ГЛАВНИ-ВЕСТИ

sv-stefan

На трет ден Божик - цркавата го празнува Св. Стефан

На третиот ден од празникот Божик светата православна црква го празнува споменот на светиот архиѓакон и првомаченик Стефан. Тој е наречен првомаченик затоа што тој прв настрадал за Христовата вера.(Именден празнуваат: Стефан, Стефанка, Стефанија, Фанија, Фанка, Стојан, Стојанка, Стојмен, Стоичко...)Стефан бил каменуван зашто проповедал дека во Исус не веруваат само лошите луѓе .Еднаш мноштво Евреи, фарисеи и садукеи се расправале за Исус Христос. Едни тврделе дека е вистински син Божји, други дека е пророк, трети дека е измамник. Тогаш се замешал Стефан кој инспиративно зборувал за Исус Христос напомнувајќи дека во него не веруваат само лошите луѓе. Посрамотените противници што не можеле на Стефан да му се спротивстават со факти веднаш го наклеветиле пред насобраниот народ дека ги навредувал Мојсиевите закони. Разгневениот народ поверувал на лажните обвиненија и на лажните сведоштва. Го изнесле Стефана надвор од градот и го каменувале. Умирајќи тој се молел на Бога за себе си, но и за тие што го убиле. Во претсмртниот час извикал: „Господе, не земај им го ова за грев.“ Народот што го каменувал Стефана му ја соблекол белата облека и му ја дал на едно момче по име Савле да ја чува. Тоа момче, во тоа време жесток противник и прогонувач на христијаните, подоцна со името Павле, станало најголем приврзаник и афирматор на христијанството. Христијаните го зеле телото на Стефана и достојно го погребале во близината на Ерусалим. Култот на св. Стефан е стар колку и самата Христова црква, зашто тој е почитуван исто колку и апостолите. Уште светиот апостол Павле него го нарекува маченик Христов. Култот особено пораснал по наоѓањето на неговите мошти и нивното пренесување во Цариград. Преданието вели дека пренесувањето на моштите на св. Стефан во Цариград било за време на владеењето на Константин Велики и за време на патријархот Митрофан. Животните што ја влечеле колата во кои биле моштите на св. Стефан на едно место одеднаш застанале и со човечки глас рекле: „Зошто нè тепате? Светецот треба да биде поставен овде!“ Царот веднаш на тоа место подигнал црква посветена на првомаченикот.И во црковните песни и проповеди св. Стефан се нарекува: прв, врв на мачеништвото, почеток на мачеништвото, прв во маченичката фаланга итн.Народот го празнува Свети Стефан на третиот ден од празникот Божик. Тогаш се оди на именден кај Стефановци, но сите песни, верувања и обичаи што се изведуваат на овој ден се поврзани со Божик.Тропар.Свети првомаченик и архиѓакон Стефан

Македонија | пред 7 години

sela

Официјално: Заев потклекна пред барањата на албанската опозиција, нови измени во Уставот

Премиерот Зоран Заев на денешната средба со лидерот на Алијансата за Албанците изјави дека го прифатил предлогот на Зијадин Села што се однесува на делот на преамбулата „граѓаните коишто живеат во границите“, посочувајќи дека конечната формулација ќе биде „граѓаните на Македонија, македонскиот народ и дел од албанскиот народ, дел од турскиот народ, дел од влашкиот народ…“, пишува Република.„Кога ја читате преамбулата во моментот стои „граѓаните на Македонија, македонскиот народ, како и граѓаните кои живеат во границите, а се дел од албанскиот народ, дел од турскиот народ и сл.“, така стои во сегашната преамбула. Она што досега е прифатено беше „коишто живеат во границите“. Зборчето „граѓаните“ пред „коишто живеат во границите“ пропуштивме да го тргнеме заради тоа што граѓаните се спомнуваат во почетокот на преамбулата и стои „граѓаните во Македонија, македонскиот народ и граѓаните како дел од албанскиот народ…“, сега е во моментот како што е формулирано, ова второто „граѓани“ се тргнува. Конечната варијанта ќе биде „граѓаните на Македонија, македонскиот народ и дел од албанскиот народ, дел од турскиот народ, дел од влашкиот народ…“ како што е соодветно наведено тоа поприлично ги воедначува граѓаните пред својата татковина – Република Македонија, објасни Заев.Изрази задоволство поради конструктивниот разговор со Села, истакнувајќи дека Алијансата за Албанците со својата определба за НАТО и за ЕУ секако и во делот на сензитивноста кон македонскиот дел од народот во РМ, продолжува во тој дух.„Вториот амандман што всушност е прифатен и од Алијансата за Албанците и од делот на Беса е дискусијата за амандманот 36 или членот 49 каде што буквално во самиот предлог стоеше „за дијаспората на македонскиот народ“ за да биде еднакво водењето на грижата на државата спрема сите граѓани коишто живеат во дијаспората благодарение на нивната дискусија останува да биде како што веќе е прифатено основната нивна дискусија и барање да биде „дијаспората на македонскиот народ и другите заедици коишто живеат во Македонија“, нагласи премиерот.Истакна дека третата работа што е прифатена од страна на Алијансата за Албанците е дополнувањето на Уставниот закон во однос на Косово, односно, каде што покрај четирите соседи се впишува и петтиот сосед којшто е признаен од Република Македонија – Косово.Заев рече дека на средбата било потврдено оти Алијансата за Албанците ќе даде поддршка уставните амандмани и уставниот процес во Собранието, изразувајќи уверување дека истото ќе се случи и со Беса.„Делот на државјанството е нотирано во самиот Уставен законик. Секако ние имаме разбирања за она што значи потребата од етничка определба на граѓаните. Во самиот Уставен законик којшто е предложен од кај нас стои дека „државјанството е македонско/граѓани на Северна Македонија што не имплицира етничка припадност, тоа е граѓанство, тоа е државјанство, тоа не е етничка припадност. Но, ако мислат дека постојат формулации и реченици со коишто што ќе им дадеме право, опција на граѓани да се определат дека се граѓани на Република Северна Македонија тоа се однесува пред се на помалкубројните етнички заедници тоа е вредно за разговори. Јас верувам со Беса и тука ќе се одвиваат самите разговори, потенцираше Заев.Села нагласи дека неговата партија останува на истата позиција за членство на Македонија во ЕУ и НАТО.Ние како Алијанса за Албанците нема да тргнеме раце од нашето барање за албанскиот јазик, за да биде дефиниран како албански јазик, а не како јазик што е различен од некој друг јазик. За овој дел се уште немаме постигнато договор и компромис, истакна Села.Изрази задоволство поради постигнатиот договор околу менувањето на преамбулата што се однесува на „граѓани коишто живеат во границите“.

Македонија | пред 7 години

Tomislav-Tuntev-e1511275814886-780x439

Пратеникот на СДСМ, Томислав Тунтев поднесе оставка

Координаторот на пратеничката група на СДСМ и коалицијата Томислав Тунтев си поднесе оставка, таа ќе биде констатирана на утрешната седница на Собранието, пишува 24.мк.Тунтев се сели во АЦВП, а на негово место во собрансиката фотелја треба да седне Рубин Земон. Новиот координатор на СДСМ се уште не се знае, иако неофицијално се споменува пратеникот Хари Локвенец, но и актуелниот заменик на Тунтев, Јован Митровски. Освен Митровски, втор заменик координатор на владејачката коалиција е пратеничката Соња Мираковска од НСДП.

Македонија | пред 7 години

pozar-elsani-111

Пожар во Охридско Елшани - горат три објекти

Попладнево во Охридското село Елшани избувна пожар. Неофицијално горат три објекти.Противпожарната екипа веќе е на терен. Дознаваме дека теренот е непристапен.Наскоро повеќе.фото: Горан Топал

Македонија | пред 7 години

Zoran_Zaev

Неофицијално: Зaев ќе прифати дел од барањата на албанците

Премиерот Зоран Заев прифатил дел од барањата на Касами, по претходна консултација со пратеници и владата.Нашите извори, неофицијално велат дека станува збор за прифаќање националноста Албанец да влезе во преамбулата на Уставот. Пазарењето со албанската опозиција трае долго. Касами и Села се децидни во врска со овие барања.Иако Касами претходно кажа дека нема да уценуваат, сепак, условена беше нивната поддршка и со помош на ова ќе добијат позитивен одговор на барањата.Беса за амандвамите бара изедначување на македонците и албанците на сите нивоа во државата. Во првиот амндман бара измена во преамбулата на уставот односно македонската и албанската да бидат етничка заедница, да бидат одвоени и на исто ниво, од другите етнички заедници. Воедно бара и официјализирање на албанскиот јазик на цала територија.Вториот амандман е да се избрише 20 % и да се замени со албански јазик.Бесе поднесе и амандман со кој бара во делот на државјанство за албанците да пишува дека се граѓани на Р Севена Македонија, а за македонците да остане македонко државјанство државјани на Р Северна Македонија.Пред помалку од два месеци резултатите на анкетата која ја направи ТВ Телма покажаа дека СДСМ би добила најмногу гласови од албанците, а ВМРО ДПМНЕ од македонците долку утре има избори, со ова практично Заев и СДСМ можат да добијат и поголема подршка од албанскиот блок.Засега овие информации не се потврдени, а попладнево средба треба да одржат премиерот Зоран Заев и лидерот на Аијансата за албанците, Зијадин Села каде што треба да се утврди кои се новите барања од албанскиот блок и дали Заев ќе потклекне и пред нив.

Македонија | пред 7 години

kanal-22

Замрзна и каналот Студенчишта

Ниските температури кои достигнаа и до -17 степени во Охридско струшкиот регион го замрзнаа крајбрежјето на дел од Охридското езеро во Охрид и Струга. Утрово замрзна и дел од каналот Студенчишта кој е природно поврзан со езерото.Птичите барајќи храна, наместо од водата затануваат на дебелите слоеви мраз во водата. Ова аглетка е интересна за случајните минувачи кои застануваат и ја фотографираа оваа несекојдневна глетка.Инаку Охридското Езеро многу ретко замрзнува, но слично беше и пред две години кога исто така имаше многу ниски температури на воздухот кои доведоа до замрзнување на делови од езерото и во Струга и во Охрид.фото: Љупчо Лепи ФБ

Македонија | пред 7 години

kidnaperi

МВР апелира: Не ширете дезинфомации и паника, киднперите на деца кои се вртат по ФБ се во Мексико, не во Македонија

Во претходните неколку денови, поединци, со цел да предизвикаат паника, на социјалната мрежа Фејсбук шират фотографија од две лица кои наводно киднапирале деца во Македонија. Министерството за внатрешни ја известува јавноста дека по извршени проверки е утврдено дека станува збор за случај во Мексико, кој нема никаква врска со Република Македонија. https://voznoticias.wordpress.com/…/supuestos-robachicos-…/…Овие две лица се приведени во Мексико во август 2018 година поради сомнение за киднапирање.https://voznoticias.wordpress.com/2018/08/28/supuestos-robachicos-son-detenidos-en-teotitlan-de-flores-magon/?fbclid=IwAR2W1TqqM3YzeRPlpJuqxYIzXrp0DGz1kkyv7xPA4zb2t4fThucgpsN7O8k

Македонија | пред 7 години

drvo-parea

(ВИДЕО) Од дрво во Годивље се шири пареа

Интересно видео се шири на социјалните мрежи, од дрво се шири пареа.Според коментарите дрвото е на 500 метри над селото Годивље во општина Кривогаштани.За што станува збор ќе дознаеме откако овој прироен феномен ќе се истражи.https://www.facebook.com/100001569130063/videos/2134712196591064/

Македонија | пред 7 години

svetski-kongres-2

Светскиот македонски конгрес, повика на семакедонски протест против промена на името на 9 ти јануари во 12

Светскиот македонски конгрес во повикот пишува:Почитувани браќа и сестри Македонци, Собранието на Македонија на 9 јануари 2019 година со почеток во 12.00 часот ќе ја одржи 75-та седница, со дневен ред “Амандмани 33, 34, 35 и 36 на Уставот на Република Македонија” и “Уставен закон за спроведување на уставните амандмани”, заради имплементација на Спогодбата Димитров-Коѕиас. Со овие амандмани, владата и пратениците треба да го променат името на државата Македонија во држава “Северна Македонија” и да се откажат од Македонците во светот, со што вршат најтешко кривично дело велепредавство, геноцид врз Македонскиот народ и злосторство против човештвото што не застарува! Кога и да е, премиерот, министрите и пратениците кои ќе гласаат за овие амандмани ќе одговараат со доживотен затвор и конфискација на личниот имот и имотот на семејството, дома и во светот. Не постои дупка на земјината топка каде што ќе се скријат пред судот на историјата, народот и правдата!Светскиот Македонски Конгрес повикува на масовен мирен Семакедонски протест пред Собранието на 9 јануари 2019 година со почеток во 12 часот, без говори и бина, со транспаренти и знамиња!Ги повикуваме Претседателот на Републиката и пратениците да се приклучат на мирниот Семакедонски протест пред Собранието на Македонија!Ги повикуваме полицајците, војниците, пожарникарите, резервистите, да се приклучат на мирниот Семакедонски протест пред Собранието на Македонија!Подобро криминалец во затвор, отколку цел живот велепредавник на нацијата и државата!Собранието не смее да ги усвои амандманите за велепредавство на нацијата и државата, со кои Македонија станува територија без народ и историја, под диктат на Атина.Секој полицаец и војник има право и должност секаде и во секое време да ги уапси премиерот, министрите и пратениците кои ќе гласаат за промена на името на државата и идентитетот на нацијата!Кога неправдата станува закон, отпорот е наша должност!Не прашувај што стори татковината за тебе, туку што правиш ти за Македонија!На 9 јануари го повикуваме Претседателот на Републиката да ги спаси државата и нацијата од велепредавството на Владата и Собранието!Пратениците имаат историска одговорност да ги спасат честа и достоинството на Македонскиот народ и државата Македонија пред кои положиле заклетва дека ќе ги бранат и одбранат суверенитетот и интегритетот!Потребно ни е помирување на Македонскиот народ со соседните народи и договори за траен мир и добрососедство на државата Македонија со соседните држави, но врз основниот принцип на меѓународното право на еднаква сувереност што подразбира: заемно почитување и разбирање, соработка со сите по сите прашања од заеднички интерес, немешање во внатрешните работи на суверените држави и реципроцитет во меѓусебните односи! Договорот Заев-Борисов, Спогодбата Димитров-Коѕиас и Тиранската платформа се асиметрични и антимакедонски, спротивни на домашното и меѓународното право, и поради тоа се ништовни!Бараме: оставка на Владата, распуштање на Собранието, нови парламентарни избори, повлекување на уставните амандмани за промена на името, поништување на Спогодбата Димитров-Коѕиас, и безусловно продолжување на членството во Обединетите Нации под државното име Македонија со предлог-резолуција од Претседателот на Републиката до Генералното Собрание!На 9 јануари 2019 година во 12 часот, сите од сите страни, пред Собранието на Македонија!Сите Македонци, по род и државјанство, еден за друг!

Македонија | пред 7 години

hakiran-napad

Хакерскиот напад во Германија го направил 20 годишно момче кое било луто на политичарите

Од Германската канцеларија за Федерана полиција (БКА) денеска соопштуваат дека 20 годишно момче - Германец, е притворен поради кражба на податоци од државниот врв. Момчето на истражните органи им рекло дека делувал самостојно и дека е бесен поради изјавите на политичарите, новинарите и другите јавни личности, и токму поради тоа нивните податоци јавно ги обелоденал.Во врска со неговиот мотив, тој изјавил дека делувал така затоа што му сметале изјавите на политичарите и јавните личности кои бил опфатени во нападот, стои во соопштението.https://twitter.com/WSJ/status/1082592780524969984?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1082592780524969984&ref_url=https%3A%2F%2Fwww.kurir.rs%2Fplaneta%2F3185759%2Fnemacki-drzavni-vrh-hakovao-klinac-20-bio-je-ljut-na-politicare-pa-im-se-pakleno-osvetioСе наведува дека БКА го пребарала станот на осомничениот , а што таму е пронајдено полицијата ќе соопшти на пресс конференција закажана за денеска попладне.За потсетување, со овој хакерски напад обелодените беа приватни пораки на скоро 1000 луѓе, меѓу нив и за државниот врв на Германија, германската канцеларка и германскиот претседател.

Свет | пред 7 години

dzes-bejli12-620x336

Бејли за „Гласот на Америка“ : Договорот од Преспа - најзначаен настан , а според него одговорност треба да има за оние кои го организираа упадот во Собранието

Според Амбасадорот на САД во земјава, Џес Бејли, најзначајниот настан во изминатата 2018 година за Македонија бил Договорот од Преспа . Тој во интервју за „Гласот на Америка“ тој посочува дека сè се сведува на храбро лидерство на двајцата премиери, Зоран Заев и Алексис Ципрас.-Тие покажаа голема храброст, трпеливост, решителност и посветеност на решавањето на долгогодишниот спор. Ние, исто така, видовме храбро лидерство и во Собранието, кога пратениците гласаа за да се започне процесот на уставни измени, тргајќи ги настрана партиските интереси, во потрага по посветла иднина за Македонија и нејзините граѓани. Лидерите во Грција и во Македонија кажуваат дека овој Договор е од нивен суштински национален интерес, тој ќе доведе до безбедност и просперитет, како во двете земји, така и во регионот, истакна амбасадорот Бејли.За законот пак за амнестија , Бејли вели дека бил донесен низ транспарентен и демократски процеси.- Одлуката на Собранието да усвои Закон за амнестија е важна политичка одлука, усвоена низ еден транспарентен и демократски процес, што беше поддржан од големо мнозинство пратеници. На крај, мислам дека тој ќе се оценува според тоа дали успеал да изгради национален консензус потребен за да се реализира желбата на мнозинството граѓани за членство во НАТО и во ЕУ, процес што ќе го зајакне владеењето на правото во земјата – порачува Бејли.Тој додава дека одговорност треба да има за оние кои го организираа упадот во Собранието.-Ние сметаме дека е важно, оние кои ги организираа нападите на 27 април, да бидат земени на одговорност за своите постапки. За време на целиот овој процес, судството мора да остане независно од политички влијанија и слободно да решава за овие случаи врз основа на факти и закони, истакнува Бејли.

Македонија | пред 7 години

vlada

Предлог-програмите за реализација на крупни проекти на речиси сите министерства на 114-та седница на Влада

На првата владина седница во 2019-та година, на дневен ред се Предлог-програми за реализација на крупни проекти на речиси сите министерства.На 114-та седница пред министрите ќе се најде Предлог-програмата за работа на Владата на Република Македонија во 2019-та година.Денеска Владата ќе ја разгледа информацијата за годишна програма за изградба, реконструкција, рехабилитација, одржување и заштита на државните патишта за 2019 година, со Предлог-одлука.Министерството за здравство за денешната седница предлага дваесетина предлог-програми за претстојната година. Дел од нив се Предлог-програма за задолжително здравствено осигурување на државјаните на Република Македонија, за систематски прегледи на учениците и студентите, понатаму Предлог-програма за Здравје за сите, за лекување на ретки болести, за задолжителна имунизација, за трансплантација, за рана детекција на малигни болести, итн.На предлог на Министерството за образование и наука, на дневен ред се Предлог-програмите за изградба и реконструкција на основни и средни училишта, како и Предлог-програмите за остварување и развој на дејноста во ученичкиот и студентскиот стандард за 2019-та година.Владата на 114-та седница ќе одлучува за Предлог-годишната програма за финансирање на железничката инфраструктура за 2019-та година.На предлог на Агенцијата за храна и ветеринарство, дел од владината седница е Предлог-програмата за мониторинг на безбедност на храната во Република Македонија за 2019-та година.Дел од денешната седница се и Предлог-програмата за инвестирање во животната средина за претстојната година, како и Предлог-програмата за печатење и дистрибуција на печатените медиуми за 2019-та година.

Скопје | пред 7 години

Нема фотографија

Поевтинуваат горивата - бензините за 2,5, дизелот за 3 денари

Горивата од ноќеска на полноќ поевтинуваат за 2,5 до три денари по литар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ).Во согласност со методологијата за пресметка на цените, малопродажните цени на горивата се намалуваат во просек за 5.51 проценти. Цените на ЕУРОСУПЕР-95 и ЕУРОСУПЕР-98 се намалуваат за 2.5 денари, па еден литар од овие горива ќе чини 58.50, односно 60.50 денари.Цената на ЕУРОДИЗЕЛ горивото се намалува за 3 денари, и еден литар дизел гориво ќе чини 55 денари.Новите цени стапуваат на сила вечерва на полноќ и ќе важат следните две седмици.

Македонија | пред 7 години

gjoko-tevdovski

Новина и во царинската управа - од годинава царинските декларации ќе се поднесуваат електронски

Годинава сите царински деклариции и акцизни документи ќе се обработуваат електронски, истакна министерот за финансии Драган Тевдовски, Кој денеска беше во посета на Царинската управа. Системот за управување со царински декларации на почетокот на февруари ќе почне да се применува на 11 пилот-проекти царински испостави, а веќе од средината на годината ќе почне да се применува во сите царински испостави во земјава.-На овој начин за фирмите, значително се скратуваат трошоците и се намалува времето. Сите документи ќе се поднесуваат електронски. Наша цел е да автоматизираат процесите и со тоа да им се понудат подобри услуги и на граѓаните и на компаниите – рече министерот за финансии Драган Тевдовски.Во првата половина од годинава ќе биде пуштен и нов терминал на граничниот премин Ќафасан. Проширувањето на царинскиот премин Ќафасан опфаќа нов увозно-извозен царински терминал од 9,5 илјади м2, пристапни патишта, објекти за царинење и други инспекциски органи како и реконструкција на постојните објекти.-Општата цел на проектот e олеснување на прекуграничните постапки и спроведување на законите, што ќе се постигне со реконструкција на објектите за царинење и инспекција, обезбедени подобри услуги за економските оператори и побрз проток на стоката, како и зајакната заштита на државата и општеството – рече директорот на Царинската Управа, Ѓоко Танаскоски.Танаскоски додаде дека минатата година беше пуштен во употреба новиот царински терминал на граничниот премин Табановце, зафат кој овозможува олеснување на прекуграничната трговија долж Коридорот 10 и спроведување на царинските постапки во модерни капацитети.

Скопје | пред 7 години

pismo

Албанец од Скопје на политичарите им порача : Додека вие ја пеете химната на Албанија, јас заминувам

До редакцијата на Скопј Инфо се обратил З.И. албанец од Скопје која сака својата животна приказна да ја сподели со македонската јавност. Открива дека лошата политика на албанските партии била главна причина да замине засекогаш од Македонија.Имам 25 години и по професија сум дипломиран економист. Одлично зборувам македонски и можам гордо да кажам дека завршив финансиски менаџмент на државниот факултет во Скопје, а не во Мала Речици. Јас сум интелектуалец кој што сака да работи и да има кариера во оваа земја исто како сите други Македонци, вели на почетокот на разговорот.Не е ми важно дали ќе работам во банка каде што ќе се говори албански или македонски, мене ми е најважно да земам редовна плата затоа што многу години сум се посветил на образование. Имам инвестирано многу пари во моето образование и верувајте воопшто не ми е важно дали ќе работам во Чаир или во Центар.„Имам многу другари и пријатели македонци или подобро кажано имав. Сега веќе не. Политичките случувања во државава ми ги нарушија односите со сите пријатели македонци. Што ќе ми т.н. албанска платформа? Таа нема да ми даде ниту леб, ниту плата, а нема ниту да ми ги замени пријателите – македонци. Во државата во која живеев мене не ми е премиер некој си албански политичар па тој да создава документи во кој што ќе ја креира мојата иднина. Не, фала му. Мене таква иднина не ми треба“, емотивно додава тој.Тој потенцира дека неговата земја е Република Македонија и како сите други македонци и жители на оваа земја сака тоа да остане така.„За време на студиите преку студентски размени шетав насекаде. Секаде гордо кажував дека сум Македонец од Република Македонија и храбро ги бранев ставовите и политиката на мојата земја. Ги убедував дека македонците се добар народ кој заслужува нови шанси и интеграција во Европската унија. Знам дека се чудите и мислете дека ве лажам, но веувајте јас не се чувствувам како албанец во Македонија, туку јас сум човек што единствено има поинаква вероипсевест од другите граѓани и затоа повторно кажувам, јас сум граѓанин на Република Македонија. Имам пријатели од Србија, Косово, Бугарија. И како да им објаснам сега на тие од Србија дека мојата земја сака да ги обвини за некој си наводен геноцид кој што се случил и со тоа да ја смениме историјата на нашата и нивната држава? – се запрашува тој.Жал ми е драги политичари албанци. Но, јас морам да ви кажам дека немам веќе да чекам вие да се натпрварувате кој е поголем националист и кој повеќе ја сака земјата во која што ниту живее, ниту е роден, а можеби никогаш не ја посетил.А, вие и понатаму продолжете да ја упропастувате Македонија на ваков начин. Каде и да одам ќе кажувам за овој срам и за вашата неодговорност кон сопствената земја и ќе помогнат на секој мој пријател кој засекогаш сака да ја напушти оваа земја.Вие засекогаш ми ја земавте мојата младост. Нека ви служи на чест.Извор: Скопје инфо

Македонија | пред 7 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања