„Претрес“ на Бранко Героски: Моќта, новинарството и линијата што се преминува
whT3mom746w

ГЛАВНИ-ВЕСТИ

joveski

Јовески: Ако амнестијата зависеше од мене и Русковска, тоа немаше да се случи

Во врска со амнестијата за учесниците во настаните на 27 април во Собранието, државниот јавен обвинител Љубомир Јовески во интервју за МИА вели дека тоа е политички чин и не го коментира.– Доколку ова зависеше од мене и од обвинителот кој постапува по предметот, Вилма Русковска, тоа немаше да се случи. Меѓутоа ова е мој професионален став, а Собранието при донесувањето на Законот ценело други околности кои мене не ми се познати. Обвинителството професионално ќе постапува до завршување на предметот. Но морам да укажам дека постапката за амнестија придонесе и за разјаснување на некои делови од настанот. Изјавите во судницата, на изненадување на многумина, укажаа на моменти од подготовка на случувањата на 27 април. Го разбирам разочарувањето на граѓаните и реакциите, но повторувам тоа е политичка одлука. Обвинителството е должно да го примени законот – истакнува Јовески во интервјуто кое целосно ќе биде објавено утре.

пред 7 години

Нема фотографија

Две лица заразени од морбили се со сериозни компликации

Бебиња од осум месеци до 4 години се главниот таргет на заболени од морбили. Сите случаи не се вакцинирани, а две лица се со сериозни компликации. Осум лица се хоспитализирани на Инфективна клиника со компликации и појава на бронхоплеумонија. За ова информираа од Инфективната клиника, каде препорачуваат вакцинација.Децата кои не се вакцинирани од утре нема да можат да бидат згрижени во градинките.„Утре инспекторатот до сите градинки на територија на Град Скопје ќе се испратат решенија со наредби за стапување во сила веднаш“, велат од инспекторатот.

Македонија | пред 7 години

gGJvC-

Јавниот обвинител Јовевски ја продлабочува мистеријата околу бегството на Груевски

Поранешниот премиер Никола Груевски територијата на Република Македонија ја нема напуштено на било кој граничен премин. Сослушани се и сведоци, но за да не наштетам на предистражната постапка други детали не можам да откривам, вели во интервјуто за МИА, државниот јавен обвинител Љубомир Јовески.„Обвинителството презема повеќе дејствија за обезбедување докази, како што веќе соопштивме. Побарани се докази по меѓународна правна помош од надлежните органи на Република Албанија и Република Црна Гора. Добиени се снимките од безбедносните камери на патиштата, наплатните рампи, граничните премини, како и околу домот на поранешниот премиер“, истакнува Јовески.Обвинителството, како што додава, ја анализира содржината на прибавените докази, а истовремено очекува да се добијат и доказите од Албанија.„При тоа Обвинителството не утврдува дали има пропусти на одредени институции, туку дали има кривично-правни дејствија од некои лица за овозможување на бегството. Надлежните институции, во рамките на нивната внатрешна организација, треба да утврдат дали и каква одговорност имало во нивното постапување и надлежност“, посочува државниот јавен обвинител.Во врска со амнестијата за учесниците во настаните на 27 април во Собранието, Јовески вели дека тоа е политички чин и не го коментира.„Доколку ова зависеше од мене и од обвинителот кој постапува по предметот, Вилма Русковска, тоа немаше да се случи. Меѓутоа ова е мој професионален став, а Собранието при донесувањето на Законот ценело други околности кои мене не ми се познати. Обвинителството професионално ќе постапува до завршување на предметот. Но морам да укажам дека постапката за амнестија придонесе и за разјаснување на некои делови од настанот. Изјавите во судницата, на изненадување на многумина, укажаа на моменти од подготовка на случувањата на 27 април. Го разбирам разочарувањето на граѓаните и реакциите, но повторувам тоа е политичка одлука. Обвинителството е должно да го примени законот“, истакнува државниот јавен обвинител Љубомир Јовески во интервјуто за МИА.извор: МИА

Македонија | пред 7 години

Нема фотографија

ПРОГЛАСЕНА ЕПИДЕМИЈА НА МОРБИЛИ, Филипче: Ова е смртоносна болест

Министерот за здравство, Венко Филипче прогласи епидемија на морбили. Филипче тврди дека работата е под контрола и додава дека од 15 илјади невакцинирани само 310 се вакцинирале оваа недела.„Дванаесет нови случаи на морбили во Скопје. За шест е потврдено, а за останатите резултатите ќе бидат достапни во наредниот период. Од утре носиме привремена мерка забрана за носење на децата кои не се вакцинирани во градинки. Прогласуваме епидемија на морбили“, рече Филипче.„Морам да кажам дека станува збор за исклучително опасна болест. Во Србија имаше 30 мртви деца, а во Романија околу 50 деца. Ние нема да дозволиме тоа да се случи и тука. Кај нас во Македонија, случаите се во повеќе општини и станува збор за невакцинирани деца“, додаде Филипче.Вирусот се пренесува од човек на човек, а влијае на нервниот систем, велат од Институтот за јавно здравје. Од таму додаваат дека последиците можат да бидат многу тешки и мора да се реагира на време.

Скопје | пред 7 години

deponija-11

(ФОТО) Поглед кон Охрид од диви депонии

Градежен шут, стари кревети, неупотребливи фотељи, камења ... се само дел од расфрланите предмети во новата депонијата која никна на само 250 метра над населбата Гоце Делчев.Има ли потреба од коментар, освен онај познатиот : До каде е нашата еколошка свест?

Македонија | пред 7 години

kosta-bebe-1

В.д Градоначалнкот на Охрид во посета на првото новороденче во 2019 г

Вршителот на должност градоначалник Константин Георгиески денеска на гинеколошкото одделение при општата Болница во Охрид го посети првиот нов жител во 2019 година, здраво машко дете.Упатувајќи и честитки на среќната мајка Софија Бимбилоска тој го дарува новороденчето со вредносен чек од 10.000 денари и пригодни подароци и притоа посака да има долг живот, добро здравје и многу среќа.-Искрено упатувам честитка до среќното семејство Бимбилоски за најубавиот дар од Бога што го добија во новата 2019 година. На малиот Антонио му посакувам добро здравје, долг живот проследен со многу среќа и радост. Децата се нашата иднина, нема човек кој не се разнежнува кога ќе слушне ваква убава вест за нова рожба. Токму затоа сите ние ќе работиме и со низа проекти ќе допринесуваме во подобрување на условите за живот и развој на секое дете кое ќе гледа просперитетна иднина за себе во својот град и држава. Ако машкото дете е синоним за цврстина и бериќет очекувам дека ова детенце ќе ни најави плодна и среќна година за нашиов Охрид. Во оваа прилика упатувам честитки и до тимот кој работи на гинеколошкото одделение при Општата Болница во Охрид и до сите други вработени во болницата кои максимално се вложуваат и посветено работат во лечењето и подобрувањето на здравјето на сите пациенти –изјави градоначалникот Георгиески.Бебенцето тешко 3,6 килограми и долго 51 сантиметар се роди вчера претпладне во 10.10 часот. Новороденчето и мајката се во одлична здравствена состојба. На гинеколошкото одделение во Охрид вчера се родило уште едно машко дете.

Македонија | пред 7 години

Arhangel-Skopje

Групата „Архангел“ на Вевчанскиот карневал

Македонска група „Архангел“, заедно со други групи и изведувачи, ќе настапи на годинешното издание на карневалот во Вевчани.– Да ја почнеме годинава со радост и убава вест – легендата на македонската рок сцена, групата „Архангел“ ќе настапи на Вевчански карневал 2019, објавија на официјалната Facebook страна на карневалот.Традиционалниот карневал, во Вевчани се одржува од 12-ти до 14-ти јануари. Деновиве ќе биде обелоденета програмата и гостите кои ќе настапуваат на овој театар на отворено, еден од најголемите и најуникатни културни настани во нашата земја.Вевчанскиот карневал кој според своите специфични особини се одвојува од останатите во светот поради неговата архаичност, традиционалност, таинственост и уникатни маски.

Македонија | пред 7 години

trud-i-soc-politika

Kорисниците на социјална парична помош да ја обноват документацијата

Годишната обнова на документи за сите корисници на социјална парична помош почнува од утре, информираше Јавната установа меѓуопштински центар за социјална работа. Корисниците ќе треба да поднесат ново барање, а потребните обрасци за поднесување ќе ги добијат во Центарот.При поднесување треба да имаат на увид важечка лична карта за себе и за сите полнолетни членови на семејството, а останатата потребна документација Центарот ќе ја прибавува по службена должност.-Основно задолжување во оваа обнова е сите полнолетни членови од семејството задолжително да бидат пријавени во Агенцијата за вработување што ќе биде предуслов за остварување на правото кое се очекува дека ќе се трансформира во гарантирана минимална помош согласно новиот закон за социјална заштита кој набргу треба да биде донесен – информираат од Центарот.Обновата на документите трае заклучно со 28 јануари 2019 година.

Македонија | пред 7 години

dobivka-2

(ФОТО) Кога среќата ќе ти се насмевне - охриѓанец со вложени 25 ден зеде 462 228

Охриѓанец погоди десет парови од англискиот фудбал. Среќна година за него. Вложил само 25 ден, а доби 462 228 денари во спортската обложувалница „Sport life“.

Македонија | пред 7 години

tose-zfirovski

Тоше Зафиров: Како обезбедување кај Груевски добивав по 1.000 честитки, сега едвај 50

Шампионот во бодибилдинг и поранешен дел од обезбедувањето на побегнатиот екс премиер Никола Груевски, Тоше Зафиров , Новата година на социјалните мрежи, ја честиташе на специфичен начин.-Си беше еднаш едно време кога бев обезбедување кај едно човече (Никола Груевски) и тогаш за Нова година добивав околу 1.000 пораки со честитки. Потоа, не бев веќе кај човечето, и бројката се намали на 300… 500… За да по некое време, кого го заборавивме човечето таа се намали накај педесеттина, но барем си знам, малку се, но сепак искрени пријатели се. Ете, таква е оваа приказна… Среќна Нова 2019 година – напиша Зафиров.Откако се повлече од обезбедувањето во шеста управа, тој целосно се посвети на вежбањето и на Македонија и донесе голем број на златни медали и високи титули во бодибилдингот. Светскиот вицешампион во бодибилдинг во 2017 година ја промовираше својата прва книга ,,Патот кон врвот” негова биографска книга во која го опишува својот животен пат, како приватниот тек, така и професионалниот развој и почетоците на бодибилдингот во Македонија.

Скопје | пред 7 години

velgosti

(ВИДЕО) Охриѓани се подготвуваат за Божик - Видео спот за песната „Вечниот Бог“ , во изведба на детскиот црковен хор

Видео спот за песната „Вечниот Бог“ во изведба на црковниот хор на децата од село Велгошти Охрид. Спотот е снимен во село Велгошти по повод бадниковата манифестација „Бадникови поворки“.Во описот на видеото стои благодарност до црковниот одбор на Село Велгошти, до општина Охрид и посебна благодарност до покојниот градоначалник на Охрид, Проф. Д-р Јован Стојаноски.Видеото, монтажата и режијата за видеото се дело на Љушев Томе и Љушев Кристијан.Аранжманот е дело на Кристина Шокароска, тон мајстор: Александар Јосифовски.Вечниот Бог слезе и во Дева се всели;Свет, Свет, Свет си и Пресвет Господи;Царот на сите и Господ, дојде Адам да го преобрази;Свет, Свет, Свет си и Пресвет Господи;Мудреци од Исток доаѓаат,дарови да принесат достојни;Свет, Свет, Свет си и Пресвет Господи;Да се поклонат на Господа, во пештера родениот;Свет, Свет, Свет си и Пресвет Господи;Сите на Христа да Му пееме, Он заради нас се воплоти;Свет, Свет, Свет си и Пресвет Господи;О, Дево, Мајко, Владичице, спаси ги христијаните;Свет, Свет, Свет си и Пресвет Господи;О, Дево, Мајко, Владичице, спаси ги христијаните;Свет, Свет, Свет си и Пресвет Господи.

Македонија | пред 7 години

nesreka-danska

Железничка несреќа во Данска, има загинати и повредени

Шест лица загинаа, а осум се повредени во несреќа на железничкиот мост во Данска, пренесува ТВ2 Фунен. Несреќата се случила на мост кој ги спојува остворите Зеланд и Фин. Во неа, птнички се судрил со делови од товарен воз. Товарниот воз се движел кон Фунен, а патничкиот воз кон Копенхаген.Според Би-би-си, не станув збор за директен удар на двата воза, туку поради силниот ветар делови од товарниот воз паднале на патничкиот кој се обраќал од спротивен правец.

Свет | пред 7 години

sv-ignat

Каков ќе ви биде денеска денот, таква ќе ви биде годината, денеска е Св. Игнат

Денеска, на 2 јануари се празнува Св. Игњат, како што некои велат, судниот ден за цела година. Има многу верувања поврзани со овој ден.По повод празнувањето на Св. Игнатиј Богоносец, во црквата Св. Троица Охрид (Црногорци), синоќа се отслужи бдение на кое беа изложени моштите на овој Божји угодник.На овој ден започнуваат подготовките за празникот Рождество Христово – Божик и затоа се нарекува и Прв Божик. Празникот секогаш е пет дена пред Божик и со него започнуваат свеченостите поврзани со зимските празници. Поголем број обичаи поврзани со овој празник упатуваат на заклучокот дека со овој ден започнуваат и новогодишните обичаи, а има и такви што потсетуваат на свеченостите поврзани со далечните пагански прослави на зимската краткодневица и враќањето на сонцето од јужните напоредници. Во таа смисла се обредните огнови познати кај многу народи.Овој свет маж е наречен Богоносец затоа што постојано во срцето и на јазикот го носел името на живиот Бог. Преданието уште вели дека е наречен Богоносец и зашто него го зел на раце воплотениот Бог Исус Христос. Во времето кога Господ ги учеше своите ученици на духовен живот според евангелските заповеди, зеде едно дете, го постави меѓу нив и им рече: „Оној којшто ќе се смири и ќе стане како ова дете, тој е најголем во царството небесно“ (Матеј 18, 4). Тоа дете беше Игнатиј. Подоцна Игнатиј му беше ученик на свети Јован Богослов, заедно со Поликарп, епископот Смирненски. Беше Антиохијски епископ и управуваше со Божјата Црква како добар пастир. Го воведе антифонскиот начин на пеење во Црквата, т.е. наизменично пеење на две певници.Овој славен вљубеник во Господ Исус Христос пострада во 106 година во Рим, за време на христоборниот цар Трајан. Се има јавувано повеќепати, притекнувајќи им на помош на сите што го повикуваат со вера.

Македонија | пред 7 години

Amdi-Bajram

(ВИДЕО) Амди Бајрам: „Јас сум тој што сум, кога го давам зборот увек останувам тамо, кој е на власт увек сум на Власт“

Човекот кој секогаш е со Власта, без разлика која партија и да е на власт, лидерот на Демократскиот сојуз на Ромите , Амди Бајрам во изјава за Пресинг ТВ повика да се гласа за име кое што не стои во договорот со Грција ниту во предложените уставни амандмани, зашто така било во интерес на политичарите.„Јас сум тој што сум, не го повлекувм зборот, кој е на власт увек сум на Власт“, реле Бајрам.

Македонија | пред 7 години

Нема фотографија

Сообраќајна несреќа починал велосипедист

Жител на тетовско Долно Седларце (61) починал откако, додека возел велосипед, бил удрен од автомобил БМВ.Несреќата се случила вчера попладне околу 17 часот и 30 минути на патот Тетово-Брвеница, кога автомобил БМВ со тетовски регистерски таблички што го управувал 22-годишен жител на Тетово, удрил во велосипедистот.При сообраќајката велосипедистот здобил тешки телесни повреди од кои починал. Екипата на Прва помош која претходно била повикана, констатитирала смрт.

Македонија | пред 7 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања