„Претрес“ на Бранко Героски: Моќта, новинарството и линијата што се преминува
whT3mom746w

главни-вести

nevreme-hrvatska

Хрвтска се подготвува за големо невреме - запален Црвен аларм

Хрватска се подготвува за големо невреме. Предупрдувањето и црвениот аларм стигна од хидрометеоролошкиот институт . Сите приморски области на Јадранот, освен Истра која имапортокалово предупредување, се во црвен аларм. Другите делови од Хрватска се во жолта фаза.Најавата е и за снег и голомразица со умерен ветер, а на северниот дел на земјата можно е да дојде до бура. На Јадранот, ќе дува умерен до силен северозападен ветер кој ќе се претвори во бура.

Свет | пред 7 години

Нема фотографија

ВМРО-ДПМНЕ: Зоран Заев наметна нови давачки кои дополнително ќе влијаат на нискиот стандард

Новата година започна со нов удар по џебот на граѓаните, велат од ВМРО-ДПМНЕ.„Зоран Заев им наметна нови давачки кои дополнително ќе влијаат на нискиот стандард. Годинава ќе плаќаат повисоки даноци земјоделците, договорците, вработените во ИТ индустријата. СДСМ спротивно на укажувањата на експертската јавност, бизнис секторот, стопанските комори, продолжи со имплементирање на погубните политики за прогресивен данок, на штета на граѓаните со цел остварување на своите лични интереси.СДСМ удира и по најсиромашните кои среќата си ја бараат во обложувалниците или игрите на среќа. СДСМ сака да одземе дел и од малите довивки кои овие луѓе ги прават среќни.„Оттаму додаваат дека Заев ја третира буџетската сметка како своја лична банкарска сметка која ја користи за спроведување на свои лични хирови и исплата на партиските потрчковци.„Парите од зголемените даноци, парите на граѓаните ќе завршат во џебовите на новите заменици директори во јавните прептријатија назначени по партиски клуч кои ќе ја чинат државата неверојатни 2 милиони евра. Парите од зголемените даноци ќе одат за поголемите плати на вицепремиерите, повисоки за 8 илјади денари, пари со кои голем дел од македонските граѓаните преживуваат во текот на еден месец.Помина уште една година, завиена во црнила. Година во која криминалната и одродена власт предводена од аболицираниот Заев на граѓаните им донесе неуспеси и порази на секое поле. Граѓаните се осиромашени и понижени, животот дојде единствено за државните и партиските фунцкионери на СДСМ кој се богатат на грбот на граѓаните. Партиските потрчковци ги полнат своите џебови благодарение на црните и кримални, тендери и грантови.Наместо живот, власта донесе црнила. Наместо проспиретет, уназадување и неработење. После две години власта нема решение за најгорливиот проблем на граѓаните, аерозагадувањето, проблем кој одзема илјадници животи годишно.Зората е пред нас, а таа ќе ги истера црните облаци кои надвиснаа над Македонија, дента кога Заев седна во премиерската фотелја. Зората е олицетворена во духот на народот, граѓаните кои се спремен да се спротивстават на неправдите кои ги донесе СДСМ. Граѓаните ќе ги поразат црнилата, ќе го поразат Заев на следните избори и ќе го испратат политичката историја“, се наведува во соопштетието.

Македонија | пред 7 години

nasa

Сондата „Нови хоризонти“ ќе ни обезбеди фотографии од Плутон - крајот на овој сончев ситем

Во првите часови од новата 2019 година вселенската сонда „Нови Хоризонти“ (New Horizonsна НАСА би требало да дошла до најоддалечената точка од Сончевиот систем до која некогаш стигнал уред од Земјата.Од ноќеска на полноќ почна праќање на фотографиите од просторите зад Плутон , од светот на мразот , кој човечкото око до сега не го видело. Мисијата почна пред 20 тина години , кога серија не многу скапи летала биле пратени во вселената за да истражуваат одделни делови на Сончевиот систем.Според научниците, сондата утрово требало да стигне до вселенскиот камен наречен Ултима Тул, кој се наоѓа 6,4 милијарди километри оддалеченост од Земјата, на надворешниот раб од нашиот Сончев систем.https://twitter.com/NASA/status/1079905296238211073?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1079905296238211073&ref_url=https%3A%2F%2Fwww.radiomof.mk%2Fsondata-novi-horizonti-na-nasa-na-novogodishnata-nokj-stignala-do-krajot-na-soncheviot-sistem%2F„Нови Хоризонти“ е толку далеку што научниците од мисијата немаат начин да се соочат со евентуални проблеми на кои можела да наиде сондата, туку сè е оставено на вградениот софтвер во објектот.Првите фотографии од Ултима Тул најрано ќе стигнат утре, а оние со подобар квалитет дури на 3-ти јануари.

Магазин | пред 7 години

venecija

Венеција и Турција ќе наплаќаат туристички такси

Новиот буџет на Италија вклучува и такса за влез на туристи кои ја посетуваат Венеција. Туристите досега плаќаа 1,5 евра такса за секоја ноќ која ја поминуваат во хотел или изнајмен стан, од сега од 2,50 до 10 евра дневно во зависност од времето на посетата. Целта е да се намали бројот на туристите , кои го гушат градот , како и да се наполни градската каса. Венецијанците долго време се жалеа дека масовниот туризам го поплави градот, и не се почитуваат неговите живописни канали.Таксата ќе се применува само за туристите, но не е јасно дали ќе го замени градскиот данок, кој веќе е наметнат на гостите на хотелите. Овој данок акумулира околу 30 милиони евра годишно, а "данокот за пристигнување" може да генерира околу 50 милиони евра.Покрај Венеција и Турција од 1 јануари 2019 година ќе собира туристичка такса во износ од 1,5 евра. Таксата ќе се наплаѓа на аеродромите при пристигнувањето на туристите, соопштија локалните медиуми. Таксата ќе се собира за туристите кои веќе платиле екскурзија до земјаата, за новите резервции таа ќе биде вклучена во авионските билети и ќе се наплаќа од превозниците

Свет | пред 7 години

maz-germanija

Германец кој мразел странци, со автомобил се обидел да „покоси“ случајни минувачи

Маж со автомобил со голема брзина влетал во група пешаци за време на новогодишната ноќ во западна Германија, при што биле повредени најмалку четири лица.Возачот (50) со „мерцедес“ прво се обидел да удри во група луѓе во Ботроп по полноќ, но пешаците успеале да се тргнат од патот. Потоа напаѓачот во центарот на Ботроп со возилото удрил во група луѓе, меѓу кои имало Сиријци и Авганистанци, а потоа побегнал во Есен, каде неуспеал да удри во лица кои чекале на автобуска станица.Германската полиција утрово го уапси возачот. Според нив нападот бил насочен кон странци.

Свет | пред 7 години

Grabez-pistol

Во пресрет на Нова Година, маскирани лица ограбиле хотел во Скопје

Вчера околу 19:20 часот во хотел во Скопје три непознати лица извршиле разбојништво и со закана со пиштол одзеле пари.СВР Скопје презема мерки за расчистување на случајот.

Скопје | пред 7 години

ivanov-vo-kicevo.-2jpg

Иванов: Очекуваме годинава Армијата да го добие тоа што и припаѓа, конечно да станеме членка на НАТО

Претседателот на Република Македонија и Врховен командант на вооружените сили, д-р Ѓорге Иванов, денеска, на првиот ден од Новата година, ги посети припадниците на АРМ во касарната „Чеде Филиповски-Даме" во Кичево.Претседателот Иванов на припадниците на АРМ кои извршуваат должност за време на новогодишните празници им ја честита Новата 2019 година, посакувајќи им многу здравје, среќа и радост, како и исполнување на сите нивни очекувања.„Очекуваме оваа година да биде успешна за Армијата, односно Армијата да го добие тоа што и припаѓа, конечно да станеме членка на НАТО, да ја добиеме поканата и Македонија конечно да биде членка на НАТО", истакна претседателот Иванов.Македонскиот претседател имаше заеднички ручек со припадниците на АРМ во касарната „Чеде Филиповски-Даме", а новогодишните празници, преку видео-конференциска врска, им ги честиташе и на припадниците распоредени на јужната граница како и на учесниците во мисиите во Авганистан, во Либан и во Босна и Херцеговина, на кои им посака успешно завршување на мисиите и враќање во своите домови.Претседателот Иванов по повод новогодишните празници упати честитки и до сите граѓани на Република Македонија, посакувајќи им како што се сплотени, радосни и среќни за време на празниците, така да бидат и во текот на целата година.„Живееме во време кога се случуваат огромни промени, како кај нас така и во регионот и во светот, и во овој период на големи промени, пред се треба да останеме луѓе, да се почитуваме меѓусебе, да си веруваме и да се насочиме кон иднината, да обезбедиме посигурна иднина за сите наши поколенија", рече македонскиот претседател.

Македонија | пред 7 години

makedonec-avstrlaija-2

Македонец во Австралија гради компелкс во чест на Александар Велики

Во Перт, Австралија нашиот иселеник од Егејска Македонија Тим Тутунџев, на десет хектари, изгради милионски комплекс, наречен “Александар Велики”. Поставил статуа во огромна димензија на Александар Македонски на коњот Букефал и кренал антички столбови за кралската палата, објави Маркукуле.Тутунџев во втората татковина – Австралија – предвидува во проектот да изгради и антички амфитетар и да постави статуа на Филип Втори. Во дел од комплексот има катче со автентична куќа од Егејска Македонија од 19 век во стара архитектура со семејна црква.Тим Тутунџев, родум од грчкиот дел на Преспа, бил дете бегалец од времето на граѓанска војна. Првин заминал во Романија, од каде отишол по “леб” во Перт, Австралија. Таму тој прераснува во познат и успешен бизнисмен, кој е и пратеник во градското собрание на општина Перт. Тутунџев открива како и зошто го градел староантичкиот комлекс во Перт.– Го градев, зашто ми е спомен за нашиот Велики Александар. Кога ќе доаѓаат гости, им ја кажувам македонската историја. Доаѓаат луѓе од цел свет и ги учам токму за древна Македонија, за македонската империја на Александар Македонски.Во училиштата во Австралија не учат македонска историја. Треба да им ја пренесуваме нашата длабока историја, нашите корени кои датираат уште од пред три века пред Христа. И нашите и Австралијанаците треба да бидат запознати со потеклото на големата заедница од над 500 илјади Македонци на петтиот континент – вели тој. Почнал со градби од времето на Александар.Не само Македонци, и туку и други симатизери на македонската култура и историја љубопитно го разгледуваат комплексот, помагајќи им да ја разберат и да го осознаат македонското милениумско минато драго ми е кога доаѓаат и наши од Македонија. Сите треба да се грижиме за нашата татковина -објаснува Тутунџев.Извор: Маркукуле

Свет | пред 7 години

gligorov

7 години од смртта на првиот претседател на Р Македонија - Киро Глигоров

Пред 7 години во својот дом во Скопје, на 95 години, почина првиот претседател на независна Македонија, Киро Глигоров.Глигоров за претседател на Република Македонија беше избран на 27 јануари 1991 година, од страна на Собранието на Република Македонија, а по втор пат на 19 ноември 1994 на претседателски избори. Функцијата претседател на Република Македонија ја вршеше до 19 ноември 1999 година.Во текот на своите два мандати ја промовира политиката на „eквидистанца“ кон сите соседи на земјата: Србија, Црна Гора, Бугарија, Грција и Албанија. За време на неговиот мандат се случиja некои од најважните настани од современата историја на Република Македонија: на референдум на 8 септември 1991 бeше прогласена независноста на земјата, а Македонија беше и единствената од поранешните југословенски републики која се осамостои по мирен пат. На 17 ноември 1991 беше донесен новиот Устав, а на 8 април 1993 година Република Македонија стана 181 членка на Обединетите нации.На 3 октомври 1995 година врз претседателот на Република Македонија Киро Глигоров беше извршен атентат. Глигоров го преживеа атентатот со тешки повреди во пределот на главата. Нападот беше извршен со автомобил-бомба на улицата „Македонија“ во Скопје, кога Глигоров со службено возило се движеше од неговата резиденција на работното место во Собранието на Република Македонија. Досега не се откриени ни нарачателите, ниту, пак, извршителите на атентатот, а истрагата е се уште отворена.Во текот на неговата политичка активност, Киро Глигоров беше одликуван со повеќе ордени.

Македонија | пред 7 години

bebe

Прво па машко и во Струга

Во 3 часот и 50 минути утрово по природен пат во Струшката болница се роди здраво машко дете. Ова е првото новороденче во Новата 2019 год во струшката општина.-Бебето е тешко 3.060 грама и долго 50 сантиметри. Мајката, која е од Дебар, и бебето се во одлична здравствена состојба, велат од одделението за гинекологија.После првороденчето во Струшката болница утрово се одија уште две машки бебиња.

Македонија | пред 7 години

evra

20 години еврото како валута во 19 држави

1 јануари 1999 год. 11 членки на Европската унија го воведоја еврото како валута. Лидерите на ЕУ ја истакнаа важноста на заедничката валута, но во овие 20 години истата поминува низ турбулентни времиња.Еврото преживеа неколку поголеми премрежја, вклучувајќи ги и потешкотиите во периодот на неговото пуштање во оптек, финансиската криза во 2008 и должничката криза во еврозоната која кулминираше со интервенционизам во неколку држави.Некои аналитичари сметаат дека превирањата и издржливоста на еврото ја зајакнаа валутата и ја направија помалку подложна на идни проблеми, други забележуваат дека еврото ќе остане ранливо без натамошна интеграција.Валутата не беше веднаш прифатена и кај многу земји нејзиното воведување беше доживеано како несакано зголемување на цените. Во Германија еврото дури доби и прекар “teuro”, што на германскиот значи – скапо.Еврото нкао валута денеска ја користат 340 милиони луѓе во 19 држави во ЕУ и тоа: Австрија, Белгија, Кипар, Естонија, Финска, Франција, Грција, Ирска, Италија, Латвија, Литванија, Луксембург, Малта, Холандија, Португалија, Словачка, Словенија и Шпанија.Испитувањето на јавното мислење спроведено во ноември од страна на Европската централна банка (ЕЦБ) покажа дека 74 проценти од еврозоната сметаат дека еврото е добро за ЕУ, а 64 проценти изјавиле дека тоа е добро за нивната земја.Другите членки на ЕУ за да го користат еврото треба да ги исполнат предвидените монетарни услови.

Свет | пред 7 години

bebe

Првото бебе во новата година е машко, во болницата утрово се родиле уште седум бебиња

Првото бебе родено годинава на Клиниката за гинекологија е машко, дојде на свет една минута по полноќ. Бебето е прва рожба во семејството Алексовски, тешко е 3900 грама и долго 52 сантиметри.-Бебето беше карлично поставено па породувањето беше изведено со царски рез. Изминатата ноќ имавме доста работа, но тимот на гинекологија успеа да се справи со предизвиците. Сите родилки и бебиња се добро“, изјави д-р Игор Самарџиски.Мајката Ангела и бебето ги посетија министрите за здравство и труд и социјална политика, како и градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов.Традиционално, бебето доби од градоначалникот Петре Шилегов штедна книшка и златник.Од синоќа до сега на Клиниката за Гинекологија се родиле 7 бебиња.Во изминатата 2018 година родени се вкупно 4630 бебиња. 

Скопје | пред 7 години

brza-pomos

Биланс од прославите - Пијани и натепни завршиле во болниците

Брзата помош од Охрид во новогодишната ноќ интервенирала десетина пати при што две алкохолизирани лица завршиле на инфузија, додкеа три лица повредени со исекотини завршиле на хирургија после тепачка во ноќниот клуб „Хавана“.За целокупниот биланс во новогодишната ноќ официјално соопштение ќе издаде СВР Охрид.

Македонија | пред 7 години

kasogi-1

(ВИДЕО) Посмртните остатоци од новинарот Џамал Кашоги во црни вреќи ги изнесол специјален тим за егзекуција?

Се појви видеоснимка на која се гледа како саудискиот специјален тим за егзекуција изнесуваат вреќи. Неофицијлано во нив се наоѓаат посмртните остатоци од новинарот Џамал Кашоги. На снимката се гледа доаѓањето на неколкуте членови на тимот во резуденцијата на саудискиот конзул во Истанбул, на денот кога е убиен Кашоги во конзулатот, оддалечен неколку стотина метри од куќата. Еден од членовите на тимот за егзекутирање носи црни вреќи, кои според турските медиуми веројатно содржат делови од телото на убиениот новинар, кој беше голем критичар на саудискиот принц престолонаследник – Мохамед Бин Салман.Оваа видео снимка ја објавија турските медиуми.Тие објснуваат дека Кашоги влегол во саудискиот конзулат на 2 октомври за да добие документи за развод од неговата поранешна сопруга. Во конзулатот бил убиен и распарчен на делови, дело кое турските власти го карактеризираа како убиство со предумисла, организирано од властите во Саудиска Арабија.Саудијците го негираат тоа и тврдат дека Кашоги бил убиен во операција на „одметнати агенти“, иако првично тврдеа дека новинарот жив го напуштил конзулатот.Кашоги повеќе од една година беше во политички егзил во САД, стравувајќи од политички прогон.

Свет | пред 7 години

Нема фотографија

Сончево со мала облачност, се очекува снег и појава на голомразица

Денес не очекува сончево време со умерена облачност и со умерен повремено засилен ветер од северен правец. Дневните температури ќе се движат од -3 до 7 степени.Во Скопје слично време со температура од -1 до 3 степени.Под влијание на студен и влажен бран утре попладне и во наредните денови времето ќе биде променливо облачно и многу студено со повремени врнежи од снег со променлив интензитет. Насекаде ќе се формира нова снежна покривка, особено на планините (над 40см). Заради ниските температури ќе има појава на голомразица, а засилениот ветер наместа ќе предизвика снежни наноси.

Македонија | пред 7 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања