ГЛАВНИ-ВЕСТИ

problem

Македонска домаќинка со сериозен проблем - јавно бара помош

На социјалната мрежа Фејсбук на групата „Женски домаќински муабети“ , статус во која „македонска домаќинка“ бара помош, поточно совет...Статусот во целост гласи вака:

Магазин | пред 7 години

K4rLE-n1-talat-dzaferi-gjorcev-432

Заев посакува консензуален кандидат за претседател, ДУИ размислува за Талат Џафери

Во ДУИ се размислува за самостоен настап во првиот круг на претседателските избори. Од партијата како најсериозен кандидат се спомнува претседателот на македонското Собрание Талат Џафери.ДУИ, неофицијално, не би поддржале консензуален кандидат за претседател во првиот круг, бидејќи со тоа нивната поддршка кај албанското гласачко тело уште повеќе би се намалила, а нивните гласови би ги презела Алијансата на Албанците.Инаку премиерот Зоран Заев истакна дека посакува да има консензуален кандидат, кој ќе биде татко на нацијата и зад кој ќе застанеме сите.-Досега не е отворен процес во врска со утврдување кандидат за претстојните претседателски избори, бидејќи во тек е сериозен процес за завршување на постапката за уставни измени во Парламентот – истакна неодамна премиерот и најави дека веднаш потоа ќе ја отворат дебатата.Посочи дека му е драго што има кандидати, но дека ќе треба да се види кои од нив граѓаните ги сакаат.-Посакувам да имаме консензуален кандидат од сите. Да имаме човек кој ќе биде татко на нацијата зад кој ќе застанеме сите – рече Заев и додаде дека се надева оти ќе биде избран кандидат за кој ќе биде чест да застанат и да го промивираат како иден претседател на Република Македонија.Премиерот очекува владејачката коалиција да победи на претседателските избори но, како што вели, за одлуката на граѓаните клучна ќе биде личноста на кандидатот.

Македонија | пред 7 години

zaev-kasami

Ќе се шири Пандорината кутија: Касами барал бришење на “македонски народ и државјанство”, Заев размислува

Претседатеот на Беса, Билал Касами на вчерашната средба со премиерот Зоран Заев неофицијално побарал бришење на зборот „македонски народ“ од преамбулата и „македонско“ од државјанството (да остане само граѓанин на Северна Македонија), а втор официјален јазик на цела територија на Македонија биде албански.Овие се барања и од претседателот на Движењето за реформи на ДПА, Зијадин Села  и истите од двете опозициски албански партии не се нови. Претходно, кога Касами и Села излегоа во јавност со овие барања, премиерот Заев велеше дека нема да дозволи да се шири Пандорината кутија, со тоа, тврдеше дека нема други промени во Уставот освен оние кои се наложуваат со Договорот од Преспа. Касами на пресс-конференција пред неколку месеци, рече дека барањата не се уцена за да гласаат за Устсавни промени, туку реални барања за правата на Албанците.Инаку Премиерот Зоран Заев вчера оствари средба со, Касами, за да бара поддршка за уставните измени.По средбата од Владата немаше многу детали освен дека ќе се одржи уште еден состанок.

Македонија | пред 7 години

venko-filipce

Министерството набавувало вакцини една недела пред да прогласи епидемија на морбили?!

Твитер заедницата во последните денови постојано коментира за епидемијата на морбили која го зафати Скопје. Голем дел од кментарите кои ги објавуваат се со негативен контекст насочени кон Министерството за здравство.“Министерството за здравство на Македонија распошало тендер за набавка на вакцини, недела дена пред да прогласи епидемија. Неверојатни се овие паранормални сподобности на здравствените власти”, пишува твитерџиката Јована Стојковиќ.Откако Венко Филипче повика децата итно да бидат вакцинирани, јавноста реагираше оти тоа е право на избор и никој не може да одлучи за ова прашање освен родителот или старстелот. Вчера во Скопје се одржа и протест против вакцинацијата.

Македонија | пред 7 години

swisslion

Свислајон производствто на кечап и мајонез го сели во Македонија

Погонот од фабриката Свислајон (Swisslion) во Невесиње се затвори, од исклучиво економски причини. Фабриката производството го префрла во Македонија и Србија.Ова го истакна директорот на Свислајон Требиње, Александар Којовиќ потенцирајќи дека производството на сокови фабриката го префрла во Горни Милановац, додека производството на кечап и мајонез во Македонија.

Македонија | пред 7 години

49678536_2434347466593440_1608486576864624640_n

(ВИДЕО) Отежнато се вози по патиштата, ЈП Македонија пат неможе да стигне?

Од вчера ЈП Македонија пат го немаат исчистено автопaтот до Грција.Автопатот Демир Капија - Гевгелија изгледа вака.https://www.facebook.com/monika.stefanovska.50/videos/10217995435585747/Лизгави патишта и препорака за крајно внимателно возење. Сообраќајот по патишта се одвива по влажни коловози, наместа со остатоци од снег на коловозот по интервенција на екипите на ЈП Македонија Пат. Забрани за движење на тешки товарни возила има на патниот правец крак Маврово – Дебар и на Гостивар – Кичево преку планинскиот премин Стража. На регионалниот пат Р-1203 од с. Рогачево до г. п. Јажинце, поради силен ветер наместа има наноси од снег.Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

Македонија | пред 7 години

mitropolit

Српската црква ја напушта Вселенската патријашрија

Митрополитот црногорско - приморски Амфилохије, порача дека автокефалноста на православната црква во Украина нема да влијае на статусот во Црна Гора, но и дека по најновите одлуки на Црнгорската патријаршија, Вселенската патријаршија за Српската православна црква „аспослутно повеќе не е“ врховна црковна власт.Митрополитот во интервју за Вјести ТВ, рече дека при неодамнешна средба со вселенскиот патријарх Вартоломеј, му ги соопштил одлуките на Црковниот Собор на СПЦ, кој не се согласува со неговите одлуки да и даде автокефалност на Украинската црква.„Токму поради тоа, нашата црква, но и многу други птријаршии не прифаќаат таков став, јас тоа отворено му го кажав. Се надевам дека многу теолози во Грција и архиереи се против тоа и против неговото однесување“, рече митрополитот.Запрашан дали овој указ може да влијае на статсот на црквата во Црна Гора, Амфилохије истакна дека тоа нема „апслутно никаква врска со статусот на црквата во Црка Гора“.„Друго е прашањето за независна Црна Гора, а друго е за автокефална црква“, нагласи митрополитот.

Свет | пред 7 години

mirjana-najcevska

Најчевска: Со невакцинирањето се донесува одлука за сопственото, но и за нечие друго дете

Професорката Мирјана Најчевска на својот Фејсбук профил се огласи во врска со вакцинирањето на децата со МРП вакцината. Според неа со невакцинирањето не се донесува одлука само за сопственото туку и за нечие друго дете.„Ова со правото на избор за вакцинирањето ми е нешто многу слично на барање право на избор да му даваш на детето да јаде или не. Или, право на избор на која страна од улицата ќе возиш. Или, право на избор да ќењаш на среде улица или не. Или, право на избор да го пратиш детето на училиште или не.Има одредени цивилизациски достигнувања кои во актуелниот момент од развојот на човештвото се прифаќаат како аксиоми. И се почитуваат се додека не се докаже дека не се добри или дека има и подобри од нив или доколку станат беспредметни како на пример во зењето на десна страна кога ќе почнеме да практикуваме телепортација.А сега и нешто многу сериозно. Правото на избор како човеково право има граници. Основна граница е правото на другиот.Кога се зголемува бројот на невакцинирани деца, може да се случат две работи кои ги загрозуваат правата на другите.Прво, сите оние деца кои од објективни/здравствени причини не можеле да бидат вакцинирани се заштитени во голема мера со тоа што не се изложени на мали сипаници заради тоа што сите околу нив се вакцинирани. Тоа значи дека со невакцинирањето не се донесува одлука само за сопственото туку и за нечие друго дете.Второ, вирусот на мала сипаница во услови на поголем број невакцинирани деца добива големи шанси да мутира и со тоа да ги загрози и децата кои веќе се вакцинирани, односно да создаде подвид на истата болест. И повторно, некој со својот избор ги загрозува правата на другите.Заклучок: правото на избор има граници и во случајов тие граници се прекршени и треба повторно да бидат воспоставени. Таму каде што станува збор за население со елементарно образование и помала изложеност на лажни вести и бајачки, не се потребни казни за луѓето да не ги преминуваат овие граници. Таму каде што се уште бајачките имаат главен збор, а иконите поставени на ФБ лекуваат и носат среќа, мора да се применат дрстични мерки“, напиша Најчевска на Фејсбук.

Македонија | пред 7 години

zamrzna-ezero

(ФОТО) Мраз на кејот од Охридското Езеро

Ниските температури кои ја зафатија земјава, придонесоа да се замрзнат и краевите од водата на Охридското езеро, на самиот кеј. Фотографијата е направена пред каналот Студенчишта на самиот кеј.Вечерва во Охрид се измерени -7 степени.Сепак ова не е прв пат да се замрзни водата на кејот, на охриѓани многу свежи им се сеќавањата од овој период 2017 год, кога голем дел кејот беше замрзнат.

Македонија | пред 7 години

vakcini-protest-3

(ФОТО) Протест во Скопје - „НЕ“ присилна вакцинација против МРП

Попладнево во главниот град се одржа протест против присилната вакцинација против МРП. Голем број граѓани не се сложуваат со одлуката на Mинистрството за здравство, дека некој друг може да одлучи за нивните деца. Родителите велат дека не веруваат во квалитетот на вакцините, а голем дел од нив ако веќе мора да бираат помеѓу кривична пријава и вакцина, избираат да ја платат казната, затоа што како што велат ниту една парична казна не е голема во споредба со здравјето на децата.Најголем дел од родителите се вознемирени поради вакцинацијата, велат дека читале дека во повеќето случаи оваа вакцина предизвикува аутизам кај децата.Од друга страна педијатрите смируваат и велат дека вакцините се исправни и дека мора да се примат.Се наметнува прашањето дали смее Владата радикално да постапува и да забранува запишување во градинка и основно образование, кога образованието во основно и средно според законите во Р. Македонија е задолжително.Министерство за здравство информира дека во текот на вчерашниот и денешниот ден вакцинирани се вкупно 990 деца со МРП вакцина. Во моментов, нема нови потврдени случаи на новозаболени лица од морбили (мали сипаници).Од друга страна на 4 февруари годинава ќе се отворат понудите по тендерот на Министерството за здравство за набавка на вакцини за континуирана имунизација и вакцини по епидемиолошки индикации на населението во Република Македонија за периодот јуни 2018 – јуни 2020 година.Станува збор за јавна набавка за која тендерот беше распишан на 21 декември, минатата година. Проценетатата вредност на тендерот е 661.025.466 денари или околу 10,7 милиони евра, а критериум за доделување на договорот е најниската цена.

Скопје | пред 7 години

oslomej-2

Потпишан договор за изградба на фотонапонска електрана Осломеј

Претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев, заедно со вицепремиерот задолжен за економски прашања, Кочо Анѓушев и министерот за економија, Крешник Бектеши, денеска присуствуваа на потпишување на договор помеѓу директорот за енергетика и енергетски капацитети на ЕБРД, Хари Бојд Карпентер, и директорот на ЕЛЕМ Драган Миновски, за изградба на фотонапонска централа Осломеј.Најавивме економска година, и од тој аспект, ова е прекрасна прилика да таа економска година ја ставиме во функција“, рече премиерот Заев на почетокот на своето обраќање по потпишувањето на договорот.Инвестицијата влегува во еден од најзначајните сектори, енергетиката, каде што, како што појасни премиерот Заев, имаме најголем потенцијал за дигање на бруто домашното производство, но секако и сериозен потенцијал да го покриеме недостатокот на енергија во Македонија.Исто така, тој го потенцираше и еколошкиот карактер на овој проект, затоа што сонцето е единствениот ресурс кој ќе се користи во произведувањето на електричната енергија.„Значајно е што државата го повлекува првиот чекор, од она што следува, од преку 200 мегавати нови инвестиции во фотоволтаици или фотонапонска мрежа, којашто на повеќе локации низ државата, под раководство на министерството за економија, вицепремиерот Анѓушев и мојот кабинет, односно советниците за енергетика, подготвуваме неколку локации за јавно-приватно партнерство за 200 мегавати, и давање под концесија за сите заинтересирани кои ќе сакаат да инвестираат во ваквите енергетски обновливи извори на енергија“, појасни премиерот Заев.Овој заем, како што појасни премиерот Заев е прв за ЕЛЕМ без државна гаранција и за него важат целосно пазарни параметри.„Ова претставува пример како еден скоро заборавен објект, ТЕЦ Осломеј полека ќе го претвориме од загадувачки објект во еколошки објект, кој ќе произведува чиста електрична енергија. Ова се само првите 10 мегавати, за кои потпишуваме договор за финансирање, за да бидат изградени. Таму ќе продолжи градењето и во наредните години со повеќе инсталирана моќност до 30-40 мегавати, како што е предвидено во инвестиционата програма на ЕЛЕМ“, потенцираше вицепремиерот задолжен за економски прашања, Кочо Анѓушев.Оваа влада, рече вицепремиерот Анѓушев, согласно законот за енергетика, со кој се отвори простор за инвестиции во обновливи извори на енергија, ќе биде посветена за инсталирање колку што е можно повеќе мегавати инсталирана моќност во обновливи извори на енергија.Ние како држава немаме нафта, немаме гас, јаглен уште ограничени резерви, она што го имаме како неисцрпен извор е сонцето кое до сега, како што појасни вицепремиерот Анѓушев, беше искористено само за 16 мегавати.Тој во своето обраќање најави владина интензивна офанзива во инвестирањето во енергетиката, споменувајќи неколку од проектите кои ќе бидат инвестирани во таа насока.Министерот за економија Крешник Бектеши подвлече дека имплементацијата на проектот „Фотонапонска централа Осломеј“ ќе го зголеми учеството на обновливи извори на енергија во Република Македонија, со што ќе се придонесе за исполнување на стратешките определби на Република Македонија, согласно меѓународните договори за учество на обновливи извори на енергија. Тој истакна дека ова е важна капитална инвестиција од ЕЛЕМ, која се совпаѓа со заложбите на владата но и со новиот закон за енергетика.Тој потенцираше дека освен инвестициите со државните компании, ќе им биде дозволено и на приватните инвеститори да можат да инвестираат во фотонапонски централи.„Ова е прв проект од фотоволтаично производство на електрична енергија во нашето портфолио, вреден околу 7 милиони евра, од кои 5,9 милиони евра се кредит од ЕБРД, а остатокот се средства на АД ЕЛЕМ“, појасни директорот Миновски.„Просечното годишно производство би требало да изнесува 15 гигават часови, доволно за да задоволи 2000 домаќинства, појасни тој, и додаде дека ова не е важно само за АД ЕЛЕМ, туку има и социјален аспект и важност по заштита на животната околина“, појасни директорот на ЕЛЕМ, Горан Миновски.Директорот за енергетика и енергетски капацитети на ЕБРД, Хари Бојд Карпентер во своето обраќање истакна задоволство од потпишувањето на договорот, со како што рече, ЕЛЕМ - една од најдинамичните и најпромислените енергетски компании.Според него, оваа инвестиција го отвора пазарот и за приватниот сектор, и дава можности и за локалните бизниси.Тој, во своето обраќање посебно ја истакна улогата на владата од значајниот тендер за соларна енергија, кој што претстои а го води заменик претседателот на владата, Кочо Анѓушев, а како што рече, тоа ќе покаже како со искористување на приватниот сектор може да се испорача чиста и евтина енергија за граѓаните на овој регион.

Скопје | пред 7 години

zaev-kasami

Што договорија Заев и Касами? Засега уште една средба

Претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев денеска оствари средба со претседателот на партијата „Беса“ Билал Касами.Двајцата претседатели разговараа за барањата на "Беса" предводена од Билал Касами при што се разговараше за причините и за содржината на самите барања.На средбата е договорено да се одржи уште еден состанок најдоцна до вторник, на работна група составена од претставник од Кабинетот на Претседателот на Владата на Република Македонија, како овластен предлагач на уставните амандмани и на уставниот закон, и претставници од раководството и пратениците од "Беса" на Касами, за да се разгледаат детално предлозите и да се дефинираат конечните позиции.Деталите од тој состанок ќе и бидат соопштени на јавноста по одржувањето на средбата.

Скопје | пред 7 години

makedonija-blokira

На 9 ти јануари, Пратениците во Собрание - Македонија-Блокира пред собрание

Македонија блокира за 9 ти јанури закажа протест пред собранието на Р Македонија. Во својот повик тие напишаа:„Талат Џафери ја закажа седницата за уставните измени за 9-ТИ ЈАНУАРИ во 12:00 часот!Македонија-Блокира го закажа Сенародниот протест пред Собранието за 9-ТИ ЈАНУАРИ во 12:00 часот!Одбројувањето започна! Или ќе дозволиме марионетската власт да избрише се што е македонско или Македонија ќе победи!Ден среда, 9-ти јануари, сите пред Собранието!“

Македонија | пред 7 години

trajce-2

Македонецот со големо срце успеа во намерата - згрижен Чичко Трајче

Радосна вест сподели Марјан Мац Петровски, или дечкото со големо срце, на својот профил на социјалната мрежа фејсбук. Тој ја објави радосната вест и благодарност до сите кои помогнаа:„Дечки радосна вест стигн одма. Чичко Трајче благодарејќи на сите вас што помогнавте, со големо срце и на сите сакам да ви кажам ФАЛА ЗА ПОНУДИТЕ.. Најдовме работа, Александра Бнева се погрижи, фала ти премногу... Засмештајот и спиење без да дава парички, Огромно Фала, на Сафет Али за хуманоста и гестот и Фала за топлото чајче и топлата пастрмајлија на Никола Давидовски.Имате поздрав од Чичко Трајче и да продолжите да помагате секогаш кога можете, напиша Марјан Мац Петровски.https://www.facebook.com/photo.php?fbid=812895035727549&set=a.121771754839884&type=3&theater

Скопје | пред 7 години

ebola

Во Шведска пациент заразен со Ебола

Болница во Шведска откриен е пациент заразен со вирусот Ебола, соопштуваат Шведските власти.Шведскат регионална управа соопштува дека пациентот е изолиран во болница.Локалните власти соопштуваат дека клиниката за итна медицина во Енкопинг е затворена и дека сега се врши контрола на медицинскиот персонал кој бил во контакт со пацинетот, јавува „Спутник“.

Свет | пред 7 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања