ГЛАВНИ-ВЕСТИ

gruevski-mala

Груевски до пратениците: Ова ви е последна ноќ да размислите, народот протестира ама од вас зависи

Течат последните часови до промената на Уставот заради Преспанскиот договор и промената на името, идентитетот, историјата..., напиша предмалку на својот Фејсбук профил поранешниот премиер Никол Груевски.Во неговиот статус тој додава:Кога овие измени ќе поминат во македонскиот парламент, Грција сигурно нема да ја пропушти оваа историска шанса да постигне договор кој за нив е целосен триумф а за нас содржината на тој договор е национална катастрофа. Договор за каков пред две години не сонуваа.Како што кажав во мојот статус во јуни, со овој договор станаа јасни сите некому претходно нејасни работи.Секому стана јасно дека без национално предаство во минатото договор со Грција не бил можен и дека се што се случува во последните 4 години беше во функција на овој и баш ваков договор. Од креираните матерјали, вештачкото креирање негативна слика за ВМРО-ДПМНЕ со невидена досега пропаганда.Преку спречувањето да формира влада по изборите во 2016та, незаконското назначување претседател на парламентот, преку судските прогони кон стотици политичари и нивни соработници, притврања, апсења, ненадејни ослободувања од притвори, закони за амнестии, прогонот кон мене лично со фабрикувани обвиненија, и редица други работи со кои на крајот ги скршија законите, основните принци на однесување и работење и темелните морални вредности во Македонија, со што како ,,нус ефект,, се создаде атмосфера иселувањето од Македонија да стане пет пати поголемо од претходно.Се направи се, за најправо да се изгласа штетниот договор со Бугарија па неуставната двојазичност и конечно главната работа заради која беше осмислена целата операција: промената на името со марионетска влада и пратеници.За жал, големите политички прашања не секогаш можат да решат со правни инструменти. Според силата на поредокот пред векови е констатирано дека прва е војната, втора е политиката па на трето место е правото. Гледаме на дело со стотици примери во последните речиси две години, како политиката го суспендира правото. Или уште повалканото, како правото се стави во функција на политиката.Но, тоа не е веќе демократија.Јас бев и сум голем подржувач Македонија да стане членка на НАТО и ЕУ. Нашето место е таму и во сојуз со Америка. И бев за концепт за разумен компромис за таа цел. Тој концепт со овој договор е мртов.Мнозинството од народот не се согласува со овој договор, што се виде и од исходот на референдумот. Но, марионетската власт е решена да оди против неговата воља, по секоја цена и да го стави секого во затвор, протера или ликвидира, кој ќе и се попречи на патот. Народот излегува и протестира, но сега веќе одлуката е во рацете на пратениците. На оние 79,80 или 81 пратеника.За пратениците на мнозинството, ова не е ноќ за спиење. Оваа ноќ е последна шанса за размислување и премислување со ставањето на националниот пред партискиот и/или личниот интерес. Знам дека не ви е лесно....барем јас знам.Ова се историски одлуки. Да, можен е подобар и пофер договор. Треба само верба, храброст, отфрлање на уцените, воља и време, за постигнување на двете: разумен компромис /фер договор и НАТО и ЕУ.Незаборавајте дека ставате ,,црн печат,, на една 140 годишна крвава битка за македонското национално прашање. Таа пролеана крв заслужува македонското прашање да се затвори, но во полза на македонците. Или поинаку кажано да се затвори, но не на штета на македоците.Тоа е во ваши раце. Од Вас зависи, напиша Груевски.

Македонија | пред 7 години

frckovski

Фрчкоски: Негирањето на етничкиот термин „македонски“, од БЕСА , е безобразлук и напад на идентитетот на Македонците

Со барањата на БЕСА не се сложува ни професорот Љубомир Фрчкоски. Негирањето на терминот „македонски“, според Фрчкоски не е наивна работа, објави Телма.„Негирањето на етничкиот термин „македонски“, доаѓа од делот на Албанците од БЕСА. Тоа скандал и безобразлук и напад на идентитетот на Македонците. Терминот „македонски“ е една од главните придобивки на Преспанскиот договор, вели Фрчкоски.Инаку во моментов се бара техничка формулација за државјанството, што би била прифатлива и за БЕСА. Партијата се закани дека нема да гласа за уставните измени доколку во делот на државјанството не се избрише терминот „македонско“.

Македонија | пред 7 години

mickoski-sobranie

Мицкоски им порача на пратениците: Секој што тргнал против народот свој, народ ќе му се случи

„Македонија е името кое го менуваат оние кои се внатре во Собранието. Тие кои одат спротивно од волјата на надорот, јасно изразена на 30 септември. Но, не знаат дека име со дугме не се брише. Тоа е она што сме, што сме биле и ќе продолжиме да бидеме. Секој што тргнал против народот свој, народ ќе му се случи. Многумина од вас се лути, понижени, измамени. Се чуствува внатрешната болка од она што го прават со името и идентитетот. Срцето се кине кога се витка кичмата на татковината“, рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски пред Собранието.„Тие се сакаат ова да биде крајот, но ова нека биде почетокот на нивното заминување. Достоинството никогаш не може да биде земено од луѓето кои го немаат. Меѓу нас има луѓе со различни ставови, погледи, несогласувања. Но сето ова мора да биде на страна, оти сите ние имаме иста цел и таа се вика Македонија. Треба масовно обединување. Само обединети ќе победиме. Десни, леви и од центарот, прасловни христијани, католици, атеисти сакаат да не разединат за полесно да им поминуваат поразите и неуспесите. Нашата прва цел е иднината кон Македонија. Ќе остане запишано дека оваа неправда денес ја прават оние кои ветуваа живот, брда и долини, оние кои ветуваа се и сешто, само за да дојдат на власт. Измамнички, шверцерски, криминално. На власт се доаѓа со труд и работа. Но не и Заев и СДСМ. Билетот за останување на власт им е промената на името и идентитетот. Тој билет не е за народот, туку за власта“, додаде Мицкоски. 

Македонија | пред 7 години

Нема фотографија

Кривична за скопјанец кој преку Фејсбук се заканувал на пратеници

Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика при Министерството за внатрешни работи во координација со Основното јавно обвинителство- Скопје презеде мерки и активности поради споделена објава на социјалната мрежа Фејсбук од страна на Б.Б. (49) од Скопје, со која предизвикал загрозување на сигурноста на пратеници во Собранието на Република Македонија и поради ширење на расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем односно поради основано сомнение за сторено кривично дело по чл.144 „Загрозување на сигурност“ и по чл.394-г „Ширење на расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем“ од Кривичниот законик на Република Македонија.По наредба на Основното јавно обвинителство- Скопје Б.Б. на 9.1.2019 е повикан на службен разговор во полициска станица, а одземени се и предмети со цел прибирање на докази. По документирање на случајот, против Б.Б. ќе биде поднесена кривична пријава.Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика ќе продолжи со активностите со цел санкционирање на ваквите случаи. Ги повикуваме сите граѓани кои се изложени на вакви закани или сведочат вакви закани, истите да ги пријават во најблиската полициска станица или на адресата cybercrime@moi.gov.mk.

пред 7 години

kola-izgorela

(ФОТО и ВИДЕО) Автомобил изгорел на патот Кичево - Охрид , кај Дебрца

Предмалку изгоре автомобил на патот Кичево - Охрид, кај Дебрца. Во текот на денов повеќе информации за причината за несреќата .

Македонија | пред 7 години

Нема фотографија

Отсечени села и непроодни патишта - снегот направи хаос во Македонија

Снежните врнежи го блокираа сообраќајот на повеќе патишта во Македонија кон повисоките населени места, во сила се забрани за камиони преку повеќе планински превои, а движењето на возилата е отежнато и забавено. Ависообраќајот на Меѓународниот аеродорм Скопје досега се одвива проблеми и според информациите од веб страницата, се реализираат полетувањата и слетувањата.– Во скопскиот регион се непроодни патните правци кон повисоките населени места на Скопска Црна Гора, односно селата Брест, Танушевци и Малино во општина Чучер Сандево не се проодни, а тие села немаат и електрична енергија. Во општина Кисела Вода непрооден е патот од Теферич кон Сопиште, покажува извештајот за состојбата на патиштата до 13 часот на Центарот за управување со кризиВо Битолскиот регион, регионалниот патен правец Крушево – Пуста Река не е исчистен, но е прооден за теренски возила со зимска опрема, а во Прилеп сите магистрални и регионални патишта се исчистени и опесочени, проодни за сите моторни возила, освен регионалниот пат за Мариово, кој е од трет преоритет. Регионалниот пат Лагово – Витолиште, моментално е прооден за теренски возила. Во општина Долнени непроодни се патните правци за селата Маргари, Зрзе и манастиорот во село Зрзе. Прооден за сообраќај е и регионалниот патен правец Битола – Ресен – Охрид.Во Охридско, во општина Македонски Брод, регионалните патишта за Кичево, Прилеп и Самоков се проодни, а непроодни се локалните патишта кон повисоките села Дренов, Крапа, Битово, Растеш, Заград, Волче, Ботушје, Бенче, Лупште, Звечан, Инче, Требовље, Брест, Косово, Рамне, Брезница, Могилец, Калуѓерец, Томино село и Сушица. Во општина Струга, непрооден е патот што ги поврзува селата во Малесија од село Присовјани до хидроцентрала Глобочица.Според извештајот на ЦУК, во Велешко, во општините Велес, Градско и Чашка, екипите на Македонија пат, ЈКП Дервен и ГП Изгрев, се на терен и се чисти накај селата Отовица, Сујаклари, Мамутчево, Иванковци, Оризари, Клуковец, Сливник, Раштани и Бузалково. Патните правци кон Горно Јаблчиште и Богомила се тешко проодни. ЈП „Македонија пат“, според ЦУК, е на терен и работи на расчистување.На подрачјето на општините Свети Николе и Лозово патот кон селата Немањици, Ранченци, Мечкуевци и Патетино, како и кон селата Трстеник, Сопот, Преот, Малино, Алакинци и Крушица не се проодни за лесни моторни возила, а се проодни за теренски возила.ЦУК информира дека во кумановскиот регион, во општина Старо Нагоричане единствено регионалниот патен правец кон Србија – Пелинце е прилагоден за движење, додека патните правци кои гравитираат кон селата во козјачијата се тешко проодни. Во општина Липково, тешко проодни се патиштата кои гравитираат кон повисоките села Гошинце, Лукаре и Малино. Регионален пат Ранковце – село Герман е прооден до село Пклиште, а оттаму до село Герман нема усклови за сообраќај. За теренски возила е прооден регионалниот патен правец Крива Паланка – село Огут, додека регионалниот патен правец Крива Паланка – село Луке е прооден во зимски услови. Локалниот пат од село Дурачка река местото викано Метоф кон село Дренак е непрооден.Според извештаите на ЈП „Македонија пат“ и Аавтомотосојузот на Македонија, забрана за движење на тешки товарни возила има на патните правци крак Маврово – Дебар, Гостивар – Кичево, преку планинскиот премин Стража, Кичево – Охрид, преку планинскиот премин Пресека, патот Прилеп – Македонски Брод на планинскиот премин Барбарос како и на патниот праевец Тетово – Попова Шапка, каде забраната важи и за автобуси, а за останатите возила е задолжително користење на зимска опрема (синџири). Од 12:15.часот поради интензивни врнежи од снег се воведува забрана за сообраќај на тешки товарни возила на патниот правец Струга – граничен премин Ќафасан.Управата за хидрометеролошки работи (УХМР) најави дека врнежите од снег од попладне ќе засилуваат, особено во западните и северните делови на Македонија, каде снежната покривка дополнително ќе се зголеми за 10 до 20 сантиметри, а на планините и над 20 сантиметри.

Македонија | пред 7 години

bezdomnik-11

Спасен 32 годишен бездомник - премрзнат однесен на токикологија

Завиткан во бел чаршав, со медицински влечки и чорапи на нозете, но со малку потстоплено срце и душа, 32-годишниот бездомник Робертино утринава излегол од Клиниката за токсикологија, во придружба на медицински брат. Вчера, на минус 10 степени ноќеска останал и без чевли, бос, само по џемперче и тенки панталони, откако некои насилници го натепале и му ги собрале и обувките од под Железничката станица, дознава Плусинфо.– Овој бездомник имал среќа, бидејќи со Брза помош ноќеска бил донесен на Токсикологија и тоа бос и облечен само со лесна облека и бил ептен премрзнат, па ноќта ја поминал на клиника каде го згрижиле. Ние го презедовме утринава пред оваа установа, откако ни се јавија, а момчето беше покриено со чаршав, окрепено и веднаш го пренесовме во пунктот за бездомници во Момин Поток. Среќа голема е што не смрзал на овие ниски температури, му дадовме веднаш чај, храна и лекови – раскажува Драгана Лазаревска, координатор на овој пункт за Плусинфо.Цели шест месеци домот на Робертино е под Железничката станица во Скопје.Целиот текст на plusinfo.mk

Скопје | пред 7 години

49599779_277305376296982_3090305376940195840_n-2

Проверете: Поради снегот во Скопје, повеќе автобуски линии нема да возат

Поради снегот денеска во Скопје повеќе градски и приградски автобуски линии се скратени. Не сообраќаат автобусите до Средно Водно и до Нерези (Македонско село) и приградските линии 64, 74, 80 а и 81.Како што соопшти ЈСП „Скопје“, од приградските линии автобусот со број 58 место до селото Добри Дол сообраќа до општина Сопиште. Автобусите со број 11 и 11а сообраќаат до Дексион рампа, 18 а до црквата во Визбегово, а 32 до Сарај.Автобусот со број 47 сообраќа до крстосницата во село Љубанци, а 47 а до влезот на селото Љуботен. Автобусот со број 51 а сообраќа до мостот во Моране, 53 до селото Катланово, 55 б до крстосницата во Арачиново, а 55 в место до Грушино оди до депонијата.Автобуската линија со број 56 место до селото Бојане сообраќа до патот за Бојане (Расадник), 56а до патот за Копаница (подвозник), 60 место до Матка оди до селото Шишево, 64а место до Никиштани сообраќа до Орман.Автобусот со број 70 место до Батинци сообраќа по новиот пат до Дризла, 71 кој сообраќа до селото Бањани денеска оди по коцката, во двата правци. Автобусот со број 160 сообраќа до селото Шишево, 164 за Кучково не соообраќа, а за Никиштани оди до Орман, 165 не сообраќа само за селото Виниче, 167 не сообраќа само за Страхојадица, а 180 оди до патот за Маркова река.Граѓаните за детален преглед на скратените линии може да ја посетат веб-страниацта на ЈСП „Скопје“.

Скопје | пред 7 години

ljubco_georgievski

Љубчо до ВМРО-ДПМНЕ: Дајте два гласа за Беса да не го условува Заев

Според извори од владејачкото мнозинство, разговорите со Беса до утрината не донеле резултат. Поранешниот лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Љубчо Георгиевски дава совет како да се обезбедат 80 гласови.Поранешниот премиер и лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Љубчо Георгиевски и фрли ракавица на неговата поранешна партија, дајвајќи и јавен совет како да го покаже декларираниот патриотизам, со конкретна одбрана на македонскиот идентитет.„ВМРО-ДПМНЕ мора да стане државотворна партија во овој момент. Еве, јавно ќе дадам еден совет, кој не сум го пратил тајно на никого во ВМРО-ДПМНЕ. Сега имаме уцена од оние двајца пратеници на Беса, за да се избрише придавката „македонско“ (кај државјанството - н.з.). Замислете Заев да е во таква ситуација, да треба да попушти и таа да се избрише, само за да помине Договорот со Грција? И што сега? ВМРО-ДПМНЕ и други патриотски партии ќе бидат среќни со тоа? Јас не би бил среќен. Во овој момент таа ситуација би била еден добар мост за да се каже: 'Еве, вие покажавте дека сте неспособни да организирате 80 пратеници, ние свесно ви даваме двајца, само Македонија да не прави нови отстапки во Договорот со Грција“, јавно и сугерираше Љубчо Георгиевски на ВМРО-ДПМНЕ, во интервју на ТВ „24“.Според него, тоа ќе биде можност за „елегантен влез за премостување на сегашната ситуација, и во односот на ВМРО-ДПМНЕ кон меѓународната заедница, но и во обидот за да се заштити дел од она што се нарекува македонска кауза“. Георгиевски го критикуваше деценискиот период на идеолошка манипулација на граѓаните од страна на Груевски, како и фактот дека не е патриотизам на меѓународни собири со парче хартија да се покрива кратенката ФИРОМ, туку дека треба да се направи нешто тој проблем да се реши.

Македонија | пред 7 години

nikovski-1

Никовски не им се приклучи на демонстрантите, дали за него е веќе доцна за протест?

Еден од најголемите противници на уставните промени и македонски дипломат, Ристо Никовски не е на простестите пред Собранието. Него објактивот на „Скопје1.мк“ го затекна како нервозно шета на плоштадот во Скопје, а потоа пешачеше до населбата Кисела Вода.  Дали Никовски смета дека веќе е доцна за простет?Македонскиот дипломат во јуни минатата година трвдеше дека мали се шансите Договорот со Грција да биде спроведен, односно никој друг освен актуелната власт нема да прифати таков договор во кој Македонците се откажуваат од државјанството.Тогаш Никовски изјави дека „македонско“ ќе се избрише,  оти не може македонско државјанство да излезе од Северна Македонија.„Нашите маки следуваат, а ова ќе биде ужас до крај“, потенцирааше неодамна Никовски.

Скопје | пред 7 години

49853191_2147543871958480_5364183070578573312_n

(ФОТО) Шилегов дежураше и се сликаше, додека ги гледаше скопските сообраќајници

Градоначалникот Шилегов вчера до доцна во ноќта, беше  во ЦУКС (Центар за управување со кризи на Скопје) , каде со екипите на Зимската служба на Град Скопје, на мониторите внимателно ја следеше состојбата на терен.,,Градските сообраќајници се чисти и проодни, а активностите на зимската служба продолжуват и во текот на ноќта“-информираат од Град Скопје.

Македонија | пред 7 години

49751022_349144189232644_6296297222711541760_n

Денес нови врнежи од снег и зголемување на снежната покривка за 20 см

Денес не очекува облачно време со врнежи од снег, повеќе во западните и северните делови. Снежната покривка во овие делови дополнително ќе се зголеми за 10 до 20 см. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Утринската температура на целата територија на државата ќе биде под нула, а на некои места ќе достигне и до -6 степени. Дневната температура во југоисточните делови на земјата ќе се искачи до 3 степени.Во Скопје облачно време со врнежи од снег и температура под нула која ќе се движи од -5 до -1 степен.Од петок до недела времето ќе биде стабилно и суво со ниски утрински температури и со услови за магла по котлините. 

Македонија | пред 7 години

UGTPZ-pat-sneg-kamion

Внимателно возење, забрана за камиони на овие патни правци

Сообраќајот на држвните патишта се одвива по влажни коловози, а на планинските премини со остатоци од кашест снег на коловозот."Забрана за движење на тешки товарни возила има на патните правци крак Маврово - Дебар, Гостивар - Кичево, преку планинскиот премин Стража, Кичево – Охрид, преку планинскиот премин Пресека, планинските премини Ѓавато, и Буково , Струга - граничен премин Ќафасан, патот Прилеп-Мак.Брод на планинскиот премин „Барбарос“ како и на патниот праевец Тетово - Попова Шапка, каде забраната важи и за автобуси, а за останатите возила е задолжително користење на зимска опрема (синџири).Снег врне со променлив интензитет во цела Држава.Поради ниските температури наместа е можна појава на голомразица.На одредени патни правци кои поминуваат низ клисури и усеци можна е појава на поситни одрони", велат од Македонијапат.ЈП Македонијапат апелира на внимателно возење и прилагодување на брзината спрема условите на патот.

Македонија | пред 7 години

49312100_341844103305796_21259723042979840_n

(ФОТО) Охриѓани прашуваат: Дан требит смештај?

Првиот снег во Охрид заврна пред неколку дена, а донесе неизмерна среќа за најмладите. Тие беа креативни и направија интересни фигури од снег.Нивните идеи едноставно ќе ве изненадат. Нашата екипа забележа креативно скривалиште на кое стои натпис “Смештај дан требит”, реченица карактеристичка за овој предел од Македонија за време на летото.Периодов, Охрид може да се пофали и со доста туристи кои го посетуваат градот и уживаат во снежното време.

пред 7 години

49640277_327362577873100_733236632089526272_n

(ВИДЕО+ФОТО) Патот Кичево-Охрид не се гледа од снегот и е целосно небезбеден

Неисчистени улици, завеани патишта, блокирани пристапи до локалните патишта и до селата. Патот Охрид - Кичево е целосно под снег. Тој моментално е во изградба и нема заштитна ограда, а со тоа е и целосно небезбеден. Доколку во лето се случува да излетаат автомобили од патот, сега кога патот е лизгав веројатноста за тоа е уште поголема. Исто така дополнителен проблем за возачите претставува и тоа што патот е неосветлен.https://www.facebook.com/skopje1mk/videos/617033892096580/Слична е ситуацијата и на останатите патишта.Од „Македонија пат” велат дека дежурните екипи се постојано на терен и ги одржуваат сите патни правци во државата.На дел од патиштата како Градско-Прилеп преку планискиот премин Плетвар, крак Маврово-Дебар, Гостивар-Кичево преку планинскиот премин Стража, Струга граничен премин Ќафасан и Тетово-П.Шапка е вклучена забраната за тешки товарни возила, а за останатите возила е потребна зимска опрема. 

Македонија | пред 7 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања