ГЛАВНИ-ВЕСТИ

bebe-vakcina

Викендов вакциналните пунктови ќе работат во две смени, во понеделник до 13 часот

Министерството за здравство информираат дека за време на викендот, на 5 и 6 јануари 2019 година, вакциналните пунктови „Јане Сандански“, „Бит пазар“ и „Букурешт“ ќе работат во две смени, во периодот од 07:30 до 19:00 часот.Во понеделник, на 7 јануари 2019 година, овие пунктови ќе работат само прва смена од 07:30 до 13:00 часот. 

Скопје | пред 7 години

bolnica-1

Реконструкција на Специјалната болница по хируршки болести „Св. Наум Охридски“

Министерот за здравство, Венко Филипче, вчера ја посети Специјалната болница по хируршки болести „Св. Наум Охридски“ во Скопје (поранешна Градска болница), каде се реконструраат речиси сите одделенија, но во етапи.Министерот Филипче имаше и средба со дел од медицинскиот персонал, каде се информираше за состојбата и условите за работа во болницата, но и ги информираше вработените за сите новини, кои ги спроведува Министерството за здравство, а се од полза за медицинскиот персонал и пациентите.Имено, во моментов во болницата по хируршки болести „Св. Наум Охридски“ комплетно се реконструира третиот кат од болницата. Станува збор за одделот за детска хирургија и пластична хирургија. Во моментот се доградува делот каде ќе се постави нов лифт, кој ќе биде поврзан со таканаречен „топол ходник“, низ кој ќе бидат транспортирани пациентите од влезот на болницата до одделенијата или операционите сали.Во моментов се реконструира вториот кат и првиот кат, западно крило. На првиот кат се реконструира одделението за урологија, а на вториот кат одделението за дигестивна хирургија.Клиниката во моментов има 350 вработени и во неа годишно се вршат од 3.500 до 4.000 операции. Во моментов работат сите пет операциони сали.Болницата, засега работи во намален обем, но без прекини, а реконструкцијата-санацијата се одвива во етапи.

Скопје | пред 7 години

Нема фотографија

Речиси изедначени социјалната помош и минималната плата

Владата речиси ги изедначи социјалната помош и мининалната плата. Ако минималната плата е 12.000 денари, социјалната помош од 1 ви јануари стигна до 11.700 денари.Со ова се доведува во прашање праведноста и мотивот за работа , ако се знае дека голем број работници во приватни текстилни фирми работат за минималец.Па според тоа, четириричлено семејство, со едно работонеспособно лице ќе добива 11.700 денари, а семејство со двајца возрасни и две деца 10.600 денари.„За повеќе од 70 отсто на корисниците на социјална помош зголемувањето е повеќе од 300 отсто или трипати повеќе од тоа што го добиваат сега. Започнуваме темелни реформи во ситемот на социјална и детска заштита. Се зголемува социјална парична помош и воведуваме минимален гарантиран приход. Целта е да се усогласи паричниот надоместок што го дава државата со потребите на граѓаните и да им помогнеме побрзо и полесно да излезат од сиромаштија“, рече Заев.Премиерот Зоран Заев вчера најави дека и годинава ќе се зголеми минималната плата во земјава.

Македонија | пред 7 години

badnikova-pestera

И годинава Бадниковата пештера поставена на градскиот плоштад во Охрид

Охрид е подготвен за Бадниковата поворка. На градскиот плоштад вчера беше поставена Бадникова пештера.Во меѓувреме, децата ја вежбаат и ја учат песната „Вечниот бог“. Со оваа песна на Бадник по шести пат со свеќи во раце, кандила и ѕвезди ќе го наговестат Христовото раѓање во Охрид. Тие тргнуваат од црквата Св. Ѓоргиј , поминуваат нис централните градски улици и ка крај одат на молитва и Бадникова трпеза во црквата “Света Богородица Каменско”.

Македонија | пред 7 години

zabava

(ВИДЕО) Секс забава на самопрогласениот аристократ, лордот “Брз Еди”, заврши со убиство

Вратар избоден до смрт на новогодишната вечер. Умрел штитејќи ги богатите клиенти на забавата на самопрогласениот аристократ, лордот “Брз Еди” Девенпорт.Самопрогласениот аристократ, познат по луксузните секс-забави, бил виден како помага при плаќањето на вратата на ексклузивната забава, кога насилниците се обиделе да си го пробијат патот до “Парк Лејн”, каде Новата година ја прославиле арапски принцези, тајкуни и други познати личности.“Тоа беше луда забава”, рекол извор близок до Девенпорт.Вратарот Тјудор Симионов бил убиен откако бил избоден во гради, а и хостесите исто така биле сериозно повредени, при инцидентот кој се случил во околу 5:30 часот по локално време.Извор за полицијата навел дека имало девојки “облечени во атрактивна облека, со долна облека кој ѕиркала, и дека луѓето влегувале и излегувале”. “Делуваше како секс-забава”, истакнал тој.

Свет | пред 7 години

David-Dragicevic-1

(ВОЗНЕМИРУВАЧКА СОДРЖИНА) Фотографии од обдукцијата над Давид Драгичевиќ

Не запираат протестите во Бања Лука во кои се бара правда за Давид Драгичевиќ. Апсења и протести има секојдневно. Тензична атмосвера сеуште.Давор Драгичевиќ неодамна објави фотографии од обдукцијата на телото на неговиот син. Социјалната мрежа фејсбук овие фотографии ги отстрани многу брзо поради нивната вознемирувачка содржина.Уште еднаш потсетуваме дека станува збор за многу вознемитувачка содржина. Фотографиите потврдуваат дека Давид, пред да биде убиен, бил ѕверски претепан, мачен.Овие фотографии исто така потрдуваат дека Драган Лукач, министер за внатрешни работи лажел кога изјави дека на Давид „не му се искршени заби и коски“.Министерот уште во изјва тврдеше дека за смртта на Давид нема кривично дело.Овие фотографии го потрдуваа токму спротивното, поточно се сведок на ужасот кој го поминал 19 годишниот Давид Драгичевиќ.Инаку Давор Драгичевиќ, таткото на 19-годишното момче Давор за чија неразјаснета смрт граѓаните од Бања Лука протестираат веќе девет месеци, беше приведен, па пуштен на слобода откако се организираа масовни протести во градот.„Против сите кои учествуваа во моето апсење ќе поднесам кривични пријави. Мојот Давид ќе добие правда и сите во оваа држава ќе добијат правда. Не ми можат ништо ни за милион години“, изјавил Драгичевиќ по пуштањето на слобода.Драгичевиќ бил приведен поради загрозување на безбедноста, поради тоа што наводно му се заканувал на министерот за внатрешни работи на Република Српска пред владината зграда.Драгичевиќ ја обвинува покраинската власт и полиција за смртта на неговиот син, случај кој веќе девет месеци не е расчистен од институциите.Во Бања Лука сеуште е тензично.

Свет | пред 7 години

pletvar

Возило на итната медицинска помош од Прилеп се излизга и преврти на Плетвар

Поради лошите услови на патот, возило на итната медицинска помош од Прилеп, вчера враќајќи се од Скопје излетало на Плетвар.Директорката на Здравствениот дом од Прилеп, Оливера Аџиоска објаснуваа дека до несреќата дошло поради лошите услови на патот. Возилото се излизгало, се превртило два пати и завршило на кровот.„Во возилото биле 3 лица, еден пациент кој што го зедовме од клиниката за Гастро од Скопје, член на неговото семејство и возачот од Итна помош Прилеп. Иако возилото се превртело два пати, чиста среќа во несреќа е тоа што никој од оние кои биле во него не е повреден. Најверојатна причина за несреќата е лизгавиот пат, бидејќи возилото не се движело брзо и се било во ред. По несреќата веднаш повикавме екипа на полициската станица од Прилеп која изврши увид на лице место“, истакна Аџиоска за infokompas.com.mkВозилото со шлеп служба е однесено на сервис.

Свет | пред 7 години

Нема фотографија

Облачно со силен ветер и температури под нула

Денес времето ќе биде претежно облачно. Во јужните делови ќе има повремени врнежи од снег со слаб до умерен интензит. Денес и утре ќе дува умерен, повремено засилен северен ветер кој на места ќе достигнува брзина над 70 км/час. Утринските температури ќе бидат во интервал од -14 до -6, а дневните на повеќе места во текот на целиот ден ќе се задржат под нула.Во Скопје облачно време со температура од -4 до -1 степен.Под влијание на многу студена воздушна маса до средината на наредната седмица времето ќе биде променливо и студено. Благо покачување на дневните температури ќе има во недела кога се очекува да бидат во интервал од -3 до 6 степени, а ќе има и повремен слаб снег.

Македонија | пред 7 години

thumb

Здружение на педијатри на Македонија: Вакцините се безбедни и квалитетни

Здружението на педијатри на Република Македонија ги поддржува сите мерки што ги превзема Министерството за здравство во однос на вакцинирањето на децата кои не се вакцинирани со МРП вакцината.„Повикот е од особена важност за децата кои се во потенцијален ризик или се опкружени со лица во потенцијален ризик и истите треба да бидат веднаш вакцинирани со цел намалување на ризикот на и така намалениот колективен имунитет. Со тоа се намалува ризикот за пренесување на малите сипаници – морбили, кај децата и кај повозрасната популација. Со вакцинацијата се намалува ризикот од заболување од морбили, а со тоа и опасноста од можните компликации кои можат да бидат многу сериозни и смртоносни.Важноста на педијатарот во имунизацијата е исклучителна и единствена, бидејќи тој е компетентен во проценувањето на здравствената состојба на детето и е одговорен за навремено информирање на родителите во однос на здравствената заштита на детето и имунизацијата. По претходно утврдена здравствена состојба на детето, со вакцинирањето се спречуваат несакани грижи за здравјето на децата.Вакцините се безбедни и квалитетни“, велат од здружението.

Македонија | пред 7 години

Нема фотографија

(ВИДЕО) Новинари до Заев: Касните како економскиот раст

Денеска премиерот Зоран Заев заедно со Министерот за финансии Драган Тевдовски одржаа прес-конференција на која ги најавија очекувањата на финансиски и економски план во 2019 година.Прес-конференцијата беше најавена во 12:30 часот, но истата почна еден час подоцна, по што еден од новинарите му рече на премиерот дека касни како економскиот раст. На тоа премиерот Заев само се насмевна и наместо да им се извини на медиумите, тој започна со прес-конференцијата.https://twitter.com/tetkicai/status/1080855569131548673?s=12&fbclid=IwAR0aHNfX7tu9Rc01A7Uur7o-jN8rCxaTpm8xgFM4fnFgcL8bOTAEySQHOQQ

Македонија | пред 7 години

bebe-vakcina

Сакаш во градинка, мора вакцина - досега вакцинирани Околу 300 деца

Денеска градинките ги затворија вратите за дечињата кои немаат примено МРП вакцина. Ова е причина родителите да ги вакцинираат своите деца. До поплднево околу 370 деца ја примија вакцината МРП.Инаку министертсвото за здравство прогласи епедимија на морбили на територија на град Скопје. Прстот го нсочи кон антивакциналните кампањи, за кои велат дека го земаат данокот.Според информациите досега, има 19 заболени, од кои 13 се веќе докажани, а шест се сомнителни и за нив се уште се чека лабораториска потврда. Сите заразени не се вакцинирани.

Скопје | пред 7 години

studenski-dom

Со мобилен телефон се снимаат женските тушеви во Студентскиот дом Кузман?

Станар во Студентскиот дом „Кузман” смислил начин како да ги гледа оние кои се тушираат во женските тоалети, пишува Вечер.Фоторепортерот на весникот Вечер го фати моментот како од надворешната страна на прозорецот на тоалетот на третиот кат на Домот некој го закачил својот мобилен телефон со цел да ги снима женските тоалети.Иновативноста на овој станар веднаш е споделена на социјалните мрежи со цел да се информираат засегнатите страни.

Скопје | пред 7 години

Нема фотографија

Германија има потреба од шофери, автомеханичари,чистачи - плата 1800 евра

Германија има потреба од работна сила. Најголема потреба од работници има Берлин, а зад него се Минхен, Хамбург. Повеќе од 10 илјади слободни работни места има во Келн, Штутгарт, Диселдорф.Барани се и возачи, возачи на виљушкари, автомеханичари чии плати се движат околу 14-15 евра од час. Посредници од областа на осигурувањето, магационери и сезонски работници заработуваат околу 16 евра од час. Платата за чистачи се движи до 1.800 евра.Фармацевтската индустрија дава највисоки плати со просечни бруто примања од околу 70.000 евра годишно. На второ место се банките, а на третото индустријата за автомобили. Во машинската индустрија работниците земаат околу 65.000 евра бруто плата годишно.

Свет | пред 7 години

buckovski

Бучковски прогнозира дека СДСМ ќе победи во првиот круг на претстојните претседателски избори со разлика од 100.000 гласа пред ВМРО-ДПМНЕ

„ВМРО-ДПМНЕ сега го испитува рејтингот на своите кандидат и таму не гледаме дека е профилиран кандидат кој однапред би имал сериозна поддршка. Можно е по првиот изборен круг, кога би била разликата според мене повеќе од 100.000 гласа за кандидатот на СДСМ, затоа што сум убеден дека СДСМ ќе биде фаворит на овие избори, без разлика кој ќе биде кандидат од оние кои се споменуваат во јавноста, тогаш ќе биде голема дилемата кај ВМРО-ДПМНЕ дали да учествуваат во вториот круг за да биде исполнет цензусот. Во спротивно тивкиот бојкот ќе значи рушење на претседателските избори. Варијантата на Владата дека имаат резервна опција да се отвора Уставот и да се бира претседател во парламентот, според мене е решение кое требаше да биде промовирано не како резултат на неуспешени претседателски избори, туку како решение кое одговара на Уставот и на приликите во Македонија“, вели поранешниот премиер, Владо Бучковски.Според него 2018 година ја одбележал Преспанскиот договор.

Македонија | пред 7 години

nagrdai-mvr-1

(ВИДЕО) Наградени полициски службеници за остварени забележителни резултати во работењето

“Чест ми е што како министер за внатрешни работи ja имам можноста да ви оддадам признание за се она што е реализирано изминатиов период, а со особен квалитет и покажана иницијативност во работењето и вршењето на работни задачи во текот на минатата година, и сето тоа да се верификува на ваков начин со доделување решение за зголемен износ на плата.“ Ова меѓу другото, го истакна министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски на денешното врачување на триесет решенија на исто толку вработени во различни организациони единици на МВР кои што се еднократно наградени заради остварените забележителни резултати во работењето во текот на изминатата година.Министерот Спасовски потенцираше дека овој успех и постигнатите резултати ќе претставува поттик не само за наградените туку и за нивните колеги, уште поагилно и попосветено да работат во подигнување на интегритетот на полицискиот службеник, и да се соочат со сите професионални предизвици со максимална посветеност и пожртвуваност.Директорот на Бирото за јавна безбедност Сашо Тасевски изрази уверување дека сите вработени во МВР ќе продолжат со несмалено темпо на работа.“ Како ваши претпоставени ние сме должни да внимаваме на секој ваш професионален чекор, но и да ги вреднуваме вашите успеси и заложби. Нема да толерираме никакво непочитување на професионалните стандарди или селективност во постапувањето, бидејќи законот мора да важи еднакво за сите“, истакна директорот на БЈБ, Тасевски“.

Скопје | пред 7 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања