ГЛАВНИ-ВЕСТИ

marihuana-novo

(ВИДЕО) Запленети околу 300 килограми марихуана, приведен маж од Бутел

Секторот за внатрешни работи Скопје - Единица за недозволена трговија со дрога и оружје денеска (петок 4.1.2019), врз основа на судска наредба, а по претходно добиени сознанија од преземени мерки и активности, изврши претрес во домот на Х.Е. (30) од Скопје, општина Бутел. При претресот пронајдени се 229 кеси со марихуана со вкупна тежина од околу 300 килограми. Х.Е. е приведен, а марихуаната е предадена за вештачење и мерење.По целосно документирање на случајот, против Х.Е. ќе биде поднесена кривична пријава до Основното јавно обвинителство во Скопје поради основано сомневање за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“ предвидено во член 215 став 1 од КЗ на РМ.

Скопје | пред 7 години

cicko-trajce

Дечко за пример, случајно пронашол човек на улица го префрлил, но замолува сите да му помогниме

„Епа, вака дечки ... уххх“, вака започнува статусот на Марјан Петровски,  дечко кој сака да му помогне на лице кое случјно го затекнал како пешачи на автопат.Ова е чичко Трајче, 48 годишен. Чичко Трајче случајно го најдов на улица, стопираше н автопат и го качив бидејќи беше доста ладно. Неговата приказна не е баш убава... Тој живее сам, нема синови, ќерки, внуци.. живеел со неговата мајка која починала... Патува од градче во градче и моли за да работи Било каква работичка за да може да се прехрани и да има каде да спие (нема каде да спие).Нема алишта нема ништо... Им само топло срце кое е жедно за живот.Сега јас ве замолувам да го споделиме постов и да му помогнеме ... на било каков начин . (Се што имате пишете ми јавете ми се , затоа што тој комуницита со мене ), напиша на својот фејсбук профил Марјан Петровски.

Македонија | пред 7 години

vodici-podgotovki

Охрид се подготвува за одбележување на празникот „Богојавление - Водици“

Координативното тело за организирање на манифестациите поврзани со празникот „Богојавление – Водици“, денес, одржа работен состанок. На состанокот беше присутен и в.д. градоначалникот Константин Георгиески.Традиционално и оваа година централната манифестација посветена на празникот е на 19 јануари. Одбележувањето започнува со утрински богослужби во парохиските цркви, додека спуштањето на Светиот крст во водите на Охридското езеро ќе биде од Градското пристаниште. Медицински тимови, спасителите на вода и нуркачите повторно ќе бидат задолжени за безбедноста на капачите.На 20ти јануари, традиционално ќе се одбележи „Денот на рибарите“. И оваа година рибната чорба ќе биде подготвена од учениците од ОУТУ „Ванчо Питошески“.Организаторите на манифестацијата, Општина Охрид и Македонската православна црква, во знакот на празникот „Богојавление - Водици“ дополнително ќе го украсат централното градско подрачје со знамиња и зеленило.

Македонија | пред 7 години

sredba

Охрид ќе се справува со бесправното градење

Унапредувањето на соработката во областа на справувањето со бесправното градење, беше тема на работниот состанок на в.д градоначалник на Охрид Константин Георгиески и директорот на Државниот инспекторат за градежништво и урбанизам Локман Љимани.На средбата заеднички беше констатирано дека е потребна поефикасна и координирана соработка меѓу двете институции и креирање на применливи мерки за спречување на дивото градење на индивидуални и колективни стамбени згради.

Македонија | пред 7 години

Нема фотографија

Животни патокази, Зоран Крстевски: „Мир со себе“

Колумна на Зоран Крстевски, доктор по филозофски науки, едукатор, мотиватор и тренер за личен развој, за вечер.прессСтарата година ја испративме, новата пристигна, будејќи ја надежта дека ќе биде многу подобро и дека ќе ги оствариме целите на животот.Секој пристапува на различен начин и очекува тоа што за него е најзначајно да му биде реализирано. Главната цел на болниот е да оздрави; осамениот посакува да ја пронајде љубовта на својот живот; невработениот копнее да се вработи; вработениот да биде задоволен од тоа што го работи и да напредува во кариерата; сиромавиот барем за миг да се спаси од проклетието на немаштијата и од синдромот на преживувањето; тој што загубил блиска личност, посакува да се врати назад во времето и да ја промени судбината која не може да биде промената; за поединецот кој поминал низ тешки животни ситуации најважно е да излезе од кризата и да тргне напред кон поубавата страна на постоењето итн.Значи, секој негува одредена надеж и гради очекувања дека ќе биде многу подобро или конечно ѕвездите ќе му бидат наклонети да го оствари тоа што го посакува.Не постои човек кој не посакува да биде среќен, успешен, исполнет и во мир со себе. Тоа не е лесна задача, посебно ако се настапува мегаломански и се очекува сите овие категории постојано да бидат присутни во животот. Кога претеруваме во барањето на идеалот, тогаш нужно ги пропуштаме малите обични радости од кои започнува сé и кои вистински може да не направат среќни.Да се биде успешен и реализиран на професионален план е значаен сегмент на среќата, но не и клучен за да бидеме во хармонија со себе и целосно исполнети во животот. Парите го вртат светот, но не можат да го купат здравјето, да ја создадат искрената и посветена љубов и да го донесат мирот во душата, доколку опсесивно му робуваме на материјалното. Истото важи и за љубовниот однос, кој понекогаш може да биде исклучително болен и фрустрирачки за лицето кое искрено, верно и посветено ја споделува својата емоција. Впрочем, невозвратената љубов, прељубата, разочарувањето и осознавањето на лажната слика за чесност и моралност на другиот, претставуваат сериозни удари на судбината кои го нарушуваат мирот и ја бркаат среќата од животот.Тогаш, која е таа вредност што може да гарантира повисоко ниво на среќа и исполнетост во животот?Не постои поголема среќа од хармонијата која ја имаме кога сме во мир со себе и кога без грижа на совест, чувство на вина и душевна непоматеност патуваме кон предизвиците на постоењето. Да се воспостави таквата состојба на духот, воопшто не е лесно, бидејќи разните искушенија, притисоци, наметнати очекувања и односи со константно незадоволните и негативистички ориентирани поединци може сериозно да не оддалечи од мирот со себе и духовната хармонија.Емоционалната ранливост за се и сешто, егзистенцијалната несигурност, давањето преголемо значење на минатото, другарувањето со токсичните луѓе и стравот од иднината се сигурен доказ дека сериозно сме се оддалечиле од патот кој води кон душевниот мир и чувството на исполнетост.Што треба да направиме за да се вратиме на колосекот на мирот, среќата и внатрешната хармонија?За почеток, треба да ги пронајдеме и препознаеме убавите нешта кои ги носиме во својата душа, односно да преиспитаме со што се карактеризираме и какви вредности поседуваме. Потоа, да се свртиме малку кон минатото и да согледаме колку радости, успеси и убави ситуации имаме проживеано, ставајќи го акцентот на годината што измина и на сето убаво што во текот на таа година го имаме доживеано. Тоа ќе придонесе да го подготвиме духот за убавите нешта во иднината, креирајќи го умот според законот на позитивните вибрации.Кога постојано се жалиме и предност им даваме на лошите искуства, потенцирајќи го тоа што не сме го постигнале, успеале или загубиле, тогаш на законот на отпорот и негацијата им овозможуваме длабоко да се вселат во нашето био поле и да ни го отежнат развојот кон афирмативните и креативни вредности на постоењето.Патот кон внатрешниот мир и среќата никогаш не започнува со зависност од туѓите сугестии и влијанија, туку од преземањето одговорност за сопствениот живот. Тоа подразбира да не се товариме себеси со нештата што другите ги прават или не сакаат да ги разберат. Треба да сфатиме дека никому не може да му дадеме повеќе од тоа што е способен да го прими и дека секој постапува врз основа на нивото на свест и совест што ги поседува. Затоа, не можеме да бидеме одговорни за туѓите постапки, може да бидеме одговорни единствено за своите реакции. Кога животот не го креираме според тоа што другите го размислуваат, прават или наметнуваат, туку врз основа на сопственото чувство за морал, правда, совест и свест за вистинските вредности, тогаш градиме темел за постигнување внатрешен мир и духовна исполнетост.За да бидеме среќни, смирени и исполнети не ни се потребни лицата кои константно очекуваат да направиме нешто добро за нив и кои постојано ги наметнуваат своите желби, очекувања и потреби. Напротив, најголема среќа е кога сме на безбедна дистанца од таквите поединци, кои водејќи се од тесните интереси, неморалот, лагите и манипулациите може сериозно да не исцрпат на психофизички план и оддалечат од мирот и хармонијата на животот.Затоа, треба да бегаме од сите оние кои не бираат начин да ни ја срозаат самодовербата и прават се за да се чувствуваме безвредно, неспособно и несигурно. На таквите единки не треба да им се правдаме, да ги поткупуваме со разни услуги, да очекуваме дека ќе не засакаат ако ги даруваме со искрена љубов, ниту да им докажуваме дека сме достојни, со цел да почнат убаво да се однесуваат со нас. Наспроти сето тоа, едноставно треба да сфатиме дека некои лица се создадени да искористуваат, лажат, изневеруваат и манипулираат, барајќи жртви кои беспоговорно ќе им ги прифаќаат барањата и исполнуваат потребите. Ако тие се такви создадени, ние не смееме да станеме наивни, туку да бидеме доволно мудри да ја научиме лекцијата и никогаш повторно да не наседнеме на туѓата слаткоречивост, лажната насмевка, камелеонскиот лик и разните мегаломански ветувања.Знаење е да умееме да се избориме со проблематичните лица и ситуации, а мудрост е да не дозволиме негативните лица да не доведат во проблематични ситуации. Дури и ако тоа се случи, не треба да бегаме од предизвикот и да се повлекуваме во себе, стравувајќи од судбината и моќта на другите. Напротив, треба да бидеме силни и непоколебливи, зашто како што велел Махатма Ганди: “Кога има бура малите птици бараат начин да се сокријат, додека орлите уште повисоко летаат”.Некои луѓе се карактеризираат со голема отпорност и способност за опоравување и снаоѓање и во најкритичните животни ситуации. Нивното главно мото е дека тешкотиите го јакнат духот на човекот и претставуваат значајно искуство од кое може многу да се научи за вредноста на животот. Тие знаат дека е невозможно целосно да се биде дистанциран од страдањата и имун на ударите на негативните лица и тешките животни ситуации. Во нивната филозофија на размислување провејува концептот дека бурите на животот не постојат за да го уништат оптимизмот и скршат духот, туку за да поттикнат уште поголема отпорност и способност за справување со тешкотиите.Да се оди напред, без оглед на ограничувањата е знак за голема внатрешна сила и помирување со вистината дека ништо не е вечно – и најголемата бура ќе помине, како што и најсилната радост ќе исчезне. Впрочем, како што вели писателот Харуки Мураками: “Штом ќе помине бурата, нема да се сеќаваш како си преживеал. Нема да бидеш сигурен ниту дали таа навистина поминала. Но, една работа ќе биде сигурна. Кога ќе ја преживееш бурата, нема повеќе да си истиот човек како и пред тоа. И токму заради тоа бурите постојат”.Значи, постојат за да не научат вредни нешта за самите себе, за тоа со какви луѓе сме фатиле да имаме работа, но и за силата или слабоста на нашиот дух поставен пред граничната ситуација – да се биде или не. И конечно, откога ќе се справиме со негативните лица и проблематичните животни ситации, нужно ќе сфатиме дека инвестирањето во духовноста, личниот развој, мирот во себеси и позитивните вредности се најмоќното орудие за избавување од животните бури и тешкотии.Тогаш, духовната отпорност и осознаената мудрост ќе не соочат со најголемата вистина на постоењето: Секогаш и секаде на прво место треба да ти бидат здравјето, љубовта во срцето, душевната исполнетост и внатрешниот мир, зашто кога нив ги имаш – имаш сéКолумна на Зоран Крстевски во вечер.пресс

Коментари | пред 7 години

peralna-1

Кој наплаќа на паркингот пред ГТЦ? Изиграни граѓани апелираат да се внимава каде се остава автомобилот

На ѕидот на сообраќајниот срам граѓани објавија важно предупредување.Според нив, од кога големиот паркинг пред ГТЦ кај Холидеј Ин е бесплатен, станал примамлив за многу локални измамници и криминалци. Во објавата уште стои дека на диво било изградена автоперална, а измамниците стоеле на самиот влез на паркингот облечени со фалсикувани жолти елеци и ги стопирале возилата.При тоа лажно се претставувале дека се од паркинг на град Скопје, а по тоа лажеле дека на паркнгот нема место.По ова, ги принудувале граѓаните да ја остават колата на миење во нивната перална и дека откако ќе им ја измијат ќе им ја паркираат на државен простор веднаш пералната.Во објавата граѓаните уште апелираат УЈП да излези на терен , и да провери зошто за миење автомобил не се дава фискална сметка. 

Скопје | пред 7 години

zelen-pazar-204775

Домашен есап на пазар не бива: Мрсни цени за посен Бадник!

За да се наполни една скромна бадникова трпеза на граѓаните им се потребни најмалку 3.000 денари. Иако традицијата налага вечерата да биде посна, цените на производите кои вообичаено се наоѓаат на бадниковото мени, и не се така посни. На пазарџиите веќе обичај им е предпразнично да ги билдаат цените, што во услови на намалена куповна моќ на граѓаните, дополнително го отежнува пазарењето Лепче, грав, риба, тиква, туршија, сармички, посни пити и компири, се производите кои речиси секое семејство за Бадник ги поставува на трапезата.Бадниковата вечера, традиционално се збогатува и со портокали, мандарини, јаболка но и костени и ореви кои вообичаено, секоја година, ден пред Бадник, на пазарите се продаваат со драстично зголемени цени. Па така, ако пред една недела килограм костени чинеше од 100 до 120 денари, вчера на некои пазари се продаваше по неверојатна цена од 200 денари.Оревите пак, сега чинат 150 денари, иако претходно се продаваа за 80 до 100 денари за килограм. И со набилдани цени, гужвата низ пазарите во речиси сите градови во земјава е очигледна, иако за граѓаните полнењето на торбите веќе станува невозможна мисија. Тие се жалат дека пазарџиите пред Бадник, освен костените, ги зголемиле цените и на зеленчукот и на рибата.Со фрапантно високи цени на зелените пазари се продаваа и краставиците и доматите чија цена за килограм достигна и до 180 денари, односно 130 денари. Со непроменети цени можеше единствено да се купи овошјето со кое најчесто се честат коледарите. Еден килограм портокал можеше да се купи за 35 денари, мандарините за 50 денари, сувите сливи за 150 денари за килограм а цената на смоквите и урмите се движеше од 35 до 50 денари. На бадниковата трпеза неизбежна е и рибата па така низ рибарниците во Скопје, вчера, крапот се продаваше за 250 денари а мавровската пастрмка за 350 денари за килограм. Во услови на намалена куповна моќ на граѓаните а високи цени, оштетени се и граѓаните и трговците.Едните оти не можат да си дозволат богата бадникова трпеза, а другите оти регистрираат мала потрошувачка, состојба која се надеваат ќе се подобри за Божиќ кога на трпезата неизбежно е месото. Граѓаните за оваа вечера треба да одвојат многу повеќе од својот џеб. Цената на јагнешкото низ некои месарници веќе достигна цена и до 400 денари.

Македонија | пред 7 години

vlada-amandmani-2

Владата празнично со огромен број на огласи за работа

Во последниве десетина дена се објавија голем број огласи за вработување во државната администрација. Од чувари и курири, преку службеници и административци па се до раководители на сектори. Ваквото пост- празнично вработување премиерот Заев го оправда со потребата за пополнување на испразнетите места во институциите и јавните претпријатија.Тие работни места биле испразнети во втората половина од ланската година и сега само се бара кадар кој ќе ги пополни овие места, изјави Заев, кој тврди дека не станува збор за вработување на партиски членови. Нов кадар се бара во Агенцијата за вработување, распишан е оглас во Агенцијата за финансиска поддршка на земјоделството, Дирекцијата за безбедност, Дирекцијата за заштита и спасување и уште во неколку други институции кои се под надлежност на Владата.

Македонија | пред 7 години

iseluvanje

Анкета на Факултети.мк : 83,7 отсто од граѓаните би се отселиле од Македонија

Резултатите од направената анкета на тема „Кога би можеле, дали би заминале од Македонија?“ реализирана од порталот Факултети.мк покажуваат дека дури 83,7 отсто од испитаниците би заминале од Македонија кога би имале шанса.Во анкетата која била отворена пред две недели, на прашалникот анонимно одговарале вкупно 1.474 читатели.На прашањето „Кога би имале шанса, дали би заминале од Македонија?“ одговориле 1.491 читател, а од нив дури 1.234 (83,7 отсто) одговориле со „да“, 123 (8,3 отсто) се двоумат, додека 117 испитаници (7,9 отсто) би останале во Македонија.Според направената анкета испитаниците би се преселиле во Германија, Австралија, Канада, Франција, Холандија, Данска, Австрија, Скандинавија, Швајцарија, Словенија, Нов Зеланд, Шведска, САД, Англија.На прашањето „Зошто би заминале?“ одговориле 1.054 читатели. Најчестиот кус одговор е „за подобар живот“.

Македонија | пред 7 години

zaveani

10 гранични полицајци шест дена звеани во Танушевци

10 гранични полицајци се завеани во Танушевци , во полициската станица која е на границата со Косово.Алсат објави дека дека нивната храна е при крај, додека движењето е невозможно заради фактот дека снегот достигна од 1.5 до 2.5 метри. Телефонските врски повремено не работат.Службениците бараат помош од одделот во кој припаѓаат.

Македонија | пред 7 години

krazhba-na-kola

Тешка кражба во Скопје, СВР Скопје поднесе кривична пријава против 4 лица

СВР Скопје до надлежното Основно јавно обвинителство – Скопје поднесе кривична пријава против четири лица и тоа: К.Т. (41), Ш.Д. (35), М.Џ. (33) и Б.Џ. (28) сите од Скопје, а поради постоење на основано сомнение дека сториле кривично дело - “тешка кражба“, при што се стекнале со противправна имотна корист од околу 350.000 денари.Имено, пријавените кривичното дело го сториле ноќта на 22 спроти 23.12.2018, на ул.“Беласица“, на паркинг просторот спроти Скопски саем, при што откако К.Т. и Ш.Д. со употреба на тврд предмет го искршиле задното лево лептир стакло и ја отклучиле вратата на патничко моторно возило марка “Рено меган“ (со битолски регистарски таблички), влегле во возилото, успеале да го отворат гепекот на возилото, и заедно со другите двајца пријавени М.Џ. и Б.Џ. одзеле чанта во која имало лични документи, клучеви, 250.000 денари и 570 евра.По преземени мерки и активности од полициски службеници, лицата се лишени од слобода и во полициска станица го појасниле начинот на извршување на делото.

Скопје | пред 7 години

ogan-otvoreno

Апел од Град Скопје – да не се палат огнови на отворено

Град Скопје апелира до граѓаните да се воздржат од палење огнови на отворено по повод прославата на божиќните празници со цел да се заштити животната средина и амбиенталниот воздух.Апелот е усогласен со градоначалниците на сите скопски општини кои решија да се откажат од доделувањето дрва од општините за оваа намена, со цел да се спречи дополнително загадување на воздухот во град Скопје.

Скопје | пред 7 години

zaev-odgovornost

Заев: Посакувам консензуален кандидат за претседател

„Сакам консензуален кандидат за претседател зад кој ќе застанеме сите. ДУИ не е единствениот коалиционен партнер, ги има повеќе. Верувам дека ќе изнајдеме сила да избереме кандидат, кој ќе биде прифатливо решение за мнозинството граѓани“, истакна премиерот Зоран Заев.Тој додае дека до сега немало разговори за името на консенсузалниот претседател. Според него оваа тема ќе се отвори откако ќе заврши процесот во парламентот поврзан со уставните измени.

Македонија | пред 7 години

zaev

Заев: Оглaсите за вработување во админитрацијата се поради пополнување на испразнетите места од 2017 година

Во врска со објавените огласи за вработувања во јавната администрација по потпишувње на договор меѓу ЕБРД и ЕЛЕМ за фотонапонска електрана Осломеј, премиерот истакна:„Станува збор за пополнување на испразнетите работни места на крајот на минатата и почетокот на оваа година. Тоа се работни места испразнети во втората половина од 2017 година, а сега се пополнуваат и тоа само дел од нив. Со вработувањата нема нови зафаќања од буџетот и не е предвиденио ништо освен најавените зголемувања од пет проценти, а некаде и 10 во некои институции“, истакна премиерот одговрајќи на новинарско прашање.Што се однесува пак до најавата за зголемување на минималната плата, премиерот истакна дека целата постапка ќе биде транспарентна.„Имаме намера да отвориме дијалог за минималната плата со синдикатите и со работодавачите. Ние сме убедени дека во едно праведно и солидарно општество државата треба да преземе вакви чекори, а тоа да не биде на штета на никој од учесниците во постапката“, изјави Заев.

Македонија | пред 7 години

haker-frank

Најголем хакерски напад во Германија, украдени податоци од политичари, уметници, меѓу нив и од претседателот и канцеларката Меркел

Непознати хакери украле милиони податоци на германски политичари, новинари и познати личности, објави германскиот весник „Билд“, истакнувајќи дека ова можеби е најголемиот хакерски напад во историјата на Германија.Неколку илјади податоци се делумно лични информации објавени преку Интернет, а засега не е познато кој ги украл. Единствено познато е дека нападот е прекинат кон крајот на октомври, но не се знае кога почнал.Со хакерскиот напад се опфатени политичари од речиси сите политички партии, освен десничарската АфД, чии податоци засега не се објавени.Меѓу жртвите на нападот се и германскиот претседател Франк Валтер Штајнмајер, канцеларката Ангела Меркел, но и познати уметници и новинари, пред се од јавните сервиси АРД и ЗДФ.Само во АРД со хакерскиот напад се погодени најмалку 33 новинари.Меѓу објавените податоци се броеви на мобилни телефони, адреси, изводи од електронски комуникации, сметки, информации за кредитни картички, а во некои случаи и лични пораки со членови на семејствата.Во врска со канцеларката Меркел, како што пишува „Билд“, објавен е еден број од факс, една имеил адреса и повеќе писма кои ги добивала и испраќала.Портпаролката на германската Влада денеска соопшти дека меѓу податоците кои се хакирани нема чувствителни информации од Кабинетот на канцеларката Меркел.– Кога станува збор за Кабинетот на канцеларката, врз основа на првичните проверки, најверојатно не е објавена ниту една чувствителна информација или податок, рече портпаролката на редовната владина прес-конференција.Сопственикот на Твитер налогот на кој се објавени доверливите податоци се претпоставува дека се наоѓа во Хамбург.Тој преку својот налог најави дека ќе има многу интересни податоци кои допрва ќе се објавуваат.Во меѓувреме неговиот налог е затворен од страна на Твитер.Сојузната служба за заштита на уставноста (БфВ) од синоќа покрена истрага за овој случај и разменува информации за тоа со странски разузнавачки служби со цел да се дојде до потеклото на хакерскиот напад.Германските медиуми јавуваат дека зад нападот може да стојат Русија или Кина, „бидејќи Москва со години наводно спроведува масовни хакерски напади на Германија, а не може да се исклучи ниту соработката со германските десничарски екстремистички групации“.Министерката за правда Катарина Барлеј изјави дека станува збор за „тежок напад“.– Сторителите сакаат да ја нарушат довербата во нашата демократија и институциите, рече Барлеј.Таа побара колку е можно побрзо да се истражи овој случај, да се утврди кои се хакерите, но и дали постојат политички мотиви.

Свет | пред 7 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања