ГЛАВНИ-ВЕСТИ

kazani

(ФОТО) Eдно лице почина во сообраќајката на патот Ресен-Битола

Во тешката сообраќајна несреќа на патниот правец Ресен - Битола, помеѓу патничко моторно возило Сеат кордоба со прилепски регистарски таблички и Пасат со ресенски регистарски таблички, животот го загуби едно лице.До несреќата дошло при судир кај местото викано Кажани, најверојатно поради претекнување на полна лента.

Македонија | пред 7 години

kazani

(ФОТО) Сообраќајка на патот Ресен-Битола: Маж, жена и деца тешко повредени

Пред малку се случи тешка сообраќајна несреќа на патниот правец Ресен - Битола, помеѓу патничко моторно возило Сеат кордоба со прилепски регистарски таблички и Пасат со ресенски регистарски таблички.Дознаваме дека четворицата патници кои биле во Пасатот - маж, жена и два деца се повредени, додека во кордобата возачот е со потешки повреди.Несреќата се случила на местото викако Казани. Неофицијално Кордобата претекнувала на полна линија.Сообраќајот е во прекин. Се уште нема пристигнато полиција.

Македонија | пред 7 години

misel-2

(ВИДЕО) Хуманоста треба да ја имаш во душата, семејството на адвокатот Наумоски израдува 20 тина охридски семејства

„Сите треба да го почуствуваат празникот, Божик е голем празник. Душа ме боли кога гледам дека има семејства кои неможат да си дозволат ништо за овој ден“, раскажува познатиот адвокат Мишел Наумоски, кој традиционално и годинава се сети на помалку имотните.Хуманоста не се стекнува, треба да ја имаш од раѓање. Семејството Наумоски се едни од охридските семејства кои традиционално пред Божик, а во чест на нивната слава Св. Наум која се слави ден пред Бадник помагаат онаму каде што треба.Денеска поделија ваучери на 20 тина семејства. Адвокатот вели дека се обраќаат во црквата од каде добиваат список на семејства на кои им е итно потребна помош.„Помагаме онолку колку можеме, дај боже со оваа наша инцијатива, да потикнеме и други да се влучат во вакви акции“, вели адвокатот Наумоски.

Македонија | пред 7 години

oro-bugarija

(ВИДЕО) Различни обичаи за Бадник - Во Бугарија се заигра оро во замрзната река

Илјадници православни верници во Бугарија денес пливаат во ладните реки и езера по чесниот крст, пренесува агенцијата „Тајуг“. Облечени во свечена облека со традиционален вез во Бугарија од рано утрово се слави Богојавление или по тамошно Јордановден.Традиционаното „машко оро“ со тапани и песни се играше во студените и замрзнати води на реката Тунџа во Калофер Ова орово Калофер е уникатно и се игра само во градот повеќе од 100 години.

Свет | пред 7 години

Нема фотографија

Во Охрид жена нападната од домашни кучиња на сограѓанин, нападнат и тој што и помогнал

Кучиња на охриѓанец тешко повредиле жена, а потоа и човек кој сакал да ѝ помогне.На улицата „7 ноември“ во Охрид, во попладневните часови на 05 јануари, 53-годишна охриѓанка била нападната од кучиња во сопственост на 38-годишен сограѓанин.„Притоа, друго лице се обидело да и помогне на жената, но и тоа било нападнато. Двете лица се здобиле со тешки телесни повреди и се пренесени во Општата болница во Охрид“ изјави портапролот на СВР Стефан Димоски.По целосно документирање на случајот, СВР Охрид против сопственикот на кучињата кои биле од силна раса која може да биде исклучително опасна доколку агресивно се одгледува, ќе поднесе соодветна пријава.

Македонија | пред 7 години

pentagon

Трета оставка на висок функционер во Пентагон

Кевин Свини, шеф на персоналот на Пентагон, поднесе оставка само неколку недели откако од функцијата се повлече министерот за одбрана, Џим Матис.“По две години во Пентагон, решив дека е вистинско време да се вратам на приватниот сектор”, вели Свини, кој стапи на функцијата во јануари 2017 година.Американските медиуми објавуваат дека оставката на министерот Матис следуваше по ненадејната одлука на претседателот на САД, Доналд Трамп, да ги повлече сите војници од Сирија, како и половина од 14-тте илјади војници распоредени во Авганистан.

Свет | пред 7 години

Georgievski

Божикна честитка од в.д градоначалникот на Охрид Георгиески

По повод големиот христијански празник Раѓањето Христово – Божиќ, в.д. градоначалникот Константин Георгиески до граѓаните од православна вероисповед упати честитка со желби, за добро здравје, лична среќа, радост и бериќет и празнувањето да го поминат во весела атмосфера.- Со сета своја големина и духовност што овој празник ги носи со себе, е како потсетник на христијанските вредности, на Божјите дела и човекољубието. Токму затоа, да ги отвориме нашите порти за светлината која ја носи овој голем христијански празник. Да бидеме верници и да правиме добри дела. Да се почитуваме меѓусебно и заедно да работиме за подобар град. Божиќ е празник на љубовта, на надежта и семејните вредности. Тоа е празник на радоста и достоинството. Да го празнуваме заедништвото со Бога и да се помолиме и во иднина Бог да биде со нас, со нашите верници и со нашите семејства. Нека христовата светлина ги осветли Вашите домови. Нека е за многу години големиот христијански празник – Божиќ.Христос се роди!

Македонија | пред 7 години

Badnik1

Коледарчињата традиционално и во домот на претседателот Иванов

На Бадник, во пресрет на големиот христијански празник Божиќ, денеска домот на претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов, го посетија децата од Центарот за едукација на македонски фолклор „МИТЕВИ" од Скопје, кои ја донесоа Божиќната литија и со песната „Вечниот Бог" го најавија Христовото раѓањеСопругата на македонскиот претседател, г-ѓа Маја Иванова, од името на семејството Иванови на сите православни христијани им посака да имаат благословена, тивка и света бадникова вечер.[caption id="attachment_19242" align="alignnone" width="640"]  [/caption]„Една голема мудрост вели дека секој од нас има лице од кое што треба да дава насмевки. Има усна од која што треба да изговори добри зборови, да прави добри дела и очи да ги види добрите работи кај луѓето околу нас. Или, како што рекол Св. Климент, веќе не само за овие празници, туку и секој ден треба да шириме насмевки, да кажуваме добри зборови, да правиме добри дела. Да се натпреваруваме во добрина" истакна г-ѓа Иванова и додаде дека честитајќи го Божиќ посакува Христовата светлина да влезе во секој христијански дом и да го осветлува патот на слогата, на радоста, на љубовта и на успесите.Сопругата на претседател на Република Македонија, г-ѓа Иванова, изјави дека семејните вредности и традиции и оваа година традиционално ги отвориле вратите на нивниот дом.[caption id="attachment_19243" align="alignnone" width="800"]  [/caption]„Среќа, радост, песна, насмевки од нашите денешни гости, денешните бадникари, кои со песната „Вечниот бог" ни го навестија Христовото раѓање, ни го навестија раѓањето на Богомладенецот", рече г-ѓа Маја Иванова.Децата учесници во бадникарските поворки ја пеат песната „Вечниот Бог" и носат пригодно изработени пештери на кои е претставено Рождеството Христово и ѕвезди што ја симболизираат ѕвездата која ги водела тројцата мудреци до местото каде што бил роден Исус. Со божиќната каланда (песна) „Вечниот Бог" се објавува доаѓањето на Спасителот во тело. Песната е древна, води корени уште од некогашното Римско царство, што културолошки продолжи да живее кај православните народи кои се негово духовно и цивилизациско наследство. Иницијативата за возобновувањето на старата православна традиција да се слави Бадник со пеење на „Вечниот Бог" потекна од свештенството на МПЦ-ОА. Според Црквата, радува будењето на оваа стара православна традиција, која од година во година зафаќа се поголем број градови и повторно навлегува во нашето секојдневие.

Скопје | пред 7 години

vakcini

(ВИДЕО) Новата влада на Италија ММР вакцината ја прогласи за штетна, кај нас граѓаните се плашат од исправноста на вакцините и аутизам?

Италијанската влада ги смени сите членови на Советодавниот одбор за здравство откако утврди дека задолжителните детски вакцини (MMR/TDAP) го уништуваат имунитетот на било која од шесте болести!Министерот за здравство на Италија , Џулија Грило, ги отстранила сите 30 членови на Советот за повеќе здравје, во понеделникот, тврдејќи дека е време „да се има нов простор”, објавил Гардијан. Советот е најистакнато тело на техничко-научни експерти во земјата, кои ја советуваат владата за здравствената политика.Не можете да пронајдете легитимен MSM извештај за оваа тема. Наместо тоа, сите извештаи се за клевета, Италијанците ги нарекуваат глупави, назадни, “завера”, “против вистинската наука” …. Тие мора да го напишат тоа, бидејќи еугенските програми се едно од нивното најголемо богатство, со внимателно поставени, целосно компромитирани луѓе, кои со стравопочит од сите клучни позиции ги држат своите шепи на измамата и кои без никакви проблеми дозволуваат уништување на нашите деца. Италија прва го срушила целиот срам со вакцината. Италија не е Зимбабве или Хрватска, тие се очигледно првата земја во светот која зборува со авторитет.И во Македонја се крена голема прашина, откако министртвото за здравство кажа дека децата кои не примиле вакцина против морбили, нема да можат да одат во градинка и во училиште, и покрај тоа што образованието е задолжително во Р Македонија.Граѓаните својот револт за присилна вакцинација го изразуваат на социјалните мрежи каде постираат видеа ивештаи преку кои сакаат да ја докажат за штетноста на вакцините.На интернет има многу видеа преку кои се тврди дека штатноста на вкцините е признаена од судовите. Постираат и докази дека вакцината предизвикува аутизам.  

Коментари | пред 7 години

ivanov

Честитка од Иванов до поглаварот на МПЦ: „Кога се поздравуваме со радосните зборови – Христос се роди – да се потсетиме дека со Христос се роди и надежта за спасението на човештвото

Претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов, упати честитка до поглаварот на Македонската православна црква – Охридска архиепископија, архиепископот охридски и македонски, г.г. Стефан и до сите христијани, по повод големиот празник раѓањето Христово – Божиќ.Ваше Блаженство,Дозволете ми, Вам лично, на сите верници од православна вероисповед, на членовите на Светиот архијерејски синод, на преподобното свештенство и монаштво, да Ви упатам искрени честитки по повод големиот христијански празник, Рожденството Христово – Божиќ.На првиот Божиќ, семоќниот Бог стана човек и се изедначи со беспомошните луѓе. Господ Исус Христос се роди на маргините на општеството, во обесправено и прогонето семејство кое таа вечер немало ниту свој дом. Оттука, Божиќ е израз на Божјата солидарност со луѓето. Како дел од неговата земна мисија, Тој ги исцели болните, им помогна на сиромашните, им посвети внимание на заборавените, им даде достоинство на отфрлените, надеж на безнадежните и им понуди откупителна љубов и простување на сите. Христос ги рушеше човечките бариери што ги делеа луѓето на богати и сиромашни, слободни и неслободни, вредни и помалку вредни, создавајќи духовно променети луѓе кои го менуваат духот на општеството. Нам во Република Македонија ни е неопходно обновување на духот на солидарноста и на социјалната правда.Затоа, кога се поздравуваме со радосните зборови – Христос се роди – да се потсетиме дека со Христос се роди и надежта за спасението на човештвото преку промената на човековото срце. Со променето срце да го празнуваме Божиќ, имајќи љубов за нашите семејства и пријатели, почит за нашите соседи и сограѓани и солидарност за сите луѓе. Ваше Блаженство, честитајќи Ви го големиот христијански празник Ви посакувам добро здравје и духовен мир, а на сите верници им посакувам домови исполнети со мир и радост.Христос се роди!Навистина се роди!д-р Ѓорге Иванов

Македонија | пред 7 години

zelen-karton

Од годинава задолжително зелен картон, без разлика дали патувате или не

Зелениот картон ќе се спои со полисата за автоодговорност, па така секој сопственик ќе треба да го извади кога ќе го регистрира возилото, објави МИА.Оваа измена ќе биде законски регулирана најдоцна до крајот на оваа година и ќе произлезе од потребата да се усогласат нашите закони со европските директиви.За ова веќе потврда даде и првиот човек на Агенцијата за супервизија на осигурувањето Климе Попоски, кој тврдеше дека дека ќе има промени во цената на задолжителната полиса односно формирањето на цената ќе се либерализира.„Веќе имаме нова регулатива во нацрт верзија и треба да отпочнеме дијалог со индустријата и заеднички да се подготвиме околу нејзиното целосно транспонирање преку нов закон за осигурување. Согласно националната програма за усогласување со европското законодавство предвидено е до крај на 2019 година веќе новиот закон да добие светло, рече Попоски во интервју за МИА.

Македонија | пред 7 години

orban-11

(ВИДЕО) Илјадници демонстранти на улици против Орбан

Илјадници луѓе протестираа по централните улици на унгарската престолнина Будимпешта , против новиот закон кој му дозволува на работодавачите да бараат од вработените да работат прекувремено до 400 часа годишно, пренесува “Ројтерс”.Вчерашниот протест, организиран од опозициски партии, синдикати и граѓански организации, беше насочен главно против новиот работен закон, наречен од критичарите “робовски закон “.Измените на Законот за работни односи усвоени минатиот месец од страна на унгарскиот парламент наидоа на силни критики и ги предизвикаа најголемите улични протести во повеќе од година дена. Демонстрантите протестираа по улиците на позадината на врнежи, како стигнаа до зградата на Парламентот на брегот на Дунав, носејќи транспаренти како ” Да го изметеме режимот “.“Ние не сме согласни со речиси сè што се случува , откако оваа влада дојде на власт (во 2010 година) – од корупцијата до псевдодемокрацијата “, истакнаа говорниците.https://twitter.com/griffwitte/status/1081578860808994816?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1081578860808994816&ref_url=https%3A%2F%2Fwww.mkd.mk%2Fsvet%2Fvesti%2Filjadnici-lugje-na-ulicite-na-budimpeshta-marshiraa-protiv-orban-video

Свет | пред 7 години

polska-pozar

Дефект во системот за греење е можна причина за пожарот во Полска, во која загинаа 5 девојчиња

Дефект во системот за греење е можна причина за пожарот во куќа во Полска, каде се наоѓала играчницата „Ескејп рум“, во кој загинаа пет тинејџерки и повредено е едно момче, соопштија локалните власти.Несреќата се случила за време на прослава на роденден, која избувнал пожар во таканаречена „Ескејп рум“ просторија. Во пожарот загинаа 5 девојчиња на 15 годишна воздраст, а едно момче е хоспитализирано со тешки изгореници. Портпаролката на полицијата на Кошалин информира дека телата на девојчињата биле пронајдени откако пожарникарите успеале да го изгаснале пожарот.По трагичниот настан, од денеска во Полска сите вакви центи за игри ќе подлежат на инспекциски контроли.Полскиот претседател Анджеј Дуда на својот профил на Твитер изрази жалење за катастрофална трагедија во Кошалин. Екпертски тимови вршат детална истрага за причините за избувнување на пожарот, а во наредните денови ќе излезат со целосен извештај за трагедијата.

Свет | пред 7 години

koledari-111

Земните „ангели”- коледарчињата, на Бадник го најавуваат празникот

Бадник или ден пред, Христовото раѓање, Божик. Бадник очекување на Христовото раѓање. Првите весници на празникот се децата коледари. Тие одејќи од врата до врата, пеејќи коледарски песни , не известуваат за Божик.За добрата вест домаќините ги наградуваат, со тоа што имаат, овошје,костени, оревчиња, бомбони и по некоја паричка.Вака е во раните утрински часови, а инаку денеска во Скопје и во уште неколку градови во Македонија денеска се организираат детски бадникови поворки како предвесник на утрешниот христијански празник Рождеството Христово – Божик.Децата учесници во бадниковите поворки ќе ја пејат песната „Вечниот Бог“ и ќе носат пригодно изработени пештери на кои е претставено Рождеството Христово и ѕвезди што ја симболизираат ѕвездата која ги водела тројцата мудреци до местото каде што бил роден Исус.Идејата за овие бадникови поворки потекна од свештенството на Македонската православна црква-Охридска архиепископија, со цел да се возобнови древната традиција на правилно празнување на Бадник.Бадникови поворки на радоста иствремено, покрај во Скопје, ќе се одржуваат во 34 населени места низ земјата, и тоа во Битола, Охрид, Прилеп, Струга, Тетово, Крушево, Ресен, Кичево, Радовиш, Велес, Штип, Струмица, Гевгелија, Валандово, Кавадарци, Куманово, Гостивар, Пробиштип, Свети Николе, Кривогаштани, Демир Капија, Неготино, Богданци, Вратница, Виница, Кочани, Делчево, Дебар, Ростуше, Велгошти, Брвеница, Беловиште, Старо Село и Рогачево.

Македонија | пред 7 години

49739202_2151807688266757_4933392602339737600_n

(ФОТО) Дали градот ќе фрли сол или ќе чека да се стопи снегот сам од себе?

Снегот во Скопје кој започна да врне утрово веќе почна да создава проблеми за возачите и пешаците. По улиците се вози споро и крајно внимателно. Сега за сега нема чистење на снегот, иако градските власти изјавија дека подготвени ја дочекуваат зимата. Дали градот ќе фрли сол или ќе чека да се стопи снегот сам од себе?

Скопје | пред 7 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања