ГЛАВНИ-ВЕСТИ

49614633_2010774012562955_2459227316534902784_n

(ФОТО) Министерот Филипче ја вакцинира својата внука со игла со капаче

Веќе одреден период Министерството за здравство преку прес-конференции и кампањи на социјалните мрежи повикува родителите да ги вакцинираат своите деца со вакцината МРП.Министерот за здравство, Венко Филипче пред неколку дена на Фејсбук објави дека ја вакцинирал внуката Илина, во обид да ја охрабри македонската јавност, а особено скептиците и заговорниците против имунизацијата.„Единствено добро што родителите можат да направат за своите деца е да им овозможат добро здравје, грижа и многу љубов. Утрово, во амбулантата Млин Балкан ја вакциниравме мојата внука Илина. Вакцините се безбедни, ефикасни и нѐ заштитуваат од разни болести“, напиша Филипче на Фејсбук.Но, денес на социјалните мрежи се појави истата фотографија од блиску, па многумина ја наметнаа идејата дека всушност станува збор за игла со капаче.  

Македонија | пред 7 години

mickoski

(ВМРО) Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ бара распуштање на парламентот и одржување на вонредни избори заедно со претседателските

„Денес ИК  на ВМРО-ДПМНЕ заедно со пратеничката група беше во постојано заседавање и ги донесе следните заклучоци:ВМРО-ДПМНЕ не ја подржува промената на Уставот со цел промена на името, идентитетот, културата и историјата и тој став е непроменет и се темели на партиската идеологија и е базиран на одлуката на народот потврдена на референдумите на 8 септември 1991 и 30 септември 2018.ВМРО-ДПМНЕ смета дека промената на Уставот со цел промена на уставното име, промената на идентитетот, кутурата и историјата се направи на насилен и криминален начин по пат на притисоци закани и пазарење. Одлуката за промена на името е одлука на 81 пратеник, не е одлука на Македонските граѓани. Со ова се суспендира волјата на граѓаните. Ова е чин на предавство.Со овој договор се нанесува штета на македонската држава. ВМРО-ДПМНЕ ќе стори се што е во негова моќ оваа неправда да биде исправенаДенес се покажа дека Македонија со Заев губи и доколку овие луѓе од СДСМ останат на власт Македонија ќе продлжи да губи и на ова и на сите други полиња. Ова мора да престане да се промени, а ќе се промени доколку овие луѓе си заминат од власт. Поради ова ВМРО-ДПМНЕ бара распуштање на парламентот и одржување на вонредни избори заедно со претседателските.Почитувани граѓани, вие давате и земате власт затоа избори се потребни на кои народот ке има глас да каже каква Македонија сака: Северна Македонија на Зоран Заев или Македонија на народот .Овие црнила на Заев ќе бидат поразени, а Македонија ќе победи и зората ќе изгрее“, изјави Мицкоски на денешната прес-конференција. 

Македонија | пред 7 години

49721928_353393875477702_3728138725117394944_n

Со 81 глас “за” изгласани сите амандмани кои произлегуваат од договорот од Преспа

Пратениците со 81 глас “за” донесоја одлука за прогласување на сите амандмани кои произлегуваат од договорот од Преспа. Тие ги изгласаа уставните измени, кои ќе бидат составен дел од Уставот.Амандманите 33, 34,35 и 36 влегуваат во сила.Пратениците го прифатија и видоизменетиот амандман за дијаспората, еден од предлог амандманите кој беше пречка на сопнување во преговорите помеѓу Заев и Касими. Прифатениот амандман гласи: „Републиката се грижи за дијаспората на македонскиот народ , албанскиот, турскиот…“Премиерот Заев рече дека со вака видоизменет амандман се праќа порака дека државата се грижи за сите во дијаспората.Гласањето беше обезбедено по неколку дневно натегање и политички договарања меѓу лидерите на СДСМ и на БЕСА, кои условуваа со четири нивни барања.На гласањето не присуствуваше најголемата опозициска партија ВМРО-ДПМНЕ, која го напушти  законодавниот дом поради како што рекоа нема да учествуваат во договор кој што ја разнебитувал Македонија.

Македонија | пред 7 години

zaev-kasami

Заев и Касами се договорија - барања на Беса ќе бидат вградени во закони, а не во Уставот

Постигнат договор со Беса на Касами, вели Костадин Костадинов, пратеник од СДСМ.Тој не открива како е дојдено до компромис и најави соопштение. Исто така Костадинов демантираше дека се врши притисок врз пратениците. Се уште нема информации кога ќе почне седницата која во текот на денот се одложува.Неофицијално компромисот ќе биде интервенција со актуелната формулација за државјанството коешто стои во документите на албански јазик во уставниот закон. Договорот е барања на Беса да бидат вградени во закони, а не во Уставот.

Македонија | пред 7 години

zarkova

Инцидент или провокација?Откриен идентитетот на девојката која била турната на протестот

Ангелина Заркова од Штип студент на унверзитетот Св. Кирил и Методиј е девојката која дали е „жртва“ или сакаша да направи „инцидент“ на денешниот протест.Имено на денешниот протест пред собранието Заркова се качила на бината и викана „Јас сум за Нато“, ова изреволтирало некои од демонтрантите, по што ја истуркале од бината.Инаку во моментов пред Законодавниот дом се одржува протестот на „Македонија блокира“. Граѓаните кои се против промената на уставното име веќе трети ден паралелно со 75-тата собраниска седница на чии дневен ред се токму уставните измени, се собираат пред Собранието.

Скопје | пред 7 години

kuce-bugarija

(ОБНОВЕНО и ВИДЕО) Кучиња трагачи ги пронашле загинатите во Банско

Девојка и момче загинале денес во Пирин, во регионот на Банско, кај врвот Тодорка откако настанала лавина.Неофицијално, жртвите сами ја предизвикале лавината.На местото работел целиот одред на Планинска спасителска служба – Банско, заедно со кучиња трагачи.Читател до редакцијата на Бугарски 24 часа испратил видео во кои се гледа како со помош на куче вадат еден од затрупаните.Од скијачкиот центар препорачуваат скијачите и сноубордистите да не се оддалечуваат од пистите и да не навлегуваат во опасни зони.Според „Блиц.бг“, загинатите се Бугари.

Свет | пред 7 години

bansko

Лавина во Банско, загинале двајца скијачи, по две лица се трага

Двајца туристи неофицијално Грчки скијачи загинале од лавина во Банско, објавија бугарските медиуми. Според првичните информации инцидентот се случил околу 12 часот. Телата на загинатите биле пронајдени од планинарските спасувачи.Некои бугарски медиуми објавија дека уштe две лица се водат за исчезнати. Планинската спасителна служба од Банко е на терен.  По нив се уште се трага.

Свет | пред 7 години

Mickoski-pres

Мицкоски свика седница на Извршниот комитет

Денес во седиштето на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски свика седница на Извршниот комитет на партијата и состанок со пратеничката група.Исто така во текот на денот ќе се одржуваат состаноци на кои ќе се разговара за состојбата поврзана со уставните измени. 

Македонија | пред 7 години

talir

Судот го одобри обвинението за случајот „Талир“

Во целост е одобрено обвинението за случајот „Талир“ од Советот за оценка на обвинителен акт при Одделението за гонење организиран криминал и корупција при скопскиот Кривичен суд.-Советот за оценка на обвинителен акт при Одделението за гонење организиран криминал и корупција при Основниот суд Скопје 1, постапувајќи по оценка на обвинителен акт на Јавното обвинителство за гонење кривични дела поврзани и кои произлегуваат од незаконското следење на комуникациите во предметот од обвинителството означен како „Талир“ за незаконско финансирање на правно лице – политичка партија, по одржана јавна седница во присуство на странките, донесе решение со кое обвинителниот акт го одобри во целост, соопшти Кривичниот суд.По формирање на кривичен предмет по оценетиот обвинителен акт, истиот согласно АКМИС системот ќе биде распределен на судија за понатамошно постапување, а по закажана главна расправа, како што велат од Судот, странките и јавноста ќе бидат благовремено известени.-Што се однесува до вториот обвинителен акт за истиот предмет што се однесува на незаконска изградба, истиот веќе е распределен кај судија за оценка на обвинителен акт и по донесено решение, Судот навремено ќе ја информира јавноста, се наведува во соопштението.Во случајот „Талир“ за незаконското финансирање на политичката партија ВМРО-ДПМНЕ обвинети се Никола Груевски, Кирил Божиновски, Миле Јанакиевски, Илија Димовски, Леко Ристоски и Елизабета Чингаровска.

пред 7 години

49577051_1958370597550146_8010545204576649216_n

Дали уставот е сменет без да се гласа? Гледаме ли партиски филм за собирање гласови?

Сите се на нозе. Владата „моли“ за уште ден пратенички глас, Беса се заканува или условот или нема гласање, опозицијата се приклучи на протестите против уставните измени, „Македонија блокира“ и партијата „Единствена Македонија“, одамна пред Собрние, а Меркел и останатите дипломати веќе не нарекуваат Северна Македонија.Уставните измени во финална фаза денеска повторно пред пратениците во Собранието во рамки на 75. седница, откако вчера закажаната седница беше одложена и презакажана за денеска во 12 часот.Премиерот Зоран Заев вчера кажа дека се уште се во преговари со партијата Беса на Биљал Касами, која има два пратеника во Собранието, околу нивните барања за уставните измени, со фокус на начинот на кој ќе се дефинира државјанството и за заштитата на дијаспората.– Не можам да кажам дали ќе гласаат 80 пратеници, или пак ќе бидат 79 или 82 или 88, никој тоа сега не може да го каже. Верувам дека процесот на разговори кој течеше дава можност да веруваме дека ќе се обезбеди потребниот број од 80 пратеници, тоа е конечната цел и за тоа разговараме, изјави Заев.Протести и денеска пред Собранието, со цел пратениците уште еднаш да го слушнат гласот на народот, поточно нивната желба изразена на референдумот.Додека во Македонија сеуште „се е неизвесно“ Германската канцеларка во дводневна посета на Грција, каде го подготвува теренот и во оваа земја потпишничка на Преспанскиот договор. За Меркел веќе сме Северна Македонија.- Мислам дека овде станува збор за нешто за кое секој од нас знаеше дека нема да доведе до лесно решение, но сега со името Северна Македонија за сите нас и овде говорам во име на Германија, се создава јасност и ѝ дава можност на Северна Македонија да може да стане член како на НАТО, така и на Европската унија. Но, ова не е добро само за Северна Македонија, туку е добро и за самата Грција, рече Меркел.Инаку Македонското Собрание на 19 октомври со 80 гласа ја донесе одлуката за пристапување кон уставните измени. Иако потребното двотретинско мнозинство во правата фаза од менување на Уставот беше неизвесно до самиот почеток на гласањето, сепак во последен момент освен 72 пратеници од владејачкото мнозинство за пристапување кон изменување на Уставот гласаа и пратеници од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата. За втората фаза, која помина минатиот месец, беа потребни 61 глас од вкупно 120 пратеници. За завршување на третата и последна фаза е потребно двотретинско мнозинство гласови.

Македонија | пред 7 години

gordana-jankuloska

Јанкулоска : На 800 км од Македонија лесно е на социјални мрежи да кажуваш и да се амнестираш од проблематичните одлуки

По фејсбук објавата на поранешниот премиер Никола Груевски во која тој се брати до пратениците и напиша: Ова ви е последна ноќ да размислите, народот протестира ама од вас зависи, се огласи и поранешната министерка за внатрешни работи и некогашна негова блиска соработничка , секако и таа на Фејсбук.– Кога си далеку од проблемите, на 800 км од Македонија лесно е на социјалните мрежи да кажуваш што е лесно а што не е, при тоа амнестирајќи се од сите проблематични одлуки за кои секогаш одговорен е некој друг и игнорирајќи ја реалноста дека Македонија е таму каде што е денес, меѓу другото и заради бројните испуштени шанси во минатот, му напиша Јанкулоска на Груевски.

Македонија | пред 7 години

6-2

Еве го условот од Беса, поради кој „запнаа“ преговорите помеѓу Беса и Заев

Каде запнаа прговорите помеѓу премиерот Зоран Заев и Беса? Виси двотретинското мнозинство кое треба да ги изгласа уставните измени. За Беса спорен Предлог амандманот кој се однесува на државјанството, а тие се категорични дека доколку не им се исполни и оваа желба, нема да ги дадат своите гласови во собранието.Став 3 од амандманот кој го бара Беса гласи:-За граѓаните од Албанската етничка припадност, во прописите и другите акти на државните органи државјанството на македонски јазик ќе гласи “македонско/граѓани на Република Северна Македонија” на албански јазик ќе гласи “eMaqedonisë/qytetar i Republikës së Maqedonisë Veriore” и на англиски “macedonian/citizen of Republic od North Macedonia”.Според ова буквален превод: Не е македонско државјанство туку државјанин на Македонија.Од Беса се категорични дека доколку не се прифати нивниот предлог нема да гласаат на утрешната собраниска седница.Неофицијално на Заев му недостигна уште еден глас за 2/3 мнозинство

Македонија | пред 7 години

49344283_524885968007791_8808169082969915392_n

(ВИДЕО+ФОТО) Вонредна состојба на Алпите поради снегот

Во скијачкиот центар Риезлерн во Австрија прогласена е вонредна состојба откако снегот достигна висина од 1,5, а на некои места и до 2 метри.https://www.facebook.com/skopje1mk/videos/1973423316285420/Снегот од улиците со машина се товари во камиони со цел непречено одвивање на сообраќајот.Риезерн се наоѓа на Алпите и истиот е на надморска височина од околу 1100 метри.

Свет | пред 7 години

dzaferi-talad

Џафери го демантира Бачев, тој вели: Нема заклучени пратеници во Собранието

Претседателот на Собранието на Република Македонија Талат Џафери, ги демантира информациите изнесени од лидерот на „Единствена Македонија“ Јанко Бачев, дека претставници од американската амбасада, по налог на американскиот амбасадор Џес Бејли држат тројца пратеници заклучени во Собранието.– Ја информираме јавноста дека се работи за класична дезинформација, со цел да се нанесе штета на угледот на Собранието и на процесот на ЕУ и НАТО интеграциите на Република Македонија. Во Собранието на Република Македонија секој пратеник одлучува сам, според своето убедување и нема, ниту ќе има притисоци врз народните избраници и нивното движење е слободно. 75. седница на Собранието на Република Македонија се одвива според воспоставениот ред како и за секоја друга седница, се наведува во соопштенито од собраниската прес-служба.

Скопје | пред 7 години

gGJvC-

Лицата вработени во царинската управа кои го посетија Груевски, прераспределени на други работни места

Директорот на Царинската управа, Ѓоко Танасоски, нодамна изјави дека еден од двајцата посетители на Никола Груевски, во Будимпешта, е кривично пријавен, односно дека Јавното обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција веќе отворило истрага, но оваа изјава на директорот не ја поткрепуваат од јавното обвинителство.Тие велат дека во моментов, не се во можност да ги потврдат изјавите, но дека со поконкретни информации за случајот ќе излезат во наредните неколку дена. Додека јавното обвинителство собира докази , царинската управа си ја заврши својата работа. Тие извршиле прераспределба на други работни места на двајцата вработени кои го посетија Груевски во Будимпешта. Имено, општинскиот советник, во Општина Гази Баба, Александар Трајковски, кој, како што е познато е обвинет во предметот „Насилство во Општина Центар“, е прераспределен од архивар во магацинер.За другиот пак посетител на Груевски од царинската управа велат дека заради одредени специфичности на работното место каде беше претходно е преместен на друго работно место, без да прецизираат на кое.Царинската управа не го соопштуваат името на другиот гостин на Груевски, но неофицијално се работи за братот на личниот возач на Никола Груевски, Трајан Милошевски

Скопје | пред 7 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања