ГЛАВНИ-ВЕСТИ

mraz-ovosje

Студот ги уништува овошните насади - зошто не се осигуруваат?

Ниски утрински температури под нулата може да ги уништат насадите од цреши, јаболка, кајсии, ореви и лозови насади. Сопствениците на овоштарници коментираат дека и покрај преземените мерки за заштита сепак доколку потрае стиденото време штетите ќе бидат големи.Иако во вакви случаеви најдобра заштита е осигурувањето на земјоделските површини од елементарни непогоди, сепак мал е бројот на земјоделци кои ги осигуруваат површините што ги обработуваат. Причината за тоа тие ја гледаат во осигурителните компании кои не сакаат да вршат осигурување од мраз и дека основицата на осигурувањето е превисока.Слична беше сликата и минатата година кога во истиот овој период мразот предизвика големи штети на овошките и лозовите насади во охридскиот регион.Засега студот не се очекува да предизвика проблеми кај житните култури. Како што велат агрономите на есенските житни посеви евентуална снежна покривка им е повеќе од потребна. .

Македонија | пред 7 години

vucic-putin-696x419

Орденот „Свети Александар Невски“ Путин ќе му го додели на Александар Вучиќ

Српскиот претседател Александар Вучиќ е одликуван со орденот Александар Невски, објави денеска пресс службата на Рускиот претседател, Владимир Путин.Претседателот Путин денеска потпишал декрет за доделување на орденот.– Александар Вучиќ се наградува за голем личен придонес во мултилатерната соработка со Руската Федерација, се наведува во соопштението на Кремљ.Ова е најзначајното признание кое, по речиси сто години, му се доделува на Србин.Орден „Свети Александар Невски“ имаат добиено и Милан Обреновиќ и Александар Караѓорѓевиќ, а последен пат му е доделен на Никола Пашиќ, кој ја водеше земјата за време на Балканските војни и во Првата светска војна.

Свет | пред 7 години

eksplozija-gasa-u-rusiji-5-830x0

Чудо за Божик: Од кома се разбуди бебето кое 35 часа беше под рушевини на -17 степени

Малиот Вања Фокин, десетмесечното бебенце кое во рушевините на зграда во Русија беше затрупано, околу 35 часа, се разбуди од кома и тоа на Божик.Руската министерка за здравје исјави дека Вања е добро. Бебето ги отворило очињата и прозборело што значи дека за среќа нема компликации.Малиот Вања преживеа експлозија на зграда и беше затрупан на -17 степени.Инаку несрќата се случи поради експлозија на гас, се руши зграда во Русија. Според податоците од Министерството за вонредни ситуации на Русија уништени се 26 станови во кои живееле 46 лица. Спасувачите предупредуваат дека се уште постои опасност од рушење и на други делови од зградата.Снимкава покажува како Вања беше извлечен од под рушевините.

Свет | пред 7 години

senator-pozar1

Пожар во казино во центарот на Скопје

Спој во електричната инсталација, причина за пожар во казино во центарот на Скопје. Спојот се случил во моментите кога слот апаратите биле вклучени, јавува Сител.Од пламенот биле зафатени биле два монитори од слот апаратите кои биле поставени во казиното.Со две противпожарни возила и 5 пожарникари во гасењето на пожарот интервенирале од противпожарната бригада на Град Скопје. Констатирана е мала материјална штета.

Скопје | пред 7 години

Нема фотографија

Шок за православните верници: Патријархот Вартоломеј го потпишал документот од кој сите стравуваа

Само ден пред Божик, Цариградскиот патријарх Вартоломеј го потпиша декретот со кој се дава автокефалност на Украинската црква. Со ова тој го означи нејзиното отцепување од Руската православна црква.Патријарховиот указ, познат како Томос, му е предаден на митрополитот Епифани, кој е на чело на оваа црква.Денес на Божик во Киев, главниот град на Украина, поради ова ќе биде одржана голема прослава.Цариградскиот патријарх кој го сметаат „прв меѓу еднаквите“, во православниот свет, истакна дека Украинците 7 века го чекале овој момент, и дека сега конечно можат да уживаат во овој подарок.Томосот е потпишан во присуство на украинскиот претседател Порошенко и митролопитот Епифанија, кои за овој чин допатуваа во Истанбул.Порошенко, кој на власт дојде после пучот во 2014 год, започна да бара независност на Украинската Црква уште во својата предизборна кампања.Руската православна црква овој чин и отцепување го нарече „незаконско по канонските закони“со предупредување дека ова би можело да има разорен ефект помеѓу вековните врски на Москва и Киев.Одлуката на Вартоломеј ја оспоруваат други праволавни цркви.

Свет | пред 7 години

ambasada

Анархистите Рубикон ја обоија Американската амбасада во Атина - притворени осум лица

Грчката полиција притвори осум лица поради сомневање дека ноќеска фрлиле канта со црвена боја на влезот на паркингот на Американската амбасада во Атина.Според полицијата десетина лица на мотори, ноќеска околу 3 часот и 30 минути по локално време, фрлиле црвена боја, а за инцидентот одговорност презела анархистичката група Рубикон.Според нив пак, инцидентот го направиле поради „американскиот империјализам“ и договорот на Грција со Македонија во замена за членството на Македонија во НАТО, како и поради неодамнешната американска одлука да се повлече војската од Сирија.Анархистите Рубикон слични инциденти организираа и претходно.фото: 1тв

Свет | пред 7 години

ivanov-bozik

Иванов: „Да се потсетиме дека треба да го сакаме, почитуваме и чуваме тоа што го имаме“

„Празниците не се само за празнување, туку и за потсетување, да не потсетат на сето она што ни овозможило да опстојуваме низ вековите, да не потсетуваат дека треба да го сакаме, почитуваме и чуваме тоа што го имаме, а не тоа што го немаме, затоа да си ја чуваме, почитуваме и сакаме Република Македонија“, иатакна претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов.Претседателот со семејството утрово присуствуваше на архиерејската литургија по повод Божик во Соборниот храм „Св. Климент Охридски" во Скопје.

Македонија | пред 7 години

bozik

Христос се роди! Честит Божик

Со свети архиерејски литургии утрово започна славењето на големиот православен празник Рождество Христово – Божик.Православните верници не само што ја продолжуваат преку 20 вековната традиција на една од првите нации кои се со верата на Христос, туку уште еднаш со радост го слават спасоносниот настан – доаѓањето на Бога како човек на земјата.Во сите храмови на Македонската православна црква изутринава се одржуваат божиќни литургии. Централното одбележување е во Соборниот храм „Свети Климент Охридски“ во Скопје, каде што архиепископот охридски и македонски г.г. Стефан ќе богослужи литургија на Св.Василиј Велики.По повод Божиќ, архиепископот охридски и македонски г.г. Стефан заедно со Светиот архиерејски синод на Македонската православна црква-Охридска архиепископија, до свештенослужителите, монаштвото и до сите верници, упатија Божиќно послание во кое им пожелуваат мир и благослов од Бога, поздравувајќи ги со величествениот поздрав – Христос се роди!Божик е празник кој се слави во спомен на раѓањето на Господ Исус Христос. Со Христовото раѓање се смета и почетокот на новата ера. Светлината и гласот на ангелите се првите вести кои ги виделе и слушнале пастирите за раѓањето на Спасителот. Во црквата овој празник почнал да се празнува кон крајот на третиот век.

Македонија | пред 7 години

ezero

Студено божиќно утро- замрзна дел од Охридското Езеро

Ниските температури кои ја зафатија земјава, придонесоа да се замрзнат и краевите од водата на Охридското езеро, на самиот кеј. Фотографијата е направена пред каналот Студенчишта на самиот кеј, делот кај трската каде што се мрести крапот.Во моментов во Охрид температурата е -4 степени.Сепак ова не е прв пат да се замрзни водата на кејот, на охриѓани многу свежи им се сеќавањата од овој период 2017 год, кога голем дел кејот беше замрзнат.

Македонија | пред 7 години

Turska

Брод кој пловел под панамско знаме потона во близина на турскиот брег, се трага по патниците

Брод кој пловел под панамско знаме потона во близина на градот Самсун во Турција. Според Министерството за внатрешни работи на Турција, започната е операција за спасување, откако бродот упатил сигнал за помош.Според Министерството за внатрешни работи на Турција, започната е операција за спасување, откако бродот упатил сигнал за помош.До моментов спасени се најмалку четири члена на екипажот, по останатите трагаат тимовите за спасување.Засега не е познато колку членови на екипажот биле на бродот, ниту, пак, причината за несреќата.

Свет | пред 7 години

49343485_234656194113582_8744810236520431616_n

Од утре нов студен бран, во среда силни врнежи од снег

Денес не очекува променливо облачно и студено време, претпладне со слаб локален снег претежно на северот и во западните делови. Ќе дува умерен до засилен северозападен ветер најизразен во северните делови, а на југоистокот ќе биде со почести сончеви периоди. Минималната темепратура на целата територија на државата ќе се спушти под нулата, а во некои делови ќе достигне и до -16 степени.Во Скопје времето ќе биде облачно, а претпладе се очекуваат врнежи од снег.Во наредните денови ќе преовладува променливо облачно и студено време со максимални дневни температури под или околу нулата. Утринските температури ќе бидат многу ниски, а најстудено се очекува да биде во вторник наутро кога речиси во целата земја температурата ќе се спушти под -10, а на повеќе места и под –15 степени. Нови пообилни врнежи од снег се очекуваат во среда преку денот, но наутро ќе е студено.

Македонија | пред 7 години

cvet-Bora

(ФОТО) Во Сибир процвета дрвото БОРА кое расцветува еднаш на 100 години

Дрвото Бора расцвета пред две години.  Значајно за ова дрво е тоа што жарко црвените цветови од ова дрво можат да се видат еднаш во 100 години.Уживајте ...https://www.facebook.com/permalink.php?story_fbid=1842062669387204&id=100007504658278

Магазин | пред 7 години

gGJvC-

Груевски за „Инфомакс“: Заев да може би ме удавил во капка вода, а не пак да ми помогнат да ја напуштам земјата!

Новинар на „Инфомакс“ имал подолг разговор со лице блиско до Никола Груевски, кое неодамна беше во Будимпешта каде неколку дена се дружеше со човекот кому Унгарија му додели политички aзил, заради политички пpoгoн.Нашиот соговорник ни кажа, пишува Инфомакс , дека сака да остане анонимен за јавноста и неговото име да не се објавува, бидејќи како што рече не сака да се соочи со пpoблеми на работното место. Ова е време, додаде тој, во кое за видување со Груевски во држава во која тој е слободен граѓанин и заштитен како политички пpoгoнувaнo лице во Македонија, веднаш добиваш некаква кaзнa. Тоа ни го аргументираше со фактот што двете лица кои беа неодамна фотографирани со Груевски се веќе прераспределени, односно, уназадени на нивните работни места, а се бараат начини од нивното раководство како целосно да се избркаат од работа или да им се фингира некаква местенка по која пocурoво би се кaзнилe.За Алекдандар Трајковски кој беше фотографиран на улица со Груевски во Будимпешта, вели не само што е уназаден туку е ставен да работи како магационер во гаража под Вардар, каде нема ниту еден прозорец, иако истиот има здравствени проблеми. Слушнал дека и другото лице кое беше снимано во ресторант со Груевски во Будимпешта веќе е сериозно уназадено со сериозни економски ефекти, односно многу пониска плата.Нашиот соговорник кој бил, пред сѐ, на средби со некои унгарски компании се вратил со позитивни импресии од Унгарија. Цените се многу слични како во Македонија, храната можеби е и поевтина бидејќи унгарската влада многу субвенционира во тој дел. Има огромен број странци кои постојано живеат и работат во градот и околу 5 милиони туристи годишно во градот. Сето тоа ги прави единствено цените на недвижностите да се поскапи од Македонија, заради големата побарувачка како за изнајмување така и за купување.Изворот за Инфомакс, посочува дека Никола Груевски во Будимпешта е сместен кај пријатели и дека е таму како нивен гостин. Тој само во првите два-три дена бил во хотел, по што на нивен предлог се преместил кај нив. Тој се уште не знаел до кога ќе остане таму каде сега што е сместен во моментов. Разгледал неколку апартмани кои се изнајмуваат, но засега Груевски бил задоволен од моменталниот престој, а пријателите го убедувале да остане што подолго таму каде што е сега.Исто така нашиот извор не информираше дека низ разговорите со Груевски констатирал дека екс-премиерот запознал доста нови пријатели – Унгарци но и странци кои подолго престојуваат во Будимпешта. Имал чести контакти со повеќе европски политичари надвор од Унгарија, кои го подржуваат и со кои разговара околу состојбите во Македонија и иднината на земјата.Исто така за оркестрираната кампања против него, Груевски го навел и примерот за тоа дека, иако свесни дека не е така, поголем број негови политички противници говорат дека тој избегал од правдата.„Од каква правда сум избегал кога никогаш не сум отсуствувал од рочиште во суд, заминав кога судот ги погази сите можни принципи и закони и ми упати покана за 2 годишен затвор за нешто каде воопшто немам никаков прекршок, па по добивање на информации според кои се подготвува моја ликвидација во затворот решив да заминам за да привремено да се засолнам“ – коментирал Груевски.Нашиот соговорник вели дека често се случува а особено персоналот во кафулињата и хотелските кафетерии да го препознаваат и му се обраќаа со ,,г-дине Груевски,, иако не им се претставил или прв пат е таму. Ова затоа што не само што Груевски долго беше премиер, туку и затоа што неколку недели во ноември и декември тој беше топ тема, главна вест во унгарските медиуми и предмет на остра полемика меѓу опозицијата и власта. Инаку, на последните избори во април 2018 партијата ФИДЕС на Премиерот Орбан освои повеќе од 2/3 пратеници во парламентот. Опозицијата има подршка од околу 20 осто од гласачите.Интересно е што Груевски во минатото како премиер имал официјални средби и со сегашниот но и со поранешниот премиер на Унгарија од левицата.За наводниот возач од видеото објавено на порталите од неодамна,Груевски кажал дека всушност повикал пријател со возило за полесно да замине кога забележал дека околу ресторантот се насобрале новинари, камермани и фоторепортери, за кои Груевски веќе подолг период има пракса да не дава изјави кога ненајавено го пресретнуваат, туку само кога ќе закаже средба со нив.Од престојот и разговорите со Груевски нашиот извор забележал дека многу често, по неколку дена во неделата има посети од пријатели од Скопје, кои делумно со возила а делумно со евтините летови на Визер, чија повратна авионска карта е само околу 1200 денари оделе во Будимпешта да се сретнат со Груевски.Груевски му се пожалил дека понекогаш имало денови кога доаѓаат и по две или три различни групи пријатели во ист ден, па се чуствувал непријатно бидејќи морал да го подели времето и иако сите допатувале заради него неможел да биде со нив доволно долго за со тоа да изрази почит кон нив за нивното доаѓање на далечина од околу 1000 км од Скопје.Тој разработувал планови за негова работа таму во иднина. Имал највисок степен на политички азил, лична карта за странци и унгарски пасош за лица со статус на азил. Многу негови пријатели од Македонија и дијаспората, му понудиле финасиска помош, но засега не прифатил бидејќи заради престојот кај пријатели имал многу мали и незначителни трошоци во Будимпешта.Ги следел медиумите и политиката во Македонија и со загриженост говорел за она што се случува во Македонија , за договорот од Преспа, за чија содржина кажал дека е целосно во грчка корист, за политичките прогони и апсења, за контролата на власта врз судството и обвинителството, за лошите економски политики и ситуација, начинот на кој се менува името и уставот, внесениот страв кај граѓаните од власта, растечкиот криминал и корупција на актуелната власт.На крајот соговорникот на Инфомакс кој неодамна престојуваше неколку дена во унгарската метропола, ни кажа дека Груевски е во одлична здравствена, физичка и психичка кондиција, многу стабилен и со јасна мисла и визија и многу интересен соговорник кого со сигурност повторно ќе го посети во Будимпешта.извор: Инфомакс.мк (целиот текст може да го погледнете Тука)

Македонија | пред 7 години

svadba-kral

Се ожени со руска мисица и се откажа од кралството - Малезискиот крал абдицираше

Малезискиот крал Мухамед Петти денеска абдицираше, што е првпат монарх во оваа земја да се повлече од тронот пред истекот на петгодишниот мандат. Кралската абдикација стапува на сила веднаш, соопшти Националната палата.Кралската иднина била предмет на шпекулации во јавноста недели наназад, откако тој во месец ноември зел „боловање“.На должност требало да се врати на почетокот на оваа недела, но наместо тоа, од палатата пристигна соопштение дека кралот абдицира.Малезија е монархија со многу необичен систем на избор на крал. Тој се бира на пет години, а изборот се прави помеѓу 9 мина малезиски владетели и тоа на база на ротација.Мухамед Петти е прв монарх кој што абдицира откако оваа муслиманска земја добила независност од Велика Британија во 1957 год.Кралот сепак останува влдетел во својата земја каде што е султан.За време на своето „медицинско боловање“, Мухамед Петти, се оженил со убавицата Оксана, кој бил Мисс на Москва во 2015 год.

Свет | пред 7 години

ubistvo-zadar

Ја убил својата сестра, нејзиниот син и уште една жена, па се самоубил

Во градот Шукошан, во бизина н Задар, денеска се случило тројно убиство и на крај мртов е пронајден и убиецот.Маж со ладно оружје ја убил својата сестра, нејзиниот постар син и уште една жена, која живеела со нив во куќата, неофицијално свекрвата.Полицијата го барала убиецот мислејќи дека е во бегство, но набрзо го нашла мртов во близина на местото на убиството. Како што пренесуваат локалните медиуми, тој сам си го одзел животот.Неофицијално причина за овие убиства се нерасчистени имотно - правни односи. Убиството се случило денеска околу 07:00 часот , но за настанот се разбрало дури попладнево.

Свет | пред 7 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања