„Претрес“ на Бранко Героски: Моќта, новинарството и линијата што се преминува
whT3mom746w

главни-вести

ohrid-plostad-2

Охриѓани и гости Новата 2019 ја дочекаа под отворено небо

Новата 2019 год и годинава охриѓани и гостите ја дочекаа под отворено небо. И покрај тоа што дочекот на плоштад беше организиран во последен момент, сепак Ѓоко Танески, Жармена, Бетис бупс, Бекдор бенд и диџеј Петар се погрижија да има забава на високо ниво.Организатори годинава на дочекот беа еснафот на угостители и Хотелелската асоцијација, откако градот Охрид се откажа од сите културно- забавни настани по смртта на градоначалникот Јован Стојановски.Инаку Охрид и годинава е исполнет во целост.

Македонија | пред 7 години

dedo-mraz-nurka

(ВИДЕО) Во Охрид Дедо Мраз дојде со нуркање

Весел Дедо Мраз, не бира начин и средства за да стигне до целта. Охридскиот и годинава дојде со нуркање...

Македонија | пред 7 години

bebe

Првото бебе е машко, родено е една минута по полноќ

Првото бебе во новата 2019 година во Скопје е машко и тежи 3 920 грама.Бебето е родено во Клиниката за Гинекологија и акушерство една минута по полноќ.

Македонија | пред 7 години

Нема фотографија

(ВИДЕО) Скопје ја дочека 2019 со низа огномети: Среќна нова година на сите!

https://www.facebook.com/skopje1mk/videos/276274016404009/

Скопје | пред 7 години

ivica-milevski

Новата година кај нас астрономски ќе настапи првин во с. Ново Коњарево, а дури 4 минути подоцна во Скопје!

Поради ротацијата на Земјата кон исток, ако се земе во предвид локалното, наместо зонското време, во Република Македонија, Нова година прво ќе настапи во општината Пехчево и тоа астрономски во 23 часот и 27 минути, пишува д-р Ивица Милевски. Професорот објаснува дека по вакво, локално или реално, односно астрономско време, прва и најисточна населба во Македонија каде настапува Нова година е с. Ново Коњарево источно од Струмица и тоа во 23 часот и 28 минути, десетина секунди подоцна во с. Двориште, Беровско, а уште толку подоцна во с. Панчарево, Пехчевско. Во Скопје, по локално време, Нова година настапува 4 минути подоцна, односно во 23 часот и 32 минути. Најдоцна, по реално време Нова година ќе настапи во с. Коњари западно од Дебар и тоа во 23 часот и 36 минути. Кога во Македонија, по зонско време во 00 часот настапува Нова година, поради разликата од околу 5-8 степени или речиси половина час во однос на зонскиот (15-ти) часовен меридијан (Македонија лежи на 20-23 степени источна географска должина), според реалното време, кај нас е веќе 00 часот и 25 (Дебарско) до 33 (Пехчевско) минути.Ако сака некој да се „пофали“ дека барем 2 пати за еден ден ја дочекал Новата година, може тоа да го направи во пограничните места со Бугарија или пак ако реши да патува со авион од некоја источна земја кон Македонија или од Македонија кон Америка.Автор: д-р Ивица Милевски

Македонија | пред 7 години

Нема фотографија

Дали еколошки се прегледуваат увезените пловни објекти?

Охрид вчера доби уште еден пловен објект. Новиот брод „Будимпешта“ беше транспортиран според правилата за вон габаритен транспорт кој мора да биде со придружба, транспорт кој се користи за сите пловни објекти кои се подолги од 12 и пошироки од 2,5 метри.Бродот во моментов е во каналот Студенчишта и истиот треба да се реновира, за да се подготви за престојнава туристичка сезона.На социјалната мрежа фејсбук се огласи Дејан Пановски, член на координативниот тим за спроведување на Проектот „Дримски басен“ .Пановски е човекот кој постојано реагира кога има опасност за езерото. Неговиот коментар на фејсбук, го привлече нашето внимание:„Пловен објект ( не само овој денес) кој бил користен во друг екосистем неможе непрочистен и неисправен да се пушти да плови во Охридско Езеро, затоа што со себе носи организми или материи кои може да се опасност за нашиот езерски систем. А такви има десетици објекти во езерото па се поставува прашањето ,кој и како издава дозвола за увоз на користени пловни објекти во непроверена состојба посебно од аспект што тие со себе носат. Не сме свесни колкава потенцијална штета може да се нанесе“, напиш Пановски.На овој пост коментираше капетанот на капетанијата на пристаништата на Македонија Горан Устијаноски. Тој вели:„Апсолутно издржан коментар!!! Ние како Капетанија се занимаваме со техниката , механиката и безбедноста, но никогаш не пристапило барање за воведување на некое специјално барање во врска со оваа проблематика. Стојам на располагање да сум предлагач на таков член во законот, но ми треба дефиниција на тоа што би се барало, институција која ќе контролира од тој аспект и мерки како да се врши дезинфекцијата... Тоа треба да се врши на секој пловен објект кој прв пат влегува во езерото, не само во овој момент за новиот брод.Да се надеваме дека ова прашање кое го зачна Пановски, ќе дојде до надлежните и сериозно ќе размислат за начинот на дефиниција кој би се применал на пловни објекти во ваков случај, но и на секој друг пловен објект кој прв пат влегува во езерото.Иаку бродот „Будимпешта“, е Хидро бус за 150 патници. Бродот е идентичен како Галеб, Александрија 1 и Кристина Нова.

Македонија | пред 7 години

Нема фотографија

(ФОТО) Кејот во центарот на Скопје стана парклиралиште за гостите во кафаните

Возила се паркираат буквално по целиот Кеј. Пешаците и велосипедистите на Кејот, „совесните“ возачи да се одвојат од своите автомобили на тие 100-200 метри од Кејот.Автомобили се разминуваат во двата правци како на секоја нормална улица, а други, пак, си наоѓаат паркинг-место под сенките. Многу „совесно“.

Скопје | пред 7 години

nina1

Собрани се парите за операцијата на Нина, благодарност до хумaните

Кога се сака, се може се. Само со слога и убава мисла може да влеземе во Новата 2019 год. Овој пат Дедо Мраз, за Нина беа сие хумани граѓани кои и ја исполни желбата на малата Нина да се соберат потребните средства за да може да замине на операцијата.„Благодарност до сите хумани луѓе со големи срца кои донираа и беа секогаш тука кога треба. Благодарност до сите кои споделуваа апели за помош, до сите кои се активираа и помагаа на било каков начин…Овој пат успеавме сите заедно и за малата Нина се собраа и тие 5% кои недостигаа. Потребната сума за операцијата, за Нина да може да застане на нозе сега е собрана“, се наведува во известувањето кое беше објавено на социјалните мрежи.Нина, веднаш по Новогодишните прзници ќе може да замине на потребната операција во САД, од каде по опертивниот зафат ќе може да застане на нозе и да си игра заедно до нејзините другарчиња.Броевите за донација ќе останат уште малку отворени, бидејќи по операцијата ја очекува пост оперативен период за кој исто се потребни парични средства.Доколку сакате и имате можност завртете уште еднаш.Семејството на Нина Ви е крајно благодарно на несебичната поддршка, вашето големо срце и хуманост.

Скопје | пред 7 години

Нема фотографија

(ФОТО) Бикот на улица Македонија, Новата година ќе ја дочека без опашка

Сеуште не е санирана опашката на бикот дел од “Скопје 2014” поставен на улица Македонија. Скулптурата беше скршена на крајот од ноември, а Музејот за современа ументност вети дека ќе биде поправена. Но, очигледно немале време.Скршената опашка на скулптурата „Бик“ е дело на Дарко Дуковски.Од Музејот на современа уметност, што со одлука на ексминистерката за култура Елизабета Канческа-Милевска ги постави скулптурите низ центарот на градот и е надлежен за нивното одржување.

Скопје | пред 7 години

Нема фотографија

(ВИДЕО) Скопје слави Нова година, еве ја атмосферата во кафичите

Пејачката Верица Пандиловска е главна ѕвезда во еден скопски угостителски објект на кејот.Таа предновогодишно ги забавува гостите со измешан репертоар од македонски до српски хитови.https://www.facebook.com/skopje1mk/videos/2419852084753236/

Македонија | пред 7 години

Нема фотографија

(ВИДЕО) Српска музика, светкави фустани и алхохол - еве како е во центарот на Скопје

Со српска музика и алкохол во центарот на Скопје се слави дочекот на Новата година.Буквално не постои угоститлески објект каде не се пеат и свират турбо-фолк песни. Посетителите накитени од глава до пети чиниш доаѓа крајот на светот.Новогодишната атмосфера ја чувствуваат само оние кои можат да си дозволат некој денар плус за прослава.

пред 7 години

Нема фотографија

(ФОТО) Банкоматите во Скопје испразнети

На повеќе локации во Скопје, банкоматите се надвор од функција. Голем дел од банкометите се испразнети. Оние кои пробаа да извадат пари, нервозно чекаат и бараат функционален банкомат.Ова не е прв пат голем дел од банкоматите во центарот на Скопје да не работат, посебно пред Нова година.

Скопје | пред 7 години

jankulovska

Уставен суд: Не е повредено правото на мајчинство на Гордана Јанкулоска

Според одлуката на Уставниот суд, судијката Добрила Кацарска не го повредила правото на мајчинство на екс-министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска, пишува Телма.Одбраната на поранешната министерка поднесе барање за оценка на дискриминација, односно за повреда на правото на мајчинство и правото на породилно отсуство од јуни до октомври 2018 година во случаите „ Тенк“, „Титаник“ и „Таргет/Тврдина“. 

Македонија | пред 7 години

Нема фотографија

DoubleTree by Hilton од 1 јануари ќе ги пречека првите гости во новиот објект во Скопје

Хотелот “DoubleTree by Hilton Skopje”, најновиот во синџирот луксузни хотели на реномираниот бренд, од утре 1 јануари, официјално почнува со работа и ќе ги пречека првите гости.Лоциран покрај кејот на реката Вардар близу мостот „Близнак“ во општина Аеродром, објектот се простира на пет ката со едно подниво и зафаќа површина од 25.000 метри квадратни.За врвна услуга и топло гостопримство „Хилтон“ става на располагање 170 соби, 15 апартмани од кои еден претседателски од 260 метри квадратни, Euphoria Welness & SPA модернен спа и фитнес центар од 1400 м2, традиционална турска бања, сауна, џакузи и затворен базен, како и најмодерната Life Fitness опрема за вежбање, 6 конференциски сали, и една сала за свечености Diamond Ballroom, три ресторани.Хотелот располага со сопствен затворен паркинг простор за 150 возила, како и отворен паркинг за 200 возила.Хотелот нуди исклучителен панорамски поглед на градот, а за беспрекорен престој на гостите, ќе се грижат близу 200 вработени.На објектот интензивно се работеше две години и освен што е импонзантен однадвор, енергетски и еколошки е ефикасен и има врвно хортикултурно уредување. Целосната инвестицијата е вредна 50 милиони евра.Еден од лидерите во хотелиерската индустрија, „Хилтон“ досега беше присутен во 109 држави со вкупно 5.500 хотели, и во својата сто годишна историја има пречекано повеќе од 3 милијарди гости. Новата 2019 ја почнува додавајќи ја и Македонија на својата мапа, со најубавиот DoubleTree by Hilton хотел во светот.

Скопје | пред 7 години

petardi

Кај охриѓaнец пронајдени и одземени 13.000 различни нелегални пиротехнички средства

На 28 декември оваа година, извршен е претрес во домот на И.Ш. (44) на улицата „Гоце Делчев“ а потоа и во неговата продавница за обувки лоцирана на Градскиот пазар во Охрид. Притоа, пронајдени и одземени се вкупно 13.000 различни нелегални пиротехнички средства.По целосно документирање на настанот, СВР Охрид против И.Ш. ќе поднесе соодветна пријава..

Македонија | пред 7 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања