годината“ затоа што за прв пат годнава на оваа манифестација се боруваше и на албански јазик.

Спорт | пред 7 години

ogan-3

(ФОТО) Оган пред општина Центар

Неколку деца запалија оган пред општина Центар. Во малото паркче наспроти општината се горат картони и се шири чaд.Тие оганот го користат за да се стоплат. Покрај огнот има и две возрасни лица, кои најверојатно се нивни родители.Општината се наоѓа на 20 метри од нив, но никој не реагира. До огнот има и паркирани возила.

Скопје | пред 7 години

dugin-1

Дугин предупредува преку ФБ: „Заев под притисок на ЦИА се припрема да го aпcи Иванов“

Поранешниот советник на рускиот претседател Владимир Путин, Александар Дугин на својот фејсбук профил ги прокоментира последните случувања во Македонија. Тој својот статус го напиша под Итно. Дугин пишува дека набрзо во Македонија се спрема државен удар на кој мета ќе биде претседателот на државата кој под притисок од ЦИА, Зоран Заев ќе мора да го aпcи.-Итно: Набрзо се спрема државен удар во Македонија. Заев под притисок на ЦИА се припрема да го aпcи Иванов.Потсетуваме дека Дугин е човекот кој го предупреди и турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган дека во Турција се спрема воен удар со цел негово соборување, во организација на Фетула Ѓулен и ЦИА.Инаку Александар Дугин и Леонид Савин последно во Македонија беа на 4 март 2018 год. На прашањето: Дали Македонија има избор. Дали може народот сам да одлучи сака ли членство во ЕУ И НАТО или евроазиската унија? нивниот став беше:Избор има секако, но тој избор мора да го донесе самиот Македонски народ и тоа не е наше решение, не е решение на Русија туку само сопствено решение на Македонскиот народ. Ние го знаеме фактот дека Македонија која исто како и Србија се наоѓа под огромен притисок од западот , поточно од ЕУ и САД. По наше гледање доколку постои организација за меѓународно право, секој народ треба да има свое право да го избере својот пат, да си одлучи со кого ќе соработува и никој не смее да прави притисок како тие ќе се одлучат и на која страна ќе се приклонат.

Македонија | пред 7 години

nurkaci-2

(ФОТО) Нуркачите го исчистија делот каде ќе се фрла светиот крст

Во пресрет на христијанскиот празник Богојавление - Водици членови од нуркачкиот центар Амфора и клубот за подводни дејности Охрид, извршија чистење на дното на езерото каде ќе се фрла чесниот крст.„Основната цел е безбедноста на капачите и намалување на ризикот од повреди“, велат од Амфора и клубот за подводни дејности Охрид.

Македонија | пред 7 години

mickoski

Мицкоски: Заев да не мисли дека молам бога да не ги добијам изборите и во понеделник да го распушти Собранието

Мицкоски на денешнате прес-конференција го повика премиерот Зоран Заев уште во понеделник да се распушти Собранието и да се формира техничка влада, па заедно со претседателските избори да се одржат и вонредни парламентарни.„Денес од засрамениот Заев слушнавме две тези: дека се крие позади одлуките на партијата и позади анкетите кои покажувале сигурно водство и дека на секој политичар добредојдени ќе му бидат нови 4 години мандат. Но вистината е следна, ако е така ајде во понеделник да го распуштиме Собранието и да организираме фер изборен циклус и заедно со претседателските избори да одржиме вонреди парламентарни избори во Македонија. Па да видиме дали Зоран Заев ќе победи или народот заедно со ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата за подобра Македонија ќе победи на тие избори“, изјави Мицкоски.Исто така тој изјави дека не се плаши и ја користи оваа прилика да го повика да не мисли дека моли бога да не ги добие изборите.„Еве веднаш одлучно му велам ајде да го распуштиме парламентот имате доволно време во органите на партијата да донесете одлука. Има доволно време да се подготват тие избори, да се формира техничка влада и заедно со претседателските избори да имаме вонредни парламентарни избори. И тогаш да видиме дали Зоран Заев ја ужива довербата или онаа вистинската анкета ќе му ја испорачаат граѓаните на Македонија. Не бараме избори затоа што сакаме ние да бидеме на влст, туку Македонија да престане да губи и Зоран Заев да ја напушти политичката сцена во Македонија“, вели Мицкоски.

Македонија | пред 7 години

1-1-1

(ФОТО) Повик за ликвидација на Заев

На Фејсбук страницата „Зоран Заев Предвник број 1“ се појави фотографија на која над главата на Заев виси бесилка. На страницата во тек е кампања и повик за негова ликвидација. Овие фотографии се споделуваат од страна на интелектуалци и професори кои се против актуелната власт.Покрај оваа, постојат и други страници на кои се шири омраза и на истите секој може да напише што сака, без притоа некој да го контролира тоа.

Македонија | пред 7 години

Нема фотографија

Заев: Сите знаат, а знае и Мицкоски дека тоа што го бара моли бога да не се случи

На прашањето дали ќе го прифатат предлогот на Мицкоски за вонредни парламентарни избори заедно со претседателските, тој изјави дека заедно со највисоките органи и тела на СДСМ ќе го отворат ова прашање.„Македонија треба да го искористи ова пред се за економијата и реформите. Сите знаат, а знае и Мицкоски дека тоа што го бара моли бога да не се случи, но бара првиот човек на опозцијата, затоа ќе размислиме. СДСМ заедно со своите највисоки органи и тела најборзо можно ќе го отвори ова прашање, следуваат претседателски избори и е вредно за размислување. На Македонија и треба отворена врата за да може да напредува. Ш том ќе донесеме одлука тоа ќе го соопштиме“, изјави Заев.Тој додаде дека политички за СДСМ и останатите партии е посакувано да има избори бидејќи тоа е можност за нови 4 години власт. 

Македонија | пред 7 години

Zaev

Заев: Фала богу не е потребен потпис од Иванов за вчерашните одлуки во Собранието

Премиерот Зоран Заев на денешната прес-конференција рече дека не е потребен потписот на Претседателот на државата, Ѓорѓе Иванов.„Фала богу не е потребен потпис од Иванов. Вчера парламентот донесе одлука за прогласување на амадманите и законите и за нив не треба потпис од Иванов. Тие веднаш ќе излезат во службен весник“, изјави Заев. 

Македонија | пред 7 години

priveden

(ВИДЕО) Приведени браќата од „Пука козметика“ на синоќешниот протест пред Собранието

Раперот Жарко Масларковски од дуото „Пука козметика“ синоќа бил приведен на протестот пред македонското Собрание. Видео од привеувњето синоќа објави својот Фејсбук профил неговиот брат Дарко.Приведувањето се случило додека Дарко имал обраќање во живо и покажува како најпрвин неговиот брат е легнат на улицата пред Собранието и потоа со лисици на рацете е внесен во комбе. На снимката може да се слушне и дека тој обвинува еден од полицајците дека го удрил.https://www.facebook.com/puka.kozmetika.3/videos/10156111860523367/Од МВР велат дека приведените нападнале полицец:„На 11.01.2019 година околу 21,20 часот на улицата “Димитрие Чуповски“ во близина на Порта Македонија, едно непознато лице физички нападнало полициски службеник. Лицето било приведено, но пред да биде внесено во службено возило дошло друго лице, кое исто така физички нападнало полициски службеник. Двете лица се приведени во Полициската станица Центар и било утврдено дека станува збор за Д.М.(35) и Ж.М.(35) од Скопје. По документирање на случајот, ќе бидат поднесени соодветни поднесоци“, соопштија од МВР.

Скопје | пред 7 години

durlovski

Дурловски: После ова ќе се обединиме сите посилни и сплотени во ИДЕЈАТА ЗА МАКЕДОНИЈА!

Откако 81 пратеник кренаа два прста и Македонија стана Северна, на својот фејсбук профил се огласи Игор Дурловски. Тој напиша:„После оваа агонија, смртта ќе ги одвои телото и духот на татковината. Телото ќе се распаѓа, а духот ќе стане #светлина. Ќе се обединиме сите кои живееме во верба и надеж, посилни и сплотени во ИДЕЈАТА ЗА МАКЕДОНИЈА!“Инаку оперскиот пеач Игор Дурловски не прифати амнестија, тука рече дека ќе ја докажува својата невиност.Во моментот кога му беше понудена амнестија неговата првата реакција, во замена гласање за договопрот со Грција за северна МАкедонија тој напиша:„Подарена слобода на неправедно обвинетиот, прифатена како милост од ,,горе”, ќе биде претежок товар врз плеќите на еден родител, пријател, Македонец, кој цел живот се бори токму за една ВИСТИНСКА…СЛОБОДА!“

Македонија | пред 7 години

Нема фотографија

Сончево време со мала до умерена облачност

Денес времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Во утринските и претпладневните часови по котлините со појава на магла. Ќе дува слаб до умерен умерен северозападен ветер, особено долж Повардарието. Утринската температура на целата територија на државата ќе биде под нулата, а во одредени места ќе достигне и до -14 степени, додека дневната ќе се движи од -5 до 4 степени.Во Скопје не очекува сончево време со мала до умерена облачност и температура од -8 до -2 степени.Во недела попладне облачноста ќе се зголемува, а во понеделник во текот на денот ќе има нови врнежи од снег со слаб до умерен интензитет. Во вторник ќе дува умерен до засилен северен ветер.

Македонија | пред 7 години

proslava-po-glasanjeto

(ФОТО) Заев, Џафери, Ахмети и останатите слават за Северна Македонија

По завршивањето на собраниската седница прослава за успешно завршената работа.Инаку со 81 глас „за“ вечерва беа изгласaни амандманите за промена на Уставот. Со тоа од македонска страна нема пречка за имплементација на Договорот од Преспа. Сега следува негово гласање во грчкиот парламент.

Македонија | пред 7 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања