ГЛАВНИ-ВЕСТИ

serkosovoboja

Американскиот ,,Фокс њуз” Србија ја нарече „Серкосовобија“

Во текст на американскиот ,,Фокс њуз” посветен на можниот договор за спорот меѓу Косово и Србија, за кој силно се залага амаериканскиот претседател, Доналд Трамп, се најде ,,новото“ име на Србија, тие Србија ја наекоа „Серкосовобија“.Новинарката, Холи Мекеј наведува дека администрацијата на претседателот Доналд Трамп сака да забележи уште еден надворешнополитички поен со тоа што ќе ги охрабри лидерите на Србија и Косово да потпишат мировен договор на церемонија во Белата куќа, пренесе „Б92“.„Долгогодишниот проблем помеѓу Косово и Серкосовобија неодамна стана интензивен, дотолку што може да предизвика вооружен конфликт“, наведе Мекеј.Таа во текстот, повикувајќи се на неименуван извор, додава дека косовскиот претседател, Хашим Тачи, неодамна бил во посета на Германија, каде што се состанал со американскиот амбасадор во земјата, Ричард Гренел, за да ја разгледаат можност Приштина да ги намали тарифите на производите од Србија, што би довело до намалување на тензиите. 

Свет | пред 7 години

vakcini

Увозникот и дистрибутер на вакцините - „Македонијалек“ се извини: Имавме технички грешки, вакцините се безбедни

По фотографиите кои вртат на социјалните мрежи дека на деќњата им се ставаат вакцини со помина рок, Македонијалек се правда дека се работело за техничка грешка, што ја забележале по извршената внатрешна контрола за проверка на наводите за можно присуство на вакцини на кои им поминал рокот.„Македонија лек“ , која е увозник и дистрибутер на вакцините, се извинија за пропустите.-Кај мал дел од пакувањата се аплицирани старите декларации со датумот од претходниот увоз, односно октомври 2018. Овие пакувања се повлечени за да нема натамошни забуни во јавноста и соодветно ќе бидат заменети, а граѓаните може да бидат сигурни дека сите вакцини се со врвен квалитет и важечки рок. Нашата компанија се извинува за овој пропуст и непријатностите кои биле предизвикани. На вакциналните пунктови се дистрибуирани вакцини од две серии, едната со важност до мај 2019 година, а другата до јули 2019, се наведува во соопштението од компанијата.Во меѓувреме, продолжува вакцинацијата, поради прогласената епидеминија на мали сипаници во Скопје, но и поради забраната за примање на невакцинирани деца во градинка.

Македонија | пред 7 години

almir

Апелација пресече - случајот за 4 годишниот Алмир повторно на судење

Кривичниот совет на Апелацискиот суд Скопје го поништил предметот во случајот на смртта на четиригодишниот кумановец Алмир Алиу и го вратил на повторно судење, потврди за „Порталб.мк“, адвокатот Асмир Алиспахиќ.Адвокатите сè уште не ја знаат причината за укинување на случајот, бидејќи се уште не ја добиле одлуката.– Сè уште ја немаме добиено одлуката од Апелацискиот суд за да видиме зошто судењето е поништено. Бидејќи предметот се враќа во Основниот суд во Куманово, Судот е должен да закаже седница за главната расправа – вели Алиспахиќ за „Порталб.мк“.Според законските одредби, објаснува адвокатот Алиспахиќ, определениот притвор за првообвинетиот, Бобан Илиќ, во моментот кога е укинат случајот, се укинува и притворот за истиот, што значи дека Илиќ ќе се брани во слобода, но ќе има мерки за претпазливост.Во јули 2016 година Алмир, беше прегазен со возило од Илиќ, бидејќи претходно таткото на детето и Илиќ имале банална караница во амбуланта.

пред 7 години

zaev-kasami

Ќе се откаже ли Заев од зборот „македонски народ“од преамбулата и „македонско“ од државјанството , за Касами да гласа за Северна мкд?

Продолжуваат разговорите на Владата со претстваниците од опозициската БЕСА од албанскиот блок за обезбедување двотретинско мнозинство за уставните измени. На денешниот состанок на работната група составена од претставник од Кабинетот на претседателот на Владата, како овластен предлагач на уставните амандмани и на уставниот закон и претставници од раководството и пратениците од „Беса”, треба да бидат разгледани детално предлозите и да се дефинираат конечните позиции.Ова е втора средба со претставници на БЕСА по онаа во петокот на претседателот на опозициската партија, Билал Касами со премиерот Зоран Заев. На таа средба Касами од премиерот Зоран Заев неофицијално побарал бришење на зборот „македонски народ“ од преамбулата и „македонско“ од државјанството (да остане само граѓанин на Северна Македонија), а втор официјален јазик на цела територија на Македонија биде албански.Овие се барања и од претседателот на Движењето за реформи на ДПА, Зијадин Села и истите од двете опозициски албански партии не се нови. Претходно, кога Касами и Села излегоа во јавност со овие барања, премиерот Заев велеше дека нема да дозволи да се шири Пандорината кутија, со тоа, тврдеше дека нема други промени во Уставот освен оние кои се наложуваат со Договорот од Преспа. Касами на пресс-конференција пред неколку месеци, рече дека барањата не се уцена за да гласаат за Устсавни промени, туку реални барања за правата на Албанците.

Скопје | пред 7 години

blace

Лице без документи сакало да влезе во земјава

На 07.01.2019 година во 16,15 часот на Граничниот премин-Долно Блаце на влез во Р.Македонија по извршена царинска контрола во багажниот простор на патничко моторно возило „Mерцедес“ со кумановски регистерски таблици, управувано од А.С.(23) од Куманово, а како сопатник била Р.Л.(19) од Косово било пронајдено едно женско лице без документи. Од извршениот разговор лицето изјавило дека е К.С. (20) од Косово.Лицата биле приведени за понатамошна постапка.

Македонија | пред 7 години

mvr1

МВР: За време на празниците во Скопје - 23 сообраќајни незгоди од кои две со тешки телесни повреди

Во текот на изминатите денови (04, 05, 06 и 07.01.2019 година) на подрачјето на Секторот за внатрешни работи Скопје се случиле вкупно 23 сообраќајни незгоди од кои две со тешки телесни повреди, 11 сообраќaјни незгоди со телесни повреди и 10 со материјална штета. Во сообраќајните незгоди две лица се здобиле со тешки телесни повреди и 17 лица се здобиле со телесни повреди. Од преземените мерки и активности констатирано е дека 139 возачи управувале возила со брзина поголема од дозволената.Од сообраќај се исклучени 69 возачи од кои: 23 возачи затоа што управувале возила под дејство на алкохол, 35 возачи управувале возила без да се стекнат со право за управување на моторно возило и 11 возачи затоа што биле возачи-почетници. Исто така исклучени од сообраќај се и 35 возила бидејќи 34 биле нерегистрирани, а едно возило било технички неисправно.Санкционирани се 15 возачи поради поминување на крстосница на црвено светло, девет возачи поради недавање првенство на минување на пешаци, седум поради неправилно престројување, тројца возачи поради неправилно престигнување, еден возач поради недавање првенство на минување на возила во зона на крстосница, 16 поради непоседување пропишана зимска опрема,, тројца поради неносење сигурносен појас за време на управување на моторно возило и 21 возач поради користење на мобилен телефон при управување на возило.Во однос на пешаците санкциониран е еден пешак поради поминување на коловоз вон пешачки премин и пет пешаци затоа што поминале коловоз на црвено светло. Издадени се 211 мандатни платни налози и 130 возила се подигнати со специјално возило "пајак".

Скопје | пред 7 години

lavina-avstrija

Лавините во Австрија досега одедоа 10 животи, има и исчезнати

Најмалку 10 лица досега го загубија животот во лавини во Австрија, има и исчезнати по кои трагаат спсувачите. Над илјада лица и натаму се отсечени во австриските Алпи. Тамошните медиуми синоќа јавија дека се пронајдени телата на девојката и момче по кои се трагаше од неделата.Според Австриските медиум , поради гоемите лавини и потрагата по исчезнатите е многу опасна.Прогнозите се дека допрва се очекува нова количина на снег каква се гледа еднаш во 10 години.

Свет | пред 7 години

peking-deca

Во Пекинг 20 ученици избодени во основно училиште

Дваесет ученици се избодени со нож во нападот кој маж го изведе денеска во Пекинг, соопштија кинеските власти. Повредените ученици се префрлени во болница, а меѓу нив се и тројца кои се во тешка здравствена состојба, но не се животно загрозени.Мажот, инаку вработен во училиштето утрово е уапсен .Нападот се случил во 11.15 часот по локално време.

Свет | пред 7 години

korca

Српско-црногорската заедница во Албанија бара 7 јануари да биде за државен празник

Српско-црногорската заедница во Албанија,повторно побара од албанските власти 7 јануари Божик да биде прогласен за државен празник. Оваа заедница Христовото раѓање го слави според јулијанскиот календар.-Продолжуваме со напорите овој ден да биде неработен ден за регоните каде што живеат православни Срби, Црногорци и Македонци кои Божик го слават на седми јануари, а зошто да не биде и државен празник. Албанија е земја со многу национални празници, па дури и празници за обични работи, изјави Павло Јанко, претседател на српско-црогорското здружение „Розафа-Морача“.Верниците од српска и црногорска националаност по традиција Хрстовото раѓање го дочекаа во црквата „Св. Троица“ во селото Врака во Голема Малесија, кај Скадар, област населена главно со припадници на овие две етнички заедници.Со свечената литургија чиноначалствуваше отец Предраг Сепановиќ делегиран од Црногорската православна црква.Според здруженито „Розафа-Морача“ во Албаноја, главно во северниот дел, живеат над 40 илјади Срби и Црногорци.

Свет | пред 7 години

bansko-2

Премиерот и сопругата за Божик ги посетија штитениците и вработените во Заводот за заштита и рехабилитација во Банско

Претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев, заедно со сопругата Зорица Заева, денеска по повод празникот Божик ги посетија штитениците и вработените во Заводот за заштита и рехабилитација во Банско.Премиерот Заев, традиционално веќе втора деценија, за новогодишните и божикните празници се дружи со штитениците пренесувајќи им пораки за радост, за поддршка и за подобро утре за секој од нив во рамки на заедничкото општество.Низ разговорот, премиерот Заев потенцираше дека грижата и поддршката од институциите за ранливите индивидуи и заедници е еден од најважните приоритети на Владата на Република Македонија, a унапредувањето на правата за лицата со попреченост особено доаѓа до израз во 2019 година со новиот Закон за социјална заштита.

Македонија | пред 7 години

Нема фотографија

Утрово и до -18 степени, погледнете ги денешните температури

Сончево и студено со мала до умерена облачност. Утрото ќе биде ведро и студено со многу ниски температури, кои во целата земја ќе се спуштат под -10 степени, а во Пелагонија и Малешевијата и до -18 степени. Дневните температури скоро на целата територија на државата ќе бидат под нула.Во Скопје променливо облачно со сончеви периоди и температура од -11 до -1 степен.Под влијание на влажен и студен бран, утре и во четврток ќе има нови пообилни врнежи од снег, особено во западните делови. Потоа следува период на стабилно и суво време повторно со ниски утрински температури, а дневните ќе бидат во благо покачување.

Македонија | пред 7 години

Dzhim-En-Kim

Претседателот на Светска банка ќе поднесе оставка

Џон Јонг Ким, претседателот на Светска банка , ќе поднесе оставка на февруари, три години пред истекот на неговиот мандат кој требаше да трае до 2022 год, соопшти мегународната финансиска институција.Џон Јонг Ким (59) најавил дека одма се приклучува на една фирма и дека е фокусиран на јакнење на инфраструктурата на земјите во развој. Банката не изнела повеќе детали, пренесува Ројтерс.По заминувањето на Ким, должноста претседател привремено ја превзема извршниот директор на Светската банка Кристалина Георгиева.

Свет | пред 7 години

vulin

(ФОТО) Србија по грешка му честираше Божик на починат патријарх

Министерот за одбрана на Србија Александар Вулин, им го честиташе Божик на припадниците на Војската на Србија, на свештениците и монаштвото.Тоа што сите ги изненадили е што Вулин, Божик му честита и на покојниот српски патријарх Павле, наместо на актулениот Иринеј.После 20 тина минути грешкта била збележана , по што истата била и исправена.Според Српските медиуми грешката ја направиле од кабинетот за односи со јавност на министртвото за одбрана, која најпрво ја истратил честитката па покасно и извинувањето.Инаку актуелниот патријарх Иринеј, на чело на СПЦ е устоличен во јануари 2010 год.фото: espreso.rs

Свет | пред 7 години

tesla-1

На денешен ден починал Никола Тесла, еден од најголемите умови на 20 век

Еден од најголемите умови на 20 век, српскиот научник Никола Тесла, починал на денешен ден, на Божик во 1943 год.Починал во сон во хотелската соба во која ги поминал последните 10 години од својот живот. Веста за смртта на Тесла, била објавена два дена покасно, кога било и пронадено неговото тело. Урната со пепелата од Тесла пренесена е од ЊуЈорк во Белград во 1951 год и сеуште е во неговиот музеј.Никола Тесла роден бил во Смилјан, Австро-Унгарија, Србин по потекло, подоцна добива американско државјанство и станува граѓанин на САД. Тесла е најпознат по своите револуционерни откритија во областа на електромагнетизмот кон крајот на XIX и почетокот на XX век. Патентите на Тесла и неговата теориска работа стануваат основа за формирањето на целокупниот систем на наизменичната струја, вклучувајќи го и конструирањето на полифазните системи (поточно трофазните), како и на индукциониот мотор, со кој се претвора во предводник на Втората индустриска револуција.По неговата демонстрација на безжичната комуникација (радиото) во 1893 година и откако е прогласен за неспорен победник во „Војната на струите“, тој станува најпочитуваниот и најголемиот американски и светски научник.Единицата во системот SI за густина на магнетен тек или магнетна индукција (често нарекувана магнетно поле во негова чест е наречена Тесла.Покрај неговата работа во областа на електромагнетизмот и инженерството, генераторите, Тесла остава свој печат и во областа на роботиката, конструирањето на далечинскиот управувач и радарот, како и во развивањето на компјутерската наука, балистиката, нуклеарната и теориската физика. Во 1943 година, Врховниот Суд на САД го прогласи Тесла за единствен пронаоѓач на радиото. Многу од неговите откритија се искористени, дел со примеси на контроверзија, за да поддржат теории во областа на псевдонауките, НЛО потрагите, како и на полето на окултизмот. Современите проучувачи на ликот и делото на Тесла го нарекуваат "човекот што го измисли дваесеттиот век"и "светецот-заштитник на модерниот електрицитет.Иако бил номиниран за Нобелова награда, никогаш не го добил ова големо признание.Тесла се почитува и слави и во Хрватска и во Србија, а исто така и во неговиот трет дом - САД.Тесла ги пронашол уште и „Зракот на смртта“, Најозлогласениот пронајдок на Никола Тесла постоел само теоретски. Тесла во 1930-те тврдел дека измислил направа со која може да се создаде силен енергетски зрак кој може да се насочи кон непријателските авиони и возила. Т.н. „зрак на смртта“ никогаш не бил конструиран, иако Тесла ги прикажал плановите за уредот на разни воени организации во САД.Бежична енергија - За време на Светскиот Експо во Чикаго во 1983, Тесла го демонстрирал бежичното пренесување на електрицитет, запалувајќи серија фосфорни светилки во процесот кој тој го нарекол електродинамична индукција. Тесла теоретизирал дека таа технологија би овозможила да се спроведува енергија на голема оддалеченост во атмосферата, снабдувајќи ги далечните краишта со електрицитет.Машина за земјотрес - Во 1893, Тесла патентирал електричен генератор на парен погон наречен осцилатор. Подоцна Тесла тврдел дека една верзија на осцилаторот е достаточно моќна да предизвикува земјотреси. Подоцна тврдел дека со помош на тој осцилатор предизвикал земјотрес во Њујорк во 1098 година, кој во популарната култура останал запомнет како Теслин земјотрес. Тесла тврдел дека ја уништил машината, а своите помошници ги натерал да се заколнат дека ќе молчат.Наизменична струја - Најзначајниот пронајдок на Тесла бил моторот и преносниот систем на наизменична струја. Методот на пренос на електрична струја бил демонстриран во 1893 година во Чикаго, со кој се спротивставил на Томас Едисон и неговите бизнис партнери, кои ја поддржувале еднонасочната струја, што предизвикало војна на препукувања помеѓу двајцата пронаоѓачи, во која победил концептот на Никола Тесла, и денес наизменичната струја ги снабдува домовите со енергија.Далечински управувач - Тесла учествувал и во првите истражувања на радио пренос кои резултирале со пронаоѓањето на првото бродче на далечинско управување, демонстрирано во 1890 година. Со помош на неколку батерии, прекинувачите управувани со радиосигнали управувале со контролите и моторот на бродчето. Со овој свој пронајдок, Тесла ја најавил иднината со роботи кои ќе работат за луѓето.Х-зраци - Иако германскиот физичар Вилхелм Рентген се смета за пронаоѓач на Х-зраците, наречени според него и рентгенски зраци, Тесла експериментирал со овој концепт отприлика во исто време како и тој.

Магазин | пред 7 години

pistol-vperen

Наместо да се расчистат, му извадил пиштол

Триесет и осумгодишен жител на селото Росоман во полицијата во Кавадарци во вечерните часови на 06 јануари пријавил дека истиот ден бил физички нападнат во викендичка во селото која е во сопственост на скопјанец.Според неговата изјава во полицијата, околу 18:00 часот бил повикан од скопјанецот да дојде во неговата викендичка во Росоман за да расчистат меѓусебни должничко-доверителски односи.Според билтенот на МВР:На 06.01.2019 година во 23,00 часот во Полициската станица Кавадарци А.В. (38) од село Росоман пријавил дека истиот ден, околу 18,00 часот бил повикан од С.К. од Скопје да дојде во неговата викендичка во Росоман за да расчистат меѓусебни должничко- доверителски односи. Кога стигнал таму, заедно со С.К. било уште едно лице од Скопје, негов пријател. Пред да му ги даде парите С.К., според пријавителот, го повикал и Б.П. од Росоман, кој откако дошол веднаш почнал да се расправа со пријавителот и физички го нападнал. Во моментот кога пријавителот го напуштил објектот, според него, С.К. испукал два пати со пиштол, но никој не бил погоден. На А.В. му е укажана лекарска помош во Општата болница Кавадарци и е пуштен на домашно лекување. С.К. е приведен во полициска станица и се работи на целосно расчистување на случајот.

Македонија | пред 7 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања