ГЛАВНИ-ВЕСТИ

50058551_294177651273110_9060604505892061184_n

(ФОТО) Во Ѓорче Петров рачно се фрла сол, а улиците се целосно завеани од снег

Неисчистениот снег по улиците им прави проблеми и на возачите  во скопската населба Ѓорче Петров. Улиците се тешко проодни, споредните не се проодни, а возачите мака мачат да стигнат до своите домови.Општината во изминатиов период одвои 800.000 денари за новогодишни календари со логото на општината и икони од светци, но не најде за сходно да обезбеди соодветна механизација за расчистување на снегот. Фотографиите кои го направи „Скопје 1 “ покажуваат на кој начин градоначалникот Александар Наумовски се справува со снежните наноси.Имено, работници рачно фрлаат сол низ улиците за да тие не замрзнат поради ниските температури. Жителите од овој дел на Скопје коментираат дека е ова веќе видена слика и истото се случува во континуитет секоја година.Градоначалникот на Ѓорче Петров, Александар Наумовски со Општината раководи втора година, а минатата година иако улиците не беа исчистени се правдаше дека тоа не е точно туку дека снежните наноси се големи и затоа на улиците има снег, но и дека истите се безбедни за возачите.Неколку возила кои возеа низ улиците на Ѓорче Петров се излизгаа поради немањето решение за решавање на овој проблем. 

Скопје | пред 7 години

50244606_643750546042359_6198213385285271552_n

(ФОТО) Партизанска е лизгалиште за возилата

Иако градоначалникот Шилегов пред почетокот на зимата најави дека Зимската служба на Град Скопје е подготвена, сепак тоа не изгледа така на терен.Сообраќајот во Скопје од утрово се одвива отежнато поради врнежите од снег. Возилата се движат бавно и внимателно поради лизгавите улици. Со исти проблеми се соочуваа и граѓаните кои се движеа по тротоарите.

Скопје | пред 7 години

49599779_277305376296982_3090305376940195840_n-1

(ФОТО) Повторно хаос низ улиците, блокиран центарот на Скопје

Низ центарот во Скопје во моментов скоро невозможно да се оди со автомобил. Тотално блокирано на сите страни. Возачите нервозни свират, но не се подмрдуваат од место.Инаку блокадите се поради протесот на ,,Македонија Блокира”, кои започна попладнево пред Собранието на Република Македонија и се уште трае. Исто така дополнителен проблем во сообраќајот предизвика и снегот кој од утрово започна да вее во Скопје. 

Скопје | пред 7 години

6-2

Неизвесно дали ќе поминат уставните измени - преговорите траат

Договор за обезбедување 2/3 мнозинство за уставните измени се уште нема информираат од крилото на Беса на Касами. Преговорите запнаа кај амандманот на Беса кои бараат да се избрише зборот македонско државјанство и да стои државјани на Северна Македонија, објави Телма.Работните групи на Владата и претставници на Беса се во постојан контакт и незивесно е каков епилог ќе има до почетокот на пленарната седница. Од Независната пратеничка група на ВМРО ДПМНЕ брифираат дека доколку се направат какви било остапки во делот на државјанството тогаш тие нема да дадат подршка на амандманите затоа што токму тоа се смета како придобивка на нашата држава при склучувањето на Договорот од Преспа.Текстот во целост на овој линк.

Македонија | пред 7 години

protest-1

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ се приклучи на протестите, но претходно демонстрантите го обвинија Мицковски дека дошол да се слика

Опозициската партија ВМРО-ДПМНЕ се приклучи на протестот кој околу 12 часот започна пред Собранието на Република Македонија.Демнстрантите побараа од Мицкоски да се обрати пред присутните, но тој ги одби.Тие му рекоа дека дошол само да се слика, го прашаа да не сака црвен тепих.Демонстрантите исто така му му рекоа на Мицкоски декаколку не се обраќа му порачаа да си замин, бидејќи те не се таму за сликање, туку за одбрана на Македонија.  

Скопје | пред 7 години

pisatelka

Да сум јас на место на пратениците, би се убила, рече писателката Жаклина Михајлова

Очигледен е револтот на демонстрантите кои излегоа денеска на протест пред Собранието против уставните измени, објави фокус.мк.Жаклина Михајлова, која е писател, во анкета за медиумите порача дека Македонија е на Македонците.-Не пасе народот трева. Сега е време да се обединиме. Нема слобода под туѓ јарем. Македонија е на Македонците. Да им покажеме на овие велепредавници дека Македонија е наша. Една свеќа запалете за Македонија. Оваа земја е како пиреј. Светот ни се смее нам. Не сум убедена дека лесно ќе поминат уставните измени. Да сум јас на нивно место (политичари), би се убила – рече таа.Драган Угриновски од „Македонија блокира“ им порача на пратениците да се вклучат во протестот.-Пораката е да остане Македонија. Да остане јазикот и нема да дозволиме промена. Сите што сакаат да го сменат тоа во Собранието, не ги сметам за Македонци. Имаме голема поддршка, но власта ги уценува и ги држи дома, во страв. Им порачувам на пратениците да дојдат со нас. Ќе ги слават како херои во некоја друга држава. Ќе вршиме притисок да не успеат измените – рече тој.извор: Фокус.мк

Скопје | пред 7 години

ohrid-sneg-5

Поради снежните врнежи забрана за камиони на повеќе патни правци

Сообраќајот на државните патишта се одвива по наместа влажни коловози, а на планинските превои со остатоци од кашест снег на коловозот.„Забрани за движење на тешки товарни возила има на патниот правци крак Маврово-Дебар, Гостивар-Кичево преку планинскиот премин Стража, Струга граничен премин Ќафасан и Тетово-П.Шапка каде за останатите возила е задолжително користење на зимска опрема (синџири).Од 13:20 часот се воведени забрани за тешки товарни возила на патниот правец,Ресен-Битола преку планискиот премин Ѓавато и Ресен-Охрид преку планинскиот премин Буково.Од 14.15.ч се воведува забрана за тешки товарни возила на патниот правец Кичево-Охрид преку планинскиот премин Пресека.Снег врне со променлив интензитет на цела територија во Републиката.Поради ниските температури наместа е можна појава на голомразица.На одредени патни правци кои поминуваат низ клисури и усеци можна е појава на поситни одрони“, велат од Македонијапат.ЈП Македонијапат апелира на внимателно возење и прилагодување на брзината спрема условите на патот.

Македонија | пред 7 години

bogdanovic-press

Општина Центар ќе си врати 96 милиони денари од „Пелагонија“ од Гостивар, поради оваа фирма општината лани беше блокирана

Општина Центар ќе си врати 96 милиони денари од фирмата „Пелагонија“ од Гостивар поради кои лани летото ѝ беше блокирана сметката, ова го соопшти денеска на пресс конференција градоначалникот на Општина Центар, Саша Богдановиќ.“Со оваа одлука, конечно општината доби правна разрешница на овој предмет, кој минатата година доведе до блокирање на сметката на општината. Врз основа на Решението на Врховниот Суд, АД ‘Пелагонија’ на Општина Центар треба да ѝ го врати целиот износ, односно вкупно 94.482.306 денари. Парите кои ќе бидат вратени назад во општинската каса ќе бидат пресраспределени во програмите за работа на општината. Продолжуваме со расчистување на затекнатите судски пресуди, а во текот на годината очекуваме уште неколку вакви судски одлуки“, изјави градоначалникот Богдановиќ.Поради нејасни, побивани пресуди и недоволно образложени причини за решителни факти, а согласно членот 343 став 2 точка 14 од Законот за парнична постапка, Врховниот Суд на РМ утврди дека АД “Пелагонија“ во предметот поврзан со изградба на катна гаража кај зградата на Нова Македонија, на Општина Центар треба да ѝ ја исплати целосната сума за која беше оштетена општината, во висина од 94.482.306, 00 денари.

Скопје | пред 7 години

46804282_2706308569637663_264683870786420736_n-1

Мицкоски повика на протести

Денес е финалниот акт на еден срамен процес во кој Република Макеоднија е втурната од страна на Зоран Заев и владеачкото мнозинство, во кој до промената на Уставот се доаѓа преку недемокатски пат, изјави лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.„ВМРО-ДПМНЕ нема да учествува во тој процес и нема да даде легитимитет затоа што таквите измени немаат легитимитет од граѓаните. Тие се штетни и оставаат белег врз македонското достоинство и идентитетот. Имаме процес на промена на Уставот преку промена на уставното име, преку пазарење и уцени, а за таа цел има злоупотреба на обвинителството и судството.Кацарска судството и рускоска обвинителството и СЈО се механизмите на власта за пресметка и уценување. На референдум Зоран Заев не доби поддршка за менување на Уставот и името, туку тоа го прави на криминален начин“, изјави Мицкоски.Тој додаде дека останува запишано дека името не го менуваат граѓаните туку 80 пратеници обезбедени преку уцени и закани.„Ќе прашам, европски вредности ли се тоа? Сите оние кои се залажуваат дека на овој начин ќе дојдеме до европска Македонија се лажат. Вака сме се подалеку, бидејќи Европа е вредност и принципи, кои што владеачкото мнозинство ги крши. Оваа Влада спроведува политика која нема легитимитет од граѓаните. Мојата татковина, татковината на граѓаните е Република Македонија, онаа за која мнозинството гласаше на референдум на 8 септември“, вели Мицкоски.Тој додаде дека во ваква ситуација преостанува само отпорот.„Јас ќе го користам демократското право да протестирам и пркосам на се она што се случува денес и следните денови во Собранието. Ве молам да не подлегнувате на провокации, да ни се придружите и да останеме достоинствено, иако државата е окупирана“, изјави Мицкоски.

Македонија | пред 7 години

protest-1

Протест пред Собранието - во одбрана на македонското име, идентитет, историја и традиција

Протест пред Собранието на Република Македонија додека траеше седницата за уставни измени за договорот од Преспа, која е одложена за во 16 часот.Улицата пред Собранието е целосно блокирана, а се забележува и зголемено присуство на полицијата.Протестот како што велат организаторите ќе трае до полноќ.Од „Тврдокорни“ и „Македонија блокира“ истакнуваат дека протестот е за одбрана на македонското име, идентитетот, историјата и традицијата на македонскиот народ и против, како што наведуваат, „најголемото национално предавство“.

Скопје | пред 7 години

ojo-1

ОЈО поднесе обвинителен акт за лице од Турција кое криумчарело накит

Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен акт против едно лице, 27-годишна државјанка на Република Турција поради сторено кривично дело – Криумчарење од член 278 став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик.Обвинетата делото го сторила на 18 декември, околу 20 часот на аеродромот во Скопје, кога избегнувајќи ја царинската контрола пренела непријавена стока-накит од бело злато. Накитот бил со вкупна тежина од 380.50 грама кои имаат вредност од 11.106.000,00 денари.Со оглед на оценката дека се уште постојат околности кои укажуваат на опасност од бегство, како и можност обвинетата да го повтори делото, надлежниот јавен обвинител до судија на претходна постапка од Основниот суд Скопје 1 Скопје достави посебен предлог за продолжување на мерката притвор за обвинетата.​

пред 7 години

sneg-ohrid-za-sajt-1

(ФОТО) Снежен Охрид

Утрово Охриѓани се разбудија во снежен Охрид. Снегот кој започна да врне од запдните делови на земјава, во текот на денов ќе ја зфати целата наша земја. Најавата на метеоролозите е дека снежната покривка во некои места може да достигне и по половина метар.Патноиот правец Охрид - Кичево, каде од утрово од 8 и 55 часот е воведена забрана за движење на тешки товарни возила и на патниот правец Гостивар-Кичево преку планинскиот премин Стража, во двата правци, информира АМСМ.  

Македонија | пред 7 години

siljanovska

Силјановска од ТВ Алфа порача: Не може да се толерира тиранијата на 80-те пратеници

-Наместо според членот 30 од законот за референдум и други форми на лично изјаснување во рок од 60 дена да го усогласат своето дејствување и акти со референдумската одлука, а таа беше значи не успеа референдумот, тоа е јасно. Јас сум шокирана од секојдневното папагалско тврдење на еден портпарол дека законот за референдум не содржел одредба за тоа кога е референдумот успешен или неуспешен. Значи си постои одредба која убаво вели дека за да биде референдумот успешен потребно е мнозинство од излезените, под услов да излегле најмалку 50 проценти, повеќе од половината. Тоа решение оваа коалиција го креираше и таа мораше да го почитува, истакна Универзитетската професорка Гордана Силјановска во гостување во емисијата „Отворено“ на ТВ Алфа.Таа додаде дека не може да се толерира тиранијата на 80-те пратеници, односно како што рече народот не им го пренесува суверенитетот така како што тие мислат, туку им дава императивен мандат со референдумот да ја почитуваат неговата волја.

Македонија | пред 7 години

49337458_343183169847022_3969789124382031872_n

Утрово до -21 степен, погледнете ја временската прогноза за денес

Под влијание на влажен и студен бран, денеска ќе има нови пообилни врнежи од снег, особено во западните делови. Насекаде ќе се формира нова снежна покривка од 10 до 30 см, а на планините позначителна, над 50 см. Заради ниските температури ќе има појава на голомразица. Утринските температури на целата територија ќе бидат под нулата, а во некои делови ќе достигнат и до -21 степен.Во Скопје времето ќе биде облачно со врнежи од снег. Температурата во текот на целиот ден ќе биде под нула и ќе се движи во интервал од -7 до -1 степен.Потоа следува период на стабилно и суво време со ниски утрински температури, а ќе има услови за појава на магла по котлините. 

Македонија | пред 7 години

Sport.Still016

(ВИДЕО) Волшебни снежни ноќи и лавини во Австрија

Снежните лавини во Австрија кои однесоа најмалку дест животи денес беа светска вест. Некои од најпознатите монденски скијачки центри се евакуирани, како што е Обертаурен.Метеоролозите најавуваат дека во некои делови на Австрија деновиве ќе наврнат и нови три метри снег.Снежните врнежи кои траат со денови и се интензивни ги „побелеа“ дури и австриските автопати кои и покрај тоа што постојано се чистат, сепак останаа прекриени со тенок слој снег.Скопје1.мк објавува видео кое го испратија наши читатели, а на кои се гледаат сите волшебства на снежните ноќи низ австриските села и гратчиња кои се протегаат помеѓу бројните светски познати  скијачки центри.Бајковитите пејзажи и магијата на снежните австриски ноќи погледнете ги во видеото: 

Свет | пред 7 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања