ГЛАВНИ-ВЕСТИ

sv-julijana

Според календарот на МПЦ денеска е Св. маченица Јулијана

Света Јулијана живеела и пострадала за Христа во градот Витинија, Мала Азија, во третиот век. Потекнувала од богата и угледна фамилија. Уште додека била малечка, била ветена за жена на некојси Елевсиј, кој исто така потекнувал од висок род. Додека растела, Јулијана се запознала со Христовото учење и поверувала во единствениот Бог. Кога и дошло време за мажење, таа не сакала да влезе во брак со Елевсиј, зашто овој бил незнабожец. Родителите не успеале да ја разубедат и најпосле ја предале како христијанка на Елевсиј, кој во тоа време бил управник. Елевсиј ја измачувал два дена, а потоа ја погубил. Оваа блажена девојка пострада во 290 година.

Македонија | пред 7 години

5

(ВИДЕО) Автомобил заврши во охридска река, поради лизгавите улици

Автомобил заврши во реката „Сушица“ откако претходно се излизгал од коловозот на улицата „Радојца Новиќиќ“ во Охрид.Полицијата врши увид на местото на настанот, а според првите неофицијални информации нема настрадани и посериозно повредени.

Македонија | пред 7 години

andrej

Папаз открива: Спремам големо модно шоу во Македонија, затоа Америка ќе мора да ме почека

Креативен, критичен, едноставен и со уникатен стил. Неговите безвременски креации ги носат македонските ѕвезди, а неговото име надалеку се слуша. Новата година само што започна, а модниот дизајнер Андреј Папаз Ѓоргиевски веќе работи на нова колекција, големи проекти и модно шоу кое ќе се памети. Дека се „крчка“ нешто големо, може да се забележи и од неговите одговори, а посебно во делот каде Папаз вели „Во моментов имам навистина значајни професионални ангажмани во Македонија, само вистински предизвик би ме одвлекол од тука. Америка ќе мора да ме почека“.Во продолжение ви го пренесуваме целиот разговор со Андреј Папаз Ѓоргиевски.„Скопје 1“: Дали во 2019 ќе видиме нов Андреј или пак нова колекција?-Папаз: Промените од година во година се неизбежни. Андреј за оние приватно што го знаат ќе остане истиот, или уште подобар за оние кои заслужиле, а на професионален план ќе се случат големи проекти, можеби и најубавите до сега во мојата кариера. Нова официјална колекција ќе има, но тоа некако постојано го премолчувам поради тоа што спремам големо модно шоу.„Скопје 1“: Кога ќе видиш лошо парче облека, што прво помислуваш?-Папаз: Периодов се изнагледав лоша облека низ трговските центри, а во голема мера истата ја видов на новогодишните забави. И по толку време мене се уште не ми е јасно како може да се случуваат модни катастрофи, каде преовладува пренатрупаност и невкус. Така што, тука недостасуваат уште многу лекции за модно освестување, но пред тоа треба да се случат некои позначајни индивидуални промени.„Скопје 1“: Деколте или ролка?-Папаз: Зависи од тоа кој и како го носи. Девојка која носи деколте ненападно, на начин како да носи ролка, која не се обидува агресивно да ги презентира атрибутите, според мене е вистинскиот моден рецепт.-„Скопје 1“: Дали би ја напуштил Македонија за да работиш во Америка?-Папаз: Во моментов имам навистина значајни професионални ангажмани во Македонија, само вистински предизвик би ме одвлекол од тука. Америка ќе мора да ме почека.„Скопје 1“: Што повеќе ти пречи, лоша храна или лоша облека?-Папаз: Со добро квалитетно вино преминувам преку лоша храна, но не и преку лоша облека.„Скопје 1“: Три работи што си ги направил во 2018 и се каеш за истите?-Папаз: Првото нешто за кое се каам за минатата а ќе се каам и во Новата година е тоа што не си давам одмор и оддишка, тоа нешто и после толку долго време не знам да го доведам до ред. Второто нешто за што се каам е тоа што не знам да кажам „не” и „доста”, а трето веројатно и да нема, бидејќи 2018 навистина беше убава година.„Скопје 1“: Ако ти се даде шанса, дали би направил промена во стилот на премиерот Заев и како треба да изгледа според тебе?-Папаз: Политичарите и нивните најблиски кај нас се најголеми ѕвезди, соработката помеѓу нив и македонските дизајнери можеби и треба повеќе да се актуелизира. Бидејќи премиерот Заев веќе е докажан во успешните договори, сметам дека би имале одлична соработка, затоа што модерниот префинет изглед треба да биде дел од секој (европски) човек.„Скопје 1“: Како не треба да се облекуваме во 2019 година?-Папаз: Веројатно првиот совет би бил да го пронајдат индивидуалниот стил адаптиран на личниот буџет, без да си прават фарса по социјалните мрежи. Копирањто никогаш не било во мода.

Магазин | пред 7 години

kerka-suzana-spasovska

Ќерката на Сузана Спасовска кажа „ДА“

Ќе се мажи ќерката на Сузана Спасовска. Теона Спасовска, ќерката на македонската фолк дива, Сузана Спасовска на 29.12 објави пост на својот фејсбук профил во кој напиша:„Реков „ДА“, на мојот роденден“, напиша Теона. Избраник на Теона е Виктор Велковски со кого подолг период е во врска.Теона речиси воопшто не се експонира во јавноста и не го продолжи патот на својата славна мајка, зашто воопшто не се занимава со пеење. Таа студира на Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип, а во исто време работи и во една осигурителна компанија во Скопје.Инаку, Теона е дете на Сузана Спасовска од бракот со српскиот менаџер Раде, со кој во почетокот на 90-ите „Сузе – Национале“ беше во емотивна врска, која не траеше долго.Теона за прв пат се појави во видео запис на својата мајка во песната „Дали знаеш ти (Рамо за плачење)“.

Магазин | пред 7 години

ujp_smetki

УЈП нема да ги казнува оние кои го пропуштиле рокот за регистрација -тие кои заборавиле, може да се регистрираат деновиве

31 декември беше крајниот датум до кој граѓаните требаше да се регистрираат во системот на Управата за јавни приходи за персонален данок. Но, оние кои од било која причина го испуштија овој рок ќе може тоа да го направат тоа деновиве.„ До утрината на 31.12 се регистрирани над 650.000 граѓани, но конечната бројка ќе се знае утре. Задоволни сме од одзивот на граѓаните, тој е речиси 100 процентен. Системот е отворен и секој кој го пропуштил рокот ќе може и од утре да ја донесе пријавата во УЈП“, велат од УЈПСпоред првичната информација во електронскиот систем требаше да се регистрираат околу 920.000 граѓани.Ова е првата година кога граѓаните нема да одат на шалтерите на УЈП туку до крајот на април ќе добијат пополнета годишна даночна пријава на мејл адресите. Обврската ќе биде само да ја потврдат или корегираат доколку податоците не се точни. А доколку тоа не го направат до крајот на мај УЈП ќе ја смета таа Годишна даночна пријава за потврдена.

Македонија | пред 7 години

Papa_Franjo

Папата Фрањо ги искара верниците: Ако одите во црква, а мразите и оговарате, подобро бидете атеисти

Папата Фрањо, поглавар на 1,3 милијарди католици ги критикуваше како што кажа лицемерните верници, порачувајќи им на оние кои не сакаат навистина да ја живеат верата подобро да живеат како атеисти.„Колку често гледаме луѓе кои одат во црква секојденвно, а потоа животот го поминуваат мрзејќи ги другите и оговарајќи ги“, истакнал за време на миса поглаварот на Католичката црква. Тој додал:„Во таков случај подобро да не одат во црква, подобро да живеат како атеисти“.

Свет | пред 7 години

ubistvo

47-годишен маж приведен - расчистено убиството во Кичево

Надворешната канцеларија за криминалистички работи при полициската станица од Кичево го расчисти убиството во Кичево.Поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „убиство“ до надлежното Јавно обвинителство, поднесе кривична пријава против Х.Ј.(47) од гостиварското село Ќафа.Х.Ј. делото го сторил на 29.12.2018 околу 17 часот во угостителскиот објект „Гурман“, лоциран на улицата.„Борис Кидрич“ во Кичево, кога со неколку убоди со нож во пределот на градите, го убил М.С.(64)- сопственик на објектот.Х.Ј. е предаден на распит во Основното јавно обвинителство во Гостивар, а потоа ќе биде изведен пред судија на претходна постапка.

Македонија | пред 7 години

policija-italija

Македонец барател на политички азил во Италија, дивеел на новогодишната ноќ, тепал се што му излегло пред очи

Во Италија уапсен Македонец кој на новогодишната ноќ пијан тепал луѓе на улица во гратчето Диано Мартина. При апсењето видно се спротиставил и на полицијата, пишуваат тамошните медиуми.Станува збор за македонски државјанин на возраст од 24 години, кој бил приведен и однесен на трезнење. Тој денеска бил експресно осуден на условна затворска казна од осум месеци.Обвинетиот, кој е барател на политички азил во Италија, пред судијата рекол дека бил толку пијан што на ништо не се сеќава.Откако полицијата по дивеењето го стигнале му ставиле лициси на насилникот, но лекарска помош морале да побараат и полицајците, кои велат дека спречиле поголем инцидент.

Свет | пред 7 години

mvr

Трагедија: Во Прилеп младо момче пронајдено мртво во својот дом

Младо момче било пронајдено мртво во својот дом во Прилеп. Како што информираат од полиција, вчера во 14:50 часот Б.В. пријавила дека истиот ден околу 13:00 часот на улицата „Победа“ во Прилеп, во неговиот дом бил пронајден починат 24-годишниот Ј.С.Од страна на лекар од Итната медицинска помош констатирана била смрт без траги на насилство. Извршен бил увид од страна на Јавен обвинител и увидна екипа од Полициската станица Прилеп.По наредба на Јавен обвинител, телото на починатото лице е предадено за обдукција.

Македонија | пред 7 години

ivona-1

Македонката Ивона Василеска, првенец на катедра по нуклерна физика во Москва

Македонија има многу млади умови кои животот го посветуваат на науката, но за жал таму некаде „расфрлани“ по светот, пишува порталот Факултети.мк.Таа е и соработник на ИТЕР, светска организација од Франција посветена на искористување на плазмата како нов вид енергија.Ивона Василеска, родена во Прилеп, растена во Струга, а образована во Русија. Факултет и магистерски студии од областа на атомска и нуклеарна физика завршила во Москва, како првенец на генерација, а сега е на докторски студии во Словенија. Таа е и соработник на ИТЕР, светска организација од Франција посветена на искористување на плазмата како нов вид енергија.Василеска во моментов е на докторски студии по нуклеарно инженерство во Словенија. Сега од лабораторски услови се префрлила на компјутерска симулација на плазмата, т.е. симулација на честиците при различни надворешни услови.- Затоа и се запишав на нуклеарно инженерство на Факултетот за физика во Љубљана. Образованието во споредба со Русија е сосема различно, јас сум навикната на еден друг систем на работа и на почетокот ми беше доста чудно, но се вклопив во средината. Како студент на докторски студии во земја различна од Русија, заклучив дека искуството што го стекнав во лабораторија и образованието што го добив од руските професори ме прави респектирана за разлика од другите студенти што студирале на европските универзитети. Тој руски принцип на работа ме направи да се одвојувам од другите и затоа ме гледаат поинаку тука, во Словенија.Оваа млада физичарка соработува и со ИТЕР, светска организација посветена на искористување на плазмата како нов вид енергија.- ИТЕР е еден вид светска организација која се наоѓа во Франција и се залага за изградба на најголемиот токамак, кој претставува уред каде што плазмата се задржува со помош на магнетно поле со цел да се достигне услов за термојадрен синтез, сличен на оној што го достигнува Сонцето. Па затоа мотото на ИТЕР е: „Целата енергија од Сонцето нека биде и на Земјата“, со тоа што ќе се искористи за добивање електрична енергија многу поекономична од онаа што ја имаме денес. Соработката се случи кога почнав да работам на еден проект со нив заедно, па така и мојот докторат е поврзан со нив - вели таа.Ивона одлично зборува руски и англиски јазик, а и словенечкиот брзо го совладала. Вели дека нема контакт со научниците од Македонија, но би сакала своето знаење да го искористи за подобрување на нашето образование.Таа сега е сконцентрирана на докторатот, а не ја исклучува можноста понатаму да работи за ИТЕР или во некоја друга научна установа во светов.- Можеби ќе се вратам во Македонија, никогаш не се знае, вели Василеска.извор: Факултети.мк

Магазин | пред 7 години

novinar-na-cnn

(ВИДЕО) СNN во Новата 2019 влезе со пијaни новинaри

Новинарот на американски “CNN”, Андерсон Купер заедно со останатите новинари се опиле со текила за време на преносот на дочекот на Новата година на њујоршки „Тајм Сквер“. Тој уште на почетокот н преносот нагласил дека не е навикнат на алкохол и дека веројатно ќе му биде тешко да остане присебен.„Мислам дека ми изгореа белите дробови“, коментираше после првата чашка, на што неговиот колега Енди Коен му порача: „Тоа е само почеток“.Откако испиле уште неколку чашки, почнал да зборува драматично и да прави гримаси, а во еден момент се пошегувал дека се плаши дека Коен ќе го грабне и бакне.Ова не е првпат новинаирте на CNN да правеле чудни работи за време на преносите во живо. Еден си го дупнал увото, некои се соблекувале, а некои пушеле марихуана, пишува Washington Post.https://twitter.com/RealSaavedra/status/1079949234659454977?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1079949234659454977&ref_url=https%3A%2F%2Ftocka.com.mk%2Fvesti%2F293292%2Fpijana-vecer-na-cnn-novinarite-piele-tekila-pa-posle-nekolku-caski-zapocna-souto

Магазин | пред 7 години

pretepan

Претепан келнер во ресторан на плоштад Македонија

27-годишен скопјанец со иницијали С.Н. пријавил дека во угостителски објект на плоштад Македонија, каде тој е вработен како келнер, бил физички нападнат од страна на едно лице.Инцидентот се случил доцна синоќа, нешто по 22 часот.Од полицијата информираа дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Скопје | пред 7 години

pazar

Стапи на сила новиот закон за пазари, дали и колку ќе се почитува?

Нема повеќе обувки, текстил, техничка роба на зелените пазари. Од денеска таму не смее да се продава ништо друго сем прехранбени производи.Со новиот закон тезги неможат да добијат пензионери и вработени. За продавање без лиценца, немање документи за потекло на производот, предвидени се глоби од 150 до 2.000 евра.Пазарџиите во паника, велат со новиот закон кој стапи на сила од 1 јануари, државата им зема од лебот. Пазарџиите се остро контра измените на законот – велат дека и досега едвај преживувале , а власта со новото решение и дополнителните давачки ќе ги дотолчи.На законското решение за кое се расправаше пред шест месеци а кое стапи на сила од 1 јануари реагираа и Стопанските комори, дел од експертите и самите продавачи и тезгаџии. Сите велат дека новите прописи сериозно ќе удрат на овој сектор од економијата , а анализите на Стопанската комора покажале дека со законот бројот на трговци ќе опадне за околу 30%. Во Македонија има меѓу 20 и 25 илјади закупци на тезги.

Македонија | пред 7 години

obvinitelstvo-gostivar

OJO Гостивар и Струга координирано преземаат дејствија против осомничен кој изврши убиство во Кичево

Основните јавни обвинителства од Гостивар и Струга координирано преземаат дејствија против осомничен кој изврши убиство во Кичево, а со уште едно лице се обиде за изврши разбојништво и силување во Струга.Надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гостивар донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 46-годишен сторител на кривично дело Убиство од член 123 став 1 од Кривичниот законик. Осомничениот делото го извршил на 29 декември 2018 година, кога со умисла од живот го лишил оштетениот – сопственик на угостителски објект. Истовремено со донесената Наредба за спроведување на истражна постапка, обвинителството предложи и определување на мерка притвор против осомничениот, ценејќи дека постојат околности кои укажуваат на опасност од бегство.Околу 17.00 часот, осомничениот заедно со други лица бил во угостителскиот објект на сега починатиот со кој разговарал за негово работно ангажирање на друго место. Откако заминале другите гости, осомничениот без посебен повод и причина, се доближил до сега починатиот, го соборил на земја и земајќи нож од работна маса, неколкупати му задал убодни рани во пределот на градниот кош. Од сериозноста на повредите оштетениот починал на самото место. На местото на настанот извршен е увид од надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гостивар заедно со увидни екипи од Министерството за внатрешни работи. Издадени беа повеќе наредби за прибирање и вештачење на траги од лице место и за вршење на обдукција на починатото лице.При спроведување на истражните дејствија, во координација со Основото јавно обвинителство Струга е утврдено дека осомничениот се гони од страна и на обвинителството од Струга за кривични дела Разбојништво од член 237 и Силување од член 186 од Кривичниот законик. Овој настан се случил на 31 декември 2018 година кога осомничениот заедно со уште едно лице, државјанин на Република Албанија, извршиле разбојништво во обложувалница Моцарт во Струга. Двајцата осомничени чекале да заминат другите гости од објектот, по што физички ја нападнале вработената обидувајќи се да извршат силување. Оштетената силно се спротивставила и успеала да се отргне од двајцата напаѓачи. Тие направиле обид и за разбојништво одземајќи го клучот од касата, но поради силното викање на оштетената побегнале од местото на настанот и не успеале во обидот.Основното јавно обвинителство Струга поведе постапка против двајцата осомничени. Со оглед на тоа што едниот од нив е опфатен во предметот по кој постапува обвинителството од Гостивар и за него е веќе побаран притвор, Основното јавно обвинитество Струга побара мерка притвор само за вториот осомничен.

Македонија | пред 7 години

Нема фотографија

Столтенберг преку писмо им даде рок на Скопје и Атина, за Преспанскиот договор

НАТО очекува до 15 февруари македонскиот и грчкиот парламент да ги завршат процедурите околу Договорот за името од Преспа.„Постои писмо од Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, во кое се повикува на завршување на сите процедури во двете престолнини до 15-ти февруари 2019 година“. – стои во текстот на „Катемирини“.Инаку последната фаза на ратификацијата на Преспанскиот договор на домашен терен почнува следната среда за кога е закажана собраниската седница со четири точки на дневен ред – утврдување на прелог уставните амандмани, нивно донесување, прогласување на амандманите и усвојување на прелог уставен закон за нивно спроведување.Опозициската ВМРО ДПМНЕ најави дека нема да учествува во последната фаза од уставните измени.

Македонија | пред 7 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања