ГЛАВНИ-ВЕСТИ

zaev-odgovornost

Заев: Ако истрагата утврди одговорност за бегството на Груевски , ќе ја понесеме почнувајќи од мене, министер, директори, сектори во МВР

„Додека не заврши истрагата предводена од Јавното обвинителство, чесно е извршната власт да не се истрчува со претходни детали што може да бидат дел од предистражна или истражна постапка што ја водат истражните органи. Штом Јавното обвинителство ќе даде пас и тоа на било кој начин ќе го обелодени, ние ќе ги соопштиме сите детали од аспект на извршната власт, пред се, од Министерството за внатрешни работи“, рече премерот Зоран Заев, одговарјќи на новинарско прашање за бегството на поранешниот премиер Никола Груевски.Заев уште додаде дека ако постои одговорност некаде, и доколку тоа се потврди со конкретни докази и аргументи, одговорноста ќе се понесе почнувајќи од мене, министер, директори, сектори во МВР или било која друга државна институција од извршната власт.-Тука нема дилеми. Уште еднаш потенцирам тајни договори кои значат избегнување на правда немало и нема да има, рече Заев.

Македонија | пред 7 години

severna_korea

Најважниот дипломат на Северна Кореја се крие и чека азил од Италија

Севернокорејскиот дипломат Џо Сонг Гил , кој привремено ја вршел функцијата амбасадор во Италија , пребегнал и се крие со семејството на тајно место , објави тајната полиција на Северна Кореја.Амбасадорот на Северна Кореја во Италија, Јо Сонг-гил побара азил во земјата во која ја врши должноста, пренесува „Гардијан“. Со барањето на азил, ова е уште еден случај од ваков тип, каде висок претставник на севернокорејската дипломатија бара азил во една од земјите каде што ја претставува својата држава.Според информациите од дипломатски извори во Сеул, Јужна Кореја, Јо Сонг-гил побарал азил заедно со неговото семејство, а италијанските власти потврдија дека тој е на „сигурно“ додека не се донесе одлука дали неговото барање ќе биде прифатено.Последниот висок диполомат од Северна Кореја кој побара азил и ја напушти својата позиција е Тае Јонг-хо, кој служеше како амбасадор на оваа земја во Лондон до 2016 година.

Свет | пред 7 години

lavina

Норвешката полиција трага по четворица туристи од Шведска и Финска, се стравува дека се затрупни од лавина

Норвешката полиција трага по четворица туристи од Шведска и Финска . Тие се водат како исчезнати откако вчера, како што се стравува, ги затрупала лавина во арктичкиот дел на Норвешка.Лавината се случила во северниот норвешки регион Тромс, популарен меѓу скијачите.Временските услови не им дозволиле на спасувачките екипи денеска да ја продолжат потрагата, иако таа се уште не е откажана.

Свет | пред 7 години

zaev-cipras

„Нова демократија“ нема да го ратификува Договорот од Преспа - Ципрас треба да бара ново мнозинство

Портпаролката на Нова демократија и европратеничка, Мариа Спираки, во интервју за грчкото радио „Њуз247“, уште еднаш повторува дека Нова демократија нема да го ратификува Договорот од Преспа ниту во овој, ниту во следниот парламент, објави МИА.– Мислам дека не постои нешто друго околу ова прашање. Ова им го имаме кажано на сите наши соговорници и во и надвор од Грција, го имаме кажано со истиот речник, го имаме кажано на сите јазици. Нова демократија нема да го ратификува договорот, ниту во актуелниот ниту во следниот парламент, каде што ќе имаме мнозинство – вели Спираки.Во однос на најавите на коалициониот партнер во владата и лидер на Независни Грци, Панос Каменос, дека ќе се повлече од владата кога договорот ќе дојде во грчкиот Парламент, Спираки вели дека тоа ќе создаде нова ситуација и Ципрас ќе мора да побара доверба од парламентот, јави дописничката на МИА од Атина.– Повлекувањето на господниот Каменос и неговите министри од владата, неопходно е да го одведе господниот Ципрас во парламентот за да побара ново мнозинство. Во спротивно, за нас нема никаков легитимитет – вели портпаролката на Нова демократија во интервјуто за грчкото радио.За можноста Нова демократија да достави иницијатива за гласање недоверба на владата, Спираки уште еднаш повтори дека „сите парламентарни оружја се на маса“, а кое ќе го искористат „е одлука на лидерот на партијата, Кирјакос Мицотакис“.извор: МИАПремиерот Алексис Ципрас треба во грчкиот парламент да бара ново мнозинство, бидејќи неговиот коалициски партнер, Независни Грци, најверојатно нема да гласаат за договорот од Преспа. Ова во интервју за радиото 24. 7 го изјави портпаролката на главната опозициска партија Нова демократија, Марија Спираки.

Свет | пред 7 години

kom-higiena-2

На кого му сметаат контењерите за отпад - запалени 10

За време на новогодишните празници, вкупно десет садови за собирање на комуналниот отпад на ЈП „Комунална хигиена“-Скопје беа запалени и уништени во целост.За време на новогодишните празници, вкупно десет садови за собирање на комуналниот отпад на ЈП „Комунална хигиена“-Скопје беа запалени и уништени во целост.Најголемиот дел од запалените контејнери се наоѓаа на булеварот Партизански одреди, во општината Карпош, а дел беа поставени на улицата Јане Лукроски, во општината Гази Баба, каде што е опожарен и еден специјален контејнер-ѕвоно, наменет за селекција на стакло.Со овие постапки се нанесува голема финансиска штета на Претпријатието, но и се создаваат проблеми при одлагањето и собирањето на комуналниот отпад во градот. Апелираме граѓаните да престанат со уништувањето на опремата на ЈП „Комунална хигиена“-Скопје и совесно да го одлагаат својот отпад, за нашите екипи да можат навремено да ги извршуваат своите работни обврски согласно Оперативната програма за работа.

Скопје | пред 7 години

ambasada-germanija-vo-R-Makedonija

Германската амбасада во Скопје реагира: Не е точно дека од почетокот на годинва странските квалификувани работници полесно ќе се вработуваат во Германија

Германската амбасада во Скопје реагира на написите во медиумите дека со почетокот на оваа година, странските квалификувани работници полесно ќе се вработуваат во Германија.Во текот на вчерашниот ден е кружеа информации дека еден македонски работник ќе може да добие право на шест месечен престој во најсилната европска економија ако докаже дека има доволно пари за самостојно да се издржува и покаже одредено ниво на познавање на германскиот јазик.Од германската амбасада велат дека овие информации се неточни.„Информациите за нов закон, кој треба да стапи во сила од 1.1.2019 година и кој на граѓаните од земјите што не се членки на ЕУ ќе им овозможи престој до 6 месеци без работен договор и без работна дозвола во Германија, не се точни. Ве молиме да се информирате на веб страницата на германската амбасада за предусловите и времето на чекање за доделување на работни визи“, стои во соопштението.

Македонија | пред 7 години

Zoran_Zaev

Има ли Заев 2/3 мнозинство за да поминат уставните измени?

„Конечната бројка на пратеници ќе ја знаеме на чинот на гласање, кој ќе биде резултат на самата дебата, резултат на задоволството на пратениците. Ќе сторам се до последен момент да обезбедам 2/3 мнозинство. Тоа ќе и го соопштам на јавноста во моментот на гласањето“, истакна Премиерот Зоран Заев .Тој уште додаде дека е оптимист дека овој процес ќе се завршимеи додаде дека продолжуваат разговорите со сите.Премиерот додаде дека дебатата ќе почне на 9-ти јануари, а истата предвидено е да трае десет дена.На новинарско прашање дали се сретнал со Касами за да разговара за поддршката за уставните измени, тој не даде конкретен одговор и рече дека очекува со сигурност дека 80 пратеници ќе гласаат за уставните измени на седеницата закажана за 12 јануари.А на новинарско прашање кога ќе влезе Македонија во НАТО, Заев рече дека очекува тоа да се случи во февруари.

Македонија | пред 7 години

perihel-2

Земјата е во перихел - Што значи тоа?

Вчера, 2 јануари во 23 часот и 50 минути, планетата Земја беше најблиску до Сонцето за 2016 година, во положба наречена перихел. Во тој момент, нивното растојание ќе изнесува 147 милиони км. Тоа е за 2,5 милиони км помалку од просечното, односно околу 5 милиони км помалку од максималното растојание (152 милиони км) помеѓу Земјата и Сонцето, положба познато како афел (датум: 4 јули 2016 година). Поради близината до Сонцето, во месецот јануари Земјата се движи околу 1 км/сек побрзо (30,3 км/сек) по својата патека отколку во јули, што е причина и за малку пократко траење на годишните времиња (зима на северната, а лето на јужната полутопка) во овој период. Причината за перихел и афел е тоа што Земјината патека (орбита) не е сосема кружна, туку малку елиптична, со едниот крај на „елипсата“ малку поблиску до Сонцето, пишува д-р Ивица Милевски.Иако би требало да се очекува помалото растојание да резултира со потопли јануарско-февруарски лета на јужната полутопка, тоа не е така заради многу понерамномерниот распоред на водата и копното. Сепак, има еден друг многу значаен ефект, а тоа е што количеството на УВ и други зрачења од Сонцето во овој период е поголемо за околу 7%. Тоа зголемување е доволно да предизвика значајни ефекти врз испарувањето на водата во Светскиот океан, влијаејќи врз глобалниот и регионалниот распоред на врнежи. Поради оштетувањето на озонските слоеви, перихелната положба во последно време понеповолно се одразува врз живите организми и човекот, главно преку намалување на имунолошкиот одговор или преку оштетување на кожата и очите. Затоа, без оглед што е зима, треба да се внимава на изложеноста на директното сончево зрачење, особено на повисоките планини!Поради перихелната положба, Сонцето овие денови одлично се гледа и фотографира со послаби оптички инструменти кои имаат заштита и филтри (може и темна, неупотребена филм-фолија или тенка алуминиумска фолија).Инаку, уште порано беа наведени прогнозите на големите светски метеоролошки агенции дека вистинска „снежна“ зима на Балканот ќе се појави по перихелот. Таквите прогнози сеуште се неизвесни, иако има најава за посилни снежни врнежи во текот на идната недела.Автор: д-р Ивица Милевски

Магазин | пред 7 години

bebe-vakcina

Клиника за детски болести: Ги повикуваме родителите да ги вакцинираат децата, вакцините се безбедни

Од Клиниката за детски болести апелираат до родителите да ги вакцинираат своите деца и велат дека вакцините се квалитетни и безбедни.„ЈЗУ Клиниката за детски болести ја поддржува иницијативата за имунизација на децата со МРП вакцина. Од имунолошки апсект е оправдана имунизацијата со што се заштитува детето, но придонесува и за искоренување на болеста.Ги повикуваме сите родители да ги вакцинираат децата кои се невакцинирани. Вакцините се квалитетни и безбедни, и се единствен начин да се заштити колективниот имунитет”, се вели во соопштението на Клиниката за детски болести.

Македонија | пред 7 години

Mila_Carovska_Minister

МТСП: Царовска во најбрз можен рок ќе го пријави имотот на сопругот во анкетниот лист во ДКСК

Прес конференцијата на ВМРО-ДПМНЕ претставува манипулирација со јавноста преку тенденциозно погрешно толкување на законите, велат од МТСП.„Законот не ги обврзува функционерите да поднесуваат извештај за имотната состојба на нивните неформални партнери како што ВМРО-ДПМНЕ се обидува да ја излаже јавноста и не постои можност за поразлично толкување на одредбите од овој закон. Министерката Царовска уредно го има пополнето својот имотен лист и пријавено својот имот и имотот на нејзиното семејство.Иако законски не е обврзана, министерката Царовска заради транспарентност кон јавноста околу имотот на неформалниот сопруг во најбрз можен рок ќе го пријави во анкетниот лист во Државната Комисија за спречување на корупција. Тој во своја сопственост има една гаража од 25 м2 и една парцела земја во кочанско од 1.000м2“, се вели во соопштението. 

Македонија | пред 7 години

bosale-22

Почина проф.д-р Никола Бошале, човекот кој гo викаа Најохриѓанец од сите охриѓани

Почина проф.д-р Никола Бошале, еминентниот познавач на Охрид, негов хроничар и неуморен промотор, проф.д-р Никола Бошале во 2017 год беше добитник на највисокото општинско признание, Патрон на градот “Свети Климент Охридски“.Проф. Др. Никола Бошале е роден на 27 август 1929 година, по образование е д-р по социологија, но со неговите истражувачки потфати навлегува длабоко и во повеќе сфери и области како: туризам, екологија, археологија, етнологија, архитектура, културна антропологија, проширувајќи ги своите сознанија и изработувајќи покомплексни анализи. Иако живееше на релација Охрид – Скопје, Охрид е неговата вечна инспирација, секогаш возвеличувајќи ги неговите природни и културни богатства. Во своите дела тој се посветуваше на значењето на Св. Климент Охридски, на Античкиот театар, Плаошник, традиционалната архитектура, на Езерото и традиционалниот риболов, на охридските чалгии, охридската резба и нејзиниот последен патрик Димче Јанко, на градскиот стил и менталитет на живеење. Го обработуваше народното усно творештво, фолклорот, ликовното и литературното творештво поврзано со Охрид.Неговата трудољубивост и дарба да ги забележува и анализира сите појави и промени, а секогаш воден од исконската љубов и грижа за Охрид го чини во вистинска смисла Најохриѓанец од сите охриѓани. Тој е во моментот најдобриот познавач и хроничар на живот во Охрид. Неговите дела се убава промоција и популаризација на охридските непресушни ризници. Творештвото на д-р- Никола Бошале треба да биде задолжителна лектира за секој охриѓанец за да добие или ги прошири своите сознанија за материјалното и духовно наследство на Охрид и ќе извлече големи поуки за сите вистински вредности на Охрид што треба грижливо да се чуваат и негуваат.Книгите на Бошале може да ги поделиме на 2 дела: охридски и неохридски. Никола Бошале повеќе од половината книги ги има посветено на Охрид. Придавката охридски е во голем дел од насловите на книгите: охридски Климент, охридски флоридус, па охридската визита, охридските трубадури и охридски длаборез и уште античкиот театар во Охрид и милоста кон Езерото (секако Охридско). Би рекле најголемиот дел од трудовите им ги посветил на родниот град како ниту еден друг научник, писател или историчар. Иако најголемиот дел од животот го минал надвор од Охрид, тој секогаш својот град го носеше во себе.

Македонија | пред 7 години

Нема фотографија

(ВИДЕО) Внимавајте ако патувате преку планинскиот превој Ѓавато

Утрово кашест снег е застапен на државните патишта, а на поголем дел од патиштата низ земјава има и забрана за сообраќај на тешки товарни возила.Задолжителна е употреба на зимска опрема за сообраќај преку планинскиот превој Ѓавато.Доколку мора да патувате задолжително почитувајте ги правилата за патување во зимски услови кои ги наложува АМСМ.https://www.facebook.com/blagojce.markovski.12/videos/2901390893210696/

Македонија | пред 7 години

mvr

Српски држвјанин излетал од патот на регионалниот пат Гостивар-Маврово

На 02.01.2019 година во 01,20 часот било пријавено дека на регионалниот пат Гостивар-Маврово кај Новоселски Мост–с.Ново Село патничко моторно возило „Нисан“ со српски национални ознаки управувано од Ф.И.(32) од Р.Србија, излетало од коловозот. Во незгодата возачот се здобил со тешки телесни повреди и со возило на Итна медицинска помош бил пренесен во Медицинскиот центар во Гостивар, а потоа во комплексот клиники “Мајка Тереза“ во Скопје. Увид на местото на настанот извршиле Јавен обвинител и увидна екипа од Полициската станица Гостивар. Се работи на целосно расчистување на случајот.

Македонија | пред 7 години

grabes

Украдени 2,3 милиони евра од блиндирано возило во Италија

На автопат во јужна Италија од блиндирано возило се украдени 2,3 милиони евра, сопшти италијанската полиција.Возилото, кое од Бари пренесувало пари за пензии кон поштите, мскирните крадци го стопирале на патот со два шлепера, а потоа користеле два ровокопачи како отварачи за да дојдат до парите.Според полицијата ниту еден од тројцата обезбедувачи на парите не е повреден.

Свет | пред 7 години

nasa-11

(ВИДЕО) НАСА покажа фотографија на најоддалечениот вселенски објект во Сончевиот систем

НАСА ја покажа првата фотографија на Ултима Туле, најоддалечениот вселенски објект забележан од човештвото, потврдија од вселенската прес служба.На сликата, Ultima Thule изгледа како кикирика - вселенскиот објект е силно издолжен, измерен околу 32 км на 16 км. Деновиве се очекуваат повеќе фотографии од помало растојание. Најдобрите фотографии во боја нема да се добијат до февруари. Тие ќе откријат дали Ultima Thule има прстени, сателити или кратери.Сите податоци од сондата Нов Хоризонт ќе бидат примани во текот на две години. Сондата Нов Хоризонт вчера се доближи околу 3500 км од Ultima Thule.

Магазин | пред 7 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања