ГЛАВНИ-ВЕСТИ

mirjana-najcevska

Најчевска до Макрадули: Не не потценувај, загадуваат Цементара, Железара и стотина мали фабрики без филтри

Професорката Мирјана Најчевска преку својот Фејсбук профил изреагира на изјавата на заменик министерот за животна средина Јани Макрадули кој изјави дека вчерашните огнови се причина за големото загадување во градот.„Ма не ме зезај.Тоа што еднаш годишно ќе се запалат огнови на отворено за да се чествува стариот пагански обичај на поздрав на сонцето е доказ од каде доаѓа загадувањето.Дај бре не не потценувај.Не загадува Цементара ни Железара ни стотина мали фабрикчиња без филтри ни 1000 каменоломи ни Отворените градежни објекти ни отворените депонии кои горат ни запалените контејнери ни старите автобуси и камиони и автомобили ни електраните на јаглен ни градежната мафија која ги исече сите дрвја . Не. Бадниковите огни ти се научен доказ за изворот на загадување.Дај бре гони се.Навистина заслужуваме на чело на ова министерство да застане човек кој има појма од заштитата на животната средина и заслужуваме да почне да се користи науката во креирањето на политиките, а не кафанските муабети“, стои во објавата на Фејсбук.

Македонија | пред 7 години

Нема фотографија

Студениот бран продолжува, минималната температура денес -17 степени

Времето денес ќе биде променливо облачно. Локално, особено во северните делови, ќе провејува слаб снег. Попладне во централните и јужните делови ќе има сончеви периоди. Ќе дува умерен, а во источните делови засилен северозападен ветер. Утринските температури на целата територија на државата ќе бидат под нула, а во одредени места ќе достигнат и до -17 степени. Дневните температури ќе се движат од -4 до 6 степени.Во Скопје облачно време со врнежи од снег и температура од -8 до 2 степени.Во наредните денови ќе преовладува променливо облачно и студено време со максимални дневни температури под или околу нулата. Утринските температури во наредниот период ќе бидат многу ниски, особено на планините, а најстудено се очекува да биде во вторник наутро кога во поголем дел од земјава температурата ќе се спушти под -10, a на некои места под -15 степени. Нови пообилни врнежи од снег се очекуваат во среда.

Македонија | пред 7 години

bolnica-cekalna

(ФОТО) Синот на Амди Бајрам чекал ред за да прими вакцина

По повиците на Министерството за здравство  за вакцинација на децата, на социјалната мрежа Твитер има бура од реакции и шеги, а една од нив е дека синот на Амди Бајрам чекал ред да прими вакцина бидејќи се уште учел основно образование.Во продолжение погледнете ги и другите.

Магазин | пред 7 години

2-2

(ФОТО) Попова Шапка ги очекува првите туристи, утре бесплатно скијање

Скијачката сезона на Попова Шапка почнува од недела (06.01.2019 година), а традиционално, за сите посетители, скијањето на првиот ден е бесплатно.„Овозможени се условите за официјален почеток на новата скијачка сезона во нашиот најголем скијачки центар „Попова Шапка“. Ги покануваме сите љубители на скијањето и снегот, утре со почеток во 9 часот заедно да ја отвориме сезоната со традиционалното бесплатно скијање на првиот ден од сезоната.Скијачкиот центар е целосно подготвен и екипиран за непречено и безбедно функционирање на ски-терените. Спроведени се редовните технички подготовки и активности за почеток и тек на новата ски-сезона, извршено е обележување на постојните патеки, а скијачките терени се подготвени со помош на машините за подготовка на скијачките патеки. За утрешното скијање во функција ќе биде ставена жичарницата – „Церипашина“ и ски - лифтовите „Аеродром“ и „Ге“. Нивниот капацитет изнесува околу 1800 скијачи за еден час. Како новина од сезонава на сите патеки ќе има електронски ски билети со што се очекува намалување на метежот на жичниците и ски лифтовите.За двоседот „Св. Илија“ во тек се финалните работи од завршната фаза по инсталирање на опремата за контрола и управување на жичницата. Оваа жичница ќе биде ставена во функција дополнително.Од официјалниот почеток на зимската сезона ќе важат вообичаените цени за ски – билетите. Сезонскиот билет е 9.500, дневниот билет, кој важи од 9 до 15 часот, ќе се продава по цена од 900 денари, полудневниот билет, кој важи од 12 до 15 часот, е 600 денари. Билетот за ноќно скијање, кој важи од 19 до 22 часот, ќе чини 500 денари. За сите билети се наплаќа повратна кауција во висина од 150 денари. Новина од оваа година е можноста за туристички разглед со снеготапкач по цена од 6.500 денари од час“, се наведува во соопштението.

Македонија | пред 7 години

50182990_743269149392452_4899072832937394176_n

(ФОТОГАЛЕРИЈА) Маврово маѓепсува, снегот ги исполни капацитетите

Најелитниот зимско-летен туристички центар во македонија-Маврово го развива туризмот во сите области, почнувајќи од скијањето, атрактивните спортови, се до летното уживање во езерските води или под дебелите сенки на густите шуми.предност е што овој предел е целосно населен и со голем број сместувачки капацитети.Но, сместувачките капацитети се исполнети овој викенд. Сместување се наоѓа само во околните села.Во продолжение, ве оставаме да уживате со фотографиите кои ги направи нашата фоторепортерка.

Македонија | пред 7 години

bogojeski-1

(ФОТО) И Петар Богојески пред бадников оган, но во Крушево

„Бадникарска радост со Деварот од Крушево“, напиша на својот фејсбук профил Петар Богојески, некогашниот заменик генералниот секретар на ВМРО ДПМНЕ.Богојески е од реформското крило на ВМРО-ДПМНЕ . Тој имаше различен став од оној на лидерот и партијата и повикуваше масовно да се гласа на референдумот.Од статусот на Богојески може да се види амбиентот во Крушево.

Македонија | пред 7 години

Нема фотографија

Граѓаните не се откажуваат од традицијата и покрај апелите и годинава се палат огнови

Зборот „Бадник“, на старословенски значи да бидеш буден. Токму поради ова истражувачите сметаат дека името на овој ден доаѓа од бдеење и будност покрај обредниот оган.Граѓаните не се откажуваат од традицијата. Бадикови огнови се палат на секоја улица, маала, низ градовите. Верниците велат дека дека слушнале за апелите на Владата, МПЦ-ОА и градот Скопје кои повикаа вечерва граѓаните да не палат бадникови огнови, но според нив традицијата не смее да се прекине.Потсетуваме дека од министрството за живтна средина велат дека палењето на огновите на отворено, независно од поводот е строго забранет и за таквиот прекршок казни може да изрекуваат градските и општинските инспекциски служби и полицијата.Од Македонската православна црква велат дека местото на празнување е во црквата, а не крај огновите. Тие апелираат, наместо да се палат бадникови огнови, дрвата да се донираат на оние на кои им се најпотребни, а христовото раѓање да се одбележи со присуство на богослужба во црквите. Од МПЦ уште додаваат дека коледарските огнови не се традиција која е во согласност со преданието на христијанската вера. Сметаат дека огновите се пагански, а не христијански обичај.Но и покрај сите апели, вечерва во Скопје, како и во другите градови низ земјава има запалени огнови, колку да се испочитува традицијата нели ...

Македонија | пред 7 години

badnikova-pestera

За Божик кај и да си дома да си - се е подготвено за прослава на Бадник и Божик

Песната „Вечниот Бог“, утре ќе ечи низ државава. Најмладите во повеќе градови низ земјава ќе бидат дел од Бадникови поворки. Се предвидува да учествуваат над 10 илјади деца.Недела, 6-ти Јануари, од 11 часот, Македонија ќе биде домаќин на најголемиот Божикен настан во регионот, на кој се очекува учество на околу 10 илјади деца од целата земја.„Во Скопје, на плоштадот пред Црквата Св.Димитриј, ќе се одржува голема Божикна манифестација со Божикен концерт и Божикна претстава на кои што ќе им претходи топол дочек на коледарчињата преку Камениот мост со бесплатни Бадникови чајчиња и колачиња за секое дете.Во исто време, Бадникови поворки на радоста, во кои децата на свечен начин ќе го најавуваат Христовото Раѓање, ќе се одржуваат во уште 34 градови и населени места низ земјата, и тоа: Битола, Охрид, Прилеп, Струга, Тетово, Крушево, Ресен, Кичево, Радовиш, Велес, Штип, Струмица, Гевгелија, Валандово, Кавадарци, Куманово, Гостивар, Пробиштип, Свети Николе, Кривогаштани, Демир Капија, Неготино, Богданци, Вратница, Виница, Кочани, Делчево, Дебар, Ростуше, Велгошти, Брвеница, Беловиште, Старо село и Рогачево.Учесниците во Божиќните поворки носат и ѕвезди што ја симобилизираат ѕзвездата која ги водела тројцата мудреци до местото каде бил роден Исус.. Пештерата пак го претставува Рожденството христово..

Македонија | пред 7 години

izlizgan-avtomobil

Возачите прашуваат: Спиете ли мирно Македонија пат?

Лизгави патишта низ земјава. Возачите револтирани на ЈП Македонија Пат. Се чини дека и годинава се соочуваме со истите маки. Освен препораки за внимателно возење , ништо друго. Возачите оставени сами на себе да се снаоѓаат по лизгавите патишта. Сообраќајот по патишта се одвива по влажни коловози, наместа со остатоци од снег на коловозот по интервенција на екипите на ЈП Македонија Пат.На ѕидот на сообраќајниот срам предмлку поставена фотографија од излизган автомобил со коментар: Спиете ли мирно Македонија пат?Автомобилот се излизгл на патниот правец Прилеп - Битола, потоно од Тополчани за Ерековци после бензиската пумпа 1 км.Фотографијата јасно покажува по какви патишта се вози во државава.

Македонија | пред 7 години

jane-cento

Хакери го избришаа писмото од Јане Ченто до неговиот син, но подржувачите повторно го постираа

„Хакерите работат, писмото од Јане Ченто до неговиот син Методиј Ченто кое го објавивме овде достигна преку 2.500 лајкови и преку 100.000 прегледи но некој го избришал. Сепак за да остане запомнето ќе го објавиме повторно“, напишаа на отворената група на социјалната мрежа фејсбук „Слобода за Јане Ченто“.Во продолжение писмото на Јане Ченто до неговот синМил мој сине Методиј,Втора година како ќе ја дочекаш без твојот татко да биде покрај тебе и да се радува на дочек на новата година.Сега си мал и нема да можеш да го сфатиш сето ова што ми се случува мене и на нашата фамилија, но кога ќе пораснеш ќе сфатиш која жртва ја дал твојот татко, а то е за да го зачува достоинството и честа на нашата фамилија.Знам дека и ти и јас имаме голема празнина поради тоа што долго време не сме еден покрај друг, и премногу ми недостасуваш, но цената која треба да ја платам за нашето име и презиме е таа што ми се случува овие изминати 13-14 месеци.Ти ќе растеш со високо дигната глава дека твојот татко се борел за Македонија во судбоносни моменти и дека не попуштил пред никого и по цена да бидеме разделени.Кога ќе пораснеш ќе сфатиш што всушност значи оваа цена, на улица твоите другари нема да викаат дека потекнуваш од фамилија на кодоши, туку од фамилија на чесни и достоинствени предци, бидејќи нас во крвта ни тече тоа, да се бориме за правда.Знам дека ти недостасувам многу и ти мене и знам дека никогаш нема да го вратам времето и да гледам како мојот син расте без својот татко, но тука е твојата мајка која ќе те воспита како што треба, да бидеш чесен, достоинствен и праведлив.Не знам уште колку време ќе не држат разделени, но запомни дека татко ти еден ден ќе се врати дома со високо крената глава.Идеалите по кои оделе нашите предци барале жртви.Таа жртва што ја давам денес јас е за твое и твоите врсници подобро утро, борба во која ќе докажам дека вреди да се бориш за вредности и правда, а не да бидеш кукавица и да го избереш полесниот пат и да направиш предавство.Сега тоа го нема, но нека ние бидеме последните жртви кои ќе ја платат цената за оваа држава кој е стекната со многу крв и труд на нашите претци.Ти носиш славно име и презиме, дадено ти е по твојот прапрадедо Методија Андонов Ченто и секогаш ќе бидеш горд што сум те крстил Методиј Ченто во тоа сум уверен.Многу луѓе сакаат да ја запрат директната крвна линија на Ченто, бидејќи сеуште им е страв од македонскиот народ кој го воскресна Ченто и неговата идеологија.Тој беше невино осуден и одлежа долго време во затвор но правдата стигна еден ден и беше рехабилитиран и ослободен од сите обвиненија.После толку време таа среќа или несреќа дојде на мои плеќи, да го понесам товарот на тоа, за мене свето презиме и таа света борба за Македонија.Јас застанав на браникот на татковината кога беше потребно, но исто како и на Ченто ми е конструирано обвинение за тероризам.Еден ден, без разлика како ќе заврши овој судски процес ти ветувам дека ќе се вратам и ќе го надополниме изгубеното време и сета љубов што требаше да ти ја дадам како татко додека беше мал а јас не бев покрај тебе.Едниствено сум среќен во овие тешки моменти што знам дека твојата мајка е херој и ќе те одведе на вистинскиот пат бидејќи знам дека ќе те гледа како зеница во окото и дека ќе те воспита со сите морални вредности.Извини што сега не можам да бидам покрај тебе ни на слава, прослави, нова година, родендени и слично, но…..еден ден сине, еден ден ќе бидам покрај тебе.Среќна нова 2019 година мил мој синко и се надевам дека за брзо ќе бидам покрај тебе и да бидеш јунак голем кога ќе пораснеш, бидејќи ти си Ченто, а Чентовци не клечат на колена и да молат, туку се борат за своите правдини.Те сака твојот таткоЈане Ченто30.12.2018

Скопје | пред 7 години

5-1

(ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО) Повторно крв на улиците на Белград - на сред бел ден убиство

Небојша М (38) зет на Александар Шарц, член на криминалната банда „Пинк Пантер“, убиен е денеска на Баново Брдо. Српските медиумите објавуваат дека се работи за грешка, затоа што според нив мафијашкиот клан го барал неговиот дедо, а не зетот.Видеото кое го објавија медиумите најверојатно е од видео надзорот од куќата.На видеото се гледа како Небојша кој излегол со детска количка, за да ја спакува во багажникот од автомобилот. Тој стои до автомобилот и го отклучува багажникот.По 30 тина секунди, неколку метри од него затанува бело возило. А знчајно за истрагата е тоа што автомобилот од кој излегува убиецот има и регистарски таблички.Маж во бела јакна, без маска или фнтомка излегува од втомобилот и со торба во раака, приоѓа кон метата, мислејќи дека оди кон вистинската мета, пишуваат српските медиуми.Убиецот, вади пиштол и испукува неколку куршуми во телото на Небојша, кое прво стои, а потоа паѓа на бетонот.По убиството убиецот во бела јакна, седнува на сувозачкото место и заминува.

Свет | пред 7 години

sneg

Полицајците кои беа заглавени во Танушевци, со хеликоптер вратени во Скопје

Граничните полицајци кои неколку дена беа заглавени во полициската станица во с. Танушевци поради наноси од снег, денеска се вратени во Скопје со полициски хеликоптер, информираат од МВР. Движењето им беше оневозможено бидејќи снегот достигнал до 2,5 метри кој ги блокирал локалните патишта.Граничните полицајци останаа во станицата и по завршувањето на нивната 4-дневна должност, а од МВР рекоа дека тие имале доволно храна и биле во постојана комуникација со нив.Денеска претпладне е извршена смена на полицајците.

Македонија | пред 7 години

Capture-3

МВР: Станува збор за редовна испорака на бланко обрасци за патни исправи, ВМРО-ДПМНЕ собира политички поени

Министерството за внатрешни работи најостро ги демантира дезинформациите за наводни неправилности при набавка на бланко обрасци за патните исправи.„Вистината е дека Министерството за внатрешни работи ги презема сите неопходни мерки за да се обезбеди непречено издавање на патни исправи на граѓаните, а политичката партија ВМРО-ДПМНЕ, како и многу пати до сега, ја лаже јавноста во обид да добие некакви политички поени.Ја информираме јавноста дека во тек е испорака на бланко обрасци за патни исправи и таа е во согласност со Анексот на Договорот за изработка на патни исправи и лични документи склучен во 2017 година, каде е утврдена количината на обрасци што треба да бидат испорачани за 2018 и 2019 година.Станува збор за редовна испорака, вообичаена како и секогаш до сега, со цел да се обезбеди навремена испорака на патни и лични исправи за граѓаните.МВР има задача да обезбеди патни исправи за граѓаните и постапува токму според своите надлежности. Согласно законските процедури, доколку бидат изгласани уставните измени во периодот што следува, потребен е временски период за менување на процедурите и законските промени, како и за стапување на сила на измените. Во меѓувреме, патни исправи мора да се издаваат непречено, односно да се одговори на барањата на граѓаните.Количината на пристигнати обрасци е соодветна на предвидената динамика на потрошувачката од претходните години и е во согласност со преземените договорни обврски“, велат во демантот од Министерството за внатрешни работи. 

Македонија | пред 7 години

gruevski-mala

(ФОТО) Груевски фотографиран како вади пари од банкомат

Експремиерот Никола Груевски деновиве е фотографиран како подигнува готовина од банкомат во Будимпешта.Фотографијата се продаваше на медиуми, а сега е јавно објавена на социјални медиуми. Фотографирана е од македонец кој бил во Унгарија.

Македонија | пред 7 години

Нема фотографија

Притвор за лице кое неовластено произведувало и пуштилo во промет наркотични дроги

Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против едно лице поради постоење основано сомнение дека извршило кривично дело Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 од Кривичниот законик. Покрај донесената Наредба за спроведување на истражна постапка, надлежен јавен обвинител до судија на претходна постапка од Основниот суд Скопје 1 Скопје достави и предлог за определување на мерката притвор против осомничениот.Сторителот неовластено набавил дрога марихуана и ја држел во својот дом во скопската населба Бутел со намера за понатамошна продажба и стекнување на противправна имотна корист. Врз основа на судска наредба на 4 јануари годинава, во домот на осомничениот е извршен претрес при што е пронајдена поголема количина дрога спакувана во одделни пакувања, како и опрема за мерење – дигитални ваги со остатоци од растителната материја. По наредба на дежурниот јавен обвинител извршена е анализа и вештачење на растителната материја и утврдено е дека станува збор за наркотична дрога – марихуана, со вкупна тежина од 295,3 килограми.

пред 7 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања