ГЛАВНИ-ВЕСТИ

todor-petrov

Комисијата за политички систем ја прифати иницијативата на Тодор Петров - ќе се собираат потписи за распишување на референдум

Со 8 гласа „за“ и еден воздржан, Комисијата за политички систем ја прифати иницијативата на Тодор Петров за собирање потписи за распишување на нов референдум за името со прашањето: „Дали сте за Република Северна Македонија“.За да се реализира оваа постапка, потребно е спикерот Талат Џафери да даде мислење дека иницијативата е уредна, а откако ќе ја извести ДИК, подносителот има рок од три месеци да собира потписи.

Македонија | пред 7 години

kosntantin1

Константин Георгиевски: Охрид влезе во историски процес на раздолжување на градот

Во интервју за Скопје1.мк актуелниот в.д. градоначалник на Охрид Константин Георгиевски зборува за историскиот процес на раздолжување на Охрид кој почна да се случува од како Премиерот Зоран Заев почна да го исполнува ветувањето кое го даде преку „Охрид 1“ дека ќе го раздолжи Охрид и ќе формира ново јавно претпријатие „Колектор“. Константин зборува и за тековните проекти, а даде одговори и дали размислува да се кандидира на претстојните избори кои ќе се случат оваа пролет.Скопје1.мк: Во буџетот на општината годинава влегоа и милионите евра кои Владата ги трансферира за раздолжување на Охрид кое мора да се заврши во првата половина на годината. Подготвени ли сте за овие преговори со компаниите доверители ?„Советот на Општина Охрид за 2019 година го изгласа најголемиот буџет во историјата на градот , тежок 1.040.000.000 денари , од кои 495.000.000 отпаѓаат на средства кои ќе припаднат на Општината согласно мерките на Владата на Република Македонија за раздолжување на општините . Во Општина Охрид во тек е јавен повик на пријавување на доверителите како ние би биле во можност да формираме првична ранг листа на доверителите , потоа да пристапиме кон преговори со дел од нив во однос на каматите и да ја формираме листата која треба да ја доставиме до Советот на Општина Охрид и истата да добие зелено светло за реализација и исплата . Подготвени сме за преговори со доверителите и во периодот кој следува и за мене како В.Д Градоначалник тоа е една од најважните задачи , затоа што сме временски врзани согласно закон тој процес да го завршиме до 30.06.2019. Овој целокупен процес е исклучително значаен за Општина Охрид и после долги и мачни години кога Општината се гушеше во долгови , за прв пат благодарение на Премиерот Зоран Заев, кој го исполна ветувањето дадено кон граѓаните на Охрид , а тоа е раздолжувањето на Општината , ние сега можеме да зборуваме за раздолжување на една од најзадолжените , ако не и најзадолжената општина во државата “ , вели Георгиевски и го коментира односот на ВМРО ДПМНЕ кон ова прашање:„Мене ми е исклучително криво што советниците во Советот на Општина Охрид од редот на ВМРО ДПМНЕ , не гласаа за овој буџет , со тоа тие не гласаа за раздожување на Охрид , за просперитет и иднина на градот , едноставно нејасно ми е како е можно да не гласаа ЗА Охрид , но сепак , тоа е нивен избор , од кој што еден ден ќе се срамат “, заклучува Георгиевски.Скопје1.мк: Ќе се раздолжуваат ли и јавните претпријатија ?„Една третина од долгот на сите јавни претпријатија во Македонија , отпаѓа на МЈП Проаква Охрид . Кога пред една година и два месеци дојдовме на власт затекнавме таму , јавно претпријатие кое немаше исплатено 3-4 плати и придонеси на работниците и загуба од околу 36.000.000 денари на годишно ниво , а за инвестиции и да не зборуваме .Слична беше ситуацијата и во другите јавни претпријатија , можеби не изразена во толкава мерка , но сепак ситуацијата беше далеку од сјајна , освен во ЈП Нискоградба , каде во споредба со останатите јавни претпријатија состојбата беше донекаде стабилна и консолидирана до некое прифатливо ниво . Согласно законот е предвидено раздолжување и финансиската поддршка за единиците на локалната самоуправа и единки корисници основани од единиците на локалната самоуправа од областа на образованието, културата, детската и социјалната заштита за финансирање на доспеани, а неплатени обврски. Ние и во изминатата година активно работевме на консолидација и раздолжување на јавните претпријатија , па така ЈП Проаква од тежок загубар дојде во ситуација после само една година за прв пат после не знам колку години на работниците да им додели К-15 , а загубите се сведени на минимум . Се постигна нешто за што многу пред нас пробаа , но малку направија , а тоа е уште едно ветување кое го даде Премиерот Зоран Заев и го исполна,  а тоа е решавањето на Колекторот , тоа е завршена работа . ЈП Колекторски систем е во фаза на формирање и со тоа драстично се менува целата слика“.Скопје1.мк: Како ќе оди таму овој процес и кое претпријатие може да очекуваме прво да се раздолжи ?„Во тој дел следуваат драматични и тектонски позитивни придвижувања на кој ние како генерација ќе сме горди . ЈП Охридски Комуналец покрај намалување на долговите , инвестираше сопствени околу 8.000.000 денари и околу 430.000 ЕВРА од кредитна линија на Светска банка со која беа набавени уште 5 комунални возила , една цистерна и еден трактор “.Скопје1.мк: Ќе продолжат ли активностите за промоција и поддршка на туризмот и промотивните активности на саеми и презентации во светот ?„Туризмот претставува водечка гранка во Охрид , ние активно ќе продолжиме во промоција на Охрид како атрактивна туристичка дестинација но и во креирање на приказна за Охрид , и ќе работиме на развој и развиток на планината заедно со сите здруженија и поединци кои имаат однос кон природата и културните богатства во насока на развој на алтернативен турирам , хајкинг , алпинизам и велосипедизам . И секогаш ќе сум на страната на природното богатство и дозираното употребување на тоа што само го позајмуваме од нашите деца во моментов на нашето битие на овој свет а тоа е нашиот прекрасен Охрид , и ќе се залагам против изградба на Ски Центар на Галичица и сметам дека е чесно еднаш за секогаш да се најде маж кој ќе престане да ги замајува Охриѓани со луди , економски неисплатливи и неостварливи проекти за Ски Центар на Галичица . Јас сум пасиониран скијач и планинар , и најмногу од сите сакам да имаме Ски Центар на Галичица , но реалноста е сосема поинаква , едноставно таму нема услови за тоа и тоа никогаш нема да се случи и сите претходни најави , ветувања и муабети се само празни дневно-политички муабети .Промотивните активности секако дека ќе продолжат , учеството на саеми ценам дека досега е разбирано како добра можност за прошетка на дел од администрацијата без некој значаен и мерлив ефект и истото во периодот кој следува лично ќе го ревидирам во консултација со релевантни експерти од областа на туризмот“ .Скопје1.мк: Кои се тековните проекти кои во моментов се работат во Охрид ?„Во моментот во тек е изградба на спортска сала во ЕМУЦ , потпишан е договор за комплетна реконструкција на кружниот тек кај Општа Болница Охрид исто така и за довршување на патеката до Хотел Парк , со подобрување на времето започнува комплетна реконструкција на Булевар Туристичка , улица Егејска се надевам до средина на февруари да започне со реконструкција , во село Лескоец сме при крај со неколку краци на канализација кој после застој од околу 2месеци ќе ги продолжиме ... така да , пролетва не очекува вистинска инфраструктурна инвазија во Охрид“ .Скопје1.мк: Имате ли аспирации да сте кандидат на Локалните избори кои не чекаат најдоцна на пролет ?„Моментот на загубата на Градоначалникот Стојаноски ме најде , како негов заменик. Многу часови поминавме заедно во разговори каков Охрид сакаме , каде сакаме да го развиваме градот , имавме голема доверба еден во друг . Тешко беше и е , да се размислува сега на оваа тема , посебно кога тој кобен 15ти Декември до последно бевме заедно . Не знам ... доколку би размислувал во насока на избори и кандидатура тоа веројатно би било во знак на почит кон човекот кој прв имаше доверба во мене , доследно и достојно да го продолжам патот за кој часови и часови на моменти во занес разговараме за нашиот Охрид . Сепак сметам дека е премногу рано за одлука по тоа прашање . Ќе следуваат партиски консултации , разговори и носење одлуки од органите на партијата , сепак не можам да исклучам моја кандидатура на локалните избори во Охрид , доколку партијата и членовите го побараат тоа од мене “.

Македонија | пред 7 години

talir

Предметот „Талир“ на СЈО ќе го води судијата Осман Шабани

Педметотот од обвинителството насловен како „Талир“ оформен по одобрен обвинителен акт на Јавното обвинителство за гонење кривични дела поврзани и кои произлегуваат од незаконското следење на комуникациите, согласно АКМИС системот е распределен на понатамошно постапување кај судија Осман Шабани, информира денеска Основниот суд Скопје 1 – Скопје.Судијата Осман Шабани ги води предметите „Титаник“, „Топлик“ и повторената постапка за „Монструм“.Предметот „Талир“ се однесува за незаконското финансирање на политичката партија ВМРО-ДПМНЕ. Во „Талир“, под обвинение се Никола Груевски, Кирил Божиновски, Миле Јанакиевски, Илија Димовски, Леко Ристоски и Елизабета Чингаровска.Специјалното јавно обвинителство на 22 ноември минатата година до скопскиот Кривичен суд поднесе два обвинителни акта како резултат на спроведената истражна постапка во предметот познат во јавноста како „Талир“. Вториот обвинителен акт за истиот предмет, што се однесува на незаконска изградба, се уште се наоѓа кај судија за оценка на обвинителен акт.Kривичниот совет на Одделението за организиран криминал и корупција при Основниот суд Скопје 1 постапувајќи по предлог на СЈО за „Талир“ на 28 ноември 2018 година донесе решение со кое го уважи предлогот и на обвинетиот Никола Груевски кој е во бегство во Унгарија му определи мерка притвор во траење од 30 дена, сметано од денот на неговото пронаоѓање, односно лишување од слобода, додека обвинетата Елизабета Чингаровска од ВМРО-ДПМНЕ ја призна вината во случајот и се спогоди со Специјалното јавно обвинителство. Судот ја осуди на двегодишна условна казна која нема да се изврши ако таа во наредните пет години не стори ново кривично дело.

пред 7 години

wizzair-1-750x400

Денеска ќе се потпише нов договор со „Визер“ за субвенции на евтини авиолини

Денеска министерот за транспорт и врски Горан Сугарески и претставници на авиокомпанијата „Визер“, ќе потпишат договор за финансиска поддршка на евтини авиолинии. Ова ќе биде трет догов меѓу Владата и оваа компанија. Според истиот на авиокомпанијт во нарендите три години треба да и бидат исплатени пет милиони евра.Субвенционираните летови од аеродормите во Скопје и во Охрид треба да ги опслужува од март годинава.Договорот следи по третиот повик што го објави Владата за доделување финансиска поддршка по двата неуспешни огласи.

Македонија | пред 7 години

akcija-nasi-bansko

Видео од спасувачката акција на македонски сноубордери и скијачи во Банско

Тричасовна акција спасувачка акција во Банско. Бугарските медиуми објавија снимка од спасувачката акција на петмина македонски сноубордери и скијачи кои залутале и паднале во бездна на Пирин кај Банско, Бугарија . За среќа тие синоќа успешно беа извлечени.Во акцијта учествувале 10 спасувачи кои применале алпинистичка техника за извлекување.Бугарските медиуми објавуваат дека акцијата била многу ризична и за спасителите. Тие како што пишуваат медиумите ги искирале и своите животи, затоа што постолела огроман можност да предизвикаат лавина.

Свет | пред 7 години

sv-vasilij-veliki

Денеска се празнуваат Обрезание Господово, Свети Василиј Велики и Православна Нова Година

Сурова, сурова годинаголем клас на нива,голем грозд на лозажолт мамул на леса,живо здраво до година.до година до амина.Ќе дајте или не ....Оваа песна ја пејат дечињата коледарчиња кои на овој ден им соопштуват на блиските дека пристигнала Новата Година. И на Василица како и на Бадник групи деца најпрвин околу заедничкиот оган, а потоа одејќи по куќите низ селото или градот, пеат пригодни песни за што добиваат подароци. И овие песни како и коледарските од Бадник немаат развиена мелодија туку се кажуваат со скандирање, со карактеристични извици на почетокот и на крајот, а и во мотивска смисла се блиски. Низ песната се искажуваат многу убави желби и благослови за родна година:Денеска е 1 јануари според стариот клендар (односно 14 јануари според новиот) . Верниците од христијанска вероисповед денес празнуваат три празници: Обрезание Господово, Свети Василиј Велики и Православна Нова Година.(Именден празнуваат: Васил, Василка, Васка, Весела, Веселинка, Веска, Нове, Новка…)Свети Василиј Велики познат и како Кесариски поради тоа што бил најпознат владика во градот Касарија Кападокиска. Роден е во овој град, во 329 година, од побожни родители, татко кој исто така се викал Василиј и мајка Емилија. Уште мал се стекнал со образование, примил свештенички чин и го учел народот на божјата наука. На големата популарност му завидувал тогашниот владика во Кесарија поради што Василиј заминал во пустина каде што останал до смртта на владиката. Потоа се вратил и бил поставен за владика, направил многу добри дела по кои црквата сè уште го споменува. Умрел на 1 јануари 389 (според некои 379) поради што црквата секоја година на овој ден го празнува споменот на неговото име. Останал како пример за позитивни човекови особини поради што црквата го нарекла Велики. Празникот Свети Василиј се совпаѓа со Обрезание Господово, овој празник во народот најчесто е познат како Василица, а тоа најповеќе асоцира на обичаите и верувањата поврзани со Новата Година. Василица се паѓа во периодот на т.н. Некрстени денови, период што трае од Божик до Водици, кога според легендата Исус не бил крстен и ѓаволите се мачеле да го излажат да не се крсти и да не се исполни волјата божја.Како што се пее во еден тропар „Слегувајќи Спасителот при родот човечки го прими повивањето во пелени; не се одврати од плотското обрезание…“ Христос, како што од љубов и човекољубие го прими повивањето со пелени, така го прими и плотското обрезание. Тоа крајно снисходење и понижување Христово, од црквата се смета за голем Господов празник.“Со обрезанието Исус покажа дека примил вистинска човечка природа. „Тоа е многу значајно, затоа што во древната црква се појавила една ерес која се нарекува докетизам и која тврдела дека Христос не прими вистинска човечка природа, вистинско човечко тело, туку привидно тело.“

Македонија | пред 7 години

Нема фотографија

Облачно со повремени врнежи од снег

Времето денес ќе биде претежно облачно, околу пладне и попладне со повремени врнежи од снег со слаб, а во западните делови со слаб до умерен интензитет. Во вечерните и ноќните часови ќе дува умерен северозападен ветер, кој повремено ќе засилува. Утринските температури во одредени места ќе се спуштат и до -16 степени, а наксималната дневна температура во југоисточните делови ќе се искаќи до 4 степени.Во Скопје не очекува облачно време со повремени врнежи од снег со слаб интензитет и температура од -10 до -2 стпени.Утре ќе дува умерен до засилен северозападен ветер, а во следните денови ќе преовладува стабилно време со услови за магла по котлините. Дневната температура од четврток осетно ќе се зголеми, особено на повисоките места и на планините.

Македонија | пред 7 години

Нема фотографија

Магла на патните правци Тетово-Желино и Градско-Неготино

Сообраќајот на државните патишта се одвива по наместа влажни коловози,наместа со остатоци од кашест снег.„Намалена видливост од 50 до 100м. поради магла има на патните правци Тетово-Желино и Градско-Неготино.Од превентивни причини воведена е забрана за сообраќај на тешки товарни возила на патниот правец Дебар-Стуга“, велат од Македонијапат.ЈП Македонијапат апелира на внимателно возење и прилагодување на брзината спрема условите на патот.

Македонија | пред 7 години

gadonacalnik-polska

На бина избоден со нож градоначалникот на Гдањск, се бори за живот

Градоначалникот на полскиот град Гдањск прободен со нож за време на добротворен настан, објавија агенциите, цитирајќи ги локалните медиуми.Адамович се бори за живот во болница.Додека се одржувал најголемиот хуманитарен настан во Полска , непознат маж се качи на бината , му пришол на градоначалникот и му зададе неколку удари со нож пред шокираната публика.Кога се качил напаѓачот на бината извикувал дека се вика Стефан и дека неправедно лежел во затвор за време на владеењето на владата на либералите , а потоа му се нафрлил на Адамович , кој доаѓа од опозициската Граѓанска платформа.Mажот бил совладан на самото место.фото: Reuters / Agencja

Свет | пред 7 години

Avstrij-1

(ФОТО и ВИДЕО) Скопје1.мк во Австрија

Екипа на Скопје1.мк деновиве престојува во Австрија во градчето Bad Hofgastein кое претставува центар на зимскиот монденски туризам во Австрија.Bad Hofgastein е опкружен со ски ресорти, а спа центрите се со термални води.По враќањето од Австрија, екипата на Скопје 1 ќе објави поопширна промотивн репортажа.

Магазин | пред 7 години

V

(ФОТО) Вевчанци се пошегуваа со платата од 500 евра - започна Вевчанскиот карневал

„Сигурен сум дека ние политичарите ќе бидеме предмет на критика денеска и едвај чекам да видам што имаат подготвено вевчанци и василичарите со своите маски. Денеска сигурен сум дека тука ќе се смеам, ама знам дека вечер сигурно ќе се замислам. И ова е дел од критиката и нормално е власта да биде критикувана. Тоа е демократија и затоа е власта за да биде критикувана, а критиката може да направи само подобра власт“, истакна министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски пред официјалното отворање на Вевчанскиот карневал.Градоначалникот на Вевчани Сашо Јанкоски уште еднаш потсети дека локалната самоуправа не учествува во изборот на маските и оти тие ги дознаваат за време на дефилето.„Ние не учествуваме во изборот на маски, можеме само да апелираме. Немаме увид во што ќе бидат маскирани василичарите“, рече градоначалникот Јанкоски.Вевчанскиот карневал започна синоќа со изложба на уметнички фотографии „Маски и асоцијации“ од авторот Анастас Ќушкоски и настапот на рок групата Културно Уметнички Работници, на култната група Архангел, Галија и диџеј Рутбој.Вечерта пак, во пресрет на дочекот на Новата година по стариот календар, посетителите ќе имаат прилика да слушнат повеќе етно-состави, меѓу кои и Баклава.Утре пак на 14-ти јануари точно на пладне е традиционалното палење на маските.Карневалот во Вевчани е една од најпознатите карневалски манифестации на Балканот со единствена симболика и традиција која се негува повеќе од неверојатни 14 века и кој според своите специфични особини се одвојува од останатите во светот поради неговата архаичност, исконска традиција, таинственост и уникатни маски.

Македонија | пред 7 години

DSC_0500

(ВИДЕО) Османи: ДУИ е против предвремени парламентарни избори

Вицепремиерот задолжен за европски прашања, Бујар Османи во своето обраќање ги потенцираше важноста на решавањето на овој повеќедецениски спор за започнувањето на преговорите за членство на Република Македонија во Европската Унија.„Направивме историски успех. Сите ние заедно, политичарите, пратениците, институциите, вие медиумите, граѓаните, Македонците и Албанците, Турците, Ромите, Србите, Власите и Бошњаците, сите граѓани кои ја чувствуваат оваа земја како своја, кои ѝ посакуваат напредок, просперитет, сите оние кои посакуваат стабилна и безбедна иднина за своите деца“, истакна Османи на почетокот од своето обраќање, посочувајќи на извесноста на евроатлантската иднина на земјава по изгласувањето на уставните измени и имплементацијата на Договорот од Преспа.Исто така тој изјави дека ДУИ е против распишување предвремени парламентарни избори кои евентуално би се одржале заедно со претседателските„Доколку има избори ние како партија би имале многу подобри резултати во споредба со 2016 година, но во овој момент најбитно е сите сили да бидат насочени кон реформите за да не се изгуби драгоцено време за евроинтегративните процеси“, изјави Османи

Македонија | пред 7 години

MTV

МРТ најави санкции за уредникот на албанската спортска редакција

Македонската радио телевизија најави санкции доколку се утврди прекршување на Етичкиот кодекс кај уредникот на албанската спортска редакција, Мустафа Адеми. Санциите следуваат по бурната реакција на социјалните мрежи во кои тој беше спомнуван дека во преносот од мечот Македонија-Јапонија македонскиот репрезентативец Стојанче Стоилов го насловувал како „играчот со бројот пет“, неизговарајќи му го името и презимето.„Македонската радио телевизија е јавно претпријатие со единствен систем на управување. Согласно тоа сакаме да ја известиме јавноста дека ќе се преземат сите законски мерки за санкционирање на однесувањето на некои наши вработени доколку се утврди прекршување на Етичкиот кодекс на МРТ, внатрешните правилници и законите во Република Македонија. За среќа, се уште живееме во држава во која МРТ е едно јавно претпријатие кое ги обединува сите програмски сервиси. Напоменуваме дека сите изјави на вработени на МРТ се нивен личен став, а не став на МРТ како јавен сервис. Нагласуваме дека уредниците на програмските сервиси имаат целосна слобода и автономија во уредувачката политика, но таа секако треба да биде согласно законите и етичките и професионални стандарди. Јавноста набргу ќе биде известена за преземените мерки од овој инцидент. Исто така, апелираме да не се злоупотребува името на МРТ бидејќи во овој случај точно е лоцирана индивидуалната одговорност.Да и посакаме успех на нашата ракометна репрезентација и да се обединиме во нејзините успеси“, соопштија од МРТ.

Скопје | пред 7 години

makedonija-bahrein

Македонија го совлада Бахреин со 28:23

Македонската ракометна репрезентација ја совлада екипата на Бахреин со 5 гола разлика. Македонија имаше одличен старт на натпреварот, поведе со 6-2 но потоа следуваше црн период, дури 11 минути не постигнавме гол, а Бахреин со серија од 5-0 дојде до водство од 7-6.Во продолжението беше изедначено, но во финишот имавме серија од 5-0 и на полувремето заминавме со предност од 12:8.“Одигравме максимално во одбраната, но во нападот бевме послаби. Ако нападот не го подобриме нема да имаме шанса со следниве екипи“, истакна по натпреварот репрезентативецот Филип Талевски.„Подобро игравме во одбрананата, мислам дека Бахреин се мачеше во нападот. Последните 10, 15 мин игравме порелаксирано. Се надевеме дека утре ќе го дадеме најдоброто од нас. Утре е најважниот натпревар за нас. Хрватска е за нијанса посилна. Тие се фаворити, но ќе дадеме се од себе“, вели Филип Лазаров.„Позитвни сме и има добра атмосфера. Хрватите никогаш не биле скромни, знам како тие ќе играат, тие мислат дека со овај начин на подготовка ќе стигнат многу далеку. Но, ќе пробаме и ние ќе го дадеме максимумот, на утрешниот натпревар со Хрватска“, истакна капитенот на македонската репрезентација Кире Лазаров.Следен натпревар на Македонската решрезентација е утре во 18:00 часот, против репрезентацијата на Хрватска. После тоа имаат еден ден одмор.

Спорт | пред 7 години

Zaev

Заев: Да живее Северна Македонија

На денешната прес-конференција, премиерот Зоран Заев апелираше до опозицијата да не го попречуваат прогресот, со што би се нанела штета на народот, но и на себе си.„Апел до опозицијата барајте да го испорачаме тоа што го ветивме но заборавете на опструкциите и не го попречувајте прогресот, така нанесувате штети на народот, земјата и себе си. Бидете дел од новите поглавја, тука сме политичарите и на власт и во опозиција за граѓаните“, изјави Заев.„Да живее Македонија, да живее Северна Македонија“, рече Заев на крајот на прес-конференцијата.

Македонија | пред 7 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања