ГЛАВНИ-ВЕСТИ

Нема фотографија

Oбвинет за “27 април” избегал, распишана потерница

Во однос на повеќе новинарски прашања поврзани со обвинетиот Н.В. осуден со неправосилна пресуда во предметот со К.бр 1893/17, ја информираме јавноста дека надлежната полициска станица која врши надзор над спроведувањето на мерката куќен притвор која му е определена на обвинетиот со решение на судот во мај 2018 година, а продолжена до правосилноста на пресудата, во јули 2018 година, при изрекување на првостепената пресуда, а по предлог на надлежниот Јавен обвинител , го извести судот дека обвинетиот не се придружувал до определената мерка.По добиеното известување, Кривичниот совет при Основниот суд Скопје 1 – Скопје донесе решение со кое на обвинетиот му се определува мерка притвор од негово пронаоѓање односно лишување од слобода, а воедно издадена е и наредба за распишување интерна и меѓународна потерница.

пред 7 години

vodici

Охрид се украсува за „Богојавление Водици“, подготовките на самиот крај

Подготовките за најмасовната црковно – народна манифестација за „Богојавление – Водици“, што општина Охрид ја организира заедно со Дебарско кичевската епархија, се на самиот крај.Финишираат подготовките за големиот христијански празник „Богојавление Водици“. Како и претходните години така и оваа, одбележувањето на празникот ќе биде во знакот на христијанскиот дух, без дополнително организирање на други пропратни забавни манифестации. Јавните претпријатија се активно вклучени во расчистување и уредување на просторот околу Градскиот плоштад, Градското пристаниште и Чаршијата, а од денес започнува и украсувањето на градот, изјави в.д. градоначалникот Константин Георгиески.Претходните денови јавните претпријатија го исчистија снегот околу градското пристаниште, кејот и чаршијата и извршија нивелирање на оштетените делови од подлогата од каде влегуваат капачите, а изминатата недела нуркачите го исчистија дното на езерото каде ќе се спушта Чесниот крст.Претседателот на координативното тело за организирање на празникот „Богојавление – Водици“, Љупчо Грданоски, истакна дека Црвениот крст од Охрид, ќе постави пунктови на кои ќе врши контролни прегледи на капачите и додаде дека во текот на утрешниот ден треба да пристигне и казанот во кој ќе се прави традиционалната рибна чорба за „Денот на рибарите“.Самата прослава на празникот ќе започне со утринска богослужба во сите парохиски цркви, а во 08 часот ќе започне божествената литургија, а во 09 часот и 45 минути ќе тргнат литиите кон градското пристаниште каде што ќе се положи чесниот и животворен крст во водите на Охридското езеро. Централната богослужба и оваа година ќе биде во црквата Успение на Пресвета Богородица – Каменско, каде ќе чиноначалствува неговото правосвештенство митрополитот дебарско – кичевски господин Тимотеј, кажа Илија Ристески, претставник на дебарско – кичевската митрополија.Пријавувањето на капачите започнува од утре во сите парохиски цркви, а на пријавените ќе им следуваат маици и брошури со насоки и програма за самиот празник „Водици“ и „Денот на рибарите“.

пред 7 години

intervju-misel-4

Наумоски: „Секогаш е најтемно пред зората, но светлината ќе блесне од Охрид“

Претседателските избори ќе се распишат на 8 ми февруари. Заедно со претседателските избори ќе се одржат и локални избори во три општини каде во моментов има в.д. градоначалници. Една од тие општини е и Општина Охрид.Партиите во Охрид, прават калкулации кој кандидат може да ја добие довербата на граѓаните. Вообичаено се прават анкети, каде се вртат имиња на познати јавни личности. Некои од нив велат дека и покрај тоа што нивните имиња се вртат во анкетите сепак не би се нафатиле на тоа и покрај тоа што станува збор за примамлива функција. Други се смешкаат и велат дека ќе размислат, но има и искрени, кои отворено признаваат дека имаат план, стратегија, идеи, но и поддршка и дека со чисто срце и образ би ја превзеле оваа функција, секако доколку партијата се одлучи да застене зад нив.Токму таков е познатиот охридски адвокат Мишел Наумоски, кој кога го запрашавме дали навистина ќе аплицира во неговата матична партија за функцијата градоначалник, ни рече, да, одамна размислував за тоа, подготвувам и програма.... За жал се случи тоа што се случи, Охрид многу порано треба да бира градоначалник, поради несреќата која се случи. Токму поради тоа ќе побрзам сите мои идеи да ги ставам во Програма и да секако дека сум подготвен за ваков чекор, доколку и ВМРО-ДПМНЕ ми даде подршка и доколу одлучат јас да бидам кандидат за оваа функција.Скопје1: Каква локална самоуправа заслужува Охрид? Како вие ја замислувате општината? Од што би почнале?Мишел Наумоски: Сметам дека крајно време е на Охрид му се случи „локална самоуправа“ на која приоритети ќе и бидат граѓанството и Бизнис заедницата и конечно широко отворени врати за нивните потреби и нивното решавање. Ние треба на непосреден начин да организираме партиципативни активности за жителите на општината Охрид , за планирање во секоја област на децентрализираните услуги, а пред се во образованието, урбанизмот, животната средина, спортот, локалниот, економски развој, преку развој на туризмот и културата како и во другите области.Локалната самоуправа мора да ги утврди приоритетите, а секако претходно да ги утврди досегашните слабости. Општина Охрид треба да го подобри процесот на локално буџетирање и финансиски-фискален мониторинг.Локалната самоуправа мора да ги утврди приоритетите, а секако претходно да ги утврди досегашните слабости. Како на пример евидентен е фактот дека Општина Охрид треба да го подобри процесот на локално буџетирање и финансиски -фискален мониторинг. Впрочем општината најлошата репутација ја има токму во овој сегмент на локална надлежност.Неминовно е финансиско зајакнување на општината каде влегува и разрешување на преостанатиот долг и деблокирање на градот. Препорачливо е на пр. долгот да се финансира преку издавање локална обврзница на среден рок каде трошоците се далеку помали споредбено со банкарските, па понатака пристапување кон меѓународните фондови за добивање на развојни проекти, инвестиции на бренд хотели и угостелски ланци , трговски брендови, што ќе ја зголемуваат и вработеноста и платите на вработените во сите сектори.Скопје1: Капиталните инвестиции во Охрид скоро да ги нема, а градежната експанзија и тоа како му наштети на Македонскиот бисер. Центарот се пренатрупа, комуналната инфраструктура крајно застарена, не го издржува товарот. Размислувате и на овие проблеми. Мислите ли дека може да се решат, имате ли план?Мишел Наумоски: Перцепција на жителите на општина Охрид е дека после долг период на стагнација во изградбата на локалната комунална инфраструктура постои потреба од забрзан развој на истата и планирање соодветни мерки и спроведување активности за напредно програмирање, планирање и за финансирање на капиталните инвестиции. Впечаток е дека токму градежната експанзија особено во градот Охрид создаде скоро неиздржлив притисок на застарената инфраструктура и дека е последен момент нешто да се стори на тој план. Охрид не е само крајбрежјето, центарот на градот .... , Охрид е и Радојца Новичиц, Железничка, Далјан, Видобишта ... , општината мора да инвестира во инфраструтурно поврзување на секоја точка од општината со квалитени улици но и комплетна поврзаност што ќе има аспект на кавалитетот на животот и аспект на туризмот .Од она што го разговарам секојдневно со граѓаните на општина Охрид, сметаат дека има поголем простор за поактивна улога на локалната самоуправа во поддршката за забрзан локален економски развој која ги вклучува сите сегменти на заедницата.Културното наследство, туризмот, квалитетна животна средина мора да биде еден од врвните приоритети на градот. Поддршката на општината преку грижата на градот за Езерото, крајбрежната зона, состојбата и пристапот кон културните знаменитости и промоција на истите за туристички цели се со цел создавање на целогодишен туристички маркет.Скопје1: Невработеноста на младите еден од поголемите проблеми со кои мака мачи Охрид. Општината не може дирекно да ги вработи, но може да создаде услови за инвестиции, а со тоа индирекно да помогне во намалувањето на овој проблем. Неодамна ми споменавте дека досега не се користеа можностите за склучување на јавно-приватни и други облици на социјални партнерства?Мишел Наумоски: Мојата препорака е дека е непоходен скрининг на релевантниот локален, регионален, национален, приватен сектор и на граѓанското општество, кои имаат широка мрежа, добра репутација и се способни да мобилизираат млади и други специфични ранливи групи и да генерираат основање социјални партнерства за инклузивна испорака на услуги, како и за воспоставување соработка за инклузивен локален развој. Мапирање на (постојните и потенцијалните) модели на социјално претприемништво - општествено одговорни економски иницијативи кои можат да привлечат инвестициски фондови во локален контекст, мапирање потенцијални аранжмани за меѓу општинска соработка поврзана со локалниот економски развој, како и со целокупните можности за јавно-приватни партнерства и за издавање концесии во насока на намалување на трошоците за администрацијата или во насока на намалување на трошоците за обезбедување услуги кои имаат влијание врз локалниот економски развој и врз стапката на (не)вработеност во заедницата.Можностите за склучување на јавно-приватни и други облици на социјални партнерства за подобрување на услугите и на инфраструктурата на децентрализираните услуги во општината Охрид не се докрај искористени и поради селективната практика во минатото. Неопходно е превземанње на низа мерки како да се формираат партнерства на кои им претходат консултации и прифаќање од локалната јавност, односно од другите засегнати страни.Кога се пристапува кон Јавно приватно партнерство, препорачливо е од јавниот сектор да се трансферира на приватниот сектор управувањето со подготовката и со испораката на услугите, а со тоа и одговорноста за квалитетот на процесот на подготовка и испорака како и финалниот квалитет на услугите. Практиката покажува дека треба да се избегнуваат шеми со споделено управување.Придонесот на јавниот сектор треба да се фокусира врз процесот на планирањето, финансирањето на партнерството и врз други политички и нормативни подготовки кои се неопходни за едно функционално партнерство. Партнерства треба да се склучуваат и условно кажано, за мали и средни проекти, а не само за големи проекти. Јавниот сектор треба да ја задржи и доследно да ја спроведува контролата врз спроведувањето на договорот за јавно приватно партнерство од приватниот сектор, гарантирајќи високо ниво на отчетност на партнерството пред јавноста. Јавниот сектор, исто така, треба да гарантира дека политичките ризици ќе бидат сведени на минимум. Подршка за спроведување на проектот преку „Шема на мали грантови“, која ги поврзува ресурсите на централната и локалната власт, поврзана со придонеси од приватниот сектор за унапредување на корпоративната социјална одговорност со долгорочна цел која е надвор од проектниот циклус за одржлива финансиска поддршка на акциите на младите и обезбедување на социјални услуги.Скопје1: На крај не можеме, а да не прашаме, сите знаеме како во последно време се избираат кандидатите и како се спроведуваат избори. Дали сте подготвени, доколку сте кандидат покрај со презентација на вашата програма, она што треба да биде приоритет, да се справувате и со сопки од „вашите сопартијци“ и оние кои избираат лична корист во замена за придобивките на охриѓани?Мишел Наумоски: (Се смешка...) Имам чист образ, уште почиста душа. Мојата цел е само Охрид да го добие заслуженото, да го задржи епитетот БИСЕР, затоа што тоа и е. Имаме капацитет, имаме ресурси, доста е веќе делби и сопки. Треба сплотено да работиме за Охрид, доколку го сакаме овој град. Охрид бил и ќе биде место од кое сите се гордеат. Нема непоправливи грешки, штом се има желба се може се. Јас знам дека заедно можеме да му го вратиме сјајот на Охрид. Имам две ќерки кои живеат, учат, растат овде. За моите, но и за сите деца, за идните генерации дајте да ја направиме нашата општина приоритетна. Дајте да го вратиме сјајот на Охрид. Затоа што Охрид заслужува, деталните проекти ќе ги претставам доколку ја добијам поддршката на ВМРО-ДПМНЕ за кандидатура, а нa нив работам веќе подолго време со поддршка од поголем дел на експерти и бизнисмени од нашиот град. Нема повеќе место, ни време за импровизации во Охрид. Тоа е мој пристап и мое мото зад кое барам да застанат и партиски, но и неопределени сограѓани.

пред 7 години

dzaferi-talad

Џафери: Претседателот е дел од извршната власт и не може да се меша во делот на законодавната власт и да не ја исполнува својата обврска

На пресс конференција претседателот на македонското собрание Талат Џафери информираше за последните активности на Собранието. Тој појасна зошто во својство на претседател на Собранието на Република Македонија и врз основа на неговите овластувања ги потпишал два Указа и ги испратил во Службен весник.Џафери нагласи дека не чувствува никаква одговорност за тоа што ги потпишал двата Укази, и дека му дал доволно време на претседателот на Република Македонија да ги потпише двата Указа и токму поради тоа тој смета дека прекршил нешто.„И двата Укази се доставени во Службен весник со дополнително објаснување зошто Указот е потпишан само од моја страна", изјави Џафери.„Од почеток на постапката за донесување на Закон за јазици сум тврдел дека сум постапил во рамките на постапките и процедурите во Уставот и на Деловникот.Може да се смета дека е злоупотребена службената должност со нетпотпишувањето на законот од страна на претседателот. Според членот 8 од Уставот направена е поделба на власта на законодавна, извршна и судска. Претседателот е дел од извршната власт и не може да се меша во делот на законодавната власт и да не ја исполнува својата обврска", рече Џафери.Џефери на прес-конференцијата се обраќаше и на Македонски и на Албански јазик.

Македонија | пред 7 години

Нема фотографија

ВМРО ДПМНЕ најави дека ќе поденси кривична пријава против Талат Џафери

Од ВМРО ДПМНЕ најавија декаќе поднесат кривична пријава против претседателот на Собранието, Талат Џафери и директорот на Службен весник, Мартин Костовски. Од партијата велат дека објавувањето на Законот за јазици во Службен весник и Законот за ратификација на спогодбата од Преспа, без потпис на претседателот Иванов, а со потпис на Џафери е противуставно.ВМРО ДПМНЕ бараат Уставниот суд да пресече и оцени дали објавувањето на законот за јазици е според Уставот. Повикуваат и на бојкот на законот.

Македонија | пред 7 години

gjorge-ivanov-1

Иванов: Ова е момент кој ќе покаже дали во Македонија постои Уставен суд

Доцна синоќа имавме можност да го видиме вистинското лице на владината коалиција на СДСМ и ДУИ која себеси се смета за проевропска, велат од кабинетот на претседателот Ѓорѓе Иванов."Објавувањето на Законот за употреба на јазиците и на Законот за ратификација на спогодбата од Преспа во Службен весник без потпис на указ од Претседателот на Република Македонија се противуставни.Со доставувањето на овие два закона во Службен весник е прекршен член 75 од Уставот на Република Македонија, додека објавувањето на законите е направено незаконски и претставува основа за кривично гонење.Ова е момент кој ќе покаже дали во Република Македонија постои Уставен суд, дали функционира обвинителството, дали има независно судство и дали постои владеење на правото.Се прашувам, дали високите претставници на меѓународната заедница, кои ја поддржуваат оваа владина коалиција, ќе се јават и ќе го поддржат овој начин на донесување на закони?Дали ќе ги поддржат овие преседани, што носат несогледливи последици и штета по правото и правната држава и дали вакви преседани применуваат во сопствените држави?", се вели во соопштението.

Македонија | пред 7 години

grubi

Груби: ВМРО-ДПМНЕ треба да бидат први кои името на партијата ќе го напишат и на албански

Пратеникот од редовите на ДУИ, Артан Груби на денешната прес-конференција изјави дека први кои треба да стават натпис на албански јазик е опозицоската ВМРО-ДПМНЕ.„Нелегитимниот претседател во заминување, има уште два месеци во канцеларијата. Прочитајте ги законите, Уставот и Деловникот. Објавата на Законот за јазиците во „Службен весник“ е според законот. Сметаме дека Иванов и ВМРО-ДПМНЕ треба да се надминат и да бидат први кои ќе напишат ВМРО-ДПМНЕ и на албански јазик“, смета Груби.Иако Законот за јазици е оспорен пред Уставниот суд, Груби вели дека тоа не ја одлага примената и тој мора да се почитува. За спроведувањето на Законот за јазиците ќе се формира и инспекторат.„Демократски е да ги изгубиш изборите исто како што ВМРО-ДПМНЕ ќе ги изгуби претседателските“, рече Груби коментирајќи ги постапките на ВМРО-ДПМНЕ.ДУИ е против превремени парламентарни избори, оти како што вели пратеникот Груби, има многу реформи за спроведување.

Македонија | пред 7 години

sluzben-vesnik

Службен весник образложува: Моравме да го објавиме Законот за јазици

Јавното претпријатие „Службен весник“ извести дека го објави Законот за јазиците, а смета дека тоа е во согласност со Уставот и законите иако претседателот Ѓорге Иванов не стави потпис на законот. Од „Службен весник“ се повикуваат на член 52, став 2 од Уставот, кој вели: „Законите влегуваат во сила најрано осмиот ден од денот на објавувањето, а по исклучок, што го утврдува Собранието, со денот на објавувањето“.„Во согласно со тоа, а во врска со член 51, став 2 од Уставот на Република Македонија, во кој се вели ‘Секој е должен да ги почитува Уставот и законите’ и оваа институција, која е со закон овластена да ги објавува прописите во РМ, своето работење секогаш го остварува во рамките на Уставот и законите и само ја исполнува уставната обврска“, се вели во соопштението на ЈП „Службен весник“.За објавувањето на Законот за јазиците без потпис на претседателот Иванов, реагира ВМРО-ДПМНЕ, од каде што велат дека директорот Мартин Костовски направил кривично дело што не застарува и за тоа се оди во затвор. Од „Службен весник“, пак, велат дека за секој обид за нарушување на угледот на Јавното претпријатие „Службен весник“ ќе биде поведена соодветна судска постапка.Џафери законот го чуваше во фиока повеќе од десет месеци бидејќи претседателот Иванов одбиваше да го потпише и по второто гласање кое беше во март минатата година.Заедно со Законот за јазиците, Џафери до „Службен весник“ го испратил и Законот за ратификација на договорот со Грција , кој исто така не беше потпишан од претседателот Иванов. Двата документа се објавени во новиот број на „Службен весник“.Со ова, покрај македонскиот, во институциите службен јазик станува и албанскиот јазик, што ќе се применува во комуникацијата, употребата и примената во сите постапки на граѓаните пред сите органи што ја сочинуваат државната власт. Законот ги обврзува судовите, јавните обвинителства, како и сите други органи, тела и други институции да овозможат користење, употреба и примена на кој било од службените јазици и нивните писма во своите постапки.

Македонија | пред 7 години

dolg

Годинава ја започнавме со ново задолжување од 11,4 милиони евра

По две аукции со кои се задолжува на домашниот пазар ќе организира месечно Министерството за финансии годинава. Календарот за првото полугодие е веќе објавен, а првата аукција на која државата продава обврзници е закажана за денеска. На продажба се нудат двегодишни државни обврзници без девизна клаузула во вкупен износ од 700 милиони денари или речиси 11,4 милиони евра, за кои каматата е 1,1 проценти. Следната, за месецов е закажана за 29 јануари. Инаку во првиот месец годинава по основ на продадени државни хартии од вредност државата треба да раздолжи безмалку две милијарди денари, обајави фактор.мк.Министерот за финансии Драган Тевдовски веќе изајви дека од годинава ќе се намали темпото со кое државата се задолжува дома, па наместо секоја недела или четири пати месечно, аукции на државни обврзници ќе има на две недели.Со задолжување дома, ама и во странство Владата годинава планира да го финансира буџетскиот дефицит кој изнесува 17,7 милијарди денари или е позициониран на 2,5 отсто од БДП.Текстот во цалост на: фактор.мк

Македонија | пред 7 години

putin-vucic

Белград подготвен да го дочека Путин - 250 руски специјалци ќе го чуваат Рускиот претседател

Претседателот на Русија Владимир Путин во четврток ќе пристигне во Белград. Путин ќе оствари средба со домкинот, претседателот на Србија Александар Вучиќ. Путин доаѓа во Белград во време кога Русија е заинтересирана за потполна реализација на Турскиот тек, кој би донел гас во југоисточна Европа, како и за дипломатски статус за соработка за риско - српските соработки во хуманитарниот центар во Ниш.Дел од обезбедувањето на Путин , веќе е во главниот град на Србија, а во соработка со руските агенти и Српската полиција ќе се грижат за безбедниот пречек на рускиот претседател.Се проценува дека во обезбедувањето на Путин ќе бидат ангажирани од четири до седум илјади полицајци, од сите безбедносни служби на Србија, односно од МВР и војската на Србија, БИА, ВБА и ВОА.Како што најавија над 250 руски специјалци ќе го чуваат претседателот во Србија.За време на посетата безбедносните мерки во градот ќе бидат подигнати на највисоко ниво. Тоа значи дека воздушниот простор над Србија ќе биде затворен за сите авионски летови при слетувањето на претседателскиот авион, кој по влегувањето во српскиот воздушен простор ќе го следат авиони на српската војска до слетувањето на белградскиот аеродром, пишува „Србија данас“.Улиците по кои ќе се движи рускиот претседател ќе бидат затворени, шахтите ќе бидат заварени, на зградите ќе бидат поставени руски и српски снајперисти, а на граѓаните што живеат покрај трасата на движење на претседателската колона ќе им се нареди да ги затворат прозорите и да ги повлечат завесите. Исто така, ќе биде засилена и контролата за движење на пешаците, посебно на прометните места, на железничките и автобуските станици. Интернет-комуникацијата во Србија и во странство ќе биде под засилен надзор. Покрај овие мерки, ќе бидат користени и пософистицирани методи за заштита на важни личности.Според претходните најави, се очекува за време на посетата да бидат потпишани над 20 билатерални договори за соработка во различни области, а ќе се разговара и за реализација на заеднички проекти од областа на енергетиката, инфраструктурата и иновациите.

Свет | пред 7 години

40530078_10158105600814466_4386630037059665920_n

Мухамед Зекири: На власт со ВМРО-ДПМНЕ глас не им се слушна, а сега сакаат да се китат со туѓи перја

Пратеникот од СДСМ, Мухамед Зекири, им порача на членовите на ДУИ да не се китат со туѓи перја, алудирајки на тоа дека неговата партија е позаслужна за донесувањето на Законот за јазици и неговото денешно стапување на сила.,,Речиси една декада на власт со ВМРО-ДПМНЕ глас не им се слушна. Денеска со толкава помпезност и пофалби сакаат да се китат со туѓи перја.Заслугите за отворање на вратите на Македонија за членство во НАТО и ЕУ, како и за официјализирањето на албанскиот јазик, им припаѓаат на граѓаните кои го прифатија концептот ,,Македонија едно општество” за сите!!!Без еуфорија, Ве молам. Граѓаните најдобро знаат кој работи за нивно добро“- напиша пратеникот на својот профил на ФБ.Ваквата реакција на Зекири следуваше откако повеќе функционери на ДУИ објавија дека Законот за употреба на албанскиот јазик е објавен во Службен весник.

Македонија | пред 7 години

4713156

На пладне започнува расправата во грчкиот Парламент за гласање доверба на Владата

Во 12 часот по локално време, во грчкиот Парламент ќе започне седницата за обновување на довербата на Владата, по барање на премиерот на Грција, Алексис Ципрас, а ќе заврши во утревечер со гласање доверба, јави дописничката на МИА од Атина.Иако претходно седницата беше закажана за 10 часот, почетокот, по барање на лидерот на Независни Грци, се одложи за 12 часот за да може да ја заврши церемонијата на примо-предавање на министерската позиција во Министерството за одбрана.Предвидено е расправата, со говор, да ја отвори и да ја затвори грчкиот премиер, а обраќања ќе имаат и лидерите на политичките партии.Утревечер, веројатно околу полноќ, како што најчесто е случај со гласањата во грчкиот Парламент, пратениците ќе треба да одлучат дали ќе и дадат или не доверба на Владата.За Владата на Ципрас да добие доверба, потребно е позитивно да гласаат 151 од 300 пратеници колку што има грчкиот Парламент.извор: МИА

Свет | пред 7 години

F45BD798-B4EC-4C0A-B0CE-C93B6585138D

Јанушев: ВМРО-ДПМНЕ може да ги бојкотира претседателските избори

Генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Игор Јанушев, за Алсат изјави дека опозицијата може да ги бојкотира претстојните претседателски избори во мај доколку Собранието не изгласа предвремени парламентарни избори.За избор на претседател е потребен цензус од 40 отсто излезност и доколку опозицијата бојкотира шансите ќе бидат мошне големи да не се избере шеф на државата. Двегодишниот мандат на Ѓорѓе Уванов истекува, а на 3 февруари се очекува да се распишат изборите за нов претседател.Јанушев изјави дека има неколку причини зошто опозицијата повикува на предвремени парламентарни избори заедно со претседателските избори. Меѓу причините, Јанушев ги наведе уставните промени што ги смета за насилни и несоодветни, економските неуспеси и недостатокот на реформи.

Македонија | пред 7 години

sugareski-2

Потпишан договорот со „Визер“, добивме уште 8 нови авиолинии

„На мое огромно задоволство го потпишавме Договорот со Визер. Граѓаните оваа година ќе добијат уште 8 нови авиолинии: од Охрид кон Малме, Милано, Мемингем и Дортмунд; а од Скопје кон Карлсруе, Бремен, Ларнака - Кипар и Турку - Финска, истакна министерот за транспорт и врски Горан Сугарески по потпишувањето на договоот со претставници на авиокомпанијата „Визер“ .Овој договор е за финансиска поддршка на евтини авиолинии по трет пат склучен помеѓу Македонскат Влада и авиокомпанијата. Според истиот на авиокомпанијт во нарендите три години треба да и бидат исплатени пет милиони евра.Субвенционираните летови од аеродормите во Скопје и во Охрид треба да ги опслужува од март годинава.Од Охрид ќе се лета кон Малме во Шведска, Милано во Италија и кон Меминген и Дортмунд во Германија. Од Охрид ќе се лета за 20 евра до Малме и Милано, меѓу новите осум авио-линии што ќе ги воведе „Виз ер“ како услов за субвенционирање на билетите од страна на државата.Покрај тоа што станува збор за нискобуџетни летови, билетите ќе бидат уште поевтини, затоа што се работи за нивно субвенционирање, откако „Виз ер“ го доби новиот оглас на Министерството за транспорт и врски, а услов да се добијат петте милиони евра во наредните три години беше воведувањето на нови линии, особено од Охрид.Билетите за Милано и Малме ќе почнуваат од 1.164 денари или 19,99 евра. Од јули се очекува да бидат воспоставени двете линии од Охрид до Германија.Летовите до Малме почнуваат на 18 март. До 13 септември, од охридскиот аеродром до Малме летовите се во понеделник и петок, а од 18 септември во среда и недела.Летовите Охрид-Милано стартуваат на 19 март и ќе се реализираат два пати во неделата. До 30 март во вторник и сабота, а од 1 април во понеделник и петок.Летовите Охрид-Меминген ќе почнат да се реализираат од 1 јули и ќе бидат два пати во неделата, односно во петок и понеделник.Летовите Охрид-Дортмунд стартуваат на 2 јули и ќе бидат во вторник и сабота.

Македонија | пред 7 години

aerodrom-crna-boja

Општина Аеродром офарбана со црна боја, а министертвото за култура со жолта

Влезната врата и ѕидовите на зградата каде што е сместена Општината Аеродром изминатата ноќ биле исфарбани со црна боја. Вандализмот во МВР го пријавил чуврот од општината. Полицијата извршила увид, но засега не соопштуваат детали, освен дека на вработените им било дозволено да влезат во работните простории. Веднаш по увидот вработените почнаа да го чистат влезот.Пред зградата има камери.Во текот на ноќта непознати лица истуриле жолта боја на влезот на Министерството за култура.  Покрај бојата, на зградата на Министерството со црвени букви било испишано „МКД“.Меѓу првите, фотографијата од обоеното министерство беше споделена на Фејсбук страната на движењето „Млади за Македонија“.

Скопје | пред 7 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања